Роман на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/roman-na-godinata/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 07:48:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роман на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/roman-na-godinata/ 32 32 „Роман на годината“ одбележува 25-годишен јубилеј, вечерва свечено врачување на наградата на Лидија Димковска во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/roman-na-godinata-odbelezhuva-25-godishen-jubilej-vecherva-svecheno-vrachuvane-na-nagradata-na-lidija-dimkovska-vo-dramski-teatar/ Mon, 20 May 2024 07:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=779969

Вечерва на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19.30 часот ќе се одржи Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“). Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари, ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.

Свеченото врачување на оваа значајна награда, која ја започна „Утрински весник“ и ја доделуваше до неговото згаснување, а потоа ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе протекне и во знакот на големиот јубилеј, 25-годишнина од нејзиното постоење. Во рамките на свеченоста ќе биде отворена изложба „25 години Роман на годината“ на која ќе бидат претставени сите дела - досегашни носители на ова признание. Станува збор за лична донација на Манчо Митевски на Фондацијата, која се состои од сите нагредени дела со потписи и посвети на авторите. Манчо Митевски е еден од основачите на „Утрински весник“ и на наградата „Роман на годината“. Тој беше иницијатор за формирање на Фондацијата „Славко Јаневски“ со цел наградата да може да опстои и натаму.

На свеченоста ќе бидат врачени благодарници на поединци и организации што придонеле за развојот на наградата, ќе бидат емитувани видео материјали за нејзиниот развој, а сето тоа ќе биде проследено со музички настап на џез бендот на Гоце Стевковски.

Во рамките на обележувањето на јубилејот, Фондацијата „Славко Јаневски“, заедно со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организираше мошне содржајна дебата за македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност. Од Фондацијата најавуваат низа други активности и содржини со кои ќе го обележуваат јубилејот во текот на целата година.

Наградата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзин генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

The post „Роман на годината“ одбележува 25-годишен јубилеј, вечерва свечено врачување на наградата на Лидија Димковска во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19.30 часот ќе се одржи Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“). Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари, ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева. Свеченото врачување на оваа значајна награда, која ја започна „Утрински весник“ и ја доделуваше до неговото згаснување, а потоа ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе протекне и во знакот на големиот јубилеј, 25-годишнина од нејзиното постоење. Во рамките на свеченоста ќе биде отворена изложба „25 години Роман на годината“ на која ќе бидат претставени сите дела - досегашни носители на ова признание. Станува збор за лична донација на Манчо Митевски на Фондацијата, која се состои од сите нагредени дела со потписи и посвети на авторите. Манчо Митевски е еден од основачите на „Утрински весник“ и на наградата „Роман на годината“. Тој беше иницијатор за формирање на Фондацијата „Славко Јаневски“ со цел наградата да може да опстои и натаму. На свеченоста ќе бидат врачени благодарници на поединци и организации што придонеле за развојот на наградата, ќе бидат емитувани видео материјали за нејзиниот развој, а сето тоа ќе биде проследено со музички настап на џез бендот на Гоце Стевковски. Во рамките на обележувањето на јубилејот, Фондацијата „Славко Јаневски“, заедно со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организираше мошне содржајна дебата за македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност. Од Фондацијата најавуваат низа други активности и содржини со кои ќе го обележуваат јубилејот во текот на целата година. Наградата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзин генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

The post „Роман на годината“ одбележува 25-годишен јубилеј, вечерва свечено врачување на наградата на Лидија Димковска во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ в понеделник во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/svecheno-vrachuvane-na-nagradata-roman-na-godinata-v-ponedelnik-vo-dramski-teatar/ Fri, 17 May 2024 17:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=779254

Свечено врачување на наградата „Роман на годината„ за 2023 година.

Лауреат: Лидија Димковска
ЕДИНСТВЕН МАТИЧЕН БРОЈ

Изложба:
Отворање на изложба на книгите на досегашните лауреати.

Музика:
Гоце Стевковски бенд.

НУ Драмски Театар, Скопје
20.05.2024 (понеделник)
19:30 часот

The post Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ в понеделник во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Свечено врачување на наградата „Роман на годината„ за 2023 година.

Лауреат: Лидија Димковска
ЕДИНСТВЕН МАТИЧЕН БРОЈ

Изложба:
Отворање на изложба на книгите на досегашните лауреати.

Музика:
Гоце Стевковски бенд.

НУ Драмски Театар, Скопје
20.05.2024 (понеделник)
19:30 часот

The post Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ в понеделник во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Наградата „Роман на годината“ дојде во вистинското време, како и сè друго што доаѓа во животот https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-roman-na-godinata-dojde-vo-vistinskoto-vreme-kako-i-se-drugo-shto-doaga-vo-zhivotot/ Fri, 22 Mar 2024 09:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=757236

Мислам дека наградата „Роман на годината“ дојде во вистинското време, како и сè друго што доаѓа во животот. Се радувам за романот затоа што на овој начин ќе стигне и во рацете на некои читатели и читателки кои можеби поинаку не би го прочитале, вели во интервју за „Република“ македонската писателка и поетса Лидија Димковска, годинашна добитничка на наградата „Роман на годината“ за  2023 година која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Единствен матичен број“ во издание на „ТРИ“ на Димковска беше избран за најдобар во конкуренција на 36 романи, а како што се пошегува Димковска на прогласувањето на наградата тоа е трета среќа, бидејќи нејзините претходни романи „Скриена камера“ и „Резервен живот“ беа во најтесната конкуренција за наградата, а „Но-Уи“ во пошироката.

Димковска (52) објавила седум поетски збирки, четири романи, еден дневник и една збирка раскази, преведени на бројни јазици. Уредила и четири антологии. Добитничка е на наградата за дебитантско поетско дело, двапати ја добила наградата за проза „Стaле Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, европската награда за поезија „Петру Крду“ и наградата на Европската Унија за литературата за романот „Резервен живот“, Специјалното признание „Европско културно наследство“ за најдобар расказ, словенечкатта „Чаша на бесмртноста“ за десетгодишен поетски опус, албанско-македонската награда за поезија „Наим Фрешери“, наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“ и други.

Нејзините книги биле номинирани и за американската награда „Најдобра книга во превод“, како за поезија, така и за проза, за германската „Берлински мост“, за полската „Европски поет на слободата“ и за меѓународната „Балканика“.

Димковска живее во Словенија, преведува од романски и од словенечки јазик на македонски.

[caption id="attachment_757306" align="alignnone" width="800"] Влада Урошевиќ, претседател на жири-комисијата на прогласувањето на наградата „Роман на годината“ фото: Кире Галевски[/caption]

„Единствен матичен број“ е ваш четврти роман. Колку време ви беше потребно да го напишете?

ДИМКОВСКА: Го напишав за кусо време, но во себе го носев долго, повеќе од една деценија, од мојата прва посета на Кипар кога подетално се запознав со историјата на поделениот остров и кога во мојата свест се роди идејата за можна приказна поврзана со загубата на домот среде инвазијата на Кипар во 1974 година. Уште веднаш знаев дека приказната ќе биде поврзана со македонската реалност, но ми требаше време да осмислам на каков начин да биде раскажана, што да содржи. За разлика од другите романи, „Единствен матичен број“ доживеа повеќе варијанти, а речиси во последен миг избрав поинаков, подиректен почеток од оној што ми беше речиси закоренет од започнувањето на пишувањето на романот. Неколкупати ја сменив и раскажувачката перспектива – од прво во трето лице еднина, па повторно во прво. Со приказната живеев толку долго што и дозволив и сама да се менува, но на крај сепак јас ја ставив последната точка односно извичник.

Што Вам ви е полесно кога пишувате? Истражувањето кое го спроведувате кое може да биде многу напорно и исцрпувачки, или пак самото пишување на романот, оживувањето на ликовите, градењето на приказната? Колку самодисциплина, пожртвуваност и макотрпна работа е потребна да се напише еден роман?

ДИМКОВСКА: За да се напише роман е потребно сето она што и сами го наведовте, но и време - не само за пишувањето туку и за истражувањето, документирањето, фантазирањето, измислувањето, градењето на ликовите уште пред да се преселат на хартија, визуализација на настаните и случките. Насушно потребна е и идентификација со гласот на раскажувачот/раскажувачката, влегување во негова/нејзина кожа и живеење со приказната како да е твоја лична биографија. Само на тој начин приказната станува автентична, единствена и неповторлива, станува лична, а всушност универзална. Степенот на идентификација на читателите со приказната и ликовите покажува дали романот тоа го постигнал или не. Ме радува што моите читатели и читателки ми велат дека приказната ги допрела лично, дека се пронашле во неа.

„Зарем тоа што го немаме, не е мерка за она што го имаме?“ е реченица од роман на Оливера Николова која Вие во „Единствен матичен број“ ја искористивте за мото на романот. Рековте дека ова е вистинско прашање за сите нас?

ДИМКОВСКА: Апсолутно, оваа реченица која Оливера Николова великодушно ми ја подари од нејзиниот извонреден роман „Песот со тажен поглед“ како мото за романот, е прашањето што секој од нас треба да си го постави, и тоа не само еднаш. Од одговорот на ова прашање зависи и потребата да се „фати пустелија“ или не. Никос Аврам никогаш не собрал сила, или напротив, пребрзо си го одговорил ова прашање на внатрешен ескапистички начин, а и останатите ликови во романот секој на свој начин го избрале полесниот, а всушност потежок одговор со последици врз сите засегнати. За Катерина Аврам она што го нема е апсолутна мерка на она што го има, но за да се дојде до спознание е потребно да се помине тежок егзистенцијалистички пат кој може да биде и слепа улица.

На прогласувањето на наградата „Роман на годината“ Ѕвездан Георгиевски рече дека и писателите и издавачите ја сакаат оваа награда. Вам од трет обид ви успеа да ја добиете и тоа токму во годината кога се одбележуваат 25 години од доделувањето на наградата. Дали тоа ве прави посебно горда?

ДИМКОВСКА: Наградата „Роман на годината“ има прекрасна традиција што се надевам дека ќе продолжи и во наредните 25 години. Списокот со наградени романи, но и романи во потесните избори за наградата „Роман на годината“, е список на домашна лектира. Би сакала еден ден да ги видиме и имаме сите наградени романи во посебна едиција, тоа би било богатство за секоја домашна и национална библиотека, но пред се за секоја читателска душа. Среќна сум што токму во годината на овој јубилеј наградата ја доби мојот роман. На прогласувањето на наградата се пошегував дека тоа е моја трета среќа, со оглед на тоа што и „Скриена камера“ и „Резервен живот“ беа во најтесната конкуренција за наградата, а „Но-Уи“ во пошироката. Мислам дека наградата дојде во вистинското време, како и сè друго што доаѓа во животот. Се радувам за романот затоа што на овој начин ќе стигне и во рацете на некои читатели и читателки кои можеби поинаку не би го прочитале.

[caption id="attachment_757309" align="alignnone" width="800"] фото: Кире Галевски[/caption]

Со години живеете надовор од Македонија, веќе 20 годинии сте во Словенија, живеевте и работевте во Романија. Дали тоа живеење во странство ви помага од дистанца да го погледнете животот во Македонија и толку реално да го прикажете во Вашите романи?

ДИМКОВСКА: Да, апсолутно. Од далеку подобро се гледа, птичјата перспектива нуди поширока перспектива како огромна трпеза на настани, случки, луѓе, на минато и сегашност, на реалност и на заумност. Но гледам и од блиску, преку допирот меѓу кожата и душата, меморијата и миговноста. Секогаш кога сум во Македонија, а често сум, ги впивам како сунѓер сите детали на живеењето, на местата, на луѓето, гледам и слушам, набљудувам и забележувам, поврзувам и разделувам, во мене се слеваат емоции и сознанија, слики и звуци, зборови и движења. Оддалеченоста при пишувањето помага да се доближиш суштински, егзистенцијално и да го видиш и она што можеби не си сакал да го забележиш или рутината на погледот едноставно го пренебрегнала од своето видно поле.

Промоцијата на „Единствен матичен број“ се одржа летото, лани во август, кога беше актуелно закажувањето за нови лични документи поради промена на името на државата, па така некако се совпаднаа и промоцијата и пасошите и личните карти. Март е, поминаа осум месеци од тогаш, а ние уште сме заглавени, без пасоши и без можност за патување во странство. Како Вие би го коментирале она што се случува?

ДИМКОВСКА: Пред еден месец во книжарницата ТРИ во Градскиот трговски центар во Скопје имав средба со читателите што организаторот ја нарече „Закажи термин за ЕМБГ“. Беше духовито, но и мошне реално. Страшно е тоа што граѓаните останаа заглавени без лични документи и за тоа никој не понесе одговорност – толку типично за македонските власти. Колку ми е срам понекогаш од вакви нешта особено кога за нив ќе прочитам во странските медиуми! Се прашувам, дали треба се да се прави во последен миг, дали на органите не им паѓа на памет да почнат навреме, и зошто се случува тоа? Да не заборавиме дека во Македонија живеат и луѓе без ЕМБГ, не само без нови лични документи.

Етиката и естетиката во вашите дела, не само во романите, туку и во поезијата која ја пишувате велите дека ви се многу важни, се надополнуваат.

ДИМКОВСКА: Да, не верувам само во естетската функција на книжевноста и воопшто, уметноста. Не верувам ни дека уметноста треба да биде морализатор, проповедник или политички коректор. Верувам дека естетската и етичката димензија на книжевноста доаѓаат до израз тогаш кога тие се иманентни особини на самото човечко битие на авторот/авторката. Книжевноста зазема став, но со поинакви средства од идеологијата, политиката, образованието. Ставот што е етичка категорија кога го зазема книжевноста станува естетски запис, станува убаво и добро во исто време, со сите нивни варијанти. Најчесто пишувам за грди и лоши нешта, но токму тие, како етички парадигми, се убавото и доброто во естетска смисла. Верувам во книжевноста како во ангажирана поетика тогаш кога она што го пишувам е во дослух со моите сопствени гледишта, мисли, чувства. Верувам во емпатијата на книжевноста.

Машки или женски ликови? Кои повеќе ги сакате? Кои ви се потешки да ги опишете во романите?

ДИМКОВСКА: Кога го пишував „Единствен матичен број“ размислував да го напишам од машка перспектива, но по некое време сфатив дека е подобро и овојпат да и го препуштам гласот на раскажувачка, на нараторка на која ќе можам и сама да и помогнам да се изрази затоа што едноставно подобро го познавам светогледот на женскиот лик. Да се пошегувам - да ја раскажеше приказната Никос Аврам најверојатно романот ќе беше прекус дури и за расказ бидејќи тој како лик главно молчи. И го препуштив раскажувањето на Катерина во чиј лик можев да внесам многу и од своите размислувања и чувства, генерациски ми е поблиска од останатите ликови, можев полесно да го опишам нејзиниот живот низ координатите на Скопје, Бристол, Лондон и Вароша, и секако, низ нејзините душевни и духовни координати во потрагата по идентитетот на татко и, но и на сопствениот. Но и кога пишувам за машки ликови најважно ми е да влезам под кожата на ликот, да живеам и чувствувам како него, да го запознаам неговото битие од сите можни аспекти и да се идентификувам со него. А ако јас се идентификувам со ликот, не може да не се идентификуваат со него и читателите на романот. Писателот е прв познавач и не само творец на своите ликови, и секако, прв читател на своите дела.

[caption id="attachment_757313" align="alignnone" width="500"] Верувам во емпатијата на книжевноста, вели Димковска фото: Кире Галевски[/caption]

Каква е иднината на македонската проза и поезија? Што мислите за новиот бран македонски автори? Дали е светла иднината на македонската литература, посебно во време на вештачка интелигенција и општ пад на македонското образование?

ДИМКОВСКА: Вештачката интелигенција ми е се уште туѓа за да размислувам за неа, но падот на образованието е реален и ме наведува да се запрашам какви ќе бидат идните писатели и писателки. Дали ќе пишуваат само со своите (дигитални) пера, овде и сега, или и низ нив ќе се провлече сето она што го прочитале, научиле, осознале, прифатиле, отфрлиле? Литературата се пишува и со рацете на нашите предци, не само македонски туку и светски, сето она што сум го прочитала на мојот животен пат, заумно или реално заедничари со моето лично писмо. Мене во литературата ме интересираат тешките теми на животот, смртта, миграциите, домот, идентитетот, геополитичките случувања и сè уште не знам, а можеби и подобро, за нив да пишувам на лесен, игрив начин. Можеби затоа што припаѓам на „старата школа на раскажувањето“, како што еднаш Дубравка Угрешиќ го нарече моето книжевно писмо, во позитивна смисла на зборот, Она што го забележувам, и не само кај поновата македонска литература туку во глобални рамки, е појавата на полесни, поп-елементи кои ја прават литературата подостапна до поширок круг на читатели, лекото бришење на границите меѓу тривијалната и вистинската книжевност. Тоа е тренд кој во светски рамки се повеќе ги полни листите на најчитани книги и уредничките политики, но за среќа денес имаме и толку добри, сериозни автори и авторки што секој може да избере четиво за себе. Забележувам дека понекогаш не ми се допаѓаат книги кои на повеќето читатели им се допаѓаат или обратно, но класиците за мене апсолутно го имаат положено испитот на вечноста. Македонската проза и поезија си има свои вистински и свои не толку вистински книжевни вредности, а велат дека судот на времето ќе одлучи што ќе остане, а што нема. Пред сè од сегашноста зависи рецепцијата на македонската книжевност во иднина. Затоа посакувам да ја има македонската книжевност се повеќе на светските полици на книжевноста, рамноправна со останатите книжевности, бидејќи тоа во голема мера и го заслужува.

Лидија, посакувате ли Вие некогаш да фатите пустелија?

ДИМКОВСКА: Ох, секако, како и секој од нас. А вие?

Разговараше: Александра М. Бундалелвска

The post Наградата „Роман на годината“ дојде во вистинското време, како и сè друго што доаѓа во животот appeared first on Република.

]]>

Мислам дека наградата „Роман на годината“ дојде во вистинското време, како и сè друго што доаѓа во животот. Се радувам за романот затоа што на овој начин ќе стигне и во рацете на некои читатели и читателки кои можеби поинаку не би го прочитале, вели во интервју за „Република“ македонската писателка и поетса Лидија Димковска, годинашна добитничка на наградата „Роман на годината“ за  2023 година која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. „Единствен матичен број“ во издание на „ТРИ“ на Димковска беше избран за најдобар во конкуренција на 36 романи, а како што се пошегува Димковска на прогласувањето на наградата тоа е трета среќа, бидејќи нејзините претходни романи „Скриена камера“ и „Резервен живот“ беа во најтесната конкуренција за наградата, а „Но-Уи“ во пошироката. Димковска (52) објавила седум поетски збирки, четири романи, еден дневник и една збирка раскази, преведени на бројни јазици. Уредила и четири антологии. Добитничка е на наградата за дебитантско поетско дело, двапати ја добила наградата за проза „Стaле Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, европската награда за поезија „Петру Крду“ и наградата на Европската Унија за литературата за романот „Резервен живот“, Специјалното признание „Европско културно наследство“ за најдобар расказ, словенечкатта „Чаша на бесмртноста“ за десетгодишен поетски опус, албанско-македонската награда за поезија „Наим Фрешери“, наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“ и други. Нејзините книги биле номинирани и за американската награда „Најдобра книга во превод“, како за поезија, така и за проза, за германската „Берлински мост“, за полската „Европски поет на слободата“ и за меѓународната „Балканика“. Димковска живее во Словенија, преведува од романски и од словенечки јазик на македонски. [caption id="attachment_757306" align="alignnone" width="800"] Влада Урошевиќ, претседател на жири-комисијата на прогласувањето на наградата „Роман на годината“ фото: Кире Галевски[/caption] „Единствен матичен број“ е ваш четврти роман. Колку време ви беше потребно да го напишете? ДИМКОВСКА: Го напишав за кусо време, но во себе го носев долго, повеќе од една деценија, од мојата прва посета на Кипар кога подетално се запознав со историјата на поделениот остров и кога во мојата свест се роди идејата за можна приказна поврзана со загубата на домот среде инвазијата на Кипар во 1974 година. Уште веднаш знаев дека приказната ќе биде поврзана со македонската реалност, но ми требаше време да осмислам на каков начин да биде раскажана, што да содржи. За разлика од другите романи, „Единствен матичен број“ доживеа повеќе варијанти, а речиси во последен миг избрав поинаков, подиректен почеток од оној што ми беше речиси закоренет од започнувањето на пишувањето на романот. Неколкупати ја сменив и раскажувачката перспектива – од прво во трето лице еднина, па повторно во прво. Со приказната живеев толку долго што и дозволив и сама да се менува, но на крај сепак јас ја ставив последната точка односно извичник. Што Вам ви е полесно кога пишувате? Истражувањето кое го спроведувате кое може да биде многу напорно и исцрпувачки, или пак самото пишување на романот, оживувањето на ликовите, градењето на приказната? Колку самодисциплина, пожртвуваност и макотрпна работа е потребна да се напише еден роман? ДИМКОВСКА: За да се напише роман е потребно сето она што и сами го наведовте, но и време - не само за пишувањето туку и за истражувањето, документирањето, фантазирањето, измислувањето, градењето на ликовите уште пред да се преселат на хартија, визуализација на настаните и случките. Насушно потребна е и идентификација со гласот на раскажувачот/раскажувачката, влегување во негова/нејзина кожа и живеење со приказната како да е твоја лична биографија. Само на тој начин приказната станува автентична, единствена и неповторлива, станува лична, а всушност универзална. Степенот на идентификација на читателите со приказната и ликовите покажува дали романот тоа го постигнал или не. Ме радува што моите читатели и читателки ми велат дека приказната ги допрела лично, дека се пронашле во неа. „Зарем тоа што го немаме, не е мерка за она што го имаме?“ е реченица од роман на Оливера Николова која Вие во „Единствен матичен број“ ја искористивте за мото на романот. Рековте дека ова е вистинско прашање за сите нас? ДИМКОВСКА: Апсолутно, оваа реченица која Оливера Николова великодушно ми ја подари од нејзиниот извонреден роман „Песот со тажен поглед“ како мото за романот, е прашањето што секој од нас треба да си го постави, и тоа не само еднаш. Од одговорот на ова прашање зависи и потребата да се „фати пустелија“ или не. Никос Аврам никогаш не собрал сила, или напротив, пребрзо си го одговорил ова прашање на внатрешен ескапистички начин, а и останатите ликови во романот секој на свој начин го избрале полесниот, а всушност потежок одговор со последици врз сите засегнати. За Катерина Аврам она што го нема е апсолутна мерка на она што го има, но за да се дојде до спознание е потребно да се помине тежок егзистенцијалистички пат кој може да биде и слепа улица. На прогласувањето на наградата „Роман на годината“ Ѕвездан Георгиевски рече дека и писателите и издавачите ја сакаат оваа награда. Вам од трет обид ви успеа да ја добиете и тоа токму во годината кога се одбележуваат 25 години од доделувањето на наградата. Дали тоа ве прави посебно горда? ДИМКОВСКА: Наградата „Роман на годината“ има прекрасна традиција што се надевам дека ќе продолжи и во наредните 25 години. Списокот со наградени романи, но и романи во потесните избори за наградата „Роман на годината“, е список на домашна лектира. Би сакала еден ден да ги видиме и имаме сите наградени романи во посебна едиција, тоа би било богатство за секоја домашна и национална библиотека, но пред се за секоја читателска душа. Среќна сум што токму во годината на овој јубилеј наградата ја доби мојот роман. На прогласувањето на наградата се пошегував дека тоа е моја трета среќа, со оглед на тоа што и „Скриена камера“ и „Резервен живот“ беа во најтесната конкуренција за наградата, а „Но-Уи“ во пошироката. Мислам дека наградата дојде во вистинското време, како и сè друго што доаѓа во животот. Се радувам за романот затоа што на овој начин ќе стигне и во рацете на некои читатели и читателки кои можеби поинаку не би го прочитале. [caption id="attachment_757309" align="alignnone" width="800"] фото: Кире Галевски[/caption] Со години живеете надовор од Македонија, веќе 20 годинии сте во Словенија, живеевте и работевте во Романија. Дали тоа живеење во странство ви помага од дистанца да го погледнете животот во Македонија и толку реално да го прикажете во Вашите романи? ДИМКОВСКА: Да, апсолутно. Од далеку подобро се гледа, птичјата перспектива нуди поширока перспектива како огромна трпеза на настани, случки, луѓе, на минато и сегашност, на реалност и на заумност. Но гледам и од блиску, преку допирот меѓу кожата и душата, меморијата и миговноста. Секогаш кога сум во Македонија, а често сум, ги впивам како сунѓер сите детали на живеењето, на местата, на луѓето, гледам и слушам, набљудувам и забележувам, поврзувам и разделувам, во мене се слеваат емоции и сознанија, слики и звуци, зборови и движења. Оддалеченоста при пишувањето помага да се доближиш суштински, егзистенцијално и да го видиш и она што можеби не си сакал да го забележиш или рутината на погледот едноставно го пренебрегнала од своето видно поле. Промоцијата на „Единствен матичен број“ се одржа летото, лани во август, кога беше актуелно закажувањето за нови лични документи поради промена на името на државата, па така некако се совпаднаа и промоцијата и пасошите и личните карти. Март е, поминаа осум месеци од тогаш, а ние уште сме заглавени, без пасоши и без можност за патување во странство. Како Вие би го коментирале она што се случува? ДИМКОВСКА: Пред еден месец во книжарницата ТРИ во Градскиот трговски центар во Скопје имав средба со читателите што организаторот ја нарече „Закажи термин за ЕМБГ“. Беше духовито, но и мошне реално. Страшно е тоа што граѓаните останаа заглавени без лични документи и за тоа никој не понесе одговорност – толку типично за македонските власти. Колку ми е срам понекогаш од вакви нешта особено кога за нив ќе прочитам во странските медиуми! Се прашувам, дали треба се да се прави во последен миг, дали на органите не им паѓа на памет да почнат навреме, и зошто се случува тоа? Да не заборавиме дека во Македонија живеат и луѓе без ЕМБГ, не само без нови лични документи. Етиката и естетиката во вашите дела, не само во романите, туку и во поезијата која ја пишувате велите дека ви се многу важни, се надополнуваат. ДИМКОВСКА: Да, не верувам само во естетската функција на книжевноста и воопшто, уметноста. Не верувам ни дека уметноста треба да биде морализатор, проповедник или политички коректор. Верувам дека естетската и етичката димензија на книжевноста доаѓаат до израз тогаш кога тие се иманентни особини на самото човечко битие на авторот/авторката. Книжевноста зазема став, но со поинакви средства од идеологијата, политиката, образованието. Ставот што е етичка категорија кога го зазема книжевноста станува естетски запис, станува убаво и добро во исто време, со сите нивни варијанти. Најчесто пишувам за грди и лоши нешта, но токму тие, како етички парадигми, се убавото и доброто во естетска смисла. Верувам во книжевноста како во ангажирана поетика тогаш кога она што го пишувам е во дослух со моите сопствени гледишта, мисли, чувства. Верувам во емпатијата на книжевноста. Машки или женски ликови? Кои повеќе ги сакате? Кои ви се потешки да ги опишете во романите? ДИМКОВСКА: Кога го пишував „Единствен матичен број“ размислував да го напишам од машка перспектива, но по некое време сфатив дека е подобро и овојпат да и го препуштам гласот на раскажувачка, на нараторка на која ќе можам и сама да и помогнам да се изрази затоа што едноставно подобро го познавам светогледот на женскиот лик. Да се пошегувам - да ја раскажеше приказната Никос Аврам најверојатно романот ќе беше прекус дури и за расказ бидејќи тој како лик главно молчи. И го препуштив раскажувањето на Катерина во чиј лик можев да внесам многу и од своите размислувања и чувства, генерациски ми е поблиска од останатите ликови, можев полесно да го опишам нејзиниот живот низ координатите на Скопје, Бристол, Лондон и Вароша, и секако, низ нејзините душевни и духовни координати во потрагата по идентитетот на татко и, но и на сопствениот. Но и кога пишувам за машки ликови најважно ми е да влезам под кожата на ликот, да живеам и чувствувам како него, да го запознаам неговото битие од сите можни аспекти и да се идентификувам со него. А ако јас се идентификувам со ликот, не може да не се идентификуваат со него и читателите на романот. Писателот е прв познавач и не само творец на своите ликови, и секако, прв читател на своите дела. [caption id="attachment_757313" align="alignnone" width="500"] Верувам во емпатијата на книжевноста, вели Димковска фото: Кире Галевски[/caption] Каква е иднината на македонската проза и поезија? Што мислите за новиот бран македонски автори? Дали е светла иднината на македонската литература, посебно во време на вештачка интелигенција и општ пад на македонското образование? ДИМКОВСКА: Вештачката интелигенција ми е се уште туѓа за да размислувам за неа, но падот на образованието е реален и ме наведува да се запрашам какви ќе бидат идните писатели и писателки. Дали ќе пишуваат само со своите (дигитални) пера, овде и сега, или и низ нив ќе се провлече сето она што го прочитале, научиле, осознале, прифатиле, отфрлиле? Литературата се пишува и со рацете на нашите предци, не само македонски туку и светски, сето она што сум го прочитала на мојот животен пат, заумно или реално заедничари со моето лично писмо. Мене во литературата ме интересираат тешките теми на животот, смртта, миграциите, домот, идентитетот, геополитичките случувања и сè уште не знам, а можеби и подобро, за нив да пишувам на лесен, игрив начин. Можеби затоа што припаѓам на „старата школа на раскажувањето“, како што еднаш Дубравка Угрешиќ го нарече моето книжевно писмо, во позитивна смисла на зборот, Она што го забележувам, и не само кај поновата македонска литература туку во глобални рамки, е појавата на полесни, поп-елементи кои ја прават литературата подостапна до поширок круг на читатели, лекото бришење на границите меѓу тривијалната и вистинската книжевност. Тоа е тренд кој во светски рамки се повеќе ги полни листите на најчитани книги и уредничките политики, но за среќа денес имаме и толку добри, сериозни автори и авторки што секој може да избере четиво за себе. Забележувам дека понекогаш не ми се допаѓаат книги кои на повеќето читатели им се допаѓаат или обратно, но класиците за мене апсолутно го имаат положено испитот на вечноста. Македонската проза и поезија си има свои вистински и свои не толку вистински книжевни вредности, а велат дека судот на времето ќе одлучи што ќе остане, а што нема. Пред сè од сегашноста зависи рецепцијата на македонската книжевност во иднина. Затоа посакувам да ја има македонската книжевност се повеќе на светските полици на книжевноста, рамноправна со останатите книжевности, бидејќи тоа во голема мера и го заслужува. Лидија, посакувате ли Вие некогаш да фатите пустелија? ДИМКОВСКА: Ох, секако, како и секој од нас. А вие? Разговараше: Александра М. Бундалелвска

The post Наградата „Роман на годината“ дојде во вистинското време, како и сè друго што доаѓа во животот appeared first on Република.

]]>
Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“ https://republika.mk/vesti/kultura/lidija-dimkovska-e-dobitnichka-na-nagradata-roman-na-godinata-za-edinstven-matichen-broj/ Fri, 15 Mar 2024 13:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=755146

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.

Во најтесен избор за наградата годинава влегоа и романите „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“ од Томислав Османли, „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска и „Зелениот дворец“ од Сибо.

„Едниствен мачтичен број“ е мој четврти роман во којшто вложив многу труд, време, многу истражување и мислам дека е мојот најсериозен, најзрел роман досега. На некој начин Наградата „Роман на годината“ е моја трета среќа, бидејќи романите „Скриена камера“ и „Резервен живот“ се најдоа во потесната конкруенција на оваа награда во текот на годините. Многу ми е мило што зад оваа награда стои жири од вакви автори како што нашиот Влада Урошевиќ, нашиот класик и мој професор. Многу е необично за мене да седам овде до него како негова поранешна студентка, а сега на некое исто ниво. Тоа и така треба да се случува во животот. Многу ми е мило што фондацијата која ја доделува наградата го носи името на Славко Јаневски. Ние сите сме всушност следбеници на Славко Јаневски, во машки или женски лик. Сакам да се заблагодарам на повеќемина што придонесоа овој роман воопшто да биде напишен и објавен. Но, пред сè би сакала да и се заблагодарам на мојата книжевна мајка Оливера Николова, којашто ми дозволи да го искористам мотото во мојата книга, всушност реченица од нејзиниот роман „Песот со тажен поглед“ - зарам тоа што го немаме, не е мерка за она што го имаме? Ова е вистинско прашање за сите нас, изјави денеска Димковска.

Наградата Роман на годината првпат е доделена во 1999 година, од Утрински весник, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.

Романот на Димковска е едно дело чија што основна основна идеја ги носи во себе обележјата на актуелноста. Преку историјата на едно семејство, Димковска се нафаќа да ја претстави, во сета нејзина трагика, едната од индивудуалните и колективните судбински состојби толку карактеристични за нашата епоха: ситуацијата на егзилот. Со овој роман, Димковска создала дело во кое личните истории, благодарение на прозната вештина на писателката ги шират своите кругови на значења се до глобални размери, велат во образложението за наградата членовите на жири комисијата.

За Издавачкиот центар „Три“ ова е петта награда Роман на годината, по наградените: Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000 ), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006 ), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008 ) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012).

Роман на годината се доделува по 25. пат. Се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од околу 2.420 илјади евра (150 илјади денари).

Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во мај, на свечена седница.

 

The post Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева. Во најтесен избор за наградата годинава влегоа и романите „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“ од Томислав Османли, „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска и „Зелениот дворец“ од Сибо.
„Едниствен мачтичен број“ е мој четврти роман во којшто вложив многу труд, време, многу истражување и мислам дека е мојот најсериозен, најзрел роман досега. На некој начин Наградата „Роман на годината“ е моја трета среќа, бидејќи романите „Скриена камера“ и „Резервен живот“ се најдоа во потесната конкруенција на оваа награда во текот на годините. Многу ми е мило што зад оваа награда стои жири од вакви автори како што нашиот Влада Урошевиќ, нашиот класик и мој професор. Многу е необично за мене да седам овде до него како негова поранешна студентка, а сега на некое исто ниво. Тоа и така треба да се случува во животот. Многу ми е мило што фондацијата која ја доделува наградата го носи името на Славко Јаневски. Ние сите сме всушност следбеници на Славко Јаневски, во машки или женски лик. Сакам да се заблагодарам на повеќемина што придонесоа овој роман воопшто да биде напишен и објавен. Но, пред сè би сакала да и се заблагодарам на мојата книжевна мајка Оливера Николова, којашто ми дозволи да го искористам мотото во мојата книга, всушност реченица од нејзиниот роман „Песот со тажен поглед“ - зарам тоа што го немаме, не е мерка за она што го имаме? Ова е вистинско прашање за сите нас, изјави денеска Димковска.
Наградата Роман на годината првпат е доделена во 1999 година, од Утрински весник, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романот на Димковска е едно дело чија што основна основна идеја ги носи во себе обележјата на актуелноста. Преку историјата на едно семејство, Димковска се нафаќа да ја претстави, во сета нејзина трагика, едната од индивудуалните и колективните судбински состојби толку карактеристични за нашата епоха: ситуацијата на егзилот. Со овој роман, Димковска создала дело во кое личните истории, благодарение на прозната вештина на писателката ги шират своите кругови на значења се до глобални размери, велат во образложението за наградата членовите на жири комисијата.
За Издавачкиот центар „Три“ ова е петта награда Роман на годината, по наградените: Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000 ), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006 ), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008 ) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012). Роман на годината се доделува по 25. пат. Се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од околу 2.420 илјади евра (150 илјади денари). Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во мај, на свечена седница.  

The post Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/pet-romani-vo-najtesen-izbor-za-nagradata-roman-na-godinata/ Sun, 10 Mar 2024 11:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=753266

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или - или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок (15 март) во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

The post Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или - или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок (15 март) во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

The post Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Десет наслови во трката за „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/deset-naslovi-vo-trkata-za-roman-na-godinata/ Tue, 05 Mar 2024 10:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=751423

Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.

На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи:

– „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“;

– „Мина“, Игор Анѓелков, „Или-или“;

– „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“;

– „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или-или“;

– „Гени, мени, сени (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“;

– „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“;

– „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“;

– „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или-или“;

– „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“;

– „Бела Сама“, Виолета Танчева-Златева, „Три“.

Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

The post Десет наслови во трката за „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“. На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи:
– „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“; – „Мина“, Игор Анѓелков, „Или-или“; – „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“; – „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или-или“; – „Гени, мени, сени (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“; – „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“; – „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“; – „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или-или“; – „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“; – „Бела Сама“, Виолета Танчева-Златева, „Три“. Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

The post Десет наслови во трката за „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Десет романи во трката за „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/deset-romani-vo-trkata-za-roman-na-godinata/ Mon, 04 Mar 2024 08:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=750929

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доселува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.

На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи. Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

 

The post Десет романи во трката за „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доселува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“. На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи. Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.  

The post Десет романи во трката за „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
19 романи ја минаа првата селекција за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/19-romani-ja-minaa-prvata-selektsija-za-nagradata-roman-na-godinata/ Mon, 19 Feb 2024 08:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=745544

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во
состав Влада Урошевиќ (претседател), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и
Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), ја направи првата селекција од пристигнатите
36 наслови, избирајќи 19 романи.

Жири-комисијата има обрска да го соопшти наградениот роман најдоцна до 15 март.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана
и од Министерството за култура на Република Македонија, годинава се доделува по
јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и париќен износ од 150.000
денари.

Овие се романите кои влегоа во потесна конкуренција:

Прва селекција на жирито за „Роман на годината“ за 2023 година
1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
2. „Ѕиркачи“, Даниела Андоновска – Трајковска, МИ-АН
3. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
4. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
5. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс
Либрис“
6. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
7. „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“
8. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема
издателство“
9. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже
Миневски, „Матица македонска“
10. „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски,
„Антолог“
11. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
12. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
13. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова,
„Антолог“
14. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
15. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
16. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
17. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“
18. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
19. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“

 

The post 19 романи ја минаа првата селекција за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Влада Урошевиќ (претседател), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), ја направи првата селекција од пристигнатите 36 наслови, избирајќи 19 романи. Жири-комисијата има обрска да го соопшти наградениот роман најдоцна до 15 март. Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура на Република Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и париќен износ од 150.000 денари. Овие се романите кои влегоа во потесна конкуренција: Прва селекција на жирито за „Роман на годината“ за 2023 година 1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“ 2. „Ѕиркачи“, Даниела Андоновска – Трајковска, МИ-АН 3. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“ 4. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“ 5. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“ 6. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“ 7. „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“ 8. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“ 9. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“ 10. „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“ 11. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“ 12. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“ 13. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“ 14. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“ 15. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“ 16. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“ 17. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“ 18. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“ 19. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“  

The post 19 романи ја минаа првата селекција за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
„Риба во(н) мрежа“ од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/riba-vo-n-mrezha-od-jovana-matevska-atanasova-e-dobitnik-na-nagradata-pegaz-za-2023-godina/ Mon, 25 Dec 2023 12:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=726484

Ракописот „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова е победник на петтото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2023 година.

На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа 36 ракописи.

За победникот одлучи жирито во состав: Николина Андова Шопова, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, Ивана Трајаноска, писателка и универзитетска професорка, и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“.

– „Риба во(н) мрежа“ е тинејџерски роман што третира една современа тема што ги засега најмногу помладите генерации − прекумерната зависност од технологија и предизвикот да се живее без „помошта“ од паметните телефони. Раскажувачкиот стил е непретенциозен, забавен, со внимателно дозиран хумор во приказната. Авторката, освен со јазикот, си поигрува и со формата, вметнувајќи графички содржини што треба да симулираат мобилни апликации, икони од интерфејс на мобилни уреди, рачно напишан телефонски именик, цртежи-патокази итн., кои и визуелно го разигруваат текстот и го оживуваат во рацете на читателите. Одредницата „роман за млади“ треба да се сфати само условно, како и дидактичкиот увод дека Ника, главниот лик, се обидува „да го разбие митот дали може да се преживее еден ден без мобилен, за доброто на тинејџерите“. Зад оваа своевидна лажна трага се крие посложена и послоевита приказна, во која освен спротивставувањето на реалниот и виртуелниот свет, пред читателот се открива внатрешниот, емотивен свет на една млада девојка која се соочува со многу предизвици – се вели во образложението на жирито.

Според жирито, „Риба во(н) мрежа“ се приближува до светските трендови за пишување литература за млади и би можел да го поттикне односниот жанр во македонската културна средина и да постави одреден стандард на кој би се надоврзале идните автори на литература за млади.

Она што додава вредност на овој роман е директното реферирање на книжевни класици за деца од македонската книжевна историографија, како што се: „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски, „Касни порасни“ од Петре М. Андреевски, „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски..., суптилно сугерирајќи дека лектирата е неизоставен дел во форматирањето на личноста и воспитувањето на вкусот од најмала возраст, но и дека книгата, како и мобилниот телефон, ја има таа моќ моментно да нè прошета низ времето и да ни врати пријатни спомени, без разлика на „застареноста на моделот“ – дополнуваат од жирито.

Јована Матевска Атанасова е родена во 1991 година, во Битола. По професија е дипломиран и лиценциран психолог. Досега објавила пет книги, меѓу кои: романот „Тамбовските снегови“ (2015), е-романот „Писмата во библиотеката“ (2016), кој е дел од наградените книги на Фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО за воведување на млади автори во дигиталното издаваштво, психолошкиот прирачник „Јас во суперлаТИв“ (2021); збирката раскази „Гладоморје“ (2021) и збирката раскази „Три во тринаесет“, за која ја доби наградата „Книжевен круг за проза“ за 2022 година, од друштвото на писатели Битолски книжевен круг. Во подготовка се и две сликовници што треба да бидат издадени идната година.

Добитник е и на повеќе награди за кратки раскази: две откупни награди на конкурсите за краток расказ распишани од дневниот весник „Нова Македонија“ во 2015 и 2016 година, двоен лауреат е на наградата „Живко Чинго“ за 2020 (расказот „Гладоморје“) и 2021 година (расказот „Пура во Осака“), а во 2022 година ја добива првата награда на конкурсот за краток расказ распишан од Фондот на холокаустот, „Раскажи фотографија“.

Нејзините раскази се преведени на англиски, српски и албански јазик, застапени во повеќејазични збирки и антологии. Пишува и книжевни и театарски рецензии.

Покрај победничкиот роман, жири-комисијата ги разгледа во најтесниот избор и ракописите „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, „Неочекувано“ од Ана Мовска (псевдоним) и „Интервенција“ од Игор Рамдедов, за кои наведе дека се издвоиле од мноштвото по оригиналноста на содржината и по стилската изведба.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на победничкиот роман во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“.

„Арс Ламина“ објавува дека конкурсот за избор на најдобар необјавен роман за 2024 година е веќе отворен и авторите можат да ги пријавуваат своите необјавени ракописи најдоцна до 1 септември 2024 година.

The post „Риба во(н) мрежа“ од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Ракописот „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова е победник на петтото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2023 година. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа 36 ракописи. За победникот одлучи жирито во состав: Николина Андова Шопова, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, Ивана Трајаноска, писателка и универзитетска професорка, и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“.
– „Риба во(н) мрежа“ е тинејџерски роман што третира една современа тема што ги засега најмногу помладите генерации − прекумерната зависност од технологија и предизвикот да се живее без „помошта“ од паметните телефони. Раскажувачкиот стил е непретенциозен, забавен, со внимателно дозиран хумор во приказната. Авторката, освен со јазикот, си поигрува и со формата, вметнувајќи графички содржини што треба да симулираат мобилни апликации, икони од интерфејс на мобилни уреди, рачно напишан телефонски именик, цртежи-патокази итн., кои и визуелно го разигруваат текстот и го оживуваат во рацете на читателите. Одредницата „роман за млади“ треба да се сфати само условно, како и дидактичкиот увод дека Ника, главниот лик, се обидува „да го разбие митот дали може да се преживее еден ден без мобилен, за доброто на тинејџерите“. Зад оваа своевидна лажна трага се крие посложена и послоевита приказна, во која освен спротивставувањето на реалниот и виртуелниот свет, пред читателот се открива внатрешниот, емотивен свет на една млада девојка која се соочува со многу предизвици – се вели во образложението на жирито.
Според жирито, „Риба во(н) мрежа“ се приближува до светските трендови за пишување литература за млади и би можел да го поттикне односниот жанр во македонската културна средина и да постави одреден стандард на кој би се надоврзале идните автори на литература за млади.
Она што додава вредност на овој роман е директното реферирање на книжевни класици за деца од македонската книжевна историографија, како што се: „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски, „Касни порасни“ од Петре М. Андреевски, „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски..., суптилно сугерирајќи дека лектирата е неизоставен дел во форматирањето на личноста и воспитувањето на вкусот од најмала возраст, но и дека книгата, како и мобилниот телефон, ја има таа моќ моментно да нè прошета низ времето и да ни врати пријатни спомени, без разлика на „застареноста на моделот“ – дополнуваат од жирито.
Јована Матевска Атанасова е родена во 1991 година, во Битола. По професија е дипломиран и лиценциран психолог. Досега објавила пет книги, меѓу кои: романот „Тамбовските снегови“ (2015), е-романот „Писмата во библиотеката“ (2016), кој е дел од наградените книги на Фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО за воведување на млади автори во дигиталното издаваштво, психолошкиот прирачник „Јас во суперлаТИв“ (2021); збирката раскази „Гладоморје“ (2021) и збирката раскази „Три во тринаесет“, за која ја доби наградата „Книжевен круг за проза“ за 2022 година, од друштвото на писатели Битолски книжевен круг. Во подготовка се и две сликовници што треба да бидат издадени идната година. Добитник е и на повеќе награди за кратки раскази: две откупни награди на конкурсите за краток расказ распишани од дневниот весник „Нова Македонија“ во 2015 и 2016 година, двоен лауреат е на наградата „Живко Чинго“ за 2020 (расказот „Гладоморје“) и 2021 година (расказот „Пура во Осака“), а во 2022 година ја добива првата награда на конкурсот за краток расказ распишан од Фондот на холокаустот, „Раскажи фотографија“. Нејзините раскази се преведени на англиски, српски и албански јазик, застапени во повеќејазични збирки и антологии. Пишува и книжевни и театарски рецензии. Покрај победничкиот роман, жири-комисијата ги разгледа во најтесниот избор и ракописите „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, „Неочекувано“ од Ана Мовска (псевдоним) и „Интервенција“ од Игор Рамдедов, за кои наведе дека се издвоиле од мноштвото по оригиналноста на содржината и по стилската изведба. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на победничкиот роман во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“. „Арс Ламина“ објавува дека конкурсот за избор на најдобар необјавен роман за 2024 година е веќе отворен и авторите можат да ги пријавуваат своите необјавени ракописи најдоцна до 1 септември 2024 година.

The post „Риба во(н) мрежа“ од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Соопштување на добитникот на наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/soopshtuvane-na-dobitnikot-na-nagradata-roman-na-godinata/ Wed, 15 Mar 2023 07:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=619754

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на годинашниот лауреат.

Како што информираат организаторите на настанот, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје (позади кино „Култура“).

 

The post Соопштување на добитникот на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на годинашниот лауреат. Како што информираат организаторите на настанот, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје (позади кино „Култура“).  

The post Соопштување на добитникот на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
34 романи во трка за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/34-romani-vo-trka-za-nagradata-roman-na-godinata-2/ Thu, 19 Jan 2023 10:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=598601

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнале 34 романи.

Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) заклучи дека и годинава конкуренцијата изобилува со квалитетни романи.

Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Список на пристигнати дела за наградата „Роман на годината“ за 2022:

1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“

2. „Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова – Анастасова, „Збор“

3. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“

4. „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“

5. „Умрев за да оживеам“, Габриела Давидовска – Баниќ, „Збор“

6. „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание

7. „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“

8. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“

9. „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“

10. „Татко ми, Босфор“, Јован Илиески, „Антолог“

11. „Вилинско коњче“, Илина Јовановиќ – Јаковчевска, „Збор“

12. „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“

13. „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“

14. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“

15. „Заследи ме“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“

16. „Потрага по загубениот гроб“, Панче Коцев, самостојно издание

17. „Наследство: Прозорецот“, Јордан Коцевски, „Антолог“

18. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“

19. „Тајната за розата Дафне“, Благица Наумова, „Збор“

20. „Токсични луѓе“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“

21. „Една книга“, Валентин Нешовски, „Или Или“

22. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“

23. „Солзите на Анастасија“, Даница Пеовска, „Мите Богоевски“

24. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“

25. „Пештера“, Максим Ристески, „Или Или“

26. „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“

27. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“

28. „Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“

29. „Продолжи да одиш“, Елена Симоновска, „Збор“

30. „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“

31. „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“

32. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“

33. „До Сахара за покрив над глава“, Јован Џамбазоски, „Матица македонска“

34. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“.

The post 34 романи во трка за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнале 34 романи. Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) заклучи дека и годинава конкуренцијата изобилува со квалитетни романи. Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март. Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Список на пристигнати дела за наградата „Роман на годината“ за 2022: 1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“ 2. „Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова – Анастасова, „Збор“ 3. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“ 4. „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“ 5. „Умрев за да оживеам“, Габриела Давидовска – Баниќ, „Збор“ 6. „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание 7. „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“ 8. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“ 9. „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“ 10. „Татко ми, Босфор“, Јован Илиески, „Антолог“ 11. „Вилинско коњче“, Илина Јовановиќ – Јаковчевска, „Збор“ 12. „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“ 13. „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“ 14. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“ 15. „Заследи ме“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“ 16. „Потрага по загубениот гроб“, Панче Коцев, самостојно издание 17. „Наследство: Прозорецот“, Јордан Коцевски, „Антолог“ 18. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“ 19. „Тајната за розата Дафне“, Благица Наумова, „Збор“ 20. „Токсични луѓе“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“ 21. „Една книга“, Валентин Нешовски, „Или Или“ 22. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“ 23. „Солзите на Анастасија“, Даница Пеовска, „Мите Богоевски“ 24. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“ 25. „Пештера“, Максим Ристески, „Или Или“ 26. „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“ 27. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“ 28. „Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“ 29. „Продолжи да одиш“, Елена Симоновска, „Збор“ 30. „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“ 31. „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“ 32. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“ 33. „До Сахара за покрив над глава“, Јован Џамбазоски, „Матица македонска“ 34. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“.

The post 34 романи во трка за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Отворен конкурсот за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-konkursot-za-nagradata-roman-na-godinata/ Thu, 15 Dec 2022 09:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=585828

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски” денес го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, кој ќе трае до 15 јануари идната година.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2022 година. Наградата „Роман на годината” се состои од паричен износ од 150.000 денари, оригинална статуетка и плакета.

Од Фондацијата велат дека кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски” во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски” бр. 23/1-1) секој работен ден од 14 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу” 19/6-40, 1000, Скопје.

Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2023 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2023 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината”, која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена по 24-ти пат. Минатата година оваа награда ѝ припадна на Симона Јовановска за делото „Денот на црвот“.

 

The post Отворен конкурсот за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски” денес го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, кој ќе трае до 15 јануари идната година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2022 година. Наградата „Роман на годината” се состои од паричен износ од 150.000 денари, оригинална статуетка и плакета. Од Фондацијата велат дека кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски” во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски” бр. 23/1-1) секој работен ден од 14 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу” 19/6-40, 1000, Скопје. Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2023 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected] Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2023 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината”, која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена по 24-ти пат. Минатата година оваа награда ѝ припадна на Симона Јовановска за делото „Денот на црвот“.  

The post Отворен конкурсот за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Врачување на наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/vrachuvanje-na-nagradata-roman-na-godinata/ Tue, 30 Aug 2022 10:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=545594

Вечерва во 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија) Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година.

Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).

Романот „Денот на црвот“ е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот, стои, меѓу другото, во образложението на жири-комисијата, во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.

За наградата „Роман на годината“ во најтесниот круг оваа година од 39 романи, влегоа четири романи и тоа Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер).

Наградата годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, чиј Генерален покровител, веќе петта година по ред е „Комерцијална банка“ АД Скопје. Во последните неколку години наградата е финансиски поддржана и од Министерството за култура.

Лауреатката Симона Јованоска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период.

Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2021 го издава својот прв роман, „Денот на црвот“.

 

The post Врачување на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија) Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).
Романот „Денот на црвот“ е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот, стои, меѓу другото, во образложението на жири-комисијата, во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.
За наградата „Роман на годината“ во најтесниот круг оваа година од 39 романи, влегоа четири романи и тоа Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). Наградата годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, чиј Генерален покровител, веќе петта година по ред е „Комерцијална банка“ АД Скопје. Во последните неколку години наградата е финансиски поддржана и од Министерството за култура. Лауреатката Симона Јованоска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период. Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2021 го издава својот прв роман, „Денот на црвот“.  

The post Врачување на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на Роман на годината во Кавадарци https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-roman-na-godinata-vo-kavadarci/ Tue, 31 May 2022 18:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=509438

Во петок, на 3 јуни 2022, со почеток од 12 часот, во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи ексклузивна промоција на Романот на годината за 2021. Наградата Роман на годината ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ и се доделува по 23 пат. Добитник е романот “Денот на црвот“ од Симона Јованоска. Издание на издавачката куќа „Или – Или“.

Наградата “Роман на годината“ е најзначајно македонско литературно признание.

За наградениот роман ќе зборуваат промоторката Ноне Ноциќ, Претседателот на Фондацијата „Славко Јаневски“ Ѕвездан Георгиевски, претставник на Издавачката куќа „Или – Или“ и секако авторката Симона Јованоска. На самата промоција ќе бидат достапни по симболична цена примероци од романот, за кои со авторска посвета ќе се погрижи самата авторка Симона Јованоска.

 

The post Промоција на Роман на годината во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Во петок, на 3 јуни 2022, со почеток од 12 часот, во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи ексклузивна промоција на Романот на годината за 2021. Наградата Роман на годината ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ и се доделува по 23 пат. Добитник е романот “Денот на црвот“ од Симона Јованоска. Издание на издавачката куќа „Или – Или“. Наградата “Роман на годината“ е најзначајно македонско литературно признание. За наградениот роман ќе зборуваат промоторката Ноне Ноциќ, Претседателот на Фондацијата „Славко Јаневски“ Ѕвездан Георгиевски, претставник на Издавачката куќа „Или – Или“ и секако авторката Симона Јованоска. На самата промоција ќе бидат достапни по симболична цена примероци од романот, за кои со авторска посвета ќе се погрижи самата авторка Симона Јованоска.  

The post Промоција на Роман на годината во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Симона Јованоска, добитничка на наградата „Роман на годината“ кај Пендаровски https://republika.mk/vesti/kultura/simona-jovanoska-dobitnichka-na-nagradata-roman-na-godinata-kaj-pendarovski/ Mon, 18 Apr 2022 12:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=490040

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими добитничката на наградата „Роман на годината“ за 2021 година, Симона Јованоска, авторка на романот „Денот на црвот“.

Претседателот упати честитки до наградената авторка посакувајќи ѝ понатамошни успеси и уште многу престижни награди за нејзиното творештво. Тој изрази признание и почит за сите автори кои со своето творештво го збогатуваат домашниот литературен опус.

На средбата, претседателот посочи дека уметниците не творат за награди, но тие неминовно придонесуваат за афирмација на нашите автори и промоција на нашата книжевност и јазик, додавајќи дека поддршката на младите автори е особено важна за поттикнување и развој на нивната работа.

Дебитантскиот роман на Симона Јованоска, „Денот на црвот“, беше награден во конкуренција од 39 романи, а наградата традиционално ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.  Оваа награда досега е доделена 23 пати и е наменета за роман кој во тековната година е објавен на македонски јазик.

The post Симона Јованоска, добитничка на наградата „Роман на годината“ кај Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими добитничката на наградата „Роман на годината“ за 2021 година, Симона Јованоска, авторка на романот „Денот на црвот“.

Претседателот упати честитки до наградената авторка посакувајќи ѝ понатамошни успеси и уште многу престижни награди за нејзиното творештво. Тој изрази признание и почит за сите автори кои со своето творештво го збогатуваат домашниот литературен опус.

На средбата, претседателот посочи дека уметниците не творат за награди, но тие неминовно придонесуваат за афирмација на нашите автори и промоција на нашата книжевност и јазик, додавајќи дека поддршката на младите автори е особено важна за поттикнување и развој на нивната работа.

Дебитантскиот роман на Симона Јованоска, „Денот на црвот“, беше награден во конкуренција од 39 романи, а наградата традиционално ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.  Оваа награда досега е доделена 23 пати и е наменета за роман кој во тековната година е објавен на македонски јазик.

The post Симона Јованоска, добитничка на наградата „Роман на годината“ кај Пендаровски appeared first on Република.

]]>
„Денот на црвот“ од Симона Јовановска добитник на наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/denot-na-crvot-od-simona-jovanovska-dobitnik-na-nagradata-roman-na-godinata/ Tue, 15 Mar 2022 12:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=473180

„Денот на црвот“ од Симона Јовановска во издание на издавачката куќа „Или-или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Според жири комисијата, романот претставува успешно книжевно остварување, во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, егзестенцијални ситуации и човечки судбини.

Оваа награда ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а претседателот на жири комисијата Владимир Јанковски на денешната прес-конференција посочи дека комисијата на последниот состанок со мнозинство гласови се одлучи за овој роман.

Жири комисијата одржа четири состаноци, при што по три изборни круга без избрани четири дела кои влегоа во најтесниот избор на наградата „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). На последниот состанок комисијата со мнозинство гласови одлучи роман на годината за 2021 година да биде „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, посочи Јанковски, читајќи го образложението од жири комисијата.

Како што појасни, композициски, книгата може да се чита како еден вид книжевна симфонија во која голем број елементи дијалогизираат едни со други, на моменти се оддалечуваат и се доближуваат, за повторно да се спојат и обединат во една смисловна целина.

Јанковски напомена дека романот е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот.

Посочи дека станува збор за полиперспективен книжевен текст, во кој контрапунктот и пресвртот, варијациите на темите и мотивите, нивната игрива и луцидна поственост создаваат богат и слоевит роман.

Извршниот директор на Фондацијата „Славко Јаневски“, Ѕвездан Георгиевски на прес-конференцијата денеска истакна оти е горд на фактот што наградата се доделува 23 години во континуитет, и со тоа и е дадено соодветно место во македонската литература, но и соодветно значење.

Тоа е ентузијастички голема награда уште во времето кога ја доделуваше Утрински весник, а уште поентузијастички е од кога ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. На тоа сме особено горди. Тоа немаше да успееме да го направиме без да се препознае наградата во пошироката јавност, додаде Георгиевски.

Потсети дека во последните неколку години наградата е финансиски поддржана од Министерството за култура, но ова е петта година како генерален покровител на наградата е Комерцијална банка АД Скопје.

Во овие 23 години наградата е доделена на многу важни номинирани автори во нашата држава, но е доделена и на многу млади или дотогаш недоволно афирмирани автори, кои преку оваа награда практично влегоа во македонската литература на малку поголема врата и на овој или на оној начин ја оправдаа довербата што жирито им ја додели, рече Георгиевски.

Тој напомена дека и оваа година лауреатка е млада авторка, и како што рече, се надева дека ќе продолжи традицијата на промовирање на нови имиња, на кои наградата ќе им биде своевиден поттик за сериозно занимавање со литература.

Директорот на самостојната дирекција за маркетинг на Комерцијална банка, Андреј Јовковски напомена дека Комерцијалната банка е горда што е покровител на ова значајно признание, бидејќи нивната поддршка значи наградување на најквалитетните литературни дела, но и поддршка на домашната продукција и на мадите автори.

Лауреатката Симона Јовановска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период.

Многу сум среќна, возбудена, многу ја сакав оваа награда. Нема да бидам скромна, да кажам дека не ја сакав, никогаш овој роман не го напишав со таа цел, за да добијам што било. Беше пишуван во еден исклучително специфичен период за мене, во време кога почна пандемијата. На кратко, станав мајка по втор пат, се најдов дома затворена и под еден таков исклучително тежок период, кој што во сите други ситуации можеби би ме бутнал, кај мене делуваше обратно. Ме поттикна, ми беше „тригер“ за да напишам нешто, и на тој начин да си помогнам на себе си, рече лауреатката на денешната прес-конференција.

Напомена дека наградата ќе и претставува дополнителна мотивација за во иднина.

Мило ми е што од еден таков тежок период, за мене излезе една ваква мал или голема победа, која дополнитлено во иднина би ми претставувало мотивација плус да правам подобро. Никогаш нема да пишувам наменски или за да се допаднам на кој било. Секогаш ќе пишувам за да држам до себе, и да останам своја, додаде Јовановска.

Оваа година во конкуренција за наградата беа 39 романи, а жири комисијата ја сочинуваа претседателот Владимир Јанковски и претставниците на Фондацијата Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.

Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

The post „Денот на црвот“ од Симона Јовановска добитник на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

„Денот на црвот“ од Симона Јовановска во издание на издавачката куќа „Или-или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Според жири комисијата, романот претставува успешно книжевно остварување, во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, егзестенцијални ситуации и човечки судбини. Оваа награда ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а претседателот на жири комисијата Владимир Јанковски на денешната прес-конференција посочи дека комисијата на последниот состанок со мнозинство гласови се одлучи за овој роман.
Жири комисијата одржа четири состаноци, при што по три изборни круга без избрани четири дела кои влегоа во најтесниот избор на наградата „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). На последниот состанок комисијата со мнозинство гласови одлучи роман на годината за 2021 година да биде „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, посочи Јанковски, читајќи го образложението од жири комисијата.
Како што појасни, композициски, книгата може да се чита како еден вид книжевна симфонија во која голем број елементи дијалогизираат едни со други, на моменти се оддалечуваат и се доближуваат, за повторно да се спојат и обединат во една смисловна целина. Јанковски напомена дека романот е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот. Посочи дека станува збор за полиперспективен книжевен текст, во кој контрапунктот и пресвртот, варијациите на темите и мотивите, нивната игрива и луцидна поственост создаваат богат и слоевит роман. Извршниот директор на Фондацијата „Славко Јаневски“, Ѕвездан Георгиевски на прес-конференцијата денеска истакна оти е горд на фактот што наградата се доделува 23 години во континуитет, и со тоа и е дадено соодветно место во македонската литература, но и соодветно значење.
Тоа е ентузијастички голема награда уште во времето кога ја доделуваше Утрински весник, а уште поентузијастички е од кога ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. На тоа сме особено горди. Тоа немаше да успееме да го направиме без да се препознае наградата во пошироката јавност, додаде Георгиевски.
Потсети дека во последните неколку години наградата е финансиски поддржана од Министерството за култура, но ова е петта година како генерален покровител на наградата е Комерцијална банка АД Скопје.
Во овие 23 години наградата е доделена на многу важни номинирани автори во нашата држава, но е доделена и на многу млади или дотогаш недоволно афирмирани автори, кои преку оваа награда практично влегоа во македонската литература на малку поголема врата и на овој или на оној начин ја оправдаа довербата што жирито им ја додели, рече Георгиевски.
Тој напомена дека и оваа година лауреатка е млада авторка, и како што рече, се надева дека ќе продолжи традицијата на промовирање на нови имиња, на кои наградата ќе им биде своевиден поттик за сериозно занимавање со литература. Директорот на самостојната дирекција за маркетинг на Комерцијална банка, Андреј Јовковски напомена дека Комерцијалната банка е горда што е покровител на ова значајно признание, бидејќи нивната поддршка значи наградување на најквалитетните литературни дела, но и поддршка на домашната продукција и на мадите автори. Лауреатката Симона Јовановска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период.
Многу сум среќна, возбудена, многу ја сакав оваа награда. Нема да бидам скромна, да кажам дека не ја сакав, никогаш овој роман не го напишав со таа цел, за да добијам што било. Беше пишуван во еден исклучително специфичен период за мене, во време кога почна пандемијата. На кратко, станав мајка по втор пат, се најдов дома затворена и под еден таков исклучително тежок период, кој што во сите други ситуации можеби би ме бутнал, кај мене делуваше обратно. Ме поттикна, ми беше „тригер“ за да напишам нешто, и на тој начин да си помогнам на себе си, рече лауреатката на денешната прес-конференција.
Напомена дека наградата ќе и претставува дополнителна мотивација за во иднина.
Мило ми е што од еден таков тежок период, за мене излезе една ваква мал или голема победа, која дополнитлено во иднина би ми претставувало мотивација плус да правам подобро. Никогаш нема да пишувам наменски или за да се допаднам на кој било. Секогаш ќе пишувам за да држам до себе, и да останам своја, додаде Јовановска.
Оваа година во конкуренција за наградата беа 39 романи, а жири комисијата ја сочинуваа претседателот Владимир Јанковски и претставниците на Фондацијата Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

The post „Денот на црвот“ од Симона Јовановска добитник на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Десет романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/deset-romani-ja-prodolzuvaat-trkata-za-nagradata-roman-na-godinata/ Thu, 03 Mar 2022 07:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=466745

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Втора селекција на дела на конкурсот Роман на годината“ за 2021 година 

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“

2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или - или“

3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или - или“

4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“

6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“

7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или - или“

8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“

9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или - или“

10. „Ден за одмазда“,  Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

The post Десет романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Втора селекција на дела на конкурсот Роман на годината“ за 2021 година 

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“

2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или - или“

3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или - или“

4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“

6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“

7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или - или“

8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“

9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или - или“

10. „Ден за одмазда“,  Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

The post Десет романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/deset-romani-vo-konkurencija-za-nagradata-roman-na-godinata/ Thu, 03 Mar 2022 07:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=466742

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Се очекува следната недела жири-комисијата да го објави најтесниот избор на раоманите што конкурираат за наградата „Роман на годината“.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.

Втора селекција на дела на конкурсот „Роман на годината“ за 2021 година

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“

2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или - или“

3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или - или“

4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“

6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“

7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или - или“

8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“

9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или - или“

10. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

The post Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда. Се очекува следната недела жири-комисијата да го објави најтесниот избор на раоманите што конкурираат за наградата „Роман на годината“. Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат. Втора селекција на дела на конкурсот „Роман на годината“ за 2021 година 1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“ 2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или - или“ 3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или - или“ 4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“ 5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“ 6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“ 7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или - или“ 8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“ 9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или - или“ 10. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

The post Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/izbrani-20-romani-vo-prvata-selekcija-za-nagradata-roman-na-godinata/ Thu, 17 Feb 2022 07:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=459582

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 39 романи, избирајќи 20 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.

Избрани дела во првата селекција на конкурсот „Роман на годината“ за 2021 година:

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“
3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“
4. „Атласот на тајните“, Дејан Крстески – Гостивар: Д.Крстески
5. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
6. „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
7. „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“
8. „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје
9. „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“
10. „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
11.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“
12. „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“
13. „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“
14. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
15. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
16. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“
17. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
18. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“
19. „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“
20. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

The post Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 39 романи, избирајќи 20 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат. Избрани дела во првата селекција на конкурсот „Роман на годината“ за 2021 година: 1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“ 2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“ 3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“ 4. „Атласот на тајните“, Дејан Крстески – Гостивар: Д.Крстески 5. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“ 6. „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“ 7. „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“ 8. „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје 9. „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“ 10. „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“ 11.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“ 12. „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“ 13. „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“ 14. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“ 15. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“ 16. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“ 17. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“ 18. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“ 19. „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“ 20. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

The post Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-konkurencija-39-romani-za-nagradata-roman-na-godinata/ Thu, 20 Jan 2022 12:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=447099

Жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), констатираше дека годинава во конкуренција се пријавиле 39 романи.

Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

1. „Сантос блуз“, Ненад Алексовски, „Арс Либрис“

2. „Опасна игра“, Мери Арсова, „Арс Либрис“

3. „Вистинска илузија во лажен свет“, Ангела Бош, „Ѓурѓа“

4. „Искра во мракот“, Е.Н.Веровска, „Муза“

5. „Се викам Лена“, Јагода Глигоровска, „Попули“

6. „Отпадот од духовните контејнери“, Јован Дамјановски, Тетово: „Напредок“

7. „Убиствата на пеперутката“, Теодора Ристеска Даскаловски, „Антолог“

8. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“

9. „Сигурен ризик“ , Анде Јанков, „Антолог“

10. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“

11. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“

12. „Атласот на тајните“, Дејан Крстески,-Гостивар: Д.Крстески

13.„Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

14. „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“

15. „Афера во музејот на пари“, Сашо Кузмановски, „Арс Либрис“

16. „Црната круна“, Илија Магденоски, „Антолог“

17. „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“

18. „Лулу“, Јана Мишо, „Арс Либрис“

19. „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје

20. „Врисок за избор“, Јадранка Павлек.-Св.Николе:Ј.Димитриева

21. „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“

22. „Осамата на Мона Н.“, Загорка Поп-Антоска Андова, Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“

23. „Старчето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“

24. „Патлачето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“

25. „Сенки во подземјето“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“

26. „Музеј на детството“, Алма Растодер, „Арс Либрис“

27. „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“

28.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“

29. „Брезите што шумеа крај Темза“, Катерина Серафимовска, „Арс Либрис“

30. „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“

31. „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“

32. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“

33. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“

34. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“

35. „Храмот на натписите“, Петар Стојановски, „Арс Либрис“

36. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“

37. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“

38. „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“

39. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

 

The post Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), констатираше дека годинава во конкуренција се пријавиле 39 романи. Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. 1. „Сантос блуз“, Ненад Алексовски, „Арс Либрис“ 2. „Опасна игра“, Мери Арсова, „Арс Либрис“ 3. „Вистинска илузија во лажен свет“, Ангела Бош, „Ѓурѓа“ 4. „Искра во мракот“, Е.Н.Веровска, „Муза“ 5. „Се викам Лена“, Јагода Глигоровска, „Попули“ 6. „Отпадот од духовните контејнери“, Јован Дамјановски, Тетово: „Напредок“ 7. „Убиствата на пеперутката“, Теодора Ристеска Даскаловски, „Антолог“ 8. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“ 9. „Сигурен ризик“ , Анде Јанков, „Антолог“ 10. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“ 11. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“ 12. „Атласот на тајните“, Дејан Крстески,-Гостивар: Д.Крстески 13.„Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“ 14. „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“ 15. „Афера во музејот на пари“, Сашо Кузмановски, „Арс Либрис“ 16. „Црната круна“, Илија Магденоски, „Антолог“ 17. „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“ 18. „Лулу“, Јана Мишо, „Арс Либрис“ 19. „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје 20. „Врисок за избор“, Јадранка Павлек.-Св.Николе:Ј.Димитриева 21. „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“ 22. „Осамата на Мона Н.“, Загорка Поп-Антоска Андова, Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ 23. „Старчето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“ 24. „Патлачето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“ 25. „Сенки во подземјето“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“ 26. „Музеј на детството“, Алма Растодер, „Арс Либрис“ 27. „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“ 28.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“ 29. „Брезите што шумеа крај Темза“, Катерина Серафимовска, „Арс Либрис“ 30. „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“ 31. „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“ 32. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“ 33. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“ 34. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“ 35. „Храмот на натписите“, Петар Стојановски, „Арс Либрис“ 36. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“ 37. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“ 38. „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“ 39. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“  

The post Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>