шверз Archives - Република https://republika.mk/tema/shverz/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jan 2022 13:19:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шверз Archives - Република https://republika.mk/tema/shverz/ 32 32 Албански државјанин на Ќафасан се обидел во Албанија да прошверцува стока од 10.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/albanski-drzavjanin-na-kjafasan-se-obidel-vo-albanija-da-proshvercuva-stoka-od-10-000-evra/ Sat, 29 Jan 2022 13:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=451184

При контрола на граничниот премин Ќафасан во возило кај албански државјани биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра без соодветна документација.

На граничниот премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал – Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки. Возилото е управувано од А.С. (55), а совозач бил А.М.(47), двајцата албански државјани. Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација - соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Лицата и производите, додаде, се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон.

The post Албански државјанин на Ќафасан се обидел во Албанија да прошверцува стока од 10.000 евра appeared first on Република.

]]>