руски олигарх Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-oligarh/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 20:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски олигарх Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-oligarh/ 32 32 Том Круз има нова девојка, Елсина е 25 години помлада од него и е ќерка на руски олигарх https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tom-kruz-ima-nova-devojka-elsina-e-25-godini-pomlada-od-nego-i-e-kerka-na-ruski-oligarh/ Wed, 13 Dec 2023 20:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=722692

Легендарниот холивудски актер Том Круз (61) има нова девојка и сите светски медиуми наголемо пишуваат детали за новата бомбастична врска.

Круз со години не се појавува во јавност со емотивна партнерка, а сега, како што се наведува, е во љубов со богатата Русинка, Елсина Кајрова (36), ќерка на истакнат пратеник во Русија.

Убавата Елсина е 25 години помлада од Том Круз, но, како што велат, годините не се бројат за вистинска љубов.

 

The post Том Круз има нова девојка, Елсина е 25 години помлада од него и е ќерка на руски олигарх appeared first on Република.

]]>

Легендарниот холивудски актер Том Круз (61) има нова девојка и сите светски медиуми наголемо пишуваат детали за новата бомбастична врска. Круз со години не се појавува во јавност со емотивна партнерка, а сега, како што се наведува, е во љубов со богатата Русинка, Елсина Кајрова (36), ќерка на истакнат пратеник во Русија. Убавата Елсина е 25 години помлада од Том Круз, но, како што велат, годините не се бројат за вистинска љубов.  

The post Том Круз има нова девојка, Елсина е 25 години помлада од него и е ќерка на руски олигарх appeared first on Република.

]]>
Уште еден руски тајкун почина под чудни околности https://republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-ruski-tajkun-pochina-pod-chudni-okolnosti/ Sat, 07 Jan 2023 15:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=594482

Поранешниот премиер на Дагестан, Магомед Абдулаев загинал во сообраќајна несреќа во Махачкала додека поминувал улица надвор од обележаниот пешачки премин.

Тој бил прегазен од Лада нива, а возилото било управувано од 55-годишен маж. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде и починал.

Неговата смрт следи по низата смртни случаи на истакнати руски богаташи и функционери кои умреле под мистериозни околности од почетокот на инвазијата на Украина. Абдулаев инаку беше близок со поранешниот руски претседател и премиер Димитри Медведев, а беше и жесток поборник на војната во Украина.

Абдулаев беше премиер на Дагестан од 2010 до 2013 година. Против него во 2015 година беше поведена кривична постапка за злоупотреба на службената положба. Според истражителите, тој го оштетил Универзитетот за повеќе од 20 милиони рубли, наменети за исплата на паушали студентите. Истрагата беше завршена во 2017 година, но немаше судење.

Откако Русија ја нападна Украина, 10 руски олигарси и луѓе, поврзани со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, загинаа под необјаснети околности.

The post Уште еден руски тајкун почина под чудни околности appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Дагестан, Магомед Абдулаев загинал во сообраќајна несреќа во Махачкала додека поминувал улица надвор од обележаниот пешачки премин. Тој бил прегазен од Лада нива, а возилото било управувано од 55-годишен маж. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде и починал. Неговата смрт следи по низата смртни случаи на истакнати руски богаташи и функционери кои умреле под мистериозни околности од почетокот на инвазијата на Украина. Абдулаев инаку беше близок со поранешниот руски претседател и премиер Димитри Медведев, а беше и жесток поборник на војната во Украина. Абдулаев беше премиер на Дагестан од 2010 до 2013 година. Против него во 2015 година беше поведена кривична постапка за злоупотреба на службената положба. Според истражителите, тој го оштетил Универзитетот за повеќе од 20 милиони рубли, наменети за исплата на паушали студентите. Истрагата беше завршена во 2017 година, но немаше судење. Откако Русија ја нападна Украина, 10 руски олигарси и луѓе, поврзани со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, загинаа под необјаснети околности.

The post Уште еден руски тајкун почина под чудни околности appeared first on Република.

]]>
Италијанците ја запленија јахтата на рускиот олигарх Мелниченко https://republika.mk/vesti/svet/italijancite-ja-zaplenija-jahtata-na-ruskiot-oligarh-melnichenko/ Sat, 12 Mar 2022 14:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=471737

Јахтата на рускиот олигарх Андреј Мелниченко е запленета од страна на италијанската финансиска полиција. Бродот наречен „SY A“ е вреден околу 530 милиони евра и се наоѓа во складиште во североисточното пристаниште Трст.

Станува збор за една од најголемите јахти во светот, според нејзиниот производител „Нобискруг“.

ЕУ го санкционираше Мелниченко на 9 март како дел од продолжените санкции против руските олигарси, а сега му е конфискуван луксузниот брод. Според ЕУ, тој е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива „EuroChem Group“ и на компанијата за јаглен „СУЕК“.

На социјалните мрежи се појави и видео од Трст на кое се гледа моментот кога јахтата била запленета.

The post Италијанците ја запленија јахтата на рускиот олигарх Мелниченко appeared first on Република.

]]>

Јахтата на рускиот олигарх Андреј Мелниченко е запленета од страна на италијанската финансиска полиција. Бродот наречен „SY A“ е вреден околу 530 милиони евра и се наоѓа во складиште во североисточното пристаниште Трст. Станува збор за една од најголемите јахти во светот, според нејзиниот производител „Нобискруг“. ЕУ го санкционираше Мелниченко на 9 март како дел од продолжените санкции против руските олигарси, а сега му е конфискуван луксузниот брод. Според ЕУ, тој е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива „EuroChem Group“ и на компанијата за јаглен „СУЕК“. На социјалните мрежи се појави и видео од Трст на кое се гледа моментот кога јахтата била запленета.

The post Италијанците ја запленија јахтата на рускиот олигарх Мелниченко appeared first on Република.

]]>