Од утре, петок, Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција, соопшти ЈСП-Скопје.

Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП Национални шуми – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите, наведено е во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.