Шарл Мишел Archives - Република https://republika.mk/tema/sharl-mishel/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 11:42:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шарл Мишел Archives - Република https://republika.mk/tema/sharl-mishel/ 32 32 ЕУ мора да престане да му држи предавања на светот, вели претседателот на Европскиот совет https://republika.mk/vesti/svet/eu-mora-da-prestane-da-mu-drzhi-predavana-na-svetot-veli-pretsedatelot-na-evropskiot-sovet/ Sat, 26 Oct 2024 11:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=831241

Европската унија треба да престане да „држи предавања“ во другите делови на светот и треба да има поголема почит кон своите партнери со цел да се бори против растечкото влијание на Русија и Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“ објавено во петокот, Мишел призна дека блокот станал самоуверен дека знае што е правилно, а што погрешно и честопати не се обидува да разбере зошто другите земји мислат поинаку.

Тој истакна дека во ЕУ постои „рефлекс што е блиску до форма на предавање“ при комуникација со земјите во развој со кои блокот има потпишано договори за стратешка, трговска или политичка соработка.

Ние не сме секогаш многу добри во однос на комуникацијата, во однос на објаснувањето, во однос на разговорот со нив и покажувањето одредена почит кон нив, рече Мишел.

Тој, исто така, предложи ЕУ да го преиспита својот пристап за спроведување на своите стандарди и регулативи за трговските партнери, давајќи ги како пример правилата за риболов.

Го користиме вокабуларот: жолт картон или црвен картон, рече тој, посочувајќи дека „зборовите што ги користиме се навистина понижувачки бидејќи оставаме впечаток дека сме играч на теренот, а во исто време и судија“.

Забелешката на претседателот на ЕК дојде откако десетици светски лидери се собраа во рускиот град Казан за да присуствуваат на 16-тиот самит на БРИКС. На листата на гости беа претседателите на Египет, Обединетите Арапски Емирати и Турција – членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ.

Мишел посочи дека фактот што лидерите на овие земји, кои исто така се „многу блиски“ со ЕУ од економска и воена гледна точка, избрале да присуствуваат на Самитот на БРИКС, сугерира дека тие „сакаат да испратат порака до останатите во светот“.

Еден од емирите во земјите од Персискиот залив еднаш ми рече, ако има вакуум, многу брзо некој ќе го пополни вакуумот. И ако не сте вие ​​таму, другите се таму, се сеќава Мишел, нагласувајќи дека ЕУ треба да најде „нов пристап“ за да ги придобие земјите кои сакаат да ги диверзифицираат своите економски и безбедносни сојузи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно оваа недела истакна дека групата БРИКС не се заснова на „сојуз против некого“ и за разлика од ЕУ, нејзините членки не се обврзани со меѓусебни обврски.

Тој објасни дека БРИКС претставува „асоцијација на земји кои споделуваат заеднички вредности и заеднички насоки“ и се посветени на универзалните принципи на заемно почитување и взаемна корист. ЕУ, од друга страна, е организација која има јасно дефинирани правила, обврзувачки документи и „цел сет на меѓусебни обврски“, рече Песков.

The post ЕУ мора да престане да му држи предавања на светот, вели претседателот на Европскиот совет appeared first on Република.

]]>

Европската унија треба да престане да „држи предавања“ во другите делови на светот и треба да има поголема почит кон своите партнери со цел да се бори против растечкото влијание на Русија и Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ објавено во петокот, Мишел призна дека блокот станал самоуверен дека знае што е правилно, а што погрешно и честопати не се обидува да разбере зошто другите земји мислат поинаку. Тој истакна дека во ЕУ постои „рефлекс што е блиску до форма на предавање“ при комуникација со земјите во развој со кои блокот има потпишано договори за стратешка, трговска или политичка соработка. Ние не сме секогаш многу добри во однос на комуникацијата, во однос на објаснувањето, во однос на разговорот со нив и покажувањето одредена почит кон нив, рече Мишел. Тој, исто така, предложи ЕУ да го преиспита својот пристап за спроведување на своите стандарди и регулативи за трговските партнери, давајќи ги како пример правилата за риболов. Го користиме вокабуларот: жолт картон или црвен картон, рече тој, посочувајќи дека „зборовите што ги користиме се навистина понижувачки бидејќи оставаме впечаток дека сме играч на теренот, а во исто време и судија“. Забелешката на претседателот на ЕК дојде откако десетици светски лидери се собраа во рускиот град Казан за да присуствуваат на 16-тиот самит на БРИКС. На листата на гости беа претседателите на Египет, Обединетите Арапски Емирати и Турција – членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ. Мишел посочи дека фактот што лидерите на овие земји, кои исто така се „многу блиски“ со ЕУ од економска и воена гледна точка, избрале да присуствуваат на Самитот на БРИКС, сугерира дека тие „сакаат да испратат порака до останатите во светот“. Еден од емирите во земјите од Персискиот залив еднаш ми рече, ако има вакуум, многу брзо некој ќе го пополни вакуумот. И ако не сте вие ​​таму, другите се таму, се сеќава Мишел, нагласувајќи дека ЕУ треба да најде „нов пристап“ за да ги придобие земјите кои сакаат да ги диверзифицираат своите економски и безбедносни сојузи. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно оваа недела истакна дека групата БРИКС не се заснова на „сојуз против некого“ и за разлика од ЕУ, нејзините членки не се обврзани со меѓусебни обврски. Тој објасни дека БРИКС претставува „асоцијација на земји кои споделуваат заеднички вредности и заеднички насоки“ и се посветени на универзалните принципи на заемно почитување и взаемна корист. ЕУ, од друга страна, е организација која има јасно дефинирани правила, обврзувачки документи и „цел сет на меѓусебни обврски“, рече Песков.

The post ЕУ мора да престане да му држи предавања на светот, вели претседателот на Европскиот совет appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Европскиот совет виде можност за влез на Западен Балкан до 2030-та година https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-evropskiot-sovet-vide-mozhnost-za-vlez-na-zapaden-balkan-do-2030-ta-godina/ Fri, 25 Oct 2024 09:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=830822

Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА.

Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат ЕУ и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи, порача Мишел.

Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата.

Ние имаме домашна задача што мораме да ја завршиме. Затоа ја имаме Стратешката агенда за да се подготвиме за ова идно проширување, кое знаеме дека ќе има последици, вклучително и во однос на финансиската солидарност и во однос на процесот на одлучување, истакна Мишел, додавајќи дека европските лидери сепак се свесни оти ЕУ треба да се подготви за идното проширување и покрај политичките предизвици.

Тој потенцира дека ЕУ мора да биде поагилна во остварувањето поголем напредок по однос на проширувањето, но, според него, и земјите кандидати за членство имаат свои домашни задачи и тие точно знаат што треба да направат.

Тие треба да се усогласат со законодавството на ЕУ, од една страна, и треба да го подобрат раководењето со борбата против корупцијата, за да бидеме сигурни дека ја споделуваме истата правна рамка, изјави Мишел.

Претседателот на Советот на ЕУ потенцира дека тоа е она што се бара од кандидатите за членство во делот на реформите што треба да ги спроведат, но исто така, треба и да ги разрешат споровите, што претставува серозен предизвик.

Би рекол дека веројатно најтешки се споровите, а понекогаш И најпредизвикувачки се споровите меѓу нив и некои од нашите земји членки, смета Мишел.

Според него, овие спорови, порано или подоцна, би можеле лесно да се решат ако се гледа кон иднината и ако ЕУ биде сфатена како приоритет.

Потребно е да се разрешат, бидејќи тие претставуваат пречка за постигнувањето напредок, потенцира Мишел, додавајќи дека тоа е прашање на политичка волја.

За разлика од земјите од Западниот Балкан, според него, Украина, Грузија и Молдавија се соочуваат со „некои други предизвици“, но лидерите на ЕУ направиле „визионерски избор“ кога донесоа одлука на овие три држави да им доделат кандидатски статус

The post Претседателот на Европскиот совет виде можност за влез на Западен Балкан до 2030-та година appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА. Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат ЕУ и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи, порача Мишел. Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата. Ние имаме домашна задача што мораме да ја завршиме. Затоа ја имаме Стратешката агенда за да се подготвиме за ова идно проширување, кое знаеме дека ќе има последици, вклучително и во однос на финансиската солидарност и во однос на процесот на одлучување, истакна Мишел, додавајќи дека европските лидери сепак се свесни оти ЕУ треба да се подготви за идното проширување и покрај политичките предизвици. Тој потенцира дека ЕУ мора да биде поагилна во остварувањето поголем напредок по однос на проширувањето, но, според него, и земјите кандидати за членство имаат свои домашни задачи и тие точно знаат што треба да направат. Тие треба да се усогласат со законодавството на ЕУ, од една страна, и треба да го подобрат раководењето со борбата против корупцијата, за да бидеме сигурни дека ја споделуваме истата правна рамка, изјави Мишел. Претседателот на Советот на ЕУ потенцира дека тоа е она што се бара од кандидатите за членство во делот на реформите што треба да ги спроведат, но исто така, треба и да ги разрешат споровите, што претставува серозен предизвик. Би рекол дека веројатно најтешки се споровите, а понекогаш И најпредизвикувачки се споровите меѓу нив и некои од нашите земји членки, смета Мишел. Според него, овие спорови, порано или подоцна, би можеле лесно да се решат ако се гледа кон иднината и ако ЕУ биде сфатена како приоритет. Потребно е да се разрешат, бидејќи тие претставуваат пречка за постигнувањето напредок, потенцира Мишел, додавајќи дека тоа е прашање на политичка волја. За разлика од земјите од Западниот Балкан, според него, Украина, Грузија и Молдавија се соочуваат со „некои други предизвици“, но лидерите на ЕУ направиле „визионерски избор“ кога донесоа одлука на овие три држави да им доделат кандидатски статус

The post Претседателот на Европскиот совет виде можност за влез на Западен Балкан до 2030-та година appeared first on Република.

]]>
Мишел: ЕУ ќе ја забрза поддршката за Украина https://republika.mk/vesti/svet/mishel-eu-ke-ja-zabrza-poddrshkata-za-ukraina/ Thu, 17 Oct 2024 11:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=828022

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави денеска дека лидерите на ЕУ за време на Самитот во Брисел ќе разговараат за тоа како да се забрза поддршката за Украина и нагласи дека ЕУ е на страната на Украина и дека нејзината иднина е во Унијата.

– ЕУ е на ваша страна колку што е потребно. Знаеме дека ви е потребна поголема поддршка, поголема воена и финансиска помош. Тоа е итно, рече Мишел обраќајќи се пред новинарите пред почетокот на самитот на Европскиот совет, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Од друга страна, Зеленски укажа на опасностите од доаѓањето на зимата во време на војна и порача дека на Украина ѝ е итно потребна помош во областа на противвоздушната одбрана. – Секогаш е опасно кога доаѓа зимата. Затоа мораме да се подготвиме, истакна Зеленски пред почетокот на Самитот.

The post Мишел: ЕУ ќе ја забрза поддршката за Украина appeared first on Република.

Мишел: Европската унија е целосно посветена на Пактот за иднината https://republika.mk/vesti/svet/mishel-evropskata-unija-e-tselosno-posvetena-na-paktot-za-idninata/ Sun, 22 Sep 2024 18:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=818790

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес на Самитот за иднина во Њујорк изјави дека заедничка мисија на сите членки на ОН е да го најдат најдобриот начин за соочување со заедничките предизвици.

Мишел изјави дека самитот е „уникатен момент за зголемување на нашите амбиции и дека ЕУ е целосно посветена на тоа“.

Според Мишел, Пактот за иднината е моќен катализатор за забрзување на целите, напредок во областа на човековите права и итна реформа на „меѓународната финансиска структура“, беше објавено на веб-страницата на ОН.

The post Мишел: Европската унија е целосно посветена на Пактот за иднината appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес на Самитот за иднина во Њујорк изјави дека заедничка мисија на сите членки на ОН е да го најдат најдобриот начин за соочување со заедничките предизвици. Мишел изјави дека самитот е „уникатен момент за зголемување на нашите амбиции и дека ЕУ е целосно посветена на тоа“. Според Мишел, Пактот за иднината е моќен катализатор за забрзување на целите, напредок во областа на човековите права и итна реформа на „меѓународната финансиска структура“, беше објавено на веб-страницата на ОН.

The post Мишел: Европската унија е целосно посветена на Пактот за иднината appeared first on Република.

]]>
Mишел: Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Македонија за членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/mishel-ja-pozdravuvam-geostrateshkata-orientatsija-i-posvetenost-na-makedonija-za-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 20 Sep 2024 11:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=818166

Со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, Република Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на нашето семејство, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во објава на Икс посветена на неговата вчерашна средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.

- Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на  Македонија за членство во ЕУ, наведе Мишел.

Тој во објавата додава и дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите поврзани со ЕУ.

За време на вчерашната работна посета на Брисел, Мицкоски, покрај со Мишел имаше средби и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман, а присуствуваше и на работен ручек што за лидерите на шесте земји од Западниот Балкан го приреди претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

The post Mишел: Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Македонија за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, Република Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на нашето семејство, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во објава на Икс посветена на неговата вчерашна средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.
- Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на  Македонија за членство во ЕУ, наведе Мишел.
Тој во објавата додава и дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите поврзани со ЕУ. За време на вчерашната работна посета на Брисел, Мицкоски, покрај со Мишел имаше средби и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман, а присуствуваше и на работен ручек што за лидерите на шесте земји од Западниот Балкан го приреди претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

The post Mишел: Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Македонија за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Потврда за одлучноста на Подгорица да стане полноправна членка на ЕУ до 2028 година: Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора https://republika.mk/vesti/balkan/potvrda-za-odluchnosta-na-podgoritsa-da-stane-polnopravna-chlenka-na-eu-do-2028-godina-mishel-na-2-i-3-juli-vo-poseta-na-tsrna-gora/ Fri, 28 Jun 2024 16:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=791625

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на 2 и 3 јули ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот на државата Јаков Милатовиќ.

Како што соопштија од Кабинетот на црногорскиот претседател, Мишел ќе биде пречекан од Милатовиќ во резиденцијата на Цетиње со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи разговор меѓу двајцата функционери.

По потпишувањето во книгата на гости и средбата на двете делегации, Милатовиќ и Мишел ќе дадат изјави за јавноста. Веднаш по прес-конференцијата претседателот на Црна Гора и претседателот на Европскиот совет ќе засадат дрво на пријателството во дворот на Резиденцијата во Цетиње“, се вели во соопштението.

На крајот на денот, Милатовиќ ќе приреди свечена вечера во чест на претседателот на Европскиот совет.

Посетата на Шарл Мишел претставува важен чекор во зајакнувањето на политичките и економските односи меѓу Црна Гора и Европската Унија, а дополнително ја потврдува одлучноста на Црна Гора да стане полноправна членка на ЕУ до 2028 година“, се заклучува во соопштението на кабинетот.

The post Потврда за одлучноста на Подгорица да стане полноправна членка на ЕУ до 2028 година: Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на 2 и 3 јули ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот на државата Јаков Милатовиќ. Како што соопштија од Кабинетот на црногорскиот претседател, Мишел ќе биде пречекан од Милатовиќ во резиденцијата на Цетиње со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи разговор меѓу двајцата функционери.
По потпишувањето во книгата на гости и средбата на двете делегации, Милатовиќ и Мишел ќе дадат изјави за јавноста. Веднаш по прес-конференцијата претседателот на Црна Гора и претседателот на Европскиот совет ќе засадат дрво на пријателството во дворот на Резиденцијата во Цетиње“, се вели во соопштението.
На крајот на денот, Милатовиќ ќе приреди свечена вечера во чест на претседателот на Европскиот совет.
Посетата на Шарл Мишел претставува важен чекор во зајакнувањето на политичките и економските односи меѓу Црна Гора и Европската Унија, а дополнително ја потврдува одлучноста на Црна Гора да стане полноправна членка на ЕУ до 2028 година“, се заклучува во соопштението на кабинетот.

The post Потврда за одлучноста на Подгорица да стане полноправна членка на ЕУ до 2028 година: Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Европските челници не можат да се договорат за фотелјите https://republika.mk/vesti/svet/evropskite-chelnitsi-ne-mozhat-da-se-dogovorat-za-foteljite/ Tue, 18 Jun 2024 06:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=788554

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ на вечерашната неформална средба во Брисел не успеаја да постигнат договор околу изборот на највисоките функционери во Унијата, информира претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

- Средбата претставуваше добра можност да се разменат мислења околу изборните резултати и за подготовка на формалната средба на Европскиот совет што ќе се одржи овде во Брисел следната недела. Мислам дека дискусијата се одвиваше во вистина насока, но во оваа фаза вечерва нема договор, изјави Мишел по завршувањето на неформалниот состанок на европските лидери.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Мишел истакна дека политичките партии на средбата ги изнеле своите предлози за кандидатите за водечките позиции во ЕУ и врз основа на нив ќе се работи на постигнување договор.

Според него, во целиот процес на носењето на оваа одлука е важна транспарентноста и во нејзиното усвојување да бидат вклучени сите 27 земји членки на ЕУ.

- Оваа средба беше важна за таа цел. Потребна е доверливост и одредено ниво на доверба за да се донесе одлука, рече Мишел, додавајќи дека од суштинска важност е да се зачува единството во Европскиот совет.

Тој нагласи дека целта на денешната средба и не била да се донесе одлука околу носителите на врвните функции, туку само да се разменат мислења и да се изнесат очекувањата, надежите и приоритетите, за секој да може да го слушне секого, што, како што истакна, е важен чекор во процесот на носењето одлуки.

Мишел изрази надеж дека лидерите на земјите членки на ЕУ сепак до крајот на јуни ќе постигнат договор околу имињата на носителите на водечките позиции во блокот.

- Многу е јасно дека во текот на јуни мора да донесеме две важни одлуки. Едната е во врска со институционалниот циклус врз основа на резултатите од изборите за Европскиот парламент, а втората важна одлука е за Стратешката агенда на која почнавме да работиме пред многу месеци, нагласи Мишел.

Тој додаде дека заедно со одлуката околу носителите на врвните функции во ЕУ, на дневниот ред на Самитот на ЕУ следната недела ќе се најде и Стратешката агенда, која, како што рече, ќе ги дефинира насоките на Унијата во следниот период

The post Европските челници не можат да се договорат за фотелјите appeared first on Република.

]]>

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ на вечерашната неформална средба во Брисел не успеаја да постигнат договор околу изборот на највисоките функционери во Унијата, информира претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.  
- Средбата претставуваше добра можност да се разменат мислења околу изборните резултати и за подготовка на формалната средба на Европскиот совет што ќе се одржи овде во Брисел следната недела. Мислам дека дискусијата се одвиваше во вистина насока, но во оваа фаза вечерва нема договор, изјави Мишел по завршувањето на неформалниот состанок на европските лидери.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Мишел истакна дека политичките партии на средбата ги изнеле своите предлози за кандидатите за водечките позиции во ЕУ и врз основа на нив ќе се работи на постигнување договор. Според него, во целиот процес на носењето на оваа одлука е важна транспарентноста и во нејзиното усвојување да бидат вклучени сите 27 земји членки на ЕУ. - Оваа средба беше важна за таа цел. Потребна е доверливост и одредено ниво на доверба за да се донесе одлука, рече Мишел, додавајќи дека од суштинска важност е да се зачува единството во Европскиот совет. Тој нагласи дека целта на денешната средба и не била да се донесе одлука околу носителите на врвните функции, туку само да се разменат мислења и да се изнесат очекувањата, надежите и приоритетите, за секој да може да го слушне секого, што, како што истакна, е важен чекор во процесот на носењето одлуки. Мишел изрази надеж дека лидерите на земјите членки на ЕУ сепак до крајот на јуни ќе постигнат договор околу имињата на носителите на водечките позиции во блокот.
- Многу е јасно дека во текот на јуни мора да донесеме две важни одлуки. Едната е во врска со институционалниот циклус врз основа на резултатите од изборите за Европскиот парламент, а втората важна одлука е за Стратешката агенда на која почнавме да работиме пред многу месеци, нагласи Мишел.
Тој додаде дека заедно со одлуката околу носителите на врвните функции во ЕУ, на дневниот ред на Самитот на ЕУ следната недела ќе се најде и Стратешката агенда, која, како што рече, ќе ги дефинира насоките на Унијата во следниот период

The post Европските челници не можат да се договорат за фотелјите appeared first on Република.

]]>
Политико: Мишел не сака да ја покани Фон дер Лајен на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/politiko-mishel-ne-saka-da-ja-pokani-fon-der-lajen-na-neformalniot-sostanok-na-liderite-na-eu/ Tue, 11 Jun 2024 10:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=786536

Најновиот план на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, да ја смени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вклучува нејзино држење подалеку од разговорите за нејзината сегашна функција и идните перспективи, пишува бриселското издание на Политико.

Во разговорите со лидерите на ЕУ и нивните тимови, претседателот на Европскиот совет предложи исклучување на претседателката на ЕК од средбата со лидерите на земјите членки на ЕУ планирана за 17 јуни, на која ќе се разговара за највисоките позиции во ЕУ, тврди Политико, повикувајќи се на европски дипломати, високи функционери и функционери од националните влади.

„Земјите-членки се повеќе се иритираат од улогата на Шарл Мишел во процесот на избор за претседател на Комисијата. Се чини дека тој е воден од чисто лични мотиви“, рече европски дипломатски извор.

На Мишел е да одлучи кој може да се придружи на вечерата со лидерите, со оглед на тоа дека се работи за неформален самит.

Според изворите на Политико, имало силна реакција од европските престолнини против предлогот на Мишел, а неговото историско ривалство со Фон дер Лајен има клучна улога во нивните односи. Неколку европски метрополи веруваат дека Мишел се обидува да се ослободи од Фон дер Лајен на крајот на нејзиниот мандат, обидувајќи се да го спречи нејзиното потенцијално повторно назначување за шеф на ЕК.

Лидерите треба да се координираат за следните претседатели на Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент, како и за следниот шеф на европската дипломатија.

The post Политико: Мишел не сака да ја покани Фон дер Лајен на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Најновиот план на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, да ја смени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вклучува нејзино држење подалеку од разговорите за нејзината сегашна функција и идните перспективи, пишува бриселското издание на Политико. Во разговорите со лидерите на ЕУ и нивните тимови, претседателот на Европскиот совет предложи исклучување на претседателката на ЕК од средбата со лидерите на земјите членки на ЕУ планирана за 17 јуни, на која ќе се разговара за највисоките позиции во ЕУ, тврди Политико, повикувајќи се на европски дипломати, високи функционери и функционери од националните влади. „Земјите-членки се повеќе се иритираат од улогата на Шарл Мишел во процесот на избор за претседател на Комисијата. Се чини дека тој е воден од чисто лични мотиви“, рече европски дипломатски извор. На Мишел е да одлучи кој може да се придружи на вечерата со лидерите, со оглед на тоа дека се работи за неформален самит. Според изворите на Политико, имало силна реакција од европските престолнини против предлогот на Мишел, а неговото историско ривалство со Фон дер Лајен има клучна улога во нивните односи. Неколку европски метрополи веруваат дека Мишел се обидува да се ослободи од Фон дер Лајен на крајот на нејзиниот мандат, обидувајќи се да го спречи нејзиното потенцијално повторно назначување за шеф на ЕК. Лидерите треба да се координираат за следните претседатели на Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент, како и за следниот шеф на европската дипломатија.

The post Политико: Мишел не сака да ја покани Фон дер Лајен на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мишел: Европскиот совет е должен да го назначи следниот претседател на ЕК до крајот на јуни https://republika.mk/vesti/svet/mishel-evropskiot-sovet-e-dolzhen-da-go-naznachi-sledniot-pretsedatel-na-ek-do-krajot-na-juni/ Mon, 03 Jun 2024 12:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=784390

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека започнува билатерални консултации со лидерите на земјите од ЕУ, за институцијата да ја исполни својата обврска за одредување на идниот шеф на Европската комисија до крајот на јуни.

Најдобро е да се постигне едногласност или барем широк договор, изјави тој за новинарите во Брисел.

Имам впечаток дека не сум единствениот што очекува дека нема да биде лесно, истакна Мишел по повод двете средби закажани за крајот на месецот на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ по избори за европратеници. Се согласуваме со целта да има одлука до крајот на јуни, тоа никој не го доведува во прашање, објасни тој.

Кога ЕК е многу политичка, се добива впечаток дека е помалку непристрасна. Непристрасноста мора да биде приоритет. Од непознати причини, а за жал, тоа е грешка, ЕК во последно време презема се помалку казнени процедури, изјави Мишел.

Според него, би било „глупава грешка“ да се размислува за обединување на функциите претседател на ЕК и Европскиот совет.

Не сум сигурен дека ни треба политичка комисија, туку ни треба геополитичка унија. Добро е што следниот претседател на Европскиот совет беше премиер. Тоа не е законско барање, но дава предност, рече тој.

Мишел не ја исклучи можноста Европскиот совет до крајот на месецот да ја одреди распределбата на позициите во следната комисија. Тој истакна дека договорот за ЕУ ​​предвидува комисијата да има еден потпретседател и дека тој ќе биде одговорен за надворешната политика.

The post Мишел: Европскиот совет е должен да го назначи следниот претседател на ЕК до крајот на јуни appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека започнува билатерални консултации со лидерите на земјите од ЕУ, за институцијата да ја исполни својата обврска за одредување на идниот шеф на Европската комисија до крајот на јуни. Најдобро е да се постигне едногласност или барем широк договор, изјави тој за новинарите во Брисел. Имам впечаток дека не сум единствениот што очекува дека нема да биде лесно, истакна Мишел по повод двете средби закажани за крајот на месецот на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ по избори за европратеници. Се согласуваме со целта да има одлука до крајот на јуни, тоа никој не го доведува во прашање, објасни тој. Кога ЕК е многу политичка, се добива впечаток дека е помалку непристрасна. Непристрасноста мора да биде приоритет. Од непознати причини, а за жал, тоа е грешка, ЕК во последно време презема се помалку казнени процедури, изјави Мишел. Според него, би било „глупава грешка“ да се размислува за обединување на функциите претседател на ЕК и Европскиот совет. Не сум сигурен дека ни треба политичка комисија, туку ни треба геополитичка унија. Добро е што следниот претседател на Европскиот совет беше премиер. Тоа не е законско барање, но дава предност, рече тој. Мишел не ја исклучи можноста Европскиот совет до крајот на месецот да ја одреди распределбата на позициите во следната комисија. Тој истакна дека договорот за ЕУ ​​предвидува комисијата да има еден потпретседател и дека тој ќе биде одговорен за надворешната политика.

The post Мишел: Европскиот совет е должен да го назначи следниот претседател на ЕК до крајот на јуни appeared first on Република.

]]>
ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател https://republika.mk/vesti/svet/eu-izrazi-sochuvstvo-za-smrtta-na-iranskiot-pretsedatel/ Mon, 20 May 2024 08:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=779992

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

ЕУ го изразува своето искрено сочувство за смртта на претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан, како и другите членови на нивната делегација и екипажот во хеликоптерска несреќа, напиша Мишел на Х.

Нашите мисли се со семејствата, додаде тој.

Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беа меѓу деветте лица кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во планинскиот северозападен дел на Иран при лоши временски услови.

The post ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. ЕУ го изразува своето искрено сочувство за смртта на претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан, како и другите членови на нивната делегација и екипажот во хеликоптерска несреќа, напиша Мишел на Х. Нашите мисли се со семејствата, додаде тој. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беа меѓу деветте лица кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во планинскиот северозападен дел на Иран при лоши временски услови.

The post ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател appeared first on Република.

]]>
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Силјановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата https://republika.mk/vesti/makedonija/mishel-i-fon-der-lajen-so-chestitki-vo-siljanovska-davkova-ochekuvame-sorabotka-na-evropskiot-pat-na-zemjata/ Sun, 12 May 2024 14:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=777350

ретседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел упатија честитки до претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата.

Честитки Гордана Силјановска Давкова, првата жена претседател на Cеверна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Честитки до новата претседателка преку платформата Икс упати и Мишел.

Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Cеверна Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Cеверна Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ, наведе Мишел во објавата.

Фон дер Лајен во посебна објава на Икс порача и дека „за да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.

The post Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Силјановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата appeared first on Република.

Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив https://republika.mk/vesti/svet/mishel-poddrshkata-na-nepristrasnoto-objektivnoto-i-tochnoto-novinarstvo-e-imperativ/ Fri, 03 May 2024 10:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=773746

Слободните медиуми се гарант на демократијата и затоа императив е да направиме се за да го поддржиме непристрасното, објективното и точното новинарство како клучно за движење низ глобалните кризи, оцени претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

- Додека новинарите продолжуваат да се соочуваат со тешки услови за работа, ЕУ мора да продолжи да ја игра својата улога во заштитата на слободата на медиумите и плурализмот, наведе Мишел во објава на платформата Икс по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

Во март годинава ЕУ донесе Европски закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.

The post Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив appeared first on Република.

]]>

Слободните медиуми се гарант на демократијата и затоа императив е да направиме се за да го поддржиме непристрасното, објективното и точното новинарство како клучно за движење низ глобалните кризи, оцени претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. - Додека новинарите продолжуваат да се соочуваат со тешки услови за работа, ЕУ мора да продолжи да ја игра својата улога во заштитата на слободата на медиумите и плурализмот, наведе Мишел во објава на платформата Икс по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. Во март годинава ЕУ донесе Европски закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.

The post Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив appeared first on Република.

]]>
Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година https://republika.mk/vesti/svet/mishel-eu-i-kandidatite-da-bidat-podgotveni-za-proshiruvane-do-2030-godina/ Tue, 30 Apr 2024 08:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=772495

Европската Унија и земјите-кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и порача дека следниот бран на проширување на ЕУ претставува геополитички императив и „нов состанок со историјата“.

Во Брисел, на церемонијата по повод 20-годишнината од големото проширување на ЕУ, која се одржа на првиот ден од состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, Мишел истакна дека 2004 година, кога десет земји пристапија во ЕУ, ја одбележа повторно обединување на „поделениот континент“.

Денес, 20 години подоцна, војната се врати во Европа. Следниот бран на проширување е повторно рандеву со историјата, повторно е геополитички императив – рече Мишел.

Тој нагласи дека проширувањето е камен-темелник на стратешкиот суверенитет на ЕУ.

И ние, земјите кандидати и институциите на ЕУ, имаме многу работа. Би сакал да го повторам моето цврсто верување дека мора да бидеме подготвени од двете страни за проширување до 2030 година – рече Мишел.

Тој објасни дека за кандидатите тоа значи спроведување на неопходните реформи и решавање на сите билатерални спорови, а за ЕУ ​​реформа на програмата и буџетот и процесот на одлучување.

Тестот на нашата генерација е да ја направиме оваа Европа, нашата Европска унија, посилна, посуверена, повлијателна, поинтегрирана и пообединета. Повторно сме на прагот на уште еден историски момент за нашата Унија. Имаме состанок со историјата. Ајде да го фатиме со двете раце“, изјави Мишел. Тој потсети дека од 2004 година, 13 нови членки се приклучија на ЕУ поради желбата да станат дел од „светот на слободата и просперитетот – истакна Мишел.

Од друга страна, како што наведе, ЕУ имала морална обврска да одговори на „повикот на историјата“ како мотив, но имала и стратешки интерес.

Големата експанзија од 2004 година беше трансформативен настан за нашиот континент. За новите членки, влезот во нашето семејство на ЕУ претставува моќен мотор за поголем просперитет, спектакуларниот раст на нивниот БДП е најдобар доказ – рече Мишел и посочи дека големото проширување на ЕУ даде поголемо глобално влијание.

Од друга страна, како што наведе, оптимизмот што владеел во 2004 година изгледа далечен.

Денес се соочуваме со три големи шокови. Првиот шок со кој се соочува нашиот природен свет: климатските промени и биолошката разновидност. Второ, шокот на технологијата: дигиталната револуција и вештачката интелигенција и влијанието врз нашите општества. И трето, шокот од хаотичната геополитичка транзиција – рече Мишел.

Во овој контекст, тој изјави дека светскиот поредок е разнишан, што, како што рече, се случува на европско тло, каде Русија води војна против Украина. Тој тврди дека ЕУ, земјите-кандидати и Африка се цел на хибридни напади на Кремљ, кој, како што рече, има за цел да го уништи европскиот сон бидејќи се плаши од слободата и демократијата на својот праг.

Тој оцени дека Европејците со децении ги земале мирот, безбедноста и просперитетот „здраво за готово“ и станале премногу зависни од енергијата од Русија, клучните суровини од Кина, па дури и од одбраната од САД.

Сега треба да го надополниме изгубеното време“. Имаме стратегија: таа се нарекува европски суверенитет или стратешка автономија.

Суверенитетот значи дека стануваме посилни, повлијателни и повеќе ја контролираме нашата судбина – рече Мишел, додавајќи дека суверенитетот се заснова на три столба.

Како што појасни, првото се демократските вредности и принципи, второто е градење силна и конкурентна економија и третото градење на одбранбената готовност на ЕУ.

Сите разбираме дека безбедноста и одбраната не се теоретски и важно е да ги развиеме нашите сопствени алатки, сопствените способности и да ги зајакнеме нашите индустриски одбранбени способности. Мораме да инвестираме повеќе во Европа и да развиваме европски водечки проекти, како што е Железната купола – рече Мишел.

Неформалниот состанок на Советот на ЕУ за општи работи почна вчера во Брисел, на кој министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе разговараат за процесот на проширување на ЕУ во серија работни сесии. Како што е најавено, тема ќе бидат и разговорите за владеење на правото во рамките на процесот на проширување со десет партнери со европска перспектива.

The post Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Европската Унија и земјите-кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и порача дека следниот бран на проширување на ЕУ претставува геополитички императив и „нов состанок со историјата“. Во Брисел, на церемонијата по повод 20-годишнината од големото проширување на ЕУ, која се одржа на првиот ден од состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, Мишел истакна дека 2004 година, кога десет земји пристапија во ЕУ, ја одбележа повторно обединување на „поделениот континент“.
Денес, 20 години подоцна, војната се врати во Европа. Следниот бран на проширување е повторно рандеву со историјата, повторно е геополитички императив – рече Мишел.
Тој нагласи дека проширувањето е камен-темелник на стратешкиот суверенитет на ЕУ.
И ние, земјите кандидати и институциите на ЕУ, имаме многу работа. Би сакал да го повторам моето цврсто верување дека мора да бидеме подготвени од двете страни за проширување до 2030 година – рече Мишел.
Тој објасни дека за кандидатите тоа значи спроведување на неопходните реформи и решавање на сите билатерални спорови, а за ЕУ ​​реформа на програмата и буџетот и процесот на одлучување.
Тестот на нашата генерација е да ја направиме оваа Европа, нашата Европска унија, посилна, посуверена, повлијателна, поинтегрирана и пообединета. Повторно сме на прагот на уште еден историски момент за нашата Унија. Имаме состанок со историјата. Ајде да го фатиме со двете раце“, изјави Мишел. Тој потсети дека од 2004 година, 13 нови членки се приклучија на ЕУ поради желбата да станат дел од „светот на слободата и просперитетот – истакна Мишел.
Од друга страна, како што наведе, ЕУ имала морална обврска да одговори на „повикот на историјата“ како мотив, но имала и стратешки интерес.
Големата експанзија од 2004 година беше трансформативен настан за нашиот континент. За новите членки, влезот во нашето семејство на ЕУ претставува моќен мотор за поголем просперитет, спектакуларниот раст на нивниот БДП е најдобар доказ – рече Мишел и посочи дека големото проширување на ЕУ даде поголемо глобално влијание.
Од друга страна, како што наведе, оптимизмот што владеел во 2004 година изгледа далечен.
Денес се соочуваме со три големи шокови. Првиот шок со кој се соочува нашиот природен свет: климатските промени и биолошката разновидност. Второ, шокот на технологијата: дигиталната револуција и вештачката интелигенција и влијанието врз нашите општества. И трето, шокот од хаотичната геополитичка транзиција – рече Мишел.
Во овој контекст, тој изјави дека светскиот поредок е разнишан, што, како што рече, се случува на европско тло, каде Русија води војна против Украина. Тој тврди дека ЕУ, земјите-кандидати и Африка се цел на хибридни напади на Кремљ, кој, како што рече, има за цел да го уништи европскиот сон бидејќи се плаши од слободата и демократијата на својот праг. Тој оцени дека Европејците со децении ги земале мирот, безбедноста и просперитетот „здраво за готово“ и станале премногу зависни од енергијата од Русија, клучните суровини од Кина, па дури и од одбраната од САД. Сега треба да го надополниме изгубеното време“. Имаме стратегија: таа се нарекува европски суверенитет или стратешка автономија.
Суверенитетот значи дека стануваме посилни, повлијателни и повеќе ја контролираме нашата судбина – рече Мишел, додавајќи дека суверенитетот се заснова на три столба.
Како што појасни, првото се демократските вредности и принципи, второто е градење силна и конкурентна економија и третото градење на одбранбената готовност на ЕУ.
Сите разбираме дека безбедноста и одбраната не се теоретски и важно е да ги развиеме нашите сопствени алатки, сопствените способности и да ги зајакнеме нашите индустриски одбранбени способности. Мораме да инвестираме повеќе во Европа и да развиваме европски водечки проекти, како што е Железната купола – рече Мишел.
Неформалниот состанок на Советот на ЕУ за општи работи почна вчера во Брисел, на кој министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе разговараат за процесот на проширување на ЕУ во серија работни сесии. Како што е најавено, тема ќе бидат и разговорите за владеење на правото во рамките на процесот на проширување со десет партнери со европска перспектива.

The post Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година appeared first on Република.

]]>
Го извадил од памет: Зеленски му се јавил на Мишел во три сабајле за да му каже дека Русија ги нападнала https://republika.mk/vesti/svet/go-izvadil-od-pamet-zelenski-mu-se-javil-na-mishel-vo-tri-sabajle-za-da-mu-kazhe-deka-rusija-gi-napadnala/ Tue, 19 Mar 2024 17:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=756152

Во 3:30 часот наутро на 24 февруари 2022 година, ме разбуди звукот на мојот телефон. Безброј разузнавачки брифинзи со предупредувања за руска инвазија на Украина не можат да ве подготват за тој момент.

Кога претседателот Зеленски ми рече со тежок глас: „Бомбите паѓаат врз нас, ова е општа инвазија“, знаев дека целиот безбедносен пејзаж што постои од Втората светска војна засекогаш се промени. ЕУ мораше да се промени со него, и тоа брзо – пишува претседателот на Европскиот совет ШарлМишел во авторски текст  за „Јутарњи лист“.

Две години по почетокот на војната, сега е јасно дека Русија нема да застане на Украина, исто како што не застана на Крим пред десет години. Русија ја продолжува својата тактика за дестабилизација - во Молдавија, Грузија, Јужен Кавказ, Западен Балкан и уште подалеку, во делови од африканскиот континент.

The post Го извадил од памет: Зеленски му се јавил на Мишел во три сабајле за да му каже дека Русија ги нападнала appeared first on Република.

]]>

Во 3:30 часот наутро на 24 февруари 2022 година, ме разбуди звукот на мојот телефон. Безброј разузнавачки брифинзи со предупредувања за руска инвазија на Украина не можат да ве подготват за тој момент.   Кога претседателот Зеленски ми рече со тежок глас: „Бомбите паѓаат врз нас, ова е општа инвазија“, знаев дека целиот безбедносен пејзаж што постои од Втората светска војна засекогаш се промени. ЕУ мораше да се промени со него, и тоа брзо – пишува претседателот на Европскиот совет ШарлМишел во авторски текст  за „Јутарњи лист“.
Две години по почетокот на војната, сега е јасно дека Русија нема да застане на Украина, исто како што не застана на Крим пред десет години. Русија ја продолжува својата тактика за дестабилизација - во Молдавија, Грузија, Јужен Кавказ, Западен Балкан и уште подалеку, во делови од африканскиот континент.

The post Го извадил од памет: Зеленски му се јавил на Мишел во три сабајле за да му каже дека Русија ги нападнала appeared first on Република.

]]>
Мишел: ЕУ покажа дека има капацитет за решавање на сложени проблеми https://republika.mk/vesti/svet/mishel-eu-pokazha-deka-ima-kapatsitet-za-reshavane-na-slozheni-problemi/ Thu, 01 Feb 2024 17:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=739482

Постигнавме договор за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на Европската Унија, кој јасно го покажува лидерството и единството на Европскиот совет и на ЕУ и капацитетот да се носат брз одлуки за решавање на сложени проблеми, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел по завршувањето на специјалниот Самит на блокот на која главна тема беше ревизијата на европскиот буџет за периодот 2021-2027 година, во вкупна вредност од 64,6 милијарди евра.

Откако на Самитот во декември донесовме одлука да почнеме преговори за членство со Украина и Молдавија, сега одиме чекор напред во кој сите 27 лидери се согласија за поддршка од дополнителен 50 милијарди евра за Украина во рамките на Украинскиот механизам - истакна Мишел на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Покрај, 50-те милијарди евра наменети за Украина, од кои 17 милијарди евра грантови и 33 милијарди евра позајмици, од останатите средства со ревизијата, 7,6 милијарди евра се предвидени за поддршка на земјите од европското соседство и за партнерите ширум светот, од кои две милијарди за Западниот Балкан како дел од Планот за раст, по две милијарди за справување со миграцијата и управување со границите и за Инструментот за флексибилност на ЕУ и по 1,5 милијарди евра за Европскиот одбранбен фонд и како резерви за солидарност и итна помош.

Според Мишел, ваквата одлука е јасна порака до Украинците дека ЕУ е целосно посветена да ги поддржи нивната иднина и слобода, но и порака до европските граѓани дека во Унијата постои единство кое не е поткопано и покрај обидите на Русија да го стори тоа.

Тоа е порака и до САД и нашите партнери во светот дека ја поддржуваме Украина и нејзиниот територијален интегритет - додаде Мишел.

Тој потенцира дека поддршката за Украина останува приоритет на ЕУ и за таа цел ќе се прават напори за обезбедување на повеќе воена опрема за земјата преку Европскиот мировен механизам, како и дека е постигнат политички договор за користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина.

Според Фон дер Лајен, денешниот ден е многу успешен, бидејќи ЕУ ја реафирмирала својата посветеноста да застане зад Украина и да се поддржи со неопходните финансии и да и се обезбеди предвидливоста што ја заслужува.

Овие 50 милијарди евра испраќаат јасна порака и за Путин на двегодишнината од неговата брутална инвазија - истакна Фон дер Лајен.

Таа потсети дека од лани во март, па до март годинава, на Украина од ЕУ ќе и бидат испорачани 524.000 парчиња муниција, а до крајот на 2024 тоа количество ќе се удвои на над еден милион, што ќе биде проследено и со зајакнување на капацитетите на европската одбранбена индустрија.

Мишел информира дека на средбата станало збор и за состојбата на Блискиот Исток, при што ја нагласена посветеноста на ЕУ за намалување на ризикот од регионална ескалација, пред се во Црвеното Море, и за продолжување со напорите за безусловно ослободување на заложниците и обезбедување на меѓународна помош за Газа.

Постигнат е силен политички договор во Советот ЕУ за поттикнување на мировен процес врз основа на решението со две држави што ќе коегзистираат во мир во иднина. Тоа ќе донесе не само мир меѓу Израел и Палестинците, туку и меѓу Израел и сите негови соседни држави - истакна Мишел.

Тој се осврна и на протестите на земјоделците, потенцирајќи дека земјоделскиот сектор е многу важен за ЕУ, па затоа Унијата ги слуша нивните потреби и се грижи за безбедноста на храната.

Во однос на земјоделскиот сектор, Фон дер Лајен потенцира дека тој има круцијална улога во европското општество, европскиот начин на живот и заштитата на природата.

Таа потенцира дека европските фармери се динамични и благодарение на нивните напори продуктивноста во 2022 година е зголемена за 13 проценти, а тие имаат позитивно влијание и врз трговијата на ЕУ, со тоа што само минатата година извозот на земјоделски производи е зголемен за пет отсто.

Чесно е да се каже дека нашите фармери покажаа неверојатна отпорност за време на неодамнешните кризи. Но, и натаму остануваат многу предизвици, како тензиите околу цените на земјоделските производи на многу конкурентниот меѓународен пазар, кои носат несигурност - изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека во такви услови европските земјоделци мора да се посветат на висок квалитет во производството и да работата на заштита на животната средина.

Таа нагласи дека земјоделците може да сметаат на поддршка од ЕУ, потсетувајќи дека 390 милијарди евра или една третина од буџетот на Унијата се наменети за земјоделството, но дека Комисијата нема да застане на тоа и оти сега работи на изнаоѓање начини да се излезе во пресрет за итните предизвици со кои се соочува земјоделскиот сектор.

Во тој контекст таа потсети дека минатата недела почна Стратешкиот дијалог за земјоделство, чија цел е да се изработат патокази за остварување на заедничките цели во интерес на земјоделскиот сектор и за заштита на животната средина.

Со ваквиот договор за ревизија на Рамката се стави крај на неизвесноста околу поддршката од ЕУ за Украина, поради најавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека може повторно да стави вето за пакетот помош, како што се случи на претходниот Самит на Унијата во декември.

Според дипломатски извори, „мала група лидери на ЕУ“ пред почетокот на Самитот го убедиле Орбан да се откаже од евентуално вето за ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2021-2027 година, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина.

Истите извори посочуваат дека Орбан се сретнал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони и претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, а нешто подоцна на средбата се придружиле и премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Холандија, Марк Руте и на Полска, Доналд Туск.

The post Мишел: ЕУ покажа дека има капацитет за решавање на сложени проблеми appeared first on Република.

]]>

Постигнавме договор за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на Европската Унија, кој јасно го покажува лидерството и единството на Европскиот совет и на ЕУ и капацитетот да се носат брз одлуки за решавање на сложени проблеми, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел по завршувањето на специјалниот Самит на блокот на која главна тема беше ревизијата на европскиот буџет за периодот 2021-2027 година, во вкупна вредност од 64,6 милијарди евра.
Откако на Самитот во декември донесовме одлука да почнеме преговори за членство со Украина и Молдавија, сега одиме чекор напред во кој сите 27 лидери се согласија за поддршка од дополнителен 50 милијарди евра за Украина во рамките на Украинскиот механизам - истакна Мишел на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Покрај, 50-те милијарди евра наменети за Украина, од кои 17 милијарди евра грантови и 33 милијарди евра позајмици, од останатите средства со ревизијата, 7,6 милијарди евра се предвидени за поддршка на земјите од европското соседство и за партнерите ширум светот, од кои две милијарди за Западниот Балкан како дел од Планот за раст, по две милијарди за справување со миграцијата и управување со границите и за Инструментот за флексибилност на ЕУ и по 1,5 милијарди евра за Европскиот одбранбен фонд и како резерви за солидарност и итна помош. Според Мишел, ваквата одлука е јасна порака до Украинците дека ЕУ е целосно посветена да ги поддржи нивната иднина и слобода, но и порака до европските граѓани дека во Унијата постои единство кое не е поткопано и покрај обидите на Русија да го стори тоа.
Тоа е порака и до САД и нашите партнери во светот дека ја поддржуваме Украина и нејзиниот територијален интегритет - додаде Мишел.
Тој потенцира дека поддршката за Украина останува приоритет на ЕУ и за таа цел ќе се прават напори за обезбедување на повеќе воена опрема за земјата преку Европскиот мировен механизам, како и дека е постигнат политички договор за користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина. Според Фон дер Лајен, денешниот ден е многу успешен, бидејќи ЕУ ја реафирмирала својата посветеноста да застане зад Украина и да се поддржи со неопходните финансии и да и се обезбеди предвидливоста што ја заслужува.
Овие 50 милијарди евра испраќаат јасна порака и за Путин на двегодишнината од неговата брутална инвазија - истакна Фон дер Лајен.
Таа потсети дека од лани во март, па до март годинава, на Украина од ЕУ ќе и бидат испорачани 524.000 парчиња муниција, а до крајот на 2024 тоа количество ќе се удвои на над еден милион, што ќе биде проследено и со зајакнување на капацитетите на европската одбранбена индустрија. Мишел информира дека на средбата станало збор и за состојбата на Блискиот Исток, при што ја нагласена посветеноста на ЕУ за намалување на ризикот од регионална ескалација, пред се во Црвеното Море, и за продолжување со напорите за безусловно ослободување на заложниците и обезбедување на меѓународна помош за Газа.
Постигнат е силен политички договор во Советот ЕУ за поттикнување на мировен процес врз основа на решението со две држави што ќе коегзистираат во мир во иднина. Тоа ќе донесе не само мир меѓу Израел и Палестинците, туку и меѓу Израел и сите негови соседни држави - истакна Мишел.
Тој се осврна и на протестите на земјоделците, потенцирајќи дека земјоделскиот сектор е многу важен за ЕУ, па затоа Унијата ги слуша нивните потреби и се грижи за безбедноста на храната. Во однос на земјоделскиот сектор, Фон дер Лајен потенцира дека тој има круцијална улога во европското општество, европскиот начин на живот и заштитата на природата. Таа потенцира дека европските фармери се динамични и благодарение на нивните напори продуктивноста во 2022 година е зголемена за 13 проценти, а тие имаат позитивно влијание и врз трговијата на ЕУ, со тоа што само минатата година извозот на земјоделски производи е зголемен за пет отсто.
Чесно е да се каже дека нашите фармери покажаа неверојатна отпорност за време на неодамнешните кризи. Но, и натаму остануваат многу предизвици, како тензиите околу цените на земјоделските производи на многу конкурентниот меѓународен пазар, кои носат несигурност - изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека во такви услови европските земјоделци мора да се посветат на висок квалитет во производството и да работата на заштита на животната средина.
Таа нагласи дека земјоделците може да сметаат на поддршка од ЕУ, потсетувајќи дека 390 милијарди евра или една третина од буџетот на Унијата се наменети за земјоделството, но дека Комисијата нема да застане на тоа и оти сега работи на изнаоѓање начини да се излезе во пресрет за итните предизвици со кои се соочува земјоделскиот сектор. Во тој контекст таа потсети дека минатата недела почна Стратешкиот дијалог за земјоделство, чија цел е да се изработат патокази за остварување на заедничките цели во интерес на земјоделскиот сектор и за заштита на животната средина. Со ваквиот договор за ревизија на Рамката се стави крај на неизвесноста околу поддршката од ЕУ за Украина, поради најавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека може повторно да стави вето за пакетот помош, како што се случи на претходниот Самит на Унијата во декември. Според дипломатски извори, „мала група лидери на ЕУ“ пред почетокот на Самитот го убедиле Орбан да се откаже од евентуално вето за ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2021-2027 година, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина. Истите извори посочуваат дека Орбан се сретнал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони и претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, а нешто подоцна на средбата се придружиле и премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Холандија, Марк Руте и на Полска, Доналд Туск.

The post Мишел: ЕУ покажа дека има капацитет за решавање на сложени проблеми appeared first on Република.

]]>
Шарл Мишел се откажува од кандидатурата на европските избори https://republika.mk/vesti/svet/sharl-mishel-se-otkazhuva-od-kandidaturata-na-evropskite-izbori/ Fri, 26 Jan 2024 19:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=737292

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во петокот изјави дека се откажува од својот план да се кандидира за Европскиот парламент.

Нема да бидам кандидат на европските избори. Сите мои напори ќе ги посветам на моите сегашни обврски додека не завршат“, напиша Мишел на Фејсбук.

Четириесет иосумгодишниот Шарл Мишел е поранешен белгиски премиер кој е претседател на Европскиот совет од 2019 година. Според неговата претходна одлука, на годинешните избори за Европскиот парламент, тој ќе беше водечки кандидат на неговото Движење за реформи, белгиска партија од десниот центар.

Одлуката на Мишел претходно овој месец да се кандидира на изборите во јуни како кандидат на белгиската либерална партија наиде на критики, делумно затоа што тој ќе мора предвреме да ја напушти сегашната функција.

Имено, доколку биде избран во Европскиот парламент, како што најави ќе го преземе мандатот, па Европскиот совет ќе требаше да го избере неговиот наследник на должноста кон крајот на јуни или почетокот на јули. Во тој случај, постоеше можност унгарскиот премиер Виктор Орбан, чијашто земја ќе го преземе ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија во јули, ќе претседава со состаноците на европските лидери, посредничка улога што обично ја има претседателот на Европскиот совет.

Поради тоа, врз Мишел имаше притисок за да се избегне таквото сценарио, со оглед на ескалацијата на тензиите меѓу 26-те европски челници и Орбан поради несогласувањеата околку поддршката за Украина, миграциите и владеењето на правото во Унгарија.

Неговата кандидатура, исто така, покрена прашања за евентуален судир на интереси, бидејќи тој ќе се кандидира како партиски политичар во изборната кампања во исто време како вршител на должноста претседател на совет составен од водачи од различни политички групи.

Секогаш ќе бидам застапник за Европа која е демократска, силна, обединета и господар на сопствената судбина. На крајот од овој мандат, ќе размислувам за природата и насоката на моите идни обврски“, додаде тој.

Иако потегот на Мишел е целосно легитимен, тој вршеше дополнителен притисок врз европските челници, бидејќи тие обично имаат повеќе време да преговараат за распределбата на важните места што секогаш доаѓаат по европските избори, иако позицијата шеф на Европскиот совет обично е дел од долгорочната трговија меѓу политичките групи откако ќе бидат јасни изборните резултати.

Европските парламентарни избори ќе се одржат во сите 27 земји на Унијата од 6-ти до 9-ти јуни. Потоа, лидерите треба да се сретнат на 17-ти и повторно на 27-ми и 28-ми јуни.

The post Шарл Мишел се откажува од кандидатурата на европските избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во петокот изјави дека се откажува од својот план да се кандидира за Европскиот парламент.
Нема да бидам кандидат на европските избори. Сите мои напори ќе ги посветам на моите сегашни обврски додека не завршат“, напиша Мишел на Фејсбук.
Четириесет иосумгодишниот Шарл Мишел е поранешен белгиски премиер кој е претседател на Европскиот совет од 2019 година. Според неговата претходна одлука, на годинешните избори за Европскиот парламент, тој ќе беше водечки кандидат на неговото Движење за реформи, белгиска партија од десниот центар. Одлуката на Мишел претходно овој месец да се кандидира на изборите во јуни како кандидат на белгиската либерална партија наиде на критики, делумно затоа што тој ќе мора предвреме да ја напушти сегашната функција. Имено, доколку биде избран во Европскиот парламент, како што најави ќе го преземе мандатот, па Европскиот совет ќе требаше да го избере неговиот наследник на должноста кон крајот на јуни или почетокот на јули. Во тој случај, постоеше можност унгарскиот премиер Виктор Орбан, чијашто земја ќе го преземе ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија во јули, ќе претседава со состаноците на европските лидери, посредничка улога што обично ја има претседателот на Европскиот совет. Поради тоа, врз Мишел имаше притисок за да се избегне таквото сценарио, со оглед на ескалацијата на тензиите меѓу 26-те европски челници и Орбан поради несогласувањеата околку поддршката за Украина, миграциите и владеењето на правото во Унгарија. Неговата кандидатура, исто така, покрена прашања за евентуален судир на интереси, бидејќи тој ќе се кандидира како партиски политичар во изборната кампања во исто време како вршител на должноста претседател на совет составен од водачи од различни политички групи.
Секогаш ќе бидам застапник за Европа која е демократска, силна, обединета и господар на сопствената судбина. На крајот од овој мандат, ќе размислувам за природата и насоката на моите идни обврски“, додаде тој.
Иако потегот на Мишел е целосно легитимен, тој вршеше дополнителен притисок врз европските челници, бидејќи тие обично имаат повеќе време да преговараат за распределбата на важните места што секогаш доаѓаат по европските избори, иако позицијата шеф на Европскиот совет обично е дел од долгорочната трговија меѓу политичките групи откако ќе бидат јасни изборните резултати. Европските парламентарни избори ќе се одржат во сите 27 земји на Унијата од 6-ти до 9-ти јуни. Потоа, лидерите треба да се сретнат на 17-ти и повторно на 27-ми и 28-ми јуни.  

The post Шарл Мишел се откажува од кандидатурата на европските избори appeared first on Република.

]]>
Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник https://republika.mk/vesti/svet/sharl-mishel-ke-se-kandidira-za-evropratenik/ Sun, 07 Jan 2024 10:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=730603

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе се кандидира за избор во Европскиот парламент (ЕП) во јуни и ќе се повлече од сегашната функција доколку биде избран, соопшти вчера во интервју за белгискиот весник „Стандард“, пренесе БТА.

Одлучив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, вели Мишел, додавајќи: „Ако бидам избран, ќе седнам на моето место (во Европскиот парламент). Европскиот совет може да го предвиди развојот и да го одреди (мојот) наследник до крајот на јуни – почетокот на јули“.

Четириесет и осумгодишниот Мишел е поранешен премиер на Белгија, а од крајот на 2019 година е на чело на Европскиот совет.

Тој ќе се кандидира за Европскиот парламент како водечки кандидат на неговата партија, белгиското централно-десничарско „Движење за реформи“, пренесува „Стандард“.

The post Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе се кандидира за избор во Европскиот парламент (ЕП) во јуни и ќе се повлече од сегашната функција доколку биде избран, соопшти вчера во интервју за белгискиот весник „Стандард“, пренесе БТА. Одлучив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, вели Мишел, додавајќи: „Ако бидам избран, ќе седнам на моето место (во Европскиот парламент). Европскиот совет може да го предвиди развојот и да го одреди (мојот) наследник до крајот на јуни – почетокот на јули“. Четириесет и осумгодишниот Мишел е поранешен премиер на Белгија, а од крајот на 2019 година е на чело на Европскиот совет. Тој ќе се кандидира за Европскиот парламент како водечки кандидат на неговата партија, белгиското централно-десничарско „Движење за реформи“, пренесува „Стандард“.

The post Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник appeared first on Република.

]]>
Мишел повика на промени на составот на Советот за безбедност на ОН https://republika.mk/vesti/svet/mishel-povika-na-promeni-na-sostavot-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Mon, 06 Nov 2023 17:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=698916

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска, на годишната конференција во Брисел на амбасадорите на ЕУ ширум светот, повика на промени во составот на Советот за безбедност на ОН, за воздржана европска дипломатија и можноста ЕУ да биде подготвена за проширување во 2030 година.

ОН прават извонредни напори, но потребни се промени поради злоупотребата на правото на вето во Советот за безбедност. Неопходна е промена на составот на Советот за безбедност, тоа е единствениот начин тој повторно да функционира - рече Мишел.

Во однос на проширувањето на ЕУ, тој посочи дека во декември Европскиот совет треба да донесе политички одлуки.

Не е само да сакаме ЕУ да биде поголема, тоа не би било доволно. Европа мора да биде помоќна и со поголемо влијание, истакна Мишел.

Мислам дека процесот на проширување треба да ги следи сопствените заслуги на поединечните земји. Има и геополитичка димензија, уште повеќе по рускиот напад на Украина. Потребен е попостапен процес, за да им се овозможи на земјите кои преговараат за пристапување побрзо да се чувствуваат поблиску до ЕУ. Останувам на ставот дека нашата цел треба да биде овие земји да бидат подготвени за пристап до 2030 година, тоа ќе има дисциплинирачки ефект и врз кандидатите и врз ЕУ - рече претседателот на Европскиот совет.

Што се однесува до конфликтот на Блискиот Исток, тој смета дека „решението не е во продолжување на теророт“. „Како што се влошува ситуацијата, така се намалува можноста за постигнување траен мир“, рече Мишел.

Според него, решението е во мирни преговори за одвојување на две држави на Израелците и Палестинците, а ЕУ, како што рече, ќе продолжи да го поддржува овој пристап.

Подготвени сме да поттикнеме свикување мировна конференција. Ако Израелците и Палестинците сакаат да коегзистираат мирно, нема друг начин - заклучи тој.

The post Мишел повика на промени на составот на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска, на годишната конференција во Брисел на амбасадорите на ЕУ ширум светот, повика на промени во составот на Советот за безбедност на ОН, за воздржана европска дипломатија и можноста ЕУ да биде подготвена за проширување во 2030 година.
ОН прават извонредни напори, но потребни се промени поради злоупотребата на правото на вето во Советот за безбедност. Неопходна е промена на составот на Советот за безбедност, тоа е единствениот начин тој повторно да функционира - рече Мишел.
Во однос на проширувањето на ЕУ, тој посочи дека во декември Европскиот совет треба да донесе политички одлуки. Не е само да сакаме ЕУ да биде поголема, тоа не би било доволно. Европа мора да биде помоќна и со поголемо влијание, истакна Мишел.
Мислам дека процесот на проширување треба да ги следи сопствените заслуги на поединечните земји. Има и геополитичка димензија, уште повеќе по рускиот напад на Украина. Потребен е попостапен процес, за да им се овозможи на земјите кои преговараат за пристапување побрзо да се чувствуваат поблиску до ЕУ. Останувам на ставот дека нашата цел треба да биде овие земји да бидат подготвени за пристап до 2030 година, тоа ќе има дисциплинирачки ефект и врз кандидатите и врз ЕУ - рече претседателот на Европскиот совет.
Што се однесува до конфликтот на Блискиот Исток, тој смета дека „решението не е во продолжување на теророт“. „Како што се влошува ситуацијата, така се намалува можноста за постигнување траен мир“, рече Мишел. Според него, решението е во мирни преговори за одвојување на две држави на Израелците и Палестинците, а ЕУ, како што рече, ќе продолжи да го поддржува овој пристап.
Подготвени сме да поттикнеме свикување мировна конференција. Ако Израелците и Палестинците сакаат да коегзистираат мирно, нема друг начин - заклучи тој.

The post Мишел повика на промени на составот на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 https://republika.mk/vesti/svet/mishel-ukraina-bi-mozhela-da-stane-chlenka-na-eu-do-2030/ Wed, 04 Oct 2023 19:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=687994

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го поддржува приемот на Украина во Европската унија до 2030 година, доколку се исполнат одредени услови и ако секој си ја заврши својата „домашна задача“.

– Украина може да биде дел од Европската унија во 2030 година доколку двете страни си ја завршат домашната задача, изјави Мишел во интервју за Шпигел. Тој порача и дека Европската унија мора да го забрза процесот на одлучување.

– Со брзиот прием на Украина, Европската унија би докажала и дека е способна за геополитичко дејствување, додава тој.

Сепак, тој нагласи дека нема да има олеснување на критериумите за пристап за Украина или други кандидати. Освен Турција, тоа се шесте земји од Западен Балкан и Молдавија.

– Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските услови, рече Мишел.

Проширувањето на ЕУ ќе биде тема на состанокот на европските лидери в четврток и петок во Гранада.

Украина е кандидат за членство во ЕУ од јуни 2022 година. За почеток на преговорите треба едногласна одлука на 27 земји-членки.

Преговорите за пристап може да траат неколку години и членството не е загарантирано.

The post Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го поддржува приемот на Украина во Европската унија до 2030 година, доколку се исполнат одредени услови и ако секој си ја заврши својата „домашна задача“.
– Украина може да биде дел од Европската унија во 2030 година доколку двете страни си ја завршат домашната задача, изјави Мишел во интервју за Шпигел. Тој порача и дека Европската унија мора да го забрза процесот на одлучување.
– Со брзиот прием на Украина, Европската унија би докажала и дека е способна за геополитичко дејствување, додава тој. Сепак, тој нагласи дека нема да има олеснување на критериумите за пристап за Украина или други кандидати. Освен Турција, тоа се шесте земји од Западен Балкан и Молдавија.
– Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските услови, рече Мишел.
Проширувањето на ЕУ ќе биде тема на состанокот на европските лидери в четврток и петок во Гранада. Украина е кандидат за членство во ЕУ од јуни 2022 година. За почеток на преговорите треба едногласна одлука на 27 земји-членки. Преговорите за пристап може да траат неколку години и членството не е загарантирано.

The post Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 appeared first on Република.

]]>
Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/svet/mishel-na-dekemvriskiot-samit-ochekuvam-odluki-za-proshiruvaneto-za-nekoi-od-zemjite-od-zapadniot-balkan/ Wed, 04 Oct 2023 09:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=687776

На Самитот на ЕУ во декември очекувам одлуки поврзани со проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан, согласно извештајот на Европската комисија за усогласеноста на државите кандидати со реформските барања, што се очекува да биде објавен во следните недели, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за португалската агенција Луса.

Од Европскиот совет ќе зависи што од извештајот на Комисијата ќе стави на маса, нагласи Мишел, додавајќи дека самиот факт што на неформалниот Самит на Унијата в петок во Гранада европските лидери ќе „разговараат за иднината на ЕУ поврзана со проширување претставува многу моќен сигнал“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој во интервјуто се осврнува и на неговата изјава во Блед, кога 2030 година ја постави како цел за идното проширување на ЕУ.

Останувам на оваа цел и овој рок. Тоа им е јасно на сите. Зошто е важен овој датум? Затоа што тоа е јасен поттик за сите нас да се подготвиме и да ги забрзаме нашите напори. Без датум, имаше заедничка цел, но беше лесно да се одолговлекува и да не се донесат потребните одлуки, истакна претседателот на Европскиот совет.

Мишел смета и дека на декемврискиот Самит лидерите на ЕУ треба да дадат зелено светло за старт на формални пристапни преговори со Украина и Молдавија.

Декември ќе биде важен момент. Ќе биде тежок состанок, тежок Европски совет. Не би ги потценил предизвиците… Европскиот совет во декември треба да донесе некои одлуки за Украина, за Молдавија и за тоа дали ќе ги отвориме преговорите, изјави Мишел.

Според него, ЕУ во последниве месеци дала јасни сигнали со тоа што на Украина и додели статус на земја кандидат за членство во Унијата.

Испративме јасна порака не само од Европскиот совет, туку и од многу поединечни лидери дека треба да го забрзаме процесот и да ги направиме потребните напори, додаде Мишел во интервјуто.

The post Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

На Самитот на ЕУ во декември очекувам одлуки поврзани со проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан, согласно извештајот на Европската комисија за усогласеноста на државите кандидати со реформските барања, што се очекува да биде објавен во следните недели, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за португалската агенција Луса.
Од Европскиот совет ќе зависи што од извештајот на Комисијата ќе стави на маса, нагласи Мишел, додавајќи дека самиот факт што на неформалниот Самит на Унијата в петок во Гранада европските лидери ќе „разговараат за иднината на ЕУ поврзана со проширување претставува многу моќен сигнал“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој во интервјуто се осврнува и на неговата изјава во Блед, кога 2030 година ја постави како цел за идното проширување на ЕУ. –
Останувам на оваа цел и овој рок. Тоа им е јасно на сите. Зошто е важен овој датум? Затоа што тоа е јасен поттик за сите нас да се подготвиме и да ги забрзаме нашите напори. Без датум, имаше заедничка цел, но беше лесно да се одолговлекува и да не се донесат потребните одлуки, истакна претседателот на Европскиот совет. Мишел смета и дека на декемврискиот Самит лидерите на ЕУ треба да дадат зелено светло за старт на формални пристапни преговори со Украина и Молдавија.