сензорна соба Archives - Република https://republika.mk/tema/senzorna-soba/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Dec 2022 13:15:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сензорна соба Archives - Република https://republika.mk/tema/senzorna-soba/ 32 32 ООУ „Ј. Х. Песталоци“ добива сензорна соба за учениците со образовни потешкотии https://republika.mk/vesti/skopje/oou-j-h-pestaloci-dobiva-senzorna-soba-za-uchenicite-so-obrazovni-poteshkotii/ Thu, 01 Dec 2022 13:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=580499

Учениците со образовни потешкотии во основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба. Собата расплага со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема со што наставниот и стручниот кадар имаат на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и др.

Денес вниманието го насочуваме кон нашето најголемо богатство - децата. Ако ги прашате родителите која им е најголема желба за нивните деца, ќе ви одговорат да бидат среќни. А токму ние како локална самоуправа сме тука за да им помогнеме оваа желба да стане реалност. Инвестирањето во раниот детски развој е најисплатливо во развојот на човечкиот капитал. За нас децата се приоритет број еден и токму затоа Општина Центар веќе години претставува позитивен пример за поддршка на младите во целата држава, изјави Герасимовски.

Квалитетното образование, пред сè, инклузивното образование е предизвик за секоја локална самоуправа и дополнителен мотив е во континуитет да се вложуваат ресурси за децата со пречки во развојот, додава градоначалникот, потенцирајќи дека концептот за инклузивно општество и вклучување на овие ученици во редовната настава се дел од образовната стратегија на oпштината и, во таа насока, сензорната соба што од денес ќе им биде достапна на децата од ООУ „Ј. Х. Песталоци“- Центар е само уште еден чекор кон исполнување на главната цел, а тоа е нивна целосна инклузија.

Важноста од една ваква интервенција е огромна за нашето училиште, особено имајќи на ум дека во нашето училиште учат 21 ученик со попреченост. Од денес со гордост може да кажеме дека нашето училиште е поинклузивно и овозможува високо-квалитетно образование и можност на секое дете да ги оствари своите потенцијали. Се радуваме што во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост можеме да го споделиме овој исчекор кон обезбедување на еднакви услови за развој и учење на сите ученици и сите заедно уште еднаш да пратиме порака за еднакво општество за сите, истакна директорката на училиштето, Катерина Атанасова.

Опремувањето на оваа сензорна соба е дел од проектот „Биди ИН, биди Инклузивен, биди ИНклудиран“ кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука и Општина Центар упатува искрена благодарност до сите нив.

Општина Центар верува дека алатките во сензорната соба ќе придонесат кон полесно совладувањето на наставниот материјал и зголемување на мотивацијата децата повеќе да учат и да истражуваат, а истовремено ќе им помогнат на учениците да го намалат стресот и да ја зголемат својата концентрација. Општина Центар ќе продолжи да гради вакви соработки кои носат бенефит како за помладите така и за повозрасните граѓани во општинат, се вели во соопштението.

The post ООУ „Ј. Х. Песталоци“ добива сензорна соба за учениците со образовни потешкотии appeared first on Република.

]]>

Учениците со образовни потешкотии во основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба. Собата расплага со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема со што наставниот и стручниот кадар имаат на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и др.
Денес вниманието го насочуваме кон нашето најголемо богатство - децата. Ако ги прашате родителите која им е најголема желба за нивните деца, ќе ви одговорат да бидат среќни. А токму ние како локална самоуправа сме тука за да им помогнеме оваа желба да стане реалност. Инвестирањето во раниот детски развој е најисплатливо во развојот на човечкиот капитал. За нас децата се приоритет број еден и токму затоа Општина Центар веќе години претставува позитивен пример за поддршка на младите во целата држава, изјави Герасимовски.
Квалитетното образование, пред сè, инклузивното образование е предизвик за секоја локална самоуправа и дополнителен мотив е во континуитет да се вложуваат ресурси за децата со пречки во развојот, додава градоначалникот, потенцирајќи дека концептот за инклузивно општество и вклучување на овие ученици во редовната настава се дел од образовната стратегија на oпштината и, во таа насока, сензорната соба што од денес ќе им биде достапна на децата од ООУ „Ј. Х. Песталоци“- Центар е само уште еден чекор кон исполнување на главната цел, а тоа е нивна целосна инклузија.
Важноста од една ваква интервенција е огромна за нашето училиште, особено имајќи на ум дека во нашето училиште учат 21 ученик со попреченост. Од денес со гордост може да кажеме дека нашето училиште е поинклузивно и овозможува високо-квалитетно образование и можност на секое дете да ги оствари своите потенцијали. Се радуваме што во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост можеме да го споделиме овој исчекор кон обезбедување на еднакви услови за развој и учење на сите ученици и сите заедно уште еднаш да пратиме порака за еднакво општество за сите, истакна директорката на училиштето, Катерина Атанасова.
Опремувањето на оваа сензорна соба е дел од проектот „Биди ИН, биди Инклузивен, биди ИНклудиран“ кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука и Општина Центар упатува искрена благодарност до сите нив. Општина Центар верува дека алатките во сензорната соба ќе придонесат кон полесно совладувањето на наставниот материјал и зголемување на мотивацијата децата повеќе да учат и да истражуваат, а истовремено ќе им помогнат на учениците да го намалат стресот и да ја зголемат својата концентрација. Општина Центар ќе продолжи да гради вакви соработки кои носат бенефит како за помладите така и за повозрасните граѓани во општинат, се вели во соопштението.

The post ООУ „Ј. Х. Песталоци“ добива сензорна соба за учениците со образовни потешкотии appeared first on Република.

]]>
Отворена сензорна соба во основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар https://republika.mk/vesti/skopje/otvorena-senzorna-soba-vo-osnovnoto-uchilishte-goce-delchev-vo-centar/ Mon, 29 Aug 2022 13:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=545279

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар денеска беше отворена сензорна соба, единаесетта по ред, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

Во училиштето има 23 деца со попреченост, од кои десет се со МКФ-процена, пет се со извештај од специјалист и осум аутистични.

Како проект, како фондација „Чекор по чекор“ и како здружение, коишто се исто така реализатори на овој проект ни е драго што ОУ „Гоце Делчев“ ќе ја дочека новата учебна година поинклузивно од претходно, а е доста инклузивно училиште. Училиштето има и лифт внатрешен и дополнителни пристапни елементи, мислам дека имате и тоалет пристапен, така што ова е само надополнување вон создавање на едно навистина инклузивно училиште. Голема благодарност за проектот и за поддршката на училиштето и од општината, изјави Бранка Џајковска од фондацијата „Чекор по чекор“.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека донацијата е од големо значење бидејќи учениците имаат можност да ги развиваат своите потенцијали и активно да бидат вклучени во воспитно едукативниот процес.

– Среќен сум бидејќи со оваа активност ќе ги подобриме капацитетите за инклузивност не само во училиштето, туку и во општината, додаде Герасимовски.

Основното училиште „Гоце Делчев“, како што информираше Џајковска веќе има внатрешен лифт и дополнителни пристапни елементи за децата со попреченост и тоалет. Таа вели дека сензорната училници е „само едно надополнување кон создавање на едно инклузивно училиште“. ки/aa/

2022-08-29 14:11:43, од Кристина Ивановска

The post Отворена сензорна соба во основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар appeared first on Република.

]]>

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар денеска беше отворена сензорна соба, единаесетта по ред, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија. Во училиштето има 23 деца со попреченост, од кои десет се со МКФ-процена, пет се со извештај од специјалист и осум аутистични.
Како проект, како фондација „Чекор по чекор“ и како здружение, коишто се исто така реализатори на овој проект ни е драго што ОУ „Гоце Делчев“ ќе ја дочека новата учебна година поинклузивно од претходно, а е доста инклузивно училиште. Училиштето има и лифт внатрешен и дополнителни пристапни елементи, мислам дека имате и тоалет пристапен, така што ова е само надополнување вон создавање на едно навистина инклузивно училиште. Голема благодарност за проектот и за поддршката на училиштето и од општината, изјави Бранка Џајковска од фондацијата „Чекор по чекор“.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека донацијата е од големо значење бидејќи учениците имаат можност да ги развиваат своите потенцијали и активно да бидат вклучени во воспитно едукативниот процес. – Среќен сум бидејќи со оваа активност ќе ги подобриме капацитетите за инклузивност не само во училиштето, туку и во општината, додаде Герасимовски. Основното училиште „Гоце Делчев“, како што информираше Џајковска веќе има внатрешен лифт и дополнителни пристапни елементи за децата со попреченост и тоалет. Таа вели дека сензорната училници е „само едно надополнување кон создавање на едно инклузивно училиште“. ки/aa/ 2022-08-29 14:11:43, од Кристина Ивановска  

The post Отворена сензорна соба во основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар appeared first on Република.

]]>
Сенозoрна соба доби ООУ „Ѓорче Петров“ https://republika.mk/vesti/skopje/senozorna-soba-dobi-oou-gjorche-petrov/ Thu, 07 Apr 2022 14:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=484856

Од денес учениците со и без образовни потешкотии во ООУ „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров ќе може да работат во сензорната соба опремена со реквизити и стимулативните алатки, придружени од стручната служба и специјалниот едукатор и рехабилитатор.

Големо задоволство е како градоначалник, но и како лекар, на Светскиот ден на здравјето да ја ставаме во употреба сензорната соба на стручниот тим во ООУ. „Ѓорче Петров“, со која ќе се подобри квалитетот за развој, образование и воспитание на учениците со попреченост во ова училиште. Овој чекор, е знак за подобрување на инклузивните капацитети и практики во општина Ѓорче Петров која посакувам да стане заедница со еднакви можности за сите нејзини граѓани.“ – вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ ја поддржа реализацијата на сензорната соба, активност на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ која е финансиран од Европската Унија, а има за цел да ги подобри можностите за образование на децата со попреченост.

„Среќни сме што Фондацијата д-р Верица Механџиска, која во фокус на своето работење го става подобрувањето на квалитетот на живот на ранливата категорија на лица ја реализираше оваа соработка со помош на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и заеднички успеа да ја опреми оваа сензорна соба. Благодарни сме на оваа заедничка соработка и верувам дека со тоа во јавноста испраќаме важната порака, со заедничко вклучување придонесовме кон создавање на позитивни промени и вредности, не само за децата со попреченост, туку и за заедницата во целост“ – рече Маја Топкоска од фондацијата д-р Верица Механџиска.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ која го спроведува проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, истакнува дека на 20 месеци од спроведување на активностите од овој проект, вклучително и оваа 10 – та сензорна соба во ООУ. „Ѓорче Петров“,  од општина Ѓорче Петров, во кое има 18 деца со попреченост, од вкупно 336, значајно се придонесуваа, секое дете да добие пристап до квалитетно образование.

„Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ стимулира инклузијата преку директна поддршка на семејствата, oбука на наставниот кадар, потоа стипендирање на учениците со попреченост, со што тие рамноправно се вклучуваат во редовниот образовен систем. На овој начин ние директно работиме на развој на инклузијата на локално ниво, и се залагаме за создавање на еднаков пристап и можности за сите деца во сите училиштата. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца“,  потенцира Џајковска.

Реализацијата на сензорната соба е во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

The post Сенозoрна соба доби ООУ „Ѓорче Петров“ appeared first on Република.

Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-strumichkoto-osnovno-uchilishte-vidoe-podgorec-e-otvorena-senzorna-soba/ Mon, 24 Jan 2022 14:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=448803

Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба со која ќе се обезбедува педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии.

Оваа активност се спроведува како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а се реализира со поддршка на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи, Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија со Македонија која ја спроведува ГИЗ.

Се надеваме дека преку обезбедување на еднакви услови за образование и развој на децата со попреченост ќе придонесеме кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во Македонија и ќе послужиме како пример за други училишта и општини, рече Самец.

Тој додаде дека ГИЗ во соработка со Општина Струмица и една локална организација наскоро ќе започнат со социјално мапирање фокусирано на лицата со попреченост, a сѐ со цел да се помогне на општината во креирање на сензитивни политики.

Душан Томшиќ од Министерството за образование и наука истакна дека се преземаат сериозни чекори за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за сите ученици, со посебен акцент на учениците со попреченост. Тој кажа дека во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 14 образовни институции низ државата, шест основни училишта, четири средни и четири факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion. Градежните активности треба да започнат во февруари годинава.

Постоењето на сензорната соба во основното училиште ООУ „Видое Подгорец“ во кое се образуваат 892 ученици е од огромна важност за општина Струмица.

Сензорните соби нудат стимулација на учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина, во која преку индивидуална работа со 25 деца, колку што имаат потреба во моментов во ова училиште ќе се овозможи развој на нивните потенцијали и активно вклучување во воспитниот и едукативниот процес, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да обезбеди рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца.

Со отворањето на шестата сензорна соба придонесуваме секое дете да добие пристап до квалитетно образование. Сензорните соби ги опремуваме со разновидна опрема која им обезбедува на учениците визуелна, аудитивна и тактилна стимулација при учењето, како и подобрување на фината и грубата моторика, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

The post Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба appeared first on Република.

]]>

Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба со која ќе се обезбедува педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии. Оваа активност се спроведува како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а се реализира со поддршка на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи, Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија со Македонија која ја спроведува ГИЗ.
Се надеваме дека преку обезбедување на еднакви услови за образование и развој на децата со попреченост ќе придонесеме кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во Македонија и ќе послужиме како пример за други училишта и општини, рече Самец.
Тој додаде дека ГИЗ во соработка со Општина Струмица и една локална организација наскоро ќе започнат со социјално мапирање фокусирано на лицата со попреченост, a сѐ со цел да се помогне на општината во креирање на сензитивни политики. Душан Томшиќ од Министерството за образование и наука истакна дека се преземаат сериозни чекори за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за сите ученици, со посебен акцент на учениците со попреченост. Тој кажа дека во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 14 образовни институции низ државата, шест основни училишта, четири средни и четири факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion. Градежните активности треба да започнат во февруари годинава. Постоењето на сензорната соба во основното училиште ООУ „Видое Подгорец“ во кое се образуваат 892 ученици е од огромна важност за општина Струмица.