селим адеми Archives - Република https://republika.mk/tema/selim-ademi/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 15:56:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png селим адеми Archives - Република https://republika.mk/tema/selim-ademi/ 32 32 Селим Адеми и Ханиф Зендели од Судскиот совет не ги даваат клучевите од службеното „ауди“ кое го користат незаконски https://republika.mk/vesti/makedonija/selim-ademi-i-hanif-zendeli-od-sudskiot-sovet-ne-gi-davaat-kluchevite-od-sluzhbenoto-audi-koe-go-koristat-nezakonski/ Wed, 28 Feb 2024 16:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=749360

Членот на Судскиот совет Селим Адеми и актуелниот потпретседател Ханиф Зендели немаат намера да го вратат и да се откажат од службеното „ауди“ кое незаконски го користат за одење дома во Тетово и назад на работа во Скопје секој ден, објави „Сакам да кажам“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ademi-od-sudski-sovet-9-godini-vozi-sluzhbeno-audi-iako-ne-mu-sleduva/

Поради тоа, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 22 февруари донела одлука службените коли „ауди“, „опел астра“ и „голф“, по завршување на работното време и на работните обврски, задолжително да се остават на паркингот или во гаражата на Судскиот совет. И по работното време да се остават клучевите од трите службени возила во Судскиот совет.

Повеќе тука

The post Селим Адеми и Ханиф Зендели од Судскиот совет не ги даваат клучевите од службеното „ауди“ кое го користат незаконски appeared first on Република.

]]>

Членот на Судскиот совет Селим Адеми и актуелниот потпретседател Ханиф Зендели немаат намера да го вратат и да се откажат од службеното „ауди“ кое незаконски го користат за одење дома во Тетово и назад на работа во Скопје секој ден, објави „Сакам да кажам“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ademi-od-sudski-sovet-9-godini-vozi-sluzhbeno-audi-iako-ne-mu-sleduva/ Поради тоа, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 22 февруари донела одлука службените коли „ауди“, „опел астра“ и „голф“, по завршување на работното време и на работните обврски, задолжително да се остават на паркингот или во гаражата на Судскиот совет. И по работното време да се остават клучевите од трите службени возила во Судскиот совет. Повеќе тука

The post Селим Адеми и Ханиф Зендели од Судскиот совет не ги даваат клучевите од службеното „ауди“ кое го користат незаконски appeared first on Република.

]]>
Адеми од Судски совет 9 години вози службено „ауди“ иако не му следува https://republika.mk/vesti/makedonija/ademi-od-sudski-sovet-9-godini-vozi-sluzhbeno-audi-iako-ne-mu-sleduva/ Mon, 07 Aug 2023 07:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=669418

Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од „Сакам да кажам“.

Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин.

Георгиев за порталот потврди и дека годишната регистрација на возилото е на сметка на Судскиот совет.

The post Адеми од Судски совет 9 години вози службено „ауди“ иако не му следува appeared first on Република.

]]>

Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од „Сакам да кажам“. Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин. Георгиев за порталот потврди и дека годишната регистрација на возилото е на сметка на Судскиот совет.

The post Адеми од Судски совет 9 години вози службено „ауди“ иако не му следува appeared first on Република.

]]>
Со седум гласа разрешена претседателката на Судскиот Совет, Дамева https://republika.mk/vesti/makedonija/so-sedum-glasa-razreshena-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-dameva/ Wed, 26 Apr 2023 15:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=634347

Весна Дамева е разрешена од функцијата претседателка на Судскиот совет. Ова е епилогот од денешната тензична седница на Судскиот совет.

Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

„Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре, во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена“, констатира заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми.

Дамева возврати:

„Претседателот, иако е во салата, заменикот самоволно му го одзема раководењето и става точка на дневен ред. Јас сум ваш заложник и на луѓето што ви дадоа налог за седницата да се прекине“.

Писмото од амбасадорката Агелер само додаде масло на оганот кој веќе горел помеѓу членовите на Судскиот совет. Заменикот на претседателката Дамева уште на почетокот на седницата побара таа да си поднесе оставка, ако не имал план Б, да се предложи нејзино разрашување, што се реализираше. Како што обвини Селим Адеми, Дамева го блокирала изборот на судии во Апелација со непотпишување на анекс-договорот.

„Не може да се седи со сила претседател, кога мнозинството не е задоволно од работењето. Јас очекувам, Весна да постапува свесно и одговорно и да каже за мир во куќа ‘Еве јас си давам оставка’. Пак ние ќе избереме претседател. Пак од нас ќе има претседател. Добро е да биде претседател од редот на судиите. Ако не, некој ќе треба да предложи разрешување на претседателот на Судски совет“, рече Адеми.

Кавга изби и помеѓу сегашната и екс-претседателката Црвенковска, бидејќи Дамева не ги известила за писмото на Агелер членовите на Судскиот совет.

„Вашиот монолог ги заменувате тезите. Излегува дека вие сте тие што се борите на законито работење на Судскиот совет, а нас, другите челнови, нè деградирате и навредувате дека не сме за законито и совесно работење“, рече Црвенковска.

Дамева во трето лице зборуваше за себе:

„Многу сте нервозни, колеги, забележувам, очигледно Весна Дамева треба да се разреши, но Дамева не е проблемот“.

Зоран Герасимовски, ја прекина седницата на Советот:

„Ова на ништо не личи“.

Дамева додаде:

„Ви благодарам многу, ме спасивте мене, оваа одлука е противзаконска. Но, нечии желби треба да бидат исполнети. Со гласање од седум гласа, каде што нема утврдено ниту основ за разрешување ниту број на гласови со кои се носи одлуката, ме разрешуваат… “

Дамева повеќе пати спомена, но не откри кој и зошто и земал мерка за смена. Рече дека тоа се случувало последните неколку недели, поради сензитивни точки поврзани со одговорност на судии кои требало да ги стави на дневен ред и за разрешување на судии.

Во писмото на амбасадорката Агелер испратено до судските и извршни органи таа изразува загриженост и разочараност поради состојбите во судството но и корупцијата.

The post Со седум гласа разрешена претседателката на Судскиот Совет, Дамева appeared first on Република.

]]>

Весна Дамева е разрешена од функцијата претседателка на Судскиот совет. Ова е епилогот од денешната тензична седница на Судскиот совет. Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.
„Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре, во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена“, констатира заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми.
Дамева возврати:
„Претседателот, иако е во салата, заменикот самоволно му го одзема раководењето и става точка на дневен ред. Јас сум ваш заложник и на луѓето што ви дадоа налог за седницата да се прекине“.
Писмото од амбасадорката Агелер само додаде масло на оганот кој веќе горел помеѓу членовите на Судскиот совет. Заменикот на претседателката Дамева уште на почетокот на седницата побара таа да си поднесе оставка, ако не имал план Б, да се предложи нејзино разрашување, што се реализираше. Како што обвини Селим Адеми, Дамева го блокирала изборот на судии во Апелација со непотпишување на анекс-договорот.
„Не може да се седи со сила претседател, кога мнозинството не е задоволно од работењето. Јас очекувам, Весна да постапува свесно и одговорно и да каже за мир во куќа ‘Еве јас си давам оставка’. Пак ние ќе избереме претседател. Пак од нас ќе има претседател. Добро е да биде претседател од редот на судиите. Ако не, некој ќе треба да предложи разрешување на претседателот на Судски совет“, рече Адеми.
Кавга изби и помеѓу сегашната и екс-претседателката Црвенковска, бидејќи Дамева не ги известила за писмото на Агелер членовите на Судскиот совет.
„Вашиот монолог ги заменувате тезите. Излегува дека вие сте тие што се борите на законито работење на Судскиот совет, а нас, другите челнови, нè деградирате и навредувате дека не сме за законито и совесно работење“, рече Црвенковска.
Дамева во трето лице зборуваше за себе:
„Многу сте нервозни, колеги, забележувам, очигледно Весна Дамева треба да се разреши, но Дамева не е проблемот“.
Зоран Герасимовски, ја прекина седницата на Советот:
„Ова на ништо не личи“.
Дамева додаде:
„Ви благодарам многу, ме спасивте мене, оваа одлука е противзаконска. Но, нечии желби треба да бидат исполнети. Со гласање од седум гласа, каде што нема утврдено ниту основ за разрешување ниту број на гласови со кои се носи одлуката, ме разрешуваат… “
Дамева повеќе пати спомена, но не откри кој и зошто и земал мерка за смена. Рече дека тоа се случувало последните неколку недели, поради сензитивни точки поврзани со одговорност на судии кои требало да ги стави на дневен ред и за разрешување на судии. Во писмото на амбасадорката Агелер испратено до судските и извршни органи таа изразува загриженост и разочараност поради состојбите во судството но и корупцијата.

The post Со седум гласа разрешена претседателката на Судскиот Совет, Дамева appeared first on Република.

]]>