Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово.

Како што соопшти МВР, во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.