репортери без граници Archives - Република https://republika.mk/tema/reporteri-bez-granici/ За подобро да се разбереме Fri, 03 May 2024 11:43:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png репортери без граници Archives - Република https://republika.mk/tema/reporteri-bez-granici/ 32 32 Репортери без граници: Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/reporteri-bez-granitsi-severna-makedonija-na-36-mesto-najdobro-rangirana-megu-drzhavite-od-regionot/ Fri, 03 May 2024 11:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=773766

Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобор од 38-то место лани. Од земјите во регионот Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција.

-Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.

Во однос на Медиумски пејзаж се наведува дека иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои плагијат и копираат и залепуваат содржини. Исто така, постои голем јаз меѓу користењето и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост.

За политички контекст се забелчежува дека целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади.

-Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност, стои во Извештајот.

Во контекст на правната рамка се посочува дека Уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, но дека земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи, а се посочува и на пресудата за ИРЛ и новиот закон за медиумите во делот на рекламирањето.

-Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание, нотира Извештајот.

За економски контекст се наведува дека иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање, се додава понатаму, е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството, се посочува, е многу несигурна професија, а некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите.

Во делот за социјланиот контекст стои дека иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат, како што се посочува, за опаѓање на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка или религија,

Кога е во прашање безбедноста на новинарите се констатира дека тие се често мета на вербални напади, а меѓу другото се посочува и за назначувањето специјален обвинител задолжен за случаите на напади врз новинари.

-Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја, стои во Извештајот на Репортери без граници за земјава.

Првите места на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година им припаѓаат на Норвешка, Данска и Шведска. На листата од 177 земји во светот најлоши оценки за слободата на медиумите имаат Туркемнистан Иран и Северна Кортеја.

The post Репортери без граници: Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот appeared first on Република.

]]>

Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобор од 38-то место лани. Од земјите во регионот Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција. -Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава. Во однос на Медиумски пејзаж се наведува дека иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои плагијат и копираат и залепуваат содржини. Исто така, постои голем јаз меѓу користењето и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост. За политички контекст се забелчежува дека целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. -Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност, стои во Извештајот. Во контекст на правната рамка се посочува дека Уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, но дека земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи, а се посочува и на пресудата за ИРЛ и новиот закон за медиумите во делот на рекламирањето. -Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание, нотира Извештајот. За економски контекст се наведува дека иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање, се додава понатаму, е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството, се посочува, е многу несигурна професија, а некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите. Во делот за социјланиот контекст стои дека иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат, како што се посочува, за опаѓање на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка или религија, Кога е во прашање безбедноста на новинарите се констатира дека тие се често мета на вербални напади, а меѓу другото се посочува и за назначувањето специјален обвинител задолжен за случаите на напади врз новинари. -Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја, стои во Извештајот на Репортери без граници за земјава. Првите места на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година им припаѓаат на Норвешка, Данска и Шведска. На листата од 177 земји во светот најлоши оценки за слободата на медиумите имаат Туркемнистан Иран и Северна Кортеја.

The post Репортери без граници: Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски задоволен: Според „Репортери без граници“ најдобри сме во регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zadovolen-spored-reporteri-bez-granici-najdobri-sme-vo-regionot/ Tue, 03 May 2022 10:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=496726

Оваа година, Светскиот ден на слободата на медиумите, го одбележуваме како земја која постигнала исклучителен напредок на листата на „Репортери без граници“. Според индексот за слобода на печатот, кој е објавен во извештајот за 2022 година, Македонија бележи скок од 33 места, односно од 90 на 57 место. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Тој им изразува благодарност на новинарите и медиумските работници, за, како што наведува, нивната посветена работа и им порачува да продолжат професионално да ја работат својата работа.

Не така одамна бевме сведоци дека загрозената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството, истакнува премиерот Ковачевски во објавата.

The post Ковачевски задоволен: Според „Репортери без граници“ најдобри сме во регионот appeared first on Република.

]]>

Оваа година, Светскиот ден на слободата на медиумите, го одбележуваме како земја која постигнала исклучителен напредок на листата на „Репортери без граници“. Според индексот за слобода на печатот, кој е објавен во извештајот за 2022 година, Македонија бележи скок од 33 места, односно од 90 на 57 место. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски. Тој им изразува благодарност на новинарите и медиумските работници, за, како што наведува, нивната посветена работа и им порачува да продолжат професионално да ја работат својата работа.
Не така одамна бевме сведоци дека загрозената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството, истакнува премиерот Ковачевски во објавата.

The post Ковачевски задоволен: Според „Репортери без граници“ најдобри сме во регионот appeared first on Република.

]]>
Репортери без граници: Македонија е „проблематична“ на 57 место според слободата на медиумите https://republika.mk/vesti/makedonija/reporteri-bez-granici-makedonija-e-problematichna-na-57-mesto-spored-slobodata-na-mediumite/ Tue, 03 May 2022 06:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=496583

Во извештајот на Репортери без граници и според нивниот светски индекс за слобода на печатот за 2022 година, Србија е рангирана најлошо од сите земји на поранешна Југославија, иако се искачи за 14 места на скалата во споредба со извештајот од 2021 година. Годинава ја зазеде 79-та позиција и е во категоријата „проблематични" земји. И Македонија е во таа категорија - на 57 место. Лани на оваа листа Македонија беше на 90 место.

Хрватска се најде на 48. место и во категоријата „задоволува", додека Словенија на 54. место и меѓу „проблематичните" земји, како и Македонија на 57. место, Црна Гора на 63. и Босна и Херцеговина на 67. место. Во регионот на Западен Балкан само Албанија  (103 место) е полошо рангирана од Србија.

Според Светскиот индекс на медиумски слободи објавен од Репортери без граници, во светот се случува двојна поларизација, интензивирана од информацискиот хаос, а таа е присутна и во одделни земји и во односите меѓу земјите на меѓународно ниво.

Извештајот за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење на лажни вести и пропаганда.

Норвешка останува на врвот на светскиот индекс за слобода на печатот во Европа. Најслабо рангирани се Северна Кореја (180), Еритреја и Иран. До нив се Мјанмар (176) и Кина (175 место).

The post Репортери без граници: Македонија е „проблематична“ на 57 место според слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>

Во извештајот на Репортери без граници и според нивниот светски индекс за слобода на печатот за 2022 година, Србија е рангирана најлошо од сите земји на поранешна Југославија, иако се искачи за 14 места на скалата во споредба со извештајот од 2021 година. Годинава ја зазеде 79-та позиција и е во категоријата „проблематични" земји. И Македонија е во таа категорија - на 57 место. Лани на оваа листа Македонија беше на 90 место. Хрватска се најде на 48. место и во категоријата „задоволува", додека Словенија на 54. место и меѓу „проблематичните" земји, како и Македонија на 57. место, Црна Гора на 63. и Босна и Херцеговина на 67. место. Во регионот на Западен Балкан само Албанија  (103 место) е полошо рангирана од Србија. Според Светскиот индекс на медиумски слободи објавен од Репортери без граници, во светот се случува двојна поларизација, интензивирана од информацискиот хаос, а таа е присутна и во одделни земји и во односите меѓу земјите на меѓународно ниво. Извештајот за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење на лажни вести и пропаганда. Норвешка останува на врвот на светскиот индекс за слобода на печатот во Европа. Најслабо рангирани се Северна Кореја (180), Еритреја и Иран. До нив се Мјанмар (176) и Кина (175 место).

The post Репортери без граници: Македонија е „проблематична“ на 57 место според слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>