Сергеј Протошења Archives - Република https://republika.mk/tema/sergej-protoshenja/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Apr 2022 21:16:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Протошења Archives - Република https://republika.mk/tema/sergej-protoshenja/ 32 32 За два дена двајца руски олигарси и нивните семејства пронајдени мртви https://republika.mk/vesti/svet/za-dva-dena-dvajca-ruski-oligarsi-i-nivnite-semejstva-pronajdeni-mrtvi/ Thu, 21 Apr 2022 21:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=492029

За два дена, двајца руски олигарси се пронајдени мртви заедно со нивните сопруги и ќерки.

Инспекторите се обидуваат да утврдат дали се работи за семејно убиство или организиран напад.

Телата на Сергеј Протошења и неговото семејство биле пронајдени во Шпанија само еден ден откако друг руски олигарх, Владислав Аваев, беше пронајден мртов во слични околности заедно со неговото семејство во Москва.

Шпанскиот сајт „Ел Пунт Авуи“ (El Punt Avui) објави дека телата на Сергеј Протошења (55), неговата сопруга и ќерка биле пронајдени во вторникот во нивната куќа во приморското одморалиште Лорет де Мар во шпанската област Каталонија.

Алармот го вклучил најстариот син на парот, кој живее во Франција, кога не можел да ги добие. На сајтот се наведува и дека мајката и ќерката биле избодени до смрт, додека Сергеј Потрошења наводно се обесил.

Други новински сајтови наведуваат дека сопругата на Протошења, Наталија имала 53 години, а нивната ќерка Марија штотуку наполнила 18 години.

https://twitter.com/Mike_Eckel/status/1517057643717832704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517057643717832704%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918197%2Fruski-oligarh-pronadjen-mrtav-u-spaniji-zena-i-cerka-izbodene-on-se-navodno-obesio-dan-pre-u-moskvi-nadjen-mrtav-drugi-biznismen

Ден претходно од Москва се појави вест дека поранешниот функционер на Кремљ и потпретседател на „Газпромбанк“, Владислав Аваев (51),  бил пронајден мртов во неговиот луксузен стан во Москва од неговата 26-годишна ќерка.

Откриени се и телата на неговата сопруга Јелена (47) и помалата ќерка Марија (13). Сите имале прострелни рани.

https://republika.mk/vesti/svet/ruski-milioner-negovata-zena-i-nivnata-13-godishna-kjerka-pronajdeni-mrtvi-vo-stan-vo-moskva/

„Ел Пунт Авуи“ наведува дека богатството на Протошења се проценува на 440 милиони долари. Тој, наводно, се школувал како инженер и економист и станал главен финансиски директор на нафтената компанија „Таркосаленфтегаз“ и главен сметководител во нафтениот гигант „Новатек“. Новатек-Таркосаленфтегаз е основана во 1994 година и управува со наоѓалишта на нафта и гас.

Истражителите од каталонската полиција бараат докази, додека медиумите наведуваат дека крвавата секира и нож се пронајдени и испратени на вештачење.

Непотврдени извештаи од „Ел Пунт Авуи“ укажуваат на тоа дека се откриени некои недоследности, а на страницата се наведува дека мајката и ќерката биле избодени со нож додека спиеле. Сепак, на телото на Протошења не се пронајдени дамки од крв, пишува сајтот.

Чорапите обоени со крв очигледно биле користени како импровизирани ракавици за да се спречат отпечатоци од прсти на секирата и на ножот, се додава во текстот.

The post За два дена двајца руски олигарси и нивните семејства пронајдени мртви appeared first on Република.

]]>

За два дена, двајца руски олигарси се пронајдени мртви заедно со нивните сопруги и ќерки. Инспекторите се обидуваат да утврдат дали се работи за семејно убиство или организиран напад. Телата на Сергеј Протошења и неговото семејство биле пронајдени во Шпанија само еден ден откако друг руски олигарх, Владислав Аваев, беше пронајден мртов во слични околности заедно со неговото семејство во Москва. Шпанскиот сајт „Ел Пунт Авуи“ (El Punt Avui) објави дека телата на Сергеј Протошења (55), неговата сопруга и ќерка биле пронајдени во вторникот во нивната куќа во приморското одморалиште Лорет де Мар во шпанската област Каталонија. Алармот го вклучил најстариот син на парот, кој живее во Франција, кога не можел да ги добие. На сајтот се наведува и дека мајката и ќерката биле избодени до смрт, додека Сергеј Потрошења наводно се обесил. Други новински сајтови наведуваат дека сопругата на Протошења, Наталија имала 53 години, а нивната ќерка Марија штотуку наполнила 18 години. https://twitter.com/Mike_Eckel/status/1517057643717832704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517057643717832704%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3918197%2Fruski-oligarh-pronadjen-mrtav-u-spaniji-zena-i-cerka-izbodene-on-se-navodno-obesio-dan-pre-u-moskvi-nadjen-mrtav-drugi-biznismen Ден претходно од Москва се појави вест дека поранешниот функционер на Кремљ и потпретседател на „Газпромбанк“, Владислав Аваев (51),  бил пронајден мртов во неговиот луксузен стан во Москва од неговата 26-годишна ќерка. Откриени се и телата на неговата сопруга Јелена (47) и помалата ќерка Марија (13). Сите имале прострелни рани. https://republika.mk/vesti/svet/ruski-milioner-negovata-zena-i-nivnata-13-godishna-kjerka-pronajdeni-mrtvi-vo-stan-vo-moskva/ „Ел Пунт Авуи“ наведува дека богатството на Протошења се проценува на 440 милиони долари. Тој, наводно, се школувал како инженер и економист и станал главен финансиски директор на нафтената компанија „Таркосаленфтегаз“ и главен сметководител во нафтениот гигант „Новатек“. Новатек-Таркосаленфтегаз е основана во 1994 година и управува со наоѓалишта на нафта и гас. Истражителите од каталонската полиција бараат докази, додека медиумите наведуваат дека крвавата секира и нож се пронајдени и испратени на вештачење. Непотврдени извештаи од „Ел Пунт Авуи“ укажуваат на тоа дека се откриени некои недоследности, а на страницата се наведува дека мајката и ќерката биле избодени со нож додека спиеле. Сепак, на телото на Протошења не се пронајдени дамки од крв, пишува сајтот. Чорапите обоени со крв очигледно биле користени како импровизирани ракавици за да се спречат отпечатоци од прсти на секирата и на ножот, се додава во текстот.

The post За два дена двајца руски олигарси и нивните семејства пронајдени мртви appeared first on Република.

]]>