сајбер насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/sajber-nasilstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 14:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајбер насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/sajber-nasilstvo/ 32 32 50 отсто од средношколците се жртви на сајбер насилство, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ https://republika.mk/vesti/makedonija/50-otsto-od-srednoshkoltsite-se-zhrtvi-na-sajber-nasilstvo-a-polovina-od-niv-poradi-strav-ne-go-prijavuvaat-pokazha-istrazhuvaneto-na-analitika/ Thu, 29 Feb 2024 14:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=749677

Сајбер насилството погодува 50 отсто од средношколците во Македонија, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ тинк-тенк.

Под работниот наслов „Дигитализацијата и сајбер безбедноста, сегашноста и иднината на учениците" денеска Аналитика тинк-тенк ги презентираше резултатите од анализата за состојбата со сајбер безбедноста во образовниот систем во Македонија.

Тамара Мијовиќ Спасова, извршен директор на „Аналитика“ го отвори денешниот настан потенцирајќи дека социјалниот живот на младите е префрлен на социјалните мрежи, но тие во голема мера не се свесни за ризиците на интернет како cajбер булингот, споделување на приватни податоци, како и дека еднаш објавена содржина на интернет останува засекогаш во сајбер просторот.

[caption id="attachment_749689" align="alignnone" width="2560"] фото: Аналитика[/caption]

Маја Христовска од „Аналитика“ ги презентираше резултатите од истражувањето.

Сајбер насилството погодува 50% од средношколците во Македонија, додека 39,1% од анкетираните се соочиле со сајбер насилство повеќе од двапати. Најголем дел од учениците односно 65,5% се изјаснуваат дека имаат потреба од доедукација за сајбер безбедност, бидејќи сметаат дека немаат доволно знаење за заштита од хакерски напади и пробивање на личните податоци. Загрижувачки 28,5% од оние кои се соочиле со сајбер насилство не го пријавиле, што укажува на распространет страв меѓу жртвите“, вели Христовска.

Според Спасова, ваква реалност, станува императив учениците да ги опремиме со знаење и вештини за безбедна навигација низ дигиталниот свет.

„Проектот за сајбер булинг е посебен пред се поради фактот што преку него директно се обучија 50 ученици и 15 професори со техники и вештини за безбедно користење на интернетот и другите дигитални технологии како и за спроведување на иновативни програми во училиштата фокусирани на сајбер безбедноста на младите. Ваквиот пристап на директна комуникација и едукација на сите чинители во образовниот процес се покажа како многу ефективен.

Затоа за училиштата поддршката од градоначалниците и нивните иницијативи кои се насочени кон борбата против сајбер насилството е клучна за заштита на нашата младина. Ако сакаме да постигнеме вистински напредок во ова, од суштинско значење се континуираните работилници, обуки за препознавање и заштита од сајбер нападите, изјави Спасова.

Меѓуврсничкото насилство започнува уште во основните училишта. Затоа „Аналитика“ публикуваше прирачник за сајбер безбедност наменет за наставниот кадар, учениците и родителите како и мобилна апликација со едукативен и информативен карактер од областа на сајбер безбедноста која е веќе поставена на Play Store. Локалните самоуправи се неминовна алка во целиот процес на заштита од сајбер булинг.

Градоначалникот на Општина Центар и директорот на ООУ „Браќа Рамиз“ од Шуто Оризари зборуваа што се презема во основните училишта во овие општини со цел да се заштитат децата од оваа појава.

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар смета дека овие појави бараат сериозен пристап од повеќе страни но најпрво од дома и стручните соработници во училиштата.

Борбата со булингот мора да биде заедничка и единствено како таква ќе се намали и спречи. Во сите осум наши училишта особено изминатата година имавме навистина многу работилници, обуки и предавања од психолози, педагози, претставници од Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и неколку невладини организации со цел учениците да го препознаат булингот, а наставниците и стручниот кадар да научат како да постапат за да го спречат“, изјави Герасимовски.

Алвин Салимовски, директор на ООУ „Браќа Рамиз“ потенцираше дека бројките од истражувањето кое го направи „Аналитика“ тинк тенк се разочарувачки и затоа заштитата на учениците од потенцијалните ризици е исклучително важна.

Од обуките кои се реализираа во нашето училиште се забележува дека учениците и не се толку не информирани, обучувачите практично работеа директно на нивните мобилни телефони и им кажаа какви заштита треба да стават и беа изненадени дел од ученците веќе имаат заштита. Но сепак недостасува континуирана обука не само за учениците туку и на наставници за препознавање на сајбер безбедноста“, рече Салимовски.

Емилија Петрушевска, педагог во ООУ „Шаип Јусуф“, смета дека наставниот кадар има потреба од континуирани обуки но и од надворешни стручни лица кои ќе допринесат во постојното усовршување на наставниците.

Во рамки на настанот се одржа форум Театар со учество на учениците од училиштата учесници во проектот. Истражувањето кое го презентираше Аналитика беше спроведено во август минатата година на репрезентативен примерок од 313 ученици од три училишта во град Скопје.

Проектот е поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија и има за цел да ја процени примената на механизми и методи за сајбер безбедност кај младите и да идентификува колку учениците се информирани за опасностите кои постојат на сајбер просторот.

The post 50 отсто од средношколците се жртви на сајбер насилство, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ appeared first on Република.

]]>

Сајбер насилството погодува 50 отсто од средношколците во Македонија, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ тинк-тенк. Под работниот наслов „Дигитализацијата и сајбер безбедноста, сегашноста и иднината на учениците" денеска Аналитика тинк-тенк ги презентираше резултатите од анализата за состојбата со сајбер безбедноста во образовниот систем во Македонија. Тамара Мијовиќ Спасова, извршен директор на „Аналитика“ го отвори денешниот настан потенцирајќи дека социјалниот живот на младите е префрлен на социјалните мрежи, но тие во голема мера не се свесни за ризиците на интернет како cajбер булингот, споделување на приватни податоци, како и дека еднаш објавена содржина на интернет останува засекогаш во сајбер просторот. [caption id="attachment_749689" align="alignnone" width="2560"] фото: Аналитика[/caption] Маја Христовска од „Аналитика“ ги презентираше резултатите од истражувањето.
Сајбер насилството погодува 50% од средношколците во Македонија, додека 39,1% од анкетираните се соочиле со сајбер насилство повеќе од двапати. Најголем дел од учениците односно 65,5% се изјаснуваат дека имаат потреба од доедукација за сајбер безбедност, бидејќи сметаат дека немаат доволно знаење за заштита од хакерски напади и пробивање на личните податоци. Загрижувачки 28,5% од оние кои се соочиле со сајбер насилство не го пријавиле, што укажува на распространет страв меѓу жртвите“, вели Христовска.
Според Спасова, ваква реалност, станува императив учениците да ги опремиме со знаење и вештини за безбедна навигација низ дигиталниот свет. „Проектот за сајбер булинг е посебен пред се поради фактот што преку него директно се обучија 50 ученици и 15 професори со техники и вештини за безбедно користење на интернетот и другите дигитални технологии како и за спроведување на иновативни програми во училиштата фокусирани на сајбер безбедноста на младите. Ваквиот пристап на директна комуникација и едукација на сите чинители во образовниот процес се покажа како многу ефективен.
Затоа за училиштата поддршката од градоначалниците и нивните иницијативи кои се насочени кон борбата против сајбер насилството е клучна за заштита на нашата младина. Ако сакаме да постигнеме вистински напредок во ова, од суштинско значење се континуираните работилници, обуки за препознавање и заштита од сајбер нападите, изјави Спасова.
Меѓуврсничкото насилство започнува уште во основните училишта. Затоа „Аналитика“ публикуваше прирачник за сајбер безбедност наменет за наставниот кадар, учениците и родителите како и мобилна апликација со едукативен и информативен карактер од областа на сајбер безбедноста која е веќе поставена на Play Store. Локалните самоуправи се неминовна алка во целиот процес на заштита од сајбер булинг. Градоначалникот на Општина Центар и директорот на ООУ „Браќа Рамиз“ од Шуто Оризари зборуваа што се презема во основните училишта во овие општини со цел да се заштитат децата од оваа појава. Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар смета дека овие појави бараат сериозен пристап од повеќе страни но најпрво од дома и стручните соработници во училиштата.
Борбата со булингот мора да биде заедничка и единствено како таква ќе се намали и спречи. Во сите осум наши училишта особено изминатата година имавме навистина многу работилници, обуки и предавања од психолози, педагози, претставници од Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и неколку невладини организации со цел учениците да го препознаат булингот, а наставниците и стручниот кадар да научат како да постапат за да го спречат“, изјави Герасимовски.
Алвин Салимовски, директор на ООУ „Браќа Рамиз“ потенцираше дека бројките од истражувањето кое го направи „Аналитика“ тинк тенк се разочарувачки и затоа заштитата на учениците од потенцијалните ризици е исклучително важна.
Од обуките кои се реализираа во нашето училиште се забележува дека учениците и не се толку не информирани, обучувачите практично работеа директно на нивните мобилни телефони и им кажаа какви заштита треба да стават и беа изненадени дел од ученците веќе имаат заштита. Но сепак недостасува континуирана обука не само за учениците туку и на наставници за препознавање на сајбер безбедноста“, рече Салимовски.
Емилија Петрушевска, педагог во ООУ „Шаип Јусуф“, смета дека наставниот кадар има потреба од континуирани обуки но и од надворешни стручни лица кои ќе допринесат во постојното усовршување на наставниците. Во рамки на настанот се одржа форум Театар со учество на учениците од училиштата учесници во проектот. Истражувањето кое го презентираше Аналитика беше спроведено во август минатата година на репрезентативен примерок од 313 ученици од три училишта во град Скопје. Проектот е поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија и има за цел да ја процени примената на механизми и методи за сајбер безбедност кај младите и да идентификува колку учениците се информирани за опасностите кои постојат на сајбер просторот.

The post 50 отсто од средношколците се жртви на сајбер насилство, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ appeared first on Република.

]]>
Тинк Тенк Аналитика: 77,5 отсто од учениците поминуваат три до четири часа дневно на социјалните мрежи каде се изложени на сајбер насилство https://republika.mk/zivot/kariera/tink-tenk-analitika-77-5-otsto-od-uchenitsite-pominuvaat-tri-do-chetiri-chasa-dnevno-na-sotsijalnite-mrezhi-kade-se-izlozheni-na-sajber-nasilstvo/ Wed, 21 Feb 2024 19:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=746730

Тинк Тенк Аналитика денеска ги презентираше анализите од истражувањето за „Сајбер безбедност за младите: Зголемување на свеста и унапредување на знаењата на младите и наставниците за сајбер насилството“ кој е подржан од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Македонија.

Истражувањето покажува дека 84% од учениците поминуваат три до четири часа на интернет секојдневно. Вкупно 77.5% од нив тоа време го поминуваат на социјалните мрежи (Фејсбук, инстаграм (74%) ,ТикТок (68.2%) и Снепчет (67.7%).

Само 14 отсто од испитаниците присуствувале на работилници наменети за безбедно користење на сајбер просторот, додека останатите се изјасниле дека во нивните училишта не се одржуваат вакви работилници или дека не се информирани за тоа. 62.2 % од нив сметаат дека е многу важно постоењето на неформални врснички клубови во нивните училишта преку кои ќе се врши едукација за сајбер безбедност со цел подобрување на училишната клима и справување со насилството.

Анализата која ја изработи „Тинк Тенк Аналитика“ се темели на истражување спроведено во септември 2023 година на репрезентативен примерок од 507 испитаници, ученици од три средни училишта на Град Скопје и две основни училишта од Општина Карпош.

Во своето истражување „Аналитика“ наведува дека речиси половина од вкупниот број анкетирани ученици односно 46,5% биле жртви на сајбер булинг или биле сведоци на истото, а дури 70% сметаат дека треба да се подигне свеста за овој проблем.

Тамара Спасова, Извршен директор на Аналитика наведува дека иако интернетот е извонредна алатка за комуникација и учење таа носи свои ризици и опасности, особено кога станува збор за сајбер-насилството.

Статистиката од нашето истражување покажува дека 84% од студентите поминуваат повеќе од 3 до 4 часа онлајн секој ден, а значителен дел од тоа време го посветуваат на Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat. Токму на овие платформи тие се најчесто изложени на сајбер насилство и вознемирување. Затоа мора заедно да ја подигнеме свеста за сајбер насилството и воведеме нови методи за справување со истото. Сепак драго ми е што учениците се свесни за проблемот и дури 70% од нив сметаат сајбер насилството не е проблем само на децата во училиштата. Тоа е проблем кој не засега сите нас и има далекусежни негативни последици на општеството. Тоа не познава граници на пол, верска и етничка припадност. Ова се универзални предизвици кои бараат наше колективно внимание и усогласена акција“, потенцира Спасова.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој е на врвот на пирамидата во изнаоѓањето начини и методи на делување и нивно спроведување со цел намалување на сајбер насилството појасни дека преку програмата за стручно усовршување на наставниците, министерството континуирано спроведува обуки за наставници и стручни соработници во училиштата.

Амбасадата на Канада е неизмерно горда што е поврзана со овој проект, финансиран од „Канадски фонд за локални иницијативи“ затоа што овие анализи се темелот на изготвувањето мерки за намалување на која ја носи сајбер булингот, рече заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Канада Дејвид Морган.

Не можеме да ги вратиме социјалните медиуми во нивните кутии но, можеме и мораме да се обидеме да ја ограничиме штетата која може да ја направат на достоинството, честа, умот, имагинацијата и психата на оние кои се под негово влијание. Имаме должност како родители, наставници, граѓани и законодавци да се обидеме да ја поправиме рамнотежата, да ги заштитиме и обезбедиме алатки на оние на кои инаку би можеле да им го нарушат животот од анонимни кукавици и предатори“, истакна Морган.

Маја Христовска, проектниот експерт на Тинк Тенк Аналитика пак ја презентираше анализата која говори дека единствено отворената комуникација дома и со стручните служби во училиштето се позитивниот резултат за надминување на сајбер булингот.

70,7% од учениците сметаат дека свеста во општеството и нивната средина во врска со сајбер насилството е ниска и просечна. Позитивен е фактот дека 72% од учениците се изјасниле дека би побарале помош побарале од стручна служба, класен раководител или од самите родители. Ова укажува дека сепак отворената комуникација меѓу родителите и децата, или пак помеѓу наставниците (класниот раководител) и децата е позитивен знак или клучно решение во справувањето со каков било вид на врсничко насилство“, рече Христовска.

The post Тинк Тенк Аналитика: 77,5 отсто од учениците поминуваат три до четири часа дневно на социјалните мрежи каде се изложени на сајбер насилство appeared first on Република.

]]>

Тинк Тенк Аналитика денеска ги презентираше анализите од истражувањето за „Сајбер безбедност за младите: Зголемување на свеста и унапредување на знаењата на младите и наставниците за сајбер насилството“ кој е подржан од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Македонија. Истражувањето покажува дека 84% од учениците поминуваат три до четири часа на интернет секојдневно. Вкупно 77.5% од нив тоа време го поминуваат на социјалните мрежи (Фејсбук, инстаграм (74%) ,ТикТок (68.2%) и Снепчет (67.7%). Само 14 отсто од испитаниците присуствувале на работилници наменети за безбедно користење на сајбер просторот, додека останатите се изјасниле дека во нивните училишта не се одржуваат вакви работилници или дека не се информирани за тоа. 62.2 % од нив сметаат дека е многу важно постоењето на неформални врснички клубови во нивните училишта преку кои ќе се врши едукација за сајбер безбедност со цел подобрување на училишната клима и справување со насилството. Анализата која ја изработи „Тинк Тенк Аналитика“ се темели на истражување спроведено во септември 2023 година на репрезентативен примерок од 507 испитаници, ученици од три средни училишта на Град Скопје и две основни училишта од Општина Карпош. Во своето истражување „Аналитика“ наведува дека речиси половина од вкупниот број анкетирани ученици односно 46,5% биле жртви на сајбер булинг или биле сведоци на истото, а дури 70% сметаат дека треба да се подигне свеста за овој проблем. Тамара Спасова, Извршен директор на Аналитика наведува дека иако интернетот е извонредна алатка за комуникација и учење таа носи свои ризици и опасности, особено кога станува збор за сајбер-насилството.
Статистиката од нашето истражување покажува дека 84% од студентите поминуваат повеќе од 3 до 4 часа онлајн секој ден, а значителен дел од тоа време го посветуваат на Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat. Токму на овие платформи тие се најчесто изложени на сајбер насилство и вознемирување. Затоа мора заедно да ја подигнеме свеста за сајбер насилството и воведеме нови методи за справување со истото. Сепак драго ми е што учениците се свесни за проблемот и дури 70% од нив сметаат сајбер насилството не е проблем само на децата во училиштата. Тоа е проблем кој не засега сите нас и има далекусежни негативни последици на општеството. Тоа не познава граници на пол, верска и етничка припадност. Ова се универзални предизвици кои бараат наше колективно внимание и усогласена акција“, потенцира Спасова.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој е на врвот на пирамидата во изнаоѓањето начини и методи на делување и нивно спроведување со цел намалување на сајбер насилството појасни дека преку програмата за стручно усовршување на наставниците, министерството континуирано спроведува обуки за наставници и стручни соработници во училиштата. Амбасадата на Канада е неизмерно горда што е поврзана со овој проект, финансиран од „Канадски фонд за локални иницијативи“ затоа што овие анализи се темелот на изготвувањето мерки за намалување на која ја носи сајбер булингот, рече заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Канада Дејвид Морган.