Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен.

Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ.

Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време на целиот конфликт во Сирија и процени дека Русија во овој момент има вкупно 20 генерали во Украина.

Си-Ен-Ен претходно објави дека рускиот генерал-мајор Андреј Суховецки бил убиен додека се борел во Украина, според соопштението на градската управа на Новоросијск во Русија на 3 март.

Во соопштението, властите велат дека Суховецки – заменик-командант на 41-та комбинирана армија на Централниот воен округ на Русија – загинал на 28 февруари „додека извршувал борбена мисија за време на специјална операција во Украина“.

Во вторникот, Министерството за одбрана на Украина соопшти дека рускиот  генерал-мајор Виталиј Герасимов – бил убиен во битка кај Харков.

Руското Министерство за одбрана засега не коментираше



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.