руско-украински преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/rusko-ukrainski-pregovori/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Aug 2022 15:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руско-украински преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/rusko-ukrainski-pregovori/ 32 32 Зеленски: Нема преговори со Русија ако им се суди на нашите заробеници во Мариупол https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-nema-pregovori-so-rusija-ako-im-se-sudi-na-nashite-zarobenici-vo-mariupol/ Mon, 22 Aug 2022 15:51:07 +0000 https://republika.mk/?p=542913

Нема да има преговори меѓу Украина и Русија доколку Москва спроведе фарса од судење на украинските воени затвореници, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Коментарите на Зеленски доаѓаат по информацијата дека се планира судење на заробените украински борци во градот Мариупол, што сега е под контрола на руските трупи и на проруските сепаратисти.

Доколку се случи таква лакрдија од судење, ако нашите луѓе бидат вовлечени во такво сценарио спротивно на сите договори и меѓународни правила, ќе се премине линијата по која ќе бидат невозможни какви било преговори. Русија ќе се оддалечи од преговори. Повеќе нема да има разговори, рече Зеленски во обраќањето пред јавноста.

Британските разузнавачки служби сметаат дека на Русија тешко и оди мотивирањето на војниците од сепаратистичките региони лојални на Москва. На денешниот брифинг британското Министерство за одбрана соопшти дека кога станува збор за командните офицери на сепаратистите, тука руската страна ќе се потпира врз директна финансиска поддршка, додека кога станува збор за борбените единици проценките се дека руската страна не може многу да смета на нив кога се работи за офанзивни воени операции.

Извештајот се повикува на видео-снимка што се шири преку укаинските социјални мрежи, на која борци од самопрогласената Луганска Народна Република во источна Украина одбиваат учество во офанзивни операции во регионот на Доњецк.

Борците велат дека ја исполниле својата должност – обезбедување контрола на Луганската Народна Република врз целиот Лугански регион што беше постигнато минатиот месец – и одбиваат да се борат во регионот Доњецк и покрај заканите и заплашувањата од нивните команданти, се наведува и во извештајот.

The post Зеленски: Нема преговори со Русија ако им се суди на нашите заробеници во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Нема да има преговори меѓу Украина и Русија доколку Москва спроведе фарса од судење на украинските воени затвореници, изјави претседателот Володимир Зеленски. Коментарите на Зеленски доаѓаат по информацијата дека се планира судење на заробените украински борци во градот Мариупол, што сега е под контрола на руските трупи и на проруските сепаратисти.
Доколку се случи таква лакрдија од судење, ако нашите луѓе бидат вовлечени во такво сценарио спротивно на сите договори и меѓународни правила, ќе се премине линијата по која ќе бидат невозможни какви било преговори. Русија ќе се оддалечи од преговори. Повеќе нема да има разговори, рече Зеленски во обраќањето пред јавноста.
Британските разузнавачки служби сметаат дека на Русија тешко и оди мотивирањето на војниците од сепаратистичките региони лојални на Москва. На денешниот брифинг британското Министерство за одбрана соопшти дека кога станува збор за командните офицери на сепаратистите, тука руската страна ќе се потпира врз директна финансиска поддршка, додека кога станува збор за борбените единици проценките се дека руската страна не може многу да смета на нив кога се работи за офанзивни воени операции. Извештајот се повикува на видео-снимка што се шири преку укаинските социјални мрежи, на која борци од самопрогласената Луганска Народна Република во источна Украина одбиваат учество во офанзивни операции во регионот на Доњецк.
Борците велат дека ја исполниле својата должност – обезбедување контрола на Луганската Народна Република врз целиот Лугански регион што беше постигнато минатиот месец – и одбиваат да се борат во регионот Доњецк и покрај заканите и заплашувањата од нивните команданти, се наведува и во извештајот.

The post Зеленски: Нема преговори со Русија ако им се суди на нашите заробеници во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Многу сложени разговори се водат со Русија за ослободување на бранителите од Азовстал, вели Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/mnogu-slozeni-razgovori-se-vodat-so-rusija-za-osloboduvanje-na-branitelite-od-azovstal-veli-zelenski/ Sat, 14 May 2022 06:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=502109

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговорите со Русија за спасување на ранетите ветерани од фабриката Азовстал во Мариупол биле многу сложени и дека Киев користи „влијателни посредници“.

Украина предложи евакуација на 38 најтешко ранети ветерани, а доколку Москва им дозволи, Киев вели дека ќе ослободи голем број руски воени заробеници.

Во моментов се водат преговори за следната фаза од мисијата за евакуација – отстранување на тешко повредените, медицинските лица. Станува збор за голем број луѓе. Се разбира, правиме се што можеме за да ги евакуираме сите други, секој од нашите бранители. Веќе ги вклучивме сите ширум светот кои би можеле да бидат највлијателни посредници, рече Зеленски во доцното ноќно обраќање.

Русија, која првично инсистираше бранителите да се предадат, јавно кажа малку за преговорите.

Многумина од оние кои сè уште се во фабриката се членови на Азовскиот полк, чиј заменик командант Свјатослав Паламар во петокот рече дека неговите сили ќе продолжат да пружаат отпор колку што можат.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук претходно изјави дека резултатите од разговорите „можеби нема да им се допаѓаат на сите“.

Но, наша задача е да ги евакуираме нашите момчиња. Сите. Живи, рече Верешчук.

The post Многу сложени разговори се водат со Русија за ослободување на бранителите од Азовстал, вели Зеленски appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговорите со Русија за спасување на ранетите ветерани од фабриката Азовстал во Мариупол биле многу сложени и дека Киев користи „влијателни посредници“. Украина предложи евакуација на 38 најтешко ранети ветерани, а доколку Москва им дозволи, Киев вели дека ќе ослободи голем број руски воени заробеници.
Во моментов се водат преговори за следната фаза од мисијата за евакуација – отстранување на тешко повредените, медицинските лица. Станува збор за голем број луѓе. Се разбира, правиме се што можеме за да ги евакуираме сите други, секој од нашите бранители. Веќе ги вклучивме сите ширум светот кои би можеле да бидат највлијателни посредници, рече Зеленски во доцното ноќно обраќање.
Русија, која првично инсистираше бранителите да се предадат, јавно кажа малку за преговорите. Многумина од оние кои сè уште се во фабриката се членови на Азовскиот полк, чиј заменик командант Свјатослав Паламар во петокот рече дека неговите сили ќе продолжат да пружаат отпор колку што можат. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук претходно изјави дека резултатите од разговорите „можеби нема да им се допаѓаат на сите“.
Но, наша задача е да ги евакуираме нашите момчиња. Сите. Живи, рече Верешчук.

The post Многу сложени разговори се водат со Русија за ослободување на бранителите од Азовстал, вели Зеленски appeared first on Република.

]]>
Лавров: Украинскиот претседател и неговите советници оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-ukrainskiot-pretsedatel-i-negovite-sovetnici-ostavaat-vpechatok-deka-voopshto-ne-im-trebaat-pregovori/ Fri, 22 Apr 2022 17:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=492414

Главниот руски преговарач Владимир Медински, соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Медински не даде детали за овие разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави „Скај Њуз“.

Досега се одржани неколку рунди мировни преговори меѓу Москва и Киев, но двете страни допрва треба да ги договорат условите за прекин на огнот.

Во меѓувреме, се огласи и шефот на руската дипломатија, Сергеј Ллавров, кој истакна дека преговорите „тапкаат во место“.

Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор на предлогот што го испративме до украинските преговарачи пред пет дена, во кој ги зедовме предвид нивните коментари - изјави Лавров на прес-конференција во Москва во друштво на казахстанскиот колега Мухтар Тлеуберди.

Рускиот министер изјави и дека се сомнева во подготвеноста на украинските лидери да продолжат со овие преговори.

За мене е многу чудно да слушам изјави секој ден (…), дури и од (украинскиот) претседател и неговите советници, кои оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори - порача Лавров.

The post Лавров: Украинскиот претседател и неговите советници оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори appeared first on Република.

]]>

Главниот руски преговарач Владимир Медински, соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Медински не даде детали за овие разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави „Скај Њуз“. Досега се одржани неколку рунди мировни преговори меѓу Москва и Киев, но двете страни допрва треба да ги договорат условите за прекин на огнот. Во меѓувреме, се огласи и шефот на руската дипломатија, Сергеј Ллавров, кој истакна дека преговорите „тапкаат во место“.
Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор на предлогот што го испративме до украинските преговарачи пред пет дена, во кој ги зедовме предвид нивните коментари - изјави Лавров на прес-конференција во Москва во друштво на казахстанскиот колега Мухтар Тлеуберди.
Рускиот министер изјави и дека се сомнева во подготвеноста на украинските лидери да продолжат со овие преговори.
За мене е многу чудно да слушам изјави секој ден (…), дури и од (украинскиот) претседател и неговите советници, кои оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори - порача Лавров.

The post Лавров: Украинскиот претседател и неговите советници оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори appeared first on Република.

]]>
Русија и дала на Украина детален нацрт-документ за договор, можна средба на Путин и Зеленски во Израел https://republika.mk/vesti/svet/rusija-i-dala-na-ukraina-detalen-nacrt-dokument-za-dogovor-mozna-sredba-na-putin-i-zelenski-vo-izrael/ Wed, 20 Apr 2022 13:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=491244

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека Русија и предала на Украина нацрт-документ со прецизни формулации и дека сега се официјален Киев треба да одлучи како ќе постапи.

Во овој момент, нашиот нацрт-документ, кој содржи апсолутно прецизно дефинирани формулации, е доставен до украинската страна. Топката е на нивна страна, чекаме одговор - изјави Песков.

Според него, украинската страна постојано се оддалечува од претходно договорените позиции, постојано менувајќи ги. Како што оценува Песков, кога станува збор за ефикасноста на преговарачкиот процес, таа недоследност поредизвикува многу лоши последици.

Зборувајќи за рокот што Киев го има за одговор на документот, Песков истакна дека украинската страна не покажува тенденција за интензивирање на преговарачкиот процес, но дека има надеж дека ситуацијата ќе се реши на најдобар можен начин.

Песков се осврна и на предлогот на Израел да се организира средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, но истакна дека Москва повеќепати објаснила какви подготовки се потребни за да се организира средбата.

Израелската страна повеќепати сигнализираше дека е подготвена да ја преземе организацијата на таква средба, но ние веќе многупати објаснивме што мора да претходи на таква хипотетичка средба - порача Песков.

Претходно, израелскиот амбасадор во Москва, Александар Бен Зви, изјави дека неговата земја ја потврдува подготвеноста да ги пречека Путин и Зеленски во Ерусалим.

The post Русија и дала на Украина детален нацрт-документ за договор, можна средба на Путин и Зеленски во Израел appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека Русија и предала на Украина нацрт-документ со прецизни формулации и дека сега се официјален Киев треба да одлучи како ќе постапи.
Во овој момент, нашиот нацрт-документ, кој содржи апсолутно прецизно дефинирани формулации, е доставен до украинската страна. Топката е на нивна страна, чекаме одговор - изјави Песков.
Според него, украинската страна постојано се оддалечува од претходно договорените позиции, постојано менувајќи ги. Како што оценува Песков, кога станува збор за ефикасноста на преговарачкиот процес, таа недоследност поредизвикува многу лоши последици. Зборувајќи за рокот што Киев го има за одговор на документот, Песков истакна дека украинската страна не покажува тенденција за интензивирање на преговарачкиот процес, но дека има надеж дека ситуацијата ќе се реши на најдобар можен начин. Песков се осврна и на предлогот на Израел да се организира средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, но истакна дека Москва повеќепати објаснила какви подготовки се потребни за да се организира средбата.
Израелската страна повеќепати сигнализираше дека е подготвена да ја преземе организацијата на таква средба, но ние веќе многупати објаснивме што мора да претходи на таква хипотетичка средба - порача Песков.
Претходно, израелскиот амбасадор во Москва, Александар Бен Зви, изјави дека неговата земја ја потврдува подготвеноста да ги пречека Путин и Зеленски во Ерусалим.

The post Русија и дала на Украина детален нацрт-документ за договор, можна средба на Путин и Зеленски во Израел appeared first on Република.

]]>
Песков: Украинската страна често ја менува својата позиција за веќе договорени прашања од преговорите https://republika.mk/vesti/svet/peskov-ukrainskata-strana-chesto-ja-menuva-svojata-pozicija-za-vekje-dogovoreni-prashanja-od-pregovorite/ Mon, 18 Apr 2022 12:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=490031

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинската страна често ја менува својата позиција кога станува збор за прашања кои се веќе договорени во мировните преговори.

Специјалната воена операција продолжува. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека се оди според планот. Во исто време се водат контакти на експертско ниво во рамките на преговарачкиот процес - изјави Песков, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ истакна дека украинската страна не е доследна на договорените точки.

Би сакал да ги повторам и зборовите на претседателот дека, за жал, украинската страна не покажува посебна доследност. Ставот често се менува за веќе усогласени прашања - истакна Песков.

The post Песков: Украинската страна често ја менува својата позиција за веќе договорени прашања од преговорите appeared first on Република.

Ердоган за руско-украинскиот конфликт: Сериозно сме загрижени https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-za-rusko-ukrainskiot-konflikt-seriozno-sme-zagrizeni/ Wed, 13 Apr 2022 07:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=487649

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по седницата на турската Влада изрази уверување дека само официјална Анкара може да помогне да се постигне напредок во тековните преговори меѓу Русија и Украина.

Турција денес е единствената земја која може да ги држи двете страни во директен контакт и да обезбеди постигнување одреден напредок со зближување на спротивставените страни - изјави Ердоган по седницата на турската Влада.

Според Ердоган, Турција „длабоко ги чувствува последиците од руско-украинската криза, особено во однос на цените на храната и енергијата“.

Не можеме да го спречиме експоненцијалното поскапување на нафтата и природниот гас. Сериозно сме загрижени поради зголемените цени на суровините и материјалите што се користат во прехранбената индустрија - истакна Ердоган.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека официјален Киев, отстапувајќи од договорите постигнати за време на истанбулската рунда преговори, повторно го довел во застој преговарачкиот процес со Русија.

The post Ердоган за руско-украинскиот конфликт: Сериозно сме загрижени appeared first on Република.

Знак на добра волја: Русија ќе ги прекине операциите во Киев и Чернигов https://republika.mk/vesti/svet/znak-na-dobra-volja-rusija-kje-gi-prekine-operaciite-vo-kiev-i-chernigov/ Tue, 29 Mar 2022 12:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=480331

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински, соопшти дека Русија презема два чекора за деескалација на конфликтот против Украина.

Руското Министерство за одбрана одлучи драстично да ги намали воените активности во областите Киев и Чернигов. Средбата меѓу Путин и Зеленски е можна во исто време со парафирањето на договорот меѓу Русија и Украина на ниво на МНР.

Отидовме конструктивно. Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно искажана позиција за вклучување во договорот. Овие предлози ќе бидат разгледани во блиска иднина и доставени до претседателот. Поаѓаме од фактот дека релевантните клучни одлуки ќе бидат донесени во Киев и дека ќе треба да се создадат услови за понатамошна нормална работа - порача Медински.

The post Знак на добра волја: Русија ќе ги прекине операциите во Киев и Чернигов appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински, соопшти дека Русија презема два чекора за деескалација на конфликтот против Украина.
Руското Министерство за одбрана одлучи драстично да ги намали воените активности во областите Киев и Чернигов. Средбата меѓу Путин и Зеленски е можна во исто време со парафирањето на договорот меѓу Русија и Украина на ниво на МНР.   Отидовме конструктивно. Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно искажана позиција за вклучување во договорот. Овие предлози ќе бидат разгледани во блиска иднина и доставени до претседателот. Поаѓаме од фактот дека релевантните клучни одлуки ќе бидат донесени во Киев и дека ќе треба да се создадат услови за понатамошна нормална работа - порача Медински.

The post Знак на добра волја: Русија ќе ги прекине операциите во Киев и Чернигов appeared first on Република.

]]>
Украинскиот министер ги предупреди преговарачите: Не јадете, не пијте и не допирајте ништо https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-minister-gi-predupredi-pregovarachite-ne-jadete-ne-pijte-i-ne-dopirajte-nishto/ Tue, 29 Mar 2022 07:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=480136

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, им порача на украинските преговарачи да не јадат ни пијат ништо додека се на преговори со Русија, затоа што Роман Абрамович наводно е отруен.

Вчера медиумите објавија дека Абрамович развил симптоми на труење по патувањето во Киев.

Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо. И, ако е можно, избегнувајте да допирате каква било површина. Тоа е од прва рака.

Второ, сите тие приказни - некој слушнал нешто некаде, некои извори - сега ги има многу, затоа што сите се жедни за вести, сензација - изјави Кулеба, а пренесува „Скај њуз“.

Во Истанбул тденеска треба да се одржи нова рунда преговори, прва во последните две недели. Украинската делегација синоќа пристигна во Истанбул, на мировни преговори со нивните руски колеги.

Делегацијата е предводена од украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, како и Михајло Подољак, шефот на кабинетот на претседателот.

Тие велат дека нивниот главен приоритет е да се обезбеди прекин на огнот, иако не се сигурни дека тоа е можно.

Средбата треба да почне во вторник во 10:00 часот по локално време (07:00 GMT).

Едно од барањата на Русија е Украина да се откаже од обидот да стане членка на НАТО, што е прашање за кое украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен на компромис.

The post Украинскиот министер ги предупреди преговарачите: Не јадете, не пијте и не допирајте ништо appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, им порача на украинските преговарачи да не јадат ни пијат ништо додека се на преговори со Русија, затоа што Роман Абрамович наводно е отруен. Вчера медиумите објавија дека Абрамович развил симптоми на труење по патувањето во Киев.
Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо. И, ако е можно, избегнувајте да допирате каква било површина. Тоа е од прва рака.   Второ, сите тие приказни - некој слушнал нешто некаде, некои извори - сега ги има многу, затоа што сите се жедни за вести, сензација - изјави Кулеба, а пренесува „Скај њуз“.
Во Истанбул тденеска треба да се одржи нова рунда преговори, прва во последните две недели. Украинската делегација синоќа пристигна во Истанбул, на мировни преговори со нивните руски колеги. Делегацијата е предводена од украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, како и Михајло Подољак, шефот на кабинетот на претседателот. Тие велат дека нивниот главен приоритет е да се обезбеди прекин на огнот, иако не се сигурни дека тоа е можно. Средбата треба да почне во вторник во 10:00 часот по локално време (07:00 GMT). Едно од барањата на Русија е Украина да се откаже од обидот да стане членка на НАТО, што е прашање за кое украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен на компромис.

The post Украинскиот министер ги предупреди преговарачите: Не јадете, не пијте и не допирајте ништо appeared first on Република.

]]>
Путин и Ердоган во директен разговор договориле руско-украинските преговори да продолжат во Истанбул https://republika.mk/vesti/svet/putin-i-erdogan-vo-direkten-razgovor-dogovorile-rusko-ukrainskite-pregovori-da-prodolzat-vo-istanbul/ Sun, 27 Mar 2022 20:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=479493

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор се договориле следната рунда разговори меѓу руската и украинската делегација да биде организирана во Истанбул.

Од кабинетот на Ердоган соопштија дека турскиот претседател на својот руски колега му кажал дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот и подобри хуманитарни услови.

Ердоган укажа на важноста од прекин на огнот меѓу Русија и Украина, спроведувањето на мирот и подобрувањето на хуманитарните услови во регионот - соопштија од кабинетот на Ердоган.

https://twitter.com/newsofemirates/status/1508153817195495437?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508153817195495437%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900649%2Ferdogan-i-putin-dogovorili-nova-runda-pregovora-rusije-i-ukrajine-bice-u-istanbulu

Претходно, украинскиот преговарач Давид Аракамија соопшти дека Киев и Москва утре ќе ги продолжат разговорите во Турција. Според него, преговорите ќе се водат во Турција од 28 до 30 март.

https://republika.mk/vesti/svet/slednite-tri-dena-novi-razgovori-megju-ukraina-i-rusija/

The post Путин и Ердоган во директен разговор договориле руско-украинските преговори да продолжат во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор се договориле следната рунда разговори меѓу руската и украинската делегација да биде организирана во Истанбул. Од кабинетот на Ердоган соопштија дека турскиот претседател на својот руски колега му кажал дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот и подобри хуманитарни услови.
Ердоган укажа на важноста од прекин на огнот меѓу Русија и Украина, спроведувањето на мирот и подобрувањето на хуманитарните услови во регионот - соопштија од кабинетот на Ердоган.
https://twitter.com/newsofemirates/status/1508153817195495437?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508153817195495437%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900649%2Ferdogan-i-putin-dogovorili-nova-runda-pregovora-rusije-i-ukrajine-bice-u-istanbulu Претходно, украинскиот преговарач Давид Аракамија соопшти дека Киев и Москва утре ќе ги продолжат разговорите во Турција. Според него, преговорите ќе се водат во Турција од 28 до 30 март. https://republika.mk/vesti/svet/slednite-tri-dena-novi-razgovori-megju-ukraina-i-rusija/

The post Путин и Ердоган во директен разговор договориле руско-украинските преговори да продолжат во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Турција тврди дека Украина и Русија се приближуваат кон договор https://republika.mk/vesti/svet/turcija-tvrdi-deka-ukraina-i-rusija-se-priblizuvaat-kon-dogovor/ Sun, 20 Mar 2022 12:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=475668

Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, нагласи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју објавено денеска, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок.

Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со своите колеги Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеб, за турскиот весник Хуриет изјави дека има „конвергенција на позициите на двете страни за важни теми, клучни теми“.

„Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколку страните не се повлечат чекор од сегашните позиции“, тврди Чавушоглу без дополнително објаснување.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин за телевизијата Ал Џезира изјави дека двете страни се приближуваат до четири клучни прашања. Тој го наведе барањето на Русија Украина да се откаже од амбициите за влез во НАТО, демилитаризацијата, потоа она што Русија го нарекува „денацификација“ и заштитата на рускиот јазик во Украина.

И покрај обвинувањата од двете страни за одолговлекување, Киев и Москва напредуваа во разговорите минатата недела за решение што ќе ја гарантира безбедноста на Украина, но надвор од НАТО.

Калин рече дека трајно примирје може да се постигне само преку средба меѓу Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, тој додаде дека Путин верува дека позициите за „стратешките прашања“ на Крим и Донбас не се доволно блиски за да се договори средба.

The post Турција тврди дека Украина и Русија се приближуваат кон договор appeared first on Република.

]]>

Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, нагласи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју објавено денеска, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок. Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со своите колеги Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеб, за турскиот весник Хуриет изјави дека има „конвергенција на позициите на двете страни за важни теми, клучни теми“. „Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколку страните не се повлечат чекор од сегашните позиции“, тврди Чавушоглу без дополнително објаснување. Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин за телевизијата Ал Џезира изјави дека двете страни се приближуваат до четири клучни прашања. Тој го наведе барањето на Русија Украина да се откаже од амбициите за влез во НАТО, демилитаризацијата, потоа она што Русија го нарекува „денацификација“ и заштитата на рускиот јазик во Украина. И покрај обвинувањата од двете страни за одолговлекување, Киев и Москва напредуваа во разговорите минатата недела за решение што ќе ја гарантира безбедноста на Украина, но надвор од НАТО. Калин рече дека трајно примирје може да се постигне само преку средба меѓу Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, тој додаде дека Путин верува дека позициите за „стратешките прашања“ на Крим и Донбас не се доволно блиски за да се договори средба.

The post Турција тврди дека Украина и Русија се приближуваат кон договор appeared first on Република.

]]>
Украина тврди дека преговорите продолжиле, Русија тоа го негира https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-tvrdi-deka-pregovorite-prodolzile-rusija-toa-go-negira/ Sun, 13 Mar 2022 20:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=472254

Советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, на националната телевизија изјави дека разговорите со Русија се во тек, додавајќи дека состојбата во Мариупол е особено во фокус на украинските власти.

Разговорите во моментов продолжуваат - изјави Арестович, додавајќи дека Украина има доволно војници распоредени во Мариупол да спречи градот да биде заземен од руските сили.

Сепак, на таквите изјави на Арстович, дојдоа спротивни од руска страна.

Новинската агенција РИА го пренесе зборовите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој изјави дека во моментов не се одвиваат преговори и дека нови преговори се планирани дури за утре.

https://republika.mk/vesti/svet/peskov-za-utre-najavi-nova-runda-od-rusko-ukrainskite-pregovori/

The post Украина тврди дека преговорите продолжиле, Русија тоа го негира appeared first on Република.

]]>

Советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, на националната телевизија изјави дека разговорите со Русија се во тек, додавајќи дека состојбата во Мариупол е особено во фокус на украинските власти. Разговорите во моментов продолжуваат - изјави Арестович, додавајќи дека Украина има доволно војници распоредени во Мариупол да спречи градот да биде заземен од руските сили. Сепак, на таквите изјави на Арстович, дојдоа спротивни од руска страна. Новинската агенција РИА го пренесе зборовите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој изјави дека во моментов не се одвиваат преговори и дека нови преговори се планирани дури за утре. https://republika.mk/vesti/svet/peskov-za-utre-najavi-nova-runda-od-rusko-ukrainskite-pregovori/  

The post Украина тврди дека преговорите продолжиле, Русија тоа го негира appeared first on Република.

]]>
Песков за утре најави нова рунда од руско-украинските преговори https://republika.mk/vesti/svet/peskov-za-utre-najavi-nova-runda-od-rusko-ukrainskite-pregovori/ Sun, 13 Mar 2022 19:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=472228

Портпоаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека за утре е панирана нова рунда од руско-украинските преговори.

Изјавата на Песков уследи откако советникот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович изјави дека се водат активни преговори.

Не. Планирано е утре да продолжат руско-украинските преговори - истакна Песков.

The post Песков за утре најави нова рунда од руско-украинските преговори appeared first on Република.

]]>

Портпоаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека за утре е панирана нова рунда од руско-украинските преговори. Изјавата на Песков уследи откако советникот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович изјави дека се водат активни преговори.
Не. Планирано е утре да продолжат руско-украинските преговори - истакна Песков.

The post Песков за утре најави нова рунда од руско-украинските преговори appeared first on Република.

]]>