рудник за злато Archives - Република https://republika.mk/tema/rudnik-za-zlato/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 16:08:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рудник за злато Archives - Република https://republika.mk/tema/rudnik-za-zlato/ 32 32 Во Русија откриено најголемото златно наоѓалиште од 1991 година https://republika.mk/vesti/svet/vo-rusija-otkrieno-najgolemoto-zlatno-naogalishte-od-1991-godina/ Tue, 23 Jan 2024 17:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=736046

Во Русија е откриено најголемото златно поле од 1991 година. Откривањето на повеќе од 100 тони злато е потврдено во рудникот за злато „Совиноје“ во најисточниот руски федерален ентитет Чукотка. Тоа е најголемото поле пронајдено од распадот на СССР во 1991 година.

Информацијата ја објави рударскиот оддел на руската државна корпорација „Росатом“, кој во соопштението наведува дека дупчењето се врши во текот на целата година во услови на постојан вечен мраз.

Во изминатите три години се ископани 123 бунари со вкупна должина од над 32 километри. Завршени се сите ископувачки, топографско-геодетски, геолошко-геохемиски и геофизички работи“, велат од компанијата.

Годишното производство на рудникот „Совиноје“ се очекува да изнесува три тони злато почнувајќи од 2029 година.

The post Во Русија откриено најголемото златно наоѓалиште од 1991 година appeared first on Република.

]]>

Во Русија е откриено најголемото златно поле од 1991 година. Откривањето на повеќе од 100 тони злато е потврдено во рудникот за злато „Совиноје“ во најисточниот руски федерален ентитет Чукотка. Тоа е најголемото поле пронајдено од распадот на СССР во 1991 година. Информацијата ја објави рударскиот оддел на руската државна корпорација „Росатом“, кој во соопштението наведува дека дупчењето се врши во текот на целата година во услови на постојан вечен мраз.
Во изминатите три години се ископани 123 бунари со вкупна должина од над 32 километри. Завршени се сите ископувачки, топографско-геодетски, геолошко-геохемиски и геофизички работи“, велат од компанијата.
Годишното производство на рудникот „Совиноје“ се очекува да изнесува три тони злато почнувајќи од 2029 година.

The post Во Русија откриено најголемото златно наоѓалиште од 1991 година appeared first on Република.

]]>
Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве https://republika.mk/vesti/svet/shest-rudari-zaginaa-a-15-ostanaa-zatrupani-pri-urivane-na-okno-od-rudnik-za-zlato-vo-zimbabve/ Sat, 30 Sep 2023 09:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=686557

Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно на рудник во Зимбабве. Како што јавуваат државните медиуми, во уривањето на огнотол на рудникот за злато Беј Хорс, во Чегута, на 100 километри западно од градот Хараре, повеќе од 30 луѓе беа заробени, но неколкумина од нив подоцна беа спасени или успеаја да побегнат.

Би-би-си јавува дека е тек акцијата за спасување на оние кои останале под земја, а не е познато што го предизвикало колапсот.

Федерацијата на рудари на Зимбабве соопшти дека нејзиниот генерален секретар и претседател на Здружението на рудари, Чегуту, ќе одат на местото на настанот за да се обидат да утврдат што се случило.

Рударските инциденти во Зимбабве, земја која има огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се невообичаени.

Методите на рударство се често рудиментарни и безбедносните стандарди во голема мера се игнорираат.

The post Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве appeared first on Република.

]]>

Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно на рудник во Зимбабве. Како што јавуваат државните медиуми, во уривањето на огнотол на рудникот за злато Беј Хорс, во Чегута, на 100 километри западно од градот Хараре, повеќе од 30 луѓе беа заробени, но неколкумина од нив подоцна беа спасени или успеаја да побегнат. Би-би-си јавува дека е тек акцијата за спасување на оние кои останале под земја, а не е познато што го предизвикало колапсот. Федерацијата на рудари на Зимбабве соопшти дека нејзиниот генерален секретар и претседател на Здружението на рудари, Чегуту, ќе одат на местото на настанот за да се обидат да утврдат што се случило. Рударските инциденти во Зимбабве, земја која има огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се невообичаени. Методите на рударство се често рудиментарни и безбедносните стандарди во голема мера се игнорираат.

The post Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве appeared first on Република.

]]>
Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во ДР Конго https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-35-lica-se-ubieni-vo-napad-na-rudnik-za-zlato-vo-dr-kongo/ Mon, 09 May 2022 08:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=499785

Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во областа Итури, во со конфликт зафатениот североисточен дел на Демократска Република Конго, соопштија локални извори.

Жан-Пјер Бикилисенде, претставник на локалните власти во Итури, изјави дека нападот го извршиле припадници на Кодеко-полицијата. Нападот бил извршен врз рудникот за злато Камп Бланкет, од каде биле извадени 29 тела, додека од јама во близина биле откопани уште шест јагленосани тела.

Тој додаде дека меѓу убиените има и четиримесечно бебе.

Ова е планиран напад, изјави Бикилисенде бидејќи имало и тела на други убиени луѓе фрлени во рудниците.

Уште неколку цивили се водат како исчезнати, а потрагата по нив продолжува, додава тој.

Самиот рудник се наоѓа во шумски дел на ДР Конго, далеку од најблиската воена испостава така што помошта стигнала предоцна.

Според Херубин Кукундила, инаку цивилен лидер во Мунгвалу, во нападот се убиени најмалку 50 луѓе.

Неколку лица се повредени, од кои девет потешко. Тие се лекуваат во болница во Мунгвалу, изјави тој.

 

 

The post Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во ДР Конго appeared first on Република.

]]>

Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во областа Итури, во со конфликт зафатениот североисточен дел на Демократска Република Конго, соопштија локални извори. Жан-Пјер Бикилисенде, претставник на локалните власти во Итури, изјави дека нападот го извршиле припадници на Кодеко-полицијата. Нападот бил извршен врз рудникот за злато Камп Бланкет, од каде биле извадени 29 тела, додека од јама во близина биле откопани уште шест јагленосани тела. Тој додаде дека меѓу убиените има и четиримесечно бебе.
Ова е планиран напад, изјави Бикилисенде бидејќи имало и тела на други убиени луѓе фрлени во рудниците.
Уште неколку цивили се водат како исчезнати, а потрагата по нив продолжува, додава тој. Самиот рудник се наоѓа во шумски дел на ДР Конго, далеку од најблиската воена испостава така што помошта стигнала предоцна. Според Херубин Кукундила, инаку цивилен лидер во Мунгвалу, во нападот се убиени најмалку 50 луѓе.
Неколку лица се повредени, од кои девет потешко. Тие се лекуваат во болница во Мунгвалу, изјави тој.
   

The post Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во ДР Конго appeared first on Република.

]]>