Папата Франциско бил забележан во продавница во центарот на Рим, пренесуваат италијанските медиуми.

Местото каде што отиде папата беше продавницата за музички ЦД-а на улицата Минерва во Рим, спроти Пантеон. Новинарот кој го снимил папата претходно видел два бели автомобили, ги препознал ватиканските жандарми во цивилна облека, а потоа го снимил папата како влегува во мал Фиат 500.

Медиумите известуваат дека папата купил ЦД со класична музика а познато е како што потсетуваат дека папата е љубител на операта. Според сопственикот на продавницата, папата ја благословил нивната работа, а тие му дале уште едно ЦД.

Велат дека е редовен муштерија, дека дошол како архиепископ Бергољо, а потоа и како кардинал.

Папата Франциско неколку пати излезе од Ватикан за, како и секој друг купувач, да направи некаква набавка или поправка, пренесуваат тамошните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.