се урна Archives - Република https://republika.mk/tema/se-urna/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 13:24:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png се урна Archives - Република https://republika.mk/tema/se-urna/ 32 32 Две деца загинаа во Неапол, а шест се под урнатините, откако се урна зграда по експлозија на гас https://republika.mk/vesti/svet/dve-detsa-zaginaa-vo-neapol-a-shest-se-pod-urnatinite-otkako-se-urna-zgrada-po-eksplozija-na-gas/ Sun, 22 Sep 2024 13:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=818739

Две деца, на возраст од четири и шест години, трагично загинаа по уривањето на зграда во Неапол, што најверојатно е предизвикано од експлозија на гас во еден од становите. Под урнатините останале уште шест лица, а на местото на несреќата се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи.

Уривањето се случило нешто по 8 часот утрово, а експлозијата се претпоставува дека била резултат на проблем со плинска боца во станот на вториот кат, каде живеела бабата на децата. Во моментот на трагедијата, во зградата имало повеќе лица, вклучувајќи семејство со три деца.

Полицијата и пожарникарите брзо реагирале и започнале со расчистување на урнатините во потрага по преживеани. По околу еден час од експлозијата, биле извлечени таткото и двегодишно дете во тешка состојба и пренесени во болница. Подоцна, спасувачите го пронашле телото на четиригодишното девојче, а потоа и телото на нејзиниот шестгодишен брат. Се уште се трага по мајката и бабата, кои живееле на вториот кат.

The post Две деца загинаа во Неапол, а шест се под урнатините, откако се урна зграда по експлозија на гас appeared first on Република.

]]>

Две деца, на возраст од четири и шест години, трагично загинаа по уривањето на зграда во Неапол, што најверојатно е предизвикано од експлозија на гас во еден од становите. Под урнатините останале уште шест лица, а на местото на несреќата се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи. Уривањето се случило нешто по 8 часот утрово, а експлозијата се претпоставува дека била резултат на проблем со плинска боца во станот на вториот кат, каде живеела бабата на децата. Во моментот на трагедијата, во зградата имало повеќе лица, вклучувајќи семејство со три деца. Полицијата и пожарникарите брзо реагирале и започнале со расчистување на урнатините во потрага по преживеани. По околу еден час од експлозијата, биле извлечени таткото и двегодишно дете во тешка состојба и пренесени во болница. Подоцна, спасувачите го пронашле телото на четиригодишното девојче, а потоа и телото на нејзиниот шестгодишен брат. Се уште се трага по мајката и бабата, кои живееле на вториот кат.

The post Две деца загинаа во Неапол, а шест се под урнатините, откако се урна зграда по експлозија на гас appeared first on Република.

]]>
Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39 https://republika.mk/vesti/balkan/vo-bugarija-se-urna-voen-trenazhen-avion-l-39-2/ Fri, 13 Sep 2024 19:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=816069

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесуваат медиумите.

За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.

Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство.

Генералот Николај Русев од бугарското воздухопловство изјави дека авионот што се урна не е од воздухопловната база.

The post Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39 appeared first on Република.

]]>

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесуваат медиумите. За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.
Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база. Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство. Генералот Николај Русев од бугарското воздухопловство изјави дека авионот што се урна не е од воздухопловната база.

The post Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39 appeared first on Република.

]]>
Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба https://republika.mk/vesti/svet/vo-drezden-nokeska-se-urna-mostot-karola-na-rekata-elba/ Wed, 11 Sep 2024 08:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=815190

Мостот Карола на реката Елба, во германскиот град Дрезден, ноќеска ненадејно се урна, по што делови од него, што го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката.

Весникот „Билд“ пренесе дека постои опасност и други делови од мостот да се урнат.

Граѓани на Дрезден утринава изјавуваат дека слушнале тресок околу три часот по полноќ.

Слушнав огромна експлозија, што ме разбуди. Не можев да видам ништо во мракот, а потоа слушнав сирени, б

Мостот Карола е еден од најважните мостови во Дрезден. Тој беше уништен во Втората светска војна и повторно изграден како автомобилски мост со четири ленти за време на Германската Демократска Република (ГДР).

Делот што сега се урна е очигледно оној што ја поврзува старата база со компонентите од ГДР.

Според Билд, три сегменти од мостот се во вода. Службите за итни случаи ја опколија целата област околу мостот Карола и самиот мост.

Добивме повик во 3:01 часот, мостот веќе беше во Елба. За чудо, никој не е повреден, изјави портпаролот на полицијата за Билд.

Службите за итни случаи претпоставуваат дека постои акутен ризик од колапс.

Очекуваме дека нови делови од мостот би можеле да се урнат, изјави утринава портпаролот на противпожарната служба на местото на настанот.

 

The post Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба appeared first on Република.

]]>

Мостот Карола на реката Елба, во германскиот град Дрезден, ноќеска ненадејно се урна, по што делови од него, што го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката. Весникот „Билд“ пренесе дека постои опасност и други делови од мостот да се урнат. Граѓани на Дрезден утринава изјавуваат дека слушнале тресок околу три часот по полноќ.
Слушнав огромна експлозија, што ме разбуди. Не можев да видам ништо во мракот, а потоа слушнав сирени, б
Мостот Карола е еден од најважните мостови во Дрезден. Тој беше уништен во Втората светска војна и повторно изграден како автомобилски мост со четири ленти за време на Германската Демократска Република (ГДР). Делот што сега се урна е очигледно оној што ја поврзува старата база со компонентите од ГДР. Според Билд, три сегменти од мостот се во вода. Службите за итни случаи ја опколија целата област околу мостот Карола и самиот мост.
Добивме повик во 3:01 часот, мостот веќе беше во Елба. За чудо, никој не е повреден, изјави портпаролот на полицијата за Билд.
Службите за итни случаи претпоставуваат дека постои акутен ризик од колапс.
Очекуваме дека нови делови од мостот би можеле да се урнат, изјави утринава портпаролот на противпожарната служба на местото на настанот.
 

The post Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба appeared first on Република.

]]>
Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот https://republika.mk/vesti/svet/helikopter-se-urna-vo-hotel-vo-avstralija-zagina-pilotot/ Mon, 12 Aug 2024 07:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=805663

Хеликоптер се урна во покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите.

Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер се урна во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението.

Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.

 

The post Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот appeared first on Република.

]]>

Хеликоптер се урна во покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите. Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер се урна во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд. Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението. Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.  

The post Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот appeared first on Република.

]]>
Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени https://republika.mk/vesti/balkan/kamera-od-avtobus-go-snimi-urivaneto-na-zgrada-vo-istanbul-edno-litse-zagina-a-osum-se-povredeni/ Sun, 02 Jun 2024 13:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=784180

Едно лице загина и осум се повредени, ова е билансот по уривањето на зграда во најголемиот турски град Истанбул кое се случи претпладнево.

Камера од автобус успеа да го фати моментот кога се сруши зградата во областа Кучукчекмеџе во Истанбул.

The post Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина и осум се повредени, ова е билансот по уривањето на зграда во најголемиот турски град Истанбул кое се случи претпладнево. Камера од автобус успеа да го фати моментот кога се сруши зградата во областа Кучукчекмеџе во Истанбул.

The post Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени appeared first on Република.

]]>
Се урна руски хеликоптер „МИ-8“ со работници во рудник, двајца загинаа https://republika.mk/vesti/svet/se-urna-ruski-helikopter-mi-8-so-rabotnitsi-vo-rudnik-dvajtsa-zaginaa/ Thu, 14 Mar 2024 08:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=754629

Најмалку две лица загинаа кога утринава се урна руски хеликоптер Ми-8 со работници во областа Магадан, соопштија од итните служби.

„Хеликоптерот Ми-8 превезуваше 20 работници од еден од рудниците во регионот Магадан. Се урна. Две лица загинаа, а судбината на другите не е позната“, соопшти службата за итни случаи.

Главните причини за несреќата се технички дефект и грешка на пилотот при тешки временски услови.

Според прелиминарните податоци, при изнесувањето на работниците во областа на несреќата имало тешки временски услови, па опремата не издржала, а се размислува и за човечкиот фактор, прецизираат од Итната помош.

 

The post Се урна руски хеликоптер „МИ-8“ со работници во рудник, двајца загинаа appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица загинаа кога утринава се урна руски хеликоптер Ми-8 со работници во областа Магадан, соопштија од итните служби. „Хеликоптерот Ми-8 превезуваше 20 работници од еден од рудниците во регионот Магадан. Се урна. Две лица загинаа, а судбината на другите не е позната“, соопшти службата за итни случаи. Главните причини за несреќата се технички дефект и грешка на пилотот при тешки временски услови. Според прелиминарните податоци, при изнесувањето на работниците во областа на несреќата имало тешки временски услови, па опремата не издржала, а се размислува и за човечкиот фактор, прецизираат од Итната помош.  

The post Се урна руски хеликоптер „МИ-8“ со работници во рудник, двајца загинаа appeared first on Република.

]]>
Се урна мост во градба во Индија, најмалку 26 загинати https://republika.mk/vesti/svet/se-urna-most-vo-gradba-vo-indija-najmalku-26-zaginati/ Wed, 23 Aug 2023 18:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=675092

Најмалку 26 работници загинаа денеска при уривање железнички мост во изградба во градот Саиранг, во државата Мизорам во северозападна Индија.

Локалната полиција соопшти дека двајца работници се повредени и дека државната железничка управа отворила истрага за несреќата, пренесува „Гардијан“.

Локалните медиуми објавија дека околу 40 работници биле на и околу градилиштето кога се урнал мостот, но полицијата соопшти дека имало 28 работници.

„Спасувачката екипа досега успеала да извлече 13 тела. Во тек се напори за извлекување на телата на преостанатите жртви“, изјави анонимен претставник на државната полиција.

The post Се урна мост во градба во Индија, најмалку 26 загинати appeared first on Република.

]]>

Најмалку 26 работници загинаа денеска при уривање железнички мост во изградба во градот Саиранг, во државата Мизорам во северозападна Индија. Локалната полиција соопшти дека двајца работници се повредени и дека државната железничка управа отворила истрага за несреќата, пренесува „Гардијан“. Локалните медиуми објавија дека околу 40 работници биле на и околу градилиштето кога се урнал мостот, но полицијата соопшти дека имало 28 работници. „Спасувачката екипа досега успеала да извлече 13 тела. Во тек се напори за извлекување на телата на преостанатите жртви“, изјави анонимен претставник на државната полиција.

The post Се урна мост во градба во Индија, најмалку 26 загинати appeared first on Република.

]]>
Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинаа https://republika.mk/vesti/svet/se-urna-bolnichki-avion-vo-amerika-pet-litsa-zaginaa/ Sat, 25 Feb 2023 12:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=613076

Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинааОбјавено пред 2 минути – 25 февруари, 2023Од Макфакс

Пет лица загинаа, меѓу кои пациент и медицински персонал, при уривање на болнички авион во американската сојузна држава Невада.

Несреќата се случила околу 21 часот и 15 минути во петокот вечерта, кога диспечерскиот центар на округот Лион почнал да добива бројни повици за можна авионска несреќа во близина на Стејџкоач, Невада, на околу 70 километри источно од Рено, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

The post Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинаа appeared first on Република.

]]>

Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинааОбјавено пред 2 минути – 25 февруари, 2023Од Макфакс Пет лица загинаа, меѓу кои пациент и медицински персонал, при уривање на болнички авион во американската сојузна држава Невада. Несреќата се случила околу 21 часот и 15 минути во петокот вечерта, кога диспечерскиот центар на округот Лион почнал да добива бројни повици за можна авионска несреќа во близина на Стејџкоач, Невада, на околу 70 километри источно од Рено, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

The post Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинаа appeared first on Република.

]]>
Дел од куќа се урна врз спасувачите додека се обидуваа да извлечат луѓе под урнатините во Турција https://republika.mk/vesti/balkan/del-od-kuka-se-urna-vrz-spasuvachite-dodeka-se-obiduvaa-da-izvlechat-luge-pod-urnatinite-vo-turtsija/ Sat, 11 Feb 2023 20:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=607873

Дел од куќа се урна врз спасувачите додека се обидуваа да извлечат луѓе под урнатините во Турција. На видеото се гледа дека затрупан останал само еден член од спасувачката екипа, кој за кратко време бил спасен од неговите колеги.

Како што известуват турските медиуми, спасувачот Батухан Туген е во добра здравствена состојба и продолжил со работа.

Спасувачките тимови во Турција и Сирија сè уште трагаат под урнатините по преживеани од катастрофалниот земјотрес во понеделникот. Бројот на загинати се смета дека надмина 25 000 , од кои 21 848 луѓе починале во Турција и пријавени 3 553 во Сирија.

https://youtu.be/MYJk_cOKxc8

The post Дел од куќа се урна врз спасувачите додека се обидуваа да извлечат луѓе под урнатините во Турција appeared first on Република.

]]>

Дел од куќа се урна врз спасувачите додека се обидуваа да извлечат луѓе под урнатините во Турција. На видеото се гледа дека затрупан останал само еден член од спасувачката екипа, кој за кратко време бил спасен од неговите колеги. Како што известуват турските медиуми, спасувачот Батухан Туген е во добра здравствена состојба и продолжил со работа. Спасувачките тимови во Турција и Сирија сè уште трагаат под урнатините по преживеани од катастрофалниот земјотрес во понеделникот. Бројот на загинати се смета дека надмина 25 000 , од кои 21 848 луѓе починале во Турција и пријавени 3 553 во Сирија. https://youtu.be/MYJk_cOKxc8

The post Дел од куќа се урна врз спасувачите додека се обидуваа да извлечат луѓе под урнатините во Турција appeared first on Република.

]]>
Изолирани Македонците во Гора откако се урна мостот на патот Кукс – Шиштевац https://republika.mk/vesti/makedonija/izolirani-makedoncite-vo-gora-otkako-se-urna-mostot-na-patot-kuks-shishtevac/ Mon, 04 Apr 2022 13:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=483158

Невремето што деновиве ја зафати Албанија услови повеќе села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот Штреза на патот Кукс-Шиштавец, пренесува весникот Македониум.

Дополнуваат дека претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокирале движењето по мостот од безбедносни причини.

Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои предизвикале ерозија. Веќе е започната процена на состојбите и експертите ќе работат на вонредно до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушево, со Косово за да дојдат до Кукс и обратно, наведува весникот.

Според истиот извор на целиот патен правец Кукс-Шиштавец има присуство на одрони од камен на коловозот.

Веста за уривање на мостот и блокираното движење ја пренесуваат и албанските медиуми.

Според Агенцијата за државни патишта мостот треба да се изгради од почеток. Во меѓувреме се размислува за отворање бајпас на стариот пат а жителите кои сакаат да го користат овој пат, треба да патуваат до граничниот премин на албанско-косовската граница Шиштевац-Крушево за потоа да продолжат по патниот правец Крушево-Драгаш-премин Морина-Кукс за да стигнат до градот или да заминат за Шиштевац, наведува Ора њуз.

Споменатиот мост е дел од патот Кукс-Шиштевац, инвестиција реализирана во 2013 година.

 

The post Изолирани Македонците во Гора откако се урна мостот на патот Кукс – Шиштевац appeared first on Република.

]]>

Невремето што деновиве ја зафати Албанија услови повеќе села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот Штреза на патот Кукс-Шиштавец, пренесува весникот Македониум. Дополнуваат дека претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокирале движењето по мостот од безбедносни причини.
Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои предизвикале ерозија. Веќе е започната процена на состојбите и експертите ќе работат на вонредно до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушево, со Косово за да дојдат до Кукс и обратно, наведува весникот.
Според истиот извор на целиот патен правец Кукс-Шиштавец има присуство на одрони од камен на коловозот. Веста за уривање на мостот и блокираното движење ја пренесуваат и албанските медиуми.
Според Агенцијата за државни патишта мостот треба да се изгради од почеток. Во меѓувреме се размислува за отворање бајпас на стариот пат а жителите кои сакаат да го користат овој пат, треба да патуваат до граничниот премин на албанско-косовската граница Шиштевац-Крушево за потоа да продолжат по патниот правец Крушево-Драгаш-премин Морина-Кукс за да стигнат до градот или да заминат за Шиштевац, наведува Ора њуз.
Споменатиот мост е дел од патот Кукс-Шиштевац, инвестиција реализирана во 2013 година.  

The post Изолирани Македонците во Гора откако се урна мостот на патот Кукс – Шиштевац appeared first on Република.

]]>