СКРМ Archives - Република https://republika.mk/tema/skrm/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 08:43:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СКРМ Archives - Република https://republika.mk/tema/skrm/ 32 32 СКРМ на средба со министерот за култура Љутков разговарале за нов Закон за култура, за колективниот договор, но и за унапредувањето на културата https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-na-sredba-so-ministerot-za-kultura-lutkov-razgovarale-za-nov-zakon-za-kultura-za-kolektivniot-dogovor-no-i-za-unapreduvaneto-na-kulturata/ Tue, 16 Jul 2024 08:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=797279

Претседателството на Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) се сретнаа со министерот за култура Зоран Љутков, на која меѓу другото, се разговараше за нов Закон за култура, за колективниот договор, но и за унапредувањето на културата.

Од Синдикатот на својот Фејсбук профил соопштија дека замолиле да се разгледа ситуацијата со трансформацијата на 160 вработени на определено време во неопределено, преку измената на постоечкиот закон за култура.

На средбата, СКРМ го запозна министерот со дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во културата. Се разговараше за нов Закон за култура, почитувањето на Колективниот договор за култура, за унапредувањата во културата, исплатата на стручните звања во заштитата, исплатата на додатоците на плата согласно колективните договори, регулирањето на работното време во изведувачите институции, за доцнењето на платите во локалните институции и многу други прашања поврзани со функционирањето на институциите од културата.

Заклучивме дека сите заедно не чека многу работа и договоривме работен состанок во блиска иднина каде детално ќе работиме на решавањето на проблемите во културата, објавија од Синдикатот на Фејсбук.

The post СКРМ на средба со министерот за култура Љутков разговарале за нов Закон за култура, за колективниот договор, но и за унапредувањето на културата appeared first on Република.

]]>

Претседателството на Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) се сретнаа со министерот за култура Зоран Љутков, на која меѓу другото, се разговараше за нов Закон за култура, за колективниот договор, но и за унапредувањето на културата. Од Синдикатот на својот Фејсбук профил соопштија дека замолиле да се разгледа ситуацијата со трансформацијата на 160 вработени на определено време во неопределено, преку измената на постоечкиот закон за култура.
На средбата, СКРМ го запозна министерот со дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во културата. Се разговараше за нов Закон за култура, почитувањето на Колективниот договор за култура, за унапредувањата во културата, исплатата на стручните звања во заштитата, исплатата на додатоците на плата согласно колективните договори, регулирањето на работното време во изведувачите институции, за доцнењето на платите во локалните институции и многу други прашања поврзани со функционирањето на институциите од културата. Заклучивме дека сите заедно не чека многу работа и договоривме работен состанок во блиска иднина каде детално ќе работиме на решавањето на проблемите во културата, објавија од Синдикатот на Фејсбук.

The post СКРМ на средба со министерот за култура Љутков разговарале за нов Закон за култура, за колективниот договор, но и за унапредувањето на културата appeared first on Република.

]]>
Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти https://republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-kultura-ja-dobija-martovskata-plata-pokachena-za-12-protsenti/ Fri, 19 Apr 2024 14:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=768059

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти.

Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права.

The post Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти appeared first on Република.

]]>

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти.
Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.
Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат. Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права.

The post Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти appeared first on Република.

]]>
СКРМ: Поединци од Министерството за култура се закануваат со кривични пријави на директори од институции ако покачат плата https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-poedintsi-od-ministerstvoto-za-kultura-se-zakanuvaat-so-krivichni-prijavi-na-direktori-od-institutsii-ako-pokachat-plata/ Fri, 05 Apr 2024 08:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=762541

Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) тврди дека поединци од Министерството за култура се закануваат со кривични пријави на директори од институции од културата доколку платата за месец март ја изготват со 12% покачување.

„Овие поединци со години наназад активно работат против средувањето на работите во културата, посебно откако е потпишан Колективниот договор за култура. Со ваквите постапки ја поткопуваат целата заложба на министерката за култура, која со својата работа одговорно и транспарентно се залага за културните работници и која после вчерашниот прес јавно објави за 12% покачување на платите во културата“, велат од Синдикатот.

The post СКРМ: Поединци од Министерството за култура се закануваат со кривични пријави на директори од институции ако покачат плата appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) тврди дека поединци од Министерството за култура се закануваат со кривични пријави на директори од институции од културата доколку платата за месец март ја изготват со 12% покачување. „Овие поединци со години наназад активно работат против средувањето на работите во културата, посебно откако е потпишан Колективниот договор за култура. Со ваквите постапки ја поткопуваат целата заложба на министерката за култура, која со својата работа одговорно и транспарентно се залага за културните работници и која после вчерашниот прес јавно објави за 12% покачување на платите во културата“, велат од Синдикатот.  

The post СКРМ: Поединци од Министерството за култура се закануваат со кривични пријави на директори од институции ако покачат плата appeared first on Република.

]]>
СКРМ тврди дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за 2%, министерката негира https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-tvrdi-deka-vrabotenite-vo-institutsiite-od-kulturata-so-martovskite-plati-nema-da-dobijat-zgolemuvane-za-12-tuku-za-2-ministerkata-negira/ Tue, 02 Apr 2024 18:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=761371

Вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за 2%, реагираат од Синдикатот за култура на Македонија. Од таму велат дека директорите на националните институции во заедничката Вајбер група, од Министерството за култура добиле нацрт -решение за пресметка на платите, во кое биле споменати двата колективни договори -за култура и Општиот, што се однесува на целиот јавен сектор. Но, одредбата од Општиот колективен договор , каде на основицата за пресметка на плата следува 10% покачување- право што го стекнале со ланските септемвриски плати, ја нема во диспозитивот на решението , велат од СКРМ. Тие се сомневаат дека се изманипулирани за да не добијат поголемо зголемување на платите, со преклопување на Општиот колективен со Колективниот договор за култура.

На крајот сѐ се сведува само на правото од Колективниот договор за култура. Сега директорите заедно со правниците и сметководителите се ставени во незавидна положба. Со ова нацрт – решение испратено без потпис на изготвувачот и без пропратно писмо за достава од страна на Министерството за култура, целата одговорност паѓа на грбот на директорите, велат од СКРМ во соопштение.

Од Синдикатот ги повикуваат директорите и правниците од националните установи во културата да ги направат пресметките согласно законот и колективните договори и да не дозволат непознати лица да им кажуваат како да постапат.

Синдикатот да не дезинформира, туку да потврди дека културните работници со мартовската плата ќе добијат највисоко покачување до сега, реагираше министерката за култура на Фејсбук.

Има само една вистина, а таа е дека во преамбулата од решението испратено до вработените во културата стои член 14 од Општиот колективен договор и стекнатото право за повисока плата ќе се применува и за мартовската плата. Основа за пресметка на платата е минималната плата според Гранковиот колективен договор, а претходно утврденото право според Општиот колективен договор продолжува да важи, напиша  на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска .

Но, од СКРМ ја повикуваат министерката за култура да им објасни, каде во нацрт- решението е применет членот 14 од Општиот колективен договор и колку проценти покачување на плата им следува за месец март, согласно колективните договори. Тие за утре најавија  прес конференција пред Министерството за култура. За истиот проблем од СКРМ реагираа минатата година.

The post СКРМ тврди дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за 2%, министерката негира appeared first on Република.

]]>

Вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за 2%, реагираат од Синдикатот за култура на Македонија. Од таму велат дека директорите на националните институции во заедничката Вајбер група, од Министерството за култура добиле нацрт -решение за пресметка на платите, во кое биле споменати двата колективни договори -за култура и Општиот, што се однесува на целиот јавен сектор. Но, одредбата од Општиот колективен договор , каде на основицата за пресметка на плата следува 10% покачување- право што го стекнале со ланските септемвриски плати, ја нема во диспозитивот на решението , велат од СКРМ. Тие се сомневаат дека се изманипулирани за да не добијат поголемо зголемување на платите, со преклопување на Општиот колективен со Колективниот договор за култура.
На крајот сѐ се сведува само на правото од Колективниот договор за култура. Сега директорите заедно со правниците и сметководителите се ставени во незавидна положба. Со ова нацрт – решение испратено без потпис на изготвувачот и без пропратно писмо за достава од страна на Министерството за култура, целата одговорност паѓа на грбот на директорите, велат од СКРМ во соопштение.
Од Синдикатот ги повикуваат директорите и правниците од националните установи во културата да ги направат пресметките согласно законот и колективните договори и да не дозволат непознати лица да им кажуваат како да постапат. Синдикатот да не дезинформира, туку да потврди дека културните работници со мартовската плата ќе добијат највисоко покачување до сега, реагираше министерката за култура на Фејсбук.
Има само една вистина, а таа е дека во преамбулата од решението испратено до вработените во културата стои член 14 од Општиот колективен договор и стекнатото право за повисока плата ќе се применува и за мартовската плата. Основа за пресметка на платата е минималната плата според Гранковиот колективен договор, а претходно утврденото право според Општиот колективен договор продолжува да важи, напиша  на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска .
Но, од СКРМ ја повикуваат министерката за култура да им објасни, каде во нацрт- решението е применет членот 14 од Општиот колективен договор и колку проценти покачување на плата им следува за месец март, согласно колективните договори. Тие за утре најавија  прес конференција пред Министерството за култура. За истиот проблем од СКРМ реагираа минатата година.

The post СКРМ тврди дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за 2%, министерката негира appeared first on Република.

]]>
СКРМ: До каде е новиот Закон за култура? https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-do-kade-e-noviot-zakon-za-kultura/ Wed, 24 Jan 2024 12:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=736318

Во исчекување на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој веќе подолго време помпезно е најавуван од страна на Министерката за култура, не може а да не прашаме до каде е новиот Закон за култура кој после два изготвени нацрт предлог текста и поминати седум години, не го виде светлото на денот, велат од Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ).

Од таму поочуваат дека последната јавна дебата во јули 2023 година требаше да биде завршница на еден долг и мачен процес кој конечно ќе донесеше одредени промени за сите чинители во културата. Наместо тоа, велат од СКРМ, законот остана во нечија фиока и никој од учесниците во неговата изработка не ја виде последната верзија со забелешките добиени од јавната дебата и енер.

СКРМ учествувајќи во работата на работните групи во Министерството за Култура за предлог-законот за култура и во 2018 и во вториот најнов предлог-закон од 2023, заемно со претсатвниците од министерството утврдивме дека процесите како ‘оценување’, ‘реаудиции’, ‘управување со ефект/учинок’, ‘вработување на определено’, итн. од законот од 2014, се нефункционални и неприменливи онака како што се замислени. За ова имавме поддршка и од сите министри за култура од 2017 па наваму. И покрај тоа, последните две години директорите по секоја цена, а во одредени институции и со закани за казни спрема вработените и комисиите, ги спроведуваат реаудициите и оценувањата, за кои ги убедуваат вработените дека се ‘про форма’, и како такви мора да ги спроведат бидејќи така е во законот за култура кој е на сила. Министерката за култура јавно ја декларира волјата за новиот закон, но во пракса ги поддржува директорите да го спроведуваат стариот, забележуваат од Синдикатот.

Збунети од целава ситуација која последниве две години се случува, јавно ја прашуваат министерката за култура: До каде е новиот Закон за култура и кога истиот ќе биде донесен?

Зошто некои одредби од Законот донесен во 2014 година почнуваат доследно да се применуваат во 2022 и 2023 година? И ако праксата во девет изминати години покажала дека нештото е неприменливо, во чиј интерес е да се практикуваат нефункционалните регулативи од Законот за култура донесен во 2014 година? Дали овие практики се заради притисок врз вработените и застрашување, за што за жал истиот закон и беше донесен во 2014?, прашуваат од Синдикатот.

За СКРМ примената на одредени одредби од стариот закон, покрај сите ветувања и заложби и после работата на два предлог-закони, е неприфатлива.

Доколку продолжи пасивноста на министерството за култура, а директорите упорното и на сила го продолжуваат спроведувањето на нефункционалните делови од стариот закон, СКРМ ќе биде приморан да превземе радикални чекори, посебно кон оние директори кои ќе применат закани и сила од позиција на моќ врз своите вработени, стои во соопштението на СКРМ.

The post СКРМ: До каде е новиот Закон за култура? appeared first on Република.

]]>

Во исчекување на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој веќе подолго време помпезно е најавуван од страна на Министерката за култура, не може а да не прашаме до каде е новиот Закон за култура кој после два изготвени нацрт предлог текста и поминати седум години, не го виде светлото на денот, велат од Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ). Од таму поочуваат дека последната јавна дебата во јули 2023 година требаше да биде завршница на еден долг и мачен процес кој конечно ќе донесеше одредени промени за сите чинители во културата. Наместо тоа, велат од СКРМ, законот остана во нечија фиока и никој од учесниците во неговата изработка не ја виде последната верзија со забелешките добиени од јавната дебата и енер.
СКРМ учествувајќи во работата на работните групи во Министерството за Култура за предлог-законот за култура и во 2018 и во вториот најнов предлог-закон од 2023, заемно со претсатвниците од министерството утврдивме дека процесите како ‘оценување’, ‘реаудиции’, ‘управување со ефект/учинок’, ‘вработување на определено’, итн. од законот од 2014, се нефункционални и неприменливи онака како што се замислени. За ова имавме поддршка и од сите министри за култура од 2017 па наваму. И покрај тоа, последните две години директорите по секоја цена, а во одредени институции и со закани за казни спрема вработените и комисиите, ги спроведуваат реаудициите и оценувањата, за кои ги убедуваат вработените дека се ‘про форма’, и како такви мора да ги спроведат бидејќи така е во законот за култура кој е на сила. Министерката за култура јавно ја декларира волјата за новиот закон, но во пракса ги поддржува директорите да го спроведуваат стариот, забележуваат од Синдикатот.
Збунети од целава ситуација која последниве две години се случува, јавно ја прашуваат министерката за култура: До каде е новиот Закон за култура и кога истиот ќе биде донесен?
Зошто некои одредби од Законот донесен во 2014 година почнуваат доследно да се применуваат во 2022 и 2023 година? И ако праксата во девет изминати години покажала дека нештото е неприменливо, во чиј интерес е да се практикуваат нефункционалните регулативи од Законот за култура донесен во 2014 година? Дали овие практики се заради притисок врз вработените и застрашување, за што за жал истиот закон и беше донесен во 2014?, прашуваат од Синдикатот.
За СКРМ примената на одредени одредби од стариот закон, покрај сите ветувања и заложби и после работата на два предлог-закони, е неприфатлива.
Доколку продолжи пасивноста на министерството за култура, а директорите упорното и на сила го продолжуваат спроведувањето на нефункционалните делови од стариот закон, СКРМ ќе биде приморан да превземе радикални чекори, посебно кон оние директори кои ќе применат закани и сила од позиција на моќ врз своите вработени, стои во соопштението на СКРМ.

The post СКРМ: До каде е новиот Закон за култура? appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на културата го поздрави покачувањето на платите на раководителите и бара поголем ангажман од нив https://republika.mk/vesti/kultura/sindikatot-na-kulturata-go-pozdravi-pokachuvaneto-na-platite-na-rakovoditelite-i-bara-pogolem-angazhman-od-niv/ Sun, 05 Nov 2023 12:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=698410

Од октомвриската плата, директорите во институциите од културата ќе земаат поголеми плати, потег што беше поздравен од Синдикатот на културата.

Октомвриските плати на директорите ќе бидат за 40 до 50 отсто повисоки, како резултат на колективниот договор во културата, кој според синдикатот беше оценет како еден од најдобрите во регионот.

Од синдикатот сега побараа од директорите покомпетна организација на работниот процес во своите институции, борба за посдржајна програма и повеќе проекти, финансирани од државата, но и од европските и меѓународните фондови.

Според синдикатот директорите треба да ги ангажираат сите вработени во работниот процес, да обезбедаат соодветни услови за работа во институциите, но и да се заложат за правата и потребите на своите вработени.

The post Синдикатот на културата го поздрави покачувањето на платите на раководителите и бара поголем ангажман од нив appeared first on Република.

]]>

Од октомвриската плата, директорите во институциите од културата ќе земаат поголеми плати, потег што беше поздравен од Синдикатот на културата. Октомвриските плати на директорите ќе бидат за 40 до 50 отсто повисоки, како резултат на колективниот договор во културата, кој според синдикатот беше оценет како еден од најдобрите во регионот. Од синдикатот сега побараа од директорите покомпетна организација на работниот процес во своите институции, борба за посдржајна програма и повеќе проекти, финансирани од државата, но и од европските и меѓународните фондови. Според синдикатот директорите треба да ги ангажираат сите вработени во работниот процес, да обезбедаат соодветни услови за работа во институциите, но и да се заложат за правата и потребите на своите вработени.

The post Синдикатот на културата го поздрави покачувањето на платите на раководителите и бара поголем ангажман од нив appeared first on Република.

]]>
Предложениот нацрт-закон за култура е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, реагираат од СКРМ https://republika.mk/vesti/kultura/predlozheniot-natsrt-zakon-za-kultura-e-svoeviden-presedan-svojstven-za-diktaturi-kvazidemokratii-i-hibridni-drzhavi-reagiraat-od-skrm/ Mon, 09 Jan 2023 09:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=594834

Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираат од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата.

Неуставниот предлог-закон предлага убиство на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог, не само загарантирани со Уставот, туку и темелните вредности на ЕУ, кон кои Македонија како држава постојано декларира дека се стреми.

Објавен тивко-тивко на ЕНЕР на 29 декември 2022 година пред новогодишните празници, како честитка на сите вработени во јавниот сектор, со овој предлог-закон јасно е утврдено кој го има главниот збор во државата во однос на платите на вработените во јавниот сектор, а тоа е Министерството за финансии како capo di tutti capi, пишува во фејсбук статусот на СКРМ.

- Според член 20 став 3, Министерството за финансии е органот кој ќе ги предлага коефициентите. Ќе ги предлага врз основ на стратешки утврдени приоритети за секоја година, а приоритетите ќе ги прави Владата, на предлог на Министерството за финансии. Еден затворен, магичен круг. Висината на бодот ќе ја одредува собранието, со што државата се поставува како уберкапиталист со максимална моќ над вработените. Со ова е сузбиено уставното право дека сите имаме право на соодветна заработувачка;

- Државата ќе има право и да ви ги намали платите, а тоа да биде законски, бидејќи таа ги креира коефициентите и вредноста на коефициентите;

- Според член 20 став 4, во услови на криза војна или вонредна состојба, државата ќе може да ви ги намали платите колку сака и како сака и тоа да биде законски - да ви ги укине уставните права и да не одговара за тоа;

- Улогата на синдикатите е минимализирана и сведена на еден претставник од можни пет, кој ќе може да учествува во некаква формирана комисија на платните потсистеми за анализа и класификација на работните места. Кој ќе одредува кој претставник од кој синдикат да биде во таа комисија? Погодувате - повторно Министерството за финансии;

Како Синдикат на културата и потписници на еден од најдобрите и проевропски колективен договор во државата, со истатата Влада од која доаѓа и нашата драга министерка за култура, со вчудоневидување дознавме дека:

- Со член 41 се замрзнува растот на платите поврзани со вредноста на минималната плата во државата; според член 26 став 5 државата може да ги прогласи за ништовни некомпатибилните Колективни договори. Па, се надеваме дека конечно нашата министерка за култура ќе биде задоволна и среќна, бидејќи КД за култура со закон ќе биде укинат, а постои можност и да се намалат „енормните" плати во културата, па таа веќе нема да се чувствува непријатно на седниците на влада пред своите колеги-министри и повеќе колегите нема да ѝ префрлаат дека нејзиниот сектор има „енормно големи плати".

Секако, со предвидените зголемувања на платите во министерствата за 30% искрено се надеваме дека нејзината плата како министер конечно ќе биде поголема од платата на првенецот.

Сега и државата конечно може да здивне, нема да мора да се мачи да бара дупки и начини како да го заобиколи КД за култура, да нѐ убедува на наратив за штедење, криза, солидарност, одложување (додека од друга страна троши непродуктивно, но што знаеме ние со "енормните" плати од културата)... Едноставно, со овој закон повеќе нема да го спроведува КД според кој сите синдикати во државава се стремат да ги уредат своите и тоа ќе биде според закон. Можеби и ќе си донесе свој КД, по нејзин вкус.

Вработените во институциите од културата по 30 мизерни и бедни години и конечно по 2 години на релативна стабилност, се навредени од ваквиот деспотски однос, се чуствуваат предадени и изиграни и најавуваат дека ќе ги искористат сите механизми за одбрана на својот КД, своите уставно загарантирани права и вистински ќе застанат зад европските вредности, зад кои оваа држава очигледно само декларативно е заложена, велат од СКРМ.

Според СКРМ, наместо во ЕУ, се враќаме во робовладетелство, каде што ќе треба да работиме под услови што ќе ги одреди камшикот. Затоа во државата фалат доктори, професори, инженери...

Затоа што 30 години партиите им ги одредуваат условите за работа. Затоа нема кој да напише учебник, кој да се грижи за децата, за животната средина, за енергијата... Ако државата сака во ЕУ, ќе ѝ требаат професионалци во секоја област. Тие треба да бидат почитувани и соодветно платени. Работењето под наметнати услови не е европска вредност. Принципот 'земи или остави' ни избрка илјадници квалитетни луѓе, овозможи речиси целосна партизација на јавниот сектор, додека граѓаните 30 години плаќаат за систем составен од професионалци, кои ќе им дадат професионална услуга. Илјадници наши професионалци сега работат во Европа, а овде на децата нема кој да им каже каде е запад, кое е знамето на Австрија, Словенија, Франција.
Ги повикуваме сите синдикати да застанат цврсто против овој штетен Закон и заедно да го одбраниме синдикализмот во оваа држава, велат од СКРМ.

The post Предложениот нацрт-закон за култура е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, реагираат од СКРМ appeared first on Република.

]]>

Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираат од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата. Неуставниот предлог-закон предлага убиство на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог, не само загарантирани со Уставот, туку и темелните вредности на ЕУ, кон кои Македонија како држава постојано декларира дека се стреми.
Објавен тивко-тивко на ЕНЕР на 29 декември 2022 година пред новогодишните празници, како честитка на сите вработени во јавниот сектор, со овој предлог-закон јасно е утврдено кој го има главниот збор во државата во однос на платите на вработените во јавниот сектор, а тоа е Министерството за финансии како capo di tutti capi, пишува во фејсбук статусот на СКРМ.
- Според член 20 став 3, Министерството за финансии е органот кој ќе ги предлага коефициентите. Ќе ги предлага врз основ на стратешки утврдени приоритети за секоја година, а приоритетите ќе ги прави Владата, на предлог на Министерството за финансии. Еден затворен, магичен круг. Висината на бодот ќе ја одредува собранието, со што државата се поставува како уберкапиталист со максимална моќ над вработените. Со ова е сузбиено уставното право дека сите имаме право на соодветна заработувачка; - Државата ќе има право и да ви ги намали платите, а тоа да биде законски, бидејќи таа ги креира коефициентите и вредноста на коефициентите; - Според член 20 став 4, во услови на криза војна или вонредна состојба, државата ќе може да ви ги намали платите колку сака и како сака и тоа да биде законски - да ви ги укине уставните права и да не одговара за тоа; - Улогата на синдикатите е минимализирана и сведена на еден претставник од можни пет, кој ќе може да учествува во некаква формирана комисија на платните потсистеми за анализа и класификација на работните места. Кој ќе одредува кој претставник од кој синдикат да биде во таа комисија? Погодувате - повторно Министерството за финансии; Како Синдикат на културата и потписници на еден од најдобрите и проевропски колективен договор во државата, со истатата Влада од која доаѓа и нашата драга министерка за култура, со вчудоневидување дознавме дека: - Со член 41 се замрзнува растот на платите поврзани со вредноста на минималната плата во државата; според член 26 став 5 државата може да ги прогласи за ништовни некомпатибилните Колективни договори. Па, се надеваме дека конечно нашата министерка за култура ќе биде задоволна и среќна, бидејќи КД за култура со закон ќе биде укинат, а постои можност и да се намалат „енормните" плати во културата, па таа веќе нема да се чувствува непријатно на седниците на влада пред своите колеги-министри и повеќе колегите нема да ѝ префрлаат дека нејзиниот сектор има „енормно големи плати". Секако, со предвидените зголемувања на платите во министерствата за 30% искрено се надеваме дека нејзината плата како министер конечно ќе биде поголема од платата на првенецот.
Сега и државата конечно може да здивне, нема да мора да се мачи да бара дупки и начини како да го заобиколи КД за култура, да нѐ убедува на наратив за штедење, криза, солидарност, одложување (додека од друга страна троши непродуктивно, но што знаеме ние со "енормните" плати од културата)... Едноставно, со овој закон повеќе нема да го спроведува КД според кој сите синдикати во државава се стремат да ги уредат своите и тоа ќе биде според закон. Можеби и ќе си донесе свој КД, по нејзин вкус. Вработените во институциите од културата по 30 мизерни и бедни години и конечно по 2 години на релативна стабилност, се навредени од ваквиот деспотски однос, се чуствуваат предадени и изиграни и најавуваат дека ќе ги искористат сите механизми за одбрана на својот КД, своите уставно загарантирани права и вистински ќе застанат зад европските вредности, зад кои оваа држава очигледно само декларативно е заложена, велат од СКРМ. Според СКРМ, наместо во ЕУ, се враќаме во робовладетелство, каде што ќе треба да работиме под услови што ќе ги одреди камшикот. Затоа во државата фалат доктори, професори, инженери... Затоа што 30 години партиите им ги одредуваат условите за работа. Затоа нема кој да напише учебник, кој да се грижи за децата, за животната средина, за енергијата... Ако државата сака во ЕУ, ќе ѝ требаат професионалци во секоја област. Тие треба да бидат почитувани и соодветно платени. Работењето под наметнати услови не е европска вредност. Принципот 'земи или остави' ни избрка илјадници квалитетни луѓе, овозможи речиси целосна партизација на јавниот сектор, додека граѓаните 30 години плаќаат за систем составен од професионалци, кои ќе им дадат професионална услуга. Илјадници наши професионалци сега работат во Европа, а овде на децата нема кој да им каже каде е запад, кое е знамето на Австрија, Словенија, Франција. Ги повикуваме сите синдикати да застанат цврсто против овој штетен Закон и заедно да го одбраниме синдикализмот во оваа држава, велат од СКРМ.

The post Предложениот нацрт-закон за култура е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, реагираат од СКРМ appeared first on Република.

]]>
СКРМ: Културните работници работат во студени сали, со скршени прозорци, а Владата купува џипови со 6 звучници и нарачува златен прибор https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-kulturnite-rabotnici-rabotat-vo-studeni-sali-so-skrsheni-prozorci-a-vladata-kupuva-dzipovi-so-6-zvuchnici-i-narachuva-zlaten-pribor/ Fri, 23 Dec 2022 10:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=589104

Синдикатот на културата го нарече „некултурен“ буџетот за идната година

Синдикатот на културните работници на Македонија објави отворено писмо со кое реагира на кастрењето на буџетот во културата. Во него стои:

„Откако го видовме буџетот за 2023 година, сакаме да ја информираме Владата на Република Македонија дека оваа земја, покрај огромниот број измислени работни места за партиски гласови, измислени институции, покрај огромниот број профитери и неплаќачи на данок, има и култура што треба да биде поддржана, негувана, промовирана, затоа што народот некако си ја сака, си ја почитува.

Сакаме да ја информираме Владата дека економската и енергетска криза тешко влијае и на институциите од културата. Во текот на целата 2022 година постојано слушавме дека кризата ќе нѐ уништи сите, па ќе мора да ги трпиме енормните поскапувања на сите трошоци за живот, дека ќе мора да готвиме во помалото тенџере, ќе мора да работиме со изгаснати светла, без греење, без ладење, без струја, без трошоци, без храна, без воздух… Дека Владата некако сепак ќе биде главниот јунак и ќе ни помогне да опстоиме.

Во културата, во оној сектор што за Владата е подобро да не постои, на почетокот на економски страшната 2022 година, кај повеќето институции буџетот беше скратен, а со ребалансот, вкупниот буџет за култура беше скратен за 35%. Немаше пополнување на празните работни места кога некои наши колеги отидоа во пензија, немаше пари за унапредувањата, немаше пари за фестивали, немаше пари за програма. Немаше пари за култура. Имаше помош за гиганти, за неплаќачи на струја, беа помогнати неплаќачи на даноци, беа покриени долгови на општините и јавните претпријатија, беа исплаќани хонорари на луѓе што воопшто не живеат во државата. Владата, колку може, ‘помогна’ одвојувајќи од нашиот буџет.

Иако почитуваната министерка најави дека во 2023 година очекува буџетот за култура да биде двојно повисок од 2022, гледаме дека истиот е намален. Иако енормното поскапување на трошоците ги доведе институциите до раб на издржливост, па како и сите други помисливме дека и нам можеби некако ќе ни се помогне, дојде кратењето на буџетот. За 35%. Независната сцена беше оставена да преживува. Сега сфаќаме дека и тоа ни било многу.

Сакаме да ја информираме Владата дека покрај спортистите, културните работници се единствените што во континуитет земјата ја претставуваат на меѓународната сцена и остваруваат успеси. Освојуваат меѓународни награди и признанија. Успешно, колку што можат, ја претставуваат земјата во светот како културен натпревар. Сепак носат некаква радост на народот, кој се гордее со секој успех и на спортот и на културата. Би се гордеел и на политичките успеси. Но, спортистите и културните работници работат во студени сали, со скршени прозорци, во градби што се неупотребливи кога ќе заврне дожд. Понекогаш сме принудени да го користиме тоалетот на соседното кафуле, ама таму барем е топло.

Секогаш сме имале разбирање за потребата на секоја Влада да ги преполни институциите со партиски директори, бидејќи други нема. Не е важно што тие не можат да обезбедат тоалетна хартија или да искречат. Важно е да се купат џипови. Со 6 звучници. Да има златен прибор за јадење во Владата. Ние, без пари, смрзнати, во сали што се распаѓаат, повторно ќе освојуваме меѓународни награди. И ќе се сликаме. Заедно со претставници на Владата. И многу ќе ни биде мило што тие ќе мислат дека тоа е нивни успех. Исто како што се сликаа со Горан Пандев, кој на калливите фудбалски терени во Македонија си ги кршеше нозете за да може некои функционери да се сместат во ложите на стадионите на европското првенство.

Е, па господа, 90% од младите луѓе сакаат да си заминат од државава. Немаат намера да мрзнат, да си ги кршат нозете, да си го губат здравјето, за некој да може да се слика. Кој сака да се слика, нека се слика“.

The post СКРМ: Културните работници работат во студени сали, со скршени прозорци, а Владата купува џипови со 6 звучници и нарачува златен прибор appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на културата го нарече „некултурен“ буџетот за идната година Синдикатот на културните работници на Македонија објави отворено писмо со кое реагира на кастрењето на буџетот во културата. Во него стои: „Откако го видовме буџетот за 2023 година, сакаме да ја информираме Владата на Република Македонија дека оваа земја, покрај огромниот број измислени работни места за партиски гласови, измислени институции, покрај огромниот број профитери и неплаќачи на данок, има и култура што треба да биде поддржана, негувана, промовирана, затоа што народот некако си ја сака, си ја почитува. Сакаме да ја информираме Владата дека економската и енергетска криза тешко влијае и на институциите од културата. Во текот на целата 2022 година постојано слушавме дека кризата ќе нѐ уништи сите, па ќе мора да ги трпиме енормните поскапувања на сите трошоци за живот, дека ќе мора да готвиме во помалото тенџере, ќе мора да работиме со изгаснати светла, без греење, без ладење, без струја, без трошоци, без храна, без воздух… Дека Владата некако сепак ќе биде главниот јунак и ќе ни помогне да опстоиме. Во културата, во оној сектор што за Владата е подобро да не постои, на почетокот на економски страшната 2022 година, кај повеќето институции буџетот беше скратен, а со ребалансот, вкупниот буџет за култура беше скратен за 35%. Немаше пополнување на празните работни места кога некои наши колеги отидоа во пензија, немаше пари за унапредувањата, немаше пари за фестивали, немаше пари за програма. Немаше пари за култура. Имаше помош за гиганти, за неплаќачи на струја, беа помогнати неплаќачи на даноци, беа покриени долгови на општините и јавните претпријатија, беа исплаќани хонорари на луѓе што воопшто не живеат во државата. Владата, колку може, ‘помогна’ одвојувајќи од нашиот буџет. Иако почитуваната министерка најави дека во 2023 година очекува буџетот за култура да биде двојно повисок од 2022, гледаме дека истиот е намален. Иако енормното поскапување на трошоците ги доведе институциите до раб на издржливост, па како и сите други помисливме дека и нам можеби некако ќе ни се помогне, дојде кратењето на буџетот. За 35%. Независната сцена беше оставена да преживува. Сега сфаќаме дека и тоа ни било многу. Сакаме да ја информираме Владата дека покрај спортистите, културните работници се единствените што во континуитет земјата ја претставуваат на меѓународната сцена и остваруваат успеси. Освојуваат меѓународни награди и признанија. Успешно, колку што можат, ја претставуваат земјата во светот како културен натпревар. Сепак носат некаква радост на народот, кој се гордее со секој успех и на спортот и на културата. Би се гордеел и на политичките успеси. Но, спортистите и културните работници работат во студени сали, со скршени прозорци, во градби што се неупотребливи кога ќе заврне дожд. Понекогаш сме принудени да го користиме тоалетот на соседното кафуле, ама таму барем е топло. Секогаш сме имале разбирање за потребата на секоја Влада да ги преполни институциите со партиски директори, бидејќи други нема. Не е важно што тие не можат да обезбедат тоалетна хартија или да искречат. Важно е да се купат џипови. Со 6 звучници. Да има златен прибор за јадење во Владата. Ние, без пари, смрзнати, во сали што се распаѓаат, повторно ќе освојуваме меѓународни награди. И ќе се сликаме. Заедно со претставници на Владата. И многу ќе ни биде мило што тие ќе мислат дека тоа е нивни успех. Исто како што се сликаа со Горан Пандев, кој на калливите фудбалски терени во Македонија си ги кршеше нозете за да може некои функционери да се сместат во ложите на стадионите на европското првенство. Е, па господа, 90% од младите луѓе сакаат да си заминат од државава. Немаат намера да мрзнат, да си ги кршат нозете, да си го губат здравјето, за некој да може да се слика. Кој сака да се слика, нека се слика“.  

The post СКРМ: Културните работници работат во студени сали, со скршени прозорци, а Владата купува џипови со 6 звучници и нарачува златен прибор appeared first on Република.

]]>
СКРМ бара да се повлече предлог-законот за култура: Од трети лица дознавме дека без нас е изготвуван закон што ќе се однесува токму на нас https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-bara-da-se-povleche-predlog-zakonot-za-kultura-od-treti-lica-doznavme-deka-bez-nas-e-izgotvuvan-zakon-shto-kje-se-odnesuva-tokmu-na-nas/ Tue, 01 Nov 2022 11:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=568259

Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) реагира на процедурата со која се одвива донесувањето на Нацрт верзијата на новиот Закон за култура, алармирајќи дека не се вклучени во работните групи за негова изработка, со што, според нив, се руши добриот однос граден со години помеѓу двете страни.

Од Синдикатот истакнаа дека покрај тоа што не се вклучени во работните групи, не им е даден доволен временски простор да испратат забелешки и предлози на веќе подготвената верзија.

Како што во 2014 година, како вработени во културата, еден ден случајно дознавме дека имаме нов Закон за културата, така и овој пат историјата речиси да се повторува: Министерството за култура изготви нова нацрт-верзија на Закон, во кој социјалниот дијалог со репрезентативните синдикати во културата го сведе на „осум дена за забелешки мислења и предлози и доколку е потребно состаноци за заедничка дискусија“. Иако партнерски, искрено и конструктивно претходно договорени дека заеднички ќе учествуваме во изработката на новиот предлог-текст, кој сите ќе нѐ засега за долги години во иднина, нашите претставници кои беа номинирани и доставени до Министерството за култура уште во месец февруари 2022 година, не беа повикани на ниту еден состанок на работната група, која е формирана во април 2022 година, изјави претседателката на Синдикатот на културата, Вера Атанасовска.

Таа додаде дека на овој начин се руши искрениот однос со Министерството граден со години.

Во годините што следеа нашиот партнерски однос со Министерството за култура макотрпно беше граден, преку процесите на нивелација и историскиот Колективен договор, во кои активни чинители во нивната изработка постојано беа претставници на СКРМ. Наши претставници беа и дел од тимот што учествуваше во изработката на претходната предлог-верзија на Законот за јавен интерес во културата, која не помина на комисиската дебата во Собранието и според нашите информации, беше закочен со неколку илјади амандмани, порача таа.

Атанасовска соопшти дека повлекувањето на овој предлог-закон резултирал со негово ревидирање од страна на работна група формирана од Министерката за култура, која во новата верзија на законот ги отфрлила речиси сите предлози на СКРМ што биле интегрирани во претходната верзија на законот.

И така, повторно се вративме на старата пракса, кога од трети лица дознавме дека без нас е изготвуван закон што ќе се однесува токму на нас. Ја повикуваме министерката, во знак на досегашниот коректен и партнерски однос, да провери кој и зошто инсистира на штетниот закон од 2014 и ја урива праксата на квалитетен, европски принцип на социјално партнерствово меѓу Министерството за култура и СКРМ, да го повлече овој предлог-закон и да отпочне транспарентна процедура за нов, во кој ќе бидат вклучени и претставници од репрезентативните синдикати, порача Атанасовска.

Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска од друга страна, тврди дека не е точно оти СКРМ не е вклучен во подготовката на новиот закон, нагласувајќи дека нацрт верзијата е испратена на мејл, откако била изработена во рамки на Министерството.

Нацрт верзијата за новиот Закон за култура е во изработка, не се работи за финален закон. На Синдикатот му беше испратена работната верзија на 28 октомври, по состанокот во мојот кабинет. Тоа не значи дека тие не се вклучени во изработката, туку дека нацрт верзијата се изработи прво во рамки на Министерството за култура и сега во оваа фаза на ред се да се изјаснат и Синдикатите со рок до 8 ноември. Тоа не значи дека тој рок не може да се продолжи на нивно барање, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Во однос на претходниот нацрт закон, таа рече дека тој бил заглавен долг период и дека самите синдикати изразиле потреба од донесување нов законски текст.

Бидејќи претходниот верзија на закон беше заглавена во собраниска процедура, на состанокот што го имавме, самите синдикати ја истакнаа потребата од нова верзија за закон за култура, оти стариот не одговара на она како се развива културата денес, порача Костадиновска Стојчевска.

The post СКРМ бара да се повлече предлог-законот за култура: Од трети лица дознавме дека без нас е изготвуван закон што ќе се однесува токму на нас appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) реагира на процедурата со која се одвива донесувањето на Нацрт верзијата на новиот Закон за култура, алармирајќи дека не се вклучени во работните групи за негова изработка, со што, според нив, се руши добриот однос граден со години помеѓу двете страни. Од Синдикатот истакнаа дека покрај тоа што не се вклучени во работните групи, не им е даден доволен временски простор да испратат забелешки и предлози на веќе подготвената верзија.
Како што во 2014 година, како вработени во културата, еден ден случајно дознавме дека имаме нов Закон за културата, така и овој пат историјата речиси да се повторува: Министерството за култура изготви нова нацрт-верзија на Закон, во кој социјалниот дијалог со репрезентативните синдикати во културата го сведе на „осум дена за забелешки мислења и предлози и доколку е потребно состаноци за заедничка дискусија“. Иако партнерски, искрено и конструктивно претходно договорени дека заеднички ќе учествуваме во изработката на новиот предлог-текст, кој сите ќе нѐ засега за долги години во иднина, нашите претставници кои беа номинирани и доставени до Министерството за култура уште во месец февруари 2022 година, не беа повикани на ниту еден состанок на работната група, која е формирана во април 2022 година, изјави претседателката на Синдикатот на културата, Вера Атанасовска.
Таа додаде дека на овој начин се руши искрениот однос со Министерството граден со години.
Во годините што следеа нашиот партнерски однос со Министерството за култура макотрпно беше граден, преку процесите на нивелација и историскиот Колективен договор, во кои активни чинители во нивната изработка постојано беа претставници на СКРМ. Наши претставници беа и дел од тимот што учествуваше во изработката на претходната предлог-верзија на Законот за јавен интерес во културата, која не помина на комисиската дебата во Собранието и според нашите информации, беше закочен со неколку илјади амандмани, порача таа.
Атанасовска соопшти дека повлекувањето на овој предлог-закон резултирал со негово ревидирање од страна на работна група формирана од Министерката за култура, која во новата верзија на законот ги отфрлила речиси сите предлози на СКРМ што биле интегрирани во претходната верзија на законот.
И така, повторно се вративме на старата пракса, кога од трети лица дознавме дека без нас е изготвуван закон што ќе се однесува токму на нас. Ја повикуваме министерката, во знак на досегашниот коректен и партнерски однос, да провери кој и зошто инсистира на штетниот закон од 2014 и ја урива праксата на квалитетен, европски принцип на социјално партнерствово меѓу Министерството за култура и СКРМ, да го повлече овој предлог-закон и да отпочне транспарентна процедура за нов, во кој ќе бидат вклучени и претставници од репрезентативните синдикати, порача Атанасовска.
Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска од друга страна, тврди дека не е точно оти СКРМ не е вклучен во подготовката на новиот закон, нагласувајќи дека нацрт верзијата е испратена на мејл, откако била изработена во рамки на Министерството.
Нацрт верзијата за новиот Закон за култура е во изработка, не се работи за финален закон. На Синдикатот му беше испратена работната верзија на 28 октомври, по состанокот во мојот кабинет. Тоа не значи дека тие не се вклучени во изработката, туку дека нацрт верзијата се изработи прво во рамки на Министерството за култура и сега во оваа фаза на ред се да се изјаснат и Синдикатите со рок до 8 ноември. Тоа не значи дека тој рок не може да се продолжи на нивно барање, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.
Во однос на претходниот нацрт закон, таа рече дека тој бил заглавен долг период и дека самите синдикати изразиле потреба од донесување нов законски текст.
Бидејќи претходниот верзија на закон беше заглавена во собраниска процедура, на состанокот што го имавме, самите синдикати ја истакнаа потребата од нова верзија за закон за култура, оти стариот не одговара на она како се развива културата денес, порача Костадиновска Стојчевска.
 
The post СКРМ бара да се повлече предлог-законот за култура: Од трети лица дознавме дека без нас е изготвуван закон што ќе се однесува токму на нас appeared first on Република.

]]>
СКРМ: Владата предлага убиство на синдикатите https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-vladata-predlaga-ubistvo-na-sindikatite/ Thu, 13 Oct 2022 09:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=560500

Синдикатот на културата на Република Македонија испрати соопштение до јавноста дека откако го добиле извадокот од нацрт-записникот од 88-та седница на Владата и како синдикат кој е еден од потписниците на Колективниот договор во културата, зачудени се од предлог-мерките од страна на Владата во однос на Колективниот договор во културата, кој веќе трета година се применува со пропишана методологија за пресметка на плати, која од истава оваа социјалдемократска влада беше прифатена како прогресивна.

Во време кога ЕУ поставува стандарди за 80% покриеност на правата на вработените со колективни договори, секое менување и поистоветување со постоечки нефункционални пракси, кои во моментов генерираат проблеми кај различни категории на вработени во јавниот сектор се во суштина уназадување на правата на вработените и како такви ги отфрламе. СКРМ остро застанува против Закон со кој би се утврдила методологија на пресметка и висина на плати, нешто кое треба да биде исклучиво преку Колективен договор. Сѐ друго е тоталитарен механизам, кој им дава максимална контрола на работодавците, а со тоа го убива социјалниот дијалог. Методологијата на пресметка на плати на административните службеници е неприфатлива, фиксирана во закон и до ден денешен откако е донесена не соодветствува со реалноста. Законот за административните службеници постоеше и кога немаше КД во културата и пред потпишување на истиот, па сепак Министерството не направи ништо за да им ги покачи платите на овие вработени согласно пропишаната методологија во Законот. СКРМ јавно ја повикува министерката Бисера Костадинова Стојчевска да го каже својот став во однос на мерките и препораките за намалување на расходите донесени од Владата, дали истите ќе ги спроведе и дали доколку ги спроведе тоа би значело намалување на платите на вработените во институциите од култура во време на голема инфлација и криза, кога потрошувачката кошничка за едно семејство секојдневно расте и ја надминува дури и вредноста и на две минимални плати, појаснува СКРМ во своето соопштение.

Тие посочуваат дека се радуваат што и синдикатите од другите дејности во јавниот сектор го препознаа Колективниот договор во културата како позитивен пример (минимална плата вредност на единица коефициент) за спирално покачување на сите плати согласно порастот на минималната плата, а со тоа и подобрување на животниот стандард согласно трошоците за живот.

СКРМ остро ќе се спротистави на секаков обид за намалување на платите во културата и непочитување на КД и е отворен за соработка со сите останати синдикати кои имаат иста цел, одбрана на работничките права и постоење на социјален дијалог.

The post СКРМ: Владата предлага убиство на синдикатите appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на културата на Република Македонија испрати соопштение до јавноста дека откако го добиле извадокот од нацрт-записникот од 88-та седница на Владата и како синдикат кој е еден од потписниците на Колективниот договор во културата, зачудени се од предлог-мерките од страна на Владата во однос на Колективниот договор во културата, кој веќе трета година се применува со пропишана методологија за пресметка на плати, која од истава оваа социјалдемократска влада беше прифатена како прогресивна.
Во време кога ЕУ поставува стандарди за 80% покриеност на правата на вработените со колективни договори, секое менување и поистоветување со постоечки нефункционални пракси, кои во моментов генерираат проблеми кај различни категории на вработени во јавниот сектор се во суштина уназадување на правата на вработените и како такви ги отфрламе. СКРМ остро застанува против Закон со кој би се утврдила методологија на пресметка и висина на плати, нешто кое треба да биде исклучиво преку Колективен договор. Сѐ друго е тоталитарен механизам, кој им дава максимална контрола на работодавците, а со тоа го убива социјалниот дијалог. Методологијата на пресметка на плати на административните службеници е неприфатлива, фиксирана во закон и до ден денешен откако е донесена не соодветствува со реалноста. Законот за административните службеници постоеше и кога немаше КД во културата и пред потпишување на истиот, па сепак Министерството не направи ништо за да им ги покачи платите на овие вработени согласно пропишаната методологија во Законот. СКРМ јавно ја повикува министерката Бисера Костадинова Стојчевска да го каже својот став во однос на мерките и препораките за намалување на расходите донесени од Владата, дали истите ќе ги спроведе и дали доколку ги спроведе тоа би значело намалување на платите на вработените во институциите од култура во време на голема инфлација и криза, кога потрошувачката кошничка за едно семејство секојдневно расте и ја надминува дури и вредноста и на две минимални плати, појаснува СКРМ во своето соопштение.
Тие посочуваат дека се радуваат што и синдикатите од другите дејности во јавниот сектор го препознаа Колективниот договор во културата како позитивен пример (минимална плата вредност на единица коефициент) за спирално покачување на сите плати согласно порастот на минималната плата, а со тоа и подобрување на животниот стандард согласно трошоците за живот. СКРМ остро ќе се спротистави на секаков обид за намалување на платите во културата и непочитување на КД и е отворен за соработка со сите останати синдикати кои имаат иста цел, одбрана на работничките права и постоење на социјален дијалог.

The post СКРМ: Владата предлага убиство на синдикатите appeared first on Република.

]]>
СКРМ бара да се почитува Колективниот договор за зголемување на платите: Да не се прави притисок врв вработените https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-bara-da-se-pochituva-kolektivniot-dogovor-za-zgolemuvanje-na-platite-da-ne-se-pravi-pritisok-vrv-vrabotenite/ Thu, 31 Mar 2022 13:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=481459

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) изразува незадоволство од непочитувањето на договорот од страна на Министерството за финансии и Министерството за култура за покачување на платите на културните работници.

Иако пред четири месеци, Министерството за финансии најави дека во културата платите ќе бидат покачени со покачувањето на минималната плата заради заеднички договорената методологија за пресметка на плата и истото беше јавно потврдено од Министерката за култура пред неполн месец, сепак како наближува датумот за исполнување на обврските така започнува веќе виденото сценарио на притисок врз синдикатите и вработените да се откажат од нивното право во име на светска криза на повеќе нивоа, соопштуваат од СКРМ.

Според нив, овие денови Министерството за култура во јавноста искажува засилен наратив против вработените во институциите на културата и против синдикатите, целта на оваа активност е да се оправда во јавноста намерата на Министерството да го прекрши членот 65 од Колективниот договор за културата со кој се одредува основната бруто плата на вработените според методологијата: минимална бруто плата во државата помножена со коефициент на сложеност за секое работно место.

Од Синдикатот бараат почитување на Колективниот договор, бидејќи како што нагласуваат, основната функција на Министерството како институција е сервис на граѓаните, на институциите и на оние што ја создаваат и одржуваат културата. Од таму ги демантираат изјавите на Министерството дека сите културни установи не работеле за време на пандемијата, истакнувајќи дека 80 отсто од нив ја вршеле работата, а посочуваат и дека улогата на Министерството е да изврши соодветни санкции кон одговорните.

За оваа состојба најмалку се виновни вработените, туку проблемот тргнува од врвот. Ние како синдикат мислевме дека Министерството за култура ќе има доблест да го почитува договорот или ќе биде искрено на време за своите намери. Сега и навистина да има намера да го почитува Колективниот договор и да има само одложување од неколку месеци, тешко е дека членството ќе верува во тоа, децидни се од СКРМ.

Ова соопштение следи по јавната објава на Синдикатот каде се вели дека тие никогаш не апелирале кон кратење на средствата за капитални инвестиции и програмата за култура со цел да се обезбедат средства за почитување на одредбите од колективниот договор, како реакција на интервјуто на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска каде таа го изјавува спротивното.

The post СКРМ бара да се почитува Колективниот договор за зголемување на платите: Да не се прави притисок врв вработените appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) изразува незадоволство од непочитувањето на договорот од страна на Министерството за финансии и Министерството за култура за покачување на платите на културните работници.
Иако пред четири месеци, Министерството за финансии најави дека во културата платите ќе бидат покачени со покачувањето на минималната плата заради заеднички договорената методологија за пресметка на плата и истото беше јавно потврдено од Министерката за култура пред неполн месец, сепак како наближува датумот за исполнување на обврските така започнува веќе виденото сценарио на притисок врз синдикатите и вработените да се откажат од нивното право во име на светска криза на повеќе нивоа, соопштуваат од СКРМ.
Според нив, овие денови Министерството за култура во јавноста искажува засилен наратив против вработените во институциите на културата и против синдикатите, целта на оваа активност е да се оправда во јавноста намерата на Министерството да го прекрши членот 65 од Колективниот договор за културата со кој се одредува основната бруто плата на вработените според методологијата: минимална бруто плата во државата помножена со коефициент на сложеност за секое работно место. Од Синдикатот бараат почитување на Колективниот договор, бидејќи како што нагласуваат, основната функција на Министерството како институција е сервис на граѓаните, на институциите и на оние што ја создаваат и одржуваат културата. Од таму ги демантираат изјавите на Министерството дека сите културни установи не работеле за време на пандемијата, истакнувајќи дека 80 отсто од нив ја вршеле работата, а посочуваат и дека улогата на Министерството е да изврши соодветни санкции кон одговорните.
За оваа состојба најмалку се виновни вработените, туку проблемот тргнува од врвот. Ние како синдикат мислевме дека Министерството за култура ќе има доблест да го почитува договорот или ќе биде искрено на време за своите намери. Сега и навистина да има намера да го почитува Колективниот договор и да има само одложување од неколку месеци, тешко е дека членството ќе верува во тоа, децидни се од СКРМ.
Ова соопштение следи по јавната објава на Синдикатот каде се вели дека тие никогаш не апелирале кон кратење на средствата за капитални инвестиции и програмата за култура со цел да се обезбедат средства за почитување на одредбите од колективниот договор, како реакција на интервјуто на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска каде таа го изјавува спротивното.

The post СКРМ бара да се почитува Колективниот договор за зголемување на платите: Да не се прави притисок врв вработените appeared first on Република.

]]>
Денешната отворена средба- почеток на потесната соработка меѓу Министерството за култура и синдикатот https://republika.mk/vesti/kultura/deneshnata-otvorena-sredba-pochetok-na-potesnata-sorabotka-megju-ministerstvoto-za-kultura-i-sindikatot/ Fri, 25 Feb 2022 16:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=463932

Денешната отворена средба на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со членовите на СКРМ помина во позитивна атмосфера и го означи почетокот на потесната соработка меѓу министерството и синдикатот, соопшти СКРМ.

Вработените имаа можност директно да и' соопштат на Министерката за проблемите со кои се соочуваат, како што се: супстандардни услови за работа, непочитување на одредби од колективниот договор од страна на директорите, мобинг од раководните лица, несоодветни систематизации, ненавремена исплата на плата во локалните установи и уште многу други проблеми. Иако е релативно кратко на функцијата, Министерката покажа дека е многу добро запознаена со голем дел од проблемите и изрази разбирање, подготвеност и ентузијазам за надминување на сите предизвици во најкус можен рок. Исто така, таа повторно потврди дека со покачувањето на минималната плата, ќе бидат покачени платите на сите вработени во културата согласно одредбите во Колективниот договор.

СКРМ им се заблагодарува на Министерката и сите присутни за дискусијата и сметаме дека искрениот дијалог е вистинскиот пат за нормализирање на состојбите во културата и градење доверба меѓу социјалните партнери, објавија на својот фејсбук профил од СКРМ.

The post Денешната отворена средба- почеток на потесната соработка меѓу Министерството за култура и синдикатот appeared first on Република.