Си-Ен-Ен Archives - Република https://republika.mk/tema/si-en-en/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 20:03:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Си-Ен-Ен Archives - Република https://republika.mk/tema/si-en-en/ 32 32 Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома https://republika.mk/vesti/svet/si-en-en-del-od-personalot-na-amerikanskata-tajna-sluzhba-od-pitsburg-prefrlen-na-administrativni-dolzhnosti-i-rabota-od-doma/ Fri, 23 Aug 2024 20:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=809610

Неколку членови на американската тајна служба од областа Питсбург, како и еден кому му беше доверено однапред да прегледа се што е поврзано со безбедноста на предизборниот митинг на Доналд Трамп, се префрлени во административни должности и наредено им е да работат од дома, изјави денеска за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Дури и по оставката на нејзината директорка, Тајната служба продолжува да се соочува со критики за пропустите што доведоа до тоа што напаѓачот на 13 јули да испука осум куршуми кон поранешниот претседател, а сега повторно кандидат за функцијата, при што му го повреди увото и уби посетител на митинг на кампањата на Трамп во Батлер, Пенсилванија.

Тајната служба е под голем притисок од американски конгресмени да ги дисциплинира или отпушти оние кои беа вклучени во безбедносните подготовки за митингот на Трамп.

Вршителот на должноста директор на тајната служба Роналд Роу им рече на конгресмените дека неговата идеја е да почека да заврши истрагата пред да преземе какви било дисциплински мерки.

Тајната служба како агенција беше предмет на повеќе истраги, вклучително и внатрешна ревизија, конгресна истрага и истрага од независна комисија формирана по налог на американското Министерство за одбрана.

– Тоа е превид на Тајната служба. Тој кров требаше да биде обезбеден, им рече Роу на новинарите овој месец, што е јасна промена во тонот од деновите по обидот за атентат на Трамп, кога Тајната служба го впери прстот кон локалната полиција затоа што не внимавала на неуспешниот атентатор на Трамп, Томас Крукс.

Крукс пукаше со пушка од необезбеден кров на напуштена зграда на само 300 метри од бината. Претходно го истражувал теренот со дрон.

The post Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома appeared first on Република.

]]>

Неколку членови на американската тајна служба од областа Питсбург, како и еден кому му беше доверено однапред да прегледа се што е поврзано со безбедноста на предизборниот митинг на Доналд Трамп, се префрлени во административни должности и наредено им е да работат од дома, изјави денеска за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Дури и по оставката на нејзината директорка, Тајната служба продолжува да се соочува со критики за пропустите што доведоа до тоа што напаѓачот на 13 јули да испука осум куршуми кон поранешниот претседател, а сега повторно кандидат за функцијата, при што му го повреди увото и уби посетител на митинг на кампањата на Трамп во Батлер, Пенсилванија. Тајната служба е под голем притисок од американски конгресмени да ги дисциплинира или отпушти оние кои беа вклучени во безбедносните подготовки за митингот на Трамп. Вршителот на должноста директор на тајната служба Роналд Роу им рече на конгресмените дека неговата идеја е да почека да заврши истрагата пред да преземе какви било дисциплински мерки. Тајната служба како агенција беше предмет на повеќе истраги, вклучително и внатрешна ревизија, конгресна истрага и истрага од независна комисија формирана по налог на американското Министерство за одбрана. – Тоа е превид на Тајната служба. Тој кров требаше да биде обезбеден, им рече Роу на новинарите овој месец, што е јасна промена во тонот од деновите по обидот за атентат на Трамп, кога Тајната служба го впери прстот кон локалната полиција затоа што не внимавала на неуспешниот атентатор на Трамп, Томас Крукс. Крукс пукаше со пушка од необезбеден кров на напуштена зграда на само 300 метри од бината. Претходно го истражувал теренот со дрон.

The post Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во посета на CNN https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-poseta-na-cnn/ Fri, 12 Jul 2024 18:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=796264

Премиерот Мицкоски денеска беше во посета на една од најпознатите светски телевизии Си-ен-ен. Таму имаше средба со познатиот новинар Квест и потпретседателот Нелсон.

The post Мицкоски во посета на CNN appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски денеска беше во посета на една од најпознатите светски телевизии Си-ен-ен. Таму имаше средба со познатиот новинар Квест и потпретседателот Нелсон.

The post Мицкоски во посета на CNN appeared first on Република.

]]>
Нов гаф на „Си-Ен-Ен“: Србија ја однесе на граница со Украина и предизвика сеир на социјалните мрежи https://republika.mk/vesti/svet/nov-gaf-na-si-en-en-srbija-ja-odnese-na-granica-so-ukraina-i-predizvika-seir-na-socijalnite-mrezi/ Fri, 18 Mar 2022 09:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=474791

Новинарите на „Си-Ен-Ен неодамна имаа нов гаф кога известуваа за состојбата во Украина, поради што станаа мета на потсмев на социјалните мрежи и интернет.

За време на еден од извештаите за случувањата во и околу Украина, американската медиумска куќа ги помеша Србија и Унгарија, односно објавија мапа на која ја Србија ја поставија како сосед на Украина.

https://twitter.com/colonelhomsi/status/1503900240579108866?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1503900240579108866%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3893543%2Fcnn-doveo-srbiju-na-granicu-ukrajine-nov-gaf-americke-televizije-meta-podsmeha-na-drustvenim-mrezama

Откако фотографијата заврши на социјалните мрежи почнаа да стигнуваат огроен број коментари.

„Си-Ен-Ен“ ги помеша Унгарија и Србија. САД повторно го демонстрираат своето „брилијантно“ познавање на географија (и особено на Украина)  

 

Па, тоа се Американците... Што очекувавте?“

 

Не им е грижа. Ова е за американската публика. Дали некој се грижи? Дали некој знае? - се дел од коментарите.

Други, пак, потсетуваат на претходните гафови на „Си-Ен-Ен“, но и на американските лидери кои Украинците ги нарекуваа Иранци.

https://republika.mk/vesti/svet/bajden-gi-pomesha-ukraincite-so-irancite-putin-moze-da-go-opkoli-kiev-so-tenkovi-no-nikogash-nema-da-gi-osvoi-srcata-i-dushite-na-iranskiot-narod/

The post Нов гаф на „Си-Ен-Ен“: Србија ја однесе на граница со Украина и предизвика сеир на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

Новинарите на „Си-Ен-Ен неодамна имаа нов гаф кога известуваа за состојбата во Украина, поради што станаа мета на потсмев на социјалните мрежи и интернет. За време на еден од извештаите за случувањата во и околу Украина, американската медиумска куќа ги помеша Србија и Унгарија, односно објавија мапа на која ја Србија ја поставија како сосед на Украина. https://twitter.com/colonelhomsi/status/1503900240579108866?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1503900240579108866%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3893543%2Fcnn-doveo-srbiju-na-granicu-ukrajine-nov-gaf-americke-televizije-meta-podsmeha-na-drustvenim-mrezama Откако фотографијата заврши на социјалните мрежи почнаа да стигнуваат огроен број коментари.
„Си-Ен-Ен“ ги помеша Унгарија и Србија. САД повторно го демонстрираат своето „брилијантно“ познавање на географија (и особено на Украина)  
 
Па, тоа се Американците... Што очекувавте?“
 
Не им е грижа. Ова е за американската публика. Дали некој се грижи? Дали некој знае? - се дел од коментарите.
Други, пак, потсетуваат на претходните гафови на „Си-Ен-Ен“, но и на американските лидери кои Украинците ги нарекуваа Иранци. https://republika.mk/vesti/svet/bajden-gi-pomesha-ukraincite-so-irancite-putin-moze-da-go-opkoli-kiev-so-tenkovi-no-nikogash-nema-da-gi-osvoi-srcata-i-dushite-na-iranskiot-narod/

The post Нов гаф на „Си-Ен-Ен“: Србија ја однесе на граница со Украина и предизвика сеир на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти https://republika.mk/vesti/svet/si-en-en-tret-ruski-general-e-ubien-od-ukrainskite-sili-soopshtija-zapadnite-vlasti/ Fri, 11 Mar 2022 19:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=471512

Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен.

Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ.

Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време на целиот конфликт во Сирија и процени дека Русија во овој момент има вкупно 20 генерали во Украина.

Си-Ен-Ен претходно објави дека рускиот генерал-мајор Андреј Суховецки бил убиен додека се борел во Украина, според соопштението на градската управа на Новоросијск во Русија на 3 март.

Во соопштението, властите велат дека Суховецки – заменик-командант на 41-та комбинирана армија на Централниот воен округ на Русија – загинал на 28 февруари „додека извршувал борбена мисија за време на специјална операција во Украина“.

Во вторникот, Министерството за одбрана на Украина соопшти дека рускиот  генерал-мајор Виталиј Герасимов – бил убиен во битка кај Харков.

Руското Министерство за одбрана засега не коментираше

The post Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти appeared first on Република.

]]>

Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен. Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ. Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време на целиот конфликт во Сирија и процени дека Русија во овој момент има вкупно 20 генерали во Украина. Си-Ен-Ен претходно објави дека рускиот генерал-мајор Андреј Суховецки бил убиен додека се борел во Украина, според соопштението на градската управа на Новоросијск во Русија на 3 март. Во соопштението, властите велат дека Суховецки – заменик-командант на 41-та комбинирана армија на Централниот воен округ на Русија – загинал на 28 февруари „додека извршувал борбена мисија за време на специјална операција во Украина“. Во вторникот, Министерството за одбрана на Украина соопшти дека рускиот  генерал-мајор Виталиј Герасимов – бил убиен во битка кај Харков. Руското Министерство за одбрана засега не коментираше

The post Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти appeared first on Република.

]]>
Украински министри: Руските сили го намалија темпото на нивната офанзива https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-ministri-ruskite-sili-go-namalija-tempoto-na-nivnata-ofanziva/ Mon, 28 Feb 2022 08:31:09 +0000 https://republika.mk/?p=465026

Руските сили го намалија темпото на офанзивата против Украина, соопшти украинскиот кабинет, пренесува Си-Ен-Ен.

Руските окупатори го намалија темпото на офанзивата, но се уште се обидуваат да успеат во некои области во офанзивата против Украина – објави во понеделникот Кабинетот на министри на својата официјална страница на Твитер, без да даде дополнителни детали.

The post Украински министри: Руските сили го намалија темпото на нивната офанзива appeared first on Република.

]]>

Руските сили го намалија темпото на офанзивата против Украина, соопшти украинскиот кабинет, пренесува Си-Ен-Ен.
Руските окупатори го намалија темпото на офанзивата, но се уште се обидуваат да успеат во некои области во офанзивата против Украина – објави во понеделникот Кабинетот на министри на својата официјална страница на Твитер, без да даде дополнителни детали.

The post Украински министри: Руските сили го намалија темпото на нивната офанзива appeared first on Република.

]]>