Вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина, затоа во периодот од 2017 до 2022 година нивните плати ги зголемивме за 21 процент, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока го охрабрувам синдикатот, да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите, додаде Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.