северна македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/severna-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 05:06:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северна македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/severna-makedonija/ 32 32 Има Skopia или FIROM, името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале, вели претседателката Сиљановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/ima-skopia-ili-firom-imeto-shto-od-nas-baraat-da-go-pochituvame-tie-nikade-ne-go-istaknale-veli-pretsedatelkata-silanovska-davkova/ Tue, 28 May 2024 05:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=782222

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен факт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина, но очекува и грчката страна да даде пример.

Сиљановска Давкова на вчерашниот настан по повод 20-годишнината од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.

Јас го почитувам Преспанскиот договор - не гледам дека сум го повредила. Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова.

Таа нагласи дека исто така верува во слободата на изразување на мислата, на самоидентификација и на самоопределување која потенцира дека не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална.

Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универзалната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор, наведе претседателката Сиљановска Давкова.

Прашана дали ова може да се одрази на нашата ЕУ - перспектива таа посочи дека за тоа треба да се праша грчката страна. Сиљановска Давкова укажа и дека земјава ги смени документите за внатрешна употреба, и упати на одредба од Преспанскиот договор дека тоа ќе треба да се оствари пет години по неговото стапување во сила, но и по отворањето на првото поглавје. Таа при тоа праша дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор.

Не би можела јас да одговорам, бидејќи веројатно грчките претставници најдобро можат да кажат. Понекогаш и слушам некакви предупредуваа и закани, но јас вака велам дека точно е дека во меѓународното право важи начелото дека требна да се почитуваат договорите, но еве мислам секогаш кога бараме од другиот да стори нешто, логично е во една вин - вин логика да се запрашаме што сторивме ние. Јас мислам дека сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале. Се уште има Скопје, Skopia, дури го има и акронимот на повеќе места, да не зборувам за меморандумите. Еве кога веќе ме прашавте само да кажам дека за мене најважниот мемораднум е оној за помошта при евроинтеграциите. Значи затоа очекувам со пример да се стори нешто и еве да укажам на уште нешто што исто така не се истакнува. Имено, ние ги сменивме и документите за внатрешна употреба, меѓутоа токму во однос на овие постапки, таму има во Преспанскиот договор се вика дека ќе почне примената, односно ќе треба да го оствариме ова пет години по неговото стапување во сила, ама пишува и по отворањето на првото поглавје. Јас имам прашање за себе, за Грција и за сите други дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така превид, не велам прекршување. Дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор, рече претседателката Сиљановска Давкова.

The post Има Skopia или FIROM, името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале, вели претседателката Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен факт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина, но очекува и грчката страна да даде пример. Сиљановска Давкова на вчерашниот настан по повод 20-годишнината од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.
Јас го почитувам Преспанскиот договор - не гледам дека сум го повредила. Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека исто така верува во слободата на изразување на мислата, на самоидентификација и на самоопределување која потенцира дека не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална.
Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универзалната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор, наведе претседателката Сиљановска Давкова.
Прашана дали ова може да се одрази на нашата ЕУ - перспектива таа посочи дека за тоа треба да се праша грчката страна. Сиљановска Давкова укажа и дека земјава ги смени документите за внатрешна употреба, и упати на одредба од Преспанскиот договор дека тоа ќе треба да се оствари пет години по неговото стапување во сила, но и по отворањето на првото поглавје. Таа при тоа праша дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор.
Не би можела јас да одговорам, бидејќи веројатно грчките претставници најдобро можат да кажат. Понекогаш и слушам некакви предупредуваа и закани, но јас вака велам дека точно е дека во меѓународното право важи начелото дека требна да се почитуваат договорите, но еве мислам секогаш кога бараме од другиот да стори нешто, логично е во една вин - вин логика да се запрашаме што сторивме ние. Јас мислам дека сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале. Се уште има Скопје, Skopia, дури го има и акронимот на повеќе места, да не зборувам за меморандумите. Еве кога веќе ме прашавте само да кажам дека за мене најважниот мемораднум е оној за помошта при евроинтеграциите. Значи затоа очекувам со пример да се стори нешто и еве да укажам на уште нешто што исто така не се истакнува. Имено, ние ги сменивме и документите за внатрешна употреба, меѓутоа токму во однос на овие постапки, таму има во Преспанскиот договор се вика дека ќе почне примената, односно ќе треба да го оствариме ова пет години по неговото стапување во сила, ама пишува и по отворањето на првото поглавје. Јас имам прашање за себе, за Грција и за сите други дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така превид, не велам прекршување. Дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор, рече претседателката Сиљановска Давкова.
 
The post Има Skopia или FIROM, името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале, вели претседателката Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Керим: „Скопиа“ не е провокација? https://republika.mk/vesti/makedonija/kerim-skopia-ne-e-provokatsija/ Mon, 20 May 2024 19:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=780260

Поранешниот министер за надворешни работи и дипломат Срѓан Керим, зборувајќи за заклетвата на шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, рече дека „претседател на држава кој полага заклетва пред својот Парламент, пред своите граѓани и пред својот народ не може да направи гаф кога го изговара името на државата Македонија“, посочувајќи дека пораката што таа сакала да ја упати била внатрешно-политичка односно кон мнозинствотот граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција или некоја друга земја.

Ако барате порака тогаш јас ја читам како внатрешно - политичка, а не надворешно - политичка затоа што една од основните одлики и карактеристики на демократијата е мнозинството. Госпоѓата Сиљановска Давкова беше избрана со огромен број на гласови на мнозинство на граѓаните на оваа држава и поради тоа тој гест беше наменет на нив, а не да се провоцира ни Грција ни никој друг, рече Керим во тема на денот на ТВ Сител.

Ако треба да одговори како дипломат, рече тој, дипломатски е да се седне на маса и да се разговара.

Има причина да разговараме затоа што ако ние провоцираме со тоа што го употребуваме името Македонија што е тогаш употребата на „Скопиа“ цело време од грчка страна кога зборуваат за нашата земја. Нели е и тоа провокација, праша Керим.

Се што ќе излезе од Скопје или од Македонија, вели поранешниот министер, подлага на еден диоптер од Брисел и ние треба да бидеме постојано фрустрирани, укочени, да пазиме што зборуваме и што ќе кажеме за тоа да не не одалечи од Брисел

The post Керим: „Скопиа“ не е провокација? appeared first on Република.

„Фала“ СДСМ: Грција бара и по дома да си викаме „Северна“ https://republika.mk/vesti/balkan/fala-sdsm-grtsija-bara-i-po-doma-da-si-vikame-severna/ Thu, 16 May 2024 12:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=778854

Неприфатлива за Грција е логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, кој на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека договорот мора да се почитува во сите формулации.

На прашањето на МИА, за соопштението од Кабинетот на претседателката околу употребата на името Македонија и уставното име, Маринакис рече дека кога станува збор за највисоката позиција, за позицијата претседател на државата, „за еден од столбовите на демократијата на една земја, не можеме да говориме за двоен јазик и лично право“.

-Мислам дека е лицемерно ова да се кажува и да се слуша. Односно за некои работи, каде што треба, ќе бидеме формални, а во нашите јавни настапи ќе го правиме она што сакаме или затоа што веруваме во тоа или затоа што ѝ служиме на нашата публика. Ова не може да биде прифатено од Грција, ниту од која било друга сериозна земја. Кога велиме дека треба да се согласиме дека треба да се почитува еден договор, затоа што таква е нашата обврска од фактот што е ратификуван овој договор, да го правиме тоа во сите наши формулации. Очигледно оваа логика не може да биде прифатена од Грција, истакна Маринакис

За трите меморандуми за соработка кои СИРИЗА вчера ги достави во грчкиот Парламент, владиниот портпарол рече дека е „еден од најнесфатливите потези на опозицијата“,

https://republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/

-Ниту еден грчки граѓанин не сфаќа на што му служи оваа постапка, зошто такво брзање. Од моментот кога претседателката на Cеверна Македонија не ја прифаќа основната, првата точка од Договорот, главната опозиција во Грција сака ние сè да направиме, сè да изгласаме, рече Маринакис и додаде дека доколку видат соодветна позиција од новата Влада, тогаш ќе влезат во конкретната дискусија.

The post „Фала“ СДСМ: Грција бара и по дома да си викаме „Северна“ appeared first on Република.

]]>

Неприфатлива за Грција е логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, кој на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека договорот мора да се почитува во сите формулации. На прашањето на МИА, за соопштението од Кабинетот на претседателката околу употребата на името Македонија и уставното име, Маринакис рече дека кога станува збор за највисоката позиција, за позицијата претседател на државата, „за еден од столбовите на демократијата на една земја, не можеме да говориме за двоен јазик и лично право“.
-Мислам дека е лицемерно ова да се кажува и да се слуша. Односно за некои работи, каде што треба, ќе бидеме формални, а во нашите јавни настапи ќе го правиме она што сакаме или затоа што веруваме во тоа или затоа што ѝ служиме на нашата публика. Ова не може да биде прифатено од Грција, ниту од која било друга сериозна земја. Кога велиме дека треба да се согласиме дека треба да се почитува еден договор, затоа што таква е нашата обврска од фактот што е ратификуван овој договор, да го правиме тоа во сите наши формулации. Очигледно оваа логика не може да биде прифатена од Грција, истакна Маринакис
За трите меморандуми за соработка кои СИРИЗА вчера ги достави во грчкиот Парламент, владиниот портпарол рече дека е „еден од најнесфатливите потези на опозицијата“, https://republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/
-Ниту еден грчки граѓанин не сфаќа на што му служи оваа постапка, зошто такво брзање. Од моментот кога претседателката на Cеверна Македонија не ја прифаќа основната, првата точка од Договорот, главната опозиција во Грција сака ние сè да направиме, сè да изгласаме, рече Маринакис и додаде дека доколку видат соодветна позиција од новата Влада, тогаш ќе влезат во конкретната дискусија.
 
The post „Фала“ СДСМ: Грција бара и по дома да си викаме „Северна“ appeared first on Република.

]]>
Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде https://republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/ Thu, 16 May 2024 12:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=778842

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје.

По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.

Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.

Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.

Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.
Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.
Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.
Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>
„А кога нè викаа ФИРОМ или Голема Бугарија?“: Најчевска укажа на двојните стандарди на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/a-koga-ne-vikaa-firom-ili-golema-bugarija-najchevska-ukazha-na-dvojnite-standardi-na-eu/ Tue, 14 May 2024 10:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=777924

Никогаш не сум сакала двојни стандарди, посебно кога станува збор за правото вели професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги реакциите на заклетвата на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.

ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци кои излегоа со јасни територијални аспирации кон Македонија ниту од неспроведувањето на пресудите на ЕКЧП од страна на Бугарија.
Не ги возбуди премногу ни фактот дека Грција ја прекршува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.
ЕУ не се потрес заради лапсусите и грешките кои намерно или ненамерно ги правеа европските државници во употребата на името на државата (сега и во периодот кога не нарекуваа ФИРОМ наместо да го употребат целиот назив под кој бевме примени во ООН).
Не се сеќавам ни дека Американците покажаа голема загрижа заради ова.
Ама кога Гордана при давање свечена заклетва (уште нестаната претседателка) не го употреби официјалното име на државата не пропуштија да излезат со изрази на длабока загриженост па дури и тивки закани.
Никогаш не сум сакала двојни стандарди.
Посебно кога станува збор за правото.
Ваквото однесување на ЕУ може само да ги подгрее негативните сили кои Македонија ја влечат во ќорсокак, надвор од генералната ориентација кон ЕУ и ЕУ вредносниот систем.

The post „А кога нè викаа ФИРОМ или Голема Бугарија?“: Најчевска укажа на двојните стандарди на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Никогаш не сум сакала двојни стандарди, посебно кога станува збор за правото вели професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги реакциите на заклетвата на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.
ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци кои излегоа со јасни територијални аспирации кон Македонија ниту од неспроведувањето на пресудите на ЕКЧП од страна на Бугарија. Не ги возбуди премногу ни фактот дека Грција ја прекршува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. ЕУ не се потрес заради лапсусите и грешките кои намерно или ненамерно ги правеа европските државници во употребата на името на државата (сега и во периодот кога не нарекуваа ФИРОМ наместо да го употребат целиот назив под кој бевме примени во ООН). Не се сеќавам ни дека Американците покажаа голема загрижа заради ова. Ама кога Гордана при давање свечена заклетва (уште нестаната претседателка) не го употреби официјалното име на државата не пропуштија да излезат со изрази на длабока загриженост па дури и тивки закани. Никогаш не сум сакала двојни стандарди. Посебно кога станува збор за правото. Ваквото однесување на ЕУ може само да ги подгрее негативните сили кои Македонија ја влечат во ќорсокак, надвор од генералната ориентација кон ЕУ и ЕУ вредносниот систем.

The post „А кога нè викаа ФИРОМ или Голема Бугарија?“: Најчевска укажа на двојните стандарди на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? https://republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-siriza-do-mitsotakis-neli-beshe-predavnichki-dogovorot-od-prespa/ Sun, 12 May 2024 15:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=777355

„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Cеверна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција.

Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.

Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.

Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.

The post Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? appeared first on Република.

]]>

„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Cеверна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција. Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.
Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.
Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.

The post Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? appeared first on Република.

]]>
Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-bilateralnite-odnosi-i-evropskiot-pat-na-sosedite-zavisat-od-upotrebata-na-ustavnoto-ime/ Sun, 12 May 2024 14:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=777345

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името Македонија и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Cеверна Македонија“, „новата претседателка на Република Cеверна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече Македонија“.

Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Cеверна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

The post Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име appeared first on Република.

]]>

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името Македонија и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина. Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Cеверна Македонија“, „новата претседателка на Република Cеверна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече Македонија“.
Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.
Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.
Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Cеверна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

The post Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име appeared first on Република.

]]>
Од 13 февруари ќе важат само пасошите и возачките со „Cеверна“ https://republika.mk/vesti/makedonija/od-13-fevruari-ke-vazhat-samo-pasoshite-i-vozachkite-so-ceverna/ Sun, 11 Feb 2024 15:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=742890

Од 00 часот на 13 февруари 2024 година престануваат да важат патните исправи и возачките дозволи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи и возачки дозволи со името Република Cеверна Македонија, извести денеска Министерството за внатрешни работи.

Согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Cеверна Македонија. Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Cеверна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, се наведува во соопштението на МВР.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека возачките дозволи и во државава и надвор од неа ќе важат само со името Република Cеверна Македонија, додека пак личните карти, ќе важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Cеверна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава.

За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, како и за личните карти, појаснуваат од МВР.

The post Од 13 февруари ќе важат само пасошите и возачките со „Cеверна“ appeared first on Република.

Ковачевски не разговарал со Грција за продолжување на важноста на пасошите, оти Пендаровски ја презел таа обврска https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-razgovaral-so-grtsija-za-prodolzhuvane-na-vazhnosta-na-pasoshite-oti-pendarovski-ja-prezel-taa-obvrska/ Tue, 16 Jan 2024 12:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=733631

Премиерот Димитар Ковачевски не разговарал со Грција за можноста да се пролонгира рокот за новите патните исправи, откако граѓаните се изложени на минусни температури со часови да чекаат за да можат да извадат нов пасош, а уште толку и за да го подигнат. Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања се огради за можноста лично да комуницира со Грција, велејќи дека таа обврска ја презел претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Со грчките власти немам разговарано. Тоа претседателот на државата го презеде како обврска да се чуе со претседателката на Грција. Имаме разговори коишто се водат со ресорните министри. Ја видов иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставен суд. Не ја отфрлам, но одлуката е на Уставниот суд, рече Ковачевски.

Премиерот вели дека како држава со Преспанскиот договор сме се обврзале дека до 12 февруари документите за надворешна употреба ќе бидат со новото уставно име на државата.

Законски измени може да се направат, но се работи за документи за надворешна употреба. Значи личната карта и со Република Македонија се користи за внатрешна употреба, како и возачката дозвола. Натчовечки направија вработените во МВР. Променија 1, 2 милиони пасоши, гледате дека работат луѓето и за празници и во недела и ќе разговараме, тоа е процес кој мора да се заврши, рече Ковачевски.

Грција е една од омилените дестинации за патување на граѓаните од средина на мај до средина на септември, па неопходен е договор со Грција, додаде премиерот.

The post Ковачевски не разговарал со Грција за продолжување на важноста на пасошите, оти Пендаровски ја презел таа обврска appeared first on Република.

Која порака ја испраќаат одговорните? https://republika.mk/vesti/makedonija/koja-poraka-ja-isprakaat-odgovornite/ Thu, 14 Sep 2023 07:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=681730

Се прашувам, а ги прашувам и одговорните која порака сакале да ја испратат? Сол на рана додаваат или толку ништо не разбираат?, прашува професорката Весна Јаневска за новиот изглед на студентските легитимации и документите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со кој посебна важност ѝ се дава на придавката „Северна“, која е испишана со поголеми букви од Република и од Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eh-ukim-ukim-pogolem-papa-od-papata/

Јаничари, само што јаничарите како мали деца ги земале и превоспитувале, а овие СВОЕВОЛНО се пријавуваат.
Не е срамота, над срамота е, не е жално повеќе од тоа е, а најмногу од се' недостоинствено e. Туку, што беше тоа?, реагира таа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eh-ukim-ukim-pogolem-papa-od-papata/

The post Која порака ја испраќаат одговорните? appeared first on Република.

]]>

Се прашувам, а ги прашувам и одговорните која порака сакале да ја испратат? Сол на рана додаваат или толку ништо не разбираат?, прашува професорката Весна Јаневска за новиот изглед на студентските легитимации и документите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со кој посебна важност ѝ се дава на придавката „Северна“, која е испишана со поголеми букви од Република и од Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/eh-ukim-ukim-pogolem-papa-od-papata/
Јаничари, само што јаничарите како мали деца ги земале и превоспитувале, а овие СВОЕВОЛНО се пријавуваат. Не е срамота, над срамота е, не е жално повеќе од тоа е, а најмногу од се' недостоинствено e. Туку, што беше тоа?, реагира таа.
https://republika.mk/vesti/makedonija/eh-ukim-ukim-pogolem-papa-od-papata/  

The post Која порака ја испраќаат одговорните? appeared first on Република.

]]>
Ех, УКИМ, УКИМ! Поголем папа од Папата https://republika.mk/vesti/makedonija/eh-ukim-ukim-pogolem-papa-od-papata/ Wed, 13 Sep 2023 08:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=681480

Професорката Билјана Ванковска се приклучи на реакциите од јавноста за новиот изглед на студентските легитимации и документите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со кој посебна важност ѝ се дава на придавката „Северна“, која е испишана со поголеми букви од Република и од Македонија.

Ех, УКИМ, УКИМ! Поголем папа од Папата, коментира професорката.

The post Ех, УКИМ, УКИМ! Поголем папа од Папата appeared first on Република.

Тасевски: Имаме право сите да ги тужиме овие имбецили https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-imame-pravo-site-da-gi-tuzhime-ovie-imbetsili/ Tue, 22 Aug 2023 08:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=674447

Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија, вели актерот Сашо Тасевски реагирајќи на произволниот датум до кој „мора“ да се променат личните документи со „Ceверна Македонија“.

Тој ја пофали кривичната пријава што вчера ја поднесе Олгица Трајковска:

https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-protiv-spasovski-za-prechekoruvane-na-sluzhbenite-ovlastuvana-i-proglasuvane-za-nevazhechki-na-lichnite-dokumenti-na-graganite/

Во право е жената што ги тужела Таче и Заев за документите, си знае право и добро е што не подучи.
Ако пред една гидина си извадил нова лична карта која трае 10 години и државата сега ти вика не важи тоа што сум гарантирала, ќе си вадиш нова и ќе си платиш за новата, тоа е измама. Државата се стекнува со материјална корист на штета на граѓаните. И тоа баш пред избори.
Имаме право сите да тужиме. Поединечно. Бесплатно. Дури таа жената се понуди секој што сака да тужи да и се обрати ќе му прати копија од нејзината тужба.
А во меѓувреме Грција не сменила ниту еден патоказ на кои се уште сме Скопија.
Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија.
Тие се поголеми од самата имбецилност.
На имбецилноста и е срам од нив, вели Тасевски.

The post Тасевски: Имаме право сите да ги тужиме овие имбецили appeared first on Република.

]]>

Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија, вели актерот Сашо Тасевски реагирајќи на произволниот датум до кој „мора“ да се променат личните документи со „Ceверна Македонија“. Тој ја пофали кривичната пријава што вчера ја поднесе Олгица Трајковска: https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-protiv-spasovski-za-prechekoruvane-na-sluzhbenite-ovlastuvana-i-proglasuvane-za-nevazhechki-na-lichnite-dokumenti-na-graganite/
Во право е жената што ги тужела Таче и Заев за документите, си знае право и добро е што не подучи. Ако пред една гидина си извадил нова лична карта која трае 10 години и државата сега ти вика не важи тоа што сум гарантирала, ќе си вадиш нова и ќе си платиш за новата, тоа е измама. Државата се стекнува со материјална корист на штета на граѓаните. И тоа баш пред избори. Имаме право сите да тужиме. Поединечно. Бесплатно. Дури таа жената се понуди секој што сака да тужи да и се обрати ќе му прати копија од нејзината тужба. А во меѓувреме Грција не сменила ниту еден патоказ на кои се уште сме Скопија. Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија. Тие се поголеми од самата имбецилност. На имбецилноста и е срам од нив, вели Тасевски.

The post Тасевски: Имаме право сите да ги тужиме овие имбецили appeared first on Република.

]]>
Грчева: Менувањето на важечките документи треба да биде бесплатно, јас не мислам да ги менувам https://republika.mk/vesti/makedonija/grcheva-menuvaneto-na-vazhechkite-dokumenti-treba-da-bide-besplatno-jas-ne-mislam-da-gi-menuvam/ Tue, 22 Aug 2023 07:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=674396

Моите лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) со името „Република Македонија“ се важечки уште неколку години и не мислам да ги менувам, вели Солза Грчева, додавајќи го она што и пошироката јавност постојано го повторува -  Ако некој не ги усогласил на време, нека одговара!

И ќе одговара, вели Грчева, бидејќи г-ѓа Олгица Трајковска им поднела тужби на Заев и Спасовски. Алал да и е.

https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-protiv-spasovski-za-prechekoruvane-na-sluzhbenite-ovlastuvana-i-proglasuvane-za-nevazhechki-na-lichnite-dokumenti-na-graganite/

Во најмала рака, за оние кои ќе решат да ги менуваат, менувањето треба да биде бесплатно, бидејќи им менуваат важечки документи.
Наместо тоа, луѓе со денови се обидуваат да добијат термин (по телефон или електронски) и никој не им одговара.
Нема институции, ниту одговорност во демонтирана држава. Самоволие и собирање пари од сиромаштијава, вели Грчева.

The post Грчева: Менувањето на важечките документи треба да биде бесплатно, јас не мислам да ги менувам appeared first on Република.

]]>

Моите лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) со името „Република Македонија“ се важечки уште неколку години и не мислам да ги менувам, вели Солза Грчева, додавајќи го она што и пошироката јавност постојано го повторува -  Ако некој не ги усогласил на време, нека одговара! И ќе одговара, вели Грчева, бидејќи г-ѓа Олгица Трајковска им поднела тужби на Заев и Спасовски. Алал да и е. https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-protiv-spasovski-za-prechekoruvane-na-sluzhbenite-ovlastuvana-i-proglasuvane-za-nevazhechki-na-lichnite-dokumenti-na-graganite/
Во најмала рака, за оние кои ќе решат да ги менуваат, менувањето треба да биде бесплатно, бидејќи им менуваат важечки документи. Наместо тоа, луѓе со денови се обидуваат да добијат термин (по телефон или електронски) и никој не им одговара. Нема институции, ниту одговорност во демонтирана држава. Самоволие и собирање пари од сиромаштијава, вели Грчева.

The post Грчева: Менувањето на важечките документи треба да биде бесплатно, јас не мислам да ги менувам appeared first on Република.

]]>
Таче пред избори ја заборави „Cеверна“ https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-pred-izbori-ja-zaboravi-ceverna/ Fri, 18 Aug 2023 11:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=673374

Да живее Европска Македонија, порача денекса во Собранието премиерот Димитар Ковачевски, кој пред избори реши да ја заборави придавката „Северна“, а неговите пратеници и сопартијци веднаш потчинето му аплаудираа на лидерот.

Тој, меѓудругото во говорот го нарече Предлогот за менување на Уставот - македонски, иако станува збор за истиот француски предлог со којшто мнозинството од граѓаните не се согласува.

Затоа денеска, кога ќе ги погледнете улиците во Скопје, гледате дека сѐ е мирно и дека граѓаните очекуваат подобра иднина, мудро ќе порача премиерот заборавајќи ги масовните протести против овој предлог.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ustavnite-izmeni-se-odnesuvaat-na-dodavane-narodi-makedonskiot-narod-ostanuva-unikaten-i-zaseben/

The post Таче пред избори ја заборави „Cеверна“ appeared first on Република.

]]>

Да живее Европска Македонија, порача денекса во Собранието премиерот Димитар Ковачевски, кој пред избори реши да ја заборави придавката „Северна“, а неговите пратеници и сопартијци веднаш потчинето му аплаудираа на лидерот. Тој, меѓудругото во говорот го нарече Предлогот за менување на Уставот - македонски, иако станува збор за истиот француски предлог со којшто мнозинството од граѓаните не се согласува.
Затоа денеска, кога ќе ги погледнете улиците во Скопје, гледате дека сѐ е мирно и дека граѓаните очекуваат подобра иднина, мудро ќе порача премиерот заборавајќи ги масовните протести против овој предлог.
https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ustavnite-izmeni-se-odnesuvaat-na-dodavane-narodi-makedonskiot-narod-ostanuva-unikaten-i-zaseben/

The post Таче пред избори ја заборави „Cеверна“ appeared first on Република.

]]>
По 12 февруари неважечки стануваат сите лични документи со Република Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/po-12-fevruari-nevazhechki-stanuvaat-site-lichni-dokumenti-so-republika-makedonija/ Sat, 22 Jul 2023 11:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=664201

На 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Исто така, ако ве запре полиција со возило ќе ви напише казна ако вашата возачката дозвола не е со името „Република Cеверна Македонија.“ Неважечки ќе бидат и личните карти. Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ.

Издадените лични карти, пасоши и возачки дозволи кои се со важечки датум, но го содржат името „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Радио Слободна Европа.

Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат. Со стара патна исправа нема да може да се преминува граница, ниту пак ќе биде прифатена како документ во институциите и со стара возачка дозвола нема да може да се управува моторно возило, велат од МВР.

Целата сторија на РСЕ

The post По 12 февруари неважечки стануваат сите лични документи со Република Македонија appeared first on Република.

]]>

На 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Исто така, ако ве запре полиција со возило ќе ви напише казна ако вашата возачката дозвола не е со името „Република Cеверна Македонија.“ Неважечки ќе бидат и личните карти. Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ. Издадените лични карти, пасоши и возачки дозволи кои се со важечки датум, но го содржат името „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Радио Слободна Европа.
Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат. Со стара патна исправа нема да може да се преминува граница, ниту пак ќе биде прифатена како документ во институциите и со стара возачка дозвола нема да може да се управува моторно возило, велат од МВР.
Целата сторија на РСЕ

The post По 12 февруари неважечки стануваат сите лични документи со Република Македонија appeared first on Република.

]]>
„Социјалдемократски сојуз на Cеверна Македонија” – Мило ѝ го смени името на партијата на Таче https://republika.mk/vesti/makedonija/sotsijaldemokratski-sojuz-na-ceverna-makedonija-milo-go-smeni-imeto-na-partijata-na-tache/ Sat, 18 Mar 2023 10:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=620940

По којзнае кој пат Димитар Ковачевски е предмет на потсмев во регионални рамки. Народот сѐ уште го нема заборавено понижувањето што Еди Рама минатата година му го направи на Ковачевски на средбата во Тирана нарекувајќи ја Македонија „западна Бугарија“, а денес сме сведоци на нов потсмев, овој пат од страна на кандидатот за претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Во она што треба да биде видео обраќање со поддршка на кандидатурата на Ѓукановиќ, претседателот на СДСМ во еден момент го кажува целото име на неговата партија, но во преводот на видеото, црногорците го употребуваат името - Социјалдемократски сојуз на Cеверна Македонија.

Не знаеме дали е ова уште една во низата понижувања на Ковачевски и на СДСМ или, пак, нова суптилна најава за промена на името на оваа партија во пресрет на изборите следната година?!

The post „Социјалдемократски сојуз на Cеверна Македонија” – Мило ѝ го смени името на партијата на Таче appeared first on Република.

]]>

По којзнае кој пат Димитар Ковачевски е предмет на потсмев во регионални рамки. Народот сѐ уште го нема заборавено понижувањето што Еди Рама минатата година му го направи на Ковачевски на средбата во Тирана нарекувајќи ја Македонија „западна Бугарија“, а денес сме сведоци на нов потсмев, овој пат од страна на кандидатот за претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Во она што треба да биде видео обраќање со поддршка на кандидатурата на Ѓукановиќ, претседателот на СДСМ во еден момент го кажува целото име на неговата партија, но во преводот на видеото, црногорците го употребуваат името - Социјалдемократски сојуз на Cеверна Македонија. Не знаеме дали е ова уште една во низата понижувања на Ковачевски и на СДСМ или, пак, нова суптилна најава за промена на името на оваа партија во пресрет на изборите следната година?!

The post „Социјалдемократски сојуз на Cеверна Македонија” – Мило ѝ го смени името на партијата на Таче appeared first on Република.

]]>
Создавањето на Homo severnicus https://republika.mk/kolumni/sozdavaneto-na-homo-severnicus/ Fri, 17 Mar 2023 11:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=620622

Атанас Кирјаковски

Авторитарните политичките идеологии во суштина не целат да го променат општеството – целат да го променат поединецот. Се трудат да го окупираат и контролираат неговиот светоглед, менталниот и емотивен живот, начинот на кој комуницира, општи и се однесува. Дури навлегуваат и внатре, длабоко во неговото семејство, му се мешаат во приватниот живот, бдеејќи над неговите деца и над креветот во кој сопружниците спијат. Она што авторитарните идеолози се обидуваат да го сменат и свиткаат во насока на сопствената си корист, она што е плод по којшто посегаат – е идентитетот на поединецот. За да се разбере подобро што е тоа идентитет и зошто е важен, ја препорачувам мојата претходна колумна во која подетално ја дискутирам психосоцијална важност и функцијата на идентитетите.

Историјата е полна со примери за обиди за редефинирање, односно создавање на нови политички видови од популација која претходно по некаков природен пат се издиференцирала во своевиден стабилен и доброволен идентитет. Слободниот идентитет го дефинирам како идентитет кој се прифаќа од поединецот своеволно, според неговата слободна волја, идентитет со кој природно и неприсилно се поистоветува, кој никој не му го наметнува со сила. Идентитет со кој се гордее, кој јавно го декларира и спонтано се труди да го пренесе на неговите потомци. За разлика од таквиот природен идентитет, наметнатиот политичко-авторитарен идентитет е обид за социјален инженеринг, тешка масовна манипулација, усилена индоктринација и метафоричко кинење на папочната врвца со минатото и претците, со цел поединецот да го изгуби чувството на континуитет на постоењето по што насила, би му се наметнал нов наратив и нов вештачки идентитет. Наместо да полемизираме одново и одново, најубаво накратко да проанализираме два историски примери на културолошко деидентизирање и одново идеолошо реидентизирање.

Првиот пример е од советската ера. Со паѓањето на царскиот империјален режим во Русија во 1917 г. и по превирањата за превласт, на власт доаѓаат Болшевиците на чело со комунистичкиот идеолог Владимир Ленин. Шест недели пред да доживее тежок мозочен удар, иронично, во неверојатна историска коинциденција, Ленин создава позиција „Генерален секретар“ специјално за Сталин кој во тој период бил неговата десна рака и способен оперативец, со намера овој да ги врши Лениновите секојдневни извршни задачи. По ударот, Ленин никогаш сосема не се опоравува и не се враќа целосно на лидерската позиција, а по неговата смрт во 1924 г. Сталин на готово, станува новиот лидер и ја креира сопствената диктатура прво внатре во комунистичката партија, а потоа и на целата територија на Русија или по Октомвриската револуција, новата република со име „Сојуз на Советските Социјалистички Републики“ или скратено – СССР. Тоталитарната комунистичка идеологија зачната од Ленин и соработниците, а подоцна продолжена и надградена од Сталин, имала за цел да создаде т.н. „нов човек“ односно – „Homo sovieticus" (се појавува подоцна како пејоративен израз за „новиот човек“ на сталинистичкиот режим). Овој нов вид на човек, комунистичкиот режим го замислувал како некаков си идеален советски граѓанин, изграден одново врз принципите на Марксизмот и Ленинизмот, според кој поединецот требало да се стави во функција и служба исклучиво на државата, ставајќи ги нејзините интереси над личните. Според овој идеал, вистинскиот советски граѓанин се очекувало да биде вреден, дисциплиниран, патриотски настроен, несебичен и лојален само на Комунистичката партија. Исто така, се очекувало секогаш да ги поддржува политиките на советската влада и да се придржува кон нејзините строги социјални норми и вредности. Накратко, требало да биде „совршен“ според дефиницијата за „совршенство“ на Сталин и неговата клика. За новиот вид на советски човек најјасно пишувал, зборувал и сатиризирал познатиот руски филозоф, социолог и логичар, дисидентот Александар Зиновјев кој во својата збирка кратки сатирични есеи со истоимен наслов, го опишува Homo sovieticus како човек со недостаток на индивидуализам, со тенденција кон конформизам и подготвеност да даде приоритет на потребите на државата над личните слободи и желби. Според Зиновјев, новиот индоктриниран вид бил создаван преку комбинација на социјално влијание, пропаганда и репресија, но наместо посакуваното комунистичко „совршенство“, режимот успеал да создаде само дехуманизиран, деидентизиран, уплашен корумпиран човек кој уште повеќе допринел кон корупцијата, неефикасноста и неиновативноста на советското општество.

Вториот историски пример вреден за разгледување е периодот на т.н. „културна револуција“ во Кина, своевна замислена преродба поттикната и осмислена од Мао Зедонг која траела од 1966 до 1976 г. Маовата намера била да го трансформира традиционалното Кинеско општество во комунистичко. Длабоко инспириран од советскиот проект, но истовремено и мотивиран да го престигне и надмине затоа што Советскиот сојуз ултимативно никогаш не успеал да прејде од социјализам (кој го сметале за преодна фаза) во комунизам, Мао започнал со отстранување на традиционалната кинеска култура од главите на неговите сонародници, сметајќи ја истата за уште една пречка во „Големиот скок напред“ кон комунизмот. За време на културната револуција Мао повикувал на уништување на т.н. „четирите старини“ (или „заоставштини“) кои ги дефинирал како „старите идеи, старите обичаи, старата култура и старите навики“. Посебно се фокусирал на едукација во духот на новата колективистичка и несебична култура, преку индоктринацијата на младите луѓе од кои мечтаел да создаде револуционери верни само на Комунистичката партија. Посебно опасен дел од Маоистичката младина биле „Црвените гардисти“, односно групи на средношколци и студенти со испрани мозоци организирани во парамилитарни формации кои биле охрабрувани да ги напаѓаат, мачат и убиваат сите оние кои не се согласувале со официјалните маоистички доктрини. Посебно биле охрабрувани да им се спротиставуваат, да ги прогонуваат и да ги малтретираат нивните сопствени учители, наставници и професори, како и останатите интелектуалци во општеството, нешто што посебно шокира затоа што се работи за земја со длабоко вкоренет конфучијанизам и традиција на огромна почит кон оние што даруваат знаење. Тука морам да признаам дека читајќи за овие уникатни историски монструозности со масовната злоупотреба, индоктринација и милитаризирањето на младите, како универзитетски професор кој секојдневно работи со млади луѓе – просто сум вџашен. Илјадници биле убиени во прогоните од Црвената гарда која била користена и за остранување на разни политички опозиционери, без разлика дали биле членови на Комунистичката партија или не. Културната револуција имала трајно влијание на кинеското општество, а Маовото наследство од истата сè уште може да се почувствува и денес. Напорите на Мао на сила да ги редефинира кинеската нација, култура и традиционалниот кинески идентитет биле делумно успешни, што може да се посведочи во денешното уредување на оваа република. Несомнено, во процесот на создавање на новиот кинески „Homo maoticus“, најмногу настрадале и најмногу изгубиле токму младите луѓе.

За жал, сличен процес на создавање на нов северномакедонски вид – „Homo severnicus“ – се одвива и во Република Македонија, почнувајќи од 2017 г. со доаѓањето овој антидемократски режим на власт. Мислите зборот „режим“ е пресилен? Веднаш да ве убедам зошто е најсоодветен: кога една партија губи на демократски избори, а потоа заткулисно формира коалиција со друга хиперкорумпирана и национал-шовинистичка партија за која првава предизборно ја обвинуваше дека била дел од претходниот „режим“; кога потпишуваш антимакедонски договори за промена на име и идентитет и покрај пропаднатиот референдум на кој јасно се изрази волјата на мнозинството Македонци преку бојкот на истиот; кога со уценување, притворање или незаконско наградување на пратеници ги тераш да гласаат за промена на Устав; кога секојдневно брутално си ги лажеш своите земјаци дека си добил некаков си „датум за преговори со ЕУ“; кога не си способен да набавиш вакцини; кога никого мува не го лази за изгорените луѓе во болници и автобуски несреќи; кога на крајот поставуваш нов премиер без избори и без согласност од граѓаните – драги мои, несомнено станува збор за недемократски, авторитарен режим. Впрочем истиот термин го користи и америчката организација Freedom House која рангира земји во однос на нивните демократски слободи и која сѐ уште ја означува Република Македонија со „хибриден режим“. Сета среќа што живееме во посовремено време, па методите на хибридниов, кој се обидува да создаде нова „северномакедонска нација“ се оганичени на бавно, постепено и секојдневно грицкање на традиционалниот македонски идентитет, институции, ознаки, јазик и култура. Иако ненасилен во физичка смисла, процесот на создавање на Homo severnicus е подеднакво брутален. Почнувајќи со насилната промена на името на републиката, оваа власт преку својата пропагандна машинерија и преку намерниот историски ревизионизам најдобро отсликан во образованието, во духот на Мао, се обидува да ги индоктринира младите Македонци и Македонки да си ја скинат папочната врвца која ги поврзува со нивните родители. Маоистички, младиот Homo severnicus е поттикнуван да ги омаловажува своите македонски родители дома, да ги перцепира како „заостанати“ и „глупи конзерви“ верни на традицијата, додека себеси гордо се смета за „прогресивец“ кој ита кон рајот наречен ЕУ. На училиште му проповедаат „северна, северна“, за да кога ќе се врати дома влезе во конфликт и костец со постарите генерации кои природно го одбиваат овој наметнат, вештачки идентитет. Северните идеолози би биле пресреќни кога би успеале да создат Homo severnicus кој е хиперконформист, климоглавец, папагал-повторувач, нарцисоиден игнорамус со патолошка зависност да биде воден „за негово добро“, да верува во некаков си „европски рај“ и да биде целосно незаинтересиран за вистината и неговото природно право да постои. Судејќи според историските неуспеси во обидите да се создадат Homo sovieticus и Homo maoticus, веројатно ќе пропадне и обидот за создавање на Homo severnicus. Но последиците од истиот, ќе ги чувствуваме мнооогу долго.

The post Создавањето на Homo severnicus appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Авторитарните политичките идеологии во суштина не целат да го променат општеството – целат да го променат поединецот. Се трудат да го окупираат и контролираат неговиот светоглед, менталниот и емотивен живот, начинот на кој комуницира, општи и се однесува. Дури навлегуваат и внатре, длабоко во неговото семејство, му се мешаат во приватниот живот, бдеејќи над неговите деца и над креветот во кој сопружниците спијат. Она што авторитарните идеолози се обидуваат да го сменат и свиткаат во насока на сопствената си корист, она што е плод по којшто посегаат – е идентитетот на поединецот. За да се разбере подобро што е тоа идентитет и зошто е важен, ја препорачувам мојата претходна колумна во која подетално ја дискутирам психосоцијална важност и функцијата на идентитетите. Историјата е полна со примери за обиди за редефинирање, односно создавање на нови политички видови од популација која претходно по некаков природен пат се издиференцирала во своевиден стабилен и доброволен идентитет. Слободниот идентитет го дефинирам како идентитет кој се прифаќа од поединецот своеволно, според неговата слободна волја, идентитет со кој природно и неприсилно се поистоветува, кој никој не му го наметнува со сила. Идентитет со кој се гордее, кој јавно го декларира и спонтано се труди да го пренесе на неговите потомци. За разлика од таквиот природен идентитет, наметнатиот политичко-авторитарен идентитет е обид за социјален инженеринг, тешка масовна манипулација, усилена индоктринација и метафоричко кинење на папочната врвца со минатото и претците, со цел поединецот да го изгуби чувството на континуитет на постоењето по што насила, би му се наметнал нов наратив и нов вештачки идентитет. Наместо да полемизираме одново и одново, најубаво накратко да проанализираме два историски примери на културолошко деидентизирање и одново идеолошо реидентизирање. Првиот пример е од советската ера. Со паѓањето на царскиот империјален режим во Русија во 1917 г. и по превирањата за превласт, на власт доаѓаат Болшевиците на чело со комунистичкиот идеолог Владимир Ленин. Шест недели пред да доживее тежок мозочен удар, иронично, во неверојатна историска коинциденција, Ленин создава позиција „Генерален секретар“ специјално за Сталин кој во тој период бил неговата десна рака и способен оперативец, со намера овој да ги врши Лениновите секојдневни извршни задачи. По ударот, Ленин никогаш сосема не се опоравува и не се враќа целосно на лидерската позиција, а по неговата смрт во 1924 г. Сталин на готово, станува новиот лидер и ја креира сопствената диктатура прво внатре во комунистичката партија, а потоа и на целата територија на Русија или по Октомвриската револуција, новата република со име „Сојуз на Советските Социјалистички Републики“ или скратено – СССР. Тоталитарната комунистичка идеологија зачната од Ленин и соработниците, а подоцна продолжена и надградена од Сталин, имала за цел да создаде т.н. „нов човек“ односно – „Homo sovieticus" (се појавува подоцна како пејоративен израз за „новиот човек“ на сталинистичкиот режим). Овој нов вид на човек, комунистичкиот режим го замислувал како некаков си идеален советски граѓанин, изграден одново врз принципите на Марксизмот и Ленинизмот, според кој поединецот требало да се стави во функција и служба исклучиво на државата, ставајќи ги нејзините интереси над личните. Според овој идеал, вистинскиот советски граѓанин се очекувало да биде вреден, дисциплиниран, патриотски настроен, несебичен и лојален само на Комунистичката партија. Исто така, се очекувало секогаш да ги поддржува политиките на советската влада и да се придржува кон нејзините строги социјални норми и вредности. Накратко, требало да биде „совршен“ според дефиницијата за „совршенство“ на Сталин и неговата клика. За новиот вид на советски човек најјасно пишувал, зборувал и сатиризирал познатиот руски филозоф, социолог и логичар, дисидентот Александар Зиновјев кој во својата збирка кратки сатирични есеи со истоимен наслов, го опишува Homo sovieticus како човек со недостаток на индивидуализам, со тенденција кон конформизам и подготвеност да даде приоритет на потребите на државата над личните слободи и желби. Според Зиновјев, новиот индоктриниран вид бил создаван преку комбинација на социјално влијание, пропаганда и репресија, но наместо посакуваното комунистичко „совршенство“, режимот успеал да создаде само дехуманизиран, деидентизиран, уплашен корумпиран човек кој уште повеќе допринел кон корупцијата, неефикасноста и неиновативноста на советското општество. Вториот историски пример вреден за разгледување е периодот на т.н. „културна револуција“ во Кина, своевна замислена преродба поттикната и осмислена од Мао Зедонг која траела од 1966 до 1976 г. Маовата намера била да го трансформира традиционалното Кинеско општество во комунистичко. Длабоко инспириран од советскиот проект, но истовремено и мотивиран да го престигне и надмине затоа што Советскиот сојуз ултимативно никогаш не успеал да прејде од социјализам (кој го сметале за преодна фаза) во комунизам, Мао започнал со отстранување на традиционалната кинеска култура од главите на неговите сонародници, сметајќи ја истата за уште една пречка во „Големиот скок напред“ кон комунизмот. За време на културната револуција Мао повикувал на уништување на т.н. „четирите старини“ (или „заоставштини“) кои ги дефинирал како „старите идеи, старите обичаи, старата култура и старите навики“. Посебно се фокусирал на едукација во духот на новата колективистичка и несебична култура, преку индоктринацијата на младите луѓе од кои мечтаел да создаде револуционери верни само на Комунистичката партија. Посебно опасен дел од Маоистичката младина биле „Црвените гардисти“, односно групи на средношколци и студенти со испрани мозоци организирани во парамилитарни формации кои биле охрабрувани да ги напаѓаат, мачат и убиваат сите оние кои не се согласувале со официјалните маоистички доктрини. Посебно биле охрабрувани да им се спротиставуваат, да ги прогонуваат и да ги малтретираат нивните сопствени учители, наставници и професори, како и останатите интелектуалци во општеството, нешто што посебно шокира затоа што се работи за земја со длабоко вкоренет конфучијанизам и традиција на огромна почит кон оние што даруваат знаење. Тука морам да признаам дека читајќи за овие уникатни историски монструозности со масовната злоупотреба, индоктринација и милитаризирањето на младите, како универзитетски професор кој секојдневно работи со млади луѓе – просто сум вџашен. Илјадници биле убиени во прогоните од Црвената гарда која била користена и за остранување на разни политички опозиционери, без разлика дали биле членови на Комунистичката партија или не. Културната револуција имала трајно влијание на кинеското општество, а Маовото наследство од истата сè уште може да се почувствува и денес. Напорите на Мао на сила да ги редефинира кинеската нација, култура и традиционалниот кинески идентитет биле делумно успешни, што може да се посведочи во денешното уредување на оваа република. Несомнено, во процесот на создавање на новиот кинески „Homo maoticus“, најмногу настрадале и најмногу изгубиле токму младите луѓе. За жал, сличен процес на создавање на нов северномакедонски вид – „Homo severnicus“ – се одвива и во Република Македонија, почнувајќи од 2017 г. со доаѓањето овој антидемократски режим на власт. Мислите зборот „режим“ е пресилен? Веднаш да ве убедам зошто е најсоодветен: кога една партија губи на демократски избори, а потоа заткулисно формира коалиција со друга хиперкорумпирана и национал-шовинистичка партија за која првава предизборно ја обвинуваше дека била дел од претходниот „режим“; кога потпишуваш антимакедонски договори за промена на име и идентитет и покрај пропаднатиот референдум на кој јасно се изрази волјата на мнозинството Македонци преку бојкот на истиот; кога со уценување, притворање или незаконско наградување на пратеници ги тераш да гласаат за промена на Устав; кога секојдневно брутално си ги лажеш своите земјаци дека си добил некаков си „датум за преговори со ЕУ“; кога не си способен да набавиш вакцини; кога никого мува не го лази за изгорените луѓе во болници и автобуски несреќи; кога на крајот поставуваш нов премиер без избори и без согласност од граѓаните – драги мои, несомнено станува збор за недемократски, авторитарен режим. Впрочем истиот термин го користи и америчката организација Freedom House која рангира земји во однос на нивните демократски слободи и која сѐ уште ја означува Република Македонија со „хибриден режим“. Сета среќа што живееме во посовремено време, па методите на хибридниов, кој се обидува да создаде нова „северномакедонска нација“ се оганичени на бавно, постепено и секојдневно грицкање на традиционалниот македонски идентитет, институции, ознаки, јазик и култура. Иако ненасилен во физичка смисла, процесот на создавање на Homo severnicus е подеднакво брутален. Почнувајќи со насилната промена на името на републиката, оваа власт преку својата пропагандна машинерија и преку намерниот историски ревизионизам најдобро отсликан во образованието, во духот на Мао, се обидува да ги индоктринира младите Македонци и Македонки да си ја скинат папочната врвца која ги поврзува со нивните родители. Маоистички, младиот Homo severnicus е поттикнуван да ги омаловажува своите македонски родители дома, да ги перцепира како „заостанати“ и „глупи конзерви“ верни на традицијата, додека себеси гордо се смета за „прогресивец“ кој ита кон рајот наречен ЕУ. На училиште му проповедаат „северна, северна“, за да кога ќе се врати дома влезе во конфликт и костец со постарите генерации кои природно го одбиваат овој наметнат, вештачки идентитет. Северните идеолози би биле пресреќни кога би успеале да создат Homo severnicus кој е хиперконформист, климоглавец, папагал-повторувач, нарцисоиден игнорамус со патолошка зависност да биде воден „за негово добро“, да верува во некаков си „европски рај“ и да биде целосно незаинтересиран за вистината и неговото природно право да постои. Судејќи според историските неуспеси во обидите да се создадат Homo sovieticus и Homo maoticus, веројатно ќе пропадне и обидот за создавање на Homo severnicus. Но последиците од истиот, ќе ги чувствуваме мнооогу долго.

The post Создавањето на Homo severnicus appeared first on Република.

]]>
Колку ќе чини менувањето на сите македонски во „северни“ документи, кое мора да е готово до следниот февруари https://republika.mk/vesti/makedonija/kolku-ke-chini-menuvaneto-na-site-makedonski-vo-severni-dokumenti-koe-mora-da-e-gotovo-do-sledniot-fevruari/ Wed, 15 Feb 2023 15:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=609401

Не е само промената на регистарските таблички со кратенката МК во НМК, до февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, на сите македонски документи ќе треба да стои Ребпублика Ceверна Македонија - лични карти, патни исправи, возачки дозволи, сообраќајни дозволи...

Граѓаните, ни криви ни должни, од свој џеб ќе треба речиси 4.000 денари за да го променат докуметите за на нив да пишува Cеверна, анализира „Алфа“.

Цена за менување на лични документи:

Лична карта – 190 денари

Пасош – 1700 денари

Возачка дозвола – 390 денари

Регистарски таблици – 1250 денари

Сообраќајна дозвола -250 денари

Вкупно – 3780 денари

Што значи дека едно просечно македонско семејство од својот буџет ќе треба да издвои дури 7.560 денари за промена на документите, а доколку двајцата сопружници поседуваат автомобил цената ќе биде повисока за 1.500 денари, односно ќе треба да плата вкупно 9.060 денари, доколку досега не ги смениле дел од документите. Ако се земе предвид дека минималната плата е 18.000 денари, тоа значи дека половина од платата на еден член од семејството ќе треба да ја дадат оти владата на Заев потпиша договор за промена на името.

Доколку возачите не ги исполнат обврските од Преспанскиот договор до 12 февруари 2024 година, сообраќајната полиција ќе може да ги казни до 100 евра тие кои што не ги замениле регистерските таблички.

The post Колку ќе чини менувањето на сите македонски во „северни“ документи, кое мора да е готово до следниот февруари appeared first on Република.

]]>

Не е само промената на регистарските таблички со кратенката МК во НМК, до февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, на сите македонски документи ќе треба да стои Ребпублика Ceверна Македонија - лични карти, патни исправи, возачки дозволи, сообраќајни дозволи... Граѓаните, ни криви ни должни, од свој џеб ќе треба речиси 4.000 денари за да го променат докуметите за на нив да пишува Cеверна, анализира „Алфа“.

Цена за менување на лични документи:

Лична карта – 190 денари Пасош – 1700 денари Возачка дозвола – 390 денари Регистарски таблици – 1250 денари Сообраќајна дозвола -250 денари Вкупно – 3780 денари
Што значи дека едно просечно македонско семејство од својот буџет ќе треба да издвои дури 7.560 денари за промена на документите, а доколку двајцата сопружници поседуваат автомобил цената ќе биде повисока за 1.500 денари, односно ќе треба да плата вкупно 9.060 денари, доколку досега не ги смениле дел од документите. Ако се земе предвид дека минималната плата е 18.000 денари, тоа значи дека половина од платата на еден член од семејството ќе треба да ја дадат оти владата на Заев потпиша договор за промена на името. Доколку возачите не ги исполнат обврските од Преспанскиот договор до 12 февруари 2024 година, сообраќајната полиција ќе може да ги казни до 100 евра тие кои што не ги замениле регистерските таблички.

The post Колку ќе чини менувањето на сите македонски во „северни“ документи, кое мора да е готово до следниот февруари appeared first on Република.

]]>
Македонска мизерија во едно интервју https://republika.mk/tvitovi/makedonska-mizerija-vo-edno-intervju/ Wed, 13 Jul 2022 08:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=527898

The post Македонска мизерија во едно интервју appeared first on Република.

]]>

The post Македонска мизерија во едно интервју appeared first on Република.

]]>
Придавката „северна“ се одомаќини во изјавите на европските лидери, грешка или провокација?! https://republika.mk/vesti/pridavkata-severna-se-odomakjini-vo-izjavite-na-evropskite-lideri-greshka-ili-provokacija/ Mon, 27 Jun 2022 12:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=520316

Северно-македонски партии, „северномакедонци“, северномакедонски јазик – измислените термини кои произлегоа од новото уставно име на Македонија, се почесто се употребуваат и тоа внатре во Европската унија. По шефот на Франција, Макрон, кој употреби „северномакедонци“, и премиерот на Бугарија во оставка, ја искористи придавката „северномакедонски“. За поранешниот амбасадор, Ристо Никовски, ваквиот однос од ЕУ, е очекуван, бидејќи според досегашните политики, даваме впечаток дека сме флексибилни за секакви отстапки и премолчуваме работи за кои треба жестоко да реагираме.

Кога е некој спремен, на секакви отстапки, нормално е, неизбежно е сите да бараат од него така да подолжи. Дури и во пораките на Ескобар, тој велеше вие сте флексибилни, продолжете. Ова е резултат на една крајно несериозна, непринципиелна, антиисториска, погрешна политика на водечките луѓе кои од првиот момент се прават дека не гледаат и премолчуваат, а тие би требало жестоко да реагираат – изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Очекувано е Македонците да се чувствуваат навредено кога светот ги идентификува поинаку, но не сите интелектуалци знаат дека со Преспанскиот договор се забранува употребата на придавката „северномакедонски“ – смета Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО Алијансата.

И јас се чувствувам навреден и вие, и сите се чувствуваме навредени, бидејќи со Преспанскиот договор не се менува тој идентитетски квалитет на нашиот народ, за Македонците. Во дипломатијата е познато, и амбасадата се изјаснува за тоа. И оваа изјава на Петков, можеби е лапсус, можеби е не знаење, малку луѓе знаат дека според ПД не смее да се користи придавката „северномакедонски“ – изјави Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО.

Но не може да се очекува, сите да знаат дека не се користат термините „северномакедонци и северномакедонски“ кога МНР не реагираше соодветно на сите овие случувања. Единствена реакција е дека министерот Османи остварил телефонски повик со кабинетот на Макрон , но не е испратена протестна нота.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Македонија, направена е ненамерна грешка – информираа од МНР.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, два пати во два дена не нарече „северномакедонци“, a бугарскиот премиер во оставка викендов кажа „ северно македонски партии“. И португалската министерка за Европа, македонскиот јазик го нарече северно македонски, а австриски новинар на пресконференција на Бујар Османи, не нарече северно македонска нација. Минатата недела, преведувачот Арменд Нухиу, на социјалните мрежи сподели дека добил понуда да преведува од Северномакедонски јазик.

„Кој е тој јазик, знае ли некој?Јас не знам за таков јазик. Проектот е инаку од ЕУ“ – напиша Нухиу, споделувајќи ги спецификациите на поканата.

Извор: ТВ Алфа

The post Придавката „северна“ се одомаќини во изјавите на европските лидери, грешка или провокација?! appeared first on Република.

]]>

Северно-македонски партии, „северномакедонци“, северномакедонски јазик – измислените термини кои произлегоа од новото уставно име на Македонија, се почесто се употребуваат и тоа внатре во Европската унија. По шефот на Франција, Макрон, кој употреби „северномакедонци“, и премиерот на Бугарија во оставка, ја искористи придавката „северномакедонски“. За поранешниот амбасадор, Ристо Никовски, ваквиот однос од ЕУ, е очекуван, бидејќи според досегашните политики, даваме впечаток дека сме флексибилни за секакви отстапки и премолчуваме работи за кои треба жестоко да реагираме.
Кога е некој спремен, на секакви отстапки, нормално е, неизбежно е сите да бараат од него така да подолжи. Дури и во пораките на Ескобар, тој велеше вие сте флексибилни, продолжете. Ова е резултат на една крајно несериозна, непринципиелна, антиисториска, погрешна политика на водечките луѓе кои од првиот момент се прават дека не гледаат и премолчуваат, а тие би требало жестоко да реагираат – изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
Очекувано е Македонците да се чувствуваат навредено кога светот ги идентификува поинаку, но не сите интелектуалци знаат дека со Преспанскиот договор се забранува употребата на придавката „северномакедонски“ – смета Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО Алијансата.
И јас се чувствувам навреден и вие, и сите се чувствуваме навредени, бидејќи со Преспанскиот договор не се менува тој идентитетски квалитет на нашиот народ, за Македонците. Во дипломатијата е познато, и амбасадата се изјаснува за тоа. И оваа изјава на Петков, можеби е лапсус, можеби е не знаење, малку луѓе знаат дека според ПД не смее да се користи придавката „северномакедонски“ – изјави Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО.
Но не може да се очекува, сите да знаат дека не се користат термините „северномакедонци и северномакедонски“ кога МНР не реагираше соодветно на сите овие случувања. Единствена реакција е дека министерот Османи остварил телефонски повик со кабинетот на Макрон , но не е испратена протестна нота. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Македонија, направена е ненамерна грешка – информираа од МНР. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, два пати во два дена не нарече „северномакедонци“, a бугарскиот премиер во оставка викендов кажа „ северно македонски партии“. И португалската министерка за Европа, македонскиот јазик го нарече северно македонски, а австриски новинар на пресконференција на Бујар Османи, не нарече северно македонска нација. Минатата недела, преведувачот Арменд Нухиу, на социјалните мрежи сподели дека добил понуда да преведува од Северномакедонски јазик.