син Archives - Република https://republika.mk/tema/sin/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 09:52:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png син Archives - Република https://republika.mk/tema/sin/ 32 32 Скопјанец си го пријави малолетниот син в полиција зошто исркшил сè по дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-si-go-prijavi-maloletniot-sin-v-politsija-zoshto-isrkshil-se-po-doma/ Fri, 01 Nov 2024 09:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=833016

Полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во средата навечер лишиле од слобода малолетник од Скопје, по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко дека околу 18.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и му го оштетил возилото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од скопската полиција.

The post Скопјанец си го пријави малолетниот син в полиција зошто исркшил сè по дома appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во средата навечер лишиле од слобода малолетник од Скопје, по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко дека околу 18.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и му го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од скопската полиција.

The post Скопјанец си го пријави малолетниот син в полиција зошто исркшил сè по дома appeared first on Република.

]]>
Татко и син фатени со голема количина муниција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatko-i-sin-fateni-so-golema-kolichina-munitsija/ Thu, 24 Oct 2024 13:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=830518

Вчера во 07.00 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(54) и Д.М.(32), двајцата од с.Селце.

При претрес во домот на Д.М. во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „бајкал“, за која не поседувал дозвола. Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот и возило „лада“ на неговиот татко А.М., при што биле пронајдени и одземени 69 боеви куршуми со различен калибар, 289 ловечки патрони, 34 маневарски куршуми, пакувања со барут, пакувања со оловни сачми, пиротехнички средства, алат за рачно полнење на муниција, една ловечка пушка „ИЖ“ 18 калибар 12 мм и ловечки патрони, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица.

Против А.М. по брза постапка била поднесена кривична пријава по член 396 став 2 - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Додека од судија на претходна постапка при Основен суд Штип му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Против Д.М. ќе биде поднесена кривична пријава по редовна постапка по член 396 став 1 од кривичниот законик.

The post Татко и син фатени со голема количина муниција appeared first on Република.

]]>

Вчера во 07.00 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(54) и Д.М.(32), двајцата од с.Селце.
При претрес во домот на Д.М. во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „бајкал“, за која не поседувал дозвола. Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот и возило „лада“ на неговиот татко А.М., при што биле пронајдени и одземени 69 боеви куршуми со различен калибар, 289 ловечки патрони, 34 маневарски куршуми, пакувања со барут, пакувања со оловни сачми, пиротехнички средства, алат за рачно полнење на муниција, една ловечка пушка „ИЖ“ 18 калибар 12 мм и ловечки патрони, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица. Против А.М. по брза постапка била поднесена кривична пријава по член 396 став 2 - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Додека од судија на претходна постапка при Основен суд Штип му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Против Д.М. ќе биде поднесена кривична пријава по редовна постапка по член 396 став 1 од кривичниот законик.

The post Татко и син фатени со голема количина муниција appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-potvrdi-sinot-na-mitskoski-ne-patuval-vo-vashington-na-drzhaven-troshok/ Wed, 09 Oct 2024 10:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=824507

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.

Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.

Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.

За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.

Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување.

Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.
Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.
Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.
Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.
За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.
Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување. Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>
За несреќата во која загинаа татко и син ќе се гонат осум лица и три фирми https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-ke-se-gonat-osum-litsa-i-tri-firmi/ Wed, 18 Sep 2024 12:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=817465

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и Р.П.(58), сите од Скопје и скопско, против З.Н.(61) од Битола и Х.Р.(58) од Косово, како и две правни лица од Скопје и едно правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување опасност при градежни работи" предвидено и казниво по член 289 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 став 2 од Кривичниот законик и кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ предвидено и казниво по член 297 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по член 300 став 2 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-nareden-inspektsiski-nadzor-nad-rabotite-na-avtopatot-skopje-kumanovo-izdadeno-reshenie-za-itno-zapirane/

Станува збор за несреќата од 2 септемви во која на автопатот Скопје - Куманово загинаа 34-годишик од Опае и неговото малолетно дете.

На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во непрописно поставени сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а непрописно паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје од здобиените повреди починал и малолетен сопатник од село Опае, објаснуваат од МВР.

The post За несреќата во која загинаа татко и син ќе се гонат осум лица и три фирми appeared first on Република.

]]>

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и Р.П.(58), сите од Скопје и скопско, против З.Н.(61) од Битола и Х.Р.(58) од Косово, како и две правни лица од Скопје и едно правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување опасност при градежни работи" предвидено и казниво по член 289 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 став 2 од Кривичниот законик и кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ предвидено и казниво по член 297 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по член 300 став 2 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-nareden-inspektsiski-nadzor-nad-rabotite-na-avtopatot-skopje-kumanovo-izdadeno-reshenie-za-itno-zapirane/ Станува збор за несреќата од 2 септемви во која на автопатот Скопје - Куманово загинаа 34-годишик од Опае и неговото малолетно дете.
На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во непрописно поставени сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а непрописно паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје од здобиените повреди починал и малолетен сопатник од село Опае, објаснуваат од МВР.

The post За несреќата во која загинаа татко и син ќе се гонат осум лица и три фирми appeared first on Република.

]]>
Притвор за две лица за тешката сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово во која загинаа татко и малолетен син https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-dve-litsa-za-teshkata-soobrakajka-na-avtopatot-skopje-kumanovo-vo-koja-zaginaa-tatko-i-maloleten-sin/ Tue, 03 Sep 2024 15:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=812807

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за определување мерка краткотраен притвор за две лица за кои се во тек проверки на сомненијата дека сториле кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.

Се преземаат дејствија со кои се испитува одговорноста на двете лица за сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје - Куманово, на околу два километри пред наплатната станица Миладиновци, во која автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правно лице ангажирано на проект за изведување работи на патот, кое било запрено на сообраќајна лента од автопатот. Во несреќата животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син, се наведува во соопштение од Јавното обвинителство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-tatko-i-sin-od-kumanovsko-vo-teshka-soobrakajna-nesreka/

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за сообраќајно техничко вештачење, наредба за анализа и утврдување на присуство на алкохол, опојни дроги, психотропни супстанци и други прекурсори, во крвта и урината на возачот на товарното возило, наредба за обдукција на телата на починатите, барање за вонреден технички преглед на патничиот автомобил, како и барање за вонреден надзор од страна на Државниот инспекторат за транспорт и инспектори од областа сообраќај и патишта на местото на настанот, односно на дел од автопатот Скопје – Куманово, каде што се вршат градежни работи на патот.

Дополнително се преземаат мерки со цел да се извршат проверки дали на местото на настанот каде што се изведувале работи на пат биле преземени сите мерки за соодветна сигнализација пред и околу местото каде што се изведуваат работите.

Имајќи предвид дека Јавниот обвинител во овој момент се уште нема донесено Наредба за спроведување истражна постапка, а бидејќи станува збор за кривично правен настан во кој е потребно да се преземат повеќе истражни дејствија со цел испитување на евентуална кривична одговорност, јавниот обвинител побара на двете задржани лица да им биде определен краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбеди нивното присуство и натамошното водење на постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Притвор за две лица за тешката сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово во која загинаа татко и малолетен син appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за определување мерка краткотраен притвор за две лица за кои се во тек проверки на сомненијата дека сториле кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.
Се преземаат дејствија со кои се испитува одговорноста на двете лица за сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје - Куманово, на околу два километри пред наплатната станица Миладиновци, во која автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правно лице ангажирано на проект за изведување работи на патот, кое било запрено на сообраќајна лента од автопатот. Во несреќата животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син, се наведува во соопштение од Јавното обвинителство.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-tatko-i-sin-od-kumanovsko-vo-teshka-soobrakajna-nesreka/ Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за сообраќајно техничко вештачење, наредба за анализа и утврдување на присуство на алкохол, опојни дроги, психотропни супстанци и други прекурсори, во крвта и урината на возачот на товарното возило, наредба за обдукција на телата на починатите, барање за вонреден технички преглед на патничиот автомобил, како и барање за вонреден надзор од страна на Државниот инспекторат за транспорт и инспектори од областа сообраќај и патишта на местото на настанот, односно на дел од автопатот Скопје – Куманово, каде што се вршат градежни работи на патот. Дополнително се преземаат мерки со цел да се извршат проверки дали на местото на настанот каде што се изведувале работи на пат биле преземени сите мерки за соодветна сигнализација пред и околу местото каде што се изведуваат работите.
Имајќи предвид дека Јавниот обвинител во овој момент се уште нема донесено Наредба за спроведување истражна постапка, а бидејќи станува збор за кривично правен настан во кој е потребно да се преземат повеќе истражни дејствија со цел испитување на евентуална кривична одговорност, јавниот обвинител побара на двете задржани лица да им биде определен краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбеди нивното присуство и натамошното водење на постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Притвор за две лица за тешката сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово во која загинаа татко и малолетен син appeared first on Република.

]]>
Загинаа татко и син од Кумановско во тешка сообраќајна несреќа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-tatko-i-sin-od-kumanovsko-vo-teshka-soobrakajna-nesreka/ Tue, 03 Sep 2024 10:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=812651

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и син се случила вчера во 11:30 часот на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци.

Автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрил во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско.

-Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

The post Загинаа татко и син од Кумановско во тешка сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и син се случила вчера во 11:30 часот на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци. Автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрил во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. -Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР. Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

The post Загинаа татко и син од Кумановско во тешка сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Син ја истепал 67-годишната мајка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-ja-istepal-67-godishnata-majka/ Sun, 25 Aug 2024 14:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=810045

На 24.08.2024 во 17:30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Син ја истепал 67-годишната мајка appeared first on Република.

]]>

На 24.08.2024 во 17:30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Син ја истепал 67-годишната мајка appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-patuvaneto-na-sinot-go-plativ-od-lichen-dheb-ako-sum-pogreshil-spremen-sum-da-snosam-odgovornost-no-ako-ne-e-taka-baram-da-se-izvinat-javno/ Mon, 22 Jul 2024 19:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=799330

Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма.

Премиерот Мицкоски истакна дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже.

Во однос за патувањата во странство премиерот Мицкоски истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.

Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа, рече Мицкоски.

За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека за Скопје до Виена, како и потоа летот за Лондон во економска класа, посочувајќи помеѓу 11 и 12 ред кај излезот за итни случаи поради поголемиот простор за нозете.

The post Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно appeared first on Република.

]]>

Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма. Премиерот Мицкоски истакна дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже. Во однос за патувањата во странство премиерот Мицкоски истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.
Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа, рече Мицкоски.
За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека за Скопје до Виена, како и потоа летот за Лондон во економска класа, посочувајќи помеѓу 11 и 12 ред кај излезот за итни случаи поради поголемиот простор за нозете.    

The post Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно appeared first on Република.

]]>
Син нападнал мајка, ѝ кршел по дома па запалил и соба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-napadnal-majka-krshel-po-doma-pa-zapalil-i-soba/ Wed, 17 Jul 2024 13:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=797690

Мајка пријавила син за агресивност, оштетување покуќнина и пожар во соба и затоа лишен од слобода бил жител на неготинско село, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 15.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа, оштетил дел од покуќнината и предизвикал пожар во една од собите. М.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи.

СВР Велес соопшти дека подоцна во 20 часот, било пријавено дека во продажен објект во Неготино, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 23 - годишник од село Тимјаник, Неготинско и 35-годишна неготинка. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Истовремено, во ОВР Неготино, 39 - годишен од село Челевец, Демиркаписко, пријавил дека на плоштадот во Демир Капија бил физички нападнат од жител од село Бистренци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Син нападнал мајка, ѝ кршел по дома па запалил и соба appeared first on Република.

]]>

Мајка пријавила син за агресивност, оштетување покуќнина и пожар во соба и затоа лишен од слобода бил жител на неготинско село, информираа денеска од СВР Велес.
Вчера во 15.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа, оштетил дел од покуќнината и предизвикал пожар во една од собите. М.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи.
СВР Велес соопшти дека подоцна во 20 часот, било пријавено дека во продажен објект во Неготино, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 23 - годишник од село Тимјаник, Неготинско и 35-годишна неготинка. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Истовремено, во ОВР Неготино, 39 - годишен од село Челевец, Демиркаписко, пријавил дека на плоштадот во Демир Капија бил физички нападнат од жител од село Бистренци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Син нападнал мајка, ѝ кршел по дома па запалил и соба appeared first on Република.

]]>
Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство https://republika.mk/zivot/semejstvo/sinot-na-nikolas-kejdh-se-obidel-da-ja-ubie-majka-si-vo-napad-na-nervno-rastrojstvo/ Thu, 11 Jul 2024 08:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=795698

Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен поради наводен напад на неговата мајка за време на ментална здравствена криза.

Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон бил обвинет за напад со смртоносно оружје во средата – само неколку недели откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со големи модринки на лицето, пишува Дејли мејл.

Тој бил ослободен со кауција од 150.000 долари.

Американските медиуми објавија дека се верува дека неговиот татко е тој што го извлекол.

Тепачката меѓу Вестон и неговата мајка се случила на 28 април во областа на Лос Анџелес, кога вербалната расправија наводно прераснала во физичка.

The post Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство appeared first on Република.

]]>

Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен поради наводен напад на неговата мајка за време на ментална здравствена криза. Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон бил обвинет за напад со смртоносно оружје во средата – само неколку недели откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со големи модринки на лицето, пишува Дејли мејл. Тој бил ослободен со кауција од 150.000 долари. Американските медиуми објавија дека се верува дека неговиот татко е тој што го извлекол. Тепачката меѓу Вестон и неговата мајка се случила на 28 април во областа на Лос Анџелес, кога вербалната расправија наводно прераснала во физичка.  

The post Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство appeared first on Република.

]]>
Татко претепа син во Кавадарци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatko-pretepa-sin-vo-kavadartsi/ Fri, 05 Jul 2024 08:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=793685

Приведен е кавадарчанец за физички напад врз неговиот син, информираат денеска од СВР - Велес.

Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода К.М., на возраст од 51 година, по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот 27-годишен син. Според пријавеното, во нападот учествувал и другиот негов син Е.М., а биле употребени метален и дрвен предмет, при што на 27-годишникот му била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, појаснуваат од СВР - Велес.

К.М. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по комплетно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Татко претепа син во Кавадарци appeared first on Република.

Крвава тепачка меѓу татко и син, едниот се бори за живот на клиники https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krvava-tepachka-megu-tatko-i-sin-edniot-se-bori-za-zhivot-na-kliniki/ Wed, 03 Jul 2024 14:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=793138

Две лица, татко и син се повредени при меѓусебна пресметка во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопшти СВР Куманово.

На 03.07 во 10:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населбата „Иго Тричковиќ“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу татко и син, во која бил употребен и остар предмет. Двајцата со повреди биле пренесени во општа болница Куманово, информираше СВР Куманово.

Полициските службеници се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од кумановската болница информираат дека едниот од повредените поради сериозноста на повредите е транспортиран на една од скопските клиники.

The post Крвава тепачка меѓу татко и син, едниот се бори за живот на клиники appeared first on Република.

Син-монструм од Велес со боксови по глава ја удирал мајка му зошто не му давала пари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-monstrum-od-veles-so-boksovi-po-glava-ja-udiral-majka-mu-zoshto-ne-mu-davala-pari/ Thu, 20 Jun 2024 16:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=789414

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска ОЈО.

Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка.

На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие. На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв, објаснуваат од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој што живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и определи притворска мерка.

The post Син-монструм од Велес со боксови по глава ја удирал мајка му зошто не му давала пари appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска ОЈО. Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка.
На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие. На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв, објаснуваат од ОЈО.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој што живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и определи притворска мерка.

The post Син-монструм од Велес со боксови по глава ја удирал мајка му зошто не му давала пари appeared first on Република.

]]>
Синот ја нападнал својата 60-годишна мајка, таа пријавила во полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sinot-ja-napadnal-svojata-60-godishna-majka-taa-prijavila-vo-politsija/ Sat, 15 Jun 2024 20:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=788005

На 13.06.2024 во 23:00 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ѓ.С.(27) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 60-годишна мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

The post Синот ја нападнал својата 60-годишна мајка, таа пријавила во полиција appeared first on Република.

]]>

На 13.06.2024 во 23:00 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ѓ.С.(27) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 60-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

The post Синот ја нападнал својата 60-годишна мајка, таа пријавила во полиција appeared first on Република.

]]>
Рано утрово уапсен 19-годишник кој го нападнал татка си, па со шипка му го искршил возилото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rano-utrovo-uapsen-19-godishnik-koj-go-napadnal-tatka-si-pa-so-shipka-mu-go-iskrshil-voziloto/ Mon, 27 May 2024 11:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=782026

Рано утрово во 05.00 часот во тетовски Порој, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(19) од тетовско село, кој бил пријавен од неговиот 59-годишен татко дека околу 04.30 часот во дворот на семејната куќа физички го нападнал и му упатил закани.

Според пријавеното, тој употребил и метален предмет и го оштетил ветробранското стакло од неговото возило.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Рано утрово уапсен 19-годишник кој го нападнал татка си, па со шипка му го искршил возилото appeared first on Република.

]]>

Рано утрово во 05.00 часот во тетовски Порој, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(19) од тетовско село, кој бил пријавен од неговиот 59-годишен татко дека околу 04.30 часот во дворот на семејната куќа физички го нападнал и му упатил закани. Според пријавеното, тој употребил и метален предмет и го оштетил ветробранското стакло од неговото возило. Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Рано утрово уапсен 19-годишник кој го нападнал татка си, па со шипка му го искршил возилото appeared first on Република.

]]>
Му рекол срамота е везден да бараш пари од нас, по што синот му извадил нож https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-rekol-sramota-e-vezden-da-barash-pari-od-nas-po-shto-sinot-mu-izvadil-nozh/ Mon, 20 May 2024 14:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=780207

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело „Загрозување на сигурноста“. Осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот.

На 18 мај осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото, кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа, како што се наведува, кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство

The post Му рекол срамота е везден да бараш пари од нас, по што синот му извадил нож appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело „Загрозување на сигурноста“. Осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот. На 18 мај осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото, кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа, како што се наведува, кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство

The post Му рекол срамота е везден да бараш пари од нас, по што синот му извадил нож appeared first on Република.

]]>
Цеца по трет пат стана баба: Вељко објави дека се предомислиле за името на наследникот, нема да се вика Илијан! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tsetsa-po-tret-pat-stana-baba-velko-objavi-deka-se-predomislile-za-imeto-na-naslednikot-nema-da-se-vika-ilijan/ Tue, 14 May 2024 09:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=777877

Цеца по трет пат стана баба.

Утрово во Белград се породи Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ и на свет го донесе нивниот трет син.

Тие со месеци наназад говореа дека нивниот наследник ќе се вика Илијан, но утрово откако се породила таа таткото откри дека сепак третиот син ќе се вика Исаија кое старо библиско име.

-Слава на Бога! Се роди мојот трет син Исаија! Порача Вељко преку Инстаграм.

Името инаку значи „Бог е спасен“ и „Божја помош“.

The post Цеца по трет пат стана баба: Вељко објави дека се предомислиле за името на наследникот, нема да се вика Илијан! appeared first on Република.

]]>

Цеца по трет пат стана баба. Утрово во Белград се породи Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ и на свет го донесе нивниот трет син. Тие со месеци наназад говореа дека нивниот наследник ќе се вика Илијан, но утрово откако се породила таа таткото откри дека сепак третиот син ќе се вика Исаија кое старо библиско име. -Слава на Бога! Се роди мојот трет син Исаија! Порача Вељко преку Инстаграм. Името инаку значи „Бог е спасен“ и „Божја помош“.

The post Цеца по трет пат стана баба: Вељко објави дека се предомислиле за името на наследникот, нема да се вика Илијан! appeared first on Република.

]]>
Син ја убил мајка си https://republika.mk/vesti/balkan/sin-ja-ubil-majka-si/ Sun, 05 May 2024 17:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=774587

Загрепската полиција соопшти за убиство на 68-годишна жена, што се случи во саботата наутро во семеен дом во областа Врапч, посочувајќи дека се работи за кривично дело „тешко убиство на жена“.

„Вчера, 4 мај, во утринските часови во месноста Чрномерац во куќата, според досега прибраните информации, 28-годишен член на семејството нанел повеќе убодни рани со остар предмет на 68-годишна жена со намера да ја лиши од животот, по што починала на лице место. Од местото на злосторството, Одделот за истраги и криминалистика во Загреб, телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика, се наведува во соопштението.

Според неофицијални информации, осомничениот маж е синот на жртвата А.К.(28).

По извршеното кривично дело, тој мирно се оддалечил од куќата, а ниту соседите, ниту сестрата на мајка му, која живее со своите деца над нив, не слушнале бучава или галама. Наводно, мртва ја нашла нејзината сестра, која отишла нешто по 10 часот да провери зошто утрото не дошла кај неа на кафе. Затекнала страшна глетка, па веднаш повикала полиција.

The post Син ја убил мајка си appeared first on Република.

]]>

Загрепската полиција соопшти за убиство на 68-годишна жена, што се случи во саботата наутро во семеен дом во областа Врапч, посочувајќи дека се работи за кривично дело „тешко убиство на жена“.
„Вчера, 4 мај, во утринските часови во месноста Чрномерац во куќата, според досега прибраните информации, 28-годишен член на семејството нанел повеќе убодни рани со остар предмет на 68-годишна жена со намера да ја лиши од животот, по што починала на лице место. Од местото на злосторството, Одделот за истраги и криминалистика во Загреб, телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика, се наведува во соопштението.
Според неофицијални информации, осомничениот маж е синот на жртвата А.К.(28). По извршеното кривично дело, тој мирно се оддалечил од куќата, а ниту соседите, ниту сестрата на мајка му, која живее со своите деца над нив, не слушнале бучава или галама. Наводно, мртва ја нашла нејзината сестра, која отишла нешто по 10 часот да провери зошто утрото не дошла кај неа на кафе. Затекнала страшна глетка, па веднаш повикала полиција.  

The post Син ја убил мајка си appeared first on Република.

]]>
Син си го фрлил татко му по скали https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-si-go-frlil-tatko-mu-po-skali/ Tue, 09 Apr 2024 15:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=764324

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А. од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 18.02.2024 во домот, пријавениот го турнал по скали неговиот татко Х.А., кој се здобил со повреда, објаснија од МВР.

The post Син си го фрлил татко му по скали appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А. од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 18.02.2024 во домот, пријавениот го турнал по скали неговиот татко Х.А., кој се здобил со повреда, објаснија од МВР.  

The post Син си го фрлил татко му по скали appeared first on Република.

]]>
Син тинејџер го истепал татка си https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-tinejdher-go-istepal-tatka-si/ Sun, 24 Mar 2024 15:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=758202

Тинејџер од Кичево е уапсен бидејќи го нападнал сопствениот татко.

Како што иноформираат од Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, деветнаесетгодишниот А.Х. бил уапсен, бидејќи во текот на денот во домот го истепал својот 52-годишен татко.

На 23.03.2024 во 18.45 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода А.Х.(19) од Кичево затоа што на 22.03.2024 околу 15.00 часот во семејниот дом физички го нападнал својот 52-годишен татко. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава - посочуваат од МВР.

The post Син тинејџер го истепал татка си appeared first on Република.

]]>

Тинејџер од Кичево е уапсен бидејќи го нападнал сопствениот татко. Како што иноформираат од Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, деветнаесетгодишниот А.Х. бил уапсен, бидејќи во текот на денот во домот го истепал својот 52-годишен татко.