Санде Стојчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/sande-stojchevski/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 14:34:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Санде Стојчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/sande-stojchevski/ 32 32 „Полица“ издаде собрани есеи, критики и разговори од Санде Стојчевски https://republika.mk/vesti/kultura/politsa-izdade-sobrani-esei-kritiki-i-razgovori-od-sande-stojchevski/ Tue, 24 Sep 2024 14:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=819331

За книжевноста треба да се пишува, за книжевноста треба да се зборува. Токму тоа го прави Санде Стојчевски во својата нова книга, која овие денови се појави во издание на издавачката куќа „Полица“.

Во неа, соопшти денеска „Полица“, нашиот поет и долгогодишен книжевен деец, на едно место ги има сместено критичките осврти што тој ги има пишувано изминатите години, а кои се однесуваат на поетски дела на Чедо Јакимовски, Ристо Василевски, Ристо Лазаров, Славе Ѓорго Димоски, Славчо Ковилоски, Елена Пренџова, Стефан Марковски и Павлина Атанасова; проза на Митко Маџунков, Билјана Станковска, Душан Стојковиќ или на научната студија на Иван Антоновски.

На критичките осврти им претходат два есеја за моќта на песната, а во третиот дел од книгата се сместени разговорите, односно интервјуата што низ годините со Стојчевски ги правеле бројни новинари, на бројни медиуми.

Санде Стојчевски  е роден на 16 септември 1948 година во с. Студена Бара, Кумановско, 16.9.1948 година е поет, литературен критичар, есеист, антологичар, полемичар и преведувач. Автор е на 20 поетски збирки, како и на 18 книги со поетички текстови, есеи, критики и полемики. Објавени се и неколку избори од неговата поезија и есеистика во Македонија, потоа избрани дела во шест тома, како и десет поетски избори на странски јазици. Составил девет антологии на македонската поезија и критика. Добитник е на сите позначајни домашните награди за поезија и за критика во РСМ и на неколку меѓународни награди за поезија. Носител е и на државната награда за животно дело „Св. Климент Охридски“, како и на наградата „Книжевен жезол“ на ДПМ.

The post „Полица“ издаде собрани есеи, критики и разговори од Санде Стојчевски appeared first on Република.

]]>

За книжевноста треба да се пишува, за книжевноста треба да се зборува. Токму тоа го прави Санде Стојчевски во својата нова книга, која овие денови се појави во издание на издавачката куќа „Полица“. Во неа, соопшти денеска „Полица“, нашиот поет и долгогодишен книжевен деец, на едно место ги има сместено критичките осврти што тој ги има пишувано изминатите години, а кои се однесуваат на поетски дела на Чедо Јакимовски, Ристо Василевски, Ристо Лазаров, Славе Ѓорго Димоски, Славчо Ковилоски, Елена Пренџова, Стефан Марковски и Павлина Атанасова; проза на Митко Маџунков, Билјана Станковска, Душан Стојковиќ или на научната студија на Иван Антоновски. На критичките осврти им претходат два есеја за моќта на песната, а во третиот дел од книгата се сместени разговорите, односно интервјуата што низ годините со Стојчевски ги правеле бројни новинари, на бројни медиуми. Санде Стојчевски  е роден на 16 септември 1948 година во с. Студена Бара, Кумановско, 16.9.1948 година е поет, литературен критичар, есеист, антологичар, полемичар и преведувач. Автор е на 20 поетски збирки, како и на 18 книги со поетички текстови, есеи, критики и полемики. Објавени се и неколку избори од неговата поезија и есеистика во Македонија, потоа избрани дела во шест тома, како и десет поетски избори на странски јазици. Составил девет антологии на македонската поезија и критика. Добитник е на сите позначајни домашните награди за поезија и за критика во РСМ и на неколку меѓународни награди за поезија. Носител е и на државната награда за животно дело „Св. Климент Охридски“, како и на наградата „Книжевен жезол“ на ДПМ.

The post „Полица“ издаде собрани есеи, критики и разговори од Санде Стојчевски appeared first on Република.

]]>
„Нè чека пат“ – нова книга поезија од Санде Стојчевски https://republika.mk/vesti/kultura/ne-cheka-pat-nova-kniga-poezija-od-sande-stojchevski/ Tue, 27 Jun 2023 15:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=655727

„Нè чека пат“ е насловот на најновата поетска книга од современиот македонски поет и литературен критичар Санде Стојчевски која излезе деновиве од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје.

Поетот, критичарот и есеистот Санде Стојчевски, како што наведува издавачот, е препознатлив со исклучителна творечка посветеност, која се открива како вистинска опсесија со текстот. Тој е осведочен лиричар, но и компетентен промислувач на уметноста на зборот, па оттука неговите книги се одликуваат со едно вдахнато поткревање на текстот и со негова нагласена лирска интонација. Во рамките на лирските слоеви тој вградува поетички елементи, збогатувајќи ги на тој начин опсегот и волуменот на лирската структура.

-Ова се квалитети и својства и на неговата најнова книга. Станува збор за едно ново, лирски поткренато и неотстапно навраќање на неговите, веќе со години прокламирани и аргументирани разбирања на природата на лирската песна, овојпат преку степенување на пристапот, преку проверка низ конкретна лирска пракса и преку очигледна потрага и преиспитување на формулите и патиштата што би можеле да водат кон творечка реализација на пев кој се доближува до атрибутите на поетска структура со елементи на врховност. Со други зборови, песните во најновата книга на Стојчевски се чекори, скали, степени на присност со визијата за песна што би се одликувала со полнота, со нагласен копнеж по неможност од инаков пев, се наведува за новата книга поезија на Стојчевски.

Изданието финансиски е помогнато од Министерството за култура.

 

The post „Нè чека пат“ – нова книга поезија од Санде Стојчевски appeared first on Република.

]]>

„Нè чека пат“ е насловот на најновата поетска книга од современиот македонски поет и литературен критичар Санде Стојчевски која излезе деновиве од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје. Поетот, критичарот и есеистот Санде Стојчевски, како што наведува издавачот, е препознатлив со исклучителна творечка посветеност, која се открива како вистинска опсесија со текстот. Тој е осведочен лиричар, но и компетентен промислувач на уметноста на зборот, па оттука неговите книги се одликуваат со едно вдахнато поткревање на текстот и со негова нагласена лирска интонација. Во рамките на лирските слоеви тој вградува поетички елементи, збогатувајќи ги на тој начин опсегот и волуменот на лирската структура. -Ова се квалитети и својства и на неговата најнова книга. Станува збор за едно ново, лирски поткренато и неотстапно навраќање на неговите, веќе со години прокламирани и аргументирани разбирања на природата на лирската песна, овојпат преку степенување на пристапот, преку проверка низ конкретна лирска пракса и преку очигледна потрага и преиспитување на формулите и патиштата што би можеле да водат кон творечка реализација на пев кој се доближува до атрибутите на поетска структура со елементи на врховност. Со други зборови, песните во најновата книга на Стојчевски се чекори, скали, степени на присност со визијата за песна што би се одликувала со полнота, со нагласен копнеж по неможност од инаков пев, се наведува за новата книга поезија на Стојчевски. Изданието финансиски е помогнато од Министерството за култура.  

The post „Нè чека пат“ – нова книга поезија од Санде Стојчевски appeared first on Република.

]]>