Самит на ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/samit-na-eu/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 14:56:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Самит на ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/samit-na-eu/ 32 32 Бугарскиот премиер ќе бара во заклучоците од Самитот на ЕУ да има и текст за Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-premier-ke-bara-vo-zakluchotsite-od-samitot-na-eu-da-ima-i-tekst-za-makedonija/ Thu, 27 Jun 2024 19:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=791402

Бугарија, според соопштението од бугарската влада, ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Македонија.

Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Според бугарскиот премиер, важно е да се напомене дека имплементацијата на сите договори и заложби, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни за понатамошен напредок.

Најавата за позицијата на Софија што премиерот Главчев планира да ја презентира на самитот во Брисел денеска и утре, доаѓа по размената на ставови меѓу новата македонска влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски и дел од раковoдството и главните политички актери во Бугарија околу Преговарачката рамка и како понатаму на патот на земјава кон ЕУ

The post Бугарскиот премиер ќе бара во заклучоците од Самитот на ЕУ да има и текст за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарија, според соопштението од бугарската влада, ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Македонија. Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција. Според бугарскиот премиер, важно е да се напомене дека имплементацијата на сите договори и заложби, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни за понатамошен напредок. Најавата за позицијата на Софија што премиерот Главчев планира да ја презентира на самитот во Брисел денеска и утре, доаѓа по размената на ставови меѓу новата македонска влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски и дел од раковoдството и главните политички актери во Бугарија околу Преговарачката рамка и како понатаму на патот на земјава кон ЕУ  

The post Бугарскиот премиер ќе бара во заклучоците од Самитот на ЕУ да има и текст за Македонија appeared first on Република.

]]>
Зеленски ќе учествува в четврток на самитот на лидерите на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ke-uchestvuva-v-chetvrtok-na-samitot-na-liderite-na-eu/ Mon, 24 Jun 2024 16:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=790396

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да присуствува на првиот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел в четврток, изјави претставник на ЕУ за Политико.

Кабинетот на украинскиот претседател не ги потврди плановите за патување на Зеленски,поради безбедносни причини. Присуството на Зеленски во Брисел ќе биде поврзано со неколку европски иницијативи за Украина, вклучително и официјалниот почеток на преговорите за пристап во ЕУ што треба да започнат утре.

The post Зеленски ќе учествува в четврток на самитот на лидерите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да присуствува на првиот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел в четврток, изјави претставник на ЕУ за Политико. Кабинетот на украинскиот претседател не ги потврди плановите за патување на Зеленски,поради безбедносни причини. Присуството на Зеленски во Брисел ќе биде поврзано со неколку европски иницијативи за Украина, вклучително и официјалниот почеток на преговорите за пристап во ЕУ што треба да започнат утре.

The post Зеленски ќе учествува в четврток на самитот на лидерите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Самит на ЕУ: Европските лидери заинтересирани само за Украина, Балканот споменат колку да се рече https://republika.mk/vesti/svet/samit-na-eu-evropskite-lideri-zainteresirani-samo-za-ukraina-balkanot-spomenat-kolku-da-se-reche/ Thu, 14 Dec 2023 07:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=722723

Политиката на проширување на ЕУ, вклучително и процесот на стабилизација и асоцијација, најновите случувања со руската агресија врз Украина и континуираната поддршка на Унијата за земјата и украинскиот народ, ситуацијата на Блискиот Исток и предложената ревизија на повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на ЕУ што почнува денеска во Брисел.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, лидерите на ЕУ ќе направат преглед за напредокот во спроведувањето на претходните заклучоци поврзани за безбедноста и одбраната и ќе дадат дополнителни насоки во тој сектор, а ќе дискутираат и за конкретни прашања поврзани со надворешната политика на Унијата.

Во поканата упатена до шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочува дека стартот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година означи пресвртница во историјата на Европа, потсетувајќи дека од избувнувањето на војната Унијата донесе голем број одлуки без преседан за поддршка на Украина и зајакнување на суверенитетот на Европа.

- Деветнаесет месеци подоцна, повторно се соочуваме со потребата да донесеме храбри одлуки. Тие бараат нашата колективна сила и решителност, и смелост да ги направиме вистинските избори. Треба да ги исполниме нашите заложби за Украина и да продолжиме да бидеме сигурен и силен партнер. Мора да и обезбедиме на Украина континуирана и одржлива политичка, финансиска и воена поддршка и особено да постигнеме договор за обезбедување 50 милијарди евра за нејзината долгорочна стабилност. Ние, исто така, треба да се согласиме да ги отвориме пристапните преговори со Украина, а со тоа да и дадеме неопходен сигнал и да ја доближиме до нашето европско семејство, наведува Мишел.

Според него, лидерите ќе треба да донесат и „значајни одлуки“ за другите аспиранти за членство во ЕУ, додека паралелно Унијата работи на тоа да се прилагоди за иднината и да биде подготвена за прием на нови членки.

The post Самит на ЕУ: Европските лидери заинтересирани само за Украина, Балканот споменат колку да се рече appeared first on Република.

]]>

Политиката на проширување на ЕУ, вклучително и процесот на стабилизација и асоцијација, најновите случувања со руската агресија врз Украина и континуираната поддршка на Унијата за земјата и украинскиот народ, ситуацијата на Блискиот Исток и предложената ревизија на повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на ЕУ што почнува денеска во Брисел. Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, лидерите на ЕУ ќе направат преглед за напредокот во спроведувањето на претходните заклучоци поврзани за безбедноста и одбраната и ќе дадат дополнителни насоки во тој сектор, а ќе дискутираат и за конкретни прашања поврзани со надворешната политика на Унијата. Во поканата упатена до шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочува дека стартот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година означи пресвртница во историјата на Европа, потсетувајќи дека од избувнувањето на војната Унијата донесе голем број одлуки без преседан за поддршка на Украина и зајакнување на суверенитетот на Европа.
- Деветнаесет месеци подоцна, повторно се соочуваме со потребата да донесеме храбри одлуки. Тие бараат нашата колективна сила и решителност, и смелост да ги направиме вистинските избори. Треба да ги исполниме нашите заложби за Украина и да продолжиме да бидеме сигурен и силен партнер. Мора да и обезбедиме на Украина континуирана и одржлива политичка, финансиска и воена поддршка и особено да постигнеме договор за обезбедување 50 милијарди евра за нејзината долгорочна стабилност. Ние, исто така, треба да се согласиме да ги отвориме пристапните преговори со Украина, а со тоа да и дадеме неопходен сигнал и да ја доближиме до нашето европско семејство, наведува Мишел.
Според него, лидерите ќе треба да донесат и „значајни одлуки“ за другите аспиранти за членство во ЕУ, додека паралелно Унијата работи на тоа да се прилагоди за иднината и да биде подготвена за прием на нови членки.

The post Самит на ЕУ: Европските лидери заинтересирани само за Украина, Балканот споменат колку да се рече appeared first on Република.

]]>
Самитот за Западен Балкан без присуство на Ковачевски, Вучиќ и Рама? https://republika.mk/vesti/makedonija/samitot-za-zapaden-balkan-bez-prisustvo-na-kovachevski-vuchikj-i-rama/ Mon, 20 Jun 2022 20:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=517797

Српскиот претседател Александар Вучиќ навестува дека е можно лидерите на земјите од Западниот Балкан да не учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Брисел на 23 јуни. Тој обелоденува дека заедно со колегите од регионот градат став за тоа дали воопшто ќе се патува во Брисел.

Добив официјална покана да присуствувам на состанокот во четврток. Ќе почекам да направиме консултации во рамки на Отворен Балкан, со господин Рама и со господин Ковачевски. Ќе ја консултирам и Владата. Потоа ќе донесеме одлука, дали ќе одиме во Брисел и која ќе биде нашата позиција. Можам да Ви кажам сега што мислам јас, но тоа нема да го сторам пред да се посоветувам со членовите на Владата, а сакам да го чујам и мислењето и на лидерите од Западниот Балкан, да ја видам и чујам нивната позиција, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој потенцира дека четврток е исклучително важен ден, бидејќи врз основа на тоа што евентуално ќе се случува на Самитот, ќе може да се види каква ќе биде архитектурата во Европа.

Тоа ќе биде можеби најинтересниот ден во последните десет години во Европа, на европско ниво. Не за нас интерно, ама на европско ниво, секако. Можеби најинтересниот ден. Потоа ќе видиме каква ќе биде архитектурата на Европа, ќе можеме да разбереме што не очекува и ќе можеме да го видиме своето место или подобро да го разбереме своето место. Не потценувајќи се себеси, но и не преценувајќи ги ниту нив, ниту нас, рече Вучиќ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ Телма, прашан дали Ковачевски ќе оди на Самитот во Брисел рече дека за тоа одлука утре ќе донесе Владата.

Утре имаме седница. Таа ќе даде му мандат на нашиот премиер за да присуствува или не присуствува. Така што таа одлука, се разбира, ќе биде донесена утре. Не сакам да прејудицирам, чисто кажувам која е формата на таквите посети, рече Османи.

https://youtu.be/8JOQKED35wM

The post Самитот за Западен Балкан без присуство на Ковачевски, Вучиќ и Рама? appeared first on Република.