сахел Archives - Република https://republika.mk/tema/sahel/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 08:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сахел Archives - Република https://republika.mk/tema/sahel/ 32 32 Се формира проруски блок во Африка: Мали, Нигер и Буркина Фасо предлагаат формирање конфедерација https://republika.mk/vesti/svet/se-formira-proruski-blok-vo-afrika-mali-niger-i-burkina-faso-predlagaat-formirane-konfederatsija/ Sat, 02 Dec 2023 08:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=718539

Министрите за надворешни работи на Мали, Нигер и Буркина Фасо предложија формирање конфедерација со амбиција во догледно време да прерасне во федерација.

Свесни за силниот потенцијал за мир, стабилност, дипломатска сила и економски развој обезбедени од зајакната политичка алијанса, министрите водени од намерата во догледно време да се формира федерација која ќе ги обедини Буркина Фасо, Мали и Нигер, им предлагаат на шефовите на државите на Сојузот на земјите од Сахел создавање конфедерација на тие три земји, се вели во заедничката изјава објавена по дводневна средба во Бамако, главниот град на Мали.

Трите земји решија да ги зајакнат економските врски и формираа Сојуз на држави од Сахел, кој предвидува взаемна помош во случај на напад на нивниот суверенитет и територијален идентитет. Со врските зацементирани против западниот меѓународен притисок, трите држави се борат и против муслиманските екстремисти во нивните земји.

На средбата, чија цел беше да се прецизира функционирањето на новата алијанса, тројцата министри инсистираа на дипломатија, одбрана и развој за зајакнување на нивната политичка и економска интеграција.

Нивните министри за економија и финансии, претходно, на средба на 25 ноември, предложија формирање стабилизациски фонд и инвестициска банка, како и формирање комисија задолжена за продлабочување на економската и монетарната унија, се наведува во заедничкото соопштение.

Заклучоците од средбата треба да бидат доставени до шефовите на држави кои наскоро треба да се сретнат во Бамако.

The post Се формира проруски блок во Африка: Мали, Нигер и Буркина Фасо предлагаат формирање конфедерација appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи на Мали, Нигер и Буркина Фасо предложија формирање конфедерација со амбиција во догледно време да прерасне во федерација.
Свесни за силниот потенцијал за мир, стабилност, дипломатска сила и економски развој обезбедени од зајакната политичка алијанса, министрите водени од намерата во догледно време да се формира федерација која ќе ги обедини Буркина Фасо, Мали и Нигер, им предлагаат на шефовите на државите на Сојузот на земјите од Сахел создавање конфедерација на тие три земји, се вели во заедничката изјава објавена по дводневна средба во Бамако, главниот град на Мали.
Трите земји решија да ги зајакнат економските врски и формираа Сојуз на држави од Сахел, кој предвидува взаемна помош во случај на напад на нивниот суверенитет и територијален идентитет. Со врските зацементирани против западниот меѓународен притисок, трите држави се борат и против муслиманските екстремисти во нивните земји. На средбата, чија цел беше да се прецизира функционирањето на новата алијанса, тројцата министри инсистираа на дипломатија, одбрана и развој за зајакнување на нивната политичка и економска интеграција.