штрајкови Archives - Република https://republika.mk/tema/shtrajkovi/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 09:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штрајкови Archives - Република https://republika.mk/tema/shtrajkovi/ 32 32 Штрајкoви ја парализираа Грција https://republika.mk/vesti/balkan/shtrajkovi-ja-paraliziraa-grtsija/ Thu, 16 Mar 2023 09:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=620222

Летовите во Грција денеска ќе бидат прекинати, а бродовите ќе останат закотвени во пристаништата за време на штрајкот поради најсмртоносната железничка несреќа во земјата.

Штрајкот на најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, во наредните 24 часа, исто така, се очекува да ги затвори јавните служби и државните училишта и да го наруши градскиот транспорт. Тоа е последен во серијата протести по верижниот судир на патнички и товарен воз во централниот грчки регион Темпa. Во патничкиот воз имаше повеќе од 350 луѓе, главно студенти.

Железничарите организираа континуирани штрајкови.

Штрајкувачите ја обвинуваат конзервативната влада и политичкиот естаблишмент во земјата дека ги игнорираат повиците на синдикатите за дефектните системи за безбедност на железницата.

– Сакаме колективно да го изразиме нашето разочарување од она што не се случило со години, но пред сè сакаме да го изразиме нашиот гнев за она што се случи во Темпа. Нема да дозволиме недостигот на транспарентност, прикривање, негирање на одговорност и какво било одложување да доведе до заборав – се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ.

Поведена е судска истрага за несреќата.

Несреќата предизвика гнев во јавноста. Минатата недела, десетици илјади луѓе се собраа во Атина и други градови низ Грција на најголемите улични протести со кои се соочи владата од изборите во 2019 година.

 

The post Штрајкoви ја парализираа Грција appeared first on Република.

]]>

Летовите во Грција денеска ќе бидат прекинати, а бродовите ќе останат закотвени во пристаништата за време на штрајкот поради најсмртоносната железничка несреќа во земјата. Штрајкот на најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, во наредните 24 часа, исто така, се очекува да ги затвори јавните служби и државните училишта и да го наруши градскиот транспорт. Тоа е последен во серијата протести по верижниот судир на патнички и товарен воз во централниот грчки регион Темпa. Во патничкиот воз имаше повеќе од 350 луѓе, главно студенти. Железничарите организираа континуирани штрајкови. Штрајкувачите ја обвинуваат конзервативната влада и политичкиот естаблишмент во земјата дека ги игнорираат повиците на синдикатите за дефектните системи за безбедност на железницата. – Сакаме колективно да го изразиме нашето разочарување од она што не се случило со години, но пред сè сакаме да го изразиме нашиот гнев за она што се случи во Темпа. Нема да дозволиме недостигот на транспарентност, прикривање, негирање на одговорност и какво било одложување да доведе до заборав – се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ. Поведена е судска истрага за несреќата. Несреќата предизвика гнев во јавноста. Минатата недела, десетици илјади луѓе се собраа во Атина и други градови низ Грција на најголемите улични протести со кои се соочи владата од изборите во 2019 година.  

The post Штрајкoви ја парализираа Грција appeared first on Република.

]]>
Француските синдикати и денеска организираат штрајкови против пензиската реформа https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-sindikati-i-deneska-organiziraat-shtrajkovi-protiv-penziskata-reforma/ Wed, 15 Mar 2023 08:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=619780

Франција и денеска се соочува со уште еден ден на штрајкови поради контроверзната пензиска реформа што претседателот Емануел Макрон, и покрај повеќемесечните штрајкови, речиси ја спроведе.

По рекордниот број на демонстранти кои излегоа на улиците на 7 март и новите протести во саботата, денеска ќе се одржат штрајкови во време кога пратениците и сенаторите треба да го договорат конечниот текст, пред утре да се гласа во двата дома на францускиот Парламент.

Бидејќи законот влегува во завршна фаза, синдикатите се подготвени за уште еден обид да извршат притисок врз владата и пратениците да го отфрлат предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Протестите во саботата не привлекоа толку многу луѓе како претходно, а штрајковите на железничарите, рафинериите за нафта и вработените во јавниот сектор не ја парализираа земјата до степен до кој се надеваа синдикатите.

Минатиот вторник, на шестиот ден од протестите против пензиската реформа во Франција, присуствуваа 1,28 милиона лица, процени француското МВР, додека синдикатот CGT излезе со проценка за 3,5 милиони демонстранти, што е повеќе од рекордното учество на 31 јануари.

Највидливата последица од штрајковите се купиштата ѓубре на улиците на Париз бидејќи градските комунални работници не го креваат, освен во 10 квартови покриени од приватни компании каде собирањето ѓубре се одвива речиси нормално.

Министерот за транспорт, Клемент Бон, денеска соопшти дека не очекува некои поголеми проблеми во јавниот превоз, како што беше забележано при претходните штрајкови.

Ситуацијата е и политички тензична бидејќи прашање е дали Макрон може да собере доволно гласови во Долниот дом на парламентот. За усвојување на контроверзниот закон тој таму ќе бара поддршка од опозициската, конзервативна Републиканска партија (ЛР).

Покрај зголемувањето на старосната граница за пензионирање, предложениот закон предвидува и поголем стаж за целосно пензионирање и укинување на бенефициите што ги уживаат работниците во некои јавни услуги, вклучително и оние на париското метро.

Откако владата прво тврдеше дека сака да го реформира пензискиот систем за да го направи поправеден, сега тврди дека промените се неопходни за штедење и за извлекување на францускиот пензиски систем од дефицит до 2030 година.

The post Француските синдикати и денеска организираат штрајкови против пензиската реформа appeared first on Република.

]]>

Франција и денеска се соочува со уште еден ден на штрајкови поради контроверзната пензиска реформа што претседателот Емануел Макрон, и покрај повеќемесечните штрајкови, речиси ја спроведе. По рекордниот број на демонстранти кои излегоа на улиците на 7 март и новите протести во саботата, денеска ќе се одржат штрајкови во време кога пратениците и сенаторите треба да го договорат конечниот текст, пред утре да се гласа во двата дома на францускиот Парламент. Бидејќи законот влегува во завршна фаза, синдикатите се подготвени за уште еден обид да извршат притисок врз владата и пратениците да го отфрлат предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Протестите во саботата не привлекоа толку многу луѓе како претходно, а штрајковите на железничарите, рафинериите за нафта и вработените во јавниот сектор не ја парализираа земјата до степен до кој се надеваа синдикатите. Минатиот вторник, на шестиот ден од протестите против пензиската реформа во Франција, присуствуваа 1,28 милиона лица, процени француското МВР, додека синдикатот CGT излезе со проценка за 3,5 милиони демонстранти, што е повеќе од рекордното учество на 31 јануари. Највидливата последица од штрајковите се купиштата ѓубре на улиците на Париз бидејќи градските комунални работници не го креваат, освен во 10 квартови покриени од приватни компании каде собирањето ѓубре се одвива речиси нормално. Министерот за транспорт, Клемент Бон, денеска соопшти дека не очекува некои поголеми проблеми во јавниот превоз, како што беше забележано при претходните штрајкови. Ситуацијата е и политички тензична бидејќи прашање е дали Макрон може да собере доволно гласови во Долниот дом на парламентот. За усвојување на контроверзниот закон тој таму ќе бара поддршка од опозициската, конзервативна Републиканска партија (ЛР). Покрај зголемувањето на старосната граница за пензионирање, предложениот закон предвидува и поголем стаж за целосно пензионирање и укинување на бенефициите што ги уживаат работниците во некои јавни услуги, вклучително и оние на париското метро. Откако владата прво тврдеше дека сака да го реформира пензискиот систем за да го направи поправеден, сега тврди дека промените се неопходни за штедење и за извлекување на францускиот пензиски систем од дефицит до 2030 година.

The post Француските синдикати и денеска организираат штрајкови против пензиската реформа appeared first on Република.

]]>
Франција се подготвува за нови штрајкови против пензиските реформи https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-se-podgotvuva-za-novi-shtrajkovi-protiv-penziskite-reformi/ Tue, 07 Feb 2023 09:13:35 +0000 https://republika.mk/?p=605824

Париз, 7 февруари 2023 (МИА) - Франција денеска се подготвува за нови штрајкови и масовни протести против длабоко непопуларната пензиска реформа, еден ден откако пратениците почнаа да расправаат за контроверзниот закон.

Претседателот Емануел Макрон ја направи реформата централен дел на неговата кампања за реизбор минатата година и е решен да ја спроведе и покрај жестокото противење од политичката левица и синдикатите, како и од пошироката јавност.

Протестите закажани за денеска се трети вакви собири низ државата организирани од почетокот на годинава.

Според полицијата, на минатонеделните протести низ целата земја учествувале 1,3 милиони луѓе, додека синдикатите тврдат дека учествувале повеќе од 2,5 милиони луѓе. Сепак, тоа беа најголемите вакви протести во Франција од 2010 година.

Возовите и париското метро се очекува денеска повторно да имаат „сериозно нарушување“ на движењата, соопштија операторите, при што се очекува да бидат откажани околу еден од пет летови на аеродромот Орли јужно од главниот град.

Дополнителни штрајкови се планирани за в сабота, иако синдикатите на железничкиот оператор SNCF рекоа дека нема да свикаат штрајк за викендот, слободен ден во некои региони.

Предлогот на Макрон ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години - се уште пониска отколку во многу европски земји - и ќе го зголеми бројот на години на луѓето да плаќаат придонеси за целосна пензија.

Неговата владејачка партија се надева дека ќе го донесе законот со помош на сојузниците од политичката десница, без да мора да прибегнува кон контроверзните извршни овластувања за кои не е потребно гласање. Но, членовите на левата опозиција се цврсто против и имаат поднесено илјадници амандмани.

Членовите на владата на премиерката Елизабет Борн се обидоа вчера во Парламентот да ја одбранат реформата.

Како што се зголемуваше притисокот, Борн понуди клучна отстапка во неделата, велејќи дека на луѓето кои почнале да работат на 20 или 21 година ќе им биде дозволено да ги напуштат своите работни места една година порано.

Целта на Макрон е да го извади пензискиот систем од дефицит до 2030 година со наоѓање околу 18 милијарди евра годишни заштеди - главно со принудување на луѓето да работат подолго и ставање крај на некои посебни пензиски шеми. паг/

 

The post Франција се подготвува за нови штрајкови против пензиските реформи appeared first on Република.

]]>

Париз, 7 февруари 2023 (МИА) - Франција денеска се подготвува за нови штрајкови и масовни протести против длабоко непопуларната пензиска реформа, еден ден откако пратениците почнаа да расправаат за контроверзниот закон. Претседателот Емануел Макрон ја направи реформата централен дел на неговата кампања за реизбор минатата година и е решен да ја спроведе и покрај жестокото противење од политичката левица и синдикатите, како и од пошироката јавност. Протестите закажани за денеска се трети вакви собири низ државата организирани од почетокот на годинава. Според полицијата, на минатонеделните протести низ целата земја учествувале 1,3 милиони луѓе, додека синдикатите тврдат дека учествувале повеќе од 2,5 милиони луѓе. Сепак, тоа беа најголемите вакви протести во Франција од 2010 година. Возовите и париското метро се очекува денеска повторно да имаат „сериозно нарушување“ на движењата, соопштија операторите, при што се очекува да бидат откажани околу еден од пет летови на аеродромот Орли јужно од главниот град. Дополнителни штрајкови се планирани за в сабота, иако синдикатите на железничкиот оператор SNCF рекоа дека нема да свикаат штрајк за викендот, слободен ден во некои региони. Предлогот на Макрон ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години - се уште пониска отколку во многу европски земји - и ќе го зголеми бројот на години на луѓето да плаќаат придонеси за целосна пензија. Неговата владејачка партија се надева дека ќе го донесе законот со помош на сојузниците од политичката десница, без да мора да прибегнува кон контроверзните извршни овластувања за кои не е потребно гласање. Но, членовите на левата опозиција се цврсто против и имаат поднесено илјадници амандмани. Членовите на владата на премиерката Елизабет Борн се обидоа вчера во Парламентот да ја одбранат реформата. Како што се зголемуваше притисокот, Борн понуди клучна отстапка во неделата, велејќи дека на луѓето кои почнале да работат на 20 или 21 година ќе им биде дозволено да ги напуштат своите работни места една година порано. Целта на Макрон е да го извади пензискиот систем од дефицит до 2030 година со наоѓање околу 18 милијарди евра годишни заштеди - главно со принудување на луѓето да работат подолго и ставање крај на некои посебни пензиски шеми. паг/  

The post Франција се подготвува за нови штрајкови против пензиските реформи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Отворени сме за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-otvoreni-sme-za-dijalog-za-rast-na-platite-koj-nema-da-bide-usloven-od-shtrajkovi/ Tue, 12 Apr 2022 12:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=487354

Вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина, затоа во периодот од 2017 до 2022 година нивните плати ги зголемивме за 21 процент, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока го охрабрувам синдикатот, да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Отворени сме за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови appeared first on Република.

]]>

Вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина, затоа во периодот од 2017 до 2022 година нивните плати ги зголемивме за 21 процент, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.
Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока го охрабрувам синдикатот, да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Отворени сме за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови appeared first on Република.

]]>