шопинг Archives - Република https://republika.mk/tema/shoping/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 08:02:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шопинг Archives - Република https://republika.mk/tema/shoping/ 32 32 Хороскопски знаци вљубени во шопингот https://republika.mk/zivot/astro/horoskopski-znatsi-vlubeni-vo-shopingot/ Thu, 03 Oct 2024 08:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=822051

Иако постојат луѓе кои не можат да ја поднесат идејата да купуваат, да трошат пари дури и да се почестат себеси со нешто, сепак, за овие личности терапијата со шопинг не е шега и причинува огромно задоволство и извор на среќа.

Ова се знаците што не знаат за стоп кога е во прашање задоволување на сопствените желби за некое ново парче!

СТРЕЛЕЦ

Ништо не ве спречува кога сакате да купите нешто. Секогаш го добивате она што го сакате. Ништо не ве возбудува повеќе од трошење на вашата кредитна картичка и излегување од продавница со полна торба.

ЛАВ

Обожавате да купувате за себе, како и за другите. Вие сте дарежливи по природа и навистина уживате во возбудата да направите некого среќен со тоа што ќе му дадете нешто што сака.

ОВЕН

Ако купувањето е она што е за вечера, тогаш вие сте први на масата. Не ви е гајле за добри зделки, само сакате да ја потрошите целата своја плата на што и да ја потхранува вашата фантазија.

The post Хороскопски знаци вљубени во шопингот appeared first on Република.

]]>

Иако постојат луѓе кои не можат да ја поднесат идејата да купуваат, да трошат пари дури и да се почестат себеси со нешто, сепак, за овие личности терапијата со шопинг не е шега и причинува огромно задоволство и извор на среќа. Ова се знаците што не знаат за стоп кога е во прашање задоволување на сопствените желби за некое ново парче! СТРЕЛЕЦ Ништо не ве спречува кога сакате да купите нешто. Секогаш го добивате она што го сакате. Ништо не ве возбудува повеќе од трошење на вашата кредитна картичка и излегување од продавница со полна торба. ЛАВ Обожавате да купувате за себе, како и за другите. Вие сте дарежливи по природа и навистина уживате во возбудата да направите некого среќен со тоа што ќе му дадете нешто што сака. ОВЕН Ако купувањето е она што е за вечера, тогаш вие сте први на масата. Не ви е гајле за добри зделки, само сакате да ја потрошите целата своја плата на што и да ја потхранува вашата фантазија.

The post Хороскопски знаци вљубени во шопингот appeared first on Република.

]]>
Македонците одат во Грција на кафе и гиро, Грците доаѓаат кај нас за да пазаруваат поевтино https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedontsite-odat-vo-grtsija-na-kafe-i-giro-grtsite-doagaat-kaj-nas-za-da-pazaruvaat-poevtino/ Fri, 19 Jan 2024 09:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=734545

При секој продолжен викенд обично кај Гевгелија, на граничниот премин „Богородица“ се формираат долги колони на возила кон грчката граница. Македонците, освен на прошетка, сакаат да купат нешто од големиот шопинг мол „Космос“, во Солун да пијат кафе и да јадат гиро, да си направат селфи покрај море…

Но, има и масовно доаѓање на Грците кај нас, но со малку поинаква намера. Грчката партија „Сириза“ посочува дека илјадници Грци одат во Македонија за да купат многу поевтини производи.

Дури се купуваат и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на оваа партија Дора Авгери.

Авгери воедно ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“ Таа додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

The post Македонците одат во Грција на кафе и гиро, Грците доаѓаат кај нас за да пазаруваат поевтино appeared first on Република.

]]>

При секој продолжен викенд обично кај Гевгелија, на граничниот премин „Богородица“ се формираат долги колони на возила кон грчката граница. Македонците, освен на прошетка, сакаат да купат нешто од големиот шопинг мол „Космос“, во Солун да пијат кафе и да јадат гиро, да си направат селфи покрај море… Но, има и масовно доаѓање на Грците кај нас, но со малку поинаква намера. Грчката партија „Сириза“ посочува дека илјадници Грци одат во Македонија за да купат многу поевтини производи.
Дури се купуваат и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на оваа партија Дора Авгери.
Авгери воедно ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“ Таа додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

The post Македонците одат во Грција на кафе и гиро, Грците доаѓаат кај нас за да пазаруваат поевтино appeared first on Република.

]]>
Борбата на Македонците за шопинг и добра храна во Врање https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/borbata-na-makedontsite-za-shoping-i-dobra-hrana-vo-vrane/ Tue, 24 Oct 2023 08:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=694405

Македонските граѓани вчера буквално го опседнаа Врање. По улиците и паркинзите можеа да се видат само македонски автомобили, а ги имаше од цела Македонија, од Скопје, Велес, Битола, Гостивар, Тетово, Струмица. Продавниците преполни. Се купуваше се и сешто, иако цените не се нешто пониски од оние во нашите маркети. Слободно може да се рече дека нашиот низок стандард не може веќе да ги „поднесе“ ниту српките цени. Сепак тоа не беше пречка кафеаните да се пребукирани од Македонци. Во некои кафеани се редеа редици од луѓе кои чекаа некој да стане за да „фатат“ место, за да ручаат. И така Денот на револуционерната борба нашите граѓани го искористија максимално да се изборат за добар шопинг и добар ручек во Врање.

The post Борбата на Македонците за шопинг и добра храна во Врање appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани вчера буквално го опседнаа Врање. По улиците и паркинзите можеа да се видат само македонски автомобили, а ги имаше од цела Македонија, од Скопје, Велес, Битола, Гостивар, Тетово, Струмица. Продавниците преполни. Се купуваше се и сешто, иако цените не се нешто пониски од оние во нашите маркети. Слободно може да се рече дека нашиот низок стандард не може веќе да ги „поднесе“ ниту српките цени. Сепак тоа не беше пречка кафеаните да се пребукирани од Македонци. Во некои кафеани се редеа редици од луѓе кои чекаа некој да стане за да „фатат“ место, за да ручаат. И така Денот на револуционерната борба нашите граѓани го искористија максимално да се изборат за добар шопинг и добар ручек во Врање.

The post Борбата на Македонците за шопинг и добра храна во Врање appeared first on Република.

]]>
Со девет месеци од втора доза можеме во Грција, но не и во моловите и во продавниците https://republika.mk/vesti/balkan/so-devet-meseci-od-vtora-doza-mozeme-vo-grcija-no-ne-i-vo-molovite-i-vo-prodavnicite/ Mon, 07 Feb 2022 10:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=455035

Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се однесуваат на европските сертификати за вакцинација и прележан Ковид-19, кои имаат различно времетраење, јави дописничката на МИА од Атина.

Утрово стапи во сила новата министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, а влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, со прележана болест или негативен тест по направен ПЦР или рапид тест.

За патување во Грција валиден е европскиот сертификат за вакцинација до девет месеци од втората доза, но за влез во затворените објекти во земјата, валидноста на сертификатот е седум месеци, а иста е ситуацијата и со потврдата за прележан Ковид-19, што важи 180 дена при влез, но 90 за во Грција.

Поконкретно, како што анализира МИА, во Грција може да се влезе со европски сертификат за вакцинација, доколку не се поминати девет месеци од втората доза, но ако се поминати над седум месеци, посетителот нема да има пристап во затворените објекти, како што се малопродажбата, продавниците во рамките на моловите, банките, угостителските објекти, кината, театрите, археолошките локалитети.

Идентична е ситуацијата и со прележаните. Сертификатот за прележан Ковид-19, што се издава 14 дена по првиот позитивен тест со направен ПЦР или со рапид тест е со важност е до180 дена, кога станува збор за патување во Грција. Но, во внатрешноста на земјата, времетраењето е намалено на 90 дена.

[caption id="" align="alignnone" width="619"] (фото: МИА)[/caption]

Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, музеите и археолошките локалитети, театрите, кината, не постои опцијата за влез со негативен тест.

При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација.

За оние кои примиле бустер доза, не постојат никакви ограничувања, ниту во однос на правилата за влез, ниту во однос на мерките во Грција.

Маската е задолжителна во Грција и во затворените објекти и надвор, а во јавниот превози и супермаркетите, задолжителна е или двојна маска или маска со висока заштита КН95.

The post Со девет месеци од втора доза можеме во Грција, но не и во моловите и во продавниците appeared first on Република.

]]>

Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се однесуваат на европските сертификати за вакцинација и прележан Ковид-19, кои имаат различно времетраење, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово стапи во сила новата министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, а влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, со прележана болест или негативен тест по направен ПЦР или рапид тест. За патување во Грција валиден е европскиот сертификат за вакцинација до девет месеци од втората доза, но за влез во затворените објекти во земјата, валидноста на сертификатот е седум месеци, а иста е ситуацијата и со потврдата за прележан Ковид-19, што важи 180 дена при влез, но 90 за во Грција. Поконкретно, како што анализира МИА, во Грција може да се влезе со европски сертификат за вакцинација, доколку не се поминати девет месеци од втората доза, но ако се поминати над седум месеци, посетителот нема да има пристап во затворените објекти, како што се малопродажбата, продавниците во рамките на моловите, банките, угостителските објекти, кината, театрите, археолошките локалитети. Идентична е ситуацијата и со прележаните. Сертификатот за прележан Ковид-19, што се издава 14 дена по првиот позитивен тест со направен ПЦР или со рапид тест е со важност е до180 дена, кога станува збор за патување во Грција. Но, во внатрешноста на земјата, времетраењето е намалено на 90 дена. [caption id="" align="alignnone" width="619"] (фото: МИА)[/caption] Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, музеите и археолошките локалитети, театрите, кината, не постои опцијата за влез со негативен тест. При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација. За оние кои примиле бустер доза, не постојат никакви ограничувања, ниту во однос на правилата за влез, ниту во однос на мерките во Грција. Маската е задолжителна во Грција и во затворените објекти и надвор, а во јавниот превози и супермаркетите, задолжителна е или двојна маска или маска со висока заштита КН95.

The post Со девет месеци од втора доза можеме во Грција, но не и во моловите и во продавниците appeared first on Република.

]]>
Папата Франциско на шопинг во Рим: Купил ЦД со класична музика https://republika.mk/vesti/svet/papata-francisko-na-shoping-vo-rim-kupil-cd-so-klasichna-muzika/ Wed, 12 Jan 2022 09:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=443580

Папата Франциско бил забележан во продавница во центарот на Рим, пренесуваат италијанските медиуми.

Местото каде што отиде папата беше продавницата за музички ЦД-а на улицата Минерва во Рим, спроти Пантеон. Новинарот кој го снимил папата претходно видел два бели автомобили, ги препознал ватиканските жандарми во цивилна облека, а потоа го снимил папата како влегува во мал Фиат 500.

Медиумите известуваат дека папата купил ЦД со класична музика а познато е како што потсетуваат дека папата е љубител на операта. Според сопственикот на продавницата, папата ја благословил нивната работа, а тие му дале уште едно ЦД.

Велат дека е редовен муштерија, дека дошол како архиепископ Бергољо, а потоа и како кардинал.

Папата Франциско неколку пати излезе од Ватикан за, како и секој друг купувач, да направи некаква набавка или поправка, пренесуваат тамошните медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=g-5TMnvaGK0

The post Папата Франциско на шопинг во Рим: Купил ЦД со класична музика appeared first on Република.

]]>

Папата Франциско бил забележан во продавница во центарот на Рим, пренесуваат италијанските медиуми. Местото каде што отиде папата беше продавницата за музички ЦД-а на улицата Минерва во Рим, спроти Пантеон. Новинарот кој го снимил папата претходно видел два бели автомобили, ги препознал ватиканските жандарми во цивилна облека, а потоа го снимил папата како влегува во мал Фиат 500. Медиумите известуваат дека папата купил ЦД со класична музика а познато е како што потсетуваат дека папата е љубител на операта. Според сопственикот на продавницата, папата ја благословил нивната работа, а тие му дале уште едно ЦД. Велат дека е редовен муштерија, дека дошол како архиепископ Бергољо, а потоа и како кардинал. Папата Франциско неколку пати излезе од Ватикан за, како и секој друг купувач, да направи некаква набавка или поправка, пренесуваат тамошните медиуми. https://www.youtube.com/watch?v=g-5TMnvaGK0

The post Папата Франциско на шопинг во Рим: Купил ЦД со класична музика appeared first on Република.

]]>