сеча Archives - Република https://republika.mk/tema/secha/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 12:00:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сеча Archives - Република https://republika.mk/tema/secha/ 32 32 Уапсени две лица затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-dve-litsa-zateknati-pri-nezakonska-secha-na-drva-za-ogrev/ Fri, 09 Aug 2024 12:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=804959

Вчера во 07 часот во село Селце, штипско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција, Регионален центар за гранични работи Југ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – СПО и Секторот за внатрешни работи Штип, во координирана акција ги лишиле од слобода 43-годишниот И.А. и 19-годишниот Е.А., двајцата од село Селце, извести МВР.

 

Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна беше зафатен со пожар на планината Серта и покрај активната забрана за движење во шума, соопшти МВР.

https://www.youtube.com/watch?v=kHEGzo6JW3A&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmtm.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ

Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Подоцна, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, била добиена наредба и бил извршен претрес во нивниот дом во с.Селце, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.

 

Исто така, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и СВР Штип бил извршен увид и била одземена документација во ЈП „Национални шуми“ – Штип.

 

По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против двете лица ќе поднесе кривична пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните активности за откривање и санкционирање на други кривични дела во врска со незаконска сеча на дрва, како и за откривање и санкционирање на лица кои предизвикуваат пожари во шумски предели, се наведува во соопштението на МВР.

 

The post Уапсени две лица затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев appeared first on Република.

]]>

Вчера во 07 часот во село Селце, штипско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција, Регионален центар за гранични работи Југ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – СПО и Секторот за внатрешни работи Штип, во координирана акција ги лишиле од слобода 43-годишниот И.А. и 19-годишниот Е.А., двајцата од село Селце, извести МВР.   Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна беше зафатен со пожар на планината Серта и покрај активната забрана за движење во шума, соопшти МВР. https://www.youtube.com/watch?v=kHEGzo6JW3A&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmtm.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Подоцна, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, била добиена наредба и бил извршен претрес во нивниот дом во с.Селце, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.   Исто така, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и СВР Штип бил извршен увид и била одземена документација во ЈП „Национални шуми“ – Штип.   По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против двете лица ќе поднесе кривична пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните активности за откривање и санкционирање на други кривични дела во врска со незаконска сеча на дрва, како и за откривање и санкционирање на лица кои предизвикуваат пожари во шумски предели, се наведува во соопштението на МВР.  

The post Уапсени две лица затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев appeared first on Република.

]]>
Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/maksimum-1-800-evra-ke-e-kaznata-za-bez-dozvola-masakriranite-stari-drvja-za-da-nikne-zgrada-na-elena-luka-vo-aerodrom/ Thu, 12 Jan 2023 13:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=596223

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром.

Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда.

Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.

Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон.
Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром. Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда. Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.
Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон. Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Спречена сечата на дрвја на „Васко Карангелески“ https://republika.mk/vesti/skopje/sprechena-sechata-na-drvja-na-vasko-karangeleski/ Thu, 14 Apr 2022 17:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=488596

СПРЕЧЕНА СЕЧАТА НА ДРВЈА НА ,,ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ”
🛣 Иако првичниот проект предвидуваше сеча на дрвјата долж улицата ,,Васко Карангелески” во Општина Аеродром, со новата реконструкција на планот за проширување на улицата се спасуваат околу 100 здрави дрвја.
🗣 Градоначалникот Тимчо Муцунски, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП ,,Паркови и зеленило” Ангеле Сотировски денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги објаснија деталните планови за промената на планот и проширувањето на улицата.
🗯 ,,Јас и градоначалничката Арсовска апсолутно сме посветени кон реализација на нашите ветувања. Ветивме дека ќе има нови сообраќајни решенија и токму тоа и го има. Дека ќе биде спасен дрворедот, апсолутно се спасува дрворедот. Според претходниот проект, требало над 100 дрвја да бидат целосно исечени, сега сите тие дрвја ќе бидат спасени”, истакна градоначалникот Муцунски.
🌳🌲🌿 Градоначалникот ја повтори заложбата на Општината за зазеленување на Аеродром и зголемување на зелените површини, истакнувајќи дека за само неколку месеци на нашата територија се засадени над 400 нови садници, информираат од Општина Аеродром.

The post Спречена сечата на дрвја на „Васко Карангелески“ appeared first on Република.

]]>

СПРЕЧЕНА СЕЧАТА НА ДРВЈА НА ,,ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ” 🛣 Иако првичниот проект предвидуваше сеча на дрвјата долж улицата ,,Васко Карангелески” во Општина Аеродром, со новата реконструкција на планот за проширување на улицата се спасуваат околу 100 здрави дрвја. 🗣 Градоначалникот Тимчо Муцунски, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП ,,Паркови и зеленило” Ангеле Сотировски денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги објаснија деталните планови за промената на планот и проширувањето на улицата. 🗯 ,,Јас и градоначалничката Арсовска апсолутно сме посветени кон реализација на нашите ветувања. Ветивме дека ќе има нови сообраќајни решенија и токму тоа и го има. Дека ќе биде спасен дрворедот, апсолутно се спасува дрворедот. Според претходниот проект, требало над 100 дрвја да бидат целосно исечени, сега сите тие дрвја ќе бидат спасени”, истакна градоначалникот Муцунски. 🌳🌲🌿 Градоначалникот ја повтори заложбата на Општината за зазеленување на Аеродром и зголемување на зелените површини, истакнувајќи дека за само неколку месеци на нашата територија се засадени над 400 нови садници, информираат од Општина Аеродром.

The post Спречена сечата на дрвја на „Васко Карангелески“ appeared first on Република.

]]>