шкупи Archives - Република https://republika.mk/tema/shkupi/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 12:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шкупи Archives - Република https://republika.mk/tema/shkupi/ 32 32 Meчот Шкупи-Шкендија бил албански! https://republika.mk/sport/fudbal/mechot-shkupi-shkendija-bil-albanski/ Mon, 16 Sep 2024 12:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=816774

Билетите за  вчерашниот натпревар меѓу Шкупи и Шкендија  на Првата македонска фудбалска лига се одигра на стадионот „Чаир“ во Скопје се играл во Албанија.Така пишува на влезниците за мечот- албанско дерби?!

Билетот  беше само на албански јазик и „нашаран“ со ликови од албанска историја.

 

The post Meчот Шкупи-Шкендија бил албански! appeared first on Република.

]]>

Билетите за  вчерашниот натпревар меѓу Шкупи и Шкендија  на Првата македонска фудбалска лига се одигра на стадионот „Чаир“ во Скопје се играл во Албанија.Така пишува на влезниците за мечот- албанско дерби?! Билетот  беше само на албански јазик и „нашаран“ со ликови од албанска историја.  

The post Meчот Шкупи-Шкендија бил албански! appeared first on Република.

]]>
Бобан Бабунски помошник тренер во Шкупи https://republika.mk/sport/fudbal/boban-babunsk-pomoshnik-trener-vo-shkupi/ Thu, 22 Aug 2024 06:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=808890

The post Бобан Бабунски помошник тренер во Шкупи appeared first on Република.

]]>

The post Бобан Бабунски помошник тренер во Шкупи appeared first on Република.

]]>
„Шверцерите“ на Груби во тепачката против Србија навивале за Англија https://republika.mk/sport/fudbal/shvertserite-na-grubi-vo-tepachkata-protiv-srbija-navivale-za-anglija/ Mon, 17 Jun 2024 14:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=788467

Навивачите на Шкупи, популарните „Шверцери“ се во Германија каде ја бодрат албанската репрезентација.Тие на социјалните мрежи се пофалија дека дале поддршка на навивачите на англиската репрезентација која се тепаше со Србите.

https://republika.mk/sport/fudbal/ohrid-vo-sostav-na-golema-albanija-kaj-albanskite-navivachi-vo-germanija/

The post „Шверцерите“ на Груби во тепачката против Србија навивале за Англија appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Шкупи, популарните „Шверцери“ се во Германија каде ја бодрат албанската репрезентација.Тие на социјалните мрежи се пофалија дека дале поддршка на навивачите на англиската репрезентација која се тепаше со Србите. https://republika.mk/sport/fudbal/ohrid-vo-sostav-na-golema-albanija-kaj-albanskite-navivachi-vo-germanija/

The post „Шверцерите“ на Груби во тепачката против Србија навивале за Англија appeared first on Република.

]]>
Шкупи им сe врати на победите https://republika.mk/sport/fudbal/shkupi-im-sr-vrati-na-pobedite/ Sat, 13 Apr 2024 17:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=765755

 Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа три средби од 27. коло. Домашните екипи забележаа победи, најтешко до бодовите стигна Брера со гол во судиското надополнување.

Резултати:
АП Брера Струмица – Воска Спорт 1:0
Гостивар – Тиквеш 2:1
Шкупи – Македонија ЃП 3:1

Утре се играат преостанатите три средби од ова коло:
Работнички – Вардар
Шкендија – Силекс
Струга Трим Лум – Брегалница.

Почетокот е во 15 часот.

По половичното 27. коло лидер на табелата е Струга со 54 бодови, исто колку и второпласираниот

The post Шкупи им сe врати на победите appeared first on Република.

]]>

 Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа три средби од 27. коло. Домашните екипи забележаа победи, најтешко до бодовите стигна Брера со гол во судиското надополнување. Резултати: АП Брера Струмица – Воска Спорт 1:0 Гостивар – Тиквеш 2:1 Шкупи – Македонија ЃП 3:1 Утре се играат преостанатите три средби од ова коло: Работнички – Вардар Шкендија – Силекс Струга Трим Лум – Брегалница. Почетокот е во 15 часот. По половичното 27. коло лидер на табелата е Струга со 54 бодови, исто колку и второпласираниот

The post Шкупи им сe врати на победите appeared first on Република.

]]>
Шкупи сепак беше пресилен за Вардар https://republika.mk/sport/fudbal/shkupi-sepak-beshe-presilen-za-vardar/ Sat, 30 Mar 2024 21:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=760452

Победа за Шкупи против Вардар и нерешено на дуелот во Кавадарци е епилогот на попладневните две средби од 25. коло на македонскиот фудбалски шампионат.

Шкупи во Чаир дои победата дојде со три гола постигнати во второто полувреме, а исто така и на другиот меч стрелци погодуваа во вторите 45 минути.

Резултати на двата денешни натпревара од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига:
Шкупи – Вардар 3:0
Тиквеш – Силекс 1:1.

Утре се играат преостанатите четири средби од ова коло. Двојките се:
Брера Струмица – Работнички
Гостивар – Македонија ЃП
Шкендија – Брегалница
Струга ТЛ – Воска Спорт.

Табела: Струга 51 бод, Шкупи 51, Шкендија 45, Силекс 36, Тиквеш 33, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27, Вардар 26, Брегалнива 22, Македонија ЃП 21

The post Шкупи сепак беше пресилен за Вардар appeared first on Република.

]]>

Победа за Шкупи против Вардар и нерешено на дуелот во Кавадарци е епилогот на попладневните две средби од 25. коло на македонскиот фудбалски шампионат. Шкупи во Чаир дои победата дојде со три гола постигнати во второто полувреме, а исто така и на другиот меч стрелци погодуваа во вторите 45 минути. Резултати на двата денешни натпревара од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига: Шкупи – Вардар 3:0 Тиквеш – Силекс 1:1. Утре се играат преостанатите четири средби од ова коло. Двојките се: Брера Струмица – Работнички Гостивар – Македонија ЃП Шкендија – Брегалница Струга ТЛ – Воска Спорт. Табела: Струга 51 бод, Шкупи 51, Шкендија 45, Силекс 36, Тиквеш 33, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27, Вардар 26, Брегалнива 22, Македонија ЃП 21

The post Шкупи сепак беше пресилен за Вардар appeared first on Република.

]]>
Шкупи последен полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија https://republika.mk/sport/fudbal/shkupi-posleden-polufinalist-vo-fudbalskiot-kup-na-makedonija/ Thu, 09 Nov 2023 14:32:44 +0000 https://republika.mk/?p=699979

Шкупи го совлада попладнево Работнички со 1-0 (1-0) и им се приклучи на Македонија ЃП, Тиквеш и Воска во полуфиналето на Купот на Македонија во фудбал.

Дуелот меѓу Работнички и Шкупи се одигра попладнево на ФФМ тренинг комплексот во Скопје, откако нивната четвртфинална пресметка беше одложена вчера поради лошата состојба на теренот „Борис Трајковски“ во Маџари предизвикана од обилните врнежи од дожд.

Пласманот меѓу четирите најдобри екипи во националниот Куп на актуелниот лидер во домашното првенство му го донесе Марио Младеновски, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот во 15 минута.

Пласман во полуфиналето во фудбалскиот Куп во средата обезбедија бранителот на трофејот Македонија ЃП, Тиквеш и Воска.

The post Шкупи последен полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија appeared first on Република.

]]>

Шкупи го совлада попладнево Работнички со 1-0 (1-0) и им се приклучи на Македонија ЃП, Тиквеш и Воска во полуфиналето на Купот на Македонија во фудбал. Дуелот меѓу Работнички и Шкупи се одигра попладнево на ФФМ тренинг комплексот во Скопје, откако нивната четвртфинална пресметка беше одложена вчера поради лошата состојба на теренот „Борис Трајковски“ во Маџари предизвикана од обилните врнежи од дожд. Пласманот меѓу четирите најдобри екипи во националниот Куп на актуелниот лидер во домашното првенство му го донесе Марио Младеновски, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот во 15 минута. Пласман во полуфиналето во фудбалскиот Куп во средата обезбедија бранителот на трофејот Македонија ЃП, Тиквеш и Воска.

The post Шкупи последен полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија appeared first on Република.

]]>
ФК Вардар: Во Чаир бевме навредувани на национална основа, нѐ нападнаа и со пиротехника https://republika.mk/sport/fudbal/fk-vardar-vo-chair-bevme-navreduvani-na-natsionalna-osnova-n-napadnaa-i-so-pirotehnika/ Mon, 06 Nov 2023 14:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=698892

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар преку соопштение информира за настаните кои се случувале за време и по завршувањето на прволигашкиот дуел против Шкупи, кој вчера се одигра на стадионот во наслебата Чаир. Како што велат од ФК Вардар, во текот на целиот меч биле навредувани на национална основа, а по нивните фудбалери биле фрлани пиротехнички средства. Сепак, од ФК Вардар истакнуваат дека од страна на раководството на Шкупи биле пречекани онака како што доликува на еден првенствен натпревар.

Во нивното соопштение, одговорните на ФК Вардар велат:

Како клуб, најостро го осудуваме вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи, во населбата Чаир.

За време на целиот натпревар, кон нашите фудбалери беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а покрај тоа, на трибините во неколку наврати беа истакнати силни националистички пораки кои немаат никаква врска со спортот.
Недозволиви беа пораките со кои се бара Скопје, главниот град на Република Македонија, да стане главен град на друга држава. Тоа едноставно е недозволиво!
Покрај тоа, срамни беа и извиците и пораките, упатени на сметка на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кое беше крвнички убиено од страна на навивачите од населбата Чаир. Поддршката која вчера ја добија убијците на Никола е нешто што апсолутно треба да биде осудено и санкционирано!
Секако, би сакале да истакнеме дека Управата на ФК Шкупи не пречека онака како што доликува, како што тоа ние го направивме на претходниот натпревар кога Вардар беше домаќин. Но, за жал, вчера наместо да доминираат фудбалот и фер играта, доминираа политики кои апсолутно треба да бидат санкционирани!
Веруваме дека МВР и ФФМ како надлежни институции најбрзо ќе реагираат и ќе ги преземат неопходните мерки со цел ваквите испади никогаш повеќе да не се повторат, велат од ФК Вардар.

The post ФК Вардар: Во Чаир бевме навредувани на национална основа, нѐ нападнаа и со пиротехника appeared first on Република.

]]>

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар преку соопштение информира за настаните кои се случувале за време и по завршувањето на прволигашкиот дуел против Шкупи, кој вчера се одигра на стадионот во наслебата Чаир. Како што велат од ФК Вардар, во текот на целиот меч биле навредувани на национална основа, а по нивните фудбалери биле фрлани пиротехнички средства. Сепак, од ФК Вардар истакнуваат дека од страна на раководството на Шкупи биле пречекани онака како што доликува на еден првенствен натпревар. Во нивното соопштение, одговорните на ФК Вардар велат: Како клуб, најостро го осудуваме вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи, во населбата Чаир. За време на целиот натпревар, кон нашите фудбалери беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а покрај тоа, на трибините во неколку наврати беа истакнати силни националистички пораки кои немаат никаква врска со спортот. Недозволиви беа пораките со кои се бара Скопје, главниот град на Република Македонија, да стане главен град на друга држава. Тоа едноставно е недозволиво! Покрај тоа, срамни беа и извиците и пораките, упатени на сметка на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кое беше крвнички убиено од страна на навивачите од населбата Чаир. Поддршката која вчера ја добија убијците на Никола е нешто што апсолутно треба да биде осудено и санкционирано! Секако, би сакале да истакнеме дека Управата на ФК Шкупи не пречека онака како што доликува, како што тоа ние го направивме на претходниот натпревар кога Вардар беше домаќин. Но, за жал, вчера наместо да доминираат фудбалот и фер играта, доминираа политики кои апсолутно треба да бидат санкционирани! Веруваме дека МВР и ФФМ како надлежни институции најбрзо ќе реагираат и ќе ги преземат неопходните мерки со цел ваквите испади никогаш повеќе да не се повторат, велат од ФК Вардар.

The post ФК Вардар: Во Чаир бевме навредувани на национална основа, нѐ нападнаа и со пиротехника appeared first on Република.

]]>
ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-zhestoka-osuda-na-velicheneto-na-golema-albanija-vo-s-sopot-i-na-fudbalskiot-natprevar-shkupi-vardar/ Mon, 06 Nov 2023 12:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=698787

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар - музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир.

Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет, Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го заплаши мнозинскиот македонски народ.

Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.

 

The post ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар - музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир. Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет, Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го заплаши мнозинскиот македонски народ. Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.  

The post ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар appeared first on Република.

]]>
Се сеќавате на мечот Шкупи-Левски: Дури денеска е приведен еден навивач https://republika.mk/sport/fudbal/se-sekavate-na-mechot-shkupi-levski-duri-deneska-e-priveden-eden-navivach/ Sat, 14 Oct 2023 18:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=691311

На граничниот премин Ќафасан, денеска околу 08.20 часот при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје.

Како што информираа од МВР, тој бил баран со потерница поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство  на 27.07.2023 извршено на ул.„Цветан Димов" во Скопје врз навивачи на ФК Левски од Софија.

По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Се сеќавате на мечот Шкупи-Левски: Дури денеска е приведен еден навивач appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Ќафасан, денеска околу 08.20 часот при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје. Како што информираа од МВР, тој бил баран со потерница поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство  на 27.07.2023 извршено на ул.„Цветан Димов" во Скопје врз навивачи на ФК Левски од Софија. По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Се сеќавате на мечот Шкупи-Левски: Дури денеска е приведен еден навивач appeared first on Република.

]]>
Шкупи прими гол во 101-та минута https://republika.mk/sport/fudbal/shkupi-primi-gol-vo-101-ta-minuta/ Thu, 03 Aug 2023 19:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=668436

Шкупи повторно е поразен од Левски. На реваншот во Софија прими гол во 101 минута во меч со многу тензии и политика. Гостите од Чаир играа добро, одолеваа на нападите но сепак се поразени.

Навивачите на Левски целиот меч ги навредуваа Македонците а на трибинте се најде и Илинденското востание.

https://republika.mk/sport/fudbal/nova-provokatsija-na-navivachite-na-levski-ilinden-majko-ilinden-za-bugarite-veligden/

The post Шкупи прими гол во 101-та минута appeared first on Република.

]]>

Шкупи повторно е поразен од Левски. На реваншот во Софија прими гол во 101 минута во меч со многу тензии и политика. Гостите од Чаир играа добро, одолеваа на нападите но сепак се поразени. Навивачите на Левски целиот меч ги навредуваа Македонците а на трибинте се најде и Илинденското востание. https://republika.mk/sport/fudbal/nova-provokatsija-na-navivachite-na-levski-ilinden-majko-ilinden-za-bugarite-veligden/

The post Шкупи прими гол во 101-та минута appeared first on Република.

]]>
Шкупи засега се држи во Софија, „Шверцерите“ со лажни фотографии дека се во Бугарија https://republika.mk/vesti/shkupi-zasega-se-drzhi-vo-sofija-shvertserite-so-lazhni-fotografii-deka-se-vo-bugarija/ Thu, 03 Aug 2023 18:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=668421

Шкупи на почетокот на второто полувреме игра без голови против Левски во Софија.Мечот се игра во тензична атмосфера и без навивачи на Шкупи.

Но тоа не е причина Шверцерите да се шегуваат на социјалните мрежи дека сепак дошле во Бугарија и покрај забраната.

Па така, тие на социјалните мрежи објавија лажни фотографии дека се во Софија со фотошоп од Пловдив и Рила планина.

 

The post Шкупи засега се држи во Софија, „Шверцерите“ со лажни фотографии дека се во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Шкупи на почетокот на второто полувреме игра без голови против Левски во Софија.Мечот се игра во тензична атмосфера и без навивачи на Шкупи. Но тоа не е причина Шверцерите да се шегуваат на социјалните мрежи дека сепак дошле во Бугарија и покрај забраната. Па така, тие на социјалните мрежи објавија лажни фотографии дека се во Софија со фотошоп од Пловдив и Рила планина.  

The post Шкупи засега се држи во Софија, „Шверцерите“ со лажни фотографии дека се во Бугарија appeared first on Република.

]]>
УЕФА го казни Шкупи со 40.000 евра, клубот ќе поднесе кривична пријава до Обвинителство и полицијата https://republika.mk/vesti/uefa-go-kazni-shkupi-so-40-000-evra-klubot-ke-podnese-krivichna-prijava-do-obvinitelstvo-i-politsijata/ Thu, 03 Aug 2023 17:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=668403

Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ објави денеска дека е казнет од УЕФА со 42.000 евра поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје против бугарски „Левски“, лоцирајќи ја притоа вината кон дел од своите приврзаници.

Потсетувајќи во опширно соопштение објавено на нивниот официјален сајт дека ова не е прв пат клубот да плаќа високи парични казни, Шкупи најави решителна борба против сите кои се претставуваат како „поддржувачи на клубот, а всушност се негови непријатели“.

- За клубот Шкупи досега се боревме, а отсега ќе водиме уште поголема борба. Сигурни сме дека со нас ќе бидат разумните навивачи на Шкупи, кои вистински го сакаат овој клуб. Ги молиме нашите надлежни институции да ги истражат овие настани. Од утре ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството и до полицијата, да ги испитаме овие прашања, бидејќи тоа не е ништо друго освен предавство, велат од Шкупи.

Објавата доаѓа непосредно пред вечерашниот реванш натпревар против Левски во Софија во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига.

На првиот натпревар во Скопје на кој Левски триумфираше со 2-0 допатуваа околу 900 бугарски навивачи кои поради инциденти на трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, исто така, му донесоа казна на својот клуб од УЕФА во износ од 40.000 евра.

The post УЕФА го казни Шкупи со 40.000 евра, клубот ќе поднесе кривична пријава до Обвинителство и полицијата appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ објави денеска дека е казнет од УЕФА со 42.000 евра поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје против бугарски „Левски“, лоцирајќи ја притоа вината кон дел од своите приврзаници. Потсетувајќи во опширно соопштение објавено на нивниот официјален сајт дека ова не е прв пат клубот да плаќа високи парични казни, Шкупи најави решителна борба против сите кои се претставуваат како „поддржувачи на клубот, а всушност се негови непријатели“.
- За клубот Шкупи досега се боревме, а отсега ќе водиме уште поголема борба. Сигурни сме дека со нас ќе бидат разумните навивачи на Шкупи, кои вистински го сакаат овој клуб. Ги молиме нашите надлежни институции да ги истражат овие настани. Од утре ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството и до полицијата, да ги испитаме овие прашања, бидејќи тоа не е ништо друго освен предавство, велат од Шкупи.
Објавата доаѓа непосредно пред вечерашниот реванш натпревар против Левски во Софија во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига. На првиот натпревар во Скопје на кој Левски триумфираше со 2-0 допатуваа околу 900 бугарски навивачи кои поради инциденти на трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, исто така, му донесоа казна на својот клуб од УЕФА во износ од 40.000 евра.

The post УЕФА го казни Шкупи со 40.000 евра, клубот ќе поднесе кривична пријава до Обвинителство и полицијата appeared first on Република.

]]>
Управата на Левски ги моли своите навивачи да не ги навредуваат гостите од Скопје https://republika.mk/sport/fudbal/upravata-na-levski-gi-moli-svoite-navivachi-da-ne-gi-navreduvaat-gostite-od-skopje/ Wed, 02 Aug 2023 17:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=668012

Управата на Левски ги моли своите навивачи на натпреварот против Шкупи утре да не ги навредуваат гостите поради високите казни од УЕФА. Левски е веќе казнет со 40.000 евра за инцидентите во Скопје.

„Апелираме до навивачите да го поддржат тимот на реваншот против Шкупи во Софија на 3 август без никакви акти на агресија, насилство, расизам, ксенофобија и политички пораки зашто може да добиеме тешки казни од УЕФА“, соопшти Левски.

The post Управата на Левски ги моли своите навивачи да не ги навредуваат гостите од Скопје appeared first on Република.

]]>

Управата на Левски ги моли своите навивачи на натпреварот против Шкупи утре да не ги навредуваат гостите поради високите казни од УЕФА. Левски е веќе казнет со 40.000 евра за инцидентите во Скопје.
„Апелираме до навивачите да го поддржат тимот на реваншот против Шкупи во Софија на 3 август без никакви акти на агресија, насилство, расизам, ксенофобија и политички пораки зашто може да добиеме тешки казни од УЕФА“, соопшти Левски.

The post Управата на Левски ги моли своите навивачи да не ги навредуваат гостите од Скопје appeared first on Република.

]]>
Ја тепаат полицијата со шипки: Досега необјавено видео од дивеењето на бугарските навивачи на „Градски“ https://republika.mk/sport/fudbal/ja-tepaat-politsijata-so-shipki-dosega-neobjaveno-video-od-diveeneto-na-bugarskite-navivachi-na-gradski/ Mon, 31 Jul 2023 08:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=667173

Се појави досега необјавено видео од навивачите на Левски при влегувањето на стадионот пред мечот со Шкупи.На видето јасно се гледа дивеењето на бугарските навивачи и како ја маваат македонската полиција со што стигнат, најмногу со шипки и шишиња кока кола.

Видеото погледнете го тука

https://www.youtube.com/watch?v=stej-4Z23Kc&t=5s

The post Ја тепаат полицијата со шипки: Досега необјавено видео од дивеењето на бугарските навивачи на „Градски“ appeared first on Република.

]]>

Се појави досега необјавено видео од навивачите на Левски при влегувањето на стадионот пред мечот со Шкупи.На видето јасно се гледа дивеењето на бугарските навивачи и како ја маваат македонската полиција со што стигнат, најмногу со шипки и шишиња кока кола. Видеото погледнете го тука https://www.youtube.com/watch?v=stej-4Z23Kc&t=5s

The post Ја тепаат полицијата со шипки: Досега необјавено видео од дивеењето на бугарските навивачи на „Градски“ appeared first on Република.

]]>
Бугарски европратеници бараат европските институции да реагираат за претепувањето на бугарските навивачи во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-evropratenitsi-baraat-evropskite-institutsii-da-reagiraat-za-pretepuvaneto-na-bugarskite-navivachi-vo-skopje/ Sun, 30 Jul 2023 09:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=666853

Европратениците од ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, Андреј Новаков, Ева Мајдел, Асим Адемов, Емил Радев и Александар Јорданов побараа остра реакција од челниците на европските институции по претепувањето на бугарските граѓани во Скопје пред фудбалскиот натпревар меѓу „Левски“ и „Шкупи“, соопштија од прес центарот на ГЕРБ.

Во отвореното писмо упатено до претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола, на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, до европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и до претседателите на парламентарните комисии во ЕП, европратениците изложуваат факти околу случајот во Скопје, нагласувајќи дека станува збор за сериозни прекршувања на човековите права предизвикани од омраза и го осудуваат агресивниот однос кон Бугарите.

Според европратениците, ваквиот однос не е резултат на фудбалски емоции и страсти, кои не се исклучок за време на спортски натпревари, а главна причина за агресијата е постојаното наметнување непријателски однос кон Бугарија од страна на политичарите во Република Македонија, од медиумите и од академските кругови таму.

Ние констатираме дека политиката на омраза кон Бугарија, која со години ја водат политичарите во Република Македонија, веќе погоди многу граѓани“, се вели во писмото.

Европратениците потсетуваат на редица напади врз бугарски културни клубови во Македонија, напади врз граѓани со бугарска самосвест, одбивање да се дозволи бугарска делегација – вклучувајќи го и д-р Андреј Ковачев – да влезе во земјата.

БТА потсетува дека на 27 јули бугарски фудбалски навивачи беа нападнати неколку минути пред почетокот на фудбалскиот натпревар од Лигата на конференции меѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Левски“ – Софија на стадионот „Тодор Проески“, при што еден од нив беше примен во болница со убодна рана во пределот на стомакот. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, соопшти дека идентитетот на напаѓачите е расчистен и се трага по нив. За агресивно однесување и нарушување на мирот уапсени се вкупно 21 фудбалски навивачи, од кои 19 се Бугари.

The post Бугарски европратеници бараат европските институции да реагираат за претепувањето на бугарските навивачи во Скопје appeared first on Република.

]]>

Европратениците од ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, Андреј Новаков, Ева Мајдел, Асим Адемов, Емил Радев и Александар Јорданов побараа остра реакција од челниците на европските институции по претепувањето на бугарските граѓани во Скопје пред фудбалскиот натпревар меѓу „Левски“ и „Шкупи“, соопштија од прес центарот на ГЕРБ. Во отвореното писмо упатено до претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола, на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, до европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и до претседателите на парламентарните комисии во ЕП, европратениците изложуваат факти околу случајот во Скопје, нагласувајќи дека станува збор за сериозни прекршувања на човековите права предизвикани од омраза и го осудуваат агресивниот однос кон Бугарите. Според европратениците, ваквиот однос не е резултат на фудбалски емоции и страсти, кои не се исклучок за време на спортски натпревари, а главна причина за агресијата е постојаното наметнување непријателски однос кон Бугарија од страна на политичарите во Република Македонија, од медиумите и од академските кругови таму.
Ние констатираме дека политиката на омраза кон Бугарија, која со години ја водат политичарите во Република Македонија, веќе погоди многу граѓани“, се вели во писмото.
Европратениците потсетуваат на редица напади врз бугарски културни клубови во Македонија, напади врз граѓани со бугарска самосвест, одбивање да се дозволи бугарска делегација – вклучувајќи го и д-р Андреј Ковачев – да влезе во земјата. БТА потсетува дека на 27 јули бугарски фудбалски навивачи беа нападнати неколку минути пред почетокот на фудбалскиот натпревар од Лигата на конференции меѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Левски“ – Софија на стадионот „Тодор Проески“, при што еден од нив беше примен во болница со убодна рана во пределот на стомакот. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, соопшти дека идентитетот на напаѓачите е расчистен и се трага по нив. За агресивно однесување и нарушување на мирот уапсени се вкупно 21 фудбалски навивачи, од кои 19 се Бугари.

The post Бугарски европратеници бараат европските институции да реагираат за претепувањето на бугарските навивачи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Бугарските ултраси се пофалија како удриле по македонската полиција: Објавено ново видео од навивачите на Левски на „Градски“ https://republika.mk/sport/fudbal/bugarskite-ultrasi-se-pofalija-kako-udrile-po-makedonskata-politsija-objaveno-novo-video-od-navivachite-na-levski-na-gradski/ Sat, 29 Jul 2023 10:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=666584

На социјалните мрежи во бугарските навивачки кругови е објавено ново видео на кое се гледа дивеењето на навивалите на Левски, пред натпреварот со Шкупи на Градскиот стадион во скопје.

На видеото се гледа како збеснатите бугарски навивачи фрлаат кон макеоднската полиција со се што ќе им дојде при рака.

The post Бугарските ултраси се пофалија како удриле по македонската полиција: Објавено ново видео од навивачите на Левски на „Градски“ appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи во бугарските навивачки кругови е објавено ново видео на кое се гледа дивеењето на навивалите на Левски, пред натпреварот со Шкупи на Градскиот стадион во скопје. На видеото се гледа како збеснатите бугарски навивачи фрлаат кон макеоднската полиција со се што ќе им дојде при рака.

The post Бугарските ултраси се пофалија како удриле по македонската полиција: Објавено ново видео од навивачите на Левски на „Градски“ appeared first on Република.

]]>
УЕФА се огласи – познато е дали навивачи на Шкупи ќе смеат да одат во Бугарија https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-se-oglasi-poznato-e-dali-navivachi-na-shkupi-ke-smeat-da-odat-vo-bugarija/ Fri, 28 Jul 2023 13:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=666336

Топ тема во Македонија, Бугарија, но и на Балканот и фудбалска Европа е ситуацијата од синоќа во Скопје, каде со нож беше прободен навивач на бугарскиот тим Левски.

По тој повод, се огласија и од УЕФА, кои открија дали Шкупи ќе може да има поддршка од навивачите на реванш средбата во Бугарија.

Бугарски навивачи најпрво беа нападнати во Чаир, каде еден нивни член е избоден со нож. Нешто подоцна се случи и нов конфликт меѓу навивачите од Бугарија и македонската полиција на Арената „Тодор Проески“.

Епилог на целата ситуација беше 19 приведени бугарски државјани и еден хоспитализиран.

За да се избегнат ваквите ситуација на Шверцерите ќе им биде забранет влезот на ревнаш натпреварот во Софија.

The post УЕФА се огласи – познато е дали навивачи на Шкупи ќе смеат да одат во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Топ тема во Македонија, Бугарија, но и на Балканот и фудбалска Европа е ситуацијата од синоќа во Скопје, каде со нож беше прободен навивач на бугарскиот тим Левски. По тој повод, се огласија и од УЕФА, кои открија дали Шкупи ќе може да има поддршка од навивачите на реванш средбата во Бугарија. Бугарски навивачи најпрво беа нападнати во Чаир, каде еден нивни член е избоден со нож. Нешто подоцна се случи и нов конфликт меѓу навивачите од Бугарија и македонската полиција на Арената „Тодор Проески“. Епилог на целата ситуација беше 19 приведени бугарски државјани и еден хоспитализиран. За да се избегнат ваквите ситуација на Шверцерите ќе им биде забранет влезот на ревнаш натпреварот во Софија.

The post УЕФА се огласи – познато е дали навивачи на Шкупи ќе смеат да одат во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Казни од УЕФА за Шкупи и Левски https://republika.mk/sport/fudbal/kazni-od-uefa-za-shkupi-i-levski/ Fri, 28 Jul 2023 09:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=666213

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот тим во рамки на првиот натпревар од второто коло во Конференциската лига.

Натпреварот официјално го следеа 6.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, меѓу кои околу 900 дојдоа организирано од Софија да го бодат бугарскиот тим.

Дисциплинското тело на УЕФА се очекува да отвори истрага поради дискриминаторско скандирање кое можеше да се слушне од навивачките групи на двете страни за време на натпреварот, поради што на средина од второто полувреме беше издадено официјално предупредување на Арената во Скопје дека дуелот може да биде прекинат доколку навивачите продолжат со таквото однесување.

Дополнително за време на натпреварот беа користени факели и други недозволени пиротехнички средства од двете навивачки страни, што, исто така, подлежи на санкции од УЕФА.

Натпреварот кој заврши со победа на Левски од 2-0 го одбележаа инциденти и надвор од теренот.

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за поврзаност со инциденти се приведени вкупно 21 лице.

The post Казни од УЕФА за Шкупи и Левски appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот тим во рамки на првиот натпревар од второто коло во Конференциската лига. Натпреварот официјално го следеа 6.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, меѓу кои околу 900 дојдоа организирано од Софија да го бодат бугарскиот тим. Дисциплинското тело на УЕФА се очекува да отвори истрага поради дискриминаторско скандирање кое можеше да се слушне од навивачките групи на двете страни за време на натпреварот, поради што на средина од второто полувреме беше издадено официјално предупредување на Арената во Скопје дека дуелот може да биде прекинат доколку навивачите продолжат со таквото однесување. Дополнително за време на натпреварот беа користени факели и други недозволени пиротехнички средства од двете навивачки страни, што, исто така, подлежи на санкции од УЕФА. Натпреварот кој заврши со победа на Левски од 2-0 го одбележаа инциденти и надвор од теренот. Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за поврзаност со инциденти се приведени вкупно 21 лице.

The post Казни од УЕФА за Шкупи и Левски appeared first on Република.

]]>
Вардар и Шкупи ќе играат на денот на Рамковниот договор https://republika.mk/sport/fudbal/vardar-i-shkupi-ke-igraat-na-denot-na-ramkovniot-dogovor/ Fri, 28 Jul 2023 08:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=666182

Враќањето на Вардар во Првата лига ќе биде одбележано со супер дерби уште во второто коло. На Градски ќе гостува Шкупи.

Дербито е закажано за 13 август од 17 часот. На тој датум ќе игра и Шкендија во Тетово против  првакот Струга ТЛ.

The post Вардар и Шкупи ќе играат на денот на Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>

Враќањето на Вардар во Првата лига ќе биде одбележано со супер дерби уште во второто коло. На Градски ќе гостува Шкупи. Дербито е закажано за 13 август од 17 часот. На тој датум ќе игра и Шкендија во Тетово против  првакот Струга ТЛ.

The post Вардар и Шкупи ќе играат на денот на Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>
Шкупи и Левски ги очекуваат казни од УЕФА https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shkupi-i-levski-gi-ochekuvaat-kazni-od-uefa/ Fri, 28 Jul 2023 08:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=666173

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот тим во рамки на првиот натпревар од второто коло во Конференциската лига.

Натпреварот официјално го следеа 6.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, меѓу кои околу 900 дојдоа организирано од Софија да го бодат бугарскиот тим.

Дисциплинското тело на УЕФА се очекува да отвори истрага поради дискриминаторско скандирање кое можеше да се слушне од навивачките групи на двете страни за време на натпреварот, поради што на средина од второто полувреме беше издадено официјално предупредување на Арената во Скопје дека дуелот може да биде прекинат доколку навивачите продолжат со таквото однесување.

Дополнително за време на натпреварот беа користени факели и други недозволени пиротехнички средства од двете навивачки страни, што, исто така, подлежи на санкции од УЕФА.

Натпреварот кој заврши со победа на Левски од 2-0 го одбележаа инциденти и надвор од теренот.

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за поврзаност со инциденти се приведени вкупно 21 лице.

Како што соопшти МВР, 19 приведени биле навивачи од Република Бугарија. Од нив, осум лица се приведени за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК „Шкупи“, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И овие лица се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

Од МВР информираа и за физичкиот напад врз четворица бугарски државјани. Според пријавата, настанот се случил вчера во 18.38 часот на улица „Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет, а бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Дел од бугарските медиуми повикувајќи се на извештаите на своите специјални дописници, како и изјави на приврзаници на Левски, јавија дека на инцидентот во скопски Чаир претходел „пропуст во организираното спроведување на навивачкиот конвој“ со приврзаници на Левски.

Но, од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град”, како и превземени се други дејствија, со кои се покажало дека навивачи на ФК „Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bugarite-se-simnale-kaj-chairchanka-i-pochnale-da-provotsiraat-i-navreduvaat-sluchajni-minuvachi-pa-im-izlegla-grupa-gragani/

Реванш натпреварот е на програмата на 3 август на стадионот „Георги Аспарухов“ во Софија со почеток во 19 часот.

The post Шкупи и Левски ги очекуваат казни од УЕФА appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот тим во рамки на првиот натпревар од второто коло во Конференциската лига. Натпреварот официјално го следеа 6.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, меѓу кои околу 900 дојдоа организирано од Софија да го бодат бугарскиот тим. Дисциплинското тело на УЕФА се очекува да отвори истрага поради дискриминаторско скандирање кое можеше да се слушне од навивачките групи на двете страни за време на натпреварот, поради што на средина од второто полувреме беше издадено официјално предупредување на Арената во Скопје дека дуелот може да биде прекинат доколку навивачите продолжат со таквото однесување. Дополнително за време на натпреварот беа користени факели и други недозволени пиротехнички средства од двете навивачки страни, што, исто така, подлежи на санкции од УЕФА. Натпреварот кој заврши со победа на Левски од 2-0 го одбележаа инциденти и надвор од теренот. Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за поврзаност со инциденти се приведени вкупно 21 лице. Како што соопшти МВР, 19 приведени биле навивачи од Република Бугарија. Од нив, осум лица се приведени за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК „Шкупи“, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И овие лица се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци. Од МВР информираа и за физичкиот напад врз четворица бугарски државјани. Според пријавата, настанот се случил вчера во 18.38 часот на улица „Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет, а бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди. Дел од бугарските медиуми повикувајќи се на извештаите на своите специјални дописници, како и изјави на приврзаници на Левски, јавија дека на инцидентот во скопски Чаир претходел „пропуст во организираното спроведување на навивачкиот конвој“ со приврзаници на Левски. Но, од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град”, како и превземени се други дејствија, со кои се покажало дека навивачи на ФК „Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bugarite-se-simnale-kaj-chairchanka-i-pochnale-da-provotsiraat-i-navreduvaat-sluchajni-minuvachi-pa-im-izlegla-grupa-gragani/ Реванш натпреварот е на програмата на 3 август на стадионот „Георги Аспарухов“ во Софија со почеток во 19 часот.

The post Шкупи и Левски ги очекуваат казни од УЕФА appeared first on Република.

]]>