руска дума Archives - Република https://republika.mk/tema/ruska-duma/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Jun 2023 11:06:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска дума Archives - Република https://republika.mk/tema/ruska-duma/ 32 32 Руската Дума усвои нацрт-закон за помилување на осудениците, кои ќе се придружат на руските сили во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-duma-usvoi-natsrt-zakon-za-pomiluvane-na-osudenitsite-koi-ke-se-pridruzhat-na-ruskite-sili-vo-ukraina/ Wed, 21 Jun 2023 11:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=653693

Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, усвои нацрт-закон со кој ќе се помилуваат осудените лица кои ќе се придружат на руските сили во Украина.

За предлогот потоа ќе се гласа во Советот на Федерацијата во Горниот дом на Русија, по што се очекува да биде потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Законот предвидува регрутирање затвореници и осомничени за криминал за да се борат во војната во Украина, практика што првпат ја усвоија платеничките сили на Вагнер минатата година пред руското Министерство за одбрана да го преземе регрутирањето во затвор на почетокот на 2023 година

The post Руската Дума усвои нацрт-закон за помилување на осудениците, кои ќе се придружат на руските сили во Украина appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, усвои нацрт-закон со кој ќе се помилуваат осудените лица кои ќе се придружат на руските сили во Украина. За предлогот потоа ќе се гласа во Советот на Федерацијата во Горниот дом на Русија, по што се очекува да биде потпишан од рускиот претседател Владимир Путин. Законот предвидува регрутирање затвореници и осомничени за криминал за да се борат во војната во Украина, практика што првпат ја усвоија платеничките сили на Вагнер минатата година пред руското Министерство за одбрана да го преземе регрутирањето во затвор на почетокот на 2023 година

The post Руската Дума усвои нацрт-закон за помилување на осудениците, кои ќе се придружат на руските сили во Украина appeared first on Република.

]]>
Руската Дума ги ратификуваше договорите за анексија на украинските региони https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-duma-gi-ratifikuvashe-dogovorite-za-aneksija-na-ukrainskite-regioni/ Mon, 03 Oct 2022 12:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=556851

Руската Дума гласаше за ратификување на договорот за прием на четири украински региони во Руската Федерација, објави „Известија“.

413 пратеници гласаа за прием на регионот Доњецк, кој Русија го признава како Доњецка народна република. 412 пратеници гласаа за прием на регионот Луганск, кој Русија го признава како Луганска Народна Република.

За прием на Херсонската област во Руската Федерација гласаа 409 пратеници, додека за прием на област Запорожје 411 пратеници.

The post Руската Дума ги ратификуваше договорите за анексија на украинските региони appeared first on Република.

]]>

Руската Дума гласаше за ратификување на договорот за прием на четири украински региони во Руската Федерација, објави „Известија“. 413 пратеници гласаа за прием на регионот Доњецк, кој Русија го признава како Доњецка народна република. 412 пратеници гласаа за прием на регионот Луганск, кој Русија го признава како Луганска Народна Република. За прием на Херсонската област во Руската Федерација гласаа 409 пратеници, додека за прием на област Запорожје 411 пратеници.

The post Руската Дума ги ратификуваше договорите за анексија на украинските региони appeared first on Република.

]]>
„Јутјуб“ ја забрани руската Дума https://republika.mk/vesti/svet/jutjub-ja-zabrani-ruskata-duma/ Sat, 09 Apr 2022 15:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=485896

Јутјуб ја блокираше телевизијата Дума која емитува програма од Долниот дом на рускиот парламент, што наиде на лут одговор од официјалните лица кои рекоа дека како одговор на тоа најпопуларната услуга за стриминг во светот може да се соочи со ограничувања во Русија.

Денеска, во пораката на Јутјуб се вели дека каналот на Дума е „прекинат поради прекршување на Условите за користење на Јутјуб“.

Јутјуб, во сопственост на Гугл, беше под притисок од рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор и официјалните лица брзо реагираа.

Како што изгледа Јутјуб сам си потпиша налог за затварање. Зачувајте ја содржината, префрлете ја на руски платформи. И побрзајте, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, на сервисот за пораки Телеграм.

Надзорот за комуникации соопшти дека побарал од Гугл веднаш да го врати пристапот до каналот Дума.

Американската ИТ компанија се придржува до изразената антируска позиција во информациската војна што Западот ја покрена против нашата земја, соопшти Роскомнадзор.

Компанијата за Ројтерс изјави дека е посветена на усогласеноста со сите важечки санкции и закони.

Доколку откриеме дека профилот ги прекршува нашите Услови за користење, преземаме соодветни мерки. Нашите тимови внимателно ја следат ситуацијата за какви било ажурирања и промени.

Вјачеслав Володин, спикерот на Думата, рече дека потегот на Јутјуб е дополнителен доказ за кршење на правата и слободите од Вашингтон.

САД сакаат да добијат монопол за промовирање информации. Не можеме да дозволиме тоа да се случи, рече Володин на Телеграм.

Русија веќе го ограничи пристапот до Твитер и платформите Фејсбук и Инстаграм на Мета, по воената инвазија врз Украина на 24 февруари.

 

The post „Јутјуб“ ја забрани руската Дума appeared first on Република.

]]>

Јутјуб ја блокираше телевизијата Дума која емитува програма од Долниот дом на рускиот парламент, што наиде на лут одговор од официјалните лица кои рекоа дека како одговор на тоа најпопуларната услуга за стриминг во светот може да се соочи со ограничувања во Русија. Денеска, во пораката на Јутјуб се вели дека каналот на Дума е „прекинат поради прекршување на Условите за користење на Јутјуб“. Јутјуб, во сопственост на Гугл, беше под притисок од рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор и официјалните лица брзо реагираа.
Како што изгледа Јутјуб сам си потпиша налог за затварање. Зачувајте ја содржината, префрлете ја на руски платформи. И побрзајте, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, на сервисот за пораки Телеграм.
Надзорот за комуникации соопшти дека побарал од Гугл веднаш да го врати пристапот до каналот Дума.
Американската ИТ компанија се придржува до изразената антируска позиција во информациската војна што Западот ја покрена против нашата земја, соопшти Роскомнадзор.
Компанијата за Ројтерс изјави дека е посветена на усогласеноста со сите важечки санкции и закони.
Доколку откриеме дека профилот ги прекршува нашите Услови за користење, преземаме соодветни мерки. Нашите тимови внимателно ја следат ситуацијата за какви било ажурирања и промени.
Вјачеслав Володин, спикерот на Думата, рече дека потегот на Јутјуб е дополнителен доказ за кршење на правата и слободите од Вашингтон.
САД сакаат да добијат монопол за промовирање информации. Не можеме да дозволиме тоа да се случи, рече Володин на Телеграм.
Русија веќе го ограничи пристапот до Твитер и платформите Фејсбук и Инстаграм на Мета, по воената инвазија врз Украина на 24 февруари.  

The post „Јутјуб“ ја забрани руската Дума appeared first on Република.

]]>
Думата изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ https://republika.mk/vesti/svet/dumata-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/ Fri, 04 Mar 2022 08:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=467530

Руската Државна дума денеска, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот за воведување кривична одговорност за ширење на лажни информации во врска со вооружените сили (ВС) на Руската Федерација, јави ТАСС.

Свесното ширење на лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација под маската на веродостојни пораки се казнува со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубљи или со казна затвор до три години, се предвидува со новиот закон. (една рубља=0,0083 евра)

За ширење фалсификат користејќи службена положба, од група лица или група лица со вештачко создавање докази на обвинителството, казната ќе биде од пет до 10 години затвор. Доколку намерно лажните информации предизвикале тешки последици, се предвидува казна затвор од 10 до 15 години.

Државната дума воведе и прекршочна одговорност за дискредитација на вооружените сили на РФ. Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Доколку овие дејствија не содржат кривично казниво дело, тогаш казната за граѓаните ќе биде од 30 илјади до 50 илјади рубли, за службениците – од 100 илјади до 200 илјади рубли, за правните лица – од 300 илјади до 500 илјади рубли.

Ако дејствијата насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација се придружени со повици за незаконски дејствија и создаваат закана за штета по животот и (или) здравјето на граѓаните и јавната безбедност, тогаш е глоба од 50 илјади до 100 илјади рубли за граѓани, за службеници од 200 илјади до 300 илјади рубли, за правни лица – од 500 илјади до еден милион рубли.

Доколку делото повторно се изврши во рок од една година, тогаш ќе се побара кривична одговорност. Државната дума на денешната седница ги направи и неопходните измени во Кривичниот законик на Руската Федерација.

Државната дума, исто така, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот, кој вклучува криминализирање на повици за воведување странски санкции против Русија, јави руската државна агенција ТАСС.

The post Думата изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ appeared first on Република.

]]>

Руската Државна дума денеска, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот за воведување кривична одговорност за ширење на лажни информации во врска со вооружените сили (ВС) на Руската Федерација, јави ТАСС.
Свесното ширење на лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација под маската на веродостојни пораки се казнува со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубљи или со казна затвор до три години, се предвидува со новиот закон. (една рубља=0,0083 евра)
За ширење фалсификат користејќи службена положба, од група лица или група лица со вештачко создавање докази на обвинителството, казната ќе биде од пет до 10 години затвор. Доколку намерно лажните информации предизвикале тешки последици, се предвидува казна затвор од 10 до 15 години. Државната дума воведе и прекршочна одговорност за дискредитација на вооружените сили на РФ. Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Доколку овие дејствија не содржат кривично казниво дело, тогаш казната за граѓаните ќе биде од 30 илјади до 50 илјади рубли, за службениците – од 100 илјади до 200 илјади рубли, за правните лица – од 300 илјади до 500 илјади рубли. Ако дејствијата насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација се придружени со повици за незаконски дејствија и создаваат закана за штета по животот и (или) здравјето на граѓаните и јавната безбедност, тогаш е глоба од 50 илјади до 100 илјади рубли за граѓани, за службеници од 200 илјади до 300 илјади рубли, за правни лица – од 500 илјади до еден милион рубли. Доколку делото повторно се изврши во рок од една година, тогаш ќе се побара кривична одговорност. Државната дума на денешната седница ги направи и неопходните измени во Кривичниот законик на Руската Федерација. Државната дума, исто така, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот, кој вклучува криминализирање на повици за воведување странски санкции против Русија, јави руската државна агенција ТАСС.

The post Думата изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ appeared first on Република.

]]>
Руската Дума ги ратификуваше договорите со украинските сепаратистички републики https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-duma-gi-ratifikuvashe-dogovorite-so-ukrainskite-separatistichki-republiki/ Tue, 22 Feb 2022 11:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=461903

Руските пратеници денеска изгласаа ратификување на договорите на претседателот Владимир Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во источна Украина, еден ден откако шефот на руската држава ја призна нивната независност и нареди да бидат таму испратени војници.

Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, гласаше за одобрување на договорите на Путин за пријателство со самопрогласените „Доњецка Народна Република“ (ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР). Гласањето заврши со бурен аплауз од пратениците.

Думата, исто така, гласаше за предложен амандман, според кој договорите треба да стапат во сила од моментот на објавување

The post Руската Дума ги ратификуваше договорите со украинските сепаратистички републики appeared first on Република.

]]>

Руските пратеници денеска изгласаа ратификување на договорите на претседателот Владимир Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во источна Украина, еден ден откако шефот на руската држава ја призна нивната независност и нареди да бидат таму испратени војници. Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, гласаше за одобрување на договорите на Путин за пријателство со самопрогласените „Доњецка Народна Република“ (ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР). Гласањето заврши со бурен аплауз од пратениците. Думата, исто така, гласаше за предложен амандман, според кој договорите треба да стапат во сила од моментот на објавување

The post Руската Дума ги ратификуваше договорите со украинските сепаратистички републики appeared first on Република.

]]>
Руската Дума ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на Луганската и Доњецката Народна Република https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-duma-ja-izglasa-nacrt-rezolucijata-za-priznavanje-na-luganskata-i-donjeckata-narodna-republika/ Tue, 15 Feb 2022 11:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=458794

Државната дума на Русија денеска ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).

Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, пренесуваат руските медиуми.

Пратениците сметаат дека признавањето на ДНР и ЛНР ќе создаде основа за обезбедување безбедносни гаранции и заштита на жителите на овие две републики од надворешни закани, како и за зајакнување на меѓународниот мир и регионалната стабилност, нагласи Володин.

Тасс пренееува дека за одлуката гласале 351 пратеник, 16 биле против, а еден бил воздржан.

The post Руската Дума ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на Луганската и Доњецката Народна Република appeared first on Република.

]]>

Државната дума на Русија денеска ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР). Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, пренесуваат руските медиуми. Пратениците сметаат дека признавањето на ДНР и ЛНР ќе создаде основа за обезбедување безбедносни гаранции и заштита на жителите на овие две републики од надворешни закани, како и за зајакнување на меѓународниот мир и регионалната стабилност, нагласи Володин. Тасс пренееува дека за одлуката гласале 351 пратеник, 16 биле против, а еден бил воздржан.

The post Руската Дума ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на Луганската и Доњецката Народна Република appeared first on Република.

]]>