шамар Archives - Република https://republika.mk/tema/shamar/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 12:41:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шамар Archives - Република https://republika.mk/tema/shamar/ 32 32 Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kosovskiot-trener-suspendiran-zatoa-shto-i-udri-shamar-na-kerka-si-po-porazot-od-srbinka/ Mon, 11 Nov 2024 12:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=836347

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка.

Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања.

Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението.

Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

The post Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка appeared first on Република.

]]>

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка. Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања. Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението. Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

The post Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка appeared first on Република.

]]>
Се појави снимка од шамарот на Бритни Спирс: Јасно е кој е насилникот, а кој лаже ВИДЕО https://republika.mk/scena/muzika/se-pojavi-snimka-od-shamarot-na-britni-spirs-jasno-e-koj-e-nasilnikot-a-koj-lazhe-video/ Sat, 08 Jul 2023 15:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=659224

Камерите го снимија спорниот настан и сега е јасно чија верзија е вистинита.

Откако јавноста беше шокирана од веста дека обезбедувањето на НБА ѕвездата Виктор Вембењама наводно физички ја нападнал пејачката Бритни Спирс, затоа што „му го фатила за грб на кошаркарот“, денеска веќе се појавија докази кои фрлаат ново светло на инцидентот.

Бритни на социјалните мрежи напиша дека „го препознала славниот спортист и дека само сакала да се слика со него и дека само го допирала по рамото кога обезбедувањето реагирало и ја удрило во лицето“.

Виктор има сосема поинаква верзија за настаните: „Ја видов веста за тоа што се случи, се разбудив, имав неколку повици. Нешто се случи. Се шетав со обезбедувањето што го штитеше тимот, отидовме во ресторан“, рече НБА ѕвездата во подем и продолжи:

„Многу луѓе ме довуваа, едно лице ми викаше, но луѓето од обезбедувањето ми рекоа да не застанувам за да не создавам гужва. Слушнав како една личност ме вика „Господине, господине“, а потоа ме зграпчи одзади. Не видов што се случи, продолжив да чекорам.Таа не ме допре само по рамо, знам дека реагираше обезбедувањето, не знам со колкава сила ја оттурнаа. Не застанав. Продолжив и уживав во вечерата“, изјави Вембањама за „BeIn sport“.

Сепак, снимката од инцидентот која се појави на социјалните мрежи покажува дека пејачката сепак не лажела. На видеото се гледа дека пејачката се обидела да го повика кошаркарот, трчала по него и само се обидувала да го допре. Во тој момент чуварот замавнал со раката и и удрил шлаканица на пејачката.

Пред да го објави видеото, пејачката на Инстаграм напиша дека е важно ѕвездите да ги почитуваат другите јавни личности и луѓе во јавноста и дека физичкото насилство не е решение, бидејќи во моментов има премногу.

На видеото се слуша како Бритни му приоѓа на Виктор одзади и му вели „господине, господине“, што ја потврдува нејзината приказна, а потоа се обидува да го допре по рамото.

The post Се појави снимка од шамарот на Бритни Спирс: Јасно е кој е насилникот, а кој лаже ВИДЕО appeared first on Република.

]]>

Камерите го снимија спорниот настан и сега е јасно чија верзија е вистинита. Откако јавноста беше шокирана од веста дека обезбедувањето на НБА ѕвездата Виктор Вембењама наводно физички ја нападнал пејачката Бритни Спирс, затоа што „му го фатила за грб на кошаркарот“, денеска веќе се појавија докази кои фрлаат ново светло на инцидентот.
Бритни на социјалните мрежи напиша дека „го препознала славниот спортист и дека само сакала да се слика со него и дека само го допирала по рамото кога обезбедувањето реагирало и ја удрило во лицето“. Виктор има сосема поинаква верзија за настаните: „Ја видов веста за тоа што се случи, се разбудив, имав неколку повици. Нешто се случи. Се шетав со обезбедувањето што го штитеше тимот, отидовме во ресторан“, рече НБА ѕвездата во подем и продолжи: „Многу луѓе ме довуваа, едно лице ми викаше, но луѓето од обезбедувањето ми рекоа да не застанувам за да не создавам гужва. Слушнав како една личност ме вика „Господине, господине“, а потоа ме зграпчи одзади. Не видов што се случи, продолжив да чекорам.Таа не ме допре само по рамо, знам дека реагираше обезбедувањето, не знам со колкава сила ја оттурнаа. Не застанав. Продолжив и уживав во вечерата“, изјави Вембањама за „BeIn sport“.
Сепак, снимката од инцидентот која се појави на социјалните мрежи покажува дека пејачката сепак не лажела. На видеото се гледа дека пејачката се обидела да го повика кошаркарот, трчала по него и само се обидувала да го допре. Во тој момент чуварот замавнал со раката и и удрил шлаканица на пејачката. Пред да го објави видеото, пејачката на Инстаграм напиша дека е важно ѕвездите да ги почитуваат другите јавни личности и луѓе во јавноста и дека физичкото насилство не е решение, бидејќи во моментов има премногу. На видеото се слуша како Бритни му приоѓа на Виктор одзади и му вели „господине, господине“, што ја потврдува нејзината приказна, а потоа се обидува да го допре по рамото.

The post Се појави снимка од шамарот на Бритни Спирс: Јасно е кој е насилникот, а кој лаже ВИДЕО appeared first on Република.

]]>