Сара Мишел-Гелар Archives - Република https://republika.mk/tema/sara-mishel-gelar/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Oct 2022 08:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сара Мишел-Гелар Archives - Република https://republika.mk/tema/sara-mishel-gelar/ 32 32 Сара Мишел-Гелар: Не им дозволуваме на децата да користат Фејсбук https://republika.mk/scena/estrada/sara-mishel-gelar-ne-im-dozvoluvame-na-decata-da-koristat-fejsbuk/ Tue, 04 Oct 2022 08:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=557116

Сара Мишел-Гелар, можеби најпозната по хорор-хитовите од предминатото десетлетие, во интервју за порталот „Јаху“ говореше за предизвиците со коишто се соочува како мајка. Таа особено ги коментираше социјалните мрежи и влијанието што тие го имаат врз децата денес…

Глумицата и нејзиниот сопруг, Фреди Принц Џуниор, имаат 13-годишна ќерка, Шарлот и 10-годишен син, Роки. Како што тврди строгата мајка, како родители на децата едвај им дозволуваат да погледнат на тој интернет-простор, а не пак да имаат свои профили и да минуваат време таму како и другите деца.

Нашите правила се веројатно построги од оние на многу други родители. Нашите деца немаат профили на социјалните мрежи. Понекогаш им е дозволено да ги погледнат нашите мобилни телефони. Често ни велат дека сме најстрогите родители на светот, а ние им велиме дека и онака секогаш нам ќе ни се враќаат - раскажува Мишел-Гелар.

Таа истакнува дека користењето на социјалните мрежи на таа возраст е исто како петгодишно дете да стави тетоважа од омилената цртанка на лицето.

На таа возраст, на пр. нема ништо подобро од „Патролата Шепа“ (Paw Patrol – популарна детска цртана серија во САД, з.п.). И тогаш стигнувате до таа возраст – 10 или 13, и сè уште имате тетоважа од ликовите – но тоа веќе не сте вие. Тешко е за децата да го разберат тоа. Децата треба да знаат кои се нивните граници – тие најдобро се развиваат во такви околност - вели глумицата.

Мишел-Гелар нагласува дека тоа не значи дека се злобни или непотребно строги родители, но – мора да има јасни правила.

The post Сара Мишел-Гелар: Не им дозволуваме на децата да користат Фејсбук appeared first on Република.

]]>

Сара Мишел-Гелар, можеби најпозната по хорор-хитовите од предминатото десетлетие, во интервју за порталот „Јаху“ говореше за предизвиците со коишто се соочува како мајка. Таа особено ги коментираше социјалните мрежи и влијанието што тие го имаат врз децата денес… Глумицата и нејзиниот сопруг, Фреди Принц Џуниор, имаат 13-годишна ќерка, Шарлот и 10-годишен син, Роки. Како што тврди строгата мајка, како родители на децата едвај им дозволуваат да погледнат на тој интернет-простор, а не пак да имаат свои профили и да минуваат време таму како и другите деца.