семинар Archives - Република https://republika.mk/tema/seminar/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Feb 2023 08:06:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png семинар Archives - Република https://republika.mk/tema/seminar/ 32 32 Сила од Турција и Миколај од Полска се вљубиле на Летната школа за македонски јазик во Охрид, по пет месеци се венчале https://republika.mk/vesti/kultura/sila-od-turtsija-i-mikolaj-od-polska-se-vlubile-na-letnata-shkola-za-makedonski-jazik-vo-ohrid-po-pet-mesetsi-se-venchale/ Fri, 03 Feb 2023 08:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=604084

Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска летово се запознале на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзиетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, се вљубиле и по пет месеци се венчале.

Оваа приказна ја споделуваат од МСМЈЛК, кои им посакуваат на Сила и Милокај љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да им се распламтува, а заедно со нив и нивната заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура.

Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Турција и Миколај од Полска, од две различни страни на Европа ги доведе крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Исто како и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.

Но, тие двајца почувствуваа и сфатија дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си рекоа: Те сакам! Пет месеци потоа, дури траеше Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветија вечност на нивната љубов.

Драги Сила и Миколај, ви посакуваме љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да ви се распламтуваат. А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат - срцето на Сила за Миколај, а  срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт, велат од МСМЈЛК.

Од семинарот ги очекуваат повторно, но овојпат заедно да дојдат во Охрид.

Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик, велат од МСМЈКЛ.

The post Сила од Турција и Миколај од Полска се вљубиле на Летната школа за македонски јазик во Охрид, по пет месеци се венчале appeared first on Република.

]]>

Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска летово се запознале на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзиетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, се вљубиле и по пет месеци се венчале. Оваа приказна ја споделуваат од МСМЈЛК, кои им посакуваат на Сила и Милокај љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да им се распламтува, а заедно со нив и нивната заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура. Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Турција и Миколај од Полска, од две различни страни на Европа ги доведе крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Исто како и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.
Но, тие двајца почувствуваа и сфатија дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си рекоа: Те сакам! Пет месеци потоа, дури траеше Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветија вечност на нивната љубов. Драги Сила и Миколај, ви посакуваме љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да ви се распламтуваат. А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат - срцето на Сила за Миколај, а  срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт, велат од МСМЈЛК.
Од семинарот ги очекуваат повторно, но овојпат заедно да дојдат во Охрид.
Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик, велат од МСМЈКЛ.

The post Сила од Турција и Миколај од Полска се вљубиле на Летната школа за македонски јазик во Охрид, по пет месеци се венчале appeared first on Република.

]]>