швајцарија Archives - Република https://republika.mk/tema/shvajcarija/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 16:59:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png швајцарија Archives - Република https://republika.mk/tema/shvajcarija/ 32 32 Швајцарија го дефинираше „Гладоморот“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид https://republika.mk/vesti/svet/shvajtsarija-go-definirashe-gladomorot-vo-ukraina-vo-1932-1933-godina-kako-genotsid/ Tue, 24 Sep 2024 17:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=819359

Швајцарија ја дефинираше „Големата глад - Гладомор“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ од страна на поранешниот Советски Сојуз (СССР), пренесе ДПА.

„Гладомор“ во СССР уби до четири милиони Украинци во 1932 и 1933 година, а животите ги загубија и милиони Казахстанци и стотици илјади Руси.

Долниот дом на швајцарскиот парламент го усвои предлогот со 123 гласа „за“ и 58 „против“.

„Големата глад“ беше предизвикана од одлуката на советскиот диктатор Јосиф Сталин да го колективизира земјоделството, како и конфискацијата на жито, добиток и прехранбени производи во масовно ниво од населението.

Најголемата партија во швајцарскиот парламент, десничарската Швајцарска народна партија, гласаше против предлогот.

The post Швајцарија го дефинираше „Гладоморот“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид appeared first on Република.

]]>

Швајцарија ја дефинираше „Големата глад - Гладомор“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ од страна на поранешниот Советски Сојуз (СССР), пренесе ДПА. „Гладомор“ во СССР уби до четири милиони Украинци во 1932 и 1933 година, а животите ги загубија и милиони Казахстанци и стотици илјади Руси. Долниот дом на швајцарскиот парламент го усвои предлогот со 123 гласа „за“ и 58 „против“. „Големата глад“ беше предизвикана од одлуката на советскиот диктатор Јосиф Сталин да го колективизира земјоделството, како и конфискацијата на жито, добиток и прехранбени производи во масовно ниво од населението. Најголемата партија во швајцарскиот парламент, десничарската Швајцарска народна партија, гласаше против предлогот.

The post Швајцарија го дефинираше „Гладоморот“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид appeared first on Република.

]]>
Сопругот на српската манекенка од Швајцарија ја сомлел во блендер https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/soprugot-na-srpskata-manekenka-od-shvajtsarija-ja-somlel-vo-blender/ Fri, 13 Sep 2024 11:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=816027

Поранешната мис на Швајцарија Кристина Јоксимовиќ била задавена до смрт и дивјачки распарчена од нејзиниот сопруг, кој потоа ги сомел нејзините останки во блендер, открија швајцарските власти.

Кристина Јоксимовиќ (38) беше пронајдена мртва во својот дом во Бининген, во близина на градот Базел во Швајцарија.

Нејзиниот 41-годишен сопруг, именуван само како „Томас“ во извештаите на локалните медиуми, беше приведен, но поднесе жалба за да биде ослободен, што беше одбиено од федералниот суд на земјата во Лозана откако тој го призна убиството.

Во пресудата, која откри нови страшни детали за убиството, се вели дека тековната истрага открила „конкретни индиции за ментална болест“ на сопругот.

Касапеното тело на Кристина Јоксимовиќ беше откриено ноќта на 13 февруари.Сопругот на манекенката и таткото на нивните две ќерки призна дека ја убил во март, но рече дека тоа било за да се заштити откако таа претходно го нападнала со нож.

The post Сопругот на српската манекенка од Швајцарија ја сомлел во блендер appeared first on Република.

]]>

Поранешната мис на Швајцарија Кристина Јоксимовиќ била задавена до смрт и дивјачки распарчена од нејзиниот сопруг, кој потоа ги сомел нејзините останки во блендер, открија швајцарските власти. Кристина Јоксимовиќ (38) беше пронајдена мртва во својот дом во Бининген, во близина на градот Базел во Швајцарија. Нејзиниот 41-годишен сопруг, именуван само како „Томас“ во извештаите на локалните медиуми, беше приведен, но поднесе жалба за да биде ослободен, што беше одбиено од федералниот суд на земјата во Лозана откако тој го призна убиството. Во пресудата, која откри нови страшни детали за убиството, се вели дека тековната истрага открила „конкретни индиции за ментална болест“ на сопругот. Касапеното тело на Кристина Јоксимовиќ беше откриено ноќта на 13 февруари.Сопругот на манекенката и таткото на нивните две ќерки призна дека ја убил во март, но рече дека тоа било за да се заштити откако таа претходно го нападнала со нож.

The post Сопругот на српската манекенка од Швајцарија ја сомлел во блендер appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија https://republika.mk/vesti/svet/makedonski-drzhavjanin-uapsen-poradi-obid-za-grabezh-vo-penzionerski-dom-vo-shvajtsarija/ Tue, 10 Sep 2024 09:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=814866

24-годишен македонски државјанин во вторникот вечерта влегол во пензионерски дом во швајцарскиот град Гамс, во близина на границата со Лихтенштајн. Тој им рекол дека мора да ја провери касата, меѓутоа неговата немара била да ги земе парите.

Персоналот реаљгирал и повикал полиција, откако ограбувачот се решил насилно да ја отвори касата. Тој бил задржан во просториите додека не пристигнала локалната полиција во Сент Гален.

Потоа бил уапсен, и била поднесена пријава во јавното обвинителство.

The post Македонски државјанин уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

24-годишен македонски државјанин во вторникот вечерта влегол во пензионерски дом во швајцарскиот град Гамс, во близина на границата со Лихтенштајн. Тој им рекол дека мора да ја провери касата, меѓутоа неговата немара била да ги земе парите. Персоналот реаљгирал и повикал полиција, откако ограбувачот се решил насилно да ја отвори касата. Тој бил задржан во просториите додека не пристигнала локалната полиција во Сент Гален. Потоа бил уапсен, и била поднесена пријава во јавното обвинителство.

The post Македонски државјанин уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Македонец се удавил во река во Швајцарија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonets-se-udavil-vo-reka-vo-shvajtsarija/ Tue, 03 Sep 2024 07:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=812532

Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање. Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решиле да пливаат во познатата река Аре кај Берн.

Според медиумите, две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од лицата западнал во неволја и завршил беживотно пловејќи по реката Аре, соопштуваат од полицијата.

И покрај напорите на брзата помош и укажаните мерки за спасување, сепак, тој починал кратко време подоцна.

Почната е истрага за несреќата под раководство на регионалното јавно обвинителство во Берн-Мителанд.

The post Македонец се удавил во река во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање. Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решиле да пливаат во познатата река Аре кај Берн. Според медиумите, две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од лицата западнал во неволја и завршил беживотно пловејќи по реката Аре, соопштуваат од полицијата. И покрај напорите на брзата помош и укажаните мерки за спасување, сепак, тој починал кратко време подоцна. Почната е истрага за несреќата под раководство на регионалното јавно обвинителство во Берн-Мителанд.

The post Македонец се удавил во река во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика https://republika.mk/zivot/zhena-od-srbija-go-otplati-kredit-vo-shvajtsarija-pa-vikna-muzika/ Wed, 24 Jul 2024 20:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=784076

За многу луѓе, заемот во Швајцарија беше голема животна грешка, откако не можеа да си ги платат долговите. Една жена успеала да го исплати овој заем, па решила да прослави со музика

„Госпоѓата го исплати кредитот во CHF! Навистина не е шега, не е изданието „не се случи“, последната рата од кредитот ја прослави со прослава и музика договорена токму за тој настан!

Оваа слика им ја испратила жена чија свекрва штотуку го исплатила тој заем во швајцарски франци.

„Ова може да биде анегдота. Свекрва ми постојано велеше: „Кога ќе платам, ќе славам!“ А денес навистина слави. Со музика и како што доликува – објави таа со слика од прославата.

The post Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика appeared first on Република.

]]>

За многу луѓе, заемот во Швајцарија беше голема животна грешка, откако не можеа да си ги платат долговите. Една жена успеала да го исплати овој заем, па решила да прослави со музика „Госпоѓата го исплати кредитот во CHF! Навистина не е шега, не е изданието „не се случи“, последната рата од кредитот ја прослави со прослава и музика договорена токму за тој настан! Оваа слика им ја испратила жена чија свекрва штотуку го исплатила тој заем во швајцарски франци. „Ова може да биде анегдота. Свекрва ми постојано велеше: „Кога ќе платам, ќе славам!“ А денес навистина слави. Со музика и како што доликува – објави таа со слика од прославата.

The post Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика appeared first on Република.

]]>
Швајцарија го повлекува пченкарното брашно од Србија, откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина https://republika.mk/vesti/balkan/shvajtsarija-go-povlekuva-pchenkarnoto-brashno-od-srbija-otkrien-mikotoksin-fumonizin-vo-nedozvolena-kolichina/ Tue, 02 Jul 2024 14:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=792822

Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg - ppb (илјада микрограми на килограм).

-Во примерокот од брашно земен на 12 март годинава од Србија, откриено е присуство на микотоксин фумонизим во поголема количина од дозволеното: во белото брашно изнесуваше 1388 мг/кг, а во жолтото брашно 1585 мг/кг, што преставува 38 отсто, т.е. 58 проценти повеќе од дозволената сума, соопштија од РАСФФ.

Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е отповикан од потрошувачите.

Фумонизините припаѓаат на групата микотоксини кои синтетизираат Fusarium. Најчесто ги има на пченката и производите од пченка, јачменот, пченицата и овесот, се наведува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје во Суботица.

Кај човечката популација, постои сомнеж дека неговиот токсичен ефект предизвикува тумор на хранопроводникот. Со оглед на токсичното и канцерогеното дејство на ова соединение, според класификацијата IARC, тој е класифициран како потенцијален канцероген за човекот.

The post Швајцарија го повлекува пченкарното брашно од Србија, откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина appeared first on Република.

]]>

Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg - ppb (илјада микрограми на килограм). -Во примерокот од брашно земен на 12 март годинава од Србија, откриено е присуство на микотоксин фумонизим во поголема количина од дозволеното: во белото брашно изнесуваше 1388 мг/кг, а во жолтото брашно 1585 мг/кг, што преставува 38 отсто, т.е. 58 проценти повеќе од дозволената сума, соопштија од РАСФФ. Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е отповикан од потрошувачите. Фумонизините припаѓаат на групата микотоксини кои синтетизираат Fusarium. Најчесто ги има на пченката и производите од пченка, јачменот, пченицата и овесот, се наведува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје во Суботица. Кај човечката популација, постои сомнеж дека неговиот токсичен ефект предизвикува тумор на хранопроводникот. Со оглед на токсичното и канцерогеното дејство на ова соединение, според класификацијата IARC, тој е класифициран како потенцијален канцероген за човекот.

The post Швајцарија го повлекува пченкарното брашно од Србија, откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина appeared first on Република.

]]>
Половина од Швајцарците не сакаат да се домаќини на „Евровизија 2025“ https://republika.mk/scena/muzika/polovina-od-shvajtsartsite-ne-sakaat-da-se-domakini-na-evrovizija-2025/ Mon, 01 Jul 2024 08:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=792302

Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на „Евровизија“ вгодина, покажува анкетата објавена во весникот „Блик“ (Blick).

Испитувањето опфатило околу 25.000 луѓе. Од нив, 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Околу пет насто сѐ уште немаат став. Според „Блик“, ова можеби има врска и со тоа што Немо се идентификува како небинарно лице и ги претпочита заменките „they / them" во англискиот јазик.

Но, Швајцарија секако ќе биде домаќин на музичкиот настан во 2025 година, благодарение на пејачот кој ја освои главната награда на овогодишниот натпревар во Малме, Шведска, со песната „The Code“ за родовите идентитети и нивната променливост.

Местото за следниот „Евросонг“ сè уште не е одредено... И Цирих и Женева се пријавија како домаќини, а швајцарскиот главен град Берн и Бил близу него понудија заедничка организација.

Победата на Немо предизвика дебата за воведување трет пол во Швајцарија.

The post Половина од Швајцарците не сакаат да се домаќини на „Евровизија 2025“ appeared first on Република.

]]>

Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на „Евровизија“ вгодина, покажува анкетата објавена во весникот „Блик“ (Blick). Испитувањето опфатило околу 25.000 луѓе. Од нив, 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Околу пет насто сѐ уште немаат став. Според „Блик“, ова можеби има врска и со тоа што Немо се идентификува како небинарно лице и ги претпочита заменките „they / them" во англискиот јазик. Но, Швајцарија секако ќе биде домаќин на музичкиот настан во 2025 година, благодарение на пејачот кој ја освои главната награда на овогодишниот натпревар во Малме, Шведска, со песната „The Code“ за родовите идентитети и нивната променливост. Местото за следниот „Евросонг“ сè уште не е одредено... И Цирих и Женева се пријавија како домаќини, а швајцарскиот главен град Берн и Бил близу него понудија заедничка организација. Победата на Немо предизвика дебата за воведување трет пол во Швајцарија.

The post Половина од Швајцарците не сакаат да се домаќини на „Евровизија 2025“ appeared first on Република.

]]>
Четири лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Швајцарија и северна Италија https://republika.mk/vesti/svet/chetiri-litsa-zaginaa-vo-poplavite-i-svlechishtata-vo-shvajtsarija-i-severna-italija/ Sun, 30 Jun 2024 19:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=792226

Најмалку четири лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Швајцарија и северна Италија предизвикани од силните бури, соопштија тамошните власти.

Телата на три лица се извлечени по лизгање на земјиштето во долината Маџа во швајцарскиот кантон Тичино. Евакуирани се камповите покрај реката Маџа, а се урнал и дел од малиот патен мост Вислето. Едно лице исчезнало во блиската долина Лавизар.

Понатаму на север, реката Рона се излеа од своите корита во неколку области на кантонот Вале и ги поплави автопатот и железничката линија.

Полицијата соопшти дека имало особено обилни врнежи во долините јужно од Рона, а телото на маж чиј партнер го пријавил како исчезнат било пронајдено денеска во хотел во алпското одморалиште Сас-Грунд.

Уште еден маж се води како исчезнат од саботата вечерта во областа Биен, во долината на Рона, во близина на италијанската граница, соопшти полицијата.

Поплави, грмотевици и свлечишта погодија и различни региони во северна Италија. Пожарникарите соопштија дека извршиле околу 80 спасувачки операции, евакуирајќи десетици луѓе во северниот регион Пиемонт.

Помеѓу Монтанаро и Сан Бенџо Канавезе, двајца возрасни и едно тримесечно девојче беа спасени откако беа пронајдени заглавени во автомобил, соопштија пожарникарите. Неколку села се изолирани поради прелевање на потоци, бури и лизгање на земјиштето во регионот Вале Д’Аоста.

 

The post Четири лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Швајцарија и северна Италија appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Швајцарија и северна Италија предизвикани од силните бури, соопштија тамошните власти. Телата на три лица се извлечени по лизгање на земјиштето во долината Маџа во швајцарскиот кантон Тичино. Евакуирани се камповите покрај реката Маџа, а се урнал и дел од малиот патен мост Вислето. Едно лице исчезнало во блиската долина Лавизар. Понатаму на север, реката Рона се излеа од своите корита во неколку области на кантонот Вале и ги поплави автопатот и железничката линија. Полицијата соопшти дека имало особено обилни врнежи во долините јужно од Рона, а телото на маж чиј партнер го пријавил како исчезнат било пронајдено денеска во хотел во алпското одморалиште Сас-Грунд. Уште еден маж се води како исчезнат од саботата вечерта во областа Биен, во долината на Рона, во близина на италијанската граница, соопшти полицијата. Поплави, грмотевици и свлечишта погодија и различни региони во северна Италија. Пожарникарите соопштија дека извршиле околу 80 спасувачки операции, евакуирајќи десетици луѓе во северниот регион Пиемонт. Помеѓу Монтанаро и Сан Бенџо Канавезе, двајца возрасни и едно тримесечно девојче беа спасени откако беа пронајдени заглавени во автомобил, соопштија пожарникарите. Неколку села се изолирани поради прелевање на потоци, бури и лизгање на земјиштето во регионот Вале Д’Аоста.  

The post Четири лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Швајцарија и северна Италија appeared first on Република.

]]>
Швајцарија ја освлада Унгарија на ЕУРО2024 https://republika.mk/sport/fudbal/shvajtsarija-ja-osvlada-ungarija-na-euro2024/ Sat, 15 Jun 2024 16:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=787899

Фудбалерите на Швајцарија ја совладаа Унгарија со 3:1 (2:0) на отворањето на вториот ден од Европското фудбалско првенство во Германија.

Стрелци на головите за Швајцарија беа Дуах во 12 минута, Едишер (45) и Емболо (90+3), додека неизвесност во дуелот во Келн донесе Варга во 66 минута.

Во воведниот натпревар во групата А, домаќинот Германија синоќа ја совлада Шкотска со 5-1.

Вториот ден на ЕВРО2024 продолжува со натпреварите од воведното коло во групата Б меѓу Шпанија и Хрватска (18 часот) и бранителот на титулата Италија против Албанија (21 часот).

The post Швајцарија ја освлада Унгарија на ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Швајцарија ја совладаа Унгарија со 3:1 (2:0) на отворањето на вториот ден од Европското фудбалско првенство во Германија. Стрелци на головите за Швајцарија беа Дуах во 12 минута, Едишер (45) и Емболо (90+3), додека неизвесност во дуелот во Келн донесе Варга во 66 минута. Во воведниот натпревар во групата А, домаќинот Германија синоќа ја совлада Шкотска со 5-1. Вториот ден на ЕВРО2024 продолжува со натпреварите од воведното коло во групата Б меѓу Шпанија и Хрватска (18 часот) и бранителот на титулата Италија против Албанија (21 часот).

The post Швајцарија ја освлада Унгарија на ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Македонија ќе учествува на Самитот за мир во Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-makedonija-ke-uchestvuva-na-samitot-za-mir-vo-ukraina/ Sat, 15 Jun 2024 07:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=787741

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, на 15 и 16 јуни 2024 година во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Собирот има за цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес“, информира кабинетот на претседателката на Македонија.

 

The post Претседателката на Македонија ќе учествува на Самитот за мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, на 15 и 16 јуни 2024 година во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.
Собирот има за цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес“, информира кабинетот на претседателката на Македонија.
 

The post Претседателката на Македонија ќе учествува на Самитот за мир во Украина appeared first on Република.

]]>
Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина https://republika.mk/vesti/svet/vo-shvajtsarija-se-odrzhuva-dvodnevna-mirovna-konferentsija-za-ukraina/ Sat, 15 Jun 2024 06:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=787728

Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации.

На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што е размената на воени заробеници.

Конференцијата се одржува на иницијатива на Украина, а на ќе учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на конференцијата е да се мобилизира меѓународна поддршка за Украина.

Русија во моментот контролира една петтина од територијата на Украина, вклучително и полуостровот Крим, анектиран во 2014 година.

 

The post Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина appeared first on Република.

]]>

Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации. На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што е размената на воени заробеници. Конференцијата се одржува на иницијатива на Украина, а на ќе учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на конференцијата е да се мобилизира меѓународна поддршка за Украина. Русија во моментот контролира една петтина од територијата на Украина, вклучително и полуостровот Крим, анектиран во 2014 година.  

The post Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски пристигна во Швајцарија на мировниот самит за Украина https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-pristigna-vo-shvajtsarija-na-mirovniot-samit-za-ukraina/ Fri, 14 Jun 2024 18:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=787679

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека пристигнал во Швајцарија пред конференцијата за мир во Украина, на која се очекуваат 100 делегации, меѓу кои и 57 шефови на држави и влади.

-Пристигнав во Швајцарија на светскиот мировен самит. Ќе има два дена активна работа со земји од сите региони во светот, со различни народи кои сепак се обединети во заедничката цел да ја приближат Украина до праведен и траен мир, напиша Зеленски во порака на мрежата „Х“.

Швајцарската влада вели дека конференцијата, која се одржува овој викенд, има за цел да биде платформа за да се разговара за начините за постигнување „сеопфатен, праведен и траен мир за Украина, заснован на меѓународното право и Повелбата на ОН“, пренесе Бета.

Русија, која води војна против Украина повеќе од две години, не беше поканета на конференцијата.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „веднаш ќе даде наредба за прекин на огнот и почеток на преговорите штом Киев започне со повлекување на војниците“ од Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје и информира дека се откажува од влезот во НАТО. Путин во суштина побара предавање на Украина, чија цел е одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет.

Украина го отфрли како „манипулативен“ и „апсурден“ предлогот за прекин на огнот што го претстави денеска рускиот претседател Путин, кој се заснова на идејата Киев да започне со повлекување на своите војници од четирите украински региони незаконски анектирани од Москва во 2022 година, и да - дајте ги подготви плановите за влез во НАТО.

The post Зеленски пристигна во Швајцарија на мировниот самит за Украина appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека пристигнал во Швајцарија пред конференцијата за мир во Украина, на која се очекуваат 100 делегации, меѓу кои и 57 шефови на држави и влади. -Пристигнав во Швајцарија на светскиот мировен самит. Ќе има два дена активна работа со земји од сите региони во светот, со различни народи кои сепак се обединети во заедничката цел да ја приближат Украина до праведен и траен мир, напиша Зеленски во порака на мрежата „Х“. Швајцарската влада вели дека конференцијата, која се одржува овој викенд, има за цел да биде платформа за да се разговара за начините за постигнување „сеопфатен, праведен и траен мир за Украина, заснован на меѓународното право и Повелбата на ОН“, пренесе Бета. Русија, која води војна против Украина повеќе од две години, не беше поканета на конференцијата. Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „веднаш ќе даде наредба за прекин на огнот и почеток на преговорите штом Киев започне со повлекување на војниците“ од Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје и информира дека се откажува од влезот во НАТО. Путин во суштина побара предавање на Украина, чија цел е одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет. Украина го отфрли како „манипулативен“ и „апсурден“ предлогот за прекин на огнот што го претстави денеска рускиот претседател Путин, кој се заснова на идејата Киев да започне со повлекување на своите војници од четирите украински региони незаконски анектирани од Москва во 2022 година, и да - дајте ги подготви плановите за влез во НАТО.

The post Зеленски пристигна во Швајцарија на мировниот самит за Украина appeared first on Република.

]]>
Гаши на средба со швајцарската амбасадорка: Поддршка за евроинтеграцискиот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-na-sredba-so-shvajtsarskata-ambasadorka-poddrshka-za-evrointegratsiskiot-protses/ Mon, 10 Jun 2024 16:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=786312

Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари прва средба по изборот на функцијата со амбасадорката на Швајцарија во државава Вероник Улман која ја реафирмилата поддршка за нашиот евроинтеграциски процес.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство за политичките односи на двете земји, кои посочил дека се карактеризираат со пријателство и разбирање, но и отворен дијалог.

Транспарентноста и пријателскиот однос со Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација со Собранието на Република Македонија со сигурност ќе продолжи во периодот што следи, истакнал Гаши.

Во соопштението стои дека посебен акцент Гаши ставил на трудот на швајцарската Влада  во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Македонија, кој преку проекти продолжува и понатака да обезбедуваат поефикасно и потранспарентно функционирање на Собранието.

Честитајќи му го изборот на Гаши за претседател на Собранието, амбасадорката Улман изразила благодарност за остварената средба и очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено на остварување на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската Унија.

Амбасадорката Улман изрази надеж дека одличната соработка на двете земји ќе продолжи и понатака, но и на повеќе нивоа. Уште еднаш силно даде поддршка за државава за евроинтеграцискиот процес, сметајќи дека на Република Македонија, како и на другите земји на Балканот, местото им е во ЕУ. Соговорниците беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти, се наведува во соопштението.

The post Гаши на средба со швајцарската амбасадорка: Поддршка за евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари прва средба по изборот на функцијата со амбасадорката на Швајцарија во државава Вероник Улман која ја реафирмилата поддршка за нашиот евроинтеграциски процес. Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство за политичките односи на двете земји, кои посочил дека се карактеризираат со пријателство и разбирање, но и отворен дијалог.
Транспарентноста и пријателскиот однос со Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација со Собранието на Република Македонија со сигурност ќе продолжи во периодот што следи, истакнал Гаши.
Во соопштението стои дека посебен акцент Гаши ставил на трудот на швајцарската Влада  во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Македонија, кој преку проекти продолжува и понатака да обезбедуваат поефикасно и потранспарентно функционирање на Собранието. Честитајќи му го изборот на Гаши за претседател на Собранието, амбасадорката Улман изразила благодарност за остварената средба и очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено на остварување на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската Унија.
Амбасадорката Улман изрази надеж дека одличната соработка на двете земји ќе продолжи и понатака, но и на повеќе нивоа. Уште еднаш силно даде поддршка за државава за евроинтеграцискиот процес, сметајќи дека на Република Македонија, како и на другите земји на Балканот, местото им е во ЕУ. Соговорниците беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти, се наведува во соопштението.

The post Гаши на средба со швајцарската амбасадорка: Поддршка за евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>
Дали швајцарската фудбалска репрезентација е доволно албанска? https://republika.mk/sport/fudbal/dali-shvajtsarskata-fudbalska-reprezentatsija-e-dovolno-albanska/ Mon, 10 Jun 2024 07:04:21 +0000 https://republika.mk/?p=786034

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин на прес-конференција доби необично прашање. До микрофонот дојде швајцарскиот стенд-ап комичар Јозо Брика и го праша Јакин „дали Швајцарија конечно е доволно албанска?“, што го збуни селекторот на оваа репрезентација.

Причина беа големиот број фудбалери кои по потекло се од Албанија, а Јакин во својот одговор го спомена и Косово.

– Албанскиот во еден момент ќе стане петти национален јазик во Швајцарија – рече тој со иронична насмевка на лицето, а потоа додаде:

– Не правам никакви разлики. Пораснав и во средина со различни националности. Во сегашната генерација имаме добри играчи кои доаѓаат од Албанија и Косово. Во мојата тренерска кариера отсекогаш сум имал различни култури.

The post Дали швајцарската фудбалска репрезентација е доволно албанска? appeared first on Република.

]]>

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин на прес-конференција доби необично прашање. До микрофонот дојде швајцарскиот стенд-ап комичар Јозо Брика и го праша Јакин „дали Швајцарија конечно е доволно албанска?“, што го збуни селекторот на оваа репрезентација. Причина беа големиот број фудбалери кои по потекло се од Албанија, а Јакин во својот одговор го спомена и Косово.
– Албанскиот во еден момент ќе стане петти национален јазик во Швајцарија – рече тој со иронична насмевка на лицето, а потоа додаде:
– Не правам никакви разлики. Пораснав и во средина со различни националности. Во сегашната генерација имаме добри играчи кои доаѓаат од Албанија и Косово. Во мојата тренерска кариера отсекогаш сум имал различни култури.

The post Дали швајцарската фудбалска репрезентација е доволно албанска? appeared first on Република.

]]>
Швајцарски производител на сирење осуден за убиство од небрежност https://republika.mk/vesti/svet/shvajtsarski-proizvoditel-na-sirene-osuden-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Thu, 30 May 2024 20:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=783314

Окружниот суд во централна Швајцарија осуди производител на сирење по повеќе точки од обвинение за убиство од небрежност, откако седум лица починаа откако јаделе сирење загадено со листерија.

Во скратена постапка, судот изрече затворска казна од 24 месеци и парична казна од 9.600 швајцарски франци (10.500 долари), а двете казни се условни, пренесува Свисинфо.

Судот, исто така, осуди човек од Штајнерберг, Кантон на Швајцарија, за повеќекратни телесни повреди, тешки телесни повреди и повеќекратни прекршоци против Законот за прехранбени производи.

The post Швајцарски производител на сирење осуден за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Окружниот суд во централна Швајцарија осуди производител на сирење по повеќе точки од обвинение за убиство од небрежност, откако седум лица починаа откако јаделе сирење загадено со листерија. Во скратена постапка, судот изрече затворска казна од 24 месеци и парична казна од 9.600 швајцарски франци (10.500 долари), а двете казни се условни, пренесува Свисинфо. Судот, исто така, осуди човек од Штајнерберг, Кантон на Швајцарија, за повеќекратни телесни повреди, тешки телесни повреди и повеќекратни прекршоци против Законот за прехранбени производи.

The post Швајцарски производител на сирење осуден за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-ambasadorkata-na-shvajtsarija-veronik-halman-marti/ Mon, 27 May 2024 12:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=782100

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти.

На средбата беа разменети мислења за севкупната билатерална соработка меѓу двете држави, што ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на соработка и меѓусебно почитување.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во Швајцарија, со која годинава одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, гледаме голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките цели и приоритети.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на швајцарската поддршка за македонските институции, како на централно, така и на локално ниво, но и за граѓанското општество и нагласи дека особено го цениме фактот што Швајцарија е наш најголем билатерален донатор.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата од натамошно зајакнување економската соработка, како преку натамошно унапредување на трговската размена, така и преку зголемување на швајцарските инвестиции.

На средбата беше посочено и на бројната македонска дијаспора во Швајцарија, како важен аспект во севкупниот развој на односите меѓу двете држави.

 

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти.

На средбата беа разменети мислења за севкупната билатерална соработка меѓу двете држави, што ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на соработка и меѓусебно почитување.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во Швајцарија, со која годинава одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, гледаме голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките цели и приоритети.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на швајцарската поддршка за македонските институции, како на централно, така и на локално ниво, но и за граѓанското општество и нагласи дека особено го цениме фактот што Швајцарија е наш најголем билатерален донатор.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата од натамошно зајакнување економската соработка, како преку натамошно унапредување на трговската размена, така и преку зголемување на швајцарските инвестиции.

На средбата беше посочено и на бројната македонска дијаспора во Швајцарија, како важен аспект во севкупниот развој на односите меѓу двете држави.

 

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти appeared first on Република.

]]>
Двајца тешко ранети, а уште четворица полесно повредени во напад со нож во Швајцарија https://republika.mk/vesti/svet/dvajtsa-teshko-raneti-a-ushte-chetvoritsa-polesno-povredeni-vo-napad-so-nozh-vo-shvajtsarija/ Thu, 16 May 2024 20:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=778968

Две лица се тешко повредени, а уште четири се полесно ранети во напад со нож врз случајни минувачи во северниот швајцарски град Зофинген, на околу 50 километри јужно од Базел и германската граница.

Како што соопшти локалната полиција, има неколку повредени лица. Портпаролот на полицијата за ДПА, додаде дека тие се пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека добила повици дека маж нападнал луѓе со нож на локална железничка станица. Напаѓачот потоа избегал во блиската зграда, повредувајќи ги и лицата што ги сретнувал по патот.

Полицијата на социјалните мрежи потврди дека насилникот бил уапсен од специјалци откако два часа се криел во зградата. Според локалната полиција, сторителот, за кој се претпоставува дека дејствувал сам, е идентификуван како странец на околу 40 години.

Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Сите шест жртви се во болница со убодни рани. Меѓу повредените има и две учителки од кантоналното училиште во Зофинген и една бремена жена, која се здобила со расекотини на лицето, но нејзиниот живот повеќе не е во животна опасност.

Насилникот добил и лекарска помош бидејќи се повредил со нож.

The post Двајца тешко ранети, а уште четворица полесно повредени во напад со нож во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Две лица се тешко повредени, а уште четири се полесно ранети во напад со нож врз случајни минувачи во северниот швајцарски град Зофинген, на околу 50 километри јужно од Базел и германската граница. Како што соопшти локалната полиција, има неколку повредени лица. Портпаролот на полицијата за ДПА, додаде дека тие се пренесени во болница. Полицијата соопшти дека добила повици дека маж нападнал луѓе со нож на локална железничка станица. Напаѓачот потоа избегал во блиската зграда, повредувајќи ги и лицата што ги сретнувал по патот. Полицијата на социјалните мрежи потврди дека насилникот бил уапсен од специјалци откако два часа се криел во зградата. Според локалната полиција, сторителот, за кој се претпоставува дека дејствувал сам, е идентификуван како странец на околу 40 години. Мотивот за нападот се уште е нејасен. Сите шест жртви се во болница со убодни рани. Меѓу повредените има и две учителки од кантоналното училиште во Зофинген и една бремена жена, која се здобила со расекотини на лицето, но нејзиниот живот повеќе не е во животна опасност. Насилникот добил и лекарска помош бидејќи се повредил со нож.

The post Двајца тешко ранети, а уште четворица полесно повредени во напад со нож во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Ни машко ни женско: Победникот на Евросонг е небинарно лице https://republika.mk/scena/muzika/ni-mashko-ni-zhensko-pobednikot-na-evrosong-e-nebinarno-litse/ Sun, 12 May 2024 13:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=777212

Немо Метлер е првиот небинарен изведувач кој победи на Евровизија и рече дека се чувствува горд не само за себе, туку и за заедницата на луѓе кои се небинарни или родово флуидни.

Тој го опиша моменталното расположение.

- Целото ова искуство беше многу интензивно и не секогаш толку пријатно, многу работи се поврзани со љубовта и единството, имаше толку многу различни култури и луѓе кои беа позитивни, посветени на музиката и ми даваа надеж....

The post Ни машко ни женско: Победникот на Евросонг е небинарно лице appeared first on Република.

]]>

Немо Метлер е првиот небинарен изведувач кој победи на Евровизија и рече дека се чувствува горд не само за себе, туку и за заедницата на луѓе кои се небинарни или родово флуидни. Тој го опиша моменталното расположение.
- Целото ова искуство беше многу интензивно и не секогаш толку пријатно, многу работи се поврзани со љубовта и единството, имаше толку многу различни култури и луѓе кои беа позитивни, посветени на музиката и ми даваа надеж....

The post Ни машко ни женско: Победникот на Евросонг е небинарно лице appeared first on Република.

]]>
Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија https://republika.mk/vesti/svet/peskov-ne-ja-gledame-smislata-na-mirovnata-konferentsija-vo-shvajtsarija-bez-uchestvoto-na-rusija/ Thu, 02 May 2024 18:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=773504

Русија денеска реагираше дека не ја гледа поентата на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни, на која Москва не е поканета.

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во овој момент“ Русија не е меѓу 160-те поканети делегации, додавајќи дека е отворена за нејзиното учество, но дека Москва не е заинтересирана.

Берн ја најави средбата  уште во јануари, наведувајќи дека тоа го прави на изричито барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска истакна дека Москва не ја смета оваа иницијатива за веродостојна.

-Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција, изјави Песков. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?, додаде тој.

„Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн.

-Знаеме дека нема смисла да се има Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“.

Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок на Русија на бојното поле и обединувањето на државите „кои делат исти принципи“ ќе и помогнат на оваа земја да биде подготвена да учествува во дијалогот.

The post Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија appeared first on Република.

]]>

Русија денеска реагираше дека не ја гледа поентата на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни, на која Москва не е поканета. Швајцарската влада денеска соопшти дека „во овој момент“ Русија не е меѓу 160-те поканети делегации, додавајќи дека е отворена за нејзиното учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн ја најави средбата  уште во јануари, наведувајќи дека тоа го прави на изричито барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска истакна дека Москва не ја смета оваа иницијатива за веродостојна. -Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција, изјави Песков. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?, додаде тој. „Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи портпаролот на Кремљ. Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн. -Знаеме дека нема смисла да се има Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“. Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок на Русија на бојното поле и обединувањето на државите „кои делат исти принципи“ ќе и помогнат на оваа земја да биде подготвена да учествува во дијалогот.

The post Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија appeared first on Република.

]]>
Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија https://republika.mk/vesti/svet/shvajtsarskiot-parlament-odbi-da-se-prikluchi-na-grupata-za-sanktsii-protiv-rusija/ Wed, 17 Apr 2024 17:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=767224

Долниот дом на швајцарскиот Парламент го отфрли предлогот на партијата на Зелените, со кој Швајцарија требаше да се приклучи на меѓународната РЕПО група за воведување економски санкции против Русија.

Со 101 глас „против“ и 80 гласа „за“, Долниот дом одби да се приклучи на групата основана во 2022 година од САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Европската комисија, пренесуваат британските медиуми.

Владата претходно излезе со препорака земјата да не се приклучува кон групата РЕПО, а министерката за економија Бет Јанс кажа дека предноста од таквата одлука се рефлектира во способноста на Швајцарија да организира мировен самит за војната во Украина.

Русија веќе ја отфрли можноста за учество на самитот, соопштувајќи дека Швајцарија ја отфрлила својата декларирана неутралност со учеството во санкциите на ЕУ против Москва.

На 15 и 16 јуни, Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво, чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнатиус Касис.

Русија инсистира на тоа дека за мир е неопходно западните земји да ја прифатат „новата реалност на теренот“, додека Украина инсистира на целосно враќање на нејзината територија и повлекување на руската армија.

The post Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на швајцарскиот Парламент го отфрли предлогот на партијата на Зелените, со кој Швајцарија требаше да се приклучи на меѓународната РЕПО група за воведување економски санкции против Русија. Со 101 глас „против“ и 80 гласа „за“, Долниот дом одби да се приклучи на групата основана во 2022 година од САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Европската комисија, пренесуваат британските медиуми. Владата претходно излезе со препорака земјата да не се приклучува кон групата РЕПО, а министерката за економија Бет Јанс кажа дека предноста од таквата одлука се рефлектира во способноста на Швајцарија да организира мировен самит за војната во Украина. Русија веќе ја отфрли можноста за учество на самитот, соопштувајќи дека Швајцарија ја отфрлила својата декларирана неутралност со учеството во санкциите на ЕУ против Москва. На 15 и 16 јуни, Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво, чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнатиус Касис. Русија инсистира на тоа дека за мир е неопходно западните земји да ја прифатат „новата реалност на теренот“, додека Украина инсистира на целосно враќање на нејзината територија и повлекување на руската армија.

The post Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија appeared first on Република.

]]>