руски хакери Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-hakeri/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 18:38:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски хакери Archives - Република https://republika.mk/tema/ruski-hakeri/ 32 32 Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsi-ruski-hakeri-gi-napadnaa-veb-stranitsite-na-kosovskite-institutsii/ Tue, 07 May 2024 18:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=775126

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции, Претседателството и кабинетот на премиерот, но веб-страниците брзо беа повторно фукционални, изјави министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци.

-Група руски хакери извршија кибер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина, изјави Маќедонци за РТ додека беше во Полска на конференцијата „Одбрана 24“, пренесе Бета.

Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.

-Косово е подготвено да се приклучи на колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба да размислат повеќе за ова..., напишаа хакерите на руски, споменувајќи го министерот.

Министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.

Гервала на мрежата „Х“ објави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.

The post Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции appeared first on Република.

]]>

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции, Претседателството и кабинетот на премиерот, но веб-страниците брзо беа повторно фукционални, изјави министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци.
-Група руски хакери извршија кибер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина, изјави Маќедонци за РТ додека беше во Полска на конференцијата „Одбрана 24“, пренесе Бета.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
-Косово е подготвено да се приклучи на колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба да размислат повеќе за ова..., напишаа хакерите на руски, споменувајќи го министерот.
Министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“. Гервала на мрежата „Х“ објави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.

The post Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции appeared first on Република.

]]>
Руски хакери дошле до високо доверливи информации на британската армија https://republika.mk/vesti/svet/ruski-hakeri-doshle-do-visoko-doverlivi-informatsii-na-britanskata-armija/ Tue, 05 Sep 2023 08:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=677621

Руски хакери успеале да дојдат до високо доверливи воени податоци од британската армија. „Дејли мирор“ објавува дека хакери од групата „LockBit“ ја нападнале базата на податоци на компанијата „Заун“, која обезбедува некои од од тајните објекти на Обеднетото Кралство.

Како резултат на инцидентот, протечени се информации за:

▪️ Поморска база Фаслане, каде се сместени нуклеарни подморници со балистички ракети од типот „Авангард“

▪️ Лаборатории за хемиско оружје во Портон Даун

▪️ Воена електронска разузнавачка единица во Буде

▪️ Воздухопловната база Вадингтон

▪️ 14. комуникациски полк, кој е специјализиран за електронско војување

▪️ Некои затвори

Треба подобро да се заштитиме од мешањето поддржано од Русија, кое е јасно поврзано со нашиот став за војната во Украина. Конечно, ова е уште еден пример за тоа како вооружениот конфликт повеќе не е ограничен на борба на бојното поле, туку сега го вклучува дигиталното царство и поставува повисоки барања за безбедносните системи“, изјави Тобијас Елвуд, претседател на Комитетот за одбрана на Долниот дом, како реакција на делувањето на руските хакери

 

The post Руски хакери дошле до високо доверливи информации на британската армија appeared first on Република.

]]>

Руски хакери успеале да дојдат до високо доверливи воени податоци од британската армија. „Дејли мирор“ објавува дека хакери од групата „LockBit“ ја нападнале базата на податоци на компанијата „Заун“, која обезбедува некои од од тајните објекти на Обеднетото Кралство. Како резултат на инцидентот, протечени се информации за: ▪️ Поморска база Фаслане, каде се сместени нуклеарни подморници со балистички ракети од типот „Авангард“ ▪️ Лаборатории за хемиско оружје во Портон Даун ▪️ Воена електронска разузнавачка единица во Буде ▪️ Воздухопловната база Вадингтон ▪️ 14. комуникациски полк, кој е специјализиран за електронско војување ▪️ Некои затвори
Треба подобро да се заштитиме од мешањето поддржано од Русија, кое е јасно поврзано со нашиот став за војната во Украина. Конечно, ова е уште еден пример за тоа како вооружениот конфликт повеќе не е ограничен на борба на бојното поле, туку сега го вклучува дигиталното царство и поставува повисоки барања за безбедносните системи“, изјави Тобијас Елвуд, претседател на Комитетот за одбрана на Долниот дом, како реакција на делувањето на руските хакери
 

The post Руски хакери дошле до високо доверливи информации на британската армија appeared first on Република.

]]>
Германските власти разоткриле руска хакерска банда https://republika.mk/vesti/svet/germanskite-vlasti-razotkrile-ruska-hakerska-banda/ Mon, 06 Mar 2023 17:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=616528

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија.

Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени.

Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе.

Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев.

Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари.

„Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф.

За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

The post Германските власти разоткриле руска хакерска банда appeared first on Република.

]]>

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија. Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени. Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе. Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев. Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари. „Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф. За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

The post Германските власти разоткриле руска хакерска банда appeared first on Република.

]]>
Руски хакери го нападнаа сајтот на бугарското разузнавање https://republika.mk/vesti/balkan/ruski-hakeri-go-napadnaa-sajtot-na-bugarskoto-razuznavanje/ Sun, 06 Nov 2022 20:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=570509

Руската хакерска група „Килнет“ ја нападнала веб-страницата на бугарската Државна разузнавачка агенција (ДАР). Како што јави Дневник.бг самите руски хакери на Телеграм објавиле за хакерскиот напад, којшто го потврдија и бугарските власти. Нападот се случил вчера попладне и по повод одбележување на 5 ноември, Денот на военото разузнавање. Станува збор DDoS напад, каде што се генерира премногу сообраќај што ја блокира целната локација.

Бугарските власти потврдија дека веб-страницата на ДАР била блокирана на само неколку минути и немало преземање на податоци. Сајтот на бугарското разузнавање моментално функционира нормално.

„Килнет“ објавија дека хакерската акција била насочена кон разузнавачките служби на повеќе земји – Бугарија, Романија, Естонија, Полска и Молдавија.

Во средината на октомври годинава, истата хакерска група од Русија ги нападна веб-страниците на 14 државни институции во Бугарија, вклучително министерствата и претседателството.

The post Руски хакери го нападнаа сајтот на бугарското разузнавање appeared first on Република.

]]>

Руската хакерска група „Килнет“ ја нападнала веб-страницата на бугарската Државна разузнавачка агенција (ДАР). Како што јави Дневник.бг самите руски хакери на Телеграм објавиле за хакерскиот напад, којшто го потврдија и бугарските власти. Нападот се случил вчера попладне и по повод одбележување на 5 ноември, Денот на военото разузнавање. Станува збор DDoS напад, каде што се генерира премногу сообраќај што ја блокира целната локација. Бугарските власти потврдија дека веб-страницата на ДАР била блокирана на само неколку минути и немало преземање на податоци. Сајтот на бугарското разузнавање моментално функционира нормално. „Килнет“ објавија дека хакерската акција била насочена кон разузнавачките служби на повеќе земји – Бугарија, Романија, Естонија, Полска и Молдавија. Во средината на октомври годинава, истата хакерска група од Русија ги нападна веб-страниците на 14 државни институции во Бугарија, вклучително министерствата и претседателството.

The post Руски хакери го нападнаа сајтот на бугарското разузнавање appeared first on Република.

]]>
Вечерва можеби нема да можете да гласате на Евросонг, руските хакери планираат да го нападнат телеволтингот https://republika.mk/scena/muzika/vecherva-mozebi-nema-da-mozete-da-glasate-na-evrosong-ruskite-hakeri-planiraat-da-go-napadnat-televoltingot/ Sat, 14 May 2022 20:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=502370

Финалето на Евровизија е во тек а стравувањето е дека системот на гласање ќе биде цел на  руски хакери.

Руски сајбер хакери веќе го таргетираа овој натпревар за песна на Евровизија особено откако се говори дека ќе победи  Украина да добие признание.

Килнет групата предлага блокирање на серверите за гласање преку Интернет. Во објава на Телеграма со логото на Евровизија, Килнет напиша:

Не можете да гласате онлајн. Можеби за се е виновен нашиот напад DDOS.

Дали ова ќе се оствари ќе видиме за неколку часови кога почнува гласањето.

 

The post Вечерва можеби нема да можете да гласате на Евросонг, руските хакери планираат да го нападнат телеволтингот appeared first on Република.

]]>

Финалето на Евровизија е во тек а стравувањето е дека системот на гласање ќе биде цел на  руски хакери. Руски сајбер хакери веќе го таргетираа овој натпревар за песна на Евровизија особено откако се говори дека ќе победи  Украина да добие признание. Килнет групата предлага блокирање на серверите за гласање преку Интернет. Во објава на Телеграма со логото на Евровизија, Килнет напиша:
Не можете да гласате онлајн. Можеби за се е виновен нашиот напад DDOS.
Дали ова ќе се оствари ќе видиме за неколку часови кога почнува гласањето.  

The post Вечерва можеби нема да можете да гласате на Евросонг, руските хакери планираат да го нападнат телеволтингот appeared first on Република.

]]>
Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежата на ФБИ https://republika.mk/vesti/svet/ruski-hakeri-se-obidele-da-upadnat-vo-mrezata-na-fbi/ Thu, 07 Apr 2022 16:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=484905

Американските власти соопштија дека Федералното истражно биро (ФБИ) успеало да ја врати контролата врз илјадници рутери и „фајервол“ уреди од руски воени хакери.

Со обидот за хакирање, руските шпиони сакале да воспостават комуникација со Москва.

За среќа, успеавме да го попречиме овој ботнет пред да може да се користи - изјави американскиот државен обвинител, Мерик Гарланд.

Ботнет е мрежа која е создадена исклучиво за да донесе огромни придобивки за хакерите кои стојат зад него.

Целниот ботнет е контролиран од злонамерен софтвер наречен „Cyclops Blink“, кој агенциите за сајбер одбрана на САД и Велика Британија јавно му го припишаа на „Sandworm“, наводно еден од хакерските тимови на руската воена разузнавачка служба постојано обвинет за извршување сајбер напади.

Го отстранивме малициозниот софтвер од уредите што ги користат илјадници претежно мали бизниси за мрежна безбедност ширум светот. Ја затворивме вратата во која влегоа Русите -  изјавија американските власти.

Овој наводен хакерскиот напад доаѓа во време на новите санкции што Америка ги воведе кон Русија. Санкциите ќе бидат воведени во координација со земјите членки на Г7 и Европската Унија.

Новиот пакет санкции ќе ги забрани сите нови инвестиции на американските граѓани во Русија, ќе ги зголеми санкциите против финансиските институции и државните компании во Русија и ќе ги санкционира руските владини претставници и членовите на нивните семејства.

The post Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежата на ФБИ appeared first on Република.

]]>

Американските власти соопштија дека Федералното истражно биро (ФБИ) успеало да ја врати контролата врз илјадници рутери и „фајервол“ уреди од руски воени хакери. Со обидот за хакирање, руските шпиони сакале да воспостават комуникација со Москва.
За среќа, успеавме да го попречиме овој ботнет пред да може да се користи - изјави американскиот државен обвинител, Мерик Гарланд.
Ботнет е мрежа која е создадена исклучиво за да донесе огромни придобивки за хакерите кои стојат зад него. Целниот ботнет е контролиран од злонамерен софтвер наречен „Cyclops Blink“, кој агенциите за сајбер одбрана на САД и Велика Британија јавно му го припишаа на „Sandworm“, наводно еден од хакерските тимови на руската воена разузнавачка служба постојано обвинет за извршување сајбер напади.
Го отстранивме малициозниот софтвер од уредите што ги користат илјадници претежно мали бизниси за мрежна безбедност ширум светот. Ја затворивме вратата во која влегоа Русите -  изјавија американските власти.
Овој наводен хакерскиот напад доаѓа во време на новите санкции што Америка ги воведе кон Русија. Санкциите ќе бидат воведени во координација со земјите членки на Г7 и Европската Унија. Новиот пакет санкции ќе ги забрани сите нови инвестиции на американските граѓани во Русија, ќе ги зголеми санкциите против финансиските институции и државните компании во Русија и ќе ги санкционира руските владини претставници и членовите на нивните семејства.

The post Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежата на ФБИ appeared first on Република.

]]>