серенада Archives - Република https://republika.mk/tema/serenada/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 11:16:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png серенада Archives - Република https://republika.mk/tema/serenada/ 32 32 Во Битола второ издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ https://republika.mk/scena/muzika/vo-bitola-vtoro-izdanie-na-festivalot-eh-taa-serenada/ Sat, 09 Mar 2024 12:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=752964

Културен и информативен центар-Битола почна со подготовки за второто издание на фестивалот „Ех, таа серенада“.

Годинава на фестивалот ќе бидат исполнети 16 нови оригинални композиции, за што е објавен конкурс кој ќе заврши на 15 април, информираа од КИЦ-Битола.

-Композициите, компонираната музика и текстови треба да се во корелација со староградската музика и со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Фестивалот „Ех, таа серенада“ ќе се одржи во битолскиот Офицерски дом, а композициите ќе се изведуваат во живо, соопштија од КИЦ-Битола.

Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со по 12.000 денари посебно за напишан текст, за компонирана музика и подготвен аранжман, а изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.

The post Во Битола второ издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ appeared first on Република.

]]>

Културен и информативен центар-Битола почна со подготовки за второто издание на фестивалот „Ех, таа серенада“. Годинава на фестивалот ќе бидат исполнети 16 нови оригинални композиции, за што е објавен конкурс кој ќе заврши на 15 април, информираа од КИЦ-Битола. -Композициите, компонираната музика и текстови треба да се во корелација со староградската музика и со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Фестивалот „Ех, таа серенада“ ќе се одржи во битолскиот Офицерски дом, а композициите ќе се изведуваат во живо, соопштија од КИЦ-Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со по 12.000 денари посебно за напишан текст, за компонирана музика и подготвен аранжман, а изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.

The post Во Битола второ издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ appeared first on Република.

]]>
Синоќа во Битола се оддржа првото издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ https://republika.mk/scena/muzika/sinoka-vo-bitola-se-oddrzha-prvoto-izdanie-na-festivalot-na-starogradska-muzika-eh-taa-serenada/ Fri, 25 Aug 2023 14:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=675790

И покрај неочекуваното невреме и промената на локацијата, околу илјада посетители стрпливо чекаа и ја преполнија големата концерна сала на Центарот за култура. Организаторите поддржани до своите колеги од НУ Центар за култура покажаа високо ниво на професионалност и фестивалот започна точно во 21.15 ч. со беспрекорна динамика. Ако го мериме успехот на еден настан според насмевката на лицата и искреноста на аплаузот на публиката, тогаш можеме да биде задоволни. Првото официјално издание на фестивалот на староградска музика „ Ех, таа серенада“ ги надмина очекувањата и ги освои срцата на публиката и музичката јавност. Шеснаесет композиции и уште толку изведувачи со беспрекорната поддшка од Камерниот оркестар на Битола, под раководство на диригентот Владимир Димовски, испорача перфектно музичко сценско доживување. Комплименти за авторите, композиторите, текстописците и аранжерите, кои благодарение на харизматичните изведувачи создадоа френетичен амбиент во која секоја наредна песна беше ново музичко патување. На сцената видовме дојаени на македонската народна музика и познати изведувачи, но и нови лица. Ги проследивме настапите на Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Перо Христов, Сефедин Бајрамов, Билјана Дамјановска Јанчевска, Група Боеми, Катерина Таневска, Мишко Крстевски, Христијан Тоневски, Софија Кочевска, Трио Џентлемен, Елена Ѓоргиева, Николче Зацески, Раде Стаматов, Драган Мијалковски, Игор Илиевски, кои покажаа дека на македонска музичка сцена и се потребни сериозни фестивали, нова продукција и професионални организатори. Фестивалска вечер помина беспрекорно пријатно и благодарение на искусниот водителски пар, актерите Јулијана Мавровска и Васко Мавровски кои ја најавуваа програмата и композициите.

The post Синоќа во Битола се оддржа првото издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ appeared first on Република.

Од утре во Битола фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада“ https://republika.mk/scena/muzika/od-utre-vo-bitola-festival-na-starogradska-muzika-eh-taa-serenada/ Wed, 23 Aug 2023 11:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=674965

Во свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ „Битола“ беше презентирана концепцијата на фестивалот „Ех, таа серенада“, која значи навраќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на серенадата како музички жанр, како и за значењето на оваа манифестација за битолчани, за македонската музичка продукција, како и за огромниот интерес од граѓаните.

Миодраг Неќак, уметнички соработник и етаблиран музички продуцент, го објасни процесот на објавување конкурс, селектирање на конечните 16 мелодии, големиот интерес од автори и изведувачи, што претставува идна основа за следното фестивалско издание, како и детали за продукцијата и постпродукцијата на песните од фестивалот.

Тодор Ивановски во својство на лице одговорно за организација и туристичка промоција ја нагласи синтезата на културата и културното наследство, во кое секако припаѓа староградската песна, и Офицерскиот дом како интегрален дел од туристичката промоција на Битола.

Во рамките на пред фестивалските промотивни активности за посетителите и туристите е достапно бесплатно возење со битолскиот пајтон во комплексот на Офицерскиот дом секоја вечер од 18.30-21.30 ч. што наиде на голем интерес од граѓаните и посетителите, информира организаторот.

За денеска се закажани тонска проба со изведувачите и техничките подготовки, а веќе за утре се финалните подготовки за фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“.

Фестивалот почнува утре во 21 часот, а влезниците се бесплатни. Оние граѓани што не набавиле влезници ќе бидат сместени во слободниот простор на платото, во рамките на просторните можности, информираат организаторите.

The post Од утре во Битола фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада“ appeared first on Република.

]]>

Во свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ „Битола“ беше презентирана концепцијата на фестивалот „Ех, таа серенада“, која значи навраќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на серенадата како музички жанр, како и за значењето на оваа манифестација за битолчани, за македонската музичка продукција, како и за огромниот интерес од граѓаните. Миодраг Неќак, уметнички соработник и етаблиран музички продуцент, го објасни процесот на објавување конкурс, селектирање на конечните 16 мелодии, големиот интерес од автори и изведувачи, што претставува идна основа за следното фестивалско издание, како и детали за продукцијата и постпродукцијата на песните од фестивалот. Тодор Ивановски во својство на лице одговорно за организација и туристичка промоција ја нагласи синтезата на културата и културното наследство, во кое секако припаѓа староградската песна, и Офицерскиот дом како интегрален дел од туристичката промоција на Битола. Во рамките на пред фестивалските промотивни активности за посетителите и туристите е достапно бесплатно возење со битолскиот пајтон во комплексот на Офицерскиот дом секоја вечер од 18.30-21.30 ч. што наиде на голем интерес од граѓаните и посетителите, информира организаторот. За денеска се закажани тонска проба со изведувачите и техничките подготовки, а веќе за утре се финалните подготовки за фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“. Фестивалот почнува утре во 21 часот, а влезниците се бесплатни. Оние граѓани што не набавиле влезници ќе бидат сместени во слободниот простор на платото, во рамките на просторните можности, информираат организаторите.

The post Од утре во Битола фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада“ appeared first on Република.

]]>