шпион Archives - Република https://republika.mk/tema/shpion/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 16:41:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпион Archives - Република https://republika.mk/tema/shpion/ 32 32 Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа https://republika.mk/vesti/svet/japonski-drzhavjanin-uapsen-vo-belorusija-poradi-shpionazha/ Fri, 06 Sep 2024 16:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=813906

Јапонски државјанин е уапсен во Белорусија под обвинение дека фотографирал воена и цивилна инфраструктура во близина на границата со Украина за јапонската тајна служба.

Белоруската државна телевизија објави дека Масатоши Наканиши направил 9.000 фотографии од воени објекти, аеродроми, железници, мостови и друга инфраструктура во граничната област на Белорусија и Украина.

Наканиши живеел во Гомел, вториот по големина град во Белорусија во близина на границата, од 2018 година и предавал јапонски на тамошен универзитет.

Белорусија беше почетна точка за руските трупи во војната во Украина, но не ги испрати своите војници на фронтот. паг/

 

The post Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа appeared first on Република.

]]>

Јапонски државјанин е уапсен во Белорусија под обвинение дека фотографирал воена и цивилна инфраструктура во близина на границата со Украина за јапонската тајна служба. Белоруската државна телевизија објави дека Масатоши Наканиши направил 9.000 фотографии од воени објекти, аеродроми, железници, мостови и друга инфраструктура во граничната област на Белорусија и Украина. Наканиши живеел во Гомел, вториот по големина град во Белорусија во близина на границата, од 2018 година и предавал јапонски на тамошен универзитет. Белорусија беше почетна точка за руските трупи во војната во Украина, но не ги испрати своите војници на фронтот. паг/  

The post Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа appeared first on Република.

]]>
Јапонски шпион уапсен во Белорусија https://republika.mk/vesti/svet/japonski-shpion-uapsen-vo-belorusija/ Thu, 05 Sep 2024 05:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=813264

Во Белорусија е приведен агент на јапонската разузнавачка служба, јави белоруската телевизија Белорусија 1.

Агентот, наводно, бил вклучен во собирање разузнавачки информации за социјалните и економските услови во Белорусија, спроведувањето на кинеската иницијатива „Појас и пат“ и ситуацијата долж украинско-белоруската граница.

Медиумот наведува дека ја снимал и белоруската воена инфраструктура.

The post Јапонски шпион уапсен во Белорусија appeared first on Република.

]]>

Во Белорусија е приведен агент на јапонската разузнавачка служба, јави белоруската телевизија Белорусија 1. Агентот, наводно, бил вклучен во собирање разузнавачки информации за социјалните и економските услови во Белорусија, спроведувањето на кинеската иницијатива „Појас и пат“ и ситуацијата долж украинско-белоруската граница. Медиумот наведува дека ја снимал и белоруската воена инфраструктура.

The post Јапонски шпион уапсен во Белорусија appeared first on Република.

]]>
Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија https://republika.mk/vesti/svet/vo-romanija-uapsen-osomnichen-za-shpionazha-za-rusija/ Fri, 24 May 2024 12:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=781410

Романските обвинители објавија дека започнале кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години. Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение наведе дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина.

Осомничениот собирал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персонал во пограничната област со Украина, кои потоа ги испратил до дипломатите од руската амбасада во Букурешт, се вели во соопштението.

Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага. Тоа е прво апсење за шпионажа за русија во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина.

The post Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија appeared first on Република.

]]>

Романските обвинители објавија дека започнале кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години. Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение наведе дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина. Осомничениот собирал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персонал во пограничната област со Украина, кои потоа ги испратил до дипломатите од руската амбасада во Букурешт, се вели во соопштението. Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага. Тоа е прво апсење за шпионажа за русија во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина.

The post Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија appeared first on Република.

]]>
Украински бегалец во Полска им овозможил на руските сили да го следат и уништуваат западното оружје испратено во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-begalets-vo-polska-im-ovozmozhil-na-ruskite-sili-da-go-sledat-i-unishtuvaat-zapadnoto-oruzhje-isprateno-vo-ukraina/ Thu, 16 May 2024 17:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=778499

Руските сили успеваат да ги погодат тајните складишта за муниција во Украина поради дојави од украински бегалец во Полска, пишува „Волстрит џурнал“.

Написот ја раскажува приказната за Максим Лега, кој имал 22 години кога почнал да ги извршува руските задачи во Полска.

Тој, немајќи средства за егзистенција, прво сликал графити на далечни огради и подземни премини за седум долари по парче. Потоа, Лега инсталирал камери долж  железничките линии по кои се транспортира западната воена помош во Украина.

Руските воени аналитичари ги комбинирале снимките од овие камери со снимките од сателитски надзор, што им овозможило да ги следат пратките со муниција од Полска до тајните складишта во Украина, кои на крајот биле погодени и уништени со дронови и проектили.

Висок претставник на западното воено разузнавање изјавил дека на овој начин руските сили успеале да уништат клучна воена опрема со минимални инвестиции.

The post Украински бегалец во Полска им овозможил на руските сили да го следат и уништуваат западното оружје испратено во Украина appeared first on Република.

]]>

Руските сили успеваат да ги погодат тајните складишта за муниција во Украина поради дојави од украински бегалец во Полска, пишува „Волстрит џурнал“. Написот ја раскажува приказната за Максим Лега, кој имал 22 години кога почнал да ги извршува руските задачи во Полска. Тој, немајќи средства за егзистенција, прво сликал графити на далечни огради и подземни премини за седум долари по парче. Потоа, Лега инсталирал камери долж  железничките линии по кои се транспортира западната воена помош во Украина. Руските воени аналитичари ги комбинирале снимките од овие камери со снимките од сателитски надзор, што им овозможило да ги следат пратките со муниција од Полска до тајните складишта во Украина, кои на крајот биле погодени и уништени со дронови и проектили. Висок претставник на западното воено разузнавање изјавил дека на овој начин руските сили успеале да уништат клучна воена опрема со минимални инвестиции.

The post Украински бегалец во Полска им овозможил на руските сили да го следат и уништуваат западното оружје испратено во Украина appeared first on Република.

]]>
Иран објавија дека егзекутирал шпион на Мосад https://republika.mk/vesti/svet/iran-objavija-deka-egzekutiral-shpion-na-mosad/ Sat, 16 Dec 2023 10:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=723598

Иранските власти објавија дека егзекутирале израелски шпион на Мосад во затвор во Захедан, во југоисточната провинција Систан и Белучистан.

Во телевизиски извештај на државната телевизија, се вели дека наводниот шпион имал врски со странски разузнавачки служби, вклучително и Мосад. Според соопштението, тој бил обвинет за вмешаност во објавувањето на доверливи информации.

Идентитетот на тоа лице не е соопштен.

The post Иран објавија дека егзекутирал шпион на Мосад appeared first on Република.

]]>

Иранските власти објавија дека егзекутирале израелски шпион на Мосад во затвор во Захедан, во југоисточната провинција Систан и Белучистан. Во телевизиски извештај на државната телевизија, се вели дека наводниот шпион имал врски со странски разузнавачки служби, вклучително и Мосад. Според соопштението, тој бил обвинет за вмешаност во објавувањето на доверливи информации. Идентитетот на тоа лице не е соопштен.

The post Иран објавија дека егзекутирал шпион на Мосад appeared first on Република.

]]>
Украински специјалци заробиле руски шпион во Киев https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-specijalci-zarobile-ruski-shpion-vo-kiev/ Sat, 23 Apr 2022 12:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=492695

Контраразузнавачката служба на украинската државна безбедност во Киев соопшти дека открила руски шпион кој имал задача да раководи со наведување на артилериски оган.

Апсењата ги извршија специјалните единици на службата за безбедност на Украина (СБУ).

Според објавените фотографии, станува збор за многу млада женска личност.

The post Украински специјалци заробиле руски шпион во Киев appeared first on Република.

]]>

Контраразузнавачката служба на украинската државна безбедност во Киев соопшти дека открила руски шпион кој имал задача да раководи со наведување на артилериски оган. Апсењата ги извршија специјалните единици на службата за безбедност на Украина (СБУ). Според објавените фотографии, станува збор за многу млада женска личност.

The post Украински специјалци заробиле руски шпион во Киев appeared first on Република.

]]>
На Крим уапсен Русин кој шпионирал и соработувал со украинската Служба за безбедност https://republika.mk/vesti/svet/na-krim-uapsen-rusin-koj-shpioniral-i-sorabotuval-so-ukrainskata-sluzba-za-bezbednost/ Fri, 01 Apr 2022 08:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=481779

Руски државјанин, кој соработувал со Службата за безбедност на Украина (СБУ), е уапсен при обид да го напушти Крим, соопшти прес-службата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) за Крим и градот Севастопол.

Спречени се незаконските активности на државјанин на Руската Федерација вклучен во соработка со специјалните служби на Украина. ФСБ го уапси при обид да премине во Украина, со цел да организира контакти со специјалните служби кои би можеле да и наштетат на безбедноста на Руската Федерација - се вели во соопштението.

Утврдено е дека уапсениот служел во самопрогласената Доњецка Народна Република и дека од неодамна престојувал на територијата на Крим и редовно одржувал контакти со соработниците на СБУ.

ФСБ во моментов ја истражува евентуалната вмешаност на затвореникот во кривичните дела велепредавство и шпионажа.

The post На Крим уапсен Русин кој шпионирал и соработувал со украинската Служба за безбедност appeared first on Република.

]]>

Руски државјанин, кој соработувал со Службата за безбедност на Украина (СБУ), е уапсен при обид да го напушти Крим, соопшти прес-службата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) за Крим и градот Севастопол.
Спречени се незаконските активности на државјанин на Руската Федерација вклучен во соработка со специјалните служби на Украина. ФСБ го уапси при обид да премине во Украина, со цел да организира контакти со специјалните служби кои би можеле да и наштетат на безбедноста на Руската Федерација - се вели во соопштението.
Утврдено е дека уапсениот служел во самопрогласената Доњецка Народна Република и дека од неодамна престојувал на територијата на Крим и редовно одржувал контакти со соработниците на СБУ. ФСБ во моментов ја истражува евентуалната вмешаност на затвореникот во кривичните дела велепредавство и шпионажа.

The post На Крим уапсен Русин кој шпионирал и соработувал со украинската Служба за безбедност appeared first on Република.

]]>
МИ5 предупреди дека има кинески шпион во британскиот Парламент https://republika.mk/vesti/svet/mi5-predupredi-deka-ima-kineski-shpion-vo-britanskiot-parlament/ Fri, 14 Jan 2022 21:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=444767

Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелните и идните британски пратеници.

„Би-Би-Си“ објави дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите биле од странски државјани од Кина и од Хонг Конг.

Некои медиуми објавија дека таа дури добила и писмо со благодарност од поранешните британски премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон.

МИ5 издаде предупредување за кинески шпион во британскиот парламент по завршувањето на „значајната и долготрајна истрага“.

Разузнавачката служба соопшти дека секој пратеник кој стапил во контакт со Кристин „треба да биде свесен за нејзините амбиции и способност да ја подобри политиката на Комунистичката партија на Кина“.

The post МИ5 предупреди дека има кинески шпион во британскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелните и идните британски пратеници. „Би-Би-Си“ објави дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите биле од странски државјани од Кина и од Хонг Конг. Некои медиуми објавија дека таа дури добила и писмо со благодарност од поранешните британски премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон. МИ5 издаде предупредување за кинески шпион во британскиот парламент по завршувањето на „значајната и долготрајна истрага“. Разузнавачката служба соопшти дека секој пратеник кој стапил во контакт со Кристин „треба да биде свесен за нејзините амбиции и способност да ја подобри политиката на Комунистичката партија на Кина“.

The post МИ5 предупреди дека има кинески шпион во британскиот Парламент appeared first on Република.

]]>