шуми Archives - Република https://republika.mk/tema/shumi/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 11:49:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шуми Archives - Република https://republika.mk/tema/shumi/ 32 32 Укината целосната забрана за движење во шума https://republika.mk/zivot/servisi/ukinata-tselosnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shuma/ Fri, 20 Sep 2024 11:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=818165

Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Согласно Барањето од ЈП „Национални шуми“ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год., заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП „Национални шуми“, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека за спроведување на горенаведената согласност за укинување на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за Одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.

The post Укината целосната забрана за движење во шума appeared first on Република.

]]>

Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“. Согласно Барањето од ЈП „Национални шуми“ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год., заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП „Национални шуми“, информираат од јавното претпријатие. Оттаму додаваат дека за спроведување на горенаведената согласност за укинување на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за Одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.

The post Укината целосната забрана за движење во шума appeared first on Република.

]]>
Од денеска целосна забрана за движење во шуми: Високи казни за непочитувачите на законот https://republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-tselosna-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi-visoki-kazni-za-nepochituvachite-na-zakonot/ Mon, 15 Jul 2024 10:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=796973

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

The post Од денеска целосна забрана за движење во шуми: Високи казни за непочитувачите на законот appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.
За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

The post Од денеска целосна забрана за движење во шуми: Високи казни за непочитувачите на законот appeared first on Република.

]]>
Министрите од регионот единствени – Регионална зелена акција за заедничка заштита и обнова на шумите https://republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-od-regionot-edinstveni-regionalna-zelena-aktsija-za-zaednichka-zashtita-i-obnova-na-shumite/ Fri, 06 Oct 2023 14:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=688629

Во рамки на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, министерот Николвоски заедно со своите колеги министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија споделија искуства и разговараа за зајакнување на соработката и националниот камацитет на земјите од регионот во делот на шумарството.

Основната цел на оваа конференција, беше токму во таа насока, да заеднички ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек.

Шумите се природното богаство на секоја една земја и токму затоа оваа министерска конференција нуди можност за поставување на јасни цели за заедничка акција во зачувувањето и обновата на шумите.

Министерот Николовски во своето обраќање истакна дека сите држави од регионот имаат заедничка обврска да ги чуваат, развиваат и обновуваат шумите, создавајќи зелена и здрава иднина за сите граѓани.

Зелената транзиција е еден од петте приоритети на министерството и Владата на Република Македонија. Пошумувањето претставува една од главните алатки во борбата против климатските промени. Во таа насока како држави би требало да одговориме преку пошумување и подигнување на соодветни шумски култури, подобрувајќи го составот на шумите со автохтони видови на дрвја отпорни на климатските промени. Зајакнување на мерките за заштита на шумите од пожари и подобрување на подготвеноста при нивно гасење. Воспоставување на постојан надзор на сите шуми, особено на најчувствителните и највредни шуми, истакна министерот Николовски.

Во своето обраќање вицепремиерот за економски систем и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ го истакна богатото црногорско шумско наследство и напорите за зачувување на шумите.

Црна Гора гордо се истакнува со богатите шумски ресурси и традицијата за зачувување на шумите. Шумите се витален дел на нашиот национален индентитет и тие играат клучна улога во одржувањето на екосистемска рамномерност, регулирањето на климата и водата, намалувањето на штетите од ерозија, но даваат и многу економски и социјални бенефити, истакна министерот Јоковиќ.

Тој во своето излагање информираше за тековните реформи за одржливо управување со државните шуми, истакнувајќи ги приоритетите како што се отпорноста, руралниот развој, конкурентноста на дрвната индустрија, развојот на шумарската професија, обновувањето на опожарените површини и адаптацијата на климатските промени. Јоковиќ, исто така, ја истакна важноста на регионалната соработка за управување со шумите.

Министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај во своето обраќање истакна дека негативните ефекти од климатските промени врз шумите се реалност и во Албанија. Со поддршка на Светска банка, Албанија за прв пат воведува Дигитална платформа за климатски-паметно земјоделство, со цел да ги насочи земјоделците кон поодржливи земјоделски практики, а исто така, инвестира во модернизирање на наводнувањето и одводнувањето и интегрирање на обновливите извори на енергија за заштите на животната средина.

Фатон Пеци, Министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово,  во своето обраќање ја истакна важноста на регионалната соработка, потенцирајќи дека Владата на Косово активно работи на заштита и обновување на шумите, преку законски измени и проекти поддржани од меѓународни партнери, меѓу кои Европската комисија, САД, ФАО, Јапонија, Шведска и Германија, чија основна цел е подобрено управување со шумите, превенција од поплави и управување со ризик од шумски пожари и други природни катастрофи.

Во своето обраќње заменик-министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов ја истакна посветеноста на Бугарија на пошумувањето, како начин за справување со деградацијата и ерозијата на почвите, и истовремено зачувување на квалитетот на земјиштето и водниот биланс. Тој истакна дека 30 отсто од напорите на Бугарија за пошумување се фокусираат на анти-ерозивни мерки, и информираше за автоматизирано контејнерско производство на садници во Бугарија со финансиска поддршка од Европската унија.

Своја презентација во рамки на министерската конференција имаше и Кеничи Шоно, офицер за шумарство при ФАО, кој ја потврди посветеноста на ФАО за поддршка на земјите во одржливо управување со природните ресурси за унапредување на животната средина.

На првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“ учество со свои излагања земаа и повеќе академски експерти од Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, кој одржаа презентации на низа клучни теми, вклучително најдобри практики во обновувањето на шумите, силвикултура и предизвици во пошумувањето, споделувајќи нови научни искуства за производството на саден материјал од шумски видови, стратегии за пошумување на голи терени, хидросеење како начин за рекултивација на деградирано земјиште и еродирани подрачја, како и производство на биомаса.

Споделените искуства и практики од денешната министерска конференција за шумарство придонесуваат кон уште поголем развој на шумите, позелена и здрава иднина на земјите од Западен Балкан.

The post Министрите од регионот единствени – Регионална зелена акција за заедничка заштита и обнова на шумите appeared first on Република.

Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната https://republika.mk/vesti/crna-hronika/globi-do-2-000-evra-za-litsa-shto-se-dvizhat-niz-shumi-i-pokraj-zabranata/ Tue, 18 Jul 2023 16:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=662831

Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата што нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство.

Од вчера во сила стапи делумна забрана за движење во шума во периодот од 6 до 20 часот поради заштита од пожари.

Забраната, која не го опфаќа Водно, ќе трае сѐ до процената дека ризикот од шумски пожари е намален, a движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое управуваат.

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

The post Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната appeared first on Република.

]]>

Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата што нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство. Од вчера во сила стапи делумна забрана за движење во шума во периодот од 6 до 20 часот поради заштита од пожари. Забраната, која не го опфаќа Водно, ќе трае сѐ до процената дека ризикот од шумски пожари е намален, a движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое управуваат. Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

The post Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната appeared first on Република.

]]>
Од денеска забрана за движење низ шуми, национални паркови и заштитени подрачја https://republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-zabrana-za-dvizhene-niz-shumi-natsionalni-parkovi-i-zashtiteni-podrachja/ Mon, 17 Jul 2023 06:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=662098

Од денеска стапува на сила забрана за движење во шуми.

За ова Владата донесе одлука синоќа и ги задолжи надлежните тела што стопанисуваат да прогласат забрана која ќе се операционализира од денеска (17 јули).

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер, додаваат од Владата.
На подрачјето на Водно, пак, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Ваквата одлука доаѓа во период кога земјава се наоѓа во портокалова фаза од опасност поради високите температури. За заштита на населението, вчера беа продолжени и препораките и одлуките кои се однесуваат на ранливите категории и на работата на отворено.

The post Од денеска забрана за движење низ шуми, национални паркови и заштитени подрачја appeared first on Република.

]]>

Од денеска стапува на сила забрана за движење во шуми. За ова Владата донесе одлука синоќа и ги задолжи надлежните тела што стопанисуваат да прогласат забрана која ќе се операционализира од денеска (17 јули). Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер, додаваат од Владата. На подрачјето на Водно, пак, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли. Ваквата одлука доаѓа во период кога земјава се наоѓа во портокалова фаза од опасност поради високите температури. За заштита на населението, вчера беа продолжени и препораките и одлуките кои се однесуваат на ранливите категории и на работата на отворено.

The post Од денеска забрана за движење низ шуми, национални паркови и заштитени подрачја appeared first on Република.

]]>
„Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“- едукативна кампања на Противпожарниот сојуз на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/da-gi-zashtitime-nashite-shumi-od-pozhari-edukativna-kampana-na-protivpozharniot-sojuz-na-makedonija/ Wed, 14 Jun 2023 13:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=651368

„Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“ е насловот на кампањата која денеска се одржа на плоштадот Македонија со цел да се едуцира јавноста за заштита од пожари во шумите кои изминативе години зафатија голем дел од нашето национално богатство.

Кампањата, која е во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје, Општинските противпожарни Сојузи на Општините од Град Скопје, Дирекција за заштита и спасување на Македонија и Македонски шуми, се реализира со делење флаери со едукативна содржина за заштита од пожарите, почитување на мерките за претпазливост и спречување на пожарите со навремено известување. Кампањата започнува во Скопје, но планирани се активности и во останатите градови во државата.

Оваа кампања е централизирана во Скопје, но планирани се и активности за во останатите градови од Македонија и пред се ќе се насочиме кон електронско информирање на јавноста со пласирање на информации преку социјалните медиуми и преку средствата за јавно информирање, изјави Зоран Кочоски, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, додавајќи дека овој настан е само еден од низата на настани кои ќе следат во периодот.

null

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија нагласи дека најдобар начин за справување со пожарите е информирањето, односно свесноста за брза дојава во случај на забележување на пожар на отворено или во шумите.

Противпожарниот сојуз на Македонија планира да формира свои тимови кои ќе бидат на располагање на професионалниот состав за гасење на пожари во соработка со Македонски шуми и со Противпожарните единици од градовите низ државата, истакна Кочоски со надеж дека ќе имаме мирно лето без пожари.

На прашање во врска со бројот на пожарникари во нашата држава, Кочоски рече дека Македонија нема доволен број на пожарникари и дека потребно е зголемување како и инвестиција во обуките и опрема за сите доброволни пожарникари. Тој нагласи дека недостигот на координација е најголемиот проблем за ненавременото справување со пожарите кои се јавуваат на отворен простор.

null

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје , Петар Плотников, појасни дека ова е почеток на серијата кампањи кои ќе се одржат во летниот период и информираше дека последователно кампањи ќе се одржат и преку општинските противпожарни сојузи Аеродром, Косела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Гази Баба, Сопиште, Петровец и Илинден.

Дополнително ќе се покријат и оние делови, локалитети на градот Скопје кои претставуваат туристички и излетнички места, а тоа се Катланово, Чучер Сандево, Матка, Сарај, Парк шумата Водно, Козјак и Марков манастир, истакна Плотников.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија Кочоски за МИА истакна дека сојузот се уште има добар одзив на старите членови кои волонтираат, но нагласи дека има недостаток во недефинираниот статус на Противпожарниот сојуз во државата и недостиг на финансиска поддршка.

Во Македонија има вкупно 31 регистриран сојуз од кои само 23 се активни. Во моментов има 24 регистрирани противпожарни друштва со околу 1400 членови, од кои активни се околу 500, што е под нивото на кое треба да биде државата бидејќи противпожарните друштва се соочуваат со немање на средства за опрема и функционирање. Најлошото е тоа што во Македонија нема систем на организирани обуки и сертифицирање на пожарникари, нагласи Зоран Кочоски.

The post „Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“- едукативна кампања на Противпожарниот сојуз на Македонија appeared first on Република.

]]>

„Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“ е насловот на кампањата која денеска се одржа на плоштадот Македонија со цел да се едуцира јавноста за заштита од пожари во шумите кои изминативе години зафатија голем дел од нашето национално богатство. Кампањата, која е во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје, Општинските противпожарни Сојузи на Општините од Град Скопје, Дирекција за заштита и спасување на Македонија и Македонски шуми, се реализира со делење флаери со едукативна содржина за заштита од пожарите, почитување на мерките за претпазливост и спречување на пожарите со навремено известување. Кампањата започнува во Скопје, но планирани се активности и во останатите градови во државата.
Оваа кампања е централизирана во Скопје, но планирани се и активности за во останатите градови од Македонија и пред се ќе се насочиме кон електронско информирање на јавноста со пласирање на информации преку социјалните медиуми и преку средствата за јавно информирање, изјави Зоран Кочоски, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, додавајќи дека овој настан е само еден од низата на настани кои ќе следат во периодот.
null Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија нагласи дека најдобар начин за справување со пожарите е информирањето, односно свесноста за брза дојава во случај на забележување на пожар на отворено или во шумите.
Противпожарниот сојуз на Македонија планира да формира свои тимови кои ќе бидат на располагање на професионалниот состав за гасење на пожари во соработка со Македонски шуми и со Противпожарните единици од градовите низ државата, истакна Кочоски со надеж дека ќе имаме мирно лето без пожари.
На прашање во врска со бројот на пожарникари во нашата држава, Кочоски рече дека Македонија нема доволен број на пожарникари и дека потребно е зголемување како и инвестиција во обуките и опрема за сите доброволни пожарникари. Тој нагласи дека недостигот на координација е најголемиот проблем за ненавременото справување со пожарите кои се јавуваат на отворен простор. null Претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје , Петар Плотников, појасни дека ова е почеток на серијата кампањи кои ќе се одржат во летниот период и информираше дека последователно кампањи ќе се одржат и преку општинските противпожарни сојузи Аеродром, Косела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Гази Баба, Сопиште, Петровец и Илинден.
Дополнително ќе се покријат и оние делови, локалитети на градот Скопје кои претставуваат туристички и излетнички места, а тоа се Катланово, Чучер Сандево, Матка, Сарај, Парк шумата Водно, Козјак и Марков манастир, истакна Плотников.
Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија Кочоски за МИА истакна дека сојузот се уште има добар одзив на старите членови кои волонтираат, но нагласи дека има недостаток во недефинираниот статус на Противпожарниот сојуз во државата и недостиг на финансиска поддршка.
Во Македонија има вкупно 31 регистриран сојуз од кои само 23 се активни. Во моментов има 24 регистрирани противпожарни друштва со околу 1400 членови, од кои активни се околу 500, што е под нивото на кое треба да биде државата бидејќи противпожарните друштва се соочуваат со немање на средства за опрема и функционирање. Најлошото е тоа што во Македонија нема систем на организирани обуки и сертифицирање на пожарникари, нагласи Зоран Кочоски.

The post „Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“- едукативна кампања на Противпожарниот сојуз на Македонија appeared first on Република.

]]>
Веќе нема одење во шума: Жичарницата и автобуските линии до Водно од утре нема да функционираат https://republika.mk/vesti/skopje/vekje-nema-odenje-vo-shuma-zicharnicata-i-avtobuskite-linii-do-vodno-od-utre-nema-da-funkcioniraat/ Thu, 23 Jun 2022 15:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=519017

Од утре, петок, Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција, соопшти ЈСП-Скопје.

Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП Национални шуми – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите, наведено е во соопштението.

The post Веќе нема одење во шума: Жичарницата и автобуските линии до Водно од утре нема да функционираат appeared first on Република.

]]>

Од утре, петок, Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција, соопшти ЈСП-Скопје. Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП Национални шуми – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите, наведено е во соопштението.  

The post Веќе нема одење во шума: Жичарницата и автобуските линии до Водно од утре нема да функционираат appeared first on Република.

]]>
Се воведува забрана за движење во шуми, казни од 1.500 до 2.000 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/se-voveduva-zabrana-za-dvizenje-vo-shumi-kazni-od-1-500-do-2-000-evra/ Thu, 23 Jun 2022 10:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=518805

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Забраната стапува во сила од утре и се воведува поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување - се наведува во соопштението на „Национални шуми“.

Оттаму посочуваат дела оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат - се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност

The post Се воведува забрана за движење во шуми, казни од 1.500 до 2.000 евра appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од утре и се воведува поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.