Саем во белград Archives - Република https://republika.mk/tema/saem-vo-belgrad/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 15:51:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саем во белград Archives - Република https://republika.mk/tema/saem-vo-belgrad/ 32 32 Друштвото е целосно: И Заев дојде во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/drushtvoto-e-celosno-i-zaev-dojde-vo-belgrad/ Fri, 02 Sep 2022 15:51:04 +0000 https://republika.mk/?p=546851

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, во рамки на саемот „Винска визија на Отвоен Балкан“ што се одржува во Белград, прими Голема плакета од Стопанската комора на Македонија како признание за особен придонес во креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан, чија цел е промоција и развој на регионот, преку имплементирање на четирите слободи – слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.

Плакетата е за личности кои најмногу придонеле за регионална бизнис интеграција, а Комората ја доделува по повод 100 години од формирањето.

Со оваа награда на Заев му се оддава длабока почит за креирањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан.

– Благодарам на Стопанската комора за честа што ни ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на размената што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојба за граѓаните, изјави Заев.

Тој порача дека како бизнисмен ќе продолжи да ги подржува сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан бидејќи истите влијаат на развојот на бизнисите, приходите во буџетите на државите и со тоа влијаат на економската перспектива на регионот на западен Балкан. Изрази и надеж дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат на Иницијативата за сите заедно да чекорат на зацртаниот пат кон Европската Унија.

-Зоран Заев во својот мандат како претседател на Владата на Република Македонија во периодот 2017 – 2021 година, покренувајќи процеси од големо значење за нашата држава совршено добро разбра дека македонската економија без регионална димензија нема шанси за успех. Со тоа ги отвори видиците на нашите компании надвор од границите на државата, а пред се во соседните земји и остави аманет до сите нас, тој пристап да продолжи и понатаму водејќи сметка и за интересите на сопствената држава. Заев продолжува да ја развива и подржува иницијативата „Отворен Балкан“, сега од другата страна, од страната на бизнис секторот, како двигател на економијата кој води напред, се друго останува на историјата, беше речено на доделувањето.

Стопанската комора – „комора на иднината и консултант на компаниите во бизнисот“, одлучи наградата на Заев да му ја додели на овој прв меѓународен саем за вино, храна и туризам, како дел од активностите кои редовно се одвиваат во рамки на иницијативата Отворен Балкан во насока на подигнување на степенот на регионална соработка и бизнис интеграција.

-Досега имало повеќе иницијативи за натамошен регионален развој на овие простори, но сите завршиле неуспешно и се надворешни иницијативи. Отворен Балкан е концепт кој е подржан токму од внатре, од политичките лидери во земјите кои се дел од процесот, но уште повеќе од компаниите кои имаат нужна потреба за поблиска соработка, поврзување, заеднички настап на трети пазари, како интра-регионален процес од кој економски бенефит ќе има целиот регион. Искрените заложби како претседател на Владата на Република Македонија со мандат од 2017 до 2021 година, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија Еди Рама, за развивање и креирање на Иницијативата за единствен пазар преку создавање економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите, се препознаени и наградени од Стопанската комора и заслужуваат највисока почит, нагласија од Комората.

Ваква награда во јуни, на самиот на Отворен Балкан во Охрид, им беше врачена и на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и на македонскиот и на албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама.

The post Друштвото е целосно: И Заев дојде во Белград appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, во рамки на саемот „Винска визија на Отвоен Балкан“ што се одржува во Белград, прими Голема плакета од Стопанската комора на Македонија како признание за особен придонес во креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан, чија цел е промоција и развој на регионот, преку имплементирање на четирите слободи – слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Плакетата е за личности кои најмногу придонеле за регионална бизнис интеграција, а Комората ја доделува по повод 100 години од формирањето. Со оваа награда на Заев му се оддава длабока почит за креирањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан. – Благодарам на Стопанската комора за честа што ни ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на размената што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојба за граѓаните, изјави Заев. Тој порача дека како бизнисмен ќе продолжи да ги подржува сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан бидејќи истите влијаат на развојот на бизнисите, приходите во буџетите на државите и со тоа влијаат на економската перспектива на регионот на западен Балкан. Изрази и надеж дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат на Иницијативата за сите заедно да чекорат на зацртаниот пат кон Европската Унија. -Зоран Заев во својот мандат како претседател на Владата на Република Македонија во периодот 2017 – 2021 година, покренувајќи процеси од големо значење за нашата држава совршено добро разбра дека македонската економија без регионална димензија нема шанси за успех. Со тоа ги отвори видиците на нашите компании надвор од границите на државата, а пред се во соседните земји и остави аманет до сите нас, тој пристап да продолжи и понатаму водејќи сметка и за интересите на сопствената држава. Заев продолжува да ја развива и подржува иницијативата „Отворен Балкан“, сега од другата страна, од страната на бизнис секторот, како двигател на економијата кој води напред, се друго останува на историјата, беше речено на доделувањето. Стопанската комора – „комора на иднината и консултант на компаниите во бизнисот“, одлучи наградата на Заев да му ја додели на овој прв меѓународен саем за вино, храна и туризам, како дел од активностите кои редовно се одвиваат во рамки на иницијативата Отворен Балкан во насока на подигнување на степенот на регионална соработка и бизнис интеграција. -Досега имало повеќе иницијативи за натамошен регионален развој на овие простори, но сите завршиле неуспешно и се надворешни иницијативи. Отворен Балкан е концепт кој е подржан токму од внатре, од политичките лидери во земјите кои се дел од процесот, но уште повеќе од компаниите кои имаат нужна потреба за поблиска соработка, поврзување, заеднички настап на трети пазари, како интра-регионален процес од кој економски бенефит ќе има целиот регион. Искрените заложби како претседател на Владата на Република Македонија со мандат од 2017 до 2021 година, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија Еди Рама, за развивање и креирање на Иницијативата за единствен пазар преку создавање економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите, се препознаени и наградени од Стопанската комора и заслужуваат највисока почит, нагласија од Комората. Ваква награда во јуни, на самиот на Отворен Балкан во Охрид, им беше врачена и на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и на македонскиот и на албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама.

The post Друштвото е целосно: И Заев дојде во Белград appeared first on Република.

]]>
Се потврдија пишувањата на „Република“: На саемот во Белград ни „м“ од македонски производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-potvrdija-pishuvanjata-na-republika-na-saemot-vo-belgrad-ni-m-od-makedonski-proizvodi/ Fri, 02 Sep 2022 06:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=546603

Она што„Република“ го пишуваше се потврди дека е вистина.На Саемот за храна, вино и туризам во Белград Владата на Ковачевски не дозволи да се промовираат македонски прозводи туку  тие мораше да бидат „Cеверни“.

Ова им беше предочено и на нашите изглагачи кои морале да ги прифатат уцените доколку сакаат да изложуваат на овој регионален Саем.

Од фотографиите се гледа дека на шињата на вината никаде не стои дека се од Македонија или дека тоа е македонско вино, туку само стои брендот на винаријата.

За овој саем владата на агенцијата„Рејтинг“ и плати 400.000 евра.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-saemot-za-vino-hrana-i-turizam-proizvodite-od-makedonija-vladata-gi-zabrani-mora-da-bidat-ceverni/

The post Се потврдија пишувањата на „Република“: На саемот во Белград ни „м“ од македонски производи appeared first on Република.

]]>

Она што„Република“ го пишуваше се потврди дека е вистина.На Саемот за храна, вино и туризам во Белград Владата на Ковачевски не дозволи да се промовираат македонски прозводи туку  тие мораше да бидат „Cеверни“. Ова им беше предочено и на нашите изглагачи кои морале да ги прифатат уцените доколку сакаат да изложуваат на овој регионален Саем. Од фотографиите се гледа дека на шињата на вината никаде не стои дека се од Македонија или дека тоа е македонско вино, туку само стои брендот на винаријата. За овој саем владата на агенцијата„Рејтинг“ и плати 400.000 евра. https://republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-saemot-za-vino-hrana-i-turizam-proizvodite-od-makedonija-vladata-gi-zabrani-mora-da-bidat-ceverni/  

The post Се потврдија пишувањата на „Република“: На саемот во Белград ни „м“ од македонски производи appeared first on Република.

]]>
За да не се протне „македонски“ на саемот во Белград, партиската агенција на СДСМ „Рејтинг“ добива по 100.000 евра на ден https://republika.mk/vesti/makedonija/za-da-ne-se-protne-makedonski-na-saemot-vo-belgrad-partiskata-agencija-na-sdsm-rejting-dobiva-po-100-000-evra-na-den/ Thu, 01 Sep 2022 10:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=546396

Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите, рече на прес-конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не само што владата во ек на криза фрла 400 илјади евра за саемска промоција за 4 дена, односно по 100 илјади евра за еден ден, туку и со тие пари плаќа забранување на името Македонија во рекламите и промоцијата. Владата на антимакедонската СДС плаќа за да ја нема Македонија, а производите да не смеат да се ословуваат како македонски. Владата на Ковачевски со народни пари директно удира врз идентитетот и врз економската промоција на државата која треба да ползува од брендот македонски, кој е граден со децении, а за кој тврдеа дека е заштитен, за сега да сведочиме за спротивното. Имено од владата бараат сите производи кои ќе се презентираат да немаат национално лого, и дополнително се бара од компаниите производите кои ќе ги презентираат да одат на проверка во владата, за да можат да се осигураат дека нема да се спомнува Македонија и македонско. Ова почитувани, значи дека македонските вина, сирења, ајвар, кондиторски производи итн., нема да се презентираат како македонски. И сето ова бришење на Македонија и македонски го прави Ковачевски и неговата партиска анкетна агенција Рејтинг, која за еден ден саемска промоција и забрана на Македонија и македонски добива 100.000 евра на ден, истакна Томовски.

Ковачевски да одговори, дали владините служби за многу помалку пари не можеле да изготват целосна презентација и организација, или всушност се плаќа Рејтинг, за преку нив да оди бришењето на Македонија, а не директно преку владата? Или пак со ова де факто се плаќаат идните партиски услуги за СДС? Праша Томовски.

The post За да не се протне „македонски“ на саемот во Белград, партиската агенција на СДСМ „Рејтинг“ добива по 100.000 евра на ден appeared first on Република.

Почнува саемот за вино, храна и туризам, производите од „Македонија“ владата ги забрани, мора да бидат „Cеверни“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-saemot-za-vino-hrana-i-turizam-proizvodite-od-makedonija-vladata-gi-zabrani-mora-da-bidat-ceverni/ Thu, 01 Sep 2022 06:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=546255

Под покровителство на владите на Србија,  Македонија и Албанија од денеска во Белград  се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан.

Саемот ќе биде официјално отворен во 13 часот на Белградскиот саем во Хала 1, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.

Саемот се одржува во рамки на инцијативата „Отворен Балкан“ посетителите ќе имаат можност да дегустираат храна, врвни вина и да се запознаат со туристичките потенцијали и понуди. Но посетителите нема да имаат можност да пробаат македонски производи бидејќи како што вчера објави „Република“, Владата на излагачите им забранила да го употребуваат националното лого на своите производи.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-im-go-zabrani-zborot-makedonski-na-makedonskite-izlagachi-na-saemot-vo-belgrad/

Македонија на Саемот ќе се претстави под слоганот „Вкуси го животот”, со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна. Промовирани ќе бидат македонската автентична кујна и преку 300 различни вина и ракии а ќе настапува  Влатко Стефановски.

The post Почнува саемот за вино, храна и туризам, производите од „Македонија“ владата ги забрани, мора да бидат „Cеверни“ appeared first on Република.

]]>

Под покровителство на владите на Србија,  Македонија и Албанија од денеска во Белград  се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан. Саемот ќе биде официјално отворен во 13 часот на Белградскиот саем во Хала 1, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама. Саемот се одржува во рамки на инцијативата „Отворен Балкан“ посетителите ќе имаат можност да дегустираат храна, врвни вина и да се запознаат со туристичките потенцијали и понуди. Но посетителите нема да имаат можност да пробаат македонски производи бидејќи како што вчера објави „Република“, Владата на излагачите им забранила да го употребуваат националното лого на своите производи. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-im-go-zabrani-zborot-makedonski-na-makedonskite-izlagachi-na-saemot-vo-belgrad/ Македонија на Саемот ќе се претстави под слоганот „Вкуси го животот”, со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна. Промовирани ќе бидат македонската автентична кујна и преку 300 различни вина и ракии а ќе настапува  Влатко Стефановски.    

The post Почнува саемот за вино, храна и туризам, производите од „Македонија“ владата ги забрани, мора да бидат „Cеверни“ appeared first on Република.

]]>
Владата им го забрани зборот „македонски“ на македонските излагачи на Саемот во Белград https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-im-go-zabrani-zborot-makedonski-na-makedonskite-izlagachi-na-saemot-vo-belgrad/ Wed, 31 Aug 2022 13:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=546094

Владата на секој начин се труди да ја цензурира употребата на терминот „македонски“ кога се работи за промоција во спортот, културата, гастрономијата, историјата.

Последен доказ за тоа е Саемот за храна, вино и туризам кој утре почнува во Белград во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Според документот до кој дојде „Република“ Владата на излагачите кои ќе ги претстават своите производи им забранува да го користат зборот „македонски“ и „Македонија“.

Согласно информациите што ги добивме од тимот на Владата кој го организира учеството на македонските производители на Саемот, компаниите кои ќе се претставуваат нема да се додава националното лого-се наведува во писмото.

Од компаниите уште се бара сите проиводи што ќе ги презентираат да одат на проверка во Влада за секој случај да не има нешто „македонско“.

Конкретно, тоа значи дека компаниите нема да смеат да презентираат на посетителите за македонско вино, македонско езеро, македонско сирење, туку за производ од „Cеверна Македонија“.

Тоа може да им направи проблем на компаниите кои во своите производи го содржат зборот „македонско“ или „Македонија“.

Од утре во следните четири дена Македонија, заедно со Република Србија и Република Албанија е покровител на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винската Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград.

На Саемот ќе учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата.

Вкупно 42 винарии и 3 дестилерии од нашата држава пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии

The post Владата им го забрани зборот „македонски“ на македонските излагачи на Саемот во Белград appeared first on Република.

]]>

Владата на секој начин се труди да ја цензурира употребата на терминот „македонски“ кога се работи за промоција во спортот, културата, гастрономијата, историјата. Последен доказ за тоа е Саемот за храна, вино и туризам кој утре почнува во Белград во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Според документот до кој дојде „Република“ Владата на излагачите кои ќе ги претстават своите производи им забранува да го користат зборот „македонски“ и „Македонија“.
Согласно информациите што ги добивме од тимот на Владата кој го организира учеството на македонските производители на Саемот, компаниите кои ќе се претставуваат нема да се додава националното лого-се наведува во писмото.
Од компаниите уште се бара сите проиводи што ќе ги презентираат да одат на проверка во Влада за секој случај да не има нешто „македонско“. Конкретно, тоа значи дека компаниите нема да смеат да презентираат на посетителите за македонско вино, македонско езеро, македонско сирење, туку за производ од „Cеверна Македонија“. Тоа може да им направи проблем на компаниите кои во своите производи го содржат зборот „македонско“ или „Македонија“. Од утре во следните четири дена Македонија, заедно со Република Србија и Република Албанија е покровител на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винската Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград. На Саемот ќе учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата. Вкупно 42 винарии и 3 дестилерии од нашата држава пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии      

The post Владата им го забрани зборот „македонски“ на македонските излагачи на Саемот во Белград appeared first on Република.

]]>
Претставен македонскиот туристички сектор на меѓународниот саем за туризам во Белград https://republika.mk/zivot/patuvanja/pretstaven-makedonskiot-turistichki-sektor-na-megjunarodniot-saem-za-turizam-vo-belgrad/ Fri, 25 Mar 2022 08:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=478199

Туристичкото претставување на РС Македонија на меѓународниот саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград кој се одржува од 24ти до 27ми март 2022 година е традиција која Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја реализира во континуитет. Македонско–српското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат и во зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу РС Македонија и Србија. Саемското претставување е во соработка со пријателите на АППТ од SIPPO- Швајцарска програма за поддршка на извозот.
Оваа година интересот на македонските општини да ја презентираат својата туристичка понуда е за поздравување. Општините Охрид, Дојран, Демир Капија и Гевгелија го видоа потенцијалот за привлекување што поголем број српски туристи и зголемување на нивниот престој во регионите каде што се нудат туристички продукти интересни за гостите од Србија. Освен општините на македонскиот штанд чии простор е 50м2 коегзибитори се и ТА Савана, ХОТАМ, СКТМ, РЕСТОРАН Острово и DMC - Balkans.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот д-р Љупчо Јаневски и вд амбасадорот на Република Македонија во Република Србија, Михаела Веселинов пред започнување на саемот за туризам во Белград се сретнаа со министерот за туризам на Република Бугарија и амбасадорот на Бугарија во Република Србија на македонскиот изложбен простор. Се потенцираше потребата од зголемување на соработката во делот на информативни патувања на новинари, блогери и инфлуенсери за промовирање на туристичките потенцијали, зголемување на промоцијата и повеќе туристи во 2022 година од двете дестинации.

Туризмот е мост за поврзување на културите, дестинациите и народите. Поради тоа е и целта на презентацијата на македонските дестинации која ќе се одржи на 25ти март, вториот ден на саемот, на која општините ќе ги претставуват туристичките содржини и можностите за поврзување на српските и македонските патувачи. Исто така со свои презентации ќе настапат и Маунтаин Солушн од Битола кои ќе ги презентираат планинарските авантури, JJ Adventures од Охрид специјализирани за планински велосипедизам и водени спортови, Шерпа Јавање од Галичник (Horse riding) и Нуркачки Центар Амфора од Охрид, кои ќе ги презентираат авантуристичките и активните форми на туризам.
2022-та година е 43-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград. Првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови. Меѓународниот саем за туризам во Белград обезбедува едноставно пребарување на бази на податоци на изложувачите и деловните посетители преку Б2Б ПОРТАЛ. Покрај порталот, оваа година е одвоен посебен простор за организирање на средби на “B2B Meetings” помеѓу деловните посетители и изложувачите, како и излагачите меѓу себе. Секоја година, ”SAJAM TURIZMA”на површина од 30.753m2е домаќин на 900 излагачи од 50 земји, 65.000 посетители  и над 12.500 професионалци од туристичката индустрија - учесници, посетители и гости, од кои 650 се домашни излагачи во рамките на програмата „Србија на едно место“ и 250 странски излагачи, како и 1.000 новинари од Србија и регионот.

Забележан е брз раст на српски туристи и тоа за 275% во 2021г споредбено со 2020г, интересен е податокот за растот на остварени ноќевања на српски туристи и тоа за 257% во 2021г споредбено со 2020г. Пикот на српски туристи кои ја посетиле РС Македонија за 2021 година бил во летните месеци, и тоа јуни, јули со акцент во месец август со реализирани 9497 посети од страна на српски туристи. Додека пак, пикот на остварени ноќевања на српски туристи во РС Македонија за 2021 година бил во месеците јули со 18195 ноќевања и август со 21540 ноќевања. Зголемувањето на српските туристи во Охрид е забележан во изминатата година и тоа во 2019 година Охрид бил посетен од 10035 туристи додека во 2021 година го посетиле 12627 српски посетители. Зголемениот проток на туристи меѓу двете земји може да ја воочи потребата од враќање на конекцијата Белград-Охрид-Белград, се мисли на сезонска авиолинија која во минатото многу добро функционирала. Српските туристи во РМакедонија освен Охрид го посетуваат и винскиот регион каде што уживаат во македонските вина и гастрономијата, како и Дојран, зимските центри и главниот град Скопје.

Исто така би сакале да потенцираме дека во топ 10 земји (се мисли на туристи од дадената земја кои ја посетиле РМакедонија во 2021) Србија е на прво место, со остварени 43914 посети за 2021година.  За српскиот туристички пазар и за македонскиот дојдовен туризам значаен податок е директната авионска линија со авиокомпанија AIR SERBIA на релација Скопје – Белград - Скопје која оперира 3 пати неделно, и тоа понеделник, петок и недела”- изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски.

Српскиот туристички пазар е еден од најзначајните за македонскиот туризам, па поради тоа се превземаат активности за промоција со цел зголемување на бројот на српски туристи и остварени ноќевања. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот реализира  медиумските активности за промовирање на туристичките потенцијали на Македонија во Србија и истата за 2022 година ќе се реализира преку онлјан кампања на најчитаните интернет портали.

The post Претставен македонскиот туристички сектор на меѓународниот саем за туризам во Белград appeared first on Република.

]]>

Туристичкото претставување на РС Македонија на меѓународниот саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград кој се одржува од 24ти до 27ми март 2022 година е традиција која Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја реализира во континуитет. Македонско–српското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат и во зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу РС Македонија и Србија. Саемското претставување е во соработка со пријателите на АППТ од SIPPO- Швајцарска програма за поддршка на извозот. Оваа година интересот на македонските општини да ја презентираат својата туристичка понуда е за поздравување. Општините Охрид, Дојран, Демир Капија и Гевгелија го видоа потенцијалот за привлекување што поголем број српски туристи и зголемување на нивниот престој во регионите каде што се нудат туристички продукти интересни за гостите од Србија. Освен општините на македонскиот штанд чии простор е 50м2 коегзибитори се и ТА Савана, ХОТАМ, СКТМ, РЕСТОРАН Острово и DMC - Balkans. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот д-р Љупчо Јаневски и вд амбасадорот на Република Македонија во Република Србија, Михаела Веселинов пред започнување на саемот за туризам во Белград се сретнаа со министерот за туризам на Република Бугарија и амбасадорот на Бугарија во Република Србија на македонскиот изложбен простор. Се потенцираше потребата од зголемување на соработката во делот на информативни патувања на новинари, блогери и инфлуенсери за промовирање на туристичките потенцијали, зголемување на промоцијата и повеќе туристи во 2022 година од двете дестинации. Туризмот е мост за поврзување на културите, дестинациите и народите. Поради тоа е и целта на презентацијата на македонските дестинации која ќе се одржи на 25ти март, вториот ден на саемот, на која општините ќе ги претставуват туристичките содржини и можностите за поврзување на српските и македонските патувачи. Исто така со свои презентации ќе настапат и Маунтаин Солушн од Битола кои ќе ги презентираат планинарските авантури, JJ Adventures од Охрид специјализирани за планински велосипедизам и водени спортови, Шерпа Јавање од Галичник (Horse riding) и Нуркачки Центар Амфора од Охрид, кои ќе ги презентираат авантуристичките и активните форми на туризам. 2022-та година е 43-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград. Првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови. Меѓународниот саем за туризам во Белград обезбедува едноставно пребарување на бази на податоци на изложувачите и деловните посетители преку Б2Б ПОРТАЛ. Покрај порталот, оваа година е одвоен посебен простор за организирање на средби на “B2B Meetings” помеѓу деловните посетители и изложувачите, како и излагачите меѓу себе. Секоја година, ”SAJAM TURIZMA”на површина од 30.753m2е домаќин на 900 излагачи од 50 земји, 65.000 посетители  и над 12.500 професионалци од туристичката индустрија - учесници, посетители и гости, од кои 650 се домашни излагачи во рамките на програмата „Србија на едно место“ и 250 странски излагачи, како и 1.000 новинари од Србија и регионот. Забележан е брз раст на српски туристи и тоа за 275% во 2021г споредбено со 2020г, интересен е податокот за растот на остварени ноќевања на српски туристи и тоа за 257% во 2021г споредбено со 2020г. Пикот на српски туристи кои ја посетиле РС Македонија за 2021 година бил во летните месеци, и тоа јуни, јули со акцент во месец август со реализирани 9497 посети од страна на српски туристи. Додека пак, пикот на остварени ноќевања на српски туристи во РС Македонија за 2021 година бил во месеците јули со 18195 ноќевања и август со 21540 ноќевања. Зголемувањето на српските туристи во Охрид е забележан во изминатата година и тоа во 2019 година Охрид бил посетен од 10035 туристи додека во 2021 година го посетиле 12627 српски посетители. Зголемениот проток на туристи меѓу двете земји може да ја воочи потребата од враќање на конекцијата Белград-Охрид-Белград, се мисли на сезонска авиолинија која во минатото многу добро функционирала. Српските туристи во РМакедонија освен Охрид го посетуваат и винскиот регион каде што уживаат во македонските вина и гастрономијата, како и Дојран, зимските центри и главниот град Скопје.  
Исто така би сакале да потенцираме дека во топ 10 земји (се мисли на туристи од дадената земја кои ја посетиле РМакедонија во 2021) Србија е на прво место, со остварени 43914 посети за 2021година.  За српскиот туристички пазар и за македонскиот дојдовен туризам значаен податок е директната авионска линија со авиокомпанија AIR SERBIA на релација Скопје – Белград - Скопје која оперира 3 пати неделно, и тоа понеделник, петок и недела”- изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски.
Српскиот туристички пазар е еден од најзначајните за македонскиот туризам, па поради тоа се превземаат активности за промоција со цел зголемување на бројот на српски туристи и остварени ноќевања. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот реализира  медиумските активности за промовирање на туристичките потенцијали на Македонија во Србија и истата за 2022 година ќе се реализира преку онлјан кампања на најчитаните интернет портали.

The post Претставен македонскиот туристички сектор на меѓународниот саем за туризам во Белград appeared first on Република.

]]>
Николовски: Саемот „Агро Белград 2022“ и иницијативата „Отворен Балкан“ се основа за зголемена трговска размена на земјите од регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-saemot-agro-belgrad-2022-i-inicijativata-otvoren-balkan-se-osnova-za-zgolemena-trgovska-razmena-na-zemjite-od-regionot/ Thu, 27 Jan 2022 16:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=450392

На покана на српскиот министер за земјоделство и вицепремиер Бранислав Недимовиќ, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, го посети саемот „Агро Белград 2022“.  Се работи специјализиран саем посветен на овоштарството, лозарството и градинарството е добра можност земјите учеснички, вклучително и македонските компании, да ги претстават на автентичен начин своите производи на пошироката јавност и да направат нови контакти за зголемување на извозот и освојување на нови пазари.

Во своето поздравно обраќање, министерот Николовски ги потенцираше придобивките од Иницијативата „Отворен Балкан“ и од учеството на ваквите самески манифестации. 

Прво видов како македонскиот ајвар од Гевгелија до Блеград стигнува за само неколку часа, без царински процедури без чекања без дополнителни трошоци со признавање на сите анализи. Неколку часа се потребни од Македонија до тука, до секое семесјтво, до секоја полица да се најдат нашите македонски производи вклучително и прозиводите на сите земји вклучени во оваа одлична иницијатива. Драго ми е што повторно имаме девет македонски компании коишто се претставени тука и како министерство ќе ја продолжиме поддршката за саемските манифестации. Македонија е лидер во искористеноста на европските ИПАРД фондови, ние сме целосно фокусирани на преработувачката индустрија, на мерките за младите, за жените, на дигитализацијата на земјоделството, на инвестиции во преработувачките капацитети, на иновациите, на ставањето во функција на развојот на сите природни ресурси коишто ги имаме, и секако дека оваа година ќе понудиме нови мерки и политики и за директни плаќања и за рурален развој“, изјави Николовски.

 При тоа, министерот Николовски потенцираше дека Македонија е земјоделска земја, над 20% од БДП отпаѓа на земјоделството и најголем дел од луѓето се ангажирани токму во земјоделството.

Ваквите саеми и иницијативата „Отворен Балкан“ со отворените граници ќе придонесе земјите од регионот и сите останати, успешно да разменуваат искуства, практики и знаења што ќе овозможи поинтензивна и зголемена економско-трговска соработка во регионот, рече министерот Николовски.

 На годинешниот саем „Агро Белград 2022“  има македонски штанд, на кој учествуваат девет домашни компании. Нивното учество е финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.  На 30.000 м2 претставени се реномирани домашни и странски излагачи и брендови, меѓу кои и претставници на најголемите светски компании од областа на земјоделските машини, системите за наводнување, градобијните системи и возилата за испорака.

The post Николовски: Саемот „Агро Белград 2022“ и иницијативата „Отворен Балкан“ се основа за зголемена трговска размена на земјите од регионот appeared first on Република.