Невремето што деновиве ја зафати Албанија услови повеќе села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот Штреза на патот Кукс-Шиштавец, пренесува весникот Македониум.

Дополнуваат дека претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокирале движењето по мостот од безбедносни причини.

Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои предизвикале ерозија. Веќе е започната процена на состојбите и експертите ќе работат на вонредно до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушево, со Косово за да дојдат до Кукс и обратно, наведува весникот.

Според истиот извор на целиот патен правец Кукс-Шиштавец има присуство на одрони од камен на коловозот.

Веста за уривање на мостот и блокираното движење ја пренесуваат и албанските медиуми.

Според Агенцијата за државни патишта мостот треба да се изгради од почеток. Во меѓувреме се размислува за отворање бајпас на стариот пат а жителите кои сакаат да го користат овој пат, треба да патуваат до граничниот премин на албанско-косовската граница Шиштевац-Крушево за потоа да продолжат по патниот правец Крушево-Драгаш-премин Морина-Кукс за да стигнат до градот или да заминат за Шиштевац, наведува Ора њуз.

Споменатиот мост е дел од патот Кукс-Шиштевац, инвестиција реализирана во 2013 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.