Скопје-Тетово Archives - Република https://republika.mk/tema/skopje-tetovo/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 18:58:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје-Тетово Archives - Република https://republika.mk/tema/skopje-tetovo/ 32 32 Затворен дел од автопатот Скопје-Тетово, тешка сообраќајка кај Групчин https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvoren-del-od-avtopatot-skopje-tetovo-teshka-soobrakajka-kaj-grupchin/ Wed, 03 Jul 2024 18:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=793196

Од 19:45 часот е затворен за сообраќај автопат Скопје - Тетово, кај Групчин, поради сообраќајна незгода, информираа од АМСМ.

Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

The post Затворен дел од автопатот Скопје-Тетово, тешка сообраќајка кај Групчин appeared first on Република.

]]>

Од 19:45 часот е затворен за сообраќај автопат Скопје - Тетово, кај Групчин, поради сообраќајна незгода, информираа од АМСМ. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

The post Затворен дел од автопатот Скопје-Тетово, тешка сообраќајка кај Групчин appeared first on Република.

]]>
Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shestmina-povredeni-od-koi-eden-poteshko-vo-sudir-na-dva-golfa-na-patot-skopje-tetovo/ Sat, 03 Jun 2023 11:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=647377

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово.

Како што соопшти МВР, во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

The post Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово. Како што соопшти МВР, во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, наведуваат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.  

The post Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>
Кумановец имал опасна средба со мечка на автопатот Тетово – Скопје: Од тупаниците автомобилот се тресеше https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kumanovec-imal-opasna-sredba-so-mechka-na-avtopatot-tetovo-skopje-od-tupanicite-avtomobilot-se-treseshe/ Thu, 13 Oct 2022 08:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=560447

Кумановецот Африм Исуфи во понеделникот вечерта доживеал опасна средба со мечка на автопатот Тетово-Скопје, од која успеал да излезе жив и неповреден по 30-минутна драма, објави порталот на албански јазик Open-TV.

Исуфи раскажува дека инцидентот се случил на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, нешто пред полноќ.

„Доаѓав од Гостивар, одев дома во Куманово. Неколку километри откако ја поминав првата наплатна рампа во Тетово, возев со нормална брзина, наеднаш мојот автомобил „Голф 5“ удри во нешто напред, од десната страна. Потоа, мојот автомобил лебдеше во воздух и по неколку метри падна на земја. Некако успеав да ја застанам колата на сред автопат и гледам како од неа излегува пареа. Отпрвин помислив дека мора да е некоја дива свиња, бидејќи беше нешто многу моќно. Излегов од автомобилот и гледам големо животно како доаѓа во мојот правец. Беше страшно и ништо не се гледаше. Се исплашив и влегов во автомобилот, кој беше тешко оштетен“, раскажува Исуфи.

„Животното се приближи до мојот автомобил, а кога го видов, тоа беше мечка. Почна да удира силно – од нејзините тупаници, верувајте, колата се тресеше. Не помина многу време, мечката падна на земја. Кога ја видов како паѓа, излегов од автомобилот и ги видов нејзините повреди од судирот. Таа повторно стана и јас пак влегов внатре, тоа траеше 30 минути. Тогаш мечката повторно падна на земја и повеќе не стана, а јас бев спасен“, вели кумановецот, кој потоа се сликал со угинатото животно.

Тој вели дека на местото на настанот излегла и полицијата, на која ѝ дал изјава, Африми вели дека има горчливи искуства со мечките – ова е третпат како доаѓа во близок контакт со нив, а еднаш се случило во 2001 година, кога тој бил војник во редовите на ОВК.

Исуфи прима терапија поради шокот што го преживеал на автопатот.

 

The post Кумановец имал опасна средба со мечка на автопатот Тетово – Скопје: Од тупаниците автомобилот се тресеше appeared first on Република.

]]>

Кумановецот Африм Исуфи во понеделникот вечерта доживеал опасна средба со мечка на автопатот Тетово-Скопје, од која успеал да излезе жив и неповреден по 30-минутна драма, објави порталот на албански јазик Open-TV. Исуфи раскажува дека инцидентот се случил на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, нешто пред полноќ. „Доаѓав од Гостивар, одев дома во Куманово. Неколку километри откако ја поминав првата наплатна рампа во Тетово, возев со нормална брзина, наеднаш мојот автомобил „Голф 5“ удри во нешто напред, од десната страна. Потоа, мојот автомобил лебдеше во воздух и по неколку метри падна на земја. Некако успеав да ја застанам колата на сред автопат и гледам како од неа излегува пареа. Отпрвин помислив дека мора да е некоја дива свиња, бидејќи беше нешто многу моќно. Излегов од автомобилот и гледам големо животно како доаѓа во мојот правец. Беше страшно и ништо не се гледаше. Се исплашив и влегов во автомобилот, кој беше тешко оштетен“, раскажува Исуфи. „Животното се приближи до мојот автомобил, а кога го видов, тоа беше мечка. Почна да удира силно – од нејзините тупаници, верувајте, колата се тресеше. Не помина многу време, мечката падна на земја. Кога ја видов како паѓа, излегов од автомобилот и ги видов нејзините повреди од судирот. Таа повторно стана и јас пак влегов внатре, тоа траеше 30 минути. Тогаш мечката повторно падна на земја и повеќе не стана, а јас бев спасен“, вели кумановецот, кој потоа се сликал со угинатото животно. Тој вели дека на местото на настанот излегла и полицијата, на која ѝ дал изјава, Африми вели дека има горчливи искуства со мечките – ова е третпат како доаѓа во близок контакт со нив, а еднаш се случило во 2001 година, кога тој бил војник во редовите на ОВК. Исуфи прима терапија поради шокот што го преживеал на автопатот.  

The post Кумановец имал опасна средба со мечка на автопатот Тетово – Скопје: Од тупаниците автомобилот се тресеше appeared first on Република.

]]>