Шкумбин Ахмети Archives - Република https://republika.mk/tema/shkumbin-ahmeti/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jul 2023 12:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шкумбин Ахмети Archives - Република https://republika.mk/tema/shkumbin-ahmeti/ 32 32 Фирмата на Ахмети треба да ја посети Обвинителството, а не Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-ahmeti-treba-da-ja-poseti-obvinitelstvoto-a-ne-mitskoski/ Wed, 05 Jul 2023 12:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=658397

Зачудува нивото на информираност на министерот за економија Бектеши во однос на фирмата на внукот на неговиот партиски лидер Ахмети. Очигледно тој има двојна функција и министер во Влада и портпарол на фирмите на семејството Ахмети, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Фирмата на внукот Ахмети треба да ја посети обвинителството, а не претседателот Мицкоски. И притоа да се провери како дваесетгодишник има неколку десетици милиони евра, дали плаќа данок, и како кланот од Зајас стана мултимилионер.

А, што се однесува до посетите, во периодот што следи јавноста ќе биде запознаена со многу движни и недвижни ствари во посед на кланот од Зајас. Се надеваме и тогаш колку и сега министерот за економија Бектеши срдечно ќе има желба истите да ги посети, додава Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=ODnTBDvH0W4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Фирмата на Ахмети треба да ја посети Обвинителството, а не Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Зачудува нивото на информираност на министерот за економија Бектеши во однос на фирмата на внукот на неговиот партиски лидер Ахмети. Очигледно тој има двојна функција и министер во Влада и портпарол на фирмите на семејството Ахмети, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Фирмата на внукот Ахмети треба да ја посети обвинителството, а не претседателот Мицкоски. И притоа да се провери како дваесетгодишник има неколку десетици милиони евра, дали плаќа данок, и како кланот од Зајас стана мултимилионер.
А, што се однесува до посетите, во периодот што следи јавноста ќе биде запознаена со многу движни и недвижни ствари во посед на кланот од Зајас. Се надеваме и тогаш колку и сега министерот за економија Бектеши срдечно ќе има желба истите да ги посети, додава Митева. https://www.youtube.com/watch?v=ODnTBDvH0W4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Фирмата на Ахмети треба да ја посети Обвинителството, а не Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски доби покана да ја посети фирмата на синот на Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-pokana-za-ja-poseti-firmata-na-sinot-na-ahmeti/ Wed, 05 Jul 2023 11:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=658340

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати јавна покана до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и заедно со новинарите да одат да ја посетат компанијата на синот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин Ахмети и јавно да бидат презентирани сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент.

Бектеши потенцира дека Шкумбин Ахмети има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти се за потребите на одредени компании во Швајцарија.

-Во однос на наводите на ВМРО-ДПМНЕ за синот на Ахмети, денеска сакам да го повикам јавно господинот Мицкоски во мое лично име и заедно со мене, имајќи во предвид дека и тој има потекло од Кичево и Кичево е многу мал град, сите се знаеме меѓу себе, да одиме во Кичево да ја посетиме канцеларијата на господинот Шкумбин Ахмети и пред медиумите заедно со господинот Мицкоски да видиме што работи Шкумбин Ахмети во последните пет години. Тој има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти, повеќе од 99 отсто се за Швајцарија и тој прави цртежи за потребите на одредени други компании во Швајцарија, која нема никаква поврзаност со Република Македонија, а посебно со институциите кои бараат такви услуги, рече Бектеши.

Ако е храбар за тоа што го кажува, нагласи Бектеши, од денеска кога тој ќе има време јас ќе ја прилагодам мојата агенда со неговата да одиме во Кичево заедно со медиумите во канцеларијата на Шкумбим Ахмети и јавно ќе ги презентираме сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент.

Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ кон внукот на Али Ахмети, Бесијан Амети, Бектеши рече дека двајцата потпретседатели на партијата Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски треба да имаат повеќе информации, како бил направено изборот на економски промотори, бидејќи, како што посочи, тие двајцата тогаш биле на високи владини функции.

-Што се однесува за Бесијан Ахмети, ве повикувам вас медиумите но и двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски во време кој тој бил избран за економски промотор на Република Македонија за земјите на Бенелукс едниот бил министер за транспорт и врски а другиот заменик министер за МИОА и тие најверојатно би требало да имаат повеќе информации како е направен изборот, бидејќи изборот на економските промотори се прави посетувајќи ги сите институции вклучувајчи ја и МИОА и Министерството за транспорт и врски каде што земаат и потписи од надлежните со цел да станат економски промотори. Навистина очекувам од ВМРО-ДПМНЕ да не креираат лажни вести. Но, конкретно и во пракса заедно со новинарите да одиме и да видиме која е вистината, рече Бектеши.

The post Мицкоски доби покана да ја посети фирмата на синот на Ахмети appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати јавна покана до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и заедно со новинарите да одат да ја посетат компанијата на синот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин Ахмети и јавно да бидат презентирани сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент. Бектеши потенцира дека Шкумбин Ахмети има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти се за потребите на одредени компании во Швајцарија.
-Во однос на наводите на ВМРО-ДПМНЕ за синот на Ахмети, денеска сакам да го повикам јавно господинот Мицкоски во мое лично име и заедно со мене, имајќи во предвид дека и тој има потекло од Кичево и Кичево е многу мал град, сите се знаеме меѓу себе, да одиме во Кичево да ја посетиме канцеларијата на господинот Шкумбин Ахмети и пред медиумите заедно со господинот Мицкоски да видиме што работи Шкумбин Ахмети во последните пет години. Тој има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти, повеќе од 99 отсто се за Швајцарија и тој прави цртежи за потребите на одредени други компании во Швајцарија, која нема никаква поврзаност со Република Македонија, а посебно со институциите кои бараат такви услуги, рече Бектеши.
Ако е храбар за тоа што го кажува, нагласи Бектеши, од денеска кога тој ќе има време јас ќе ја прилагодам мојата агенда со неговата да одиме во Кичево заедно со медиумите во канцеларијата на Шкумбим Ахмети и јавно ќе ги презентираме сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент. Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ кон внукот на Али Ахмети, Бесијан Амети, Бектеши рече дека двајцата потпретседатели на партијата Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски треба да имаат повеќе информации, како бил направено изборот на економски промотори, бидејќи, како што посочи, тие двајцата тогаш биле на високи владини функции.
-Што се однесува за Бесијан Ахмети, ве повикувам вас медиумите но и двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски во време кој тој бил избран за економски промотор на Република Македонија за земјите на Бенелукс едниот бил министер за транспорт и врски а другиот заменик министер за МИОА и тие најверојатно би требало да имаат повеќе информации како е направен изборот, бидејќи изборот на економските промотори се прави посетувајќи ги сите институции вклучувајчи ја и МИОА и Министерството за транспорт и врски каде што земаат и потписи од надлежните со цел да станат економски промотори. Навистина очекувам од ВМРО-ДПМНЕ да не креираат лажни вести. Но, конкретно и во пракса заедно со новинарите да одиме и да видиме која е вистината, рече Бектеши.

The post Мицкоски доби покана да ја посети фирмата на синот на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Синот на Ахмети заедно со поранешен странски советник во владата на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ отвори фирма за струја https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-ahmeti-zaedno-so-poraneshen-stranski-sovetnik-vo-vladata-na-vmro-dpmne-dui-otvorija-firma-za-struja/ Thu, 02 Mar 2023 13:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=615142

Два месеци откако синот на Али Ахмети влезе во енергетскиот сектор отворајќи ја компанијата за производство на електрична енергија „Тхеас Енергу ДООЕЛ“ во кичевски Зајас, Шкумбин Ахмети со нова инвестиција го шири бизнисот преку нова фирма, овој пат со странски партнери, открива „А1он“.

На 22 февруари, компанијата на Шкумбин Ахмети, „Тхеас Енергу ДООЕЛ“, заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаат нова компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност ќе биде производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци.

За управители на „Мега Повер ДОО Скопје“ се заведени Шкумбин Ахмети, како и Ор Ел Леви (Бабаи) и Ранјит Наиак од „Сее Повер ДОО Скопје“. Оваа компанија, пак, е регистрирана во скопски Аеродром една недела порано пред заеднички со синот на Ахмети да влезат во инвестиција преку новата фирма.

Сопствениците на „Сее Повер ДОО Скопје“ се странски државјани – од Израел и Романија и генерално непознати за јавноста. Освен името и презимето на Индиецот Ранјит Наиак.

Во професионалната биографија на Ранјит Наиак, пишува дека бил шеф на Светската банка за Косово од 2007 до 2011 година и дека е заслужен за обезбедување на економската и финансиската одржливост на ново формираната држава по нејзиното прогласување независност во 2008 година. Следниот ангажман му бил главен специјалист за социјален развој на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија во Вашингтон од 2011 до 2013 година, каде ги надгледувал операциите за социјален развој во 30 земји и ги советувал владите и партнерите на Светска банка за развојни прашања.

Но, јавно достапните информации за неговата биографија, откриваат и друг интересен детаљ. А тоа е дека пред 10 години, во периодот од 2013 – 2015 во времето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, бил главен советник за меѓународни и европски прашања. Како што пишува, тој ја поддржувал тековната работа на Секретаријатот за Европски прашања на Владата за интеграција во ЕУ. Во тоа време, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања е Фатмир Бесими. Една деценија подоцна, поранешниот советник станува бизнис партнер со синот на Али Ахмети.

Повеќе на А1.он.нк

The post Синот на Ахмети заедно со поранешен странски советник во владата на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ отвори фирма за струја appeared first on Република.

]]>

Два месеци откако синот на Али Ахмети влезе во енергетскиот сектор отворајќи ја компанијата за производство на електрична енергија „Тхеас Енергу ДООЕЛ“ во кичевски Зајас, Шкумбин Ахмети со нова инвестиција го шири бизнисот преку нова фирма, овој пат со странски партнери, открива „А1он“. На 22 февруари, компанијата на Шкумбин Ахмети, „Тхеас Енергу ДООЕЛ“, заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаат нова компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност ќе биде производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци. За управители на „Мега Повер ДОО Скопје“ се заведени Шкумбин Ахмети, како и Ор Ел Леви (Бабаи) и Ранјит Наиак од „Сее Повер ДОО Скопје“. Оваа компанија, пак, е регистрирана во скопски Аеродром една недела порано пред заеднички со синот на Ахмети да влезат во инвестиција преку новата фирма. Сопствениците на „Сее Повер ДОО Скопје“ се странски државјани – од Израел и Романија и генерално непознати за јавноста. Освен името и презимето на Индиецот Ранјит Наиак. Во професионалната биографија на Ранјит Наиак, пишува дека бил шеф на Светската банка за Косово од 2007 до 2011 година и дека е заслужен за обезбедување на економската и финансиската одржливост на ново формираната држава по нејзиното прогласување независност во 2008 година. Следниот ангажман му бил главен специјалист за социјален развој на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија во Вашингтон од 2011 до 2013 година, каде ги надгледувал операциите за социјален развој во 30 земји и ги советувал владите и партнерите на Светска банка за развојни прашања. Но, јавно достапните информации за неговата биографија, откриваат и друг интересен детаљ. А тоа е дека пред 10 години, во периодот од 2013 – 2015 во времето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, бил главен советник за меѓународни и европски прашања. Како што пишува, тој ја поддржувал тековната работа на Секретаријатот за Европски прашања на Владата за интеграција во ЕУ. Во тоа време, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања е Фатмир Бесими. Една деценија подоцна, поранешниот советник станува бизнис партнер со синот на Али Ахмети. Повеќе на А1.он.нк

The post Синот на Ахмети заедно со поранешен странски советник во владата на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ отвори фирма за струја appeared first on Република.

]]>