сенегал Archives - Република https://republika.mk/tema/senegal/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 13:44:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сенегал Archives - Република https://republika.mk/tema/senegal/ 32 32 Сака да ги избрка француските војници од земјата: Убедлива победа на опозицискиот кандидат за претседател на Сенeгал https://republika.mk/vesti/svet/saka-da-gi-izbrka-frantsuskite-vojnitsi-od-zemjata-ubedliva-pobeda-na-opozitsiskiot-kandidat-za-pretsedatel-na-senegal/ Fri, 29 Mar 2024 17:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=760199

Кандидатот на опозицијата, Диомаје Фаје убедливо победи уште во првиот круг на претседателските избори во Сенегал. Фаје се кандидираше затоа што, до вчера владејачкиот режим, го уапси лидерот на неговата политичка групација, Усман Сонко (на билбордот лево) минатата година и го спречуваше да учествува на изборите под апсурдни обвиненија.

Сонко претходно најави дека ако стане претседател, ќе ја прекине блокадата на Мали, Буркина Фасо и Нигер, ќе ги избрак француските војници од земјата и ќе воспостави поблиски односи со Русија.

Убедливиот победник на избори, по изборот за претседател најави дека ќе ги исполни најавите на својот политички соработник.

Време е Франција да го напушти Сенегал. Време е Сенегал да ги разгледа сите претходно потпишани договори со Франција. Конечно дојде време Франција да го тргне коленото од нашиот врат и да стави крај на ова нивно нечовечко угнетување“, изјави Фаје.

Поразот на профранцускиот режим во Сенегал е историски момент и голем удар за француските интереси на Црниот Континент. Со оглед на тоа што Сенегал е земја со излез на море, оваа демократска промена на власта може да биде многу поголем удар за француските интереси во Африка отколку промените на власта во Мали, Нигер и Буркина Фасо.

The post Сака да ги избрка француските војници од земјата: Убедлива победа на опозицискиот кандидат за претседател на Сенeгал appeared first on Република.

]]>

Кандидатот на опозицијата, Диомаје Фаје убедливо победи уште во првиот круг на претседателските избори во Сенегал. Фаје се кандидираше затоа што, до вчера владејачкиот режим, го уапси лидерот на неговата политичка групација, Усман Сонко (на билбордот лево) минатата година и го спречуваше да учествува на изборите под апсурдни обвиненија. Сонко претходно најави дека ако стане претседател, ќе ја прекине блокадата на Мали, Буркина Фасо и Нигер, ќе ги избрак француските војници од земјата и ќе воспостави поблиски односи со Русија. Убедливиот победник на избори, по изборот за претседател најави дека ќе ги исполни најавите на својот политички соработник.
Време е Франција да го напушти Сенегал. Време е Сенегал да ги разгледа сите претходно потпишани договори со Франција. Конечно дојде време Франција да го тргне коленото од нашиот врат и да стави крај на ова нивно нечовечко угнетување“, изјави Фаје.
Поразот на профранцускиот режим во Сенегал е историски момент и голем удар за француските интереси на Црниот Континент. Со оглед на тоа што Сенегал е земја со излез на море, оваа демократска промена на власта може да биде многу поголем удар за француските интереси во Африка отколку промените на власта во Мали, Нигер и Буркина Фасо.

The post Сака да ги избрка француските војници од земјата: Убедлива победа на опозицискиот кандидат за претседател на Сенeгал appeared first on Република.

]]>
„Aпликацијата е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера“: Сенегал го прекина пристапот до ТикТок https://republika.mk/vesti/svet/aplikatsijata-e-sotsijalnata-mrezha-shto-ja-pretpochitaat-luge-so-losha-namera-senegal-go-prekina-pristapot-do-tiktok/ Wed, 02 Aug 2023 14:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=667963

Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, соопшти министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата.

Министерот... ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот.

Западноафриканската земја, исто така, од понеделникот го ограничи пристапот до интернет услугите, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела.

The post „Aпликацијата е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера“: Сенегал го прекина пристапот до ТикТок appeared first on Република.

]]>

Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, соопшти министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата.
Министерот... ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот.
Западноафриканската земја, исто така, од понеделникот го ограничи пристапот до интернет услугите, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела.

The post „Aпликацијата е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера“: Сенегал го прекина пристапот до ТикТок appeared first on Република.

]]>
Англија лесно преку Сенегал до четвртфиналето на СП https://republika.mk/sport/fudbal/anglija-lesno-preku-senegal-do-chetvrtfinaleto-na-sp/ Sun, 04 Dec 2022 21:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=581810

Со убедлива победа од 3:0 против Сенегал, репрезентацијата на Англија вечерва избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2022.

Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф.

Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со Франција која денес забележа победа над Полска со 3:1.

Утре на распоредот се уште два натпревара од осминафиналната фаза:
Јапонија – Хрватска (16 часот)
Бразил – Јужна Кореја (20 часот).

 

The post Англија лесно преку Сенегал до четвртфиналето на СП appeared first on Република.

]]>

Со убедлива победа од 3:0 против Сенегал, репрезентацијата на Англија вечерва избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2022. Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф. Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со Франција која денес забележа победа над Полска со 3:1. Утре на распоредот се уште два натпревара од осминафиналната фаза: Јапонија – Хрватска (16 часот) Бразил – Јужна Кореја (20 часот).  

The post Англија лесно преку Сенегал до четвртфиналето на СП appeared first on Република.

]]>
Холандија и Сенегал се пласираа во осмина-финалето на Мундијалот https://republika.mk/sport/fudbal/holandija-i-senegal-se-plasiraa-vo-osmina-finaleto-na-mundijalot/ Tue, 29 Nov 2022 17:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=579727

Холандија и Сенегал се осминафиналисти од групата „А“ откако беше комплетирано третото коло. Холанѓаните со победа го потврдија првото место на табелата, а во вториот одлучувачки натпревар, Сенегал беше подобар од Еквадор, и со три бода го потврди пласманот во плеј-офот. Еквадорците во најважниот меч потфрлија, и така не успеаја да останат непоразени, со што ќе беа меѓу најдобрите 16.

Холандија го потврди првото место во групата, откако прелесно се справи со домаќинот Катар и со нова победа дојде до седум бодови на своето конто.

„Лалињата“ поведоа со голот на Гакпо. Откако се проби низ одбраната, биеше прецизно во долниот лев агол. На стартот од вториот дел Де Јонг во 49. минута успева да го зголеми резултатот, спроведувајќи ја топката во празната мрежа по шутот на Депај.

Во продолжението Холандија мирно го чекаше крајот на мечот, а постигна уште еден гол кој беше поништен поради игра со рака. Во последните мигови Холанѓаните ја погодија и пречката од голот на Катарците, но не дојдоа до поубедлив триумф.

Со овој пораз Катар стана најлош домаќин на Мундијалите во историјата, и прва селекција организатор која ја заврши групата без бодови.

The post Холандија и Сенегал се пласираа во осмина-финалето на Мундијалот appeared first on Република.

]]>

Холандија и Сенегал се осминафиналисти од групата „А“ откако беше комплетирано третото коло. Холанѓаните со победа го потврдија првото место на табелата, а во вториот одлучувачки натпревар, Сенегал беше подобар од Еквадор, и со три бода го потврди пласманот во плеј-офот. Еквадорците во најважниот меч потфрлија, и така не успеаја да останат непоразени, со што ќе беа меѓу најдобрите 16. Холандија го потврди првото место во групата, откако прелесно се справи со домаќинот Катар и со нова победа дојде до седум бодови на своето конто. „Лалињата“ поведоа со голот на Гакпо. Откако се проби низ одбраната, биеше прецизно во долниот лев агол. На стартот од вториот дел Де Јонг во 49. минута успева да го зголеми резултатот, спроведувајќи ја топката во празната мрежа по шутот на Депај. Во продолжението Холандија мирно го чекаше крајот на мечот, а постигна уште еден гол кој беше поништен поради игра со рака. Во последните мигови Холанѓаните ја погодија и пречката од голот на Катарците, но не дојдоа до поубедлив триумф. Со овој пораз Катар стана најлош домаќин на Мундијалите во историјата, и прва селекција организатор која ја заврши групата без бодови.

The post Холандија и Сенегал се пласираа во осмина-финалето на Мундијалот appeared first on Република.

]]>
Сенегал не издржа против Холандија https://republika.mk/sport/fudbal/senegal-ne-izdrza-protiv-holandija/ Mon, 21 Nov 2022 18:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=576675

Холандија со два гола во финишот го совлада вечерва Сенегал 2-0 (0-0) во рамки на воведното коло во групата А на Светското првенство во Катар.

Сенегал беше повеќе од рамноправен противник на дуелот на „Ал Тумама“ стадионот во Доха, но откако не реализираше неколку изгледни шанси за гол, казната дојде на спротивната страна.

Прво во 84. минута Коди Гакпо со прецизен удар со глава и донесе водство на Холандија, а печат на стартната мундијалска победа стави Дави Класен во деветтата минута од судиското продолжение.

Вчера на отворањето на Мундијалот во истата група Еквадор го совлада домаќинот Катар со 2-0.

Во следното коло, Холандија ќе игра против Еквадор, додека домаќинот Катар против Сенегал

The post Сенегал не издржа против Холандија appeared first on Република.

]]>

Холандија со два гола во финишот го совлада вечерва Сенегал 2-0 (0-0) во рамки на воведното коло во групата А на Светското првенство во Катар. Сенегал беше повеќе од рамноправен противник на дуелот на „Ал Тумама“ стадионот во Доха, но откако не реализираше неколку изгледни шанси за гол, казната дојде на спротивната страна. Прво во 84. минута Коди Гакпо со прецизен удар со глава и донесе водство на Холандија, а печат на стартната мундијалска победа стави Дави Класен во деветтата минута од судиското продолжение. Вчера на отворањето на Мундијалот во истата група Еквадор го совлада домаќинот Катар со 2-0. Во следното коло, Холандија ќе игра против Еквадор, додека домаќинот Катар против Сенегал

The post Сенегал не издржа против Холандија appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Африканската Унија: Антируските санкции ја оставија Африка без жито и ѓубрива https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-afrikanskata-unija-antiruskite-sankcii-ja-ostavija-afrika-bez-zito-i-gjubriva/ Sat, 04 Jun 2022 05:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=510884

Претседателот на Сенегал и шеф на Африканската Унија, Маки Сал, порача дека антируските санкции ја оставија Африка без пристап до жито и вештачко ѓубриво.

Санкциите сериозно ја влошија ситуацијата со храната во африканскиот регион - истакна Сал на на средбата со рускиот претседател, Владимир Путин.

Според Сал, Сенегал има големи надежи за соработка меѓу африканските земји и Русија.

За време на средбата, пак, Путин, истакнал дека улогата на Африка на меѓународната сцена расте и дека Руската Федерација ќе ги развива односите со земјите од континентот.

The post Претседателот на Африканската Унија: Антируските санкции ја оставија Африка без жито и ѓубрива appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Сенегал и шеф на Африканската Унија, Маки Сал, порача дека антируските санкции ја оставија Африка без пристап до жито и вештачко ѓубриво.
Санкциите сериозно ја влошија ситуацијата со храната во африканскиот регион - истакна Сал на на средбата со рускиот претседател, Владимир Путин.
Според Сал, Сенегал има големи надежи за соработка меѓу африканските земји и Русија. За време на средбата, пак, Путин, истакнал дека улогата на Африка на меѓународната сцена расте и дека Руската Федерација ќе ги развива односите со земјите од континентот.

The post Претседателот на Африканската Унија: Антируските санкции ја оставија Африка без жито и ѓубрива appeared first on Република.

]]>
Единаесет новороденчиња загинале во пожар во болница во Сенегал https://republika.mk/vesti/svet/edinaeset-novorodenchinja-zaginale-vo-pozar-vo-bolnica-vo-senegal/ Thu, 26 May 2022 06:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=507036

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар.

„Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку „твитер“, кој инаку е во државна посета на Ангола.

Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избивнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“.

Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар за приватната телевизија „ТФМ“ изјави дека првичните информации од истрагата укажуваат дека причина за трагедиајта е краток спој во електричната инсталација на објектот.

The post Единаесет новороденчиња загинале во пожар во болница во Сенегал appeared first on Република.

]]>

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар. „Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку „твитер“, кој инаку е во државна посета на Ангола. Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избивнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“. Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар за приватната телевизија „ТФМ“ изјави дека првичните информации од истрагата укажуваат дека причина за трагедиајта е краток спој во електричната инсталација на објектот.

The post Единаесет новороденчиња загинале во пожар во болница во Сенегал appeared first on Република.

]]>
Германија се врти кон Африка: Шолц бара гас од Сенегал https://republika.mk/vesti/svet/germanija-se-vrti-kon-afrika-sholc-bara-gas-od-senegal/ Mon, 23 May 2022 07:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=505687

Германија настојува да започне енергетски проекти со Сенегал, рече канцеларот Олаф Шолц за време на неговото прво патување во Африка во време кога војната во Украина исто така ги зголемува цените на енергијата и храната.

Шолц ја започна тридневната посета на Африка во Сенегал, земја со милијарди кубни метри резерви гас и се очекува да стане главен производител на гас во областа.

Германија се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас поради инвазијата на Украина. Таа започна разговори со сенегалските власти за екстракција и втечнување на природен гас, рече Шолц.

Ова е прашање што треба сериозно да се реши“, рече тој на прес-конференција со сенегалскиот претседател Меки Сал, додавајќи дека во интерес на двете земји е да се постигне напредок.

Шолц рече дека Германија е заинтересирана и за сенегалските проекти за обновлива енергија.

Сал рече дека Сенегал е подготвен да работи на снабдување на европскиот пазар со течен природен гас, ЛНГ. Тој предвидува дека Сенегал следната година ќе произведе 2,5 милиони тони, а до 2030 година 10 милиони тони.

Што се однесува до истражувањето на гасот, финансирањето на проектите и други прашања, Сал рече дека ќе земе се во предвид и дека е „подготвен да соработува со Германија во овој контекст“.

Германија ги покани Сенегал, кој моментално претседава со Африканската унија, и Јужноафриканската Република да бидат гости на самитот на Г7 што во јуни ќе се одржи во Германија.

Двете африкански земји се воздржаа од гласање за резолуцијата на ОН против рускиот напад врз Украина, кој Москва го нарекува специјална воена операција.

Како претседател на Африканската унија, Сал рече дека многу африкански земји не сакаат да изберат страна во војната, иако ја осудуваат инвазијата.

Многу е јасно дека сакаме мир. Работиме на деескалација, прекин на огнот, дијалог – тоа е позицијата на Африка – рече тој.

Сал додаде дека во наредните недели ќе ги посети Москва и Киев.

Конфликтот во Украина, која е главен снабдувач на жито и храна, предизвика прекин на снабдувањето што ги зголеми цените на храната и енергијата во Африка.

Му изразив голема загриженост на канцеларот Шолц за влијанието на војната – рече Сал и побара меѓународна помош за ублажување на последиците што ги трпи Африка, пренесуваат медиумите.

The post Германија се врти кон Африка: Шолц бара гас од Сенегал appeared first on Република.

]]>

Германија настојува да започне енергетски проекти со Сенегал, рече канцеларот Олаф Шолц за време на неговото прво патување во Африка во време кога војната во Украина исто така ги зголемува цените на енергијата и храната. Шолц ја започна тридневната посета на Африка во Сенегал, земја со милијарди кубни метри резерви гас и се очекува да стане главен производител на гас во областа. Германија се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас поради инвазијата на Украина. Таа започна разговори со сенегалските власти за екстракција и втечнување на природен гас, рече Шолц.
Ова е прашање што треба сериозно да се реши“, рече тој на прес-конференција со сенегалскиот претседател Меки Сал, додавајќи дека во интерес на двете земји е да се постигне напредок.
Шолц рече дека Германија е заинтересирана и за сенегалските проекти за обновлива енергија. Сал рече дека Сенегал е подготвен да работи на снабдување на европскиот пазар со течен природен гас, ЛНГ. Тој предвидува дека Сенегал следната година ќе произведе 2,5 милиони тони, а до 2030 година 10 милиони тони. Што се однесува до истражувањето на гасот, финансирањето на проектите и други прашања, Сал рече дека ќе земе се во предвид и дека е „подготвен да соработува со Германија во овој контекст“. Германија ги покани Сенегал, кој моментално претседава со Африканската унија, и Јужноафриканската Република да бидат гости на самитот на Г7 што во јуни ќе се одржи во Германија. Двете африкански земји се воздржаа од гласање за резолуцијата на ОН против рускиот напад врз Украина, кој Москва го нарекува специјална воена операција. Како претседател на Африканската унија, Сал рече дека многу африкански земји не сакаат да изберат страна во војната, иако ја осудуваат инвазијата.
Многу е јасно дека сакаме мир. Работиме на деескалација, прекин на огнот, дијалог – тоа е позицијата на Африка – рече тој.
Сал додаде дека во наредните недели ќе ги посети Москва и Киев. Конфликтот во Украина, која е главен снабдувач на жито и храна, предизвика прекин на снабдувањето што ги зголеми цените на храната и енергијата во Африка.
Му изразив голема загриженост на канцеларот Шолц за влијанието на војната – рече Сал и побара меѓународна помош за ублажување на последиците што ги трпи Африка, пренесуваат медиумите.

The post Германија се врти кон Африка: Шолц бара гас од Сенегал appeared first on Република.

]]>
Неработен ден во Сенегал во чест на победата на репрезентацијата https://republika.mk/sport/fudbal/neraboten-den-vo-senegal-vo-chest-na-pobedata-na-reprezentacijata/ Mon, 07 Feb 2022 11:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=455082

Сенегалскиот претседател Меки Сал го прогласи понеделник, 7 февруари, за неработен ден во земјата.

Причината е победата на репрезентацијата во Африканскиот куп.

Оваа одлука политичарот ја донел, бидејќи денес селекцијата на Сенегал ќе се врати во Дакар.

Сали го откажа последниот дел од дипломатското патување за лично да го поздрави тимот.

Сенегал синоќа на пенали го победи Египет со 4:2 во финалето на Африканскиот куп во Камерун. Сенегалеците за прв пат во историјата станаа фудбалски шампиони на Африка.

Резултатот по регуларните 90, како и по продолженијата беше 0:0. Сенегал испушти можност да да постигне гол уште во седмата минута од натпреварот, но Садио Мане не реализираше пенал.

Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни со 4:2. Победничкиот пенал го реализира токму Мане.

За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка.

Египет остана на рекордните седум титули.

The post Неработен ден во Сенегал во чест на победата на репрезентацијата appeared first on Република.

]]>

Сенегалскиот претседател Меки Сал го прогласи понеделник, 7 февруари, за неработен ден во земјата. Причината е победата на репрезентацијата во Африканскиот куп. Оваа одлука политичарот ја донел, бидејќи денес селекцијата на Сенегал ќе се врати во Дакар. Сали го откажа последниот дел од дипломатското патување за лично да го поздрави тимот. Сенегал синоќа на пенали го победи Египет со 4:2 во финалето на Африканскиот куп во Камерун. Сенегалеците за прв пат во историјата станаа фудбалски шампиони на Африка. Резултатот по регуларните 90, како и по продолженијата беше 0:0. Сенегал испушти можност да да постигне гол уште во седмата минута од натпреварот, но Садио Мане не реализираше пенал. Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни со 4:2. Победничкиот пенал го реализира токму Мане. За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка. Египет остана на рекордните седум титули.

The post Неработен ден во Сенегал во чест на победата на репрезентацијата appeared first on Република.

]]>
Првa титула на Сенегал на Африканскиот куп на нации https://republika.mk/sport/fudbal/prva-titula-na-senegal-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/ Mon, 07 Feb 2022 07:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=454932

Фудбалската репрезентација на Сенегал е победник на Африканскиот куп на нации што се одржа во Камерун. Во финалето, одиграно во Јаунде, Сенегалците ја совладаа селекцијата на Египет по изведување пенали.

Резултатот по регуларните 90, како и по продолженијата беше 0:0. Сенегал испушти можност да да постигне гол уште во седмата минута од натпреварот, но Садио Мане не реализираше пенал.

Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни со 4:2. Победничкиот пенал го реализира токму Мане.

За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка.

Египет остана на рекордните седум титули.

The post Првa титула на Сенегал на Африканскиот куп на нации appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Сенегал е победник на Африканскиот куп на нации што се одржа во Камерун. Во финалето, одиграно во Јаунде, Сенегалците ја совладаа селекцијата на Египет по изведување пенали. Резултатот по регуларните 90, како и по продолженијата беше 0:0. Сенегал испушти можност да да постигне гол уште во седмата минута од натпреварот, но Садио Мане не реализираше пенал. Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни со 4:2. Победничкиот пенал го реализира токму Мане. За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка. Египет остана на рекордните седум титули.

The post Првa титула на Сенегал на Африканскиот куп на нации appeared first on Република.

]]>
Сенегал е нов шампион на Африка https://republika.mk/sport/fudbal/senegal-e-nov-shampion-na-afrika/ Sun, 06 Feb 2022 22:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=454881

Сенегал во своето трето финале дојде до првиот трофеј на Африканскиот куп на нации. Сенегал уште во седмата минута можеше да дојде до водство, но Садио Мане не реализираше пенал.

Во продолжението од натпреварот и двете репрезентации имаа свои шанси за гол, но голманите беа фантастични и не дозволија нивната мрежа да се затресе, не само по 90 минути игра, туку по 120.

Откако и во продолженијата немаше голови, пеналите требаше да го решат победникот. Во ударите од белата точка, Египет двапати промаши, Сенегал само еднаш и на крајот тие се репрезентацијата која се радува на својот прв трофеј шампион на Африка.

The post Сенегал е нов шампион на Африка appeared first on Република.

]]>

Сенегал во своето трето финале дојде до првиот трофеј на Африканскиот куп на нации. Сенегал уште во седмата минута можеше да дојде до водство, но Садио Мане не реализираше пенал. Во продолжението од натпреварот и двете репрезентации имаа свои шанси за гол, но голманите беа фантастични и не дозволија нивната мрежа да се затресе, не само по 90 минути игра, туку по 120. Откако и во продолженијата немаше голови, пеналите требаше да го решат победникот. Во ударите од белата точка, Египет двапати промаши, Сенегал само еднаш и на крајот тие се репрезентацијата која се радува на својот прв трофеј шампион на Африка.

The post Сенегал е нов шампион на Африка appeared first on Република.

]]>