СЈО Archives - Република https://republika.mk/tema/sjo/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 18:20:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СЈО Archives - Република https://republika.mk/tema/sjo/ 32 32 Латас: Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема https://republika.mk/vesti/makedonija/latas-vakov-blam-vo-makedonija-nemalo-i-ke-nema/ Sat, 19 Oct 2024 19:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=828910

Ако мислите дека СДСМ ја загубиле власта по изборите, тоа е и точно, иако релативно. Ако ви се чини дека сега друг има власт над сите државни институции во Македонија, е тука сте погрешиле. За тоа ќе треба да помине уште време. Да, СДСМ и ДУИ и понатаму имаат силна контрола над неколку, и тоа битни, сегменти на владеењето. Пред се врз најмоќниот, врз правосудниот систем. А со него се почнува и кај него секоја корупција и тортура завршува - пишува Драган Павловиќ Латас.

Во неговата колумна стои:

Премногу долго, и премногу длабоко е вкоренета корупцијата на СДСМ и ДУИ позлатена со голем кеш украден од државната благајна за да исчезне за пар месеци. Многу луѓе од власта се должници на заевистите, а долгот треба да се врати или, во спротивно, да се отворат архивите па должниците да бидат казнети.

Гледам шокантна сторија на Канал 5 која, случајно или сепак намерно, другите телевизии ја преќутеа. Гледам и чекам која ќе биде реакцијата на Собранието кое е одговорно за работата на државниот (јавниот) обвинител и на обвинителскиот совет. Со ќутење држава не се прави, особено кај оние кои се платени да не ќутат.

Имено, Канал 5 објави дека државниот (јавниот) обвинител повикал обвинител од Вишото обвинителство и му давал забелешки и насоки како да се однесува во кривичен предмет. Тој предметот, и уште два, се дело и недело на обвиненија од СЈО кое заврши како корумпирана неуставна дружина. Вишиот обвинител, замислете, имал став различен од обвинителите на СЈО за што му најавена контрола на однесувањето и дисциплинска комисија.

Контролата на предметите во кои тој се охрабрил да размислува различно од СЈО ќе му ја врши – обвинителка од СЈО! Директно заинтересирана страна бидејќи обвиненијата на СЈО се решаваа на колегиуми во кои учествувала и обвинителката контролор. Која објективност се очекува од неа да решава поинаку од она што го решавала кога била во СЈО, а тоа е дека се што ставил Заев на список мора да се стави и во затвор. Тој бирал, тие егзекутирале.

Се поинаку од тоа е предавство кон заевизмот, а тоа е опасно за обвинителите на СЈО бидејќи кај Заев се архивите за нивното однесување, записниците за парите кои им се платени и, најпосле, кај Заев стојат се уште нерешените запленети телефонски разговори на Јавното обвинителство во кои, богами, има путер за многу обвинителски и судски глави.

Патем, целава приказна ја потврди и шефот на Вишото јавно обвинителство кој застана во одбрана на интегритетот и стручноста на својот колега. Двајцата настапија јавно, со лични изјави, и тоа е прв конкретен доказ за партизација и компромитација на Обвинителството. Да, знаеме сите дека така работат но, ова е прв доказ од внатре дека тоа се случува.

Ако овој прв обид на слободен глас во одбрана на стручноста и интегритетот во обвинителството против внатрешната тортура и заевистичка чистка биде задушен на следен ќе чекаме долго. Многу долго... Но, ако биде од јавноста одбранет, ќе се нижат нови сведочења и ќе има нови, и нови чекори до расчистување во обвинителството и судството кои, да потсетам, со доверба од 2-3% во јавноста се институции со најмала доверба во било која институција од постоењето на Македонија во 1945. па до денес. Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема.

Е па, другари пратеници, ова е прво задача за вас. Потоа за советот на обвинителите и, секако не најмалку важно, иако на крај спомнато, за медиумите. Нема граѓанин кој може да биде сигурен дека еден ден, за нешто, нема да се појави во судот, било да е гонет и тужен, или тој да тужи и оттаму нема човек кој нема интерес да следи како овој скандал ќе се одвива. И како ќе заврши.

Основа на државата е нејзиниот правен систем. Тој гарантира заштита на малиот од големите кои имаат влијание на обвинителите и судиите во било кој случај. А секој е потенцијална идна жртва на компромитиран правен систем. Секој.

Системот на обвинителството и судството почна да паѓа кога Зоран Заев, обвинет за корупција од скандалот “евро за Вицето...“ јавно кажа дека нема да оди на судење бидејќи не го признава судот. И не отиде. И не го собраа со комбе за да биде присутен на идното рочиште како што би постапиле за секој друг граѓанин.

Заев и заевистите уште пре да дојдат на власт прво го нападнаа обвинителството и судот. Таму ја проценија централата на моќта, алатката на нивното идно тоталитарно владеење. Во мај 2016. Шарните и буквално извршија напад врз Уставниот суд кој мораше да го брани полиција. Претседателкатата на Уставниот суд, Елена Гошева, изјави дека судот нема да дозволи да суди улица наместо нив.

И кога СДСМ и ДУИ дојдоа на власт ја сменија судијката, го сменија обвинителот и го преквалификуваа обвинението за Зоран Заев, па судија избран од заевистите го ослободи Зоран Заев од одговорност откако тој стана премиер. Премиер во време кога за него се води постапка за поткуп снимен со видео од полициска камера.

Целиот текст на Вечер.мк

The post Латас: Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема appeared first on Република.

]]>

Ако мислите дека СДСМ ја загубиле власта по изборите, тоа е и точно, иако релативно. Ако ви се чини дека сега друг има власт над сите државни институции во Македонија, е тука сте погрешиле. За тоа ќе треба да помине уште време. Да, СДСМ и ДУИ и понатаму имаат силна контрола над неколку, и тоа битни, сегменти на владеењето. Пред се врз најмоќниот, врз правосудниот систем. А со него се почнува и кај него секоја корупција и тортура завршува - пишува Драган Павловиќ Латас.
Во неговата колумна стои: Премногу долго, и премногу длабоко е вкоренета корупцијата на СДСМ и ДУИ позлатена со голем кеш украден од државната благајна за да исчезне за пар месеци. Многу луѓе од власта се должници на заевистите, а долгот треба да се врати или, во спротивно, да се отворат архивите па должниците да бидат казнети. Гледам шокантна сторија на Канал 5 која, случајно или сепак намерно, другите телевизии ја преќутеа. Гледам и чекам која ќе биде реакцијата на Собранието кое е одговорно за работата на државниот (јавниот) обвинител и на обвинителскиот совет. Со ќутење држава не се прави, особено кај оние кои се платени да не ќутат. Имено, Канал 5 објави дека државниот (јавниот) обвинител повикал обвинител од Вишото обвинителство и му давал забелешки и насоки како да се однесува во кривичен предмет. Тој предметот, и уште два, се дело и недело на обвиненија од СЈО кое заврши како корумпирана неуставна дружина. Вишиот обвинител, замислете, имал став различен од обвинителите на СЈО за што му најавена контрола на однесувањето и дисциплинска комисија. Контролата на предметите во кои тој се охрабрил да размислува различно од СЈО ќе му ја врши – обвинителка од СЈО! Директно заинтересирана страна бидејќи обвиненијата на СЈО се решаваа на колегиуми во кои учествувала и обвинителката контролор. Која објективност се очекува од неа да решава поинаку од она што го решавала кога била во СЈО, а тоа е дека се што ставил Заев на список мора да се стави и во затвор. Тој бирал, тие егзекутирале. Се поинаку од тоа е предавство кон заевизмот, а тоа е опасно за обвинителите на СЈО бидејќи кај Заев се архивите за нивното однесување, записниците за парите кои им се платени и, најпосле, кај Заев стојат се уште нерешените запленети телефонски разговори на Јавното обвинителство во кои, богами, има путер за многу обвинителски и судски глави. Патем, целава приказна ја потврди и шефот на Вишото јавно обвинителство кој застана во одбрана на интегритетот и стручноста на својот колега. Двајцата настапија јавно, со лични изјави, и тоа е прв конкретен доказ за партизација и компромитација на Обвинителството. Да, знаеме сите дека така работат но, ова е прв доказ од внатре дека тоа се случува. Ако овој прв обид на слободен глас во одбрана на стручноста и интегритетот во обвинителството против внатрешната тортура и заевистичка чистка биде задушен на следен ќе чекаме долго. Многу долго... Но, ако биде од јавноста одбранет, ќе се нижат нови сведочења и ќе има нови, и нови чекори до расчистување во обвинителството и судството кои, да потсетам, со доверба од 2-3% во јавноста се институции со најмала доверба во било која институција од постоењето на Македонија во 1945. па до денес. Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема. Е па, другари пратеници, ова е прво задача за вас. Потоа за советот на обвинителите и, секако не најмалку важно, иако на крај спомнато, за медиумите. Нема граѓанин кој може да биде сигурен дека еден ден, за нешто, нема да се појави во судот, било да е гонет и тужен, или тој да тужи и оттаму нема човек кој нема интерес да следи како овој скандал ќе се одвива. И како ќе заврши. Основа на државата е нејзиниот правен систем. Тој гарантира заштита на малиот од големите кои имаат влијание на обвинителите и судиите во било кој случај. А секој е потенцијална идна жртва на компромитиран правен систем. Секој. Системот на обвинителството и судството почна да паѓа кога Зоран Заев, обвинет за корупција од скандалот “евро за Вицето...“ јавно кажа дека нема да оди на судење бидејќи не го признава судот. И не отиде. И не го собраа со комбе за да биде присутен на идното рочиште како што би постапиле за секој друг граѓанин. Заев и заевистите уште пре да дојдат на власт прво го нападнаа обвинителството и судот. Таму ја проценија централата на моќта, алатката на нивното идно тоталитарно владеење. Во мај 2016. Шарните и буквално извршија напад врз Уставниот суд кој мораше да го брани полиција. Претседателкатата на Уставниот суд, Елена Гошева, изјави дека судот нема да дозволи да суди улица наместо нив. И кога СДСМ и ДУИ дојдоа на власт ја сменија судијката, го сменија обвинителот и го преквалификуваа обвинението за Зоран Заев, па судија избран од заевистите го ослободи Зоран Заев од одговорност откако тој стана премиер. Премиер во време кога за него се води постапка за поткуп снимен со видео од полициска камера. Целиот текст на Вечер.мк

The post Латас: Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема appeared first on Република.

]]>
Советот за јавни обвинители ќе се позанимава со притисоците за бонусите на обвинителите од СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-za-javni-obviniteli-ke-se-pozanimava-so-pritisotsite-za-bonusite-na-obvinitelite-od-sjo/ Thu, 17 Oct 2024 13:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=828084

Советот на јавни обвинители од медиумите слушнал за обвинувањата на обвинители од Вишото обвинителство за притисоци од главниот обвинител Љупчо Коцевски да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен.

Од Советот на јавни обвинители за МТВ велат дека собираат информации за тоа што се случувало.

Вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот, вели се собира документацијата и ќе се бара одржување јавна седница во Советот на обвинители. Тој што треба мене да ме заштити од закани и притисоци, веќе не е заштита, вели Цветановски.

Ниту во Министерството за правда немаат повеќе информации за случајот. Министерот Игор Филков, денеска за медиумите кратко изјави:

Треба да видиме за што се работи.

Вишиот обвинител Цветановски вели дека за прв пат се соочил со ваков тип закана, но тврди, одлуката за случајот бонуси во СЈО ќе биде независна.

Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.

Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана – изјавува Хајрулахи за Реублика.

Коцевски вчера изјави дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/

The post Советот за јавни обвинители ќе се позанимава со притисоците за бонусите на обвинителите од СЈО appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители од медиумите слушнал за обвинувањата на обвинители од Вишото обвинителство за притисоци од главниот обвинител Љупчо Коцевски да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен. Од Советот на јавни обвинители за МТВ велат дека собираат информации за тоа што се случувало.
Вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот, вели се собира документацијата и ќе се бара одржување јавна седница во Советот на обвинители. Тој што треба мене да ме заштити од закани и притисоци, веќе не е заштита, вели Цветановски.
Ниту во Министерството за правда немаат повеќе информации за случајот. Министерот Игор Филков, денеска за медиумите кратко изјави:
Треба да видиме за што се работи.
Вишиот обвинител Цветановски вели дека за прв пат се соочил со ваков тип закана, но тврди, одлуката за случајот бонуси во СЈО ќе биде независна. Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.
Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана – изјавува Хајрулахи за Реублика.
Коцевски вчера изјави дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата. https://republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/

The post Советот за јавни обвинители ќе се позанимава со притисоците за бонусите на обвинителите од СЈО appeared first on Република.

]]>
Смешен надзор, закани, притисоци – што сѐ прави Коцевски да ги оправда екстра парите за ексобвинителите на СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/ Thu, 17 Oct 2024 09:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=827858

Републичкото јавно обвинителство врши надзор во Вишото скопско обвинителство по, како што вели вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, тоа е предвидено во законот за јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Симптоматично е тоа што пет години по ред не е извршена контрола и одеднаш, после разговорот за предметот со бонусите на СЈО се закажа надзорот.

Хајрулахи за Република вели дека надзор врз работата на обвинителството е законски и не е спорен, но прашањето е зошто баш сега.

-Републичкото јавно обвинителство по закон има право да врши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Но во последните пет години Републичкото обвинителство немало надзор врз ниту едно вишо јавно обвинителство. Симптоматично е зошто баш сега. Акцентот на надзорот е ставен врз обвинителот Јован Цветановски кај кого е предметот со бонусите на екс обвинителите од СЈО, за кој републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ме побара и ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не треба да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени - вели Хајрулахи.

[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption]

Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.

-Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана - изјавува Хајрулахи за Реублика.

По само неколку дена од РЈО добил писмено известување дека ќе бидат под надзор, што, според вишиот обвинител, не е спорно, но е симптоматично зошто баш сега. На 10 октомври доаѓа контрола составена од тројца обвинители.

- Прво обвинителката Лиле Стефанова учествува во прв степен во СЈО и не смее да учествува во надзорот. Обвинителот Елвин Вели до пред скоро време беше заменик на вишиот обвинител и обвинител во Вишото. Според побараните предмети се гледа дека акцентот на надзорот е ставен токму врз обвинителот Цветановски. Во понеделникот имаше повторно контрола - вели вишиот јавен обвинител.

Предметниот обвинител Цветановски, за Канал 5 изјави дека за него пораката од Коцевски претставува директна закана, но тоа сепак нема да влијае врз неговата работа.

-Во врска со разговорот кој го имал Мустафа со републичкиот обвинител, тој ми е пренесен веднаш. Тоа значи за мене директна закана бидејќи годиниве не сум доживеал, ниту сум слушнал за таква закана – да се внимава. Предметот е сензитивен, точно е, и ќе биде проследен како и секој друг. Мојата одлука ќе биде независна, вели обвинителот Цветановски.

Коцевски вчера во изјава за Канал 5 рече дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата

-Воопшто не е вршена контрола врз предмети во работа, ниту врз конкретниот предмет кој се однесува на исплата на бонуси во поранешното СЈО, бидејќи тоа не беше ниту опфатено со одлуката за вршење надзор – велат од прес службата на државниот јавниот обвинител.

Според Коцевски причините за надзорот биле поткрепени со соодветни судски одлуки во однос на постапувањето на одредени обвинители во Вишото обвинителство Скопје како и со документирани наводи за мобинг, закани и притисоци со кои се соочувале вработени во службата.

На ова пак, Хајрулахи пак вели:

Администрацијата нема предмети за да се врши мобинг врз нив. Крајно несериозни се ваквите изјави. Надзор е вршен врз работата на јавните обвинители, а не врз работата на администрацијата.

Во јули беше објавено дека Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра. Тогаш „Сведок“ објави дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова. На ваквата одлука беше поднесена жалба.

https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/

The post Смешен надзор, закани, притисоци – што сѐ прави Коцевски да ги оправда екстра парите за ексобвинителите на СЈО appeared first on Република.

]]>

Републичкото јавно обвинителство врши надзор во Вишото скопско обвинителство по, како што вели вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, тоа е предвидено во законот за јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Симптоматично е тоа што пет години по ред не е извршена контрола и одеднаш, после разговорот за предметот со бонусите на СЈО се закажа надзорот. Хајрулахи за Република вели дека надзор врз работата на обвинителството е законски и не е спорен, но прашањето е зошто баш сега.
-Републичкото јавно обвинителство по закон има право да врши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Но во последните пет години Републичкото обвинителство немало надзор врз ниту едно вишо јавно обвинителство. Симптоматично е зошто баш сега. Акцентот на надзорот е ставен врз обвинителот Јован Цветановски кај кого е предметот со бонусите на екс обвинителите од СЈО, за кој републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ме побара и ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не треба да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени - вели Хајрулахи.
[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption] Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.
-Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана - изјавува Хајрулахи за Реублика.
По само неколку дена од РЈО добил писмено известување дека ќе бидат под надзор, што, според вишиот обвинител, не е спорно, но е симптоматично зошто баш сега. На 10 октомври доаѓа контрола составена од тројца обвинители.
- Прво обвинителката Лиле Стефанова учествува во прв степен во СЈО и не смее да учествува во надзорот. Обвинителот Елвин Вели до пред скоро време беше заменик на вишиот обвинител и обвинител во Вишото. Според побараните предмети се гледа дека акцентот на надзорот е ставен токму врз обвинителот Цветановски. Во понеделникот имаше повторно контрола - вели вишиот јавен обвинител.
Предметниот обвинител Цветановски, за Канал 5 изјави дека за него пораката од Коцевски претставува директна закана, но тоа сепак нема да влијае врз неговата работа.
-Во врска со разговорот кој го имал Мустафа со републичкиот обвинител, тој ми е пренесен веднаш. Тоа значи за мене директна закана бидејќи годиниве не сум доживеал, ниту сум слушнал за таква закана – да се внимава. Предметот е сензитивен, точно е, и ќе биде проследен како и секој друг. Мојата одлука ќе биде независна, вели обвинителот Цветановски.
Коцевски вчера во изјава за Канал 5 рече дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата
-Воопшто не е вршена контрола врз предмети во работа, ниту врз конкретниот предмет кој се однесува на исплата на бонуси во поранешното СЈО, бидејќи тоа не беше ниту опфатено со одлуката за вршење надзор – велат од прес службата на државниот јавниот обвинител.
Според Коцевски причините за надзорот биле поткрепени со соодветни судски одлуки во однос на постапувањето на одредени обвинители во Вишото обвинителство Скопје како и со документирани наводи за мобинг, закани и притисоци со кои се соочувале вработени во службата. На ова пак, Хајрулахи пак вели:
Администрацијата нема предмети за да се врши мобинг врз нив. Крајно несериозни се ваквите изјави. Надзор е вршен врз работата на јавните обвинители, а не врз работата на администрацијата.
Во јули беше објавено дека Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра. Тогаш „Сведок“ објави дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова. На ваквата одлука беше поднесена жалба. https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/  

The post Смешен надзор, закани, притисоци – што сѐ прави Коцевски да ги оправда екстра парите за ексобвинителите на СЈО appeared first on Република.

]]>
Врши ли притисок државниот обвинител Коцевски врз Вишото обвинителство за бонусите во СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/vrshi-li-pritisok-drzhavniot-obvinitel-kotsevski-vrz-vishoto-obvinitelstvo-za-bonusite-vo-sjo/ Wed, 16 Oct 2024 14:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=827716

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предметот и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај. Харулахи како што вели му одговорил на Коцевски дека тој ниту сака ниту има надлежност да се меша во работата на предметниот обвинител Јован Цветановски.

Неколку дена откако стигна предметот по жалба од страна на ОЈО ГОКК, РЈО Коцевски телефонски ми се јави и во разговорот што го имав со него во кабинетот ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не трбеа да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени. Јас на тоа оидвоорови дека предметот е во фаза на ЈО кој е задолежн со иститот предмет и по проучување иститот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителкот а јас не можам да се мешат во работата на ЈО. “Мустафа Хајрулахи – Виш јавен обвинител.

Целиот текст овде.

The post Врши ли притисок државниот обвинител Коцевски врз Вишото обвинителство за бонусите во СЈО appeared first on Република.

Во декември бил затворен предметот за бонусите на екс специјалните обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-dekemvri-bil-zatvoren-predmetot-za-bonusite-na-eks-spetsijalnite-obviniteli/ Sat, 27 Jul 2024 19:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=800915

Затворен е предметот за бонусите на екс обвинителите од СЈО. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Ислам Абази за Канал 5 ги потврдиле пишувањата на Сведок мк. Кривичната пријава поднесена од ВМРО ДПМНЕ беше поднесена во јануари 2021, а решението за отфрлање било донесено во декември 2023. Според пријавата екс специјалната обвинителка Катица Јанева неосновано исплатила 4,6 милиони евра бонуси на обвинителите кои се движеле од 70 до 100 илјади евра, како и за вработените и соработниците на тогашното СЈО.

-Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период.- велат од ОЈО ГОКК.

Стои во објаснувањето од Обвинителството од каде додаваат дека надлежниот обвинител ги деклафицирал ревизорските извештаи и правилниците кои ги донела Јанева а било извршено и детално економско – финансиско вештачење. Финансиските извештаи на СЈО, велат дека биле разгледувани и од Советот на ЈО и од Собранието.

Сепак, како што пишува Сведок.мк, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, го донел решението за отфрлање на кривичната, откако и го одзел предметот на обвинителката Наташа Поп Трајкова која го работела и подолго време го одбивала неговото барање да го затвори поради серозноста и висината на сумата. Од ова обвинителство во врска со ова велат дека:

Наводите во споменатиот текст се целосно невистинити.

Од севкупната постапка произлезе дека дејствијата преземени од Јавниот обвинител на ова обвинителство(СЈО)....како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должнос велат од ОЈО ГОКК.

Но нема одговор на прашањата на Сведок мк и Канал 5 од Обвинителството со кое раководи Абази, дали и зошто и бил одземен предметот на обвинителката Поп Трајкова особено ако се има предвид Законот за јавното обвинителство според кој обвинителството е организирано според принципите на хиерархија и субординација, но нивното почитување, пишува во членот 3, не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Канал 5 побарале став и од Советот на јавните обвинители од каде велат дека не се детално запознаени со наводите иако разбрале од медиумите. Советот на ЈО, велат, не смее да се меша во работата на обвинителствата, но доколку добијат претставка ќе постапат согласно своите надлежности.

https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/

The post Во декември бил затворен предметот за бонусите на екс специјалните обвинители appeared first on Република.

]]>

Затворен е предметот за бонусите на екс обвинителите од СЈО. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Ислам Абази за Канал 5 ги потврдиле пишувањата на Сведок мк. Кривичната пријава поднесена од ВМРО ДПМНЕ беше поднесена во јануари 2021, а решението за отфрлање било донесено во декември 2023. Според пријавата екс специјалната обвинителка Катица Јанева неосновано исплатила 4,6 милиони евра бонуси на обвинителите кои се движеле од 70 до 100 илјади евра, како и за вработените и соработниците на тогашното СЈО.
-Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период.- велат од ОЈО ГОКК.
Стои во објаснувањето од Обвинителството од каде додаваат дека надлежниот обвинител ги деклафицирал ревизорските извештаи и правилниците кои ги донела Јанева а било извршено и детално економско – финансиско вештачење. Финансиските извештаи на СЈО, велат дека биле разгледувани и од Советот на ЈО и од Собранието. Сепак, како што пишува Сведок.мк, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, го донел решението за отфрлање на кривичната, откако и го одзел предметот на обвинителката Наташа Поп Трајкова која го работела и подолго време го одбивала неговото барање да го затвори поради серозноста и висината на сумата. Од ова обвинителство во врска со ова велат дека: Наводите во споменатиот текст се целосно невистинити. Од севкупната постапка произлезе дека дејствијата преземени од Јавниот обвинител на ова обвинителство(СЈО)....како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должнос велат од ОЈО ГОКК. Но нема одговор на прашањата на Сведок мк и Канал 5 од Обвинителството со кое раководи Абази, дали и зошто и бил одземен предметот на обвинителката Поп Трајкова особено ако се има предвид Законот за јавното обвинителство според кој обвинителството е организирано според принципите на хиерархија и субординација, но нивното почитување, пишува во членот 3, не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Канал 5 побарале став и од Советот на јавните обвинители од каде велат дека не се детално запознаени со наводите иако разбрале од медиумите. Советот на ЈО, велат, не смее да се меша во работата на обвинителствата, но доколку добијат претставка ќе постапат согласно своите надлежности. https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/  

The post Во декември бил затворен предметот за бонусите на екс специјалните обвинители appeared first on Република.

]]>
Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/ Wed, 17 Jul 2024 13:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=797705

Јавното обвинителство не гледа ништо спорно ниту незаконски во милионскиот бонус што си го поделија обвинителите од некогашното СЈО на чело со Катица Јанева.

Република“ побара коментар од Републичкото јавно обвинителство за отфрлањето на пријавата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ а која Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал ја отфрли како неоснована.

Од ЈО за „Република“ објаснуваат дека била прибавена обемна документација и ги декласифицирале ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева, а било извршено и детално економско - финансиско вештачење.

Од вештиот наод и целокупните материјални докази произлезе дека тогашното Специјално јавно обвинителство, за целокупното работење вклучително и за финансиските активности изготвувало извештаи, што согласно закон биле разгледувани од Советот на јавните обвинители и од Собранието. Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период-велат од ЈО.

Оттаму додаваат дека дејствијата преземени од  Јанева во врска со носењето на правилници за додатоци на платите и одлуките за почитување на принципот на тајност во врска со материјалите од незаконското следење на комуникациите, како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.

Согласно сите утврдени факти, решение за отфрлање на кривичната пријава е донесено во декември 2023 година, односно неколку месеци пред Љупчо Коцевски да стапи на функцијата. Јавните обвинители Љупчо Коцевски и Ленче Ристоска не се во никаква ниту поблиска, ниту подалечна роднинска врска-објаснуваат од Обвинителството.

Од парите кои ги добивале обвинителите на „славното“ СЈО на обичниот човек може да му се сврти во главата.

Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.

Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.

https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/

https://republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/

The post Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство не гледа ништо спорно ниту незаконски во милионскиот бонус што си го поделија обвинителите од некогашното СЈО на чело со Катица Јанева. „Република“ побара коментар од Републичкото јавно обвинителство за отфрлањето на пријавата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ а која Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал ја отфрли како неоснована. Од ЈО за „Република“ објаснуваат дека била прибавена обемна документација и ги декласифицирале ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева, а било извршено и детално економско - финансиско вештачење.
Од вештиот наод и целокупните материјални докази произлезе дека тогашното Специјално јавно обвинителство, за целокупното работење вклучително и за финансиските активности изготвувало извештаи, што согласно закон биле разгледувани од Советот на јавните обвинители и од Собранието. Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период-велат од ЈО.
Оттаму додаваат дека дејствијата преземени од  Јанева во врска со носењето на правилници за додатоци на платите и одлуките за почитување на принципот на тајност во врска со материјалите од незаконското следење на комуникациите, како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.
Согласно сите утврдени факти, решение за отфрлање на кривичната пријава е донесено во декември 2023 година, односно неколку месеци пред Љупчо Коцевски да стапи на функцијата. Јавните обвинители Љупчо Коцевски и Ленче Ристоска не се во никаква ниту поблиска, ниту подалечна роднинска врска-објаснуваат од Обвинителството.
Од парите кои ги добивале обвинителите на „славното“ СЈО на обичниот човек може да му се сврти во главата. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра. Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.   https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ https://republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/

The post Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>
Бонус „кеш“: Делењето еден милион евра од ракавот на Јанева за Абази е нормално https://republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/ Tue, 16 Jul 2024 06:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=797214

Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажала дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци.

Но, ова не беше повод Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал да ја прифати кривичната пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.Напротив, тој ја одби и со тоа го затвори овој случај.

[caption id="attachment_571420" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Како што вчера објави „Сведок.мк“ Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител.

Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35 %.

Oбвинителите во просек добивале  од 70.000  до 107.000 евра, покажуваат податоците од алатката „Отворени финансии“. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.

Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.

The post Бонус „кеш“: Делењето еден милион евра од ракавот на Јанева за Абази е нормално appeared first on Република.

]]>

Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажала дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци. Но, ова не беше повод Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал да ја прифати кривичната пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.Напротив, тој ја одби и со тоа го затвори овој случај. [caption id="attachment_571420" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Како што вчера објави „Сведок.мк“ Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител. Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35 %. Oбвинителите во просек добивале  од 70.000  до 107.000 евра, покажуваат податоците од алатката „Отворени финансии“. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра. Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.

The post Бонус „кеш“: Делењето еден милион евра од ракавот на Јанева за Абази е нормално appeared first on Република.

]]>
Обвинителките не се виновни што добиле екстра пари: Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава за бонусите во СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ Mon, 15 Jul 2024 12:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=796958

Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра, објави „Сведок.мк“.

СВЕДОК дознава дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова.

Наши извори од ОЈО ГОКК тврдат дека Ислам Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител.

„Република“ побара објаснување од Јавно обвинителство за овој случај, но не добивме одговор.

Извор: Сведок.мк

The post Обвинителките не се виновни што добиле екстра пари: Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>

Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра, објави „Сведок.мк“.  
СВЕДОК дознава дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова.
Наши извори од ОЈО ГОКК тврдат дека Ислам Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител. „Република“ побара објаснување од Јавно обвинителство за овој случај, но не добивме одговор. Извор: Сведок.мк

The post Обвинителките не се виновни што добиле екстра пари: Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>
Во голема акција на скопскиот аеродром уапсен поранешен градоначалник https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-golema-aktsija-na-skopskiot-aerodrom-uapsen-poraneshen-gradonachalnik/ Fri, 30 Jun 2023 07:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=656714

Во голема акција на скопскиот аеродром синоќа бил приведен поранешниот градоначалник В.Т. како и други 10 лица поврзани со предмет на поранешното СЈО, дознава МКД.мк од неофицијални извори.

На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на истата општина.

The post Во голема акција на скопскиот аеродром уапсен поранешен градоначалник appeared first on Република.

]]>

Во голема акција на скопскиот аеродром синоќа бил приведен поранешниот градоначалник В.Т. како и други 10 лица поврзани со предмет на поранешното СЈО, дознава МКД.мк од неофицијални извори. На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на истата општина.

The post Во голема акција на скопскиот аеродром уапсен поранешен градоначалник appeared first on Република.

]]>
Јанакиески: „ТНТ“ е единствен предмет на СЈО каде не се штитат интересите на државата и Буџетот туку приватниот интерес https://republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-tnt-e-edinstven-predmet-na-sjo-kade-ne-se-shtitat-interesite-na-drzhavata-i-budhetot-tuku-privatniot-interes/ Mon, 08 May 2023 10:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=637999

Во целост ги прифаќам жалбите и денес изнесеното од моите бранители. Јас исто така поднесов лична жалба но денес сакам пред вас и пред целата јавност да илустрирам како течеше овој процес познат во јавноста како „ТНТ“ и какви се пропусти има во пресудата, вели Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-ne-znae-kolku-e-osuden-vo-sluchajot-tnt/

Јанакиески истакна дека обвинителниот акт бил поднесен во исто време кога во Основниот суд имаше веќе прифатено обвинителен акт против правното лице „Фине“ и Фијат Цановски значи во исто време во судот имаше ОА дека се гради нелегално и дека нелегално е срушен.

Што се случи. Тоа ни стана јасно после избивање на аферата Рекет. Имено Ардијан Амзоски согласно доказите во тој предмет искеширал на Бојан Јовановски под закрила на инвестиција во проект. Замислете Фијат т.е неговиот зет ќе даде над половина милион евра на „жими мајка“ од фирмата „Дрим Билдинг“ која во последените две години немала ни толкави приходи и дел кеш пазете ден пред да се повлечи обвението од Бурим Рустеми и Катица Јанева Ардијан добива порака од Бојан Јовановски. На ден 19.10.2017 година пред официјално да се поднесе Поднесокот за откажување од обвинителен акт од страна на Обвинителката Катица Јанева а по претхдона согласност од обвинителот Бурим Рустеми, Аријан Амзоски му испраќа порака на Бојан Јовановски „SJO go povlece denes predmotot. BLAGODAM OD SRCE ajde sega raat da pocnime da rabotime.“

https://republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-predmetot-tnt-nezakonski-go-zastapuvashe-vish-javen-obvintiel/

Јанакиески истакнува дека ова е единствен предмет на СЈО каде не се штитат интересите на државата и Буџетот и оти предност се дава на приватниот интерес, односно на човек кој незаконски гради и проблемите ги решава преку политика

Ако не е така нека ме тужат за клевета. Ардијан Амзоски на состанок во О.Габа вика „почекајте до септември ќе добијам правосилна пресуда и оштета од државата до Септември и ќе ги платам комуналиите и ќе го доградам Космос“-истакна поранешниот министер.

За предметот ТНТ претходно има 36 пресуди од од сите судови во државата со кои е утврдено дека Решението за рушење е законско, и дека Фијат нема право на надомест.Дури постои и Решение на Уставен суд од 21.12.2011 дека не постои дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност.

The post Јанакиески: „ТНТ“ е единствен предмет на СЈО каде не се штитат интересите на државата и Буџетот туку приватниот интерес appeared first on Република.

]]>

Во целост ги прифаќам жалбите и денес изнесеното од моите бранители. Јас исто така поднесов лична жалба но денес сакам пред вас и пред целата јавност да илустрирам како течеше овој процес познат во јавноста како „ТНТ“ и какви се пропусти има во пресудата, вели Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелација. https://republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-ne-znae-kolku-e-osuden-vo-sluchajot-tnt/ Јанакиески истакна дека обвинителниот акт бил поднесен во исто време кога во Основниот суд имаше веќе прифатено обвинителен акт против правното лице „Фине“ и Фијат Цановски значи во исто време во судот имаше ОА дека се гради нелегално и дека нелегално е срушен.
Што се случи. Тоа ни стана јасно после избивање на аферата Рекет. Имено Ардијан Амзоски согласно доказите во тој предмет искеширал на Бојан Јовановски под закрила на инвестиција во проект. Замислете Фијат т.е неговиот зет ќе даде над половина милион евра на „жими мајка“ од фирмата „Дрим Билдинг“ која во последените две години немала ни толкави приходи и дел кеш пазете ден пред да се повлечи обвението од Бурим Рустеми и Катица Јанева Ардијан добива порака од Бојан Јовановски. На ден 19.10.2017 година пред официјално да се поднесе Поднесокот за откажување од обвинителен акт од страна на Обвинителката Катица Јанева а по претхдона согласност од обвинителот Бурим Рустеми, Аријан Амзоски му испраќа порака на Бојан Јовановски „SJO go povlece denes predmotot. BLAGODAM OD SRCE ajde sega raat da pocnime da rabotime.“
https://republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-predmetot-tnt-nezakonski-go-zastapuvashe-vish-javen-obvintiel/ Јанакиески истакнува дека ова е единствен предмет на СЈО каде не се штитат интересите на државата и Буџетот и оти предност се дава на приватниот интерес, односно на човек кој незаконски гради и проблемите ги решава преку политика
Ако не е така нека ме тужат за клевета. Ардијан Амзоски на состанок во О.Габа вика „почекајте до септември ќе добијам правосилна пресуда и оштета од државата до Септември и ќе ги платам комуналиите и ќе го доградам Космос“-истакна поранешниот министер.
За предметот ТНТ претходно има 36 пресуди од од сите судови во државата со кои е утврдено дека Решението за рушење е законско, и дека Фијат нема право на надомест.Дури постои и Решение на Уставен суд од 21.12.2011 дека не постои дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност.

The post Јанакиески: „ТНТ“ е единствен предмет на СЈО каде не се штитат интересите на државата и Буџетот туку приватниот интерес appeared first on Република.

]]>
Обвинителскиот совет бара одговорност од Ленче Ристовска поради изјавата дека се извор за тргување со влијание https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelskiot-sovet-bara-odgovornost-od-lenche-ristovska-poradi-izjavata-deka-se-izvor-za-trguvane-so-vlijanie/ Thu, 27 Apr 2023 17:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=634756

Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска.
Според нив, со изјавата направено е прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс, каде што меѓу другото е наведено дека обвинителите нема да ги коментираат јавно одлуките донесени од Советот.
Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.

Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал – рече таа.

Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

The post Обвинителскиот совет бара одговорност од Ленче Ристовска поради изјавата дека се извор за тргување со влијание appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска. Според нив, со изјавата направено е прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс, каде што меѓу другото е наведено дека обвинителите нема да ги коментираат јавно одлуките донесени од Советот. Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи. Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал – рече таа. Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

The post Обвинителскиот совет бара одговорност од Ленче Ристовска поради изјавата дека се извор за тргување со влијание appeared first on Република.

]]>
Падна и црногорскиот „Катица“ https://republika.mk/vesti/balkan/padna-i-crnogorskiot-katica/ Fri, 09 Dec 2022 09:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=583580

По наредба на црногорското Специјално обвинителство, утрово во Подгорица беше уапсен специјалниот државен обвинител Саша Чаѓеновиќ.

Во краткото соопштение од Специјалното обвинителство се вели дека Чаѓеновиќ е осомничен за „сторено кривично дело создавање злосторничка организација и повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба“ од средината на 2020 година до 2022 година.

Како што соопшти портпаролот на државното обвинителство Вукас Радоњиќ, тој е уапсен поради сомнение дека во периодот од средината на 2020 до 2022 година сторил кривично дело создавање злосторничка организација и други кривични дела злоупотреба на официјална позиција.

Специјалното државно обвинителство навремено ќе ја информира јавноста за своите понатамошни постапувања и за состојбата на постапката, а особено потенцирам дека државните органи, медиумите, здруженијата на граѓани, јавните личности и другите лица се должни да се придржуваат до пресумпцијата на невиност и со своите јавни изјави за постапката која е во тек да не ги нарушуваат другите правила на постапката и правата на лицето против кое се води постапката, истакна Радоњиќ.

Во соопштението не се прецизира за кои конкретни активности е обвинет Чаѓеновиќ.

Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ на црногорската јавност и е познат по судењето за „државен удар“ воден од 2017 година во Вишиот суд во Подгорица, кога меѓу обвинетите имаше руски и српски државјани и лидерите на прорускиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

Обвинението го поднесе Чаѓеновиќ заедно со тогашниот главен специјален обвинител Миливој Катниќ. Во 2019 година, Вишиот суд првостепено ги осуди обвинетите, но Апелациониот суд подоцна ја укина таа пресуда и го врати судењето на почеток.

Обвинителот Чаѓеновиќ и во повторената постапка продолжи да ја застапува тужбата против обвинетите во случајот „државен удар“.

The post Падна и црногорскиот „Катица“ appeared first on Република.

]]>

По наредба на црногорското Специјално обвинителство, утрово во Подгорица беше уапсен специјалниот државен обвинител Саша Чаѓеновиќ. Во краткото соопштение од Специјалното обвинителство се вели дека Чаѓеновиќ е осомничен за „сторено кривично дело создавање злосторничка организација и повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба“ од средината на 2020 година до 2022 година. Како што соопшти портпаролот на државното обвинителство Вукас Радоњиќ, тој е уапсен поради сомнение дека во периодот од средината на 2020 до 2022 година сторил кривично дело создавање злосторничка организација и други кривични дела злоупотреба на официјална позиција.
Специјалното државно обвинителство навремено ќе ја информира јавноста за своите понатамошни постапувања и за состојбата на постапката, а особено потенцирам дека државните органи, медиумите, здруженијата на граѓани, јавните личности и другите лица се должни да се придржуваат до пресумпцијата на невиност и со своите јавни изјави за постапката која е во тек да не ги нарушуваат другите правила на постапката и правата на лицето против кое се води постапката, истакна Радоњиќ.
Во соопштението не се прецизира за кои конкретни активности е обвинет Чаѓеновиќ. Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ на црногорската јавност и е познат по судењето за „државен удар“ воден од 2017 година во Вишиот суд во Подгорица, кога меѓу обвинетите имаше руски и српски државјани и лидерите на прорускиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ. Обвинението го поднесе Чаѓеновиќ заедно со тогашниот главен специјален обвинител Миливој Катниќ. Во 2019 година, Вишиот суд првостепено ги осуди обвинетите, но Апелациониот суд подоцна ја укина таа пресуда и го врати судењето на почеток. Обвинителот Чаѓеновиќ и во повторената постапка продолжи да ја застапува тужбата против обвинетите во случајот „државен удар“.

The post Падна и црногорскиот „Катица“ appeared first on Република.

]]>
Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kadrite-na-sjo-se-vrakjaat-na-golema-vrata-preku-obvinitelstvoto-na-vilma/ Tue, 30 Aug 2022 09:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=545521

Суспензијата на обвинителката Вилма Русковска и нејзините замени го вратија сеќавањето на помалку подзаборавеното Специјално јавно обвинителство.

Првата замена на Русковска, обвинителката Лиле Стефанова и новоназначениот Трајче Пеливанов беа во втората борбена линија, веднаш зад „Чарлиевите ангели“-Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Познато е дека Јанева и Стефанова не беа во добри односи и за своите некогашни колешки рече дека се „колешки по ракија“.

Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев-рече Јанева во април годинава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-za-poraneshnite-koleshki-od-sjo-reche-deka-se-koleshki-po-rakija/

По Стефанова, нова замена за Русковска во Обвинителството за организиран криминал е Трајче Пеливанов.

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година.

Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години.

Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе биdат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник.

По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

The post Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ appeared first on Република.

]]>

Суспензијата на обвинителката Вилма Русковска и нејзините замени го вратија сеќавањето на помалку подзаборавеното Специјално јавно обвинителство. Првата замена на Русковска, обвинителката Лиле Стефанова и новоназначениот Трајче Пеливанов беа во втората борбена линија, веднаш зад „Чарлиевите ангели“-Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Познато е дека Јанева и Стефанова не беа во добри односи и за своите некогашни колешки рече дека се „колешки по ракија“.
Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев-рече Јанева во април годинава.
https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-za-poraneshnite-koleshki-od-sjo-reche-deka-se-koleshki-po-rakija/ По Стефанова, нова замена за Русковска во Обвинителството за организиран криминал е Трајче Пеливанов.

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години. Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе биdат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник. По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

The post Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ appeared first on Република.

]]>
Николоски: Планот на СДСМ во 2017 беше преку СЈО да ја укине ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-planot-na-sdsm-vo-2017-beshe-preku-sjo-da-ja-ukine-vmro-dpmne/ Tue, 07 Jun 2022 06:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=511958

Некаде 2017 година кога СДСМ ја презеде власта во тесен круг на владејачката структура тогашна се создаде мастер план за затворање на ВМРО-ДПМНЕ, чијашто крајна цел беше забрана за политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и на врвните фигури во партијата, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Тоа значи поедноставно кажано партијата да не постои со судска одлука и дополнително на тоа тие кои што се најактивни во партијата исто така да не смеат политички да дејствуваат во период од 2 години. Тогаш јас тоа го изнесов во јавноста во ТВ дуел со Радмила Шекеринска кажав дека постои таков мастер план, намерно за колку толку да можам да го пукнам балонот и да се одвлече вниманието натаму за да се види која е намерата на власта. Значи тие немаа намера со нас да се натпреваруваат на избори, туку имаа намера да ја затворат партијата, додаде тој.

Николоски потенцираше дека тој јавно зборувал за тој мастер план од страна на власта на СДСМ и дека истиот содржел два аспекта, едниот за се уфрлат структури во ВМРО-ДПМНЕ кои би правеле проблеми на партијата, како и вториот аспект да се докаже дека партијата нелегално се финансирала и врз основа на тоа согласно закон да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и на врвните политички фигури во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој мастер план содржеше неколку аспекти. Еден беше уфрлување во структурите на ВМРО-ДПМНЕ кои што би правеле проблеми, познати на јавноста се обидеа да направат така наречен вонреден конгрес, така што беше едниот дел. А вториот дел беше судски процес против ВМРО-ДПМНЕ во кој што во наводници ќе се докаже дека партијата нелегално се финансирала и врз основа на тоа согласно закон се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и на врвните политички фигури во ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму Катица Јанева излезе во јавноста пред валандовскиот конгрес кога Христијан Мицкоски беше избран за претседател и кажа, цитирам: Доколку ни се допаѓаат резултатите од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ нема да отвориме случај за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и за имотот на ВМРО-ДПМНЕ, но доколку не ни се допаднат резултатите ќе отвориме таков случај и ќе го заплениме имотот. Затоа што не им се допаѓаа резултатите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ избра исклучително квалитетен и стабилен човек, кој што никој не може да му влијае, а тие веројатно очекуваа да биде избран некој друг кој што ќе си има Заев свое влијание и ќе има свои слуга во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, во такви услови СЈО спротивно на законот 17 месеци после завршување на мандатот на СЈО, затоа што СЈО имаше мандат до јуни 2017 година да поднесува обвиненија, во ноември 2018та година поднесоа обвинение за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ познат во јавноста како Талир1 и Талир2 и со судска одлука го замрзнаа целокупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.

Николоски кажа дека и покрај тоа што имотот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат, а жиро сметката на партијата блокирана сепак успеале да победат на локалните избори, потенцирајќи дека избори не добива ниту имот, ниту жиро сметка, избори добива народ.

ВМРО-ДПМНЕ од ноември 2018 година до денес, значи скоро 4 години, има замрзнат имот, односно ние сме гости во нашиот имот, гости во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме право само да ги користиме, но немаме право ништо друго да правиме со тој имот и во најголем дел од времето блокирана жиро-сметка. Но, и во такви услови успеавме да ги победиме минатата година, затоа што избори не добива ниту имот, ниту жиро-сметка, избори добива народ, изјави тој.

Основната причина зошто не успеал мастер планот за затворање на ВМРО-ДПМНЕ, објаснува Николоски, е отворањето на аферата „Рекет“, односно тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева беше фатена со поткуп, т.е. како ја злоупотребува службената положба.

Јанева требаше да биде носител на тој мастер план, но ја фатија со рацете во медот и практично не можеше да ја доврши работата. Но, тој процес продолжи во рамки на судот со намалено темпо. Доколку судот судеше според закон, воопшто не требаше процесот да почне затоа што е од неовластен тужител, односно мандатот на СЈО е завршен и кога ќе им заврши мандатот тие не смеат да поднесуваат обвиненија. Да имаше во Македонија суд кој што работи по закон, ќе кажеше судот повелете предметот назад, вие не сте овластени да поднесувате обвиненија во рамки на судот. Но, судот не го направи тоа, го прифати и според тоа обвинение се суди. И сега гледаме која била целта, во завршните зборови, јасно се стигматизира ВМРО-ДПМНЕ и да се прави перцепциски проблем на ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавноста за имотот на партијата, дециден е Николоски.

Николоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има многу помал имот од СДСМ и дека СДСМ нема платено денар за својот имот, затоа што тоа што беше имот на Сојузот на комунистите на Македонија, создаван од целокупниот македонски народ.

Едноставно си го приграбија. Седиштето што е на СДСМ на Бихаќка порано беше Министерство за образование, треба да одговорат како од МОН стана седиште на СДСМ. И треба да се свесни оние кои што го туркаат овој предмет во рамките на судско обвинителскиот систем дека и тие ќе понесат одговорност од причина што незаконското дејствување се однесува на сите што го направи тоа незаконско дејствување, заклучи Николоски.

The post Николоски: Планот на СДСМ во 2017 беше преку СЈО да ја укине ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Јанева за поранешните колешки од СЈО рече дека се колешки по ракија https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-za-poraneshnite-koleshki-od-sjo-reche-deka-se-koleshki-po-rakija/ Fri, 15 Apr 2022 19:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=489136

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева вели дека таа е единствена обвинителка која е  веднаш избркана од работа и дека тоа треба да му служи на чест на Советот на јавни обвинители. Поради тоа била принудена да живее од примањата на нејзиниот починат сопруг и од заштедата.

Таа не бираше зборови и кога говореше за нејзните поранешни колешки обвинителки.

Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев, најголемиот финансиер и перач на пари во историјата на Македонија. Без срам и перде побараа за неговото сторено кривично дело рече  Јанева.

The post Јанева за поранешните колешки од СЈО рече дека се колешки по ракија appeared first on Република.

]]>

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева вели дека таа е единствена обвинителка која е  веднаш избркана од работа и дека тоа треба да му служи на чест на Советот на јавни обвинители. Поради тоа била принудена да живее од примањата на нејзиниот починат сопруг и од заштедата. Таа не бираше зборови и кога говореше за нејзните поранешни колешки обвинителки.
Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев, најголемиот финансиер и перач на пари во историјата на Македонија. Без срам и перде побараа за неговото сторено кривично дело рече  Јанева.

The post Јанева за поранешните колешки од СЈО рече дека се колешки по ракија appeared first on Република.

]]>
Aмериканската амбасадорка побара итно да се завршат случаите на поранешното СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikanskata-ambasadorka-pobara-itno-da-se-zavrshat-sluchaite-na-poraneshnoto-sjo/ Tue, 01 Mar 2022 22:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=466142

Владеењето на правото е основа за сите демократски институции, за економскиот просперитет и најважно за безбедноста.Тоа е основен фактор што гарантира дека се исполнуваат потребите на граѓаните. Со нашите програми и канцеларии тука се трудиме да ја поддржиме владината агенда за примена на владеењето на правото, особено напорите за гаранција на независноста и функционалноста на судството.

Ова го истакна вечерва амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз во интервју за ТВ21. Според неа, демократските реформи и примената на владеење на правото се нешто што бара многу труд, смелост и енергија, за на крајот да се успее и да се искорени корупцијата и втемелениот кронизам кои го спречуваат напредокот и да се решат дел од темелните проблеми со кои Владата мора да се справи.

-Сметам дека не постои само една пречка за напредокот, туку дека системот е отворен и ранлив на повеќе места. За да бидете успешни, мора да се нападне секое ниво на институционалните структури и на системот. Тоа значи дека е потребна комбинација на промовирање на транспарентност, да им се прикаже на граѓаните и на гласачите што всушност се случува. Македонија има потреба од систем на одговорност. Ова се однесува на структурата на судството, но и на личностите кои се на одредена функција. Тие личности мора да бидат квалификувани за нивните позиции и мора да сносат одговорност за работата на тие позиции, вели амбасадорката.

Таа посочи дека итно мора да се завршат случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство, да се обработат во системот и да се види правда во тие случаи.

-Сметам дека искуството и особено тоа што уште има случаи од поранешното СЈО кои се во системот, покажува дека луѓето сакаат правда. Сакаат случаите да поминат низ системот, да бидат обработени од способни професионалци, без политичко мешање и со конечно решение со кое ќе се одреди одговорноста за криминалот што ќе се докаже дека бил извршен, вели Брнз.

Амбасадорката на САД, посочи дека „треба да се одреди каде постои корупција и потоа да се справиме со неа“. Според Брнз, во секоја држава мора да постои национално решение, но постојат и начини за соработка како можност да се внесат најдобрите пракси и заедничката експертиза кои, вели, ќе ни помогнат да се поддржиме меѓусебно и да се справиме со прашањата.

-Сметам дека во Македонија се гледа многу динамична дискусија за корупцијата и опасноста од корупција на секое ниво. Би рекла дека тоа е сигнал дека вашата демократија е жива и силна. Секако, справувањето со корупцијата е тешко и напорно и нема да Ве лажам. На демократиите им треба постојано внимание. Бараат постојана работа, особено кога се работи за дел од овие проблеми, кои се поврзани со интересите на некои луѓе и културолошките пракси кои мора да се променат. Но, сметам дека е важно што имате многу гласно и енергично граѓанско општество и НВО-сектор, кои ја присилуваат Владата да одговори на дел од овие прашања. Тоа е огромно барање, а луѓето бараат резултати и дејствување, порача американската амбасадорка Брнз

The post Aмериканската амбасадорка побара итно да се завршат случаите на поранешното СЈО appeared first on Република.

]]>

Владеењето на правото е основа за сите демократски институции, за економскиот просперитет и најважно за безбедноста.Тоа е основен фактор што гарантира дека се исполнуваат потребите на граѓаните. Со нашите програми и канцеларии тука се трудиме да ја поддржиме владината агенда за примена на владеењето на правото, особено напорите за гаранција на независноста и функционалноста на судството. Ова го истакна вечерва амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз во интервју за ТВ21. Според неа, демократските реформи и примената на владеење на правото се нешто што бара многу труд, смелост и енергија, за на крајот да се успее и да се искорени корупцијата и втемелениот кронизам кои го спречуваат напредокот и да се решат дел од темелните проблеми со кои Владата мора да се справи.