сестри Archives - Република https://republika.mk/tema/sestri/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 15:17:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сестри Archives - Република https://republika.mk/tema/sestri/ 32 32 Браќа и сестри се истепале во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/braka-i-sestri-se-istepale-vo-skopje/ Mon, 16 Sep 2024 15:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=816857

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра ја претепала постарата.

Вчера во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле службен разговор со Н.С.(20) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.30 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал својот малолетен брат.

Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра А.Б.(47) од Скопје, која употребила и тврд предмет.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

The post Браќа и сестри се истепале во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра ја претепала постарата. Вчера во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле службен разговор со Н.С.(20) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.30 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал својот малолетен брат. Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра А.Б.(47) од Скопје, која употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

The post Браќа и сестри се истепале во Скопје appeared first on Република.

]]>
Бешлиовска: Мора да се донесе закон за сестринска професија, да се работи на кариерниот развој на сестрите https://republika.mk/vesti/makedonija/beshliovska-mora-da-se-donese-zakon-za-sestrinska-profesija-da-se-raboti-na-karierniot-razvoj-na-sestrite/ Thu, 11 Apr 2024 14:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=765029

Мора да се донесе закон за сестринска професија и да се формира Комора, да се работи на кариерниот развој на сестрите во здравството, порачаа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“, на настанот организиран по повод формирањето на Друштвото на офталмолошки сестри и првиот симпозиум на тема „Нови перспективи во офталмологијата“.

Тој закон ќе ги проектира сестрите во болниците, ќе ги рефлектира преку законски компетенции, работни задачи и одговорности, ќе го донесе кариерниот развој на сестрите. Тоа значи дека сестрите ќе треба да добијат академски студии, тоа значи дека сестрите ќе треба да се остварат во образованието како едукатори и како предавачи и тоа значи дека една сестра кога ќе се вработи, нема да се пензионира како сестра, туку ќе има можност за напредок во нивоа по специјалности и да се школува како што впрочем е во целиот свет - истакна Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението „За нас“ во изјава за МИА.

Бешлиовска потсети дека постојано се залагаат за подобрување на условите за работа и зголемување на платите, за поголемо достоинство во професијата.

Овој симпозиум за офталмолошките сестри е голем исчекор за едукацијата на медицинските сестри, затоа што никогаш до сега не се случило сестрите од офталмологијата да ги споделуваат стручните знаења, перспективи и достигнувања во сестринството со другите сестри. Симпозиумите се места каде доаѓаат сестри од сите области и имаат можност да слушнат, да се обучат - додаде Бешлиовска.

Информираше дека Здружението од вчера станало официјален член на Европската асоцијација на сестри со специјалистички студии.

Доктор Злате Мехмедовиќ, национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита изјави дека интенцијата на создавање вакви друштва е да се унапредуваат сестрите во својата професија.

Ваквите специјалистички друштва што се формираат, се со цел да има континуирана медицинска едукација во сестринската професија, нешто што е налик на докторската професија, со што всушност ќе овозможиме и автономност на сестрите, да можат автономно да постапуваат во одредени процедури, согласно компетенциите и стручноста што ја имаат со таа специјалност - нагласи Мехмедовиќ во изјава за МИА.

The post Бешлиовска: Мора да се донесе закон за сестринска професија, да се работи на кариерниот развој на сестрите appeared first on Република.

]]>

Мора да се донесе закон за сестринска професија и да се формира Комора, да се работи на кариерниот развој на сестрите во здравството, порачаа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“, на настанот организиран по повод формирањето на Друштвото на офталмолошки сестри и првиот симпозиум на тема „Нови перспективи во офталмологијата“.
Тој закон ќе ги проектира сестрите во болниците, ќе ги рефлектира преку законски компетенции, работни задачи и одговорности, ќе го донесе кариерниот развој на сестрите. Тоа значи дека сестрите ќе треба да добијат академски студии, тоа значи дека сестрите ќе треба да се остварат во образованието како едукатори и како предавачи и тоа значи дека една сестра кога ќе се вработи, нема да се пензионира како сестра, туку ќе има можност за напредок во нивоа по специјалности и да се школува како што впрочем е во целиот свет - истакна Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението „За нас“ во изјава за МИА.
Бешлиовска потсети дека постојано се залагаат за подобрување на условите за работа и зголемување на платите, за поголемо достоинство во професијата.
Овој симпозиум за офталмолошките сестри е голем исчекор за едукацијата на медицинските сестри, затоа што никогаш до сега не се случило сестрите од офталмологијата да ги споделуваат стручните знаења, перспективи и достигнувања во сестринството со другите сестри. Симпозиумите се места каде доаѓаат сестри од сите области и имаат можност да слушнат, да се обучат - додаде Бешлиовска.
Информираше дека Здружението од вчера станало официјален член на Европската асоцијација на сестри со специјалистички студии. Доктор Злате Мехмедовиќ, национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита изјави дека интенцијата на создавање вакви друштва е да се унапредуваат сестрите во својата професија.
Ваквите специјалистички друштва што се формираат, се со цел да има континуирана медицинска едукација во сестринската професија, нешто што е налик на докторската професија, со што всушност ќе овозможиме и автономност на сестрите, да можат автономно да постапуваат во одредени процедури, согласно компетенциите и стручноста што ја имаат со таа специјалност - нагласи Мехмедовиќ во изјава за МИА.

The post Бешлиовска: Мора да се донесе закон за сестринска професија, да се работи на кариерниот развој на сестрите appeared first on Република.

]]>
Девојче ја претепа и избоде помалата сестра по кавга во тетовско село https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojche-ja-pretepa-i-izbode-pomalata-sestra-po-kavga-vo-tetovsko-selo/ Thu, 02 Nov 2023 11:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=697386

Вчеравечер во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека во тетовската Kлиничка болница била донесена малолетничка од тетовско село со повреди од остар предмет и со други повреди по телото.

По преземени мерки било утврдено дека повредите ѝ ги нанела нејзината повозрасна сестра, исто така малолетничка, по нивна претходна расправија и физичка пресметка, соопшти СВР Тетово.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Девојче ја претепа и избоде помалата сестра по кавга во тетовско село appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека во тетовската Kлиничка болница била донесена малолетничка од тетовско село со повреди од остар предмет и со други повреди по телото.
По преземени мерки било утврдено дека повредите ѝ ги нанела нејзината повозрасна сестра, исто така малолетничка, по нивна претходна расправија и физичка пресметка, соопшти СВР Тетово.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Девојче ја претепа и избоде помалата сестра по кавга во тетовско село appeared first on Република.

]]>
„Кралицата на танцот“, „Фантастичната тројка“ и „Сестри“ – најдобри филмови според жирито на 11. „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/kralitsata-na-tantsot-fantastichnata-trojka-i-sestri-najdobri-filmovi-spored-zhirito-na-11-dhifoni-makedonija/ Wed, 11 Oct 2023 10:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=690121

Норвешкиот „Кралицата на танцот“ во режија на Аурора Госе за јуниорите, францускиот „Фантастичната тројка“ на Михаел Дихтер за кадетите и македонскиот „Сестри“ на Дина Дума за сениорите се најдобрите играни филмови за кои гласаше жирито на 11. Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Наградите беа соопштени синоќа на затворањето на фестивалот во преполната сала на скопското кино „Милениум“.

Најдобри кратки филмови според возрасни категории беа - „Магијата на Валентина“ на Ан Кристин Жирардо од Холандија (јуниори), „Марипоза“ на Маурицио Форчела од Италија (јуниори) и „Врати се дома безбедно“ на Тамара Дениќ од Германија (сениори).

Во категоријата на анимирани филмови за најдобар филм е прогласен „Ана Морфоз“ во режија на Жоао Родригез од Португалија, а најдобар краток филм снимен од ученик е „Средба“ во режија на Анастасија Петровиќ од Србија.

Младите џифонци од земјава и од странство низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии покажаа што научиле во изминатите пет фестивалски дена. Низ работилниците ги водеа врвни професионалци: Роберт Јанкулоски (фотографија), Ладислав Цветковски и Линда Трајкоска (дигитален дизајн), Мартин Чичовски (видео репортажа), Здравко Гиров и Давор Драмиќанин (стрип), Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов (видео во еден кадар) и Филип Лафазановски (едноминутно видео) кои работеа со кадетите и сениорите. Работилниците за јуниори ги водеа: Моника Мотеска (ликовна уметност), Лада Шоптрајанова-Петровска (мјузикл) и Предраг Вукосављевиќ (краток филм).

Со громогласен аплауз младите џифонци го поздравија настапот на јуниорите од работилница за мјузикл, кои ја изведоа песната This is me од мјузиклот „Најголемиот шоумен“. Следуваа проекции од сите изработени филмови, цртежи, графички работилници, стрипови, фотографии.

Присутните ги поздрави Марио Де Роза, заменик амбасадор на Италија во нашата земја и самиот поранешен џифонец. Тој ги соопшти наградите ЕПИК (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity). Овој проект е новина на фестивалот и преку креативноста на младите го промовира мирот, а е поддржан од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка. Во оваа категорија беа доделени три награди во категоријата краток филм: за млад автор, за автор од Балканот и награда за најдобар ЕПИК филм.

ЕПИК наградата за најдобар филм од млад автор ја доби американскиот „Смрт во Нормандија“ на 13-годишниот Лео Кан, Дамир Мехиќ од Босна и Херцеговина ја доби ЕПИК наградата за автор од Балканот за филмот Going Diaspora, а за најдобар ЕПИК филм е прогласен „Светла“ во режија на Јитка Немикинсова од Чешка.

Традиционално беа објавени имињата на дел од џифонците од нашата земја кои ќе нè претставуваат на „Џифони Италија“ идната година. Михаела Душански, Максим Јосевски, Срна Ѓорѓиевска и Вања Марковиќ беа избрани меѓу најактивните учесници на ова издание според традиционалните критериуми. Оваа година беше воведена и една новина: во вид на „лотарија“ беше извлечено едно име од сите оние што годинава биле домаќини на учесник од странство, а најмногу среќа имаше Билјана Савиќ. Останатите претставници за гостување на фестивалот во Италија и на другите партнерски фестивали ќе бидат избрани во следните месеци.

 

The post „Кралицата на танцот“, „Фантастичната тројка“ и „Сестри“ – најдобри филмови според жирито на 11. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Норвешкиот „Кралицата на танцот“ во режија на Аурора Госе за јуниорите, францускиот „Фантастичната тројка“ на Михаел Дихтер за кадетите и македонскиот „Сестри“ на Дина Дума за сениорите се најдобрите играни филмови за кои гласаше жирито на 11. Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Наградите беа соопштени синоќа на затворањето на фестивалот во преполната сала на скопското кино „Милениум“. Најдобри кратки филмови според возрасни категории беа - „Магијата на Валентина“ на Ан Кристин Жирардо од Холандија (јуниори), „Марипоза“ на Маурицио Форчела од Италија (јуниори) и „Врати се дома безбедно“ на Тамара Дениќ од Германија (сениори). Во категоријата на анимирани филмови за најдобар филм е прогласен „Ана Морфоз“ во режија на Жоао Родригез од Португалија, а најдобар краток филм снимен од ученик е „Средба“ во режија на Анастасија Петровиќ од Србија. Младите џифонци од земјава и од странство низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии покажаа што научиле во изминатите пет фестивалски дена. Низ работилниците ги водеа врвни професионалци: Роберт Јанкулоски (фотографија), Ладислав Цветковски и Линда Трајкоска (дигитален дизајн), Мартин Чичовски (видео репортажа), Здравко Гиров и Давор Драмиќанин (стрип), Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов (видео во еден кадар) и Филип Лафазановски (едноминутно видео) кои работеа со кадетите и сениорите. Работилниците за јуниори ги водеа: Моника Мотеска (ликовна уметност), Лада Шоптрајанова-Петровска (мјузикл) и Предраг Вукосављевиќ (краток филм). Со громогласен аплауз младите џифонци го поздравија настапот на јуниорите од работилница за мјузикл, кои ја изведоа песната This is me од мјузиклот „Најголемиот шоумен“. Следуваа проекции од сите изработени филмови, цртежи, графички работилници, стрипови, фотографии. Присутните ги поздрави Марио Де Роза, заменик амбасадор на Италија во нашата земја и самиот поранешен џифонец. Тој ги соопшти наградите ЕПИК (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity). Овој проект е новина на фестивалот и преку креативноста на младите го промовира мирот, а е поддржан од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка. Во оваа категорија беа доделени три награди во категоријата краток филм: за млад автор, за автор од Балканот и награда за најдобар ЕПИК филм. ЕПИК наградата за најдобар филм од млад автор ја доби американскиот „Смрт во Нормандија“ на 13-годишниот Лео Кан, Дамир Мехиќ од Босна и Херцеговина ја доби ЕПИК наградата за автор од Балканот за филмот Going Diaspora, а за најдобар ЕПИК филм е прогласен „Светла“ во режија на Јитка Немикинсова од Чешка. Традиционално беа објавени имињата на дел од џифонците од нашата земја кои ќе нè претставуваат на „Џифони Италија“ идната година. Михаела Душански, Максим Јосевски, Срна Ѓорѓиевска и Вања Марковиќ беа избрани меѓу најактивните учесници на ова издание според традиционалните критериуми. Оваа година беше воведена и една новина: во вид на „лотарија“ беше извлечено едно име од сите оние што годинава биле домаќини на учесник од странство, а најмногу среќа имаше Билјана Савиќ. Останатите претставници за гостување на фестивалот во Италија и на другите партнерски фестивали ќе бидат избрани во следните месеци.  

The post „Кралицата на танцот“, „Фантастичната тројка“ и „Сестри“ – најдобри филмови според жирито на 11. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Работат во здравство, а немаат здравствено осигурување https://republika.mk/vesti/makedonija/rabotat-vo-zdravstvo-a-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/ Thu, 16 Mar 2023 09:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=620203

Повеќе од два и пол месеци 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје работат само со договори, но не и решенија за работа, пишува АлсатМ.

Медицинските сестри велат дека бидејќи се со договори на определено време или на работа, внимаваат да не се разболат бидејќи ако пропуштат само два дена, тогаш ќе им скратат од платата, која е минимална, само 20 илјади денари. Велат дека вака работеле и за време на пандемијата. Нивниот нерешен статус ги тера повеќето да размислуваат да се иселат од државата.

Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Бесим Кока, вели дека барањето за продолжување на договорите за 140-тте вработени го поднел во декември минатата година, но сè уште не добил одговор од Министерството за финансии. Според Кока, одолговлекувањето на одговорот може да биде и од политички причини, бидејќи тој ја поддржува огнената група во ДУИ.

Од Министерството за здравство за Алсат велат дека чекаат одговор од Министерството за финансии. Од ресорот на Фатмир Бесими пак, тврдат дека дале позитивен одговор дури и пред истекот на рокот. Но, од Фондот за здравство велат дека согласност од Министерството за финансии добиле за 47 лица со фиксен договор и за 67 други со договор на дело и тоа вчера во попладневните часови. Денеска ги обработиле. Исти проблеми има и Здравствениот дом во Тетово каде голем број медицински лица работат и без плати и без договори.

The post Работат во здравство, а немаат здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>

Повеќе од два и пол месеци 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје работат само со договори, но не и решенија за работа, пишува АлсатМ. Медицинските сестри велат дека бидејќи се со договори на определено време или на работа, внимаваат да не се разболат бидејќи ако пропуштат само два дена, тогаш ќе им скратат од платата, која е минимална, само 20 илјади денари. Велат дека вака работеле и за време на пандемијата. Нивниот нерешен статус ги тера повеќето да размислуваат да се иселат од државата. Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Бесим Кока, вели дека барањето за продолжување на договорите за 140-тте вработени го поднел во декември минатата година, но сè уште не добил одговор од Министерството за финансии. Според Кока, одолговлекувањето на одговорот може да биде и од политички причини, бидејќи тој ја поддржува огнената група во ДУИ. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека чекаат одговор од Министерството за финансии. Од ресорот на Фатмир Бесими пак, тврдат дека дале позитивен одговор дури и пред истекот на рокот. Но, од Фондот за здравство велат дека согласност од Министерството за финансии добиле за 47 лица со фиксен договор и за 67 други со договор на дело и тоа вчера во попладневните часови. Денеска ги обработиле. Исти проблеми има и Здравствениот дом во Тетово каде голем број медицински лица работат и без плати и без договори.

The post Работат во здравство, а немаат здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>
Во Белград уапсени две Словенки, сестри со потекло од Косово: Уживале во луксуз, патувања и шопинг, а „паднаа“ со 30 килограми дрога https://republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-uapseni-dve-slovenki-sestri-so-poteklo-od-kosovo-uzhivale-vo-luksuz-patuvana-i-shoping-a-padnaa-so-30-kilogrami-droga/ Tue, 07 Feb 2023 21:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=606215

Во полициска акција во Белград се уапсени државјанкиte на Словенија Х.В. (29) и Х.Б. (24), сестри по потекло од Косово и Метохија. Тие се во притвор затоа што постои сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Имено, полицијата извршила увид во автомобилот „Сеат“ управуван од Х.В, додека на совозачкото седиште седела Х.Б. Во багажникот полицијата пронашла 48 пакувања со марихуана, кои наводно биле пренесенувани за препродажба. Кај нив се запленети вкупно околу 30 килограми марихуана.

Интензивно се работи на расветлување на овој случај. Станува збор за полициска акција каде по дојава било пресретнато возило на словенечки државјани, по што биле приведени во полициска станица - вели извор на српски „Курир“.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Живот на висока нога

Сестрите Х.В. и Х.Б. на социјалните мрежи често објавуваат детали од својот живот, вклучително и во каков луксуз живеат, колку патуваат и каде одат на шопинг.

Судејќи по фотографиите, помладата сестра често е во Минхен со сопругот, а сестрата Х.В. доаѓа да ги посети.

Одат заедно во шопинг, па на сликите често има брендирани чанти и чевли, а овие многу внимаваат да бидат во тренд кога е изгледот во прашање, а многу си личат - вели изворот на „Курир“.

Х.Б. на социјалните мрежи често истакнува дека по потекло е од Косово, па се потпишува како „kosovogirl“, односно девојка од Косово.

The post Во Белград уапсени две Словенки, сестри со потекло од Косово: Уживале во луксуз, патувања и шопинг, а „паднаа“ со 30 килограми дрога appeared first on Република.

]]>

Во полициска акција во Белград се уапсени државјанкиte на Словенија Х.В. (29) и Х.Б. (24), сестри по потекло од Косово и Метохија. Тие се во притвор затоа што постои сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Имено, полицијата извршила увид во автомобилот „Сеат“ управуван од Х.В, додека на совозачкото седиште седела Х.Б. Во багажникот полицијата пронашла 48 пакувања со марихуана, кои наводно биле пренесенувани за препродажба. Кај нив се запленети вкупно околу 30 килограми марихуана.
Интензивно се работи на расветлување на овој случај. Станува збор за полициска акција каде по дојава било пресретнато возило на словенечки државјани, по што биле приведени во полициска станица - вели извор на српски „Курир“.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Живот на висока нога

Сестрите Х.В. и Х.Б. на социјалните мрежи често објавуваат детали од својот живот, вклучително и во каков луксуз живеат, колку патуваат и каде одат на шопинг. Судејќи по фотографиите, помладата сестра често е во Минхен со сопругот, а сестрата Х.В. доаѓа да ги посети.
Одат заедно во шопинг, па на сликите често има брендирани чанти и чевли, а овие многу внимаваат да бидат во тренд кога е изгледот во прашање, а многу си личат - вели изворот на „Курир“.
Х.Б. на социјалните мрежи често истакнува дека по потекло е од Косово, па се потпишува како „kosovogirl“, односно девојка од Косово.

The post Во Белград уапсени две Словенки, сестри со потекло од Косово: Уживале во луксуз, патувања и шопинг, а „паднаа“ со 30 килограми дрога appeared first on Република.

]]>
Две сестри најдени мртви, едната со перница преку главата: Ужас во стан на Бежаниска коса https://republika.mk/vesti/balkan/dve-sestri-najdeni-mrtvi-ednata-so-pernitsa-preku-glavata-uzhas-vo-stan-na-bezhaniska-kosa/ Sat, 21 Jan 2023 13:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=599385

Во стан во белградската населба Бежанијска Коса се пронајдени тела на две сестри од 76 и 78 години, јави српскиот Блиц.

Во станот биле пронајдени и траги од крв, а врз главата на една од убиените имало перница.

Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата за весникот кажале дека се шокирани и згрозени од глетката во станот.

The post Две сестри најдени мртви, едната со перница преку главата: Ужас во стан на Бежаниска коса appeared first on Република.

]]>

Во стан во белградската населба Бежанијска Коса се пронајдени тела на две сестри од 76 и 78 години, јави српскиот Блиц. Во станот биле пронајдени и траги од крв, а врз главата на една од убиените имало перница. Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата за весникот кажале дека се шокирани и згрозени од глетката во станот.

The post Две сестри најдени мртви, едната со перница преку главата: Ужас во стан на Бежаниска коса appeared first on Република.

]]>
Одлуката на судот воопшто нема да им се допадне на медицинските сестри кои ја малтретираа старицата https://republika.mk/vesti/balkan/odlukata-na-sudot-voopshto-nema-da-im-se-dopadne-na-medicinskite-sestri-koi-ja-maltretiraa-staricata/ Fri, 04 Nov 2022 07:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=569400

Основниот суд во Пеќ, во врска со случајот со нападот врз Минирие Нура во старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, одлучи на трите медицински сестри инволвирани во нападот да им биде одреден притвор од по еден месец, јавува Клан Косово.

Притворените медицински сестри се Аурона Пелај, главен извршител на насилството, како и Алтина Реџепи и Ремзије Куќи, кои ја снимиле страшната случка и не интервенирале.

Притворот обвинетите медицински сестри ќе го поминат во затворот Липјани.

The post Одлуката на судот воопшто нема да им се допадне на медицинските сестри кои ја малтретираа старицата appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Пеќ, во врска со случајот со нападот врз Минирие Нура во старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, одлучи на трите медицински сестри инволвирани во нападот да им биде одреден притвор од по еден месец, јавува Клан Косово. Притворените медицински сестри се Аурона Пелај, главен извршител на насилството, како и Алтина Реџепи и Ремзије Куќи, кои ја снимиле страшната случка и не интервенирале. Притворот обвинетите медицински сестри ќе го поминат во затворот Липјани.

The post Одлуката на судот воопшто нема да им се допадне на медицинските сестри кои ја малтретираа старицата appeared first on Република.

]]>
Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ https://republika.mk/vesti/kultura/dina-duma-nagradena-za-najdobra-rezija-za-sestri-na-belgradski-fest/ Mon, 07 Mar 2022 12:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=468956

Режисерка Дина Дума ја освои награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, за својот дебитантски филм „Сестри“.

Меѓународнотo жири во состав Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ, ја награди Дума за вештото водење на младите актери и фантастичното раскажување преку објективот. Во експликацијата на жирито се наведува: „Филмот успеа да прераскаже приказна за многу важна општествена тема од нашето време и да отвори дијалог“.

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Светската премиера на „Сeстри“ беше минатата година во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. „Сестри“ беше национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм.

Досега „Сестри“ е прикажан на повеќе од 30 интернационални фестивали, и има освоено 2 дополнителни награди, и тоа награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден, Германија и награда од публиката на фестивалот Панорама на европски филм во Атина, Грција.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

The post Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ appeared first on Република.

]]>

Режисерка Дина Дума ја освои награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, за својот дебитантски филм „Сестри“. Меѓународнотo жири во состав Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ, ја награди Дума за вештото водење на младите актери и фантастичното раскажување преку објективот. Во експликацијата на жирито се наведува: „Филмот успеа да прераскаже приказна за многу важна општествена тема од нашето време и да отвори дијалог“. „Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Светската премиера на „Сeстри“ беше минатата година во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. „Сестри“ беше национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм. Досега „Сестри“ е прикажан на повеќе од 30 интернационални фестивали, и има освоено 2 дополнителни награди, и тоа награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден, Германија и награда од публиката на фестивалот Панорама на европски филм во Атина, Грција. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска. „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

The post Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ appeared first on Република.

]]>
„Сeстри“ на Дина Дума утре и задутре ќе се прикажува во Охрид https://republika.mk/scena/film/sestri-na-dina-duma-utre-i-zadutre-kje-se-prikazuva-vo-ohrid/ Tue, 08 Feb 2022 10:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=455626

Македонскиот игран филм „Сeстри“ во режија на Дина Дума премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, кино проекции во среда 9 и четврток 10 февруари со почеток 19.00 часот, цена на билетот е 100 денари.

Светската премиера на „Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм.
Досега „Сестри“ е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Ексграунд во Висбаден Германија.

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри“ е поддржан од Агенцијата за Филм и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

Билети по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, согласно здравствените протоколи со ограничен броб на публика.

За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:

- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19

- сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

- сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

The post „Сeстри“ на Дина Дума утре и задутре ќе се прикажува во Охрид appeared first on Република.

]]>

Македонскиот игран филм „Сeстри“ во режија на Дина Дума премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, кино проекции во среда 9 и четврток 10 февруари со почеток 19.00 часот, цена на билетот е 100 денари. Светската премиера на „Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм. Досега „Сестри“ е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Ексграунд во Висбаден Германија. „Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска. „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за Филм и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово. Билети по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, согласно здравствените протоколи со ограничен броб на публика. За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи: - сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19 - сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. - сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

The post „Сeстри“ на Дина Дума утре и задутре ќе се прикажува во Охрид appeared first on Република.

]]>
Проекции на филмот „Сестри” на Дина Дума во Скопје, Св.Николе и Охрид https://republika.mk/scena/film/proekcii-na-filmot-sestri-na-dina-duma-vo-skopje-sv-nikole-i-ohrid/ Tue, 01 Feb 2022 15:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=452567

Македонскиот игран филм “Сeстри” во режија на Дина Дума во текот на февруари ќе биде прикажан во неколку градови низ земјава и тоа: Скопје – Кинотеката на Македонија, Св. Николе – Киноверзум и Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”.

Термини на проекции во Скопје – Кинотека на Македонија:

 

1 февруари, вторник, 18:00 ч.

2 февруари, среда, 20:00 ч.

 

3 февруари, четврток, 18:00 ч.

5 февруари, сабота, 20:00 ч.

7 февруари, понеделник, 20:00 ч.

11 февруари, петок, 20:00 ч.

12 февруари, сабота, 20:00 ч.

28 февруари, понеделник, 20:00 ч.

Термини на проекции Св. Николе – Киноверзум:

04 февруари, петок, 19:00 ч.

06 февруари, недела, 19:00 ч.

Термини на проекции во Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”:

09 февруари, среда, 19:00 ч.

10 февруари, четврток, 19:00 ч.

Светската премиера на “Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот”, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки” каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм.

Досега “Сестри” е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден Германија.

„Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

Продажени агенти на филмот се Cercamon.

The post Проекции на филмот „Сестри” на Дина Дума во Скопје, Св.Николе и Охрид appeared first on Република.

]]>

Македонскиот игран филм “Сeстри” во режија на Дина Дума во текот на февруари ќе биде прикажан во неколку градови низ земјава и тоа: Скопје – Кинотеката на Македонија, Св. Николе – Киноверзум и Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”. Термини на проекции во Скопје – Кинотека на Македонија:   1 февруари, вторник, 18:00 ч. 2 февруари, среда, 20:00 ч.   3 февруари, четврток, 18:00 ч. 5 февруари, сабота, 20:00 ч. 7 февруари, понеделник, 20:00 ч. 11 февруари, петок, 20:00 ч. 12 февруари, сабота, 20:00 ч. 28 февруари, понеделник, 20:00 ч. Термини на проекции Св. Николе – Киноверзум: 04 февруари, петок, 19:00 ч. 06 февруари, недела, 19:00 ч. Термини на проекции во Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”: 09 февруари, среда, 19:00 ч. 10 февруари, четврток, 19:00 ч. Светската премиера на “Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот”, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки” каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм. Досега “Сестри” е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден Германија. „Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска. „Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово. Продажени агенти на филмот се Cercamon.

The post Проекции на филмот „Сестри” на Дина Дума во Скопје, Св.Николе и Охрид appeared first on Република.

]]>