школска година Archives - Република https://republika.mk/tema/shkolska-godina/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 08:47:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png школска година Archives - Република https://republika.mk/tema/shkolska-godina/ 32 32 Учебната година заврши за средношколците, основците ќе тераат до 17 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-zavrshi-za-srednoshkoltsite-osnovtsite-ke-teraat-do-17-juni/ Mon, 10 Jun 2024 08:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=786083

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела.

Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци.

Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст, заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни.

И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024.

Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули.

The post Учебната година заврши за средношколците, основците ќе тераат до 17 јуни appeared first on Република.

]]>

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст, заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни. И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024. Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули.

The post Учебната година заврши за средношколците, основците ќе тераат до 17 јуни appeared first on Република.

]]>
Почнува новата школска година https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-novata-shkolska-godina/ Fri, 01 Sep 2023 07:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=677756

За над 200.000 основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17 јуни.

Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.

– Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, кажа вчера Шаќири.

The post Почнува новата школска година appeared first on Република.

]]>

За над 200.000 основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето. – Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, кажа вчера Шаќири.  

The post Почнува новата школска година appeared first on Република.

]]>
Учебната година ќе почне на 11 септември, а цел јуни ќе се учи: Владата и учениците на крстопат! https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-ke-pochne-na-11-septemvri-a-tsel-juni-ke-se-uchi-vladata-i-uchenitsite-na-krstopat/ Mon, 19 Jun 2023 14:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=653158

Новата учебна 2023-2024 година би можела да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Но, може да остане и вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Според министерот за образование, Јетон Шаќири, овие измени за кои владата треба да одлучи се прават, за да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците.

На почетокот на септември имаме празник и имаме период во кој голем дел од учениците, од нашите податоци што ги имаме, ги користат летните одмори на почетокот на септември. Второ е дека одмор во пролетните месеци, според кажувањата на наставниците, придонесува во педагошката смисла за учениците и за наставниците. Сите можности се отворени, ќе видиме и ќе се договориме како ќе одлучиме - изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

За ваквите предлози зелено светло даваат и од СОНК. Претседателот на синдикатот Јаким Неделков вели дека сепак се потребни издржливи аргументи за секој предлог. Но и самиот вели дека светот се менува и оди напред, а Македонија мора да ги следи позитивните промени.

Според Неделков, наставниците секогаш се принудени на летен одмор да одат во јули и август додека учениците немаат настава, а никогаш немале можност да летуваат во септември.

Тие немаат можност да летуваат со поевтини цени, а вака ќе заштитат 100-тини евра за користење на летен одмор - рече Неделков во вестите на „Телма“.

The post Учебната година ќе почне на 11 септември, а цел јуни ќе се учи: Владата и учениците на крстопат! appeared first on Република.

]]>

Новата учебна 2023-2024 година би можела да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Но, може да остане и вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Според министерот за образование, Јетон Шаќири, овие измени за кои владата треба да одлучи се прават, за да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците.
На почетокот на септември имаме празник и имаме период во кој голем дел од учениците, од нашите податоци што ги имаме, ги користат летните одмори на почетокот на септември. Второ е дека одмор во пролетните месеци, според кажувањата на наставниците, придонесува во педагошката смисла за учениците и за наставниците. Сите можности се отворени, ќе видиме и ќе се договориме како ќе одлучиме - изјави Јетон Шаќири, министер за образование.
За ваквите предлози зелено светло даваат и од СОНК. Претседателот на синдикатот Јаким Неделков вели дека сепак се потребни издржливи аргументи за секој предлог. Но и самиот вели дека светот се менува и оди напред, а Македонија мора да ги следи позитивните промени. Според Неделков, наставниците секогаш се принудени на летен одмор да одат во јули и август додека учениците немаат настава, а никогаш немале можност да летуваат во септември.
Тие немаат можност да летуваат со поевтини цени, а вака ќе заштитат 100-тини евра за користење на летен одмор - рече Неделков во вестите на „Телма“.

The post Учебната година ќе почне на 11 септември, а цел јуни ќе се учи: Владата и учениците на крстопат! appeared first on Република.

]]>
Три варијанти за почеток на новата школска година https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-varijanti-za-pochetok-na-novata-shkolska-godina/ Mon, 19 Jun 2023 11:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=653088

Има три варијанти за почеток на новата 2023/2024 учебна година, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Според него, има доволно време да се реализираат овие промени од септември.

Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.

Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.

Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт.

Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.

Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири.

The post Три варијанти за почеток на новата школска година appeared first on Република.

Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт. Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.

Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-do-vladata-ne-e-dostaven-predlog-uchilishnata-godina-da-zapochne-podotsna/ Mon, 19 Jun 2023 11:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=653082

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.

Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.

Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.

Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.

Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт.

Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.

Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири.

The post Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна appeared first on Република.

]]>

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.
Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.
Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.
Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.
Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт. Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.
Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири.

The post Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна appeared first on Република.

]]>
На 6 јуни крај на учебната година во Србија, зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште https://republika.mk/vesti/balkan/na-6-juni-kraj-na-uchebnata-godina-vo-srbija-zgradata-na-ou-vladislav-ribnikar-ke-ostane-uchilishte/ Thu, 01 Jun 2023 15:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=646931

Српската Влада денеска соопшти дека донела одлука на 6 јуни да ја заврши учебната година во сите основни и средни училишта во државата.

За учениците кои сакаат да го сторат тоа, училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни. Сите ученици кои не се задоволни од своите резултати ќе имаат можност да ги подобрат оценките на нивно лично барање до 20 јуни.

Објектот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде ученик изврши масовно убиство на 3 мај, ќе остане училиште, соопшти Владата. Тој објект ќе се реконструира и ќе се уреди „спомен дел во знак на децата и училишниот чувар, кои секојдневно покажуваа исклучителност во тоа училиште“, се вели во соопштението.

Владата на Србија соопшти дека со вонреден инспекциски надзор во тоа училиште биле потврдени сознанијата на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа дека „во тоа училиште немало врсничко насилство во однос на малолетникот К.К“, сторител на убиството.

The post На 6 јуни крај на учебната година во Србија, зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште appeared first on Република.

]]>

Српската Влада денеска соопшти дека донела одлука на 6 јуни да ја заврши учебната година во сите основни и средни училишта во државата. За учениците кои сакаат да го сторат тоа, училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни. Сите ученици кои не се задоволни од своите резултати ќе имаат можност да ги подобрат оценките на нивно лично барање до 20 јуни. Објектот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде ученик изврши масовно убиство на 3 мај, ќе остане училиште, соопшти Владата. Тој објект ќе се реконструира и ќе се уреди „спомен дел во знак на децата и училишниот чувар, кои секојдневно покажуваа исклучителност во тоа училиште“, се вели во соопштението. Владата на Србија соопшти дека со вонреден инспекциски надзор во тоа училиште биле потврдени сознанијата на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа дека „во тоа училиште немало врсничко насилство во однос на малолетникот К.К“, сторител на убиството.  

The post На 6 јуни крај на учебната година во Србија, зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште appeared first on Република.

]]>
Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември https://republika.mk/vesti/makedonija/ovaa-uchebna-godina-kje-zapochne-na-1-septemvri-a-sekoja-sledna-kje-zapochnuva-na-10-septemvri/ Thu, 11 Aug 2022 10:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=539022

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра - вели Шаќири за Мета.мк.

Од 1 септември, треба да започне учењето по новата Концепција во второ и во петто одделение. За овие две одделенија, вели министерот, сѐ уште не се испечатени учебници.

Во однос на тоа, дали ќе успеме на време да ги обезбедиме учебниците, можам да кажам дека на време ќе има и учебници и материјали за учење за трето, шесто, седмо и за деветто одделение. Новите учебници кои треба да се испечатат за прв пат, за прво, второ, четврто и за петто одделение, сите постапки се започнати во најбрз временски рок. Бидејќи ќе се доцни, го задолживме Бирото за развој на образованието да направи подготвителни материјали за учење, наменети за првите три месеци од наставата, додека не стасаат учебниците. Тие материјали се исто како учебници, но содржат теми само за првите три месеци - информира Шаќири.

The post Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември appeared first on Република.

На 20 дена пред почетокот на новата школска година, доцни набавката на учебниците https://republika.mk/vesti/makedonija/na-20-dena-pred-pochetokot-na-novata-shkolska-godina-docni-nabavkata-na-uchebnicite/ Tue, 09 Aug 2022 18:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=538476

Иако до почетокот на новта учебна година останува уште неполн еден месец, сепак доцни набавката на учебниците според новата наставна програма за учениците од прво до петто одделение. Од МОН велат дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од МОН велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.

The post На 20 дена пред почетокот на новата школска година, доцни набавката на учебниците appeared first on Република.

]]>

Иако до почетокот на новта учебна година останува уште неполн еден месец, сепак доцни набавката на учебниците според новата наставна програма за учениците од прво до петто одделение. Од МОН велат дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение. Од МОН велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.  

The post На 20 дена пред почетокот на новата школска година, доцни набавката на учебниците appeared first on Република.

]]>
Учебната година ќе заврши на 10 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-kje-zavrshi-na-10-juni/ Tue, 10 May 2022 15:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=500581

Школската гпдина ќе заврши во јуни, кога ќе започне летниот распуст. На денешната седнив на Владата ндонесена е Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година - стои во владиното соопштение.

The post Учебната година ќе заврши на 10 јуни appeared first on Република.

И официјално: Учениците на училиште се враќаат на 1-ви февруари https://republika.mk/vesti/makedonija/i-oficijalno-uchenicite-na-uchilishte-se-vrakjaat-na-1-vi-fevruari/ Mon, 17 Jan 2022 21:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=446078

Кризниот штаб препорача, а Владата на седница донесе одлука со која се продолжува зимскиот распуст на учениците поради пикот на корона вирусот.

Претходно Главниот кризен штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари, согласно заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик.

Исто така владата донела одлука учебната година да заврши во редовниот термин на 10 јуни и да нема одбработување во саботите, туку второто полугодие да биде по скратена програма.

The post И официјално: Учениците на училиште се враќаат на 1-ви февруари appeared first on Република.

]]>

Кризниот штаб препорача, а Владата на седница донесе одлука со која се продолжува зимскиот распуст на учениците поради пикот на корона вирусот. Претходно Главниот кризен штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари, согласно заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик. Исто така владата донела одлука учебната година да заврши во редовниот термин на 10 јуни и да нема одбработување во саботите, туку второто полугодие да биде по скратена програма.

The post И официјално: Учениците на училиште се враќаат на 1-ви февруари appeared first on Република.

]]>
Педијатрите во Србија препорачуваат да се одложи поаѓањето во училиште за две недели https://republika.mk/vesti/balkan/pedijatrite-vo-srbija-preporachuvaat-da-se-odlozi-poagjanjeto-vo-uchilishte-za-dve-nedeli/ Mon, 17 Jan 2022 10:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=445701

Здружението на педијатри на Србија издаде соопштение во кое препорачува да се одложи поаѓањето на училиште на класичен начин или наставата да се организира онлајн.

Со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во нашата земја и карактеристиките на сојот омикрон, кој се шири многу побрзо и во поголема мера од претходните соеви ги зафаќа и децата, Здружението на педијатри на Србија препорачува да се одложи наставата на класичен начин или да се организира онлајн настава“, се наведува во соопштението.

Од здружението на педијатри потсетуваат дека опфатот со вакцинација на оние групи во кои е одобрена и препорачана вакцината (деца постари од 12 години) е само симболична, а вакцината за деца до 12 години се уште не е регистрирана во Србија, па се смета дека учениците моментално се најранливата група.

Децата помлади од 12 години не се вакцинирани, а сојот омикрон кај оваа популација се шири исто толку брзо како и кај возрасните. Во овие околности – одлуката да им се наметне и обврската да одат во колектив и да посетуваат настава во класичен начин претставува голема опасност од заразување со ковид, грип или обем на инфекции на оваа чувствителна популација. Според Здружението на педијатри на Србија, ваквата одлука е медицински проблематична“, велат педијатрите на Србија.

Сметаат дека враќањето на училиште, на класичен начин, треба да се одложи за следните две недели додека не се добие подобар увид во текот на двете актуелни епидемии.

The post Педијатрите во Србија препорачуваат да се одложи поаѓањето во училиште за две недели appeared first on Република.