Скопје танцов театар Archives - Република https://republika.mk/tema/skopje-tancov-teatar/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 14:11:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје танцов театар Archives - Република https://republika.mk/tema/skopje-tancov-teatar/ 32 32 Скопје танцов театар со „Табу република“ на Бобан Русески гостува во Гевгелија https://republika.mk/vesti/kultura/skopje-tantsov-teatar-so-tabu-republika-na-boban-ruseski-gostuva-vo-gevgelija/ Wed, 24 May 2023 15:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=644276

Утревечер, во рамки на празникот на градот Гевгелија „Вознесение Христово“, на покана на Општина Гевгелија и Домот на културата „Македонија“, на сцената на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот, ќе се изведе претставата „Табу република“ на кореографот Бобан Русески, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар.

Покрај Русески, кој е кореограф и режисер, во претставата учествуваат: со пијано изведба Ема Ананиевска, на теремин Ива Дамјановски, а визуелен уметник е Кристијан Јованоски. Костимите се на Благој Мицевски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Анастасија Данчевска, Сара Цветковска и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефи Шааршмит, Клара Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, како и актерката Наталија Ристеска.

Претставата се препорачува за лица над 16 години возраст.

The post Скопје танцов театар со „Табу република“ на Бобан Русески гостува во Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Утревечер, во рамки на празникот на градот Гевгелија „Вознесение Христово“, на покана на Општина Гевгелија и Домот на културата „Македонија“, на сцената на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот, ќе се изведе претставата „Табу република“ на кореографот Бобан Русески, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар. Покрај Русески, кој е кореограф и режисер, во претставата учествуваат: со пијано изведба Ема Ананиевска, на теремин Ива Дамјановски, а визуелен уметник е Кристијан Јованоски. Костимите се на Благој Мицевски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Анастасија Данчевска, Сара Цветковска и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефи Шааршмит, Клара Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, како и актерката Наталија Ристеска. Претставата се препорачува за лица над 16 години возраст.

The post Скопје танцов театар со „Табу република“ на Бобан Русески гостува во Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград https://republika.mk/vesti/kultura/prva-nagrada-i-nagrada-od-publikata-so-koreografijata-go-figure-it-out-za-andrijana-danchevska-i-dejan-bitrovski-na-festival-vo-belgrad/ Wed, 09 Nov 2022 11:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=571844

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград.

Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар.

Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.

Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.

Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар.

Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.

 

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград. Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар. Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.
Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.
Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар. Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.  

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>
Скопје танцов театар гостува на Фестивал во Латвија: „Не ми ги допирај очите“ на Данчевска ќе се изведе на фестивалот „Laikis Dejot“ https://republika.mk/vesti/kultura/skopje-tancov-teatar-gostuva-na-festival-vo-latvija-ne-mi-gi-dopiraj-ochite-na-danchevska-kje-se-izvede-na-festivalot-laikis-dejot/ Wed, 15 Jun 2022 14:05:00 +0000 https://republika.mk/?p=515601

Утре во 21 часот, во рамки на најголемиот интернационален фестивал за современ танц во Латвија, „Laikis Dejot“ кој се одржува од 12 до 21 јуни 2022 година, во Рига, на сцената на Центарот „NOASS“, ќе се изведе кореографијата „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцовиот театар, во која настапуваат Анастасија Данчевска и Дејан Битровски.

Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар, чиј уметнички директор и основач е Рисима Рисимкин, на овој значаен фестивал. Со ова гостување Скопје танцовиот театар ја заокружува извонредно успешната сезона, во која имаше повеќе изведби на свои претстави на светски сцени, од кое најзначајно е гостувањето на сцената на престижниот Националаен театар за современ танц „Шајо“ во Париз, каде беше изведена, три пати по ред претставата на Рисима Рисимкин „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, која париската критика ја оцени како брилијантна. Воедно, оваа сезона Скопје танцовиот театар гостуваше и во Братислава, Словачка и во Загреб, Хрватска, а беше формиран и подмладокот на компанијата Скопје танцов театар 2, чија постава настапи на фестивалот Танц фест Скопје 2022 и во Братислава, Словачка.

Во најавата за нејзината кореографија, кореографката Данчевска вели: „Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“ Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат танчерите Анастасија Данчевска и Дејан Битровски.

Во рамки на програмата на фестивалот, на 17 јуни, уметничката директорка на Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, професор Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, а кореографот и танчер Дејан Битровски, ќе има работилница за современ танц.

Скопје танцовиот театар, основан и предводен од Рисима Рисимкин, во своите 11 години постоење, успева да се пласира на интернационалната современа танцова сцена и да гостува на најпрестижни фестивали. Скопје танцовиот театар зад себе има остварено преку 70 продукции. Компанијата, покрај препознатливиот стил на короеграфката Рисимкин, овозможува и развој на млади уметници и гостува со своите продукции на сцени во Европа, Америка и Азија. Во 2020 Скопје танцовиот театар имаше настап на „Соло танцовиот фестивал“ во Анкара, Турција, со дел од претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, во изведба на Адријана Данчевска. Во 2018 година, со претставата „Кожа“, комапнијата гостуваше на најзначајниот фестивал за танц во Европа – „Holland Dance Festival“, а во август истата година, го затвори 37-то издание на фестивалот „Battery Dance Festival“ во Њујорк, САД. Во октомври 2018 година Скопје танцовиот театар настапи на Интернационалниот фестивал за танц на Пекингшката академија за танц со проектот „Егзистирање“. Скопје танцовиот театар има остварено настапи и на „Share“ фестивалот, во Братислава, Словачка (2017 и 2019), „Mariytime Silkroad Festival“ (2017) во Чуанџо, Кина; „Meet in Beijing“, најголемиот интернационален фестивал за изведувачки уметности во Пекинг, Кина, „Open stage program“ во Хаг и Ротердам, Холандија (2015); ИТС фестивалот во Амстердам, Холандија, (2013); Саем за танц, Дизелдорф и Културбункер во Келн, Германија (2012) и во Хрватска на Интернационалниот фестивал за современ танц и невербален театар, Санвинченто, (2011). На дел од овие гостувања покрај делата на Рисимкин, се пласираат и дела на младите кореографи Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски и Дејан Битровски како млади сили на современиот танц кај нас.

Работата на Скопје танцовиот театар е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

 

The post Скопје танцов театар гостува на Фестивал во Латвија: „Не ми ги допирај очите“ на Данчевска ќе се изведе на фестивалот „Laikis Dejot“ appeared first on Република.

]]>

Утре во 21 часот, во рамки на најголемиот интернационален фестивал за современ танц во Латвија, „Laikis Dejot“ кој се одржува од 12 до 21 јуни 2022 година, во Рига, на сцената на Центарот „NOASS“, ќе се изведе кореографијата „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцовиот театар, во која настапуваат Анастасија Данчевска и Дејан Битровски. Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар, чиј уметнички директор и основач е Рисима Рисимкин, на овој значаен фестивал. Со ова гостување Скопје танцовиот театар ја заокружува извонредно успешната сезона, во која имаше повеќе изведби на свои претстави на светски сцени, од кое најзначајно е гостувањето на сцената на престижниот Националаен театар за современ танц „Шајо“ во Париз, каде беше изведена, три пати по ред претставата на Рисима Рисимкин „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, која париската критика ја оцени како брилијантна. Воедно, оваа сезона Скопје танцовиот театар гостуваше и во Братислава, Словачка и во Загреб, Хрватска, а беше формиран и подмладокот на компанијата Скопје танцов театар 2, чија постава настапи на фестивалот Танц фест Скопје 2022 и во Братислава, Словачка. Во најавата за нејзината кореографија, кореографката Данчевска вели: „Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“ Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат танчерите Анастасија Данчевска и Дејан Битровски. Во рамки на програмата на фестивалот, на 17 јуни, уметничката директорка на Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, професор Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, а кореографот и танчер Дејан Битровски, ќе има работилница за современ танц. Скопје танцовиот театар, основан и предводен од Рисима Рисимкин, во своите 11 години постоење, успева да се пласира на интернационалната современа танцова сцена и да гостува на најпрестижни фестивали. Скопје танцовиот театар зад себе има остварено преку 70 продукции. Компанијата, покрај препознатливиот стил на короеграфката Рисимкин, овозможува и развој на млади уметници и гостува со своите продукции на сцени во Европа, Америка и Азија. Во 2020 Скопје танцовиот театар имаше настап на „Соло танцовиот фестивал“ во Анкара, Турција, со дел од претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, во изведба на Адријана Данчевска. Во 2018 година, со претставата „Кожа“, комапнијата гостуваше на најзначајниот фестивал за танц во Европа – „Holland Dance Festival“, а во август истата година, го затвори 37-то издание на фестивалот „Battery Dance Festival“ во Њујорк, САД. Во октомври 2018 година Скопје танцовиот театар настапи на Интернационалниот фестивал за танц на Пекингшката академија за танц со проектот „Егзистирање“. Скопје танцовиот театар има остварено настапи и на „Share“ фестивалот, во Братислава, Словачка (2017 и 2019), „Mariytime Silkroad Festival“ (2017) во Чуанџо, Кина; „Meet in Beijing“, најголемиот интернационален фестивал за изведувачки уметности во Пекинг, Кина, „Open stage program“ во Хаг и Ротердам, Холандија (2015); ИТС фестивалот во Амстердам, Холандија, (2013); Саем за танц, Дизелдорф и Културбункер во Келн, Германија (2012) и во Хрватска на Интернационалниот фестивал за современ танц и невербален театар, Санвинченто, (2011). На дел од овие гостувања покрај делата на Рисимкин, се пласираат и дела на младите кореографи Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски и Дејан Битровски како млади сили на современиот танц кај нас. Работата на Скопје танцовиот театар е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.  

The post Скопје танцов театар гостува на Фестивал во Латвија: „Не ми ги допирај очите“ на Данчевска ќе се изведе на фестивалот „Laikis Dejot“ appeared first on Република.

]]>
Скопје танцовиот театар гостува на фестивал во Загреб https://republika.mk/vesti/kultura/skopje-tancoviot-teatar-gostuva-na-festival-vo-zagreb/ Tue, 07 Jun 2022 07:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=512006

Скопје танцов театар утре ќе настапи на 39. издание на интернационалниот фестивал "Недела на современ танц" во Загреб. На сцената на „Загребачки плесни центар" ќе се изведат две кореографии на Скопје танцовиот театар, „Outline" на Дејан Битривски, во која настапува Анастасија Данчевска и „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска.

Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар на овој значаен фестивал.

Кореографот Битровски за "Outline" вели дека е посветено на жената и нејзиниот однос со општеството, а кореографката Данчевска во најавата за нејзината кореографија вели:

„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“

Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски.

Во рамки на вечерта, во 18 часот, уметничката директорка на Скооје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев", професорката Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија", а на 9. јуни, во рамки на фестивалската програма Андријана Данчевска ќе има работилница за современ танц.

 

The post Скопје танцовиот театар гостува на фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>

Скопје танцов театар утре ќе настапи на 39. издание на интернационалниот фестивал "Недела на современ танц" во Загреб. На сцената на „Загребачки плесни центар" ќе се изведат две кореографии на Скопје танцовиот театар, „Outline" на Дејан Битривски, во која настапува Анастасија Данчевска и „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска. Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар на овој значаен фестивал. Кореографот Битровски за "Outline" вели дека е посветено на жената и нејзиниот однос со општеството, а кореографката Данчевска во најавата за нејзината кореографија вели:
„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“
Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски. Во рамки на вечерта, во 18 часот, уметничката директорка на Скооје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев", професорката Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија", а на 9. јуни, во рамки на фестивалската програма Андријана Данчевска ќе има работилница за современ танц.  

The post Скопје танцовиот театар гостува на фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>
Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава https://republika.mk/vesti/kultura/dve-koreografii-od-skopje-tancoviot-teatar-na-festivalot-share-vo-bratislava/ Thu, 02 Jun 2022 08:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=510042

Вечерва на сцената на „Театр ЛАБ“ во Братислава, Словачка, на отворање на фестивалот „Share“ ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и „Без–надежен“ на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит.

Двете кореографии се во продукција на Скопје танцовиот театар. Воедно, во рамките на фестивалот, асистентката Анастасија Данчевска ќе одржи работилница, а професорката Рисима Рисимкин ќе има предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, труд кој беше претставен на научната конференција ЕТИМА во 2021 година.

Фестивалот „Share“ 2022 ќе се одржи од втори до петти јуни во Братислава, Словачка, како платформа на седум европски танцови академии и универзитети, и тоа „Антон Брукнер“ универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена“ од Австрија;„Академијата за култура“ од Латвија; „Академијата за музика и театар“ од Литванија; Конзерваториумскиот центар „Данкан“ од Прага, Чешка; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Македонија.

Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ќе ги споделат своите искуства во Братислава, ќе има работилници, како и вечерна програма на секоја од овие седум академии.

Фестивалот „Share“ се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери. Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во меѓувреме патува низ земјите учеснички. Во 2018 година фестивалот се одржа во рамки на „Танц фест“ во Скопје и Штип, на него присуствуваа преку сто млади уметници и професори.

The post Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава appeared first on Република.

]]>

Вечерва на сцената на „Театр ЛАБ“ во Братислава, Словачка, на отворање на фестивалот „Share“ ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и „Без–надежен“ на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит. Двете кореографии се во продукција на Скопје танцовиот театар. Воедно, во рамките на фестивалот, асистентката Анастасија Данчевска ќе одржи работилница, а професорката Рисима Рисимкин ќе има предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, труд кој беше претставен на научната конференција ЕТИМА во 2021 година. Фестивалот „Share“ 2022 ќе се одржи од втори до петти јуни во Братислава, Словачка, како платформа на седум европски танцови академии и универзитети, и тоа „Антон Брукнер“ универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена“ од Австрија;„Академијата за култура“ од Латвија; „Академијата за музика и театар“ од Литванија; Конзерваториумскиот центар „Данкан“ од Прага, Чешка; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Македонија. Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ќе ги споделат своите искуства во Братислава, ќе има работилници, како и вечерна програма на секоја од овие седум академии. Фестивалот „Share“ се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери. Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во меѓувреме патува низ земјите учеснички. Во 2018 година фестивалот се одржа во рамки на „Танц фест“ во Скопје и Штип, на него присуствуваа преку сто млади уметници и професори.

The post Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава appeared first on Република.

]]>
Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ https://republika.mk/vesti/kultura/brilijantna-kreacija-na-avangarden-koreograf-napisha-francuskata-kritika-za-gostuvanjeto-na-skopje-tancov-teatar-vo-legendarniot-shajo/ Fri, 25 Mar 2022 09:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=478267

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност, пишува критичарот Денис Санглард за „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ , по гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција.

„Un Fauteuil pour L'Orchestre“ е специјализиран журнал за критички осврти, кој дава оценки за претставите од едно Ф до највисока оценка 3 ФФФ. Претставата е оценета со највисоката оценка, три ФФФ, т.е. како нешто што не смее да се пропушти.

Секогаш е возбудливо да се открие нов кореограф кој ги исполнува очекувањата. Сепак, Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар не се нови на сцената на современиот танц. Македонските танчери, се имаат претставено со бројни дела низ светот, но за првпат беа поканети во Франција на задоволството на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Единствено жалиме што претставата се играше само три дена.

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност.

Во време на пандемија, која исклучува речиси секаков физички контакт, Рисима Рисимкин го создава она што недостасува, фрустрацијата од отсуството на телото на другиот.

Оваа хиперсофистицирана кореографија, како и костимите, светлата и сценографијата се дел од еден апокалиптичен универзум, по малку анкциозен, но во исто време на чуден начин мирен во своето движење, дури и воздржан, додека во позадината се слуша една застрашувачка музика.

Хибриден танц на чудни суштества, мутанти, понекогаш облечени во потпетици. Тела кои осцилираат помеѓу напнатост и релаксација. Гестикулации на ширење и затегнување, постојано под контрола, понекогаш механички и репетитивни, но целосно ослободени од какви било ограничувања.

Некои слики се дури и скратени во нивниот импулс, со ненадеен и произволен крај, неодгатлив. Исто како што, во овој проблематичен период, сè беше осудено на една нецелосна состојба, до фрустрација.

Телата, колку и да се блиску, никогаш не се допираат. Без разлика дали се заедно или сами, растојанието останува исто, секој е закотвен во својата сфера што не ја напушта, бидејќи сега таа им претставува единствениот универзум, обвинувајќи ја оваа изолација што не ја прекршуваат и покрај обидите и импулсите.

Сепак во ова принудно затворање може да се роди чувство на слобода и опиеност. Убавината и грациозност во солото на жена-лебед е манифест или израз на слобода што и покрај сè останува, чин на отпор.

И тоа е несомнено она што ја карактеризира оваа креација означена со печатот на пандемијата. Оваа наметната желба да не се откажуваме и во длабочините на себеси, преку гестикулација на телото, да ја пронајдеме слободата и убавината без којашто не може да има создавање, пишува Санглард.

Музиката за претставата е на Тони Китановски, сценографија и светла на Матеа Мијановиќ, костимографија на Блогој Мицевски. Настапија танчерите: Анатасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.

 

The post Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ appeared first on Република.

]]>

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност, пишува критичарот Денис Санглард за „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ , по гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција. „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ е специјализиран журнал за критички осврти, кој дава оценки за претставите од едно Ф до највисока оценка 3 ФФФ. Претставата е оценета со највисоката оценка, три ФФФ, т.е. како нешто што не смее да се пропушти.
Секогаш е возбудливо да се открие нов кореограф кој ги исполнува очекувањата. Сепак, Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар не се нови на сцената на современиот танц. Македонските танчери, се имаат претставено со бројни дела низ светот, но за првпат беа поканети во Франција на задоволството на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Единствено жалиме што претставата се играше само три дена. „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност. Во време на пандемија, која исклучува речиси секаков физички контакт, Рисима Рисимкин го создава она што недостасува, фрустрацијата од отсуството на телото на другиот. Оваа хиперсофистицирана кореографија, како и костимите, светлата и сценографијата се дел од еден апокалиптичен универзум, по малку анкциозен, но во исто време на чуден начин мирен во своето движење, дури и воздржан, додека во позадината се слуша една застрашувачка музика. Хибриден танц на чудни суштества, мутанти, понекогаш облечени во потпетици. Тела кои осцилираат помеѓу напнатост и релаксација. Гестикулации на ширење и затегнување, постојано под контрола, понекогаш механички и репетитивни, но целосно ослободени од какви било ограничувања. Некои слики се дури и скратени во нивниот импулс, со ненадеен и произволен крај, неодгатлив. Исто како што, во овој проблематичен период, сè беше осудено на една нецелосна состојба, до фрустрација. Телата, колку и да се блиску, никогаш не се допираат. Без разлика дали се заедно или сами, растојанието останува исто, секој е закотвен во својата сфера што не ја напушта, бидејќи сега таа им претставува единствениот универзум, обвинувајќи ја оваа изолација што не ја прекршуваат и покрај обидите и импулсите. Сепак во ова принудно затворање може да се роди чувство на слобода и опиеност. Убавината и грациозност во солото на жена-лебед е манифест или израз на слобода што и покрај сè останува, чин на отпор. И тоа е несомнено она што ја карактеризира оваа креација означена со печатот на пандемијата. Оваа наметната желба да не се откажуваме и во длабочините на себеси, преку гестикулација на телото, да ја пронајдеме слободата и убавината без којашто не може да има создавање, пишува Санглард.
Музиката за претставата е на Тони Китановски, сценографија и светла на Матеа Мијановиќ, костимографија на Блогој Мицевски. Настапија танчерите: Анатасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.  

The post Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ appeared first on Република.

]]>
Скопје танцовиот театар со „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ првпат ќе настапува во Франција https://republika.mk/vesti/kultura/skopje-tancoviot-teatar-so-identiteti-istorija-na-eden-rastegnat-son-prvpat-kje-nastapuva-vo-francija/ Wed, 16 Mar 2022 07:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=473506

Скопје танцовиот театар првпат ќе настапува во Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин.

Станува збор за претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје танцовиот театар од 2011 година е една од најпопуларните и најплодните македонски кореографки.

Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, за која кореографијата е на Рисимкин, музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, публиката можеше да ја проследи на 10 март на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз. Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак.

Рисима Рисимкин, создавајќи и работејќи од Скопје, успева да создаде платформа за современиот танц во земјава, но и да се пробие како автор надвор и да гостува со свои претстави на најзначајните современи танцови сцени, на светско ниво.

Таа се појавува на големите меѓународни сцени, но е засега е непозната во Франција.

Скопје танцовиот театар, основан и предводен од Рисима Рисимкин, во своите 10 години постоење, успева да се пласира на интернационалната современа танцова сцена и да гостува на најпрестижни фестивали. Скопје танцовиот театар, зад себе има остварено преку 70 продукции.

The post Скопје танцовиот театар со „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ првпат ќе настапува во Франција appeared first on Република.

]]>

Скопје танцовиот театар првпат ќе настапува во Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин. Станува збор за претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје танцовиот театар од 2011 година е една од најпопуларните и најплодните македонски кореографки. Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, за која кореографијата е на Рисимкин, музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, публиката можеше да ја проследи на 10 март на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз. Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак. Рисима Рисимкин, создавајќи и работејќи од Скопје, успева да создаде платформа за современиот танц во земјава, но и да се пробие како автор надвор и да гостува со свои претстави на најзначајните современи танцови сцени, на светско ниво. Таа се појавува на големите меѓународни сцени, но е засега е непозната во Франција. Скопје танцовиот театар, основан и предводен од Рисима Рисимкин, во своите 10 години постоење, успева да се пласира на интернационалната современа танцова сцена и да гостува на најпрестижни фестивали. Скопје танцовиот театар, зад себе има остварено преку 70 продукции.

The post Скопје танцовиот театар со „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ првпат ќе настапува во Франција appeared first on Република.

]]>
Престижниот француски журнал за култура „La terrasse“ го најавува првото гостување на Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин во Париз https://republika.mk/vesti/kultura/prestizniot-francuski-zurnal-za-kultura-la-terrasse-go-najavuva-prvoto-gostuvanje-na-skopje-tancoviot-teatar-i-risima-risimkin-vo-pariz/ Tue, 01 Mar 2022 10:05:21 +0000 https://republika.mk/?p=465748

Престижниот журнал за култура „La terrasse“ од Франција го најавува првото гостување на Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин, со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на сцената на Националниот театар за современ танц во Париз, Франција.

Претставите ќе се одржат на 16, 17 и 18 март 2022 на сцената „Firmin Gémier“ во овој прекрасен театар на Трокадеро.

Скопје танцовиот театар првпат настапува во Франција со изненадувачка претстава која не носи во земјата на соништата за да разговараме за новините. „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисимкин е претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје танцовиот театар од 2011 година, е една од најпопуларните и најплодните македонски кореографки. Таа се појавува на големите меѓународни сцени, но е сосема непозната во Франција, и затоа, ќе биде вистинско откритие, кое ќе го доживееме во 'Шајо'. Со своите седум танчери, Рисимкин ја доведува во прашање експресивноста на движењето во времето на пандемијата. Надвор од оваа општоприфатена тема, Скопје танцовиот театар нè поканува да ги истражуваме имагинарните идентитети, изнесувајќи чудни ликови, запленети од големата интензивеност на танцот. Рисимкин неодамна ни се довери дека во овој опус, 'се обидува да најде јазик што функционира во ова нефункционално време'. Таа го прифаќа предизвикот да создаде интимен танц во кој танчерите никогаш не се допираат. Водена од софистицирана сценографија и костими, таа ни претставува апокалиптичен свет кој ја истакнува нашата изолација, но ја брани убавината од сите препреки, пишуваат Делфин Бафур и Агнес Изрин за магазинот „La terrasse“.

За претставата „Идентитети - Историја на еден растегнат сон“, чиј кореограф е Рисимкин, музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ. „Идентитети“ публиката може да ја проследи на 10 март на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз.

Во претставата играат: Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак.

Рисимкин, создавајќи и работејќи од Скопје, успева да создаде платформа за современиот танц во Македонија, но и да се пробие како автор надвор и да гостува со свои претстави на најзначајните современи танцови сцени, на светско ниво. Во 2010 година за прв пат работи во Националниот балет на Љубљана во 2010 година, а истат година гостува како кореограф-гостин во Холандија. Во сезоната 2012/13 година е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција, каде има можност да остане четири години, но се враќа во Македонија за да ја продолжи својата мисија за развој на современиот танц кај нас.

Рисимкин е професор д-р, основач на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, а предава на многу танцови акадмии во Европа, САД и Кина. Оснивач е на интернационалниот фестивал „Танц Фест Скопје“, кој во своите програми ги реализира гостувањата на „Холандскиот танцов театар“, Националниот балет на Протугалија, „Скапино балет“, „Галили танцовата компанија“, „Филаданко!“ и други извонредни, светски танцови компании, кои остварија незаборавни гостувања во Скопје и го обликуваа вкусот на нашата публика.

Во 2022 година на овој престижен фестивал, единствен за танц во земјава, се очекува гостувањето на легендарната Марта Греам танцова компанија од Њујорк, САД.

Рисимкин е и оснивач на Скопје танцовиот театар со кој во 2022 година, го остварува историското гостување во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз.

The post Престижниот француски журнал за култура „La terrasse“ го најавува првото гостување на Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин во Париз appeared first on Република.

]]>

Престижниот журнал за култура „La terrasse“ од Франција го најавува првото гостување на Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин, со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на сцената на Националниот театар за современ танц во Париз, Франција. Претставите ќе се одржат на 16, 17 и 18 март 2022 на сцената „Firmin Gémier“ во овој прекрасен театар на Трокадеро.
Скопје танцовиот театар првпат настапува во Франција со изненадувачка претстава која не носи во земјата на соништата за да разговараме за новините. „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисимкин е претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје танцовиот театар од 2011 година, е една од најпопуларните и најплодните македонски кореографки. Таа се појавува на големите меѓународни сцени, но е сосема непозната во Франција, и затоа, ќе биде вистинско откритие, кое ќе го доживееме во 'Шајо'. Со своите седум танчери, Рисимкин ја доведува во прашање експресивноста на движењето во времето на пандемијата. Надвор од оваа општоприфатена тема, Скопје танцовиот театар нè поканува да ги истражуваме имагинарните идентитети, изнесувајќи чудни ликови, запленети од големата интензивеност на танцот. Рисимкин неодамна ни се довери дека во овој опус, 'се обидува да најде јазик што функционира во ова нефункционално време'. Таа го прифаќа предизвикот да создаде интимен танц во кој танчерите никогаш не се допираат. Водена од софистицирана сценографија и костими, таа ни претставува апокалиптичен свет кој ја истакнува нашата изолација, но ја брани убавината од сите препреки, пишуваат Делфин Бафур и Агнес Изрин за магазинот „La terrasse“.
За претставата „Идентитети - Историја на еден растегнат сон“, чиј кореограф е Рисимкин, музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ. „Идентитети“ публиката може да ја проследи на 10 март на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз. Во претставата играат: Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак. Рисимкин, создавајќи и работејќи од Скопје, успева да создаде платформа за современиот танц во Македонија, но и да се пробие како автор надвор и да гостува со свои претстави на најзначајните современи танцови сцени, на светско ниво. Во 2010 година за прв пат работи во Националниот балет на Љубљана во 2010 година, а истат година гостува како кореограф-гостин во Холандија. Во сезоната 2012/13 година е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција, каде има можност да остане четири години, но се враќа во Македонија за да ја продолжи својата мисија за развој на современиот танц кај нас. Рисимкин е професор д-р, основач на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, а предава на многу танцови акадмии во Европа, САД и Кина. Оснивач е на интернационалниот фестивал „Танц Фест Скопје“, кој во своите програми ги реализира гостувањата на „Холандскиот танцов театар“, Националниот балет на Протугалија, „Скапино балет“, „Галили танцовата компанија“, „Филаданко!“ и други извонредни, светски танцови компании, кои остварија незаборавни гостувања во Скопје и го обликуваа вкусот на нашата публика. Во 2022 година на овој престижен фестивал, единствен за танц во земјава, се очекува гостувањето на легендарната Марта Греам танцова компанија од Њујорк, САД. Рисимкин е и оснивач на Скопје танцовиот театар со кој во 2022 година, го остварува историското гостување во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз.

The post Престижниот француски журнал за култура „La terrasse“ го најавува првото гостување на Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин во Париз appeared first on Република.

]]>