Шварценегер Archives - Република https://republika.mk/tema/shvarceneger/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Oct 2023 16:17:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шварценегер Archives - Република https://republika.mk/tema/shvarceneger/ 32 32 Арнолд Шварценегер: „Сигурно би бил одличен претседател“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/arnold-shvartseneger-sigurno-bi-bil-odlichen-pretsedatel/ Fri, 27 Oct 2023 21:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=695664

Актерот Арнолд Шварценегер (76) неодамна ја промовираше својата нова книга „Be Useful: Seven Tools for Life“, а за време на промоцијата изјави дека сигурно ќе направи фантастичен претседател.

Арнолд долги години се занимаваше со актерство, а потоа влезе во политичките води. Тој го напушти Холивуд во 2003 година за да стане гувернер на Калифорнија, првиот без никакво политичко искуство. Шварценегер тогаш доби 1,3 милиони гласови повеќе од вториот најдобар кандидат. По политиката се врати на актерството.

Актерот беше вториот човек роден во странство кој ја предводеше Калифорнија. И Арнолд бил поканет да се кандидира за претседател на САД, но според американскиот Устав тоа било невозможно, токму затоа што Арнолд е роден во Австрија. Сепак, актерот често размислувал како би било да се биде претседател на САД, а за тоа зборувал и на промоцијата на својата книга. Би-Би-Си го праша што мисли за тој да биде претседател.

Чувствувам дека би бил одличен претседател. Но, чувствувам дека, во исто време, се што постигнав беше благодарение на Америка. Америка ми даде толку многу можности, а американскиот народ беше толку топол и само ме пречека со раширени раце. Никој не ме спречи да успеам. Така што единственото нешто што не можам да направам е да се кандидирам за претседател, нема да се жалам за тоа - изјави актерот.

Шварценегер претходно изјави дека не планира да се занимава со политика бидејќи бил успешен во глумата. Тој исто така рече дека „се оженил во политичко семејство“.

- Здружете се со нив и слушнете за политика, за помагање на луѓето. Бев изложен на идејата да бидам јавен службеник, а Јунис и Сарџент Шрајвер станаа мои херои - откри тој за LA Weekly. Инаку, неговата поранешна сопруга Марија Шрајвер беше внука на Џон Кенеди.

The post Арнолд Шварценегер: „Сигурно би бил одличен претседател“ appeared first on Република.

]]>

Актерот Арнолд Шварценегер (76) неодамна ја промовираше својата нова книга „Be Useful: Seven Tools for Life“, а за време на промоцијата изјави дека сигурно ќе направи фантастичен претседател. Арнолд долги години се занимаваше со актерство, а потоа влезе во политичките води. Тој го напушти Холивуд во 2003 година за да стане гувернер на Калифорнија, првиот без никакво политичко искуство. Шварценегер тогаш доби 1,3 милиони гласови повеќе од вториот најдобар кандидат. По политиката се врати на актерството. Актерот беше вториот човек роден во странство кој ја предводеше Калифорнија. И Арнолд бил поканет да се кандидира за претседател на САД, но според американскиот Устав тоа било невозможно, токму затоа што Арнолд е роден во Австрија. Сепак, актерот често размислувал како би било да се биде претседател на САД, а за тоа зборувал и на промоцијата на својата книга. Би-Би-Си го праша што мисли за тој да биде претседател. Чувствувам дека би бил одличен претседател. Но, чувствувам дека, во исто време, се што постигнав беше благодарение на Америка. Америка ми даде толку многу можности, а американскиот народ беше толку топол и само ме пречека со раширени раце. Никој не ме спречи да успеам. Така што единственото нешто што не можам да направам е да се кандидирам за претседател, нема да се жалам за тоа - изјави актерот. Шварценегер претходно изјави дека не планира да се занимава со политика бидејќи бил успешен во глумата. Тој исто така рече дека „се оженил во политичко семејство“.
- Здружете се со нив и слушнете за политика, за помагање на луѓето. Бев изложен на идејата да бидам јавен службеник, а Јунис и Сарџент Шрајвер станаа мои херои - откри тој за LA Weekly. Инаку, неговата поранешна сопруга Марија Шрајвер беше внука на Џон Кенеди.

The post Арнолд Шварценегер: „Сигурно би бил одличен претседател“ appeared first on Република.

]]>
Шварценегер се присети на својата најлоша улога досега: Од срам не сакал да види никого цела недела https://republika.mk/scena/film/shvartseneger-se-priseti-na-svojata-najlosha-uloga-dosega-od-sram-ne-sakal-da-vidi-nikogo-tsela-nedela/ Mon, 19 Jun 2023 09:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=653010

Славниот Арнолд Шварценегер глумеше во култни филмови, а најпознат е по улогите во холивудските блокбастери како „Конан Варваринот“, „Терминатор“ и „Предатор“.

Меѓутоа, во својата голема кариера познатиот актер ги има и оние улоги кои би сакал да ги избрише доколку може. Како најлоша улога во животот, Шварценегер ја издвоил онаа во филмот „Последниот акционен херој“ од 1993 година, каде што го играше детективот Џек Слејтер. Актерот изјавил дека поради неуспехот што го доживеал не сакал никого да види една недела.

"Не можам да ви опишам колку бев лут. Боли, моите чувства беа повредени. Толку ми беше непријатно што не сакав да видам никого цела недела", откри актерот во документарниот филм "Арнолд".

Овој филм покрај разочарувачката заработка доби и лоши критики. Варајети тогаш објави дека се работи за „филм без радост и душа“. Сепак, 30 години по објавувањето, овој филм се смета за едно од најпотценетите достигнувања на Шварценегер.

Инаку, една од најлошите изведби на актерот се смета за улогата на господинот Ајс (д-р Виктор Физ) во филмот „Бетмен и Робин“, што му донесе номинација за најлоша споредна машка улога. Исто така, актерот неволно се сеќава на улогата на труден маж во „Јуниор“.

The post Шварценегер се присети на својата најлоша улога досега: Од срам не сакал да види никого цела недела appeared first on Република.

]]>

Славниот Арнолд Шварценегер глумеше во култни филмови, а најпознат е по улогите во холивудските блокбастери како „Конан Варваринот“, „Терминатор“ и „Предатор“. Меѓутоа, во својата голема кариера познатиот актер ги има и оние улоги кои би сакал да ги избрише доколку може. Како најлоша улога во животот, Шварценегер ја издвоил онаа во филмот „Последниот акционен херој“ од 1993 година, каде што го играше детективот Џек Слејтер. Актерот изјавил дека поради неуспехот што го доживеал не сакал никого да види една недела.
"Не можам да ви опишам колку бев лут. Боли, моите чувства беа повредени. Толку ми беше непријатно што не сакав да видам никого цела недела", откри актерот во документарниот филм "Арнолд".
Овој филм покрај разочарувачката заработка доби и лоши критики. Варајети тогаш објави дека се работи за „филм без радост и душа“. Сепак, 30 години по објавувањето, овој филм се смета за едно од најпотценетите достигнувања на Шварценегер. Инаку, една од најлошите изведби на актерот се смета за улогата на господинот Ајс (д-р Виктор Физ) во филмот „Бетмен и Робин“, што му донесе номинација за најлоша споредна машка улога. Исто така, актерот неволно се сеќава на улогата на труден маж во „Јуниор“.

The post Шварценегер се присети на својата најлоша улога досега: Од срам не сакал да види никого цела недела appeared first on Република.

]]>
Русите го нападнаа Шварценегер на државната телевизија: Тој од Калифорнија ќе ни ја каже вистината нам, кои живееме овде? https://republika.mk/scena/film/rusite-go-napadnaa-shvarceneger-na-drzavnata-televizija-toj-od-kalifornija-kje-ni-ja-kaze-vistinata-nam-koi-ziveeme-ovde/ Thu, 24 Mar 2022 10:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=477588

Русите првично го игнорираа обраќањето наАрнолд Шварценегер, но набрзо руските државни медиуми го нападнаа. Говорот што тој им го упати, меѓу другото го нарекоа и холивудска продукција.

Неодамна, Шварценегер објави видео на својот инстаграм-профил каде го следат 22 милиони луѓе. Актерот апелираше за крај на војната, и како што истакна, сака да им ја открие на Русите вистината за војната на Путин.

Телевизискиот водител Вадим Гигин жестоко го коментираше неговото обраќање во емисијата „Недела вечер“ со Владимир Соловјов.

„Тоа е лице од кориците на американскиот империјализам и колонијализам“, рече тој за Шварценегер, а неговото обраќање го нарече холивудска продукција. „Тој од Калифорнија ќе ни ја каже вистината нам, кои живееме овде?“, тој додаде.

Соловјов рече дека Шварценегер двапати го посетил Ирак за да ги поддржи американските трупи и никогаш таму не одржал сличен говор.

Руските медиуми решија да му одговорат на Шварценегер откако неговото обраќање стана вирално на платформата „Телеграм“, на која се префрлија голем број Руси по блокадата на „Инстаграм“ во нивната земја.

The post Русите го нападнаа Шварценегер на државната телевизија: Тој од Калифорнија ќе ни ја каже вистината нам, кои живееме овде? appeared first on Република.

]]>

Русите првично го игнорираа обраќањето наАрнолд Шварценегер, но набрзо руските државни медиуми го нападнаа. Говорот што тој им го упати, меѓу другото го нарекоа и холивудска продукција. Неодамна, Шварценегер објави видео на својот инстаграм-профил каде го следат 22 милиони луѓе. Актерот апелираше за крај на војната, и како што истакна, сака да им ја открие на Русите вистината за војната на Путин. Телевизискиот водител Вадим Гигин жестоко го коментираше неговото обраќање во емисијата „Недела вечер“ со Владимир Соловјов.
„Тоа е лице од кориците на американскиот империјализам и колонијализам“, рече тој за Шварценегер, а неговото обраќање го нарече холивудска продукција. „Тој од Калифорнија ќе ни ја каже вистината нам, кои живееме овде?“, тој додаде.
Соловјов рече дека Шварценегер двапати го посетил Ирак за да ги поддржи американските трупи и никогаш таму не одржал сличен говор. Руските медиуми решија да му одговорат на Шварценегер откако неговото обраќање стана вирално на платформата „Телеграм“, на која се префрлија голем број Руси по блокадата на „Инстаграм“ во нивната земја.

The post Русите го нападнаа Шварценегер на државната телевизија: Тој од Калифорнија ќе ни ја каже вистината нам, кои живееме овде? appeared first on Република.

]]>
Атлетичарката Марјана Наумова го потсети Шварценегер: Те молам најди ги и препрочитај ги писмата од децата од Донбас од 2015 https://republika.mk/scena/film/atleticharkata-marjana-naumova-go-potseti-shvarceneger-te-molam-najdi-gi-i-preprochitaj-gi-pismata-od-decata-od-donbas-od-2015/ Wed, 23 Mar 2022 08:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=476937

Руската атлетичарка Марјана Наумова преку видео порака објавена на официјалниот Твитер профил на руското Министерство за надворешни работи му одговори на Арнолд Шварценегер, откако тој неодамна преку видео се обрати до рускиот народ и претседателот Владимир Путин и апелираше за итен прекин на вооружениот конфликт во Украина, со порака дека го сака рускиот народ.

Наумова во видеото објаснува дека во 2015 година кога победила на натпревар во кревање тегови имала можност да се запознае во Шварценегер кој и бил идол.

Таа му порача дека тој не реагирал на страдањата на руските деца во Донбас во периодот на 2014-2022 година, иако таа му дала писмо од децата.

 

The post Атлетичарката Марјана Наумова го потсети Шварценегер: Те молам најди ги и препрочитај ги писмата од децата од Донбас од 2015 appeared first on Република.

]]>

Руската атлетичарка Марјана Наумова преку видео порака објавена на официјалниот Твитер профил на руското Министерство за надворешни работи му одговори на Арнолд Шварценегер, откако тој неодамна преку видео се обрати до рускиот народ и претседателот Владимир Путин и апелираше за итен прекин на вооружениот конфликт во Украина, со порака дека го сака рускиот народ. Наумова во видеото објаснува дека во 2015 година кога победила на натпревар во кревање тегови имала можност да се запознае во Шварценегер кој и бил идол. Таа му порача дека тој не реагирал на страдањата на руските деца во Донбас во периодот на 2014-2022 година, иако таа му дала писмо од децата.  

The post Атлетичарката Марјана Наумова го потсети Шварценегер: Те молам најди ги и препрочитај ги писмата од децата од Донбас од 2015 appeared first on Република.

]]>
Шварценегер до Путин: Вие ја започнавте оваа војна, вие ја водите оваа војна, вие можете да ја запрете оваа војна https://republika.mk/scena/film/shvarceneger-do-putin-vie-ja-zapochnavte-ovaa-vojna-vie-ja-vodite-ovaa-vojna-vie-mozete-da-ja-zaprete-ovaa-vojna/ Fri, 18 Mar 2022 09:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=474804

Во долгото деветминутно видео објавено на неговиот твитер-профил, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер ја изложи својата историја со Русија, неговите ставови за конфликтот и потребата тој да престане. При крајот на видеото тој директно му се обраќа на Владимир Путин, претседателот на Русија.

 „На претседателот Путин му велам: Вие ја започнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Вие можете да ја запрете оваа војна“.

Шварценегер, кој беше првата западна филмска ѕвезда што сними филм во Москва со „Red Heat“ во 1988 година, исто така изрази восхит кон оние што протестираа против војната во Русија.

„Светот ја виде вашата храброст. Знаеме дека ги претрпевте последиците од вашата храброст. Уапсени сте. Затворени сте. Тепани сте. Вие сте моите нови херои“.

Шварценегер, исто така, изјави дека дел од целта на снимањето на видеото е да се обидат руските војници да станат посвесни за околностите околу конфликтот.

 

 

Тој исто така зборуваше за предрасудите на неговиот татко кон Русија поради неговите искуства за време на Втората светска војна. Таткото на Шварценегер, Густав, бил нацист и служел во војната додека не бил повреден за време на инвазијата на Русија во 1942 година. Во видеото, Шварценегер вели дека ги поминал антируските предрасуди на неговиот татко, бидејќи националноста на една личност не му е важна.

The post Шварценегер до Путин: Вие ја започнавте оваа војна, вие ја водите оваа војна, вие можете да ја запрете оваа војна appeared first on Република.

]]>

Во долгото деветминутно видео објавено на неговиот твитер-профил, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер ја изложи својата историја со Русија, неговите ставови за конфликтот и потребата тој да престане. При крајот на видеото тој директно му се обраќа на Владимир Путин, претседателот на Русија.
 „На претседателот Путин му велам: Вие ја започнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Вие можете да ја запрете оваа војна“.
Шварценегер, кој беше првата западна филмска ѕвезда што сними филм во Москва со „Red Heat“ во 1988 година, исто така изрази восхит кон оние што протестираа против војната во Русија.
„Светот ја виде вашата храброст. Знаеме дека ги претрпевте последиците од вашата храброст. Уапсени сте. Затворени сте. Тепани сте. Вие сте моите нови херои“.
Шварценегер, исто така, изјави дека дел од целта на снимањето на видеото е да се обидат руските војници да станат посвесни за околностите околу конфликтот.     Тој исто така зборуваше за предрасудите на неговиот татко кон Русија поради неговите искуства за време на Втората светска војна. Таткото на Шварценегер, Густав, бил нацист и служел во војната додека не бил повреден за време на инвазијата на Русија во 1942 година. Во видеото, Шварценегер вели дека ги поминал антируските предрасуди на неговиот татко, бидејќи националноста на една личност не му е важна.

The post Шварценегер до Путин: Вие ја започнавте оваа војна, вие ја водите оваа војна, вие можете да ја запрете оваа војна appeared first on Република.

]]>