Српскиот пејач на народна музика, Драган Којиќ - Кеба, откри дека првите чекори во светот на музиката ги направил уште како дете, но дека страста кон пеењето првично ја криел од родителите.
Кеба открива дека на многу млада возраст првпат стапнал во кафеана, каде што воден од страста кон музиката почнал и да пее.
Мојот прв инструмент кратко време беше хармоника, па тапаните, па сакав да бидам трубач, па свирев на гитара, но секогаш пеев. Секако, почнав тоа да го правам како многу мал. Бев во културно-уметничкото друштво „Вук Караџиќ“ во Лозница. Ги поминав сите секции. Единствено не играв и тоа не го знам до ден-денес“, вели Кеба.
Тој додава дека неговите родители не знаеле за неговата пасија и раскажува за моментот кога татко му дознал дека веќе некое време настапува во кафани.
Криев од родителите, моите се разведоа кога имав пет години, но тоа нема врска. Не знаеја дека пеам. Еден ден пеев во кафеана и го гледам татко ми како влегува. Тој седна и почнав да ја пеам „Има денови кога не знам што да правам“, тој ја сака таа песна и поминав лесно тогаш, така некако се почна“, раскажува Кеба.
The post Кеба долго време криел од родителите дека пее по кафани: Искористил лукав трик за да се извади кога татко му дознал appeared first on Република.
]]>Мојот прв инструмент кратко време беше хармоника, па тапаните, па сакав да бидам трубач, па свирев на гитара, но секогаш пеев. Секако, почнав тоа да го правам како многу мал. Бев во културно-уметничкото друштво „Вук Караџиќ“ во Лозница. Ги поминав сите секции. Единствено не играв и тоа не го знам до ден-денес“, вели Кеба.Тој додава дека неговите родители не знаеле за неговата пасија и раскажува за моментот кога татко му дознал дека веќе некое време настапува во кафани.
Криев од родителите, моите се разведоа кога имав пет години, но тоа нема врска. Не знаеја дека пеам. Еден ден пеев во кафеана и го гледам татко ми како влегува. Тој седна и почнав да ја пеам „Има денови кога не знам што да правам“, тој ја сака таа песна и поминав лесно тогаш, така некако се почна“, раскажува Кеба.
The post Кеба долго време криел од родителите дека пее по кафани: Искористил лукав трик за да се извади кога татко му дознал appeared first on Република.
]]>Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години.
Во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители. Во Северна Европа, пак, овој процент е под 20%, па дури и под 10%.
Најрано од домовите на нивните родители си заминуваат младите во скандинавските земји. Со просечна возраст од 21,4 години, младите Финци се тие кои најрано за заминуваат. Веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8, па Норвежаните на 22,5 години.
Меѓу западновропските земаји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години
The post „Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите appeared first on Република.
]]>The post „Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите appeared first on Република.
]]>Значи, да повторимо и да спасимо нечиј живот.
- Тротинет
- Точак
- Скутер
НЕ СЕ ВОЗИВ по пешачки премин, гурав се. Ем ќе загинете зашто излетуете сс електрични тротинети од позади жардињере како талибанци, ем ке треба некој затвор да лега заради вас. Ако не ги знаете СООБРАЌАЈНИ правила, не се качујте на превозно средство.
И едн апел до НЕНОРМАЛНИ родители што су ги дале на њини малолетни деца електрични тротинети, скутери и квадови и ги пуштиле у сообраќај без дозволу. Научете ги барем на најосновни сообраќајни правила, знаци, правило на предност и претечување. За њино здравје е, зашто некој ке ги утепа у сообраќај, пошто вас некој да ве преваспитуе е касно. Сви претечуев од десну страну, како камиказе.
The post Eдeн апел до ненормални родители што су ги дале на малолетни деца електрични тротинети… appeared first on Република.
]]>The post Eдeн апел до ненормални родители што су ги дале на малолетни деца електрични тротинети… appeared first on Република.
]]>Рано утрово во 5 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка.
Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите.
А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
The post Скопјанец се обидел да им ја запали куќата на родителите, соседите го спречиле appeared first on Република.
]]>The post Скопјанец се обидел да им ја запали куќата на родителите, соседите го спречиле appeared first on Република.
]]>На родителите на децата со попреченост во согласност со проценката од МКФ ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат. Станува збор за деца кои се инклудирани во редовните паралелки, а нивните родители реагираат до нас дека не чувствуваат корист од тоа дека нивното дете е вклучено во редовна паралелка.
Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за Радио МОФ, напоменувајќи дека дел од родителите се жалат дискриминацијата во редовните паралелки е поголема, отколку тие деца да се наоѓаат во средина каде што ќе имаат слични на себе деца.
Започнуваме со консултации, најнапред со стручната фела, со психолози, педагози и специјални едукатори и рехабилитатори за да изнајдеме најдобро решение за овие деца. Она што досега сме го заклучиле е дека за децата со тешка интелектуална попреченост, а може да имаат и други видови на попречености е дека треба да постојат така наречените посебни училишта во кои децата ќе имаат поприродна средина за себе, односно со кого да комуницираат, со кого да се дружат, што де факто во редовните училишта го немаат, изјави Јаневска.
Можеби е за изненадување, рече министерката, но одреден број на здруженија на родители, бараат децата да им учат во посебни училишта, додавајќи дека тоа релативно брзо ќе се дефинира и ќе биде предмет на јавна расправа, по што сите измени ќе бидат вклопени во законите за основно, средно и средно-стручно образование.
The post Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете, вели министерката Весна Јаневска appeared first on Република.
]]>Започнуваме со консултации, најнапред со стручната фела, со психолози, педагози и специјални едукатори и рехабилитатори за да изнајдеме најдобро решение за овие деца. Она што досега сме го заклучиле е дека за децата со тешка интелектуална попреченост, а може да имаат и други видови на попречености е дека треба да постојат така наречените посебни училишта во кои децата ќе имаат поприродна средина за себе, односно со кого да комуницираат, со кого да се дружат, што де факто во редовните училишта го немаат, изјави Јаневска.Можеби е за изненадување, рече министерката, но одреден број на здруженија на родители, бараат децата да им учат во посебни училишта, додавајќи дека тоа релативно брзо ќе се дефинира и ќе биде предмет на јавна расправа, по што сите измени ќе бидат вклопени во законите за основно, средно и средно-стручно образование.
The post Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете, вели министерката Весна Јаневска appeared first on Република.
]]>Секторот за внатрешни работи (СВР) во Велес поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на Неготино, обвинет за низа кривични дела вклучувајќи закани и предизвикување пожар во домот на неговите родители. Односите меѓу него и родителите биле конфликтни, а тој претходно добил судска забрана за приближување до нивниот дом.
Според извештаите, М.А. (27) е обвинет за „загрозување на сигурноста“ поради упатени закани кон своите родители, за „предизвикување општа опасност“ поради двапати предизвикан пожар, и за „неизвршување на судска одлука“ бидејќи не ја почитувал судската мерка за забрана за приближување. Случаите се случиле откако бил неправомерно присутен во близина на домот на своите родители, што директно довело до инцидентот со пожарот.
The post Неготинчанец сакал да го запали домот на родителите, имал забрана да им се приближува appeared first on Република.
]]>The post Неготинчанец сакал да го запали домот на родителите, имал забрана да им се приближува appeared first on Република.
]]>Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Штип кои ги оставиле своите малолетни деца заклучени во автомобил, на паркинг.
Според информациите од МВР, родителите се на возраст од 42 и 27 години.
Децата подолг период останале заклучени на паркингот, додека тие биле во казиното.
Кривичната пријава се однесува за делото запуштање и малтретирање на дете.
The post Родители од Штип ги заклучиле малолетните деца во автомобил и отишле да се коцкаат во казино appeared first on Република.
]]>The post Родители од Штип ги заклучиле малолетните деца во автомобил и отишле да се коцкаат во казино appeared first on Република.
]]>Едниот или двајцата родители можат да „пренесат“ одредени емоции, па дури и психички состојби на своите деца.
Истражувањата покажуваат дека одредени емоции може да се наследат од родителите Тоа се нарекува „трансгенерациско епигенетско наследување“ или епигенетика, но и преку различни модели на однесување и искуство, детето усвојува и „емоционален код“.
Еве 8 емоции кои можат да се наследат преку семејна траума, родителско моделирање или однесување:
Гнев
Постојат три главни типа на нездрав гнев: агресивен гнев, пасивно-агресивен гнев и потиснат гнев – сето тоа може негативно да влијае на детето. На пример, ако родителот е агресивно лут затоа што вика, неговото дете може да порасне да го имитира истото однесување или да научи да го пренасочува кон сопствената манифестација на гнев.
Срам
Ова чувство најчесто го поттикнуваат зборовите поради кои детето губи самодоверба: „Никогаш нема да бидеш доволно добар“ или „Ти си глупав“. На детето му се влева чувство на срам, а исто така ја губи самодовербата при извршување на важни задачи.
Вина
Овој вид на емоции најчесто се поврзува со емоционална уцена. На пример, „Да ме сакаше, ќе ја исчистеше кујната“ или „Не го направи ова затоа што не се грижеше за мама“. Ова се типични примери на родители кои ја користат вината како „потпора“. Ова однесување, иако типично, сепак се смета за екстремен облик на манипулација.
Беспомошност
Тоа вклучува играње на улогата на жртвата. Во овој случај, родителот ја користи траумата од минатото како изговор за лошо однесување: „Вака ме третираше мајка ми“ или „Вака се однесувам затоа што напорно работам за тебе“. На овој начин децата се учат секогаш да бараат изговори за своите лоши постапки и да го посвојуваат, односно да го „наследат“ ова однесување.
Несигурност
Примарната тактика за развој што ја користат децата е нивната тенденција да ги проучуваат своите родители во обид да научат повеќе за себе. Проблемот со овој метод на самооткривање е што детето може да ја апсорбира и несигурноста на родителите. Несигурноста поради која родителот не бара унапредување од страв, лесно може да се претвори во тоа што детето од несигурност не оди на аудиција за претстава.
Себичност
Тоа најчесто се гледа во семејства каде што нема меѓусебна доверба и емпатија меѓу родителите и децата, браќата и сестрите. Во раните фази на развојот, довербата е суштинска, а кога нема приврзаност и блиски односи, туку фокусирање само на себе, од најстарите членови на семејството до најмладите, се усвојува себичноста.
Критика
Постојаното критикување на детето за тоа што носи, како изгледа, како се однесува или со кого се дружи е исцрпувачки. Особено кога овие критики се комбинираат со: „Ова го правам само затоа што те сакам“. За дете кое ќе порасне слушајќи го ова, да се биде критичен и осудувачки кон другите изгледа како природна работа. Но, тоа не е, и всушност е ризично бидејќи може да ги уништи туѓите односи и самодовербата.
Љубомора
Кога детето постојано забележува љубомора во односот помеѓу мајката и таткото, постои ризик да усвои таков модел на однесување во нивните односи. Исто така, зависта на родителите кон пријателите, роднините, соседите може да разбуди слични чувства кај детето, што предизвикува токсично однесување.
Експертите истакнуваат дека преку усвојување на одредени модели на однесување во семејството можеме да наследиме различни емоции, а многу од нив остануваат длабоко закопани во нас, па често ни е тешко да ги препознаеме и да станеме свесни за нив. Затоа е важно да се грижиме за менталното здравје, без разлика на возраста и возраста, и да ги филтрираме чувствата, одвојувајќи ги оние кои ни помагаат да бидеме подобри и да се чувствуваме подобро, од оние кои се токсични и за нас и за нашите блиски луѓе.
The post Кои емоции децата можат да ги наследат од своите родители? appeared first on Република.
]]>The post Кои емоции децата можат да ги наследат од своите родители? appeared first on Република.
]]>Родители нападнале соученик и наставничката на нивниот син.
Инцидентот бил пријавен вчера во СВР Битола.
Р.М. на возраст од 48 години од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од родители на негов соученик.
Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од истите родители.
Од битолската полиција преземаат мерки за расчистување на настанот.
The post Нова тепачка во Битола: Родители нападнале соученик и наставничката на синот appeared first on Република.
]]>The post Нова тепачка во Битола: Родители нападнале соученик и наставничката на синот appeared first on Република.
]]>Охридската полиција рано утрово го приведе 19-годишниот М.П. откако неговите родители го пријавиле дека им се заканувал.
„Денеска (03.05.2024) во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.П.(19) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.10 часот во домот агресивно се однесувал кон неговите родители и им упатувал закани“, се вели во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
The post Уапсен 19-годишен охриѓанец, им се заканувал на родителите и се однесувал агресивно appeared first on Република.
]]>The post Уапсен 19-годишен охриѓанец, им се заканувал на родителите и се однесувал агресивно appeared first on Република.
]]>Брзата помош пристигнала пред полициската станица во Бор, каде беа повикани таткото и мајката на Данка Илиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, на нив им се слошило и лекарите морале да реагираат. Префрлени се во блискиот здравствен дом.
Семејството на малата Данка пред дваесетина минути пристигнало во полиција. Прво таткото, а потоа мајката со дедото на Данка.
Пред еден час беше објавено дека приведени се две лица кои го признале убиството на двегодишното девојче по кое 10 дена трагаше целиот регион.
https://republika.mk/vesti/balkan/danka-ja-zgazile-komunaltsi-ja-stavile-vo-gepek-i-ja-ja-frlile-vo-deponija/
The post Родителите на Данка однесени со Брза помош од полициската станица appeared first on Република.
]]>The post Родителите на Данка однесени со Брза помош од полициската станица appeared first on Република.
]]>За разлика од поразвиените земји во Европа, младите на Балканот доста доцна ги напуштаат домовите на своите родители и стануваат независни, покажува истражувањето на Евростат, според кое младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години, јави дописникот на МИА од Белград.
Младите во Хрватска го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, а младите во Естонија најрано на возраст од 22,7 години во просек.
Во просек, младите во Србија го напуштаат домот на своите родители на 31,4 години, во Црна Гора на 33,3 и во Македонија на 32,1 години. Од друга страна, младите во остатокот од Европа го напуштаат домот на своите родители во раните дваесетти години (Естонија 22,7 години, Холандија 23 години, Франција 23,4 години, Велика Британија 24,6 години, Литванија 24,7 години).
Според експертите, главните причини за многу подолг останок во родителскиот дом на младите на Балканот во споредба со остатокот од Европа, делумно лежи во традицијата (посилни семејни врски во нашиот регион), но најдоминантна причина секако е недостаток на финансиска независност на младите (пред се поради немањето доволен број добро платени работни места).
The post Младите во Македонија живеат со родителите до 32 години appeared first on Република.
]]>The post Младите во Македонија живеат со родителите до 32 години appeared first on Република.
]]>Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.
Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика“, изјави Шаќири откако денеска заедно со техничкиот премиер Талат Џафери го посети новоизградениот Студентски дом во Тетово.
Тој порача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.
Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции“, додаде министерот за образование и наука.
Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.
Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти.
МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.
The post Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите appeared first on Република.
]]>Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика“, изјави Шаќири откако денеска заедно со техничкиот премиер Талат Џафери го посети новоизградениот Студентски дом во Тетово.Тој порача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.
Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции“, додаде министерот за образование и наука.Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик. Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти. МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.
The post Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите appeared first on Република.
]]>Родителите, братот и роднините на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски сè уште живеат во Русија, а неговиот татко е пензиониран полковник на вооружените сили на Русија.
Родум од Владимирската област, новоименуваниот врховен командант на украинските вооружени сили на Украина сè уште е блкиску поврзан со Русија не само по местото на раѓање, туку неговите најблиски роднини, вклучително и неговата мајка, татко и брат, продолжуваат да живее таму.
Таткото на Сирски, Станислав, е пензиониран полковник на руската армија, кој заедно со мајката на Сирси, Људмила, живеат со братот на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олег, кој работи како обезбедување.
Пред почетокот на војната, родителите на Сирски биле активни на социјалните мрежи, каде што често објавувале патриотски објави - видео од присуство на марш на почесната руска единица „Бесмртниот полк“ во 2019 година, каде што семејството носат ленти на Свети Ѓорги, забранети во Украина.
https://republika.mk/vesti/svet/go-vikaat-general-smrt-roden-e-vo-rusija-ima-nekolku-ukrainski-ordeni-koj-e-aleksandar-sirski-noviot-vrhoven-komandant-na-ukraina/
Не е познато дали новиот врховен командант на вооружените сили на Украина сега комуницира со семејството, но агенцијата ТАСС разговарала со братот на Сирски, Олег, кој вели дека долги години не комуницирал со својот брат.
Не комуницирам со него, не знам ни каде е. Не знам ништо за него. Помина долго, долго време откако замина таму (во Украина). Таму е цел живот, таму ја почна својата служба и ја продолжува, таму има семејство“, вели Олег.
Судејќи според социјалните мрежи, братот на новиот украински врховен командант, ги поддржува вооружените сили на Русија.
The post Родителите и братот на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина живеат во Русија и ја поддржуваат руската војска appeared first on Република.
]]>Не комуницирам со него, не знам ни каде е. Не знам ништо за него. Помина долго, долго време откако замина таму (во Украина). Таму е цел живот, таму ја почна својата служба и ја продолжува, таму има семејство“, вели Олег.Судејќи според социјалните мрежи, братот на новиот украински врховен командант, ги поддржува вооружените сили на Русија.
The post Родителите и братот на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина живеат во Русија и ја поддржуваат руската војска appeared first on Република.
]]>Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е 75 проценти, информираа денеска од Здравствен дом Куманово, детски диспанзер. Надлежните велат дека оваа болест што ја има во соседството е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата.
Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Опфатот со вакцина против пертусис кај нас се движи до 75 проценти. Попроблематичен е опфатот е со вакцината МРП кој изнесува 40 проценти. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални, изјави денеска д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.
Вакцината се прима заедно со дифтерија, тетанус и пертусис на двомесечна возраст, потоа следи ревакцинација.
Болеста, како што објаснува докторката, меѓу луѓето е позната како „црна кашлица“ или „магарешка кашлица“ и е акутно бактериско заболување, мошне заразно ја предизвикува бактеријата. Инкубацијата трае од 7 до 14 дена. Првин се појавува течење нос, зарипнато грло, покачена температура, после болеста напредува и е препознатлива со карактеристично ноќно кашлање предизвикано од инфекцијата која ги напаѓа белите дробови.
Почнува да се лачи слузта поинтензивно не постои можност за искашлување, кашлицата е иритативна, досадна кашлица може да предизвика компликации бронхопневмонија, воспаление на средно уво, енцефалитис. Може да се јави и крв, зашто е многу напорна кашлица. Може да доведе до фатален исход, вели Богоевска-Димитриевска.
Болеста освен кај бебињата може да предизвика и сериозни компликации кај возрасните со коморбидитети. Но, особено страдаат најмалите, оние кои не се вакцинирани. Вакцинираните пак, можат да се заразат ама поминуваат со послаби симптоми.
Од Центарот за јавно здравје ги повикаа родителите да постават прашање исклучиво на стручни лица на лекари, не да се едуцираат за вакцини од сомнителни портали.
Многу е важно да се запишат вакцинирани деца во градинка, зашто слободно може да ги пуштаат да другаруваат, да играат без премисла дека ќе се разболат. За сите прашања сме отворени, важно е да има и едукативни содржини на медиумите, вели д-р Богоевска Димитриевска.
Загрижувачки е што паѓа опфатот на вакцинирани и кај училишните деца кога треба да се прима ревакцина.
The post Родителите навреме да ги вакцинираат децата, повикаа од детски диспанзер Куманово appeared first on Република.
]]>Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Опфатот со вакцина против пертусис кај нас се движи до 75 проценти. Попроблематичен е опфатот е со вакцината МРП кој изнесува 40 проценти. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални, изјави денеска д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.Вакцината се прима заедно со дифтерија, тетанус и пертусис на двомесечна возраст, потоа следи ревакцинација. Болеста, како што објаснува докторката, меѓу луѓето е позната како „црна кашлица“ или „магарешка кашлица“ и е акутно бактериско заболување, мошне заразно ја предизвикува бактеријата. Инкубацијата трае од 7 до 14 дена. Првин се појавува течење нос, зарипнато грло, покачена температура, после болеста напредува и е препознатлива со карактеристично ноќно кашлање предизвикано од инфекцијата која ги напаѓа белите дробови.
Почнува да се лачи слузта поинтензивно не постои можност за искашлување, кашлицата е иритативна, досадна кашлица може да предизвика компликации бронхопневмонија, воспаление на средно уво, енцефалитис. Може да се јави и крв, зашто е многу напорна кашлица. Може да доведе до фатален исход, вели Богоевска-Димитриевска.Болеста освен кај бебињата може да предизвика и сериозни компликации кај возрасните со коморбидитети. Но, особено страдаат најмалите, оние кои не се вакцинирани. Вакцинираните пак, можат да се заразат ама поминуваат со послаби симптоми. Од Центарот за јавно здравје ги повикаа родителите да постават прашање исклучиво на стручни лица на лекари, не да се едуцираат за вакцини од сомнителни портали.
Многу е важно да се запишат вакцинирани деца во градинка, зашто слободно може да ги пуштаат да другаруваат, да играат без премисла дека ќе се разболат. За сите прашања сме отворени, важно е да има и едукативни содржини на медиумите, вели д-р Богоевска Димитриевска.Загрижувачки е што паѓа опфатот на вакцинирани и кај училишните деца кога треба да се прима ревакцина.
The post Родителите навреме да ги вакцинираат децата, повикаа од детски диспанзер Куманово appeared first on Република.
]]>Утре во Вишиот суд во Белград ќе почне судењето на родителите на Коста К.(14), кој уби девет ученици и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Судењето, за кое може да се каже дека е судењето на векот, е закажано за 11 часот, а на него ќе се појават и мајката на Коста, која доаѓа од слобода, Миљана, како и таткото на Владимир, кој ќе биде изведен пред судот од притвор во ЦЗ каде што се наоѓа од масакрот. На ова рочиште треба да се прочита обвинението и според него да се изјасни обвинетиот, а во една третина од процесот ќе биде сослушано и самото момче убиец.
Во обвинението, кое Вишото јавно обвинителство го поднесе на 10 октомври 2023 година, се товарат родителите на момчето на убиецот како и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб „Партизан“, каде Коста практикувал да пука во подвижни цели.
Апелациониот суд во Белград го потврди ова обвинение и тоа стана правосилно на 27 декември минатата година.
Со обвинението, Владимир К., таткото на убиецот на момчето, се товари за тешко дело против општата безбедност, бидејќи како што утврди истрагата, го обучувал својот син да ракува со огнено оружје и го однел на стрелиште една година пред инцидентот во Врачар, но не ги обезбедил адекватно своите два пиштоли кои што неговиот син ги зел и извршил грозоморно злосторство. Во обвинението на обвинителот се бара тој да биде осуден на 12 години затвор.
Мајката на Коста, Миљана, чија ДНК беше пронајдена на чаура на местото на масовното убиство во училиштето во Врачар, беше обвинета за недозволено изработување, носење, држење и тргување со оружје и експлозивни материјали. За неа била побарана половина година затвор.
Покрај родителите, во обвинението се и Ратко Ивановиќ, претседател на стрелачкиот клуб „Партизан практично стрелање“, како и Немања Маринковиќ, инструктор во тој клуб, кои се товарат за кривично дело давање лажен исказ, за кои обвинителството побара да бидат осудени на по три години затвор.
Да потсетиме, покрај оваа кривична постапка за случајот со момчето убиец, водат и две граѓански постапки во кои семејствата на жртвите на Коста бараат од неговиот татко и мајка, како и од училиштето и од државата, отштета за нематеријална штета за претрпената душевна болка. Во граѓанските предмети и самиот Коста е тужен и ова се единствените судски постапки во кои е обвинет бидејќи во моментот кога влегол во училиштето и го извршил страшното дело имал само 13 години и бил кривично неодговорен, поради што не е можно да одговара кривично.
Веднаш по апсењето, Коста К. бил затворен во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград, каде е под постојан надзор на неговите стручни лекари.
The post Утре во Белград почнува судењето на родителите на Коста, 14-годишникот кој уби 10 луѓе на училиште appeared first on Република.
]]>The post Утре во Белград почнува судењето на родителите на Коста, 14-годишникот кој уби 10 луѓе на училиште appeared first on Република.
]]>Четиринаесетгодишник е уапсен под сомнение дека „со неколку вида на оружје“ ги убил неговите родители и тешко ја ранил 11-годишната сестра во нивниот дом во околината на Фресно, Калифорнија во средата навечер. Според шерифот Џон Занони, полициските службеници пристигнале во домот откако добиле пријава за кражба и напад.
Затекнале две тела идентификувани како таткото Лу Јанг и мајката Се Ванг, двајцата на 37 години. Девојчето било тешко рането, а најмладиот член на фамилијата, седумгодишно момче, било неповредено, а моментално го чуваат неговите роднини.
Според шерифот, 14-годишникот пред полицијата тврдел дека некој провалил и ги нападнал членовите на семејството пред да побегне со пикап, но детективите откриле недоследности во неговата приказна и тој на крајот бил приведен.
Тој измисли приказна за кражба, рече Занони.
Портпаролот на шерифот рече дека се уште ја утврдуваат причината и локацијата на смртта. Осомничениот засега е ставен во малолетнички дом под обвинение за убиство и обид за убиство.
Пред само неколку дена браќа тинејџери се уапсени за убиство на нивната сестра после семејна расправија околу божиќните подароци.
https://republika.mk/vesti/svet/so-bebe-vo-ratse-majka-e-ubiena-od-nejziniot-brat-za-vreme-na-raspravija-okolu-bozhiknite-podarotsi/
The post Нов малолетен убиец: 14-годишник си ги уби родителите и тешко ја повреди сестрата appeared first on Република.
]]>Тој измисли приказна за кражба, рече Занони.Портпаролот на шерифот рече дека се уште ја утврдуваат причината и локацијата на смртта. Осомничениот засега е ставен во малолетнички дом под обвинение за убиство и обид за убиство. Пред само неколку дена браќа тинејџери се уапсени за убиство на нивната сестра после семејна расправија околу божиќните подароци. https://republika.mk/vesti/svet/so-bebe-vo-ratse-majka-e-ubiena-od-nejziniot-brat-za-vreme-na-raspravija-okolu-bozhiknite-podarotsi/
The post Нов малолетен убиец: 14-годишник си ги уби родителите и тешко ја повреди сестрата appeared first on Република.
]]>Во зградата на Вишиот суд во Белград денеска продолжува судскиот процес во граѓанската постапка на семејствата на убиените во основното училиште „Владислав Рибникар“ против родителите на момчето убиец, а голем број од нив веќе пристигнаа во зградата на Палатата на правдата, пренесе „Ало.рс“.
Судењето почнало во 9 часот, а пред тоа зградата на Палатата на правдата беше преплавена од адвокати, родители на убиените деца и оние кои денеска дојдоа да им дадат поддршка. Има претставници и од ОУ „Владислав Рибникар“.
Се очекува денеска да сведочат дури три семејства за тоа што му претходело на масовното убиство што се случи во утринските часови на 3 мај во строгиот центар на Белград.
За потсетување, тужбата во граѓанска постапка против К.К., кој го стори тоа кривично дело, и неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, заеднички ја поднесоа 27 тужители. Тие бараат надомест на нематеријална штета за претрпената душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв.
Да потсетиме, на таткото и мајката на момчето-убиец им е привремено забрането да располагаат со недвижниот имот и парите кои ги поседуваат, а сето тоа по предлог на семејствата на загинатите во масовното пукање, чија цел е исклучиво обезбедување средства за плаќање обештетување на семејствата на повредените.
Претходниот судски процес се одржа на 20 октомври годинава во Палатата на правдата, а се слушна дека момчето К.К., без никакви процедури е префрлено од едно во друго одделение, додека од друга страна, таткото на девојче кое било убиено во пукањето во училиштето на почетокот побарало да му го префрлат детето, но никој од училиштето не зборувал за тоа.
Главната расправа е закажана за два дена, поточно на 28 и 29 декември. Во оваа тужба се опфатени момчето убиец, Миљана и Владимир Кечмановиќ. Семејството на една од убиените ученички покрена втора независна тужба против семејството Кечмановиќ, основното училиште „Владислав Рибникар“ и Република Србија.
The post Почна судењето на родителите на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.
]]>The post Почна судењето на родителите на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.
]]>На 12.12.2023 во 13:30 часот во СВР Скопје Г.П.(44) од Скопје пријавил дека околу 09:30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил нападнат од негов соученик.
На 12.12.2023 во 18:50 часот во СВР Скопје Х.М.(51) од Скопје пријавила дека околу 18:00 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку соученици.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
The post Родители од Карпош и Шуто Оризари пријавиле дека децата им биде нападнати од соучееници appeared first on Република.
]]>The post Родители од Карпош и Шуто Оризари пријавиле дека децата им биде нападнати од соучееници appeared first on Република.
]]>Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1.
Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.
Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.
Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта, објаснуваат од полицијата.
Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.
Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства, велат од полициската управа Љубљана.
The post Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди appeared first on Република.
]]>Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.
Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта, објаснуваат од полицијата.Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.
Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства, велат од полициската управа Љубљана.
The post Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди appeared first on Република.
]]>