шини Archives - Република https://republika.mk/tema/shini/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 09:57:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шини Archives - Република https://republika.mk/tema/shini/ 32 32 Велешанец се бори за живот: Излетал од мостот кај Градскиот базен и паднал врз шини https://republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanets-se-bori-za-zhivot-izletal-od-mostot-kaj-gradskiot-bazen-i-padnal-vrz-shini/ Thu, 08 Aug 2024 09:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=804519

Во СВР Велес синоќа во 22:45 часот било пријавено дека на ул.„Вардарска“, односно на мостот кај Градскиот базен патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти велешката полиција.

Од Територијалната противпожарна единица за МИА, информираат дека нивна екипа била повикана за помош на повредениот во 22:50 часот по што итно отишле на местото на настанот ја исекле колата со соодветен алат и успеале да го извадат повредениот возач на кој итна помош му укажала медицинска екипа, која потоа итно го однела во Ургентниот центар на велешката Општа болница.

Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот во Ургентниот центар на болницата бил донесен во 23:30 часот и веднаш бил однесен на радиодијагностика, а му била направена компјутерска томографија на целото тело.

Констатирани се контузиони повреди на глава и гради, фрактура на пршленски тела на кичма и сериска фрактура на ребра. Поради тежината на повредите пациентот утрово со возило е однесен на понатамошно лекување во скопските клиники „Мајка Тереза“, појасни Андова.

The post Велешанец се бори за живот: Излетал од мостот кај Градскиот базен и паднал врз шини appeared first on Република.

]]>

Во СВР Велес синоќа во 22:45 часот било пријавено дека на ул.„Вардарска“, односно на мостот кај Градскиот базен патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти велешката полиција. Од Територијалната противпожарна единица за МИА, информираат дека нивна екипа била повикана за помош на повредениот во 22:50 часот по што итно отишле на местото на настанот ја исекле колата со соодветен алат и успеале да го извадат повредениот возач на кој итна помош му укажала медицинска екипа, која потоа итно го однела во Ургентниот центар на велешката Општа болница. Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот во Ургентниот центар на болницата бил донесен во 23:30 часот и веднаш бил однесен на радиодијагностика, а му била направена компјутерска томографија на целото тело. Констатирани се контузиони повреди на глава и гради, фрактура на пршленски тела на кичма и сериска фрактура на ребра. Поради тежината на повредите пациентот утрово со возило е однесен на понатамошно лекување во скопските клиники „Мајка Тереза“, појасни Андова.

The post Велешанец се бори за живот: Излетал од мостот кај Градскиот базен и паднал врз шини appeared first on Република.

]]>
Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени https://republika.mk/vesti/svet/voz-izleta-od-shini-vo-rusija-najmalku-70-povredeni/ Thu, 27 Jun 2024 07:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=791164

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија.

Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.

Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.

Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин, соопштија надлежните.

The post Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија. Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа. Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.
Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин, соопштија надлежните.

The post Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени appeared first on Република.

]]>
На Балканот никогаш досадно: По трендот за возење во спротивен правец, автомобил вози по шини https://republika.mk/vesti/balkan/na-balkanot-nikogash-dosadno-po-trendot-za-vozene-vo-sprotiven-pravets-avtomobil-vozi-po-shini/ Sat, 28 Oct 2023 07:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=695732

Не се знае како автомобил марка „хјундаи“ заврши на трамвајските шини на мостот на Ада во Белград, Србија, каде е снимена оваа несекојдневна случка. Видеото прикажува како автомобилот се движи по шината, на која е (речиси) невозможно да се стигне со обично возило.

За среќа, избегнат е директен судир со трамвајот, кој во следните минути доаѓа зад автомобилот, но несовесниот возач успеа да го блокира патничкиот сообраќај.

Претходно беа снимени неколку автомобили кои возеа во спротивен правец по српските автопати, а еден од возачите и загина по директен судир.

The post На Балканот никогаш досадно: По трендот за возење во спротивен правец, автомобил вози по шини appeared first on Република.

]]>

Не се знае како автомобил марка „хјундаи“ заврши на трамвајските шини на мостот на Ада во Белград, Србија, каде е снимена оваа несекојдневна случка. Видеото прикажува како автомобилот се движи по шината, на која е (речиси) невозможно да се стигне со обично возило. За среќа, избегнат е директен судир со трамвајот, кој во следните минути доаѓа зад автомобилот, но несовесниот возач успеа да го блокира патничкиот сообраќај. Претходно беа снимени неколку автомобили кои возеа во спротивен правец по српските автопати, а еден од возачите и загина по директен судир.

The post На Балканот никогаш досадно: По трендот за возење во спротивен правец, автомобил вози по шини appeared first on Република.

]]>
Возот за Скопје излета кај Кадина Река https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozot-za-skopje-izleta-kaj-kadina-reka/ Mon, 09 Jan 2023 08:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=594824

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река.

Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, објави Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.

Станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

 

The post Возот за Скопје излета кај Кадина Река appeared first on Република.

]]>

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река.
Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, објави Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.
Станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.  

The post Возот за Скопје излета кај Кадина Река appeared first on Република.

]]>