Северна Ирска Archives - Република https://republika.mk/tema/severna-irska/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Feb 2024 17:09:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Северна Ирска Archives - Република https://republika.mk/tema/severna-irska/ 32 32 Северна Ирска на референдум ќе одлучува за обединување со Република Ирска https://republika.mk/vesti/severna-irska-na-referendum-ke-odluchuva-za-obedinuvane-so-republika-irska/ Sun, 04 Feb 2024 17:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=740265

Новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил денеска изјави дека е за референдум за обединување со Република Ирска во следните десет години.

Во своето прво интервју откако во саботата беше избрана да ја води владата на таа британска провинција, таа рече дека нејзиниот избор за премиер ја покажува промената што се случува на островот, објави Скај њуз.

На прашањето дали „очекува референдум за обединување на Северна Исрка со Република Ирска во следните 10 години, Мишел О'Нил, која е потпретседателка на Шин Фејн, одговори потврдно.

- Да, верувам дека сме во деценија на можности. Толку многу работи се менуваат. Претходно, беше незамисливо премиерот на Северна Ирска да биде националистички републиканец, вели О'Нил.

Мишел О'Нил (47) стана премиер по две години политичка парализа во Северна Ирска. Таа е првиот републикански премиер од Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА).

Според неа, Шин Фејн може да ја дели власта со владејачката Демократска унионистичка партија (ДУП), иако унионистите се залагаат да ја задржат Северна Ирска во рамките на Велика Британија.

- Можеме да ја споделиме моќта и да ја направиме Северна Ирска стабилна, можеме да работиме заедно во поглед на јавните услуги, а исто така да ги следиме легитимните аспирации, рече О'Нил.

Британската влада, пак, веќе се изјасни дека „не гледа реална перспектива“ за таков референдум и верува дека иднината на Северна Ирска е „загарантирана во следните децении“ во рамките на Обединетото Кралство.

The post Северна Ирска на референдум ќе одлучува за обединување со Република Ирска appeared first on Република.

]]>

Новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил денеска изјави дека е за референдум за обединување со Република Ирска во следните десет години. Во своето прво интервју откако во саботата беше избрана да ја води владата на таа британска провинција, таа рече дека нејзиниот избор за премиер ја покажува промената што се случува на островот, објави Скај њуз. На прашањето дали „очекува референдум за обединување на Северна Исрка со Република Ирска во следните 10 години, Мишел О'Нил, која е потпретседателка на Шин Фејн, одговори потврдно.
- Да, верувам дека сме во деценија на можности. Толку многу работи се менуваат. Претходно, беше незамисливо премиерот на Северна Ирска да биде националистички републиканец, вели О'Нил.
Мишел О'Нил (47) стана премиер по две години политичка парализа во Северна Ирска. Таа е првиот републикански премиер од Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА). Според неа, Шин Фејн може да ја дели власта со владејачката Демократска унионистичка партија (ДУП), иако унионистите се залагаат да ја задржат Северна Ирска во рамките на Велика Британија.
- Можеме да ја споделиме моќта и да ја направиме Северна Ирска стабилна, можеме да работиме заедно во поглед на јавните услуги, а исто така да ги следиме легитимните аспирации, рече О'Нил.
Британската влада, пак, веќе се изјасни дека „не гледа реална перспектива“ за таков референдум и верува дека иднината на Северна Ирска е „загарантирана во следните децении“ во рамките на Обединетото Кралство.

The post Северна Ирска на референдум ќе одлучува за обединување со Република Ирска appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс пристигна во Северна Ирска, нацијата тагува по неговата мајка https://republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-pristigna-vo-severna-irska-nacijata-taguva-po-negovata-majka/ Tue, 13 Sep 2022 19:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=550515

Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора.

Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио.

Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце.

Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење.

Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора. (МИА)

The post Кралот Чарлс пристигна во Северна Ирска, нацијата тагува по неговата мајка appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора. Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио. Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце. Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење. Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора. (МИА)

The post Кралот Чарлс пристигна во Северна Ирска, нацијата тагува по неговата мајка appeared first on Република.

]]>
ЕУ му се закани на Лондон поради договорот за Cеверна Ирска https://republika.mk/vesti/svet/eu-mu-se-zakani-na-london-poradi-dogovorot-za-ceverna-irska/ Mon, 13 Jun 2022 19:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=514706

ЕУ ѝ се закани на Велика Британија со правна постапка откако владата на Обединетото Кралство претстави нацрт-закон со кој се предлага еднострана промена на трговскиот договор за Cеверна Ирска по Брегзит.

Со значителна загриженост ја забележуваме одлуката на владата на Обединетото Кралство да го воведе нацрт-законот - порача заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.

Тој истакна дека ЕУ нема повторно да преговара за договорот за Брегзит и дека Брисел сега ќе размисли за продолжување на суспендираната „постапка за прекршување“ против Британија, како и отворање нови правни дела.

The post ЕУ му се закани на Лондон поради договорот за Cеверна Ирска appeared first on Република.